Останато > Кутии

Лимови за направи-сам кутии?

(1/4) > >>

Ultron7:
Ме интересира каде би можел да најдам рамни плочи од кои би можел да изработувам кутии, рамки и слично за различни проекти. Сурфајќи по МаркетКонект и Златна Книга најдов неколку погони кои имаат и сечат ролни од различни метали и легури но повеќето очигледно се поврзани со градежните компании и работат на големо. Исто така не успеав да најдам ценовници на нивните сајтови.

Има ли некој искуство со купување на вакви материјали? Како се движат отприлика цените? Каде можам да најдам?

Devil:
Не знам како е во другите градови низ земјава, во Битола во повеќето фирми кои се занимаваат со метал не е проблем да им однесеш технички цртеж според кој ќе ти ја направат кутијата. Неколку пати сум нарачувал кутии со лим од 0.3мм па до 5мм дебелина.
Порано купувавме од стоваришта за материјали лим со големина 2м х 1.5м ги имаа во неколку дебелини, најмногу ние трошевме 0.6мм (мислам дека беше 0.6мм) а цената им оди на килограм. Исто во фабриките каде што ми изработувале кутии било на килограм плус нешто ситно (100-200 денари) за работна рака.

stiffy:
Во добро опремени железари има...во охрид јас земам во турист инжињеринг. Само после тррба да се обложи лимот или да се фарба.


--- Quote from: Devil on 09.03.2017, Thursday, 11:01:28 ---Порано купувавме од стоваришта за материјали лим со големина 2м х 1.5м ги имаа во неколку дебелини, најмногу ние трошевме 0.6мм (мислам дека беше 0.6мм) а цената им оди на килограм.

--- End quote ---
јас остатоци парчиња имам земано, и онака им стојат, за 500грама никој не прави проблем :D

Проблем е виткање и сечење на истиот...по пријатели се снаоѓам јас :D

Bojan:
ако си од скопје кај канал 5 (телевизија) има за железарија и има таму лимови и секакво желевце што би ти затребало, табли се 2х1,5м мислам дека им се и е нај евтина железара што ја имам најдено во скопје :D

nsu:
Бојан значи таму велиш има лимови а вреди да се провери

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version