Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: Teslakr on 05.01.2020, Sunday, 13:00:50
-
Се работи за тв Schneider лед 40 пин,тв то има проблем со флешот, пали но стои само логото од Schneider.
Maid board TP.SIS231.P83, податок од екранот го имам само овој V390HJ1-XC01.
Дали можи да се најди само за овој тв??
-
Dump од комбинација шасија/панел, не можам да најдам... така да... освен ако некој не го прочита ова и има баш таков ТВ на сервис, па да направи dump од firmware-от... тоа е тоа :-\.
Патем, ознаката на моделот ти е најверојатно неточна, на Google ништо не вади за тој модел.
-
Исправи го текстот и ознаката, а најдобро би било да поставиш слика од лепенката од капакот од задната страна.
Прво правило е да се исчита содржината од постоечкиот eeprom и истиот да го впишеш во нов eeprom 25Q64
На диода имаш три поста погоре и таму имаш дамп. Потребно е да ги симнеш сите три дела, да ги распакуваш и истата содржина ја впишеш во нов eeprom 25Q64.
Ознаката V390HJ1-XC01 е за Tcon а панелот би требало да е E39 V390HJ1 P02.
Инаку има сигурна содржина за твојот ТВ само што е скапо!
(https://i.postimg.cc/9f4gZB9n/SCHNEIDER-LED-40-E1-Podatoci-1.jpg)
-
Исправи го текстот и ознаката, а најдобро би било да поставиш слика од лепенката од капакот од задната страна.
Во право е, модел со ознаки LED40E10003 не вади никаде на Google. Моделот е најверојатно оној кој го има наведено Toma, Schneider LED-40E1.
-
Има две ознаки за моделот на тв едната е LED40E1,
Пробав со содржината од диода истиот проблем го има.
Ако е скапо Toma не е проблем се ќе се плати само да се најди оригиналниот само.
-
...Ако е скапо Toma не е проблем се ќе се плати само да се најди оригиналниот само.
Кога веќе сум дрзок да не излезе дека сум и алчен за пари (апсурд), оригиналниот дамп не можам да ти го дадам од причини што истиот е на форум (затворен дел) каде останатите членови си плаќаат членарина на годишно ниво! Би било многу непријатно и непринципиелно да се види тоа на форумот!
Жалам, но тоа е мој принцип, па сега кој како сака нека си мисли!
Прво правило е да се исчита содржината од постоечкиот eeprom и истиот да го впишеш во нов eeprom 25Q64
Дали го стори тоа? Ако си го сторил, дали ситуацијата е потполно иста?
Исто така штом и со дампот од диода е потполно исто тогаш можеби треба да размислуваме во друг правец под услов сите напони за процесорот да се во ред!
-
Да потполно иста ситуација, со нов чип запишана неговата содржина и содржината од диода исто работи логото и се рестартира на неколку секунди, или можеби е проблемот на друго место.Мерените напони од напојувачката секција се во ред.
-
Пробај со овој dump.
https://elektrotanya.com/goldvision_led39d3f_tnt_tp.sis231.p83_v390hj1-xc01_firmware_dump.7z/download.html
-
Помина подолго време со проблемов, со дампот што го постира gigawatt телевизорот работи но не функционира далечинскиот управувач.
-
Пробај со некое универзално далечинско.