Точно како што рече batka, сепак треба малку повеќе податоци да наведеш (типот на батериите и нивниот капацитет), а и таа батерија од 9 волти каква е?
NiCd и NiMh батериите со големина на обична 9 волтна батерија се обично со напон од 7,2 или 9,6 волти.
Ако мислиш обични (или алкални) батерии од 9 волти да полниш, не си го троши времето, не се полнат, го имам пробано тоа одамна
Едно општо правило е дека батериите се полнат со струја десетпати помала од нивниот капацитет (на пр. 1500 mAh / 10 = 150 ma).
Инаку секое напојување кое има струјна регулација може да ти сврши работа, на пример ја мериш струјата и ја местиш да биде 1/10 од капацитетот , и напојувањето го покачува или снижува напонот за оваа струја да тече,
но мора да го мериш напонот на батеријата и да внимаваш таа да не се преполни, повеќето специјализирани полначи го прават ова автоматски.