Сакам да го изработам ова напојување па да прашам дали некој го има направено и зошто распоредот на елементите на шемата се разликува од распоредот на ппк.
Ја разгледав целата шема и плочката, во суштина е истата, но сепак приметив повеќе разлики.
Поконкретно, на шемата кај потенциометарот од 3к се искористени трите изводи на потенциометарот додека кај плочката само два. И еден отпорник на плочката (веднаш над изводите за поставување на ресет копчето) не е означен, пишува само "P".
Исто така на плочката плусот на електролитот од 3,3 uF оди на емитерите на два BC327 додека на шемата плусот од истиот електролит оди на базата на еден BC327.
Инаку зошто служи ресет копчето и дали може да се стават 2n3055/3773 наместо 2SD110?