Други технологии > Електроенергетика

Максиграф

(1/3) > >>

MiloshChorbikj:
Здраво дечки, нов сум во форумов, нешто ако згрешам, не се лутете многу  ::)

Вработен сум како електро инженер во средно голема-фирма и моментално сметката за електрична енергија ни станува сериозен проблем, посебно максиграфот.
Ме интересира дали некој има искуство во контрола на максиграфот ?
Знам дека мери во интервал во 15 мин, знам дека не треба да се пуштаат сите мотори наеднаш, знам дека на евтина тарифа не работи максиграфот и моментално работам на изработување на план на работа на фирмата во смени и кои машини во која смена, и што е можно повеќе пати месечно да има и трета смена, така да, било каква дополнителна инфромација или совет би бил добродојден.


bicikle:
не сум уходан баш во таа област, меѓутоа, општо земено,со поголема ефикасност се намалува потрошувачката. Пред некој ден гледав некој материјал бизмут телурид (bi2te3) кој што ја претвара топлината во ел. енергија...
да не објаснува натака сигурно ме сваќаш што сака да кажа....
Друг предлог, акумулација на ел.енергија, така да фирмата како потрошувач има некја константна потрошувачка која ќе биде близу номиналната потрошувачка, па ќе немаш шпицови во графикот. Секако треба да се земе во редвид тука ефикасност на акумулаторите и инверторите, но  најмногу трошоците за оддржувањето на истите.

BorceBT:
Имаш две варијанти за решавање на проблемот: да ги стартуваш моторите со преклопување од триаголник во ѕвезда (за да влечат помалку струја на старт) или да им ставиш фрекфентен регулатор на секој и да го наместиш да го стартува моторот меко (од нула вртежи до нормалните). Втората варијанта е поскапа но се исплати на долг рок. Исто така за да ја намалиш реактивната снага мерете точно ф и ставете соодветен ормар со кондензатори на секоја машина или еден голем со преклопници за сите. Има ваков уред автоматизиран за да се купи ама како и секогаш не е евтин.

trtkolo:
Да се стартуваат моторите ѕвезда - триаголник тоа се решава со склопки и временско, но исто така да внимаваш на пуштањето да пушташ еден по еден мотор доколку има повеке, да не бидат сите истовремено пуштени.

didy:
И од мене мал одговор,
Прво не наведе колку изнесува потрошувачката, бидејќи имаш опција да работиш и без максиграф но цената по киловат е друга. Можност има во трета смена после 22:00 часот тогаш мерените вредности не се земаат од максигафот.
прати ми ПП за број на корисник од фактурите  па ќе ти пресметам варијанта за поефтина сметка.


--- Code: ---http://www.evn.mk/Business-customers/Produkti-i-ceni/Energy-supply.aspx
--- End code ---

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version