Author Topic: Унапредување на звучни кутии од HSR 140 и 160  (Read 997 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Унапредување на звучни кутии од HSR 140 и 160
« Opened on 03.02.2013, Sunday, 16:15:46 (Edited 03.02.2013, Sunday, 17:51:26) »
Темава ја започнавме на друго место,ама гледам дека ми се јавуваат повекемина од Форумот,ама и други гости кои се заинтересирани за поправка,преправка и унапредување на овие два модела на звучни кутии.Друго,веројатно не следи и В.Филевски ,па случајно или ненамерно во новиот број на Емитер и тој  направил напори да напише и согледа некои проблеми кај овие кутии.Пишавме дека постојат два типа кутии,едни со 12-ка,среднотонец и калотен високотонец,а друга варијанта со две осмици,среднотонец и високотонец.ЕИ-Ниш престана во 2008 г.да произведува,па сега во Сврљиг фабриката си прави нови модели звучни драјвери ,кои можат да се набават во КИТ форма во Република Србија ( за кај нас не сум слушнал дека ги има!).Јас веке имав прилика ( отворив и тема!) за овие нови кит-ови и новата препорачана конструкција врзана за овие кит-ови.За почеток ке ставам некоја слика и шема ,како и податоци за нив.Значи,на времето HSR апаратурата беше некој поим во бивша Југославија,пред се што не можеше да се набави друга и подобра( само Искра-Крањ и Риз-Загреб произведуваа некоја хи-фи опрема) .Сепак постарите генерации на просторите на Ју носталгично ги чуваат и унапредуваат овие модели ( пред се  HSR 140 и 160).Да се знае дека пред крај на производството е направена и пуштена во * нулта* серија и многу напредна за тоа време ( а богами и за сега) конструкција на активни звучни кутии со нишките драјвери која се состоеше од кутија за басот и сателит за средни и високи,со тристепена електронска свртница, електронска заштита за звучниците и тростепен транзисторски излез. Системот даваше солиден звук и беше добро прифатен,ама серијата беше стопирана на некои 100-200 комплета,бидејки политиката се замеша и производството беше стопирано.За информација јас бев непосредно инволвиран во сето тоа,па ке се потрудам да ви ја представам и таа констукција.Значи,да не бидам погрешно сватен,ова не се најдобрите звучници и уреди ,ама како што некои од вас ги ценат старите радио-апарати или лампашки засилувачи,ги репарираат и одржуваат ,така и ова нека биде поттик да направиме нешто како *Клуб на љубители на HSR опрема*.Ако имате ваква апаратура испратете слики,ваши согледувања и се разбира предлози за унапредување,преправка или репарирање на истите.За почеток еве шема на новосоздадена свртница за кутиите кои ги носат драјверите од Сврљиг.Свртницата секогаш била најголемиот проблем на овие кутии и се избегнувало трошењето материјали за нив.Тоа била некоја политика на фирмата,а со малку повеке напор би се постигнале подобри резултати. Да ве чујам и вас. 8)