Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: Pepi54 on 31.01.2014, Friday, 10:11:38
-
Здраво,
Шарав по форумиве и налетав на оваа скица на кутија MLT QWT за широкопојасен звучник BG-20 (Visaton).
Дали некој има искуство со овој звучник BG-20 од Visaton и дали е добар овај тип на кутија за овој звучник, пошто многу сум заинтересиран да го изработам пошто осетливоста му е >90dB ::)
Прашував по продавнициве и се изненадив пошто овој звучник го најдов у Логинг :)
Ако случајно некој има 2 комада за продавање нека се јави да се договориме за цена ;)
Фала на евентуални одговори мислења и искуства. ;)
-
Од пракса ти кажувам бегај од широкопојасни звучници,макар некој да те убедува дека се најдобри.Експериментирај и додади си свртница и високотонец.Едно време и по Фокалбеше народов спобудален,ама гледам дека спласна еуфоријата и на форумиве се помалку се зборува за нив.
-
По теорија на распространување на зв. баранови,најдобро е изворот да е точкаст,односно да доаѓа од едно место-точка,поради кохерентност на зв.слика,заради тоа се конструирани на тој принцип..Поради тоа се форсираат за DIY i kako китови.На нет ги имаш многу,Фокал,Висатон,..секој скоро производител има свој примерок.Предноста кај овие е што имаш едноставна скретница,подобра динамика..Но..бидејќи две убајни наеднаш не ги бива,самата конструкција претставува проблем..и звучно и технички.И јас сум донекаде да секој си ја работи својата работа,басот ниската,средните својата,високите високите фреквенции,но тоа пак повлекува масивни скретници,пресматка на каснење на бас-линијата,губење на динамика,конструкциски потешки за изведба кутии...Тоа е долга и широка расправија...Значи компромис...Е па друже,зафркната работа,не ти ги знам годините и искуството инаку,по мое си прваче ;),така да...Најскапиот бас-среднотонец+високотонец што можиш да си го дозволиш купи го, па пиши на форумов после,да ја опрајме работата како што треба
-
Ако си решен да биде тој звучник и те бендисува кутијата,направи си ја.Но ,сепак ке ти речам дека за да го добиеш потполниот ефект,размисли и стави и високотонец.Свртницата лесно се преправа,а со малку експерименти се добива солиден квалитет.Разгледај што можеш да најдеш и купиш од високотонците.Воглавном,Визатон поевтините избегнувај ги...
-
Абе јасум за Tannoy DC1000, но на старо за него овој Батка од Бутел ми бара 150 евра па затоа решив да го праам овој со BG20 Висатон се разбира ако најдам по огласиве поевтини драјвери.
-
Па,да.Мислам дека Делија е во прашање.Стилот си е стил.Сега ке бараме звучници,што поевтини...Од Штип си,а?ОК.
-
Нема што да мислиш, се се знае... ;)
Инаку Пепи ако читаш, оваа ти е втора опомена за прикачување слики, третиот пат ти следи одмор...
-
Нема што да мислиш, се се знае... ;)
Инаку Пепи ако читаш, оваа ти е втора опомена за прикачување слики, третиот пат ти следи одмор...
Значи понатаму не смеам никакви слики да прикачувам за да не ме избанирате?
Сериозно објаснете што смеам да поставувам.
Фала на обавестување.
-
Значи понатаму не смеам никакви слики да прикачувам за да не ме избанирате?
Сериозно објаснете што смеам да поставувам.
Фала на обавестување.
Форумот има свој правила и прописи.. Има отворено тема под име "Правила на овој форум" и таму ќе ги прочиташ сите можни правила. Нема потреба некој да ти објаснува !
-
Друже дали овие звучници ке бидат со некоја специфична намена? Најпроста имплементација на истите е невозможна, заради фреквенциско-амплитудната карактеристика на истите.
Еве и графици, би звучеле многу остро, бидејки има многу големо издигнување на фреквенциите над 1000Hz па единствено решение е активна еквализација. Но среќа овие драјвери имаат одлична дисторзија и поголема ефикасност.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/bg20_8_fs.gif)
-
Значи понатаму не смеам никакви слики да прикачувам за да не ме избанирате?
Сериозно објаснете што смеам да поставувам.
Фала на обавестување.
Смееш да ставаш слики, никој не ти забрани тоа, ама како правилно да го правиш тоа (по втор пат) ќе прочиташ овде:
2.12. Забрането е прикачување (upload-ирање) на слики со привремен каратер на форумот, без разлика на нивната големина. Во оваа група спаѓаат сликите кои се наменети за теми во секцијата „Огласи и понуди“, слики чија цел е забава на членовите на форумот и слики од комерцијални електрични уреди кои сакате да ги поправите или презентирате на форумот. Во оваа група не спаѓаат шеми, слики од некои навистина ретки компоненти или електронски уреди. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)
Со ова сметам дека си целосно запознаен со правилата за слики, така што следниот пат кога ќе закачиш некоја безвезна слика директно на форум ќе одиш една недела на одмор.
-
Друже дали овие звучници ке бидат со некоја специфична намена? Најпроста имплементација на истите е невозможна, заради фреквенциско-амплитудната карактеристика на истите.
Еве и графици, би звучеле многу остро, бидејки има многу големо издигнување на фреквенциите над 1000Hz па единствено решение е активна еквализација. Но среќа овие драјвери имаат одлична дисторзија и поголема ефикасност.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/bg20_8_fs.gif)
Гледам дека се разбирате од оваја проблематика. Звучниците ми се потребни за домашно слушање музика со мосфет засилувач и со лампашки предзасилувач или лампашки бафер. Инаку оваја фреквентна карактеристика пошто има одстапување од +/-3dB (од некаде 1....9kHz) сакам да ја поравнам со филтерот даден на шема долу (Skretnica-1)! :o. Бидејќи високите фреквенции над 10kHz ми се некако сомнителни-слаби сакам да ги појачам со некој квалитетен високотонец како на пример со скретницата дадена на втората шема-филтер. Се разбира ваша помош и ваши идеи во случајов се добродојдени! ;)
Поздрав,