Други технологии > Електроенергетика

Проблем со мотор од фрижидер

(1/5) > >>

MARK123:
Сакам да си направам мал компресор .
Имам мотор danfoss модел sc15b.

Според datasheet-ot видов која е стартна а која е работна намотка.

Бидејќи моторот го земав без ништо (без стартно реле) го поврзав со кондензатор од 80uF кон стартната намотка (според datasheet) и моторот се вклучи.

Работеше некои 2-3 мин и се исклучи самиот .
Видов дека има некоја термичка заштита внатре која се исклучува кога ќе загрее .
Пробав и со уште еден кондензатор бидејќи видов дека има и типови на мотори со start и run capacitor.
Поврзав кондензатор од 12uF да биде run capacitor.
Кога моторот се вклучи и постигна брзина рачно го откачив кондензаторот од 80uF и остана само кондензаторот од 12uF.
Моторот продолжи да работи но се случи истото, после 1-2 мин моторот се исклучи.
На сликата што ја прикачив ги прикажав првиот случај(лево) и вториот случај (десно).

Во што би можело да биде проблемот ...

Да напоменам дека е пробано и со стартно реле од друг тип на мотор embraco но со тоа воопшто не се ни вклучи.

najdo:
А вака да пробаш. На сликата L и N смени ги, обично на заедничкиот извод ја поврзуваат фазата. И без работен кондензатор, значи само со стартен како шо пиша од 80uF и од ко ке тргни моторот, по 2-3 сек исклучи го кондензаторот. Пред да го стартоваш моторот, пожелно е со ампер клешта да видиш шо ке се дешава со амперите низ моторот. И по 1 мин од ко ке тргни види со рака фатиго како ке биди. И кажи шо ке испадни.

Zan:
Можеби е истечено маслото за подмачкување што треба да го има внатре.

MARK123:
Да ја пробав и таа варијанта предходно само со кондензаторот од 80uF , после стартување на моторот рачно го одспоив но моторот се исклучи.

Во врска со маслото бидејќи незнаев колку има му доставив 200ml за секој случај не е на одмет(имав предходно зачувано масло од друг мотор од фрижидер ).

GigaWatt:
Убаво ти пиша najdo, види колку струја влече кога ќе влезе во работен режим. Ако јачината е константна (не зголемува) и не е преголема (според спецификациите за потрошувачка на моторот), можно е лошо да е димензионирана заштитата... или можеби така треба да работи... иако, да бидам искрен, тоа не ми изгледа како нормален начин на работа.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version