Author Topic: Subwoofer Jamo SW200 II  (Read 16781 times)

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Subwoofer Jamo SW200 II
« Opened on 26.01.2013, Saturday, 00:45:00 (Edited 26.01.2013, Saturday, 00:51:16) »
Бидејки поим немам од звучници ќе барам помош од вас.Дали некој знае како да го склопам ова,да има димензии,карактеристики на звучници.Овој сабвуфер едно време го имам и праено и свиреше кај мене дома едно две години.Оригиналот би требало да има колку се сеќавам две осмици залепени една во друга и нели едниот приклучен како што треба другиот со обратен поларитет за да мембраната оди на внатре.Јас сум го правел со десетки и онака без димензии од око,го видов ми се допадна и го направив.Десетките не ги собираше па морав да ги ставам на косо.Дали некој го имал сретнато овој сабвуфер или можеби го има дома или пак ја има шемата од него???Еве и слика како изгледа.....
Може дури и да прдложите друг тип но на изглед и принципт на работа да бидат приближни....

Дарко

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #1 on 26.01.2013, Saturday, 02:09:48 (Edited 26.01.2013, Saturday, 02:48:41) »
Чудно поставено прашање,ама ако те разбрав сакаш да направиш со две осмици оваков вуфер!? Така ли? Кои звучници ги имаш??

Споено мислење: 26.01.2013, Saturday, 02:48:39
Ова ке одговара ,само внимателно читај за да ги одредиш точно страните.Имаш и свртници

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #2 on 26.01.2013, Saturday, 12:14:18 »
Да вакво нешто барам.Звучници немам ке купувам еве може и Simsonik да земам како на сврзницата.Инаку на сликата димензиите не ми се баш јасни ама ке се снајдам......
Дарко

Offline tefe_negro

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 69
  • Gender: Male
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #3 on 26.01.2013, Saturday, 12:19:27 »
Мислам дека имам комплетна шема од овој модел со тоцни димензии и свртница комлет баш ќе ја побарам

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #4 on 26.01.2013, Saturday, 12:25:44 »
Мислам дека имам комплетна шема од овој модел со тоцни димензии и свртница комлет баш ќе ја побарам

Одлично.........Ке ја поставиш така???
Дарко

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #5 on 26.01.2013, Saturday, 12:45:16 »
И други ми се јавија ,не им биле јасни димензиите.Па да појасниме: Имате А;В и С плочи. Димензиите за А и В се исти ,значи вкупно 5 парчиња( со преградата внатре!) со димензии 18 х 33 см,дебелина 2 см иверка. С и С* - 2 парчиња со димензии 33 х 37 см,ако иверката е 2 см! ако не се рачуна 33 х (33 + две дебелини на иверката или во наш случај - 33 +2х2 = 37 см).Цевката е пластична со надворешна димензија 80 мм, внатрешна 74мм и должина 250 мм.Тоа е препорачана должина ,ама по желба може и да се скрати, ;D  Дечки,учете математика! 8)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #6 on 26.01.2013, Saturday, 16:30:09 (Edited 26.01.2013, Saturday, 16:35:32) »
Бидејки поим немам од звучници ќе барам помош од вас.Дали некој знае како да го склопам ова,да има димензии,карактеристики на звучници.

.Дали некој го имал сретнато овој сабвуфер или можеби го има дома или пак ја има шемата од него???Еве и слика како изгледа.....
Може дури и да прдложите друг тип но на изглед и принципт на работа да бидат приближни....

Можеш да направиш кутија со ист изглед,димензии и принцип на работа, али уопште нема да добиеш сличен звук. Таа кутија е бандпас конструкција и е прорачуната за тачно одредени Јамо басови, со други басови којзнае што ќе добиеш, највероватно ништо добро,само џабе ќе потрошиш пари. Имам дома Jamo SW500, иста конструкција со SW200 само бајаги поголемо.
Прочитај го мојот туторијал како правилно се прават звучни кутии:

http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5168.0;attach=5390

Таму не сум ги ставил бандпас кутиите,тоа е прекомплицирано за аматери. Најбоље направи обична бас рефлекс кутија со басовите доле под кутијата да не се гледаат,а од страна да се гледа само бас рефлекс цефката.На изглед ќе добиеш исто,конструкцијата не е бандпас али зато ќе можеш тачно да ја прорачунаш и да добиеш добар звук.

Ова ке одговара ,само внимателно читај за да ги одредиш точно страните.Имаш и свртници

Тоа нема да одговара пошто е правено за којзнае кои звучници,не можеш да буташ у истата кутија што ќе ти текне и да се надаш дека добро ќе свири.
Кондензаторот у скретницата ти е премал,скроз погрешно е тоа за субвуфер.

Да вакво нешто барам.Звучници немам ке купувам еве може и Simsonik да земам како на сврзницата.

Симсоник од 8 или 10 инча се шкарт, земи нешто друго,ќе платиш само малце повише а квалитетот е неупоредиво бољи.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #7 on 26.01.2013, Saturday, 17:38:35 »
Ако сите работат како тебе ,никој во МК нема да направи кутии.Не те разбра сигурнодечково,а нема ни да те разбере.Едноставно- нема пари за твоите кутии ,а бидејки се одлучи за Симсоник,кутијата ке работи солидно со нив ,за парите.Друго нема да коментирам,а ако имаш нешто конкретно,со цртеж и прорачуни,стави да видиме.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #8 on 26.01.2013, Saturday, 19:16:35 »
Ако сите работат како тебе ,никој во МК нема да направи кутии.

Не те разбра сигурнодечково,а нема ни да те разбере.

Едноставно- нема пари за твоите кутии ,а бидејки се одлучи за Симсоник,кутијата ке работи солидно со нив ,за парите.

Друго нема да коментирам,а ако имаш нешто конкретно,со цртеж и прорачуни,стави да видиме.

 ???   ???   ???   ???
Ако сите работат како мене,сите у Македонија ќе прават добри кутии.

Од кај па знаеш дека не ме разбрал? Не се сите како тебе..  ;)

„нема пари за твоите кутии“??  ???   ???  Од кај па МОИ кутии?? Јас напишав туторијал секој да може сам да си направи СВОИ кутии. Кутиите што ќе ги направи по мојот туторијал ќе бидат поефтини од оние за кои ти даваш нацрт, пошто „моите“ ќе работат добро, а твоите не! Лошо избрана кутија со лош звук секогаш е прескупа пошто тоа се џабе фрлени пари.

А што нејќеш да коментираш своја скретница со погрешна вредност на кондензатор?
Најконкретни прорачуни имаш у мојот туторијал (за разлика од твојот). Туторијалот е ставен и секој што сака го видел. Цртеж не е потребен,ваљда секој знае како изгледа обична правоаголна кутија.

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #9 on 26.01.2013, Saturday, 20:19:35 »
За пари воопшто и не спомнав ниту се проблем парите.Немав ни поим дека Simsonik ги спомнав бидејќи сликата беше од нив,незнаев дека се чкарт.Мене ми се бендисува оваа кутија(можеби е носталгија) па можеби ке ги најдеме и оригиналните звучници или нешто слично на нив.@tefe_negro пиша дека ги имал димензиите,тој ке ги постави вие ке ми помогнете околу изборот на драјверите............
Дарко

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #10 on 27.01.2013, Sunday, 02:07:55 (Edited 27.01.2013, Sunday, 02:10:12) »
Да,Маки ако сите прават како тебе - во МК ке се прават само правоаголни кутии! Си погледнал ли на .нет колку различни кутии се прават во самоградба? И сите со прорачуни се служат?И се мислат првите пет години ,а после уште пет ги прават и се плашат да не згрешат некој од твоите параметри?Абе нема никаков напредок во светот,ако би се одело по твојот *прирачник*.Заборави веке на твоите теории и пушти ги дечкиве слободно да експериментираат.Никој не му брани да го намали или зголеми кондензаторот или да ја скрати бас рефлексната цевка! ;D
А тоа што се замислуваш дека си *гуру* е веке видено.Сто пати ти велам да се прошеташ до Велес и да разгледаш и чуеш малку музика.Случајно  е изработен еден ваков вуфер со некои не знам какви кинески осмици и за парите одлично звучи.Може во Велес и да се слушне како звучи.Филозофијата е таа - колку пари-толку музика,ама да се прави и слуша,а не цел живот само да читаат теории и ништо да не направи.Така и се учи низ пракса и додека не направиш барем десетина разни кутии нема ништо да знаеш.А кога ке почнеш ке видиш дека праксата ја надминува теоријата.Од искуство не му препорачувам никому на почеток да започне скап проект,со скапи драјвери и материјали слушајки приказни од * дечки кои се знаат,ама пила во рака не фатиле*,да мерат некои карактеристики и да добијат звук на кој ке паѓаат двајца-тројца луѓе во цела Мкд,а кога некому ке кажат колку пари потрошиле,ке добијат само вртење со глава! ;D ;D Мислев дека те изгубивме на Форумов,ама добро ми доаѓаш да напишам нешто подолго на темава.А, дечково си кажа се и негово е да одбере што ке прави понатаму- дали ке го направи ова или ке мерка други кутии.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #11 on 28.01.2013, Monday, 02:22:06 (Edited 28.01.2013, Monday, 02:25:27) »
Да,Маки ако сите прават како тебе - во МК ке се прават само правоаголни кутии! Си погледнал ли на .нет колку различни кутии се прават во самоградба? И сите со прорачуни се служат?И се мислат првите пет години ,а после уште пет ги прават и се плашат да не згрешат некој од твоите параметри?Абе нема никаков напредок во светот,ако би се одело по твојот *прирачник*.Заборави веке на твоите теории и пушти ги дечкиве слободно да експериментираат.Никој не му брани да го намали или зголеми кондензаторот или да ја скрати бас рефлексната цевка! ;D

batka, у Македонија и у цел свет 90% од сите звучни кутии се правоаголни,а и ти што го даде цртежот е правоаголна кутија! И што ти е поентата со правоаголната кутија? Не чини да биде правоаголна?   ::)
Цртеж не сум дал пошто за звучна кутија битен е волуменот,уопште не е битен обликот на кутијата за басовите,може и топка да направиш,исто ќе се понаша испод 200Hz као обична правоаголна кутија. Ова ти го пишува чак и у тие твоите бајати книги што си ги фалиш, али џабе,ни нив не си ги прочитал.Никој не ти бранеше да прорачунаш и да предложиш поправилна вредност на кондензаторот и калемот,за субвуфер треба барем 4,7mH и кондензатор 47 микрофаради или више.

А тоа што се замислуваш дека си *гуру* е веке видено.Сто пати ти велам да се прошеташ до Велес и да разгледаш и чуеш малку музика.Случајно  е изработен еден ваков вуфер со некои не знам какви кинески осмици и за парите одлично звучи.Може во Велес и да се слушне како звучи.

Не сум гуру, гуруа се оние што конструирале стотина звучници за најпознати светски фирми за звучници и напишале книги како правилно се прорачунаваат и прават звучни кутии, или оние што тестирале стотина звучници у часописите, прочитај ги тие книги и часописи и образувај се.
Уопште не сакам да го слушнам тој вуфер со кинески осмици,не сакам да си ги осакатам ушите со грозен звук,унапред знам како звучи- мутно и тупо. Истите осмици пуно подобро ќе свират у компресиона кутија у истиот волумен,па чак и у бас рефлекс кутија. Џабе си фрлил пари на ПРАВОАГОЛНА бандпас кутија, тоа е најутка кутија за ефтини кинески басови,према тоа си ја направил најскупата кутија у свет а најшкарт е.Немаше да погрешиш ако претходно ги имаше прочитано часописите и книгите од кои ти толку се грозиш.

Филозофијата е таа - колку пари-толку музика,ама да се прави и слуша,а не цел живот само да читаат теории и ништо да не направи.Така и се учи низ пракса и додека не направиш барем десетина разни кутии нема ништо да знаеш.А кога ке почнеш ке видиш дека праксата ја надминува теоријата.Од искуство не му препорачувам никому на почеток да започне скап проект,со скапи драјвери и материјали слушајки приказни од * дечки кои се знаат,ама пила во рака не фатиле*,да мерат некои карактеристики и да добијат звук на кој ке паѓаат двајца-тројца луѓе во цела Мкд,а кога некому ке кажат колку пари потрошиле,ке добијат само вртење со глава! ;D ;D

Филозофијата ти е ептен утка,баш треба цел живот да се учи и чита,да не мислиш дека аудио техниката застанала и нема што више да се научи ново?
Оние 5 пара кутии што сум ги направил се подобри барем од 90% од тие 500 пара што ти си ги направил. Останатите 10% случајно ти се трефнале добри,можда ни толку. Па како мислиш да направиш добра кутија ако унапред не знаеш каква и колкава кутија да направиш, ете ти пример со бандпасот - си ставил таму ефтини звучници со висок параметар Qts и тоа ти е ептен утка, такви звучници не се ни за обична бас рефлекс кутија,тоа го има у книгите,милион пути испробано е у пракса.
Праксата не ја надминува теоријата,што кинеш зелени,ако теоријат е надмината онда е погрешна! Со твојата пракса што теорија си надминал и докажал дека е погрешна?  ::)   ::)  Дај пази што пишуваш..
Тоа што не се препорачува почетник да започне со скуп проект не си го измислил ти, баш тоа го има у книгите и часописите што не ги разбираш и ги мрзиш од дното на душата. У истите книги со тие „некои карактеристики“ се прорачунаваат звучни кутии да имаат звук што ќе им се свиѓа на сите луѓе,осим на два-тројца у Македонија.

Мислев дека те изгубивме на Форумов,ама добро ми доаѓаш да напишам нешто подолго на темава.А, дечково си кажа се и негово е да одбере што ке прави понатаму- дали ке го направи ова или ке мерка други кутии.

Не се изгубив,спремав и полагав испити,али сега пак сум тука,нема така лесно да се ослободиш од мене.   ;)
ddd да си направи обична бас-рефлекс кутија, може со исти димензии и облик како Jamo SW200. Употреби ги формулите од мојот туторијал за да наместиш резонантна фрекфенција fb на 35Hz до 40Hz.Оваја кутија ќе свири пуно боље од бандпасот на batka.

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #12 on 11.02.2013, Monday, 23:34:17 (Edited 11.02.2013, Monday, 23:55:37) »
Ништо од шемата за сабвуферот..............@tefe_negro спомна дека ја има шемата...............
Немора за овој модел,дајте некоја шема само да е слична со оваа да не се гледа звучник само цевка.........
Дарко

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #13 on 12.02.2013, Tuesday, 00:08:21 (Edited 12.02.2013, Tuesday, 00:22:47) »
Е,па тогаш, употреби ги формулите на Маки и направи си кутија! 8)

Споено мислење: 12.02.2013, Tuesday, 00:22:46
Само цевка! 8)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Subwoofer Jamo SW200 II
« Reply #14 on 12.02.2013, Tuesday, 04:06:26 »
Ништо од шемата за сабвуферот..............@tefe_negro спомна дека ја има шемата...............
Немора за овој модел,дајте некоја шема само да е слична со оваа да не се гледа звучник само цевка.........

Не си ми јасен,што подразбираш под „шема“ за вуферот? Тоа ти е обична правоаголна кутија со малце заоблени рабови и стакло горе,двата баса се споени лице со лице и во контра фаза.
Надворешни димензии на Jamo SW200 се 43х30х23cm, направи таква обична бас рефлекс кутија со двата баса доле или позади да не се гледаат а цефката од страна да се гледа. Што не ти е јасно? Скретницата после ќе ја правиш.