Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: warningteam on 27.06.2018, Wednesday, 21:29:15
-
Имам проблем соЛЦД тв quart модел 32Т41 ,број на плочката за напојување е K190N1 TV POWER REV:A01 проблемот е што телевизорот не е користен многу време нити бил уклучен во струја нити имаше антена. Кога ќе се уклучи во струја диодата за сигнализација светнува многу малку и се гаси веднаш. На плочката за напојување ги меревме напојувањата на излезот напонот од 5 В го има, но ги нема напоните од 12 и од 24 волти. Каде би требало да е проблемот, некој сличен проблем да имал, решение?
-
K190N1 REV A01
(http://www.mediafire.com/convkey/6fb8/zsq03ubnpq0rojjzg.jpg)
https://static12.insales.ru/images/products/1/3723/14855819/IMG_1033.JPG
Која е ознаката на IC2
Вклучи го со далечинското и провери дале на мрежноит електролит има напон од околу 380-400 волти.
Ако нема брај го проблемот во PFC секторот.
-
Напонот на кондензаторот го има, да инаку ИЦ2 е 1653А PNUV, Малку е оштетен изгребан од кај бројот одозгора дали е фабрички така или ТВ то било претходно на поправка па ради "заштита на мајсторлукот" e така незнам. Има ли замена за овој ИЦ? бидејки ваква серија тешко дека ке најдам.
...
Edit by Toma
Напонот на кондензаторот го има,
Не напиша колку е ако 320 волти не е во ред.
IC2 1653A е NCP1653A
Типична апликација
(https://s20.postimg.cc/yq3ct4i7h/NCP1653.jpg)
-
380 волти е напонот на кондензаторот со што мислам дека е во граници на нормала.
-
Кои се ознаките на IC3 и IC4.
-
Ознаката на ИЦ 3 е 1396AG PGQA21 a на ИЦ 4 нема ознака не пишува ништо одозгора.
-
Ознаката на ИЦ 3 е 1396AG PGQA21
IC3 треба да е NCP1396А.
http://www.datasheetdir.com/NCP1396+MOSFET-Drivers
(https://s20.postimg.cc/98pjmopot/NCP1396_Circuit.jpg)
Вака тешко без шема, сепак провери омски дали има некои мали отпори помеѓу изводите од IC3 и IC4.
Ако имаш можност пробај со друга мрежа Megmeet MLT666 REV:2.7 која одговара потполно.
-
Сега вршев премерување, со друг инструмент, и излезе дека на кондензаторот има 320 волти и сега барам у ПФЦ колото само што по она што го испитував се си е во ред, сумливо ми е само трансформаторчето со ознака КТС 403-6218-L1542G Y009 1132 колку ли ова трафо треба да даде на излез напон ? Инаку ИЦ 2 го заменив со нов и повторно несака, помош некоја ?
-
Оваа да не е шемата случајно?
https://elektrotanya.com/k-190n1_lcd_tv_psu_sch.pdf/download.html
-
Кога веќе го имаш зменето IC2 при вклучени комплет конектори при стартување со далечинското или со некое од копчињата провери дали на ивод 9 од конектор 4 има напон од 3-5 волти!
-
Со оглед на тоа дека не бев во можност да извршам испитување на уредов а и немав можност да го посетувам форумов од Х причини, пак ми дојде во раце после толку време "при чистење" на просторија па решив да ја оживеам темава после толку време. Се сеќавам дека го имав сменето ИЦ 2 и ИЦ 3 па со тоа ги добив напоните на излез од 5 волти, 12 волти и 24 волти како што е и наведено на плочката во Output меѓутоа на излезот кој е означен со PS односно 9 тиот излез од напојувањето кој на другата плоча се поврзува преку флет на ознака Stby и на имам напон од 2.5 волти, дали овој напон е соодветен бидејки никаде не е наведен дека треба да го дава на излез?
-
Оваа да не е шемата случајно?
https://elektrotanya.com/k-190n1_lcd_tv_psu_sch.pdf/download.html
-
Да таа е шемата.
-
Од она што гледам во шемата, не би требало да добиваш никаков напон на PS_ON. Провери ги компонентите во оваа секција. Се обложувам на D13, Q9, U1.
(https://i.postimg.cc/MT1LWLk1/SHOT0027.png)
-
Ќе ги проверам денес, па ќе пишам што и како е.
-
D13, Q9, U1.
е исправно, напонот на зенерките zd4 e 5.2v na zd6 e 24.4v na zd 5 e 11.8v се е добро а не работи.. :/
-
На едниот пин од R95, треба да добиваш 5V, тоа е од Stand By. Е сега, при откачен PS_ON (значи не е врзан за main board), Q9 --> OFF, што значи дека практично, и на другиот крај од R95 треба да добиеш околу 5V. Ако ова не е ситуацијата, нешто не е во ред во тој дел од колото. Со која компонента/и... не знам, ќе треба дополнителни испитувања да се направат.
-
Незнам и мене ми е нелогично сето ова ама, ќе пробам со друга нова плоча и готово, во секој случај ви благодарам за помошта! :D
-
Нема проблем ;).
-
А дaли гo испитa oптoкaплерoт прaвилнo кaкo штo требa и имa дискусијa нa фoрумoв или сaмo сo инструмент прoвери aa кaкo диoдa е дaли свири oптoкaплерoт кaжи дaли гo испитa сo еден oд двaтa методи кoј се oдличнo нa фoрумoв oпишaни немoжете тoa сaмo сo oбичен инструмент 8)