Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: batka on 06.03.2011, Sunday, 20:55:47
-
Додека ние се расправаме за волумени,дизајн и бас рефлекс отвори Баткава си направил * отворени * звучни кутии!!! ;D :D ;) Ни лук јал - ни лук мирисал.И свират вели!! Уште и појачувачот му е * отворен*!! :D :D :D :D :D
-
Ај што му е отворен појачувачот, ама и на експериментална плочка е правен ;D
-
Интересно, а знаеш ли што модел се звучниците, дека не е секој звучник за ваква open baffle кутија (поточно предна плоча ;) :))
-
Ова е нешто слично на совршена звучна кутија: бесконечно голема плпоча во чиј центар е поставен звучник ;). Проблемот е, што во реалност е неизводливо ;D.
-
а појачалово колку ватно му е ?
-
Исто како и кутијата,немерливи карактеристики! :D :D Нема податоци за тоа. :(
-
Интересен концепт на звучник за размислување , само дека му свирел како што треба вака (малку потешко) басот сигурно е многу танок.
Можеби требало да направи некоја форма на пасивен радијатор со некој материјал што е погуст и што ќе го стави од задната страна.
Во секој случај интересно изгледа. :)
-
Можам да замислам каков звук вадат звучниците :D, а појачалото сигурно од моќноста многу му загрева па затоа го оставил кабриолет ;D.
-
АААААААААА ЗАКОООН хахаха алал да му е на тој што му текнало ваков засилувач да направи :D
-
Дали некој можи да ми кажи од што да направам мембрана за звучник:)
Пишувај кирилица
-
мислам дека се продаваат китови за поправка на звучници, ги има од мали па се до поголеми цени :)
можеш од кевлар да пробаш да направиш (ако најдеш) или пак некоја подобра хартија која ќе ја премачкаш со убаво лепило или некој по квалитетен лак за да добие на цврстна
-
Дали некој можи да ми кажи од што да направам мембрана за звучник :)
Имаш комплети (китови) за поправка на звучници (драјвери) во БТ Електроник во Скопје (јас од тамо ги зимам) ;).
-
Дали некој можи да ми кажи од што да направам мембрана за звучник:)
Пишувај кирилица
Пробај со парче хамер кој ке го премачкаш со восок .Направи соодветен конус и залепи го.За да биде прецизно прво направи модел од обичен весник.Ако е мембраната скината,а е од хартија,земи весници,потопи го до дрвофикс разматен со малку вода па нанеси ги на скинатото место.Со дршка од голем штрафцигер оформи ја кривината,па чекај да се исуши .