Кај кристалите не се работи за напон, не е важен напонот на кристалот кој се донесува на него туку струјата низ него. Е, сега струја низ него тече само ако е високофрекфентна и зависи од фрекфенцијата на струјата и фрекфенцијата на кристалот. Најмногу струја тече доколку фрекфенцијата на таа струја што тече низ него е иста со фрекфенцијата на кристалот (резонанција). Кристалот иначе не трпи голема струја, можеби максимум 150ma малите (1см) или 300ma поголемите старите (2см) што значи дека освен во осцилаторот и на првиот степен, доколку се стават како филтер на излез од некое ВФ појачало ќе изгорат.
За пример, еве една шема за мини предавател (команден) со осцилатор со кристал.
Кристалот е 27MHz, додека калемот е 5 намотки на тело 10мм (може да го намотате на пример на бургија 10ка и нормално да си стои сам без бургијата
и BF224 = BF199
Кристалот е само филтер со остра карактерискита, тој му го враќа на транзисторот само тој сигнал со таа фрекфенција на влез (на база) и тоа го појачува транзисторот и се создава осцилатор.