Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: JOCO on 23.01.2010, Saturday, 22:31:54

Title: Трансформатори (идентификација)
Post by: JOCO on 23.01.2010, Saturday, 22:31:54
Здраво на сите. Дома имам многу трансформатори извадени од различни уреди. Многу извадив од расходувани видео плеери. Но не знам за колкава излезна моќност се пошто се со некои јапонски ознаки. Дали некој знае нешто за ваквото обележување и ако знае нека го сподели со другите на форумов. Вечерва не стигнав ,ама утре сигурно ќе ставам некоја од овие ознаки да видите како изгледаат. Поздрав 8) 8)
Title: Одг: Трансформатори
Post by: LordZi on 24.01.2010, Sunday, 00:27:29
Ако се извадени од стари видеа, не верувам дека имаат некоја голема моќност, измери ги димензиите на средишното јадро (околу кое се наоѓаат намотките) и ќе ја дознаеш моќноста точно. Околу одредување на примарот и секундарот -  примарот лесно ќе го најдеш со мерење бидејќи има доста поголем отпор од секундар(ите), најчесто 200-300ома за разлика од секундарите кои обично се по неколку ома, кога еднаш ќе го одредиш примарот приклучи го на мрежа и само измери ги секундарите.
Title: Одг: Трансформатори (идентификација)
Post by: BorceBT on 24.01.2010, Sunday, 01:50:19
Моќноста на трансформатор приближно може да се пресмета ако се измери и пресмета плоштината (пресекот) на јадрото (железото) врз кое се намотани намотките (не плоштината на целиот трансформатор туку само на делот околу кој се намотани намотките) и тоа по следната формула:

P = (S)^2   (^2 значи „на квадрат“)

P е снагата која ја бараме
S е плоштината изразена во cm^2.

На пример: Трансформатор на кој јадрото му е 5см х 5см е 5х5=25^2=625W

Напомена: Ова важи за трансформатори на кои висината и ширината на калемот (намотките) е скоро иста и не важи за трансформатори кои имаа многу долг калем во висина и исто не важи баш за торусни трансформатори.