Само за информација на сите оние кои сакаат да се зачленат на сајтот (оние кои сакаат да држат часови), сајтот веќе не е бесплатен
... односно бесплатен е (зачленувањето е бесплатно... најверојатно, не сум пробал да отворам нов профил), но при пребарување на професори за овој или оној предмет (или област), ви го јавува само името и презимето, ништо повеќе од тоа (ни mail, ни телефон), треба да купите таканаречен „пакет“ за да може некој да ви ги види останатите податоци. Месечниот пакет е 130 денари, а годишиот е 1000 денари
(ова се сегашни цени, не знам дали ќе се сменат во иднина). Има и некои други пакети, за 3 месеци и 6 месеци, ама не ми текнува која цена беа, видете си на сајтот ако ве интересира. Добивате и некои други бенефиции, Еду карта, ова она... во принцип, работи кои, јас барем, не ги барав
(а верувам дека и многу други членови на сајтот не ги бараа).
Во секој случај, мое лично мислење е дека ова беше една добра идеја која (како и многу други добри идеи) скршна од патот :S. Истото се случи и со Pazar3 и Reklama5. Да знаев дека идејата на креаторите на сајтот е да го претворат во money making machine, најверојатно и на форумов немаше да постои оваа тема бидејќи самото отворање на темата има за цел рекламирање на сајт на кој се плаќаат услугите (комерцијално рекламирање), што не е дозволено (ако сакате реклама на форумов, можете да си купите). Но, бидејќи topic-от почна како „презентација на бесплатен сајт за приватни професори и ученици“, сметам дека темата треба да остане, за информација на сите оние кои сакаат да се регистрираат како приватни професори.
Повторно, за информација на оние кои можеби ме контактирале преку сајтов (или планираат да ме контактираат), мојот профил е избришан, по мое барање.