Нареден пат пишувај ги сите ознаки на мониторот/шасијата на латиница, а не само името/производителот на латиница, шасијата/моделот на кирилица
... ве молам, на ништо не личи тоа :S. А што ако некој ден на некој друг член на форумот му притреба истава тема, па не може да ја најде барајќи го мониторот со оригиналните ознаки (односно латиничните). Не сте свесни колку пати и мене ми се иа случено да барам определени работи на форумот преку функцијата „Пребарај“ а да не можам да го најдам тоа што го барам само заради тоа што било напишано на кирилица, а оригиналното име/ознака била на латиница.
И дај научете веќе да си ги поставувате темите во адекватните подфоруми, само преместувам теми
.
Значи, ако имате проблем со монитор или TV приемник и сакате самд а го поправите, отворате тема во „Електронски уреди --> Монитори, ТВ приемници“, ако не можете да најдете некој дел за телевзорот, ако ви треба сервисна шема, итн., си товорате тема во секцијата „Побарувања“. Одкако ќе ја најдете сервисната шема или делот и повторно не можете да го поправите, ќе си отворите нова тема во „Електронски уреди“, а не да пишувате во истата во побарувања. Тоа што сте го побарале сте го нашле, таа тема практично може да смета за заклучена. Мислам дека сега е јасно како треба да поставувате теми со помош за сервисирање, а ако (и каде) да отворате теми со барања.
Прво и основно прашање: CRT е или LCD? И дај пишувајте си го ова во описот, не знаеме ние дали станува збор за LCD или CRT, на памет секој модел на монитор и ТВ приемник никој не го знае
.