Author Topic: Bandwidth и биамплификација  (Read 884 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Bandwidth и биамплификација
« Opened on 30.09.2012, Sunday, 14:21:34 (Edited 30.09.2012, Sunday, 14:25:45) »
Бидејки некои колеги поставија слични прашања,еве со еден пост да одговорам на сите -Bandwidth - е низа на фреквенции со точно определен горен и долен лимит (пример- бас фреквенции од 20 до 250 Хз)
Биамплификација е посебен начин на врзување на звучните кутии со појачувачите.Постојат и посебни појачувачи  кои во себе имаат можност за биамплификација- вградена електронска свртница и две групи стерео излезни појачувачи.
Доколку сами би правеле биамплификација,потребна ни е активна двопојасна свртница која ке го дели сигналот на бас и  средно/високотонски  појас.Потоа, ни требаат два излазни стерео-појачувачи  кои ке ги приклучиме на бас,односно средно/ високотонскиот излез на активната свртница.Од засилувачите се носат 4 пара водови до звучниците ,односно за лев бас и лев с/в и два за десен бас и с/в сп  тректар.За да можеме да користиме звучни кутии за ваков начин на врзување,тие треба да бидат предидени за bi-wiring.Најчесто се ставаат краткоспојници на задниот дел на кутијата со чија помош директно се преспојува пасивната свртница и е дозволен директен пристап до звучните единици.На нормални кутии треба да направиме уште по еден терминал на кој ,обично,директно го врзуваме средно/високотонскиот дел на кутијата.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Bandwidth и биамплификација
« Reply #1 on 01.10.2012, Monday, 15:58:57 (Edited 01.10.2012, Monday, 19:21:17) »
batka, у грешка си.

Краткоспојниците (плочки или жички) на bi-wiring конекторите од хи-фи кутиите не ја премостуваат пасивната скретница,пасивната скретница стално е споена измеѓу bi-wiring конекторите и драјверите.Пасивната скретница стално си функционира,без оглед дали ќе го извадиш краткоспојникот и дали ќе поврзеш две појачала или едно појачало.

Само у професионалната аудио техника се прават звучни кутии со скретници кои можат да се премостат со прекидач,за директен пристап кон драјверите.Онда басот директно иде на едно  појачало а високотонецот директно иде на друго појачало,а пред двете појачала се става активна скретница.Тоа у хи-фи техника нема,осим у ептен ретки и ептен скапи искључоци.

Под биамплификација у хи-фи техника се подразбира напајање на звучна кутија со две појачала,без активна скретница,а се користат постоечките пасивни филтри за басот и високотонецот од скретницата у кутијата,без премостувања и без прекидачи.Хи-фи звучните кутии немаат прекидач со кој се премостува скретницата,него имаат bi-wiring конектори: еден пар конектори за улаз у пасивниот филтер за басот и друг пар конектори за улаз у пасивниот филтер за високотонецот. Пасивните филтри стално се укључени на драјверите - басот и високотонецот,не можат да се премостат.Ако кратко се спојат овие два пара bi-wiring конектори (плус со плус и минус со минус) онда улазите на филтерот од басот и филтерот од високотонецот се кратко споени и добиваме класична скретница која се напаја со едно појачало. Ако се извадат краткоспојниците измеѓу двата пара bi-wiring конектори,онда имаме биамплификација: едно појачало се прикључува на улазот на пасивниот филтер од басот,а другото појачало се прикључува на пасивниот филтер од високотонецот.На улазите од двете појачала иде ист улазен сигнал,не се користи активна скретница пошто нема потреба,пасивните филтри од bi-wiring скретницата ја вршат таа работа.

Сасвим трета ствар е ако сами правиме звучна кутија,онда најдобро решење е она од професионалната аудио техника.

За bandwith се користи изразот појас (опсег) на фрекфенции,не низа на фрекфенции.Низа подразбира дискретни вредности на фрекфенции,а појас е континуиран.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Bandwidth и биамплификација
« Reply #2 on 02.10.2012, Tuesday, 20:15:21 »
Маки,не сум* во грешка* воопшто.Одговоров се однесува на некои директно поставени ( од некои колеги кои имаат веке направено некои работи,па само бараат најефтино решение)прашања,на кои директно им одговарам,според нивната постоешка ситуација.Значи,добив веке повратен одговор како тоа го средиле .Значи тие бараа да не се користи пасивна свртница,ами активна и образложението е прифатено и работата средена.
*Bandwidth - е низа на фреквенции со точно определен горен и долен лимит  * е комплетно превземена реченица од еден македонски високообразовен учебник.Затоа,останувам без коментар!
Мислам дека можеби требаше директно да им одговарам (лично),ама мислев дека вака сите четворица ке прочитаат истовремено.
Бидејки проблемот е решен,темата ја затворам,за да нема повеке недоразбирања и коментари офф топик.