Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: BorceBT on 20.01.2010, Wednesday, 15:02:58

Title: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: BorceBT on 20.01.2010, Wednesday, 15:02:58
Ме интересира да кажат оние кои се бават секојдневно со аудио техника за совет. Имено, набавив неколку излезни аудио транзистори: 2SC3264, 2SC3835 и 2SC2922. Бидејќи се сомневам во кватитетот (оригиналноста) дали може некој да ми каже реална цена поединечно за нив и ако може слика како точно изгледа оригиналот (ако воопшто тоа што го има дома е оригинал :) ).
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: LordZi on 20.01.2010, Wednesday, 15:48:33
Околу цената не можам да ти кажам, а и не е мерило за квалитетот пошто нашите дилери имаат иста цена и за оригинал и за фалсфикат компоненти, ама се што е оригинал убаво изгледа, ознаките се убаво (квалитетно) отпечатени, металот отпозади е мазен и сјаен, итн., пробај со ацетон дали ќе се избришат ознаките, ако се избришат лесно тогаш сигурно е фалсификат.
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: DX-er on 20.01.2010, Wednesday, 15:58:27
металот отпозади е мазен и сјаен
Значи ако металот е сјаен како полиран (нешто како огледало) е оригинал а овие другиве што се како по "рапави" (немам соодветен израз :( ) се фалсификат?

BorceBT од каде ги купи? Ако се од алфа, како што знам тие ја носат робата од германија па би требало да се добри.
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: LordZi on 20.01.2010, Wednesday, 16:11:39
Quote
Значи ако металот е сјаен како полиран (нешто како огледало) е оригинал а овие другиве што се како по "рапави" (немам соодветен израз Таженко ) се фалсификат?
Ако металот на ладилникот и изводите е сив и неубав на изглед, делот скоро 100% е фалсификат, исто така и пластиката на фалс-деловите изгледа евтино.
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: DX-er on 20.01.2010, Wednesday, 16:23:12
леле значи овие од лево се фалсификат :(

(http://pic.mk/thumbs/ss1264001286.jpg) (http://pic.mk/?v=ss1264001286.jpg)

Него сега баш сега два транзистори успеав да им ги изгребам натписите и тоа со рака што би требало да се фалсификат а извадени се од нишки ТВ :) можно ли е нишките ТВ да ги правеле со фуш делови.
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: LordZi on 20.01.2010, Wednesday, 17:11:23
Ако работеле во телевизор значи се “печеле“ со години, па може од топлината да попуштило штампаното и полесно да се брише, на нови делови не смее натписот да се брише лесно туку само со ацетон а и тогаш тешко оди...
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: BorceBT on 20.01.2010, Wednesday, 17:24:33
Значи деловите од позади се сјајни, пиновите им се сјајни, натписот не се брише и воглавно веќе квалитетот на изработката на фалсификатите може да биде скоро ист ако не и подобар (имам видено копии на мотороли кои изгледаат подобро од оригиналот). Сепак, ако има можност некој да слика одблиску оригинали од напоменатите транзистори ќе биде каков-таков доказ дали се фалш или оригинали. Ако ништо друго (нема слика) ќе ги ставам на напони и струи кои ги пишува во Absolute Maximum ratings и ќе се уверам :)
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: DX-er on 20.01.2010, Wednesday, 17:32:50
Значи деловите од позади се сјајни, пиновите им се сјајни, натписот не се брише и воглавно веќе квалитетот на изработката на фалсификатите може да биде скоро ист ако не и подобар (имам видено копии на мотороли кои изгледаат подобро од оригиналот)
епа тоа е што вика Диме дека денес се е фуш и да не се ни трудиме да бараме оригинал оти и да е како оригиналот може пак да е фалсификат.

Ако ништо друго (нема слика) ќе ги ставам на напони и струи кои ги пишува во Absolute Maximum ratings и ќе се уверам :)
Пак не е доказ тоа :( може ке работи на таа струја и 7 дена а тек потоа да се расипе а доколку е оригинал не би се расипал
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: LordZi on 20.01.2010, Wednesday, 19:31:58
Quote
Ако ништо друго (нема слика) ќе ги ставам на напони и струи кои ги пишува во Absolute Maximum ratings и ќе се уверам Смешко
Само напред ;D!
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: DX-er on 21.01.2010, Thursday, 14:12:29
леле значи овие од лево се фалсификат :(

(http://pic.mk/thumbs/ss1264001286.jpg) (http://pic.mk/?v=ss1264001286.jpg)
Пазете да не се излажите да купите копија, на едно место што сум ги купил биле како овие лево а не како тие што се како огледало + два пати ги прашувам од кај ги набавуваат деловите односно која им е држава на произвотство и нема одговор. Или не знаат или не кажуваат.
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: Baze on 21.01.2010, Thursday, 16:39:38
Штом не ти кажуваат се знае :) кај нас нема никаков квалитет,имам слушнато дека сите елементи што ги носат тука ги земаат на кило,катастрофа....
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: DX-er on 21.01.2010, Thursday, 21:38:43
лелее што сме ние, експериментални глувци  >:( >:( >:( >:( >:( Имаш ли инфо како е состојбата во Бугарија и јужниот сосед дали и кај нив носат делови на кило?
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: Devil on 21.01.2010, Thursday, 21:43:44
кај нив даваат на големо не е на кило на парче колку појќе толку поефтино :D
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: SaleSk on 23.01.2010, Saturday, 17:34:50
Искрено незнам зошто цело време зборувате за фалсификати и оригинали, кога сите продавници кај нас набавуваат роба или од турција или од кина на ангро...Искрено незнам некој дека набавува роба од Гермнија  ???  Логинг, да меѓутоа производи кои им се зпакувани со нормално изработени кутии...А останатите елементи се сите од едно место исто како и кај останатите добавувачи...
Тоа со бришењето на буквите или пак со рапавоста и мазноста на позадината или пластиката воопшто не ви држи вода.
колку за споредба еве еден сајт нА кој се прикажани дел од електронските компоненти со разлики  ;D
Code: [Select]
http://transfal.tripod.com/Искрено делови што имам порачувано директно преку интернет се гледа како се спакувани и како изгледаат, а ова се тука е рамно на исто и на 99% кинеска или турска роба...Фалсификат или не, сепак произведени се според некој критериуми, а нивниот квалитет на изработка е за дискусија...
поздрав

Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: DX-er on 23.01.2010, Saturday, 18:15:41
A деловите што ги нарачуваш ти дали се оригинал јапонски или германски? Ако се оригинал кажи ни од каде нарачуваш па и ние да нарачаме :)

Code: [Select]
http://transfal.tripod.com/
има многу слики со некоја марка OK во кукче. Дали ви е позната како марка и дали е фалш?

Тоа со бришењето на буквите или пак со рапавоста и мазноста на позадината или пластиката воопшто не ви држи вода.
вода не сигурно но држи како факт! Барем јас го имам приметено истото што го викаат останатите електроничари на форумот и тие што ги знам. Мене два транзистори од алфа електроника ми прегореа при уклучување а кога ке видиш беа noname и буквите се бришеа со допир.
Title: Одг: Фалсификувани аудио излезни транзистори
Post by: LordZi on 24.01.2010, Sunday, 00:38:09
Quote
има многу слики со некоја марка OK во кукче. Дали ви е позната како марка и дали е фалш?
ON semiconductor мислам дека е новото име под кое произведува моторола, оригиналните транзистори на ON се топ, ама се многу честа мета на фалсификат >:(