Имам на располагање определен број на CFL-ки со изгорени влакна (греачи), па решив да пробам да си играм малку со нив
.
Е сега, бидејќи немам 2uF/630V кондезатор (а пожелно е да е и 750V максималниот работен напон... малку pushing it е ако е 630V), не можам да ја изработам првата шема
.
Е сега, пребарувајќи online, начекав некои други шеми со компоненти кои ги имам по дома
. Исто така, забележав дека првата шема, оваа погоре, има еден проблем. Нема пригушница или било каков ограничувач на струја за да ја ограничи струјата во моментот кога ќе запали неонката. Е сега, зошто е ова проблем... може да пукне неонката во моментот кога гасот ќе почне да проведува (во моментот кога ќе почне да свети)... така барем прочитав по некои руски форуми. Е сега, прашањето ми е, дали е ова вистина и дали навистина може да се случи да пукне... и во кои ситуации
. На пример, дали може да се случи кај неонка со исправни греачи, но со ослабен гас (не проведува веќе како што треба, прави пали/гаси цело време).
Неонките (CFL) кои ги имам на располагање се како на сликата подолу.
Тие кои ги имам се буквално исти како на сликата, 26W-ни со G24d конектор. Практично, класични неонки се, ама во определена форма
.
Од оние шеми кои ги начекав, овие две некако наједноставни беа и со минимален број на компоненти. Првата користи полубранов исправувач, а втора целобранов, па затоа кондензаторите се со дупло помала вредност, иако не е „грешно“ да се стават и исти како од првата шема (2uF наместо 1uF). Поентата ми беше да се заштеди на големина на компоненти и каде истите да се монтираат
. Се разбира, колку е поголема капацитивноста, толку подобро, бидејќи неонката ќе пали и со веќе скоро сосема ослабен гас
.
Е сега, недостаток и на двете шеми е тоа што немаат ограничувач на струја во моментот кога се пали неонката
. Практично, тоа е функцијата на пригушницата, па затоа направив модификација на овие шеми.
Е сега, прашања околу L1. Претходно поставеното, дали е апсолутно неопходно да има пригушница и дали на некој му се има случено да експлодира неонка без пригушница
? Искрен да бидам, дури и ако некој ми рече нема шанси и дека тоа скоро никогаш се нема случено, јас сепак би ставил некој вид на пригушница
.
На многу места (Русиве, се разбира
) начекав дека користат сијалица наместо пригушница (искрен да бидам, и мене прво на ова ми текна
), со тоа што, за да не свети потоа сијалицата, туку само да жари, мора да е барем со 8 пати поголема моќност од моќноста на неонката (се разбира, емпириски установено). Во конкретниов случај, сијалицата треба да има моќност од 150W, а пожелно да има моќност од 200W... веќе тешко се наоѓаат сијалици од 150W, а камо ли некои од 200W... плус, треба да ги пазиш, да не ги удриш, да не пукнат, па влакното да не изгори
... не знам некако комплицирано ми е ова како решение.
Друго решение е, се разбира, да се искористи баш пригушница за класична неонка (некоја од 20W). Имам такви на располагање, ама целиот склоп ќе биде многу тежок и ова некако ми се виде како... непрактично решение.
Но, добив идеја да пробам да искористам послаба пригушница (индуктивитет) од некој стар CRT монитор или телевизор
. Не знам колкава индуктивност имаат (некои ги имам мерено и имам запишувано на нив колкава индуктивност имаат), но сигурно имаат многу помала во однос на класична пригушница за неонки. Прашањето ми е... дали ќе биде доволно дури и ако за нијанаса ја намали струјата при палење на неонката или мора баш да се пригуши класично за да можам да бидам (скоро) 100% сигурен дека неонката нема да прсне при некое палење
.
Инаку, тоа се оние индуктивитети со феритно јадро, вертикални (не торусни), што најчесто се користат за корекција на ширина на слика и некои такви работи. Имаат плетени жили во намотките, така да, до 0.5A комотно може да издржат
. Таков планирав да искористам, ако најдам слика некаде online ќе ставам, а ако не ви е јасно за каков индуктивитет станува збор, ќе сликам
.