Проблемот е следен. Станува збор за десктоп со
-матична Asus P5VDC-X
-процесор Celeron D 3.33GHz
-DDR2 RAM, на 2 слота секој по 1GB
-OS Window XP Professional SP2
Кога го вклучувам, без да се појави нормално почетниот екран, компјутерот го дава следниов екран
Пробав со ресет на CMOS со џамперот на матичната и за чудо се изненадив кога се појави следниов екран.
Стиснав F2 и Windows-от се крена. Меѓутоа радоста дека сум успеал така едноставно да го средам кратко траеше. До првото наредно подигање на системот. Повторно се појави она истото од првата слика во постов.
И сега што направив следно?
Земав друга батерија и ја сменив старата. Без успех
Земав симнав апдејт за биосот и од верзија 0403 го апдејтував на 0703. Апдејтот беше успешен меѓутоа проблемот со бутирањето остана.
Пробав да му дадам она што го бара, она "P5VDC-X.rom" (од првата фотка). Го снимив последниот ром на цд, ама никако несака да го види иако на друг компјутер се гледа.
Наредно пробав и им ги сменив на рам мемориите местата, па ставав по една само... неколку комбинации и пак без успех. Не пробав да ставам други бидејќи немам резервни за проба, а се сомневам дека тие го прават проблемот. Неможам да видам на колку се овие што се на него, а матичната може да тера max. 2GB DDR2 533/400. Инаку компјутеров ми го дадоа ако си го направам да си го користам и незнам кога, како и зашто се случил проблемов. Инаку компјутеров може да работи но мора на секое бутирање да се отвара куќиштето да се ресетира CMOS-от.
Други идеи немам што да пробам и додека не најдам други рам-ови може некој ќе даде некоја идеја што да направам.