Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: Cobe on 24.01.2012, Tuesday, 21:00:54
-
"Електронската пошта" ви алармира кога ќе ви стигне пошта. Ова е составено само од неколку елементи и тоа бела лед диода , интергралецот NE555 , и фото-отпорник (LDR) , и бузер звучник. Значи овој уред се става во поштенското сандаче ( лед диодата и фото-отпорникот мора да бидат на различна страна од сандачето ! ) и кога поштарот ќе го стави пликото во сандачето , сандачето алармира се додека не се извади пликот од сандачето.
(http://www.mediafire.com/convkey/1083/pulof3m4nhh79pbzg.jpg)
P.S. Шемата ја цртав со sPlan :))
-
Одлично нешто! Ова може да им се најде на сите што имаат подобар достап до своето сандаче, мислам достап за да може да спроведе кабел до дома или до собата каде ке стои звучникот.
-
А можи без звучникот да работи? Само диодата да трепка или свети.
-
Таа диодата е сигнализација дека е уклучено колото,можеш нејзе да ја преместиш и да ја ставиш наместо бузерот...Значи од пин 3 на отпорникот,па на лед диодата...
-
P.S. Шемата ја цртав со sPlan :))
Е ајде со среќа, прва нацртана шема во програм за цртање на шеми ;).
-
Таа диодата е сигнализација дека е уклучено колото,можеш нејзе да ја преместиш и да ја ставиш наместо бузерот...Значи од пин 3 на отпорникот,па на лед диодата...
диодата треба да си стој таму кај што е, зашто таа свети и светлината паѓа на фото отпорникот, кога ке се прекине таа врска почнува да осцилира 555-ката.

Изумив тоа :D,ама пак наместо бузерот може да се стави диода.
-
тоа може, дека ке осцилира со поголема фреквенција лед диодата ке изгледа како да свети цело време :)
-
Изумив тоа :D,ама пак наместо бузерот може да се стави диода.
Па во тој случај, може цело 555 да се изостави ;D.
-
Е ова ме подсеќа на мојот цимер,кој си намести ЛЕД (кога беа мнооогу ретки! ;D) внатре во сандачето и ја спои на трафото од звоното,да има непрекидно напојување.Кога ке имаше писмо во сандачето диодата не се гледаше и така знаевме дека има нешто внатре! :D :D :D :D