Македонски форум за електроника

Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: deni1 on 18.12.2013, Wednesday, 18:23:29

Title: Адресирање на микроконтролери
Post by: deni1 on 18.12.2013, Wednesday, 18:23:29
Дечки ај ако може некој да помогне со задачкиве по микропроцесори
1.Кој мод на адресирање е употребен кај инструкцијата MV1 B, F4 во поглед на изворот, а кој во поглед на дестинацијата .. (B) <= F4.
2.Колку машински циклуси се потребни за да се реализира инструкцијата LDA 37E4.
Објасни што се случува со секоја од нив ?
3. Некој податок треба да се пренесе од меморискта локација 784h во мемориската локација 8000h. Напиши програм .
4. Да се напише асембли програм кој ке ги собира броевите 05h и 08h и резултатот ке го смести во мемориска локација 8000 h Програмот завршете го со инструкцијата HLT.
ПОЗЗ
Title: Одг: Адресирање на микроконтролери
Post by: Devil on 18.12.2013, Wednesday, 19:11:09
Сега за микроконтролер се работи (како што напиша во насловот) или за микропроцесор како што напиша во постот, оти меѓу двете има разлика...

Пошто се работи за микропроцесор најверојатно, треба да наведиш за кој микропроцесор се работи, претпоставувам дека е 8080, 8086 или 8088 :D

Title: Одг: Адресирање на микроконтролери
Post by: batka on 18.12.2013, Wednesday, 19:34:13
Ако ти е за домашно или семинарска работа,седни си прво  и научи си од книга.Ако дадеш можни решенија ,ќе ти помогнеме ако грешиш,ама нешто ќе научиш.
Title: Одг: Адресирање на микроконтролери
Post by: deni1 on 18.12.2013, Wednesday, 20:14:32
Значи се работи за 8085