Други технологии > Електроенергетика

Помош за прекинат проводник

(1/6) > >>

bicikle:
Имам штекер трифазен за шпорет, али само на 2 фази има напон, едната е "мртва".
Од дозната ги престегнав жиците, осигурачите се проверени(и во ред) а на другитенштекери си има региларно 3 фази. Претпоставувам кабелот е во прекин, ама како би се открило освен со копање?
Првично беше викнат електричар, ама ништо, па решив сал да барам решение. Може и препорака за мајстор што ќе се нафати да го отклони дефектот.

GigaWatt:
Прво провери каде е прекинот. Извади ги сите три осигурувачи (јас не би го работел она што следува ако имаш електромагнетни осигурувачи, би работел само со топливи, каде што можам физички да го извадам осигурувачот) и краткоспои една од неисправните фази со една од исправните фази во штекерот и проверувај дел по дел, дозна по дозна, оди кон штекерот и гледај во која секција ќе јави краток спој меѓу двете фази (со унимер на beeper подрачје). Ако и по последната дозна не јави никаков beep, проблемот е најверојатно по последната дозна, меѓу последната дозна и штекерот. За да бидеш 100% сигурен, краткоспои ги истите два фази во дозната и види дали ќе јави краток спој меѓу двете фази кај осигурувачите. Ако јави, каблите од таа дозна до осигурувачите се исправни, проблемот е од таа дозна до штекерот. Притоа, за ниедна од проверките нема потреба да ги одмотуваш каблите еден од друг, дури ни изолир траката во дозните не мора да ја вадиш ако имаш мерни врвови со игли.

Ова треба да се работи многу претпазливо! Во никој случај не треба да се остават работите на случајност ниту пак да се почнува со мерење без притоа да се провери дали на краевите на проводниците има висок напон! Мерење со инструмент, особено дигитален, нема да даде валиден резултат. Многу често енергетските кабли се поставуваат еден до друг и се јавува преслушување од еден на друг вод, а дигиталните инструменти се прилично осетливи и овој брум може да го регистрираат како напон меѓу два проводника. И фазометар не е валиден индикатор дали на определен проводник има фаза или не. За брзи проверки, да врши работа, како на пример да установите дали е изгорен осигурувач или не, но за да не оставите место за двоумење, најдобро овој тест да се прави со потрошувач (сијалица поставена меѓу нулата и фазите кои планирате да ги проверувате).

Бидете внимателни, високиот напон од енергетската мрежа е опасен по живот! Секогаш превземете ги сите мерки за безбедност и најважно, секогаш нека има некој друг возрасен присутен до вас додека работите!

bicikle:
Да да ја разбирам опасноста. Инаку од досегашните мерења до дозна има напон на сите три фази, проблемот е од дозна до шпорет. Фалите лесно се вадат кај мене, ги извадив, и сакав да проверам жицата од штекерот дали ќе направи "бип" на некоја од жиците на дозната, со осигурачите, но никаде не направи. За да биде по зезната ситуацијата штекерот е во плочки, па ако копам се сомневам дека ќе најдам идентични плочки, инаку до сега ќе беше ископано, што според мене е најсигурен начин, но не и нај елегантно решение.  Не знам како да "одам" по кабли визуелно да проверам дали случајно некој пред мене бушел во ѕидот па ја прекинач жицата. Инаку прилично сум сигурен која е жицата од дозната што е прекината, ама освен со копање не знам како би го лоцирал прекинот, да не копам по цел вод него само кај што е потребно.

Bojan:
јас би ја проверил дозната кај што е поврзан тој штекер. би требало негде над штекерот да биде да видиш таму дали има напон на трите фази. и дали имаш нешто во последно време закачувано на ѕид кај што требало да бушиш дупки па да не си го закачил кабелот.

bicikle:
Јас немам, така го зачекав, а пред мене Бог знае кој што бушел...
Две дозни има во собата(кујната), двете го проверив али не најдов ништо конкретно.
Си мислам да ја закачам жицата на генератор на шум или на високо фрекфентно трафо па со нешто да барам, додека останатата инсталација е исклучена? Држи вода така или...?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version