Други технологии > Електроенергетика

Универзален осигурувач

(1/5) > >>

GigaWatt:
Проблематикава не е баш нова, ама мислам дека не е отворена тема до сега за конкретно ваков дизајн ;). Инаку, идејата ми дојде од следнава тема.


--- Code: ---http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13793.0
--- End code ---



Се надевам дека од сликата е јасно за што станува збор ;). Сериски врзана сијалица со потрошувач ;).

Претходно, користев сериски врзана сијалица за вакви работи, но ја лемев или со клеми некако ја прикачував, па ќе ми паднеше, па леле да не прегорела, па хаос на работна маса, да не се скрши, пазиш да не ставиш нешто на неа :S. Освен тоа, треба да лемиш и прелемуваш секој пат кога ќе треба на некој друг потрошувач да ја ставиш, а можеби ќе имаш потреба за послаба или појака сијалица, па лепи жички за неа (бидејќи скоро сите се веќе со алуминиумски винтови и не може да лемиш жички за винтот ::)). Вака, ем може да си ставам сијалица со адекватна моќност, ем ќе искористам веќе постоечките буксни што ги имам направено со кркодил штипчиња на краевите и завршена работа ;).

Еве уште некои слики ;).

















Не мислам дека треба да цртам шема како е направено се ова... ако некој смета дека треба да нацртам, не е проблем, пишете во темава, ќе додадам и шема ;).

А еве го и универзалниот осигурувач во акција ;D.









Намерно пробував со асинхрон мотор бидејќи знаев дека сигурно ќе изреагира на него ;) (голем товар), но го пробав и на лемната станица што ја имам, реагираше и на неа кога ќе изреагираше термопарот (ќе се пуштеше леткумот) ;).

Реално, ваков уред најмногу би се употребувал за испитување на трансформатори (и распоред на примарни и секундарни намотки) и SMPS-и. Но, може и многу други намени да му најдете... од едноставен димер за леткум, ограничувач на моќност/вртежи на мотор, итн. ;).

Atanas:
Браво за идејата!

LordZi:
Ова е многу едноставна, а екстра корисна работа... :)) Многу често ја користам мојата, кај мене е заедно во кутија со електронскиот товар, има само едно прозорче... ;)

nsu:
Значи Lordzi кој уметник си ти еј човеку

GigaWatt:
Ја знам „тест кутијата“ на LordZi ;). Нема што, кај LordZi се е цакум пакум ;).

Намерно не ја ставив во кутија за да може да биде транспортна. Инаку, да, и на тоа размислував, во некоја кутија да ја ставам ;).

А да, заборавив да напоменам дека целата метална конструкција е заземјена ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version