Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: LordZi on 19.12.2011, Monday, 14:25:00
-
Еве нешто во духот на претстојните празници, шемата и плочката ги има овде:
(плочката треба да се печати во mirror)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=200.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=200.0)
А вака изгледа направена:
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0001-29.jpg)
Пред да се залепи зелената фолија
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0005-20.jpg)
Батеријата служи и како постоље
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0008-9.jpg)
Двете комплетирани
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0009-13.jpg)
И едно клипче како тоа изгледа во живо:
LED elka (http://www.youtube.com/watch?v=p2Q8K0WahWg#)
-
@LordZi дали го имаш фајлот од дизајниранава шема?
-
кој фајл ти треба??? имаш се на линкот што го ставил LordZi на почетокот...
-
кој фајл ти треба??? имаш се на линкот што го ставил LordZi на почетокот...
Во линкот има само слика, додека јас го барам фајлот т.е. шемата изработена(дизајнирана) во некоја програма , пр Sprint Layout.
-
има слика од шемата, можеш resize да и направиш и да ја испринташ, или да ги повториш водовите во Sprint Layout
-
Димензиите на плочката се 101,6 х 83,8, јас оваа сликата од линкот ја средив со фотошоп и ја испечатив според овие димензии, после ќе ја закачам, на другиот компјутер ми е.
Еве го фајлот, отвори го со фотошоп и испечати го, димензиите ти ги пишав, иначе не треба да правиш мирор на ова...
-
Ја изработив елкава во програма само не сум сигурен дали е се ок бидејќи малце се избунив кај и интегралното(со водовите и отпорникот под него), а и со спојките кај кондензторот од 100nf.Пред да почнам да ја правам ако може некој да ми ја провери дали е точно изработена.
-
А зошто си го комплицираш животот кога ја имаш на готово плочката, само да ја испечатиш? :)
-
користиш многу мали димензии за отпорниците, најмала димензија треба да ти е 7.5, ти си ставал помали, после нема да ти ги бери ако се 1/8W, и на 7.5 малку е проблематично да се постават а не на помали димензии
-
Бидејќи немав интернет па немав што да правам тој ден и зедов ја нацртав во програмата.
@LordZi со ова мислам дека ти го одговорив твоето прашање.
@Devil ја средив шемата.Но како што пишав погоре не сум сигурен дали е се ок кај интегралното коло и блок кондензаторот под него т.е. дали се повррзани водовите како што треба.
-
прикачи ја изменатата форма на плоча
ссега ќе ја разгледам што како и ќе ти кажам :)
-
Леле извини ми летна умот на др место (ах тааа :P).
-
или јас сум ќор или шемава и плочава не се исти :)
на шемата на пин 1 од интегралецот има 1 диода а на пин 3 има 2 диоди, на плочава е обратно :)
ама ок и така и вака работи само незнам што мислел тој што ја цртал плочата (зборвам за оригиналната)
---------------------------------
вака треба да е поврзано тоа долу со кондензаторот и отпорниците
-
или јас сум ќор или шемава и плочава не се исти :)
на шемата на пин 1 од интегралецот има 1 диода а на пин 3 има 2 диоди, на плочава е обратно :)
ама ок и така и вака работи само незнам што мислел тој што ја цртал плочата (зборвам за оригиналната)
---------------------------------
вака треба да е поврзано тоа долу со кондензаторот и отпорниците
Фала ти многу братче :)
Сега за одморов се надевам дека ке ја направам :)
-
Електричната шема ја има некој ?
-
Додадена е во првиот пост оригиналната ел. и монтажна шема, како и PDF фајл од плочката.
-
Фала многу, еве шемата во Sprint нацртана, ја нацртав пред да ги поставиш фајловите, на некој ако не му е мака нека ја провери за некоја грешка ако има.
-
Може да ги зголемиш падовите за батеријата, за да може директно да се залемат контактите...
-
Ја препрајв шемата имаше недоцртан вод. Иначе само една сина светло сјајна искористе, и за батеријата лежиштето купено така е, или го имаш извадено од оние со жички шо се црните ?
-
Јас ги вадев конекторите од стари потрошени 9V батерии, иако не се скапи и да ги купиш.
-
Еве уште еднаш. Имав згрешено вод и допонително поставив DIP прекидаче.
-
ОК, можеш само уште и да досредиш некои водови што се преблиску едни до други, да ги оддалечиш малце, кај што има можност...
-
Еве уште еднаш од спринт, исто и предната страна од елката.
-
Еве јас пред некое време што цртав елка за клиент, има неколку ргб лед диоди и една црвена во ѕвездата, од задна страна сместен е држач за 2 3V батерии и ардуино како контролер (интегрирано е ардуиното на самата плоча)
Можеби ќе ви користи ако сеуште правите елкички како пример сликата.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=7405.0;attach=14036)
-
Ја направив плочката ама не ми работи како шо треба. Ко ке пуштам да свети ке светни одредена секвенција на диоди и само си светат тие истите. Ако го исклучам и уклучам пак, друга секвенца свети и пак исто само тие светат. До шо да е работата ?
-
Види дали се имаш поврзано и залемено како што треба или сликни ја плочката каде што убаво се гледаат водовите па да видиме што може да е проблемот. Ако се е во ред, тогаш пробај со друг таков IC.
-
Сменав интегрално проработе.
-
Да не отворам посебна тема, овој пост совршено ќе се вклопи тука. :D
Ова е комплет за самоградба ( DIY Kit ) на новогодишна елка. Го порачав минатата (2017) година некаде крајот на ноември, но стигна дури на средината од јануари (2018), па немаше смисла тогаш да го објавувам на форумот. Нема потреба за поопширно објаснување, бидејќи станува збор за релативно едноставен склоп. Не се состои од никакви интегрални кола, а и LED диодите се RGB.
Во продолжение погледнете како изгледа:
(https://i.imgur.com/QANIXNT.jpg)
(https://i.imgur.com/xRg6rju.jpg)
(https://i.imgur.com/72rObPQ.jpg)
Го порачав од тука:
https://www.aliexpress.com/item/3D-Xmas-Tree-DIY-Kits-7-Color-Light-Flash-LED-Circuit-Christmas-Trees-LED/32657068591.html?spm=a2g0s.13010208.99999999.281.2f233c00uDvDHh
-
Ау, оваа твојава 3D била, па и основа има :D.
Шала на страна, убаво изгледа :).
А RGB LED диодите менуваат наеднаш боја или континуирано (ги менуваат „сите бои на виножитото“)?
-
Само таа што е на врвот бојата ја менува континуирано, а другите рандом се менуваат.
-
Повеќе ми се допаѓаат оние што менуваат боја континуирано... добро, и вака сигурно изгледа многу убаво :).