Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: bicikle on 09.03.2011, Wednesday, 20:38:03

Title: За што служат SLB3040PT ?
Post by: bicikle on 09.03.2011, Wednesday, 20:38:03
како потесетување овие шкоти диоди ги има во комп. напојувања но не знам која им е функцијата, па ако знае некој и ако сака да ми каже. Исто така ме интересира дали може да се користат како транзистори?
Title: Одг: за што служат slb3040pt?
Post by: batka on 10.03.2011, Thursday, 00:00:11
Во атх напојувањата се користат брзи шотки диоди и тоа најчесто двојни(дупли) .И на самото кукиште имате слика како се врзани,Тие имаат многу мал пад на напон (кај 1Нххх обично е о,7 В).
Не можат да се користат како транзистори!
Title: Одг: за што служат slb3040pt?
Post by: GigaWatt on 10.03.2011, Thursday, 10:08:20
Шотки диодите го користат принципот на работа (не баш истиот, се разбира, но сличен ;)) кој е искористен кај MOSFET-ите, односно се искристени најдобрите својства на спојот метал-полупроводник ;). Исто така можете да ги начекате и под името fast recovery diode или hot carrier diode ;) (иако не секогаш  fast recovery диодите се и Шоткиеви диоди, сепак, доста често се ;)).

Кој сака да знае нешто повеќе за принципот на работа на Шоткиевите диоди:

Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Schottky_diode
Title: Одг: За што служат SLB3040PT ?
Post by: bicikle on 11.03.2011, Friday, 12:06:46
Значи освен као диоди, немаат друга примена ?
Title: Одг: За што служат SLB3040PT ?
Post by: GigaWatt on 11.03.2011, Friday, 17:28:30
Па да, ама често се користат во switching напојувања поради нивната брзина на работа ;). А во switching напојувањата, фреквенцијата на прекинување најесто се движи од 100 па до 200KHz, зависи од изведба до изведба и како производителот го замислил уредот (односно, кај евтиниве switching напојувања за PC, кој од кого ја ископирал шемата ;D).
Title: Одг: За што служат SLB3040PT ?
Post by: bicikle on 12.03.2011, Saturday, 01:35:16
значи пошто се 30 ампера можам да си ги искористам за 20 волтен трансфпрматор, како обични насочувачки диоди? Со тоа што двата краја од една диода ќе си спојам, односно ќе дојде како две паралелно споени диоди би требало дозволената струја да се зголенми двојно, отприлика 60 А?
Title: Одг: За што служат SLB3040PT ?
Post by: Bojan on 12.03.2011, Saturday, 16:45:10
прво...не мешај ампери и волти, како второ ако ги поврзеш така како што викаш може едната да ти рикне дека немаат исти карактеристики и двете диоди така да низ едната диода може да тече поголема струја и ке цркне таа диода, ако цркне таа и другата ке цркне зашто цела струја ке треба низ нејзе да поминува...
Title: Одг: За што служат SLB3040PT ?
Post by: bicikle on 13.03.2011, Sunday, 00:08:00
напишав 20в ац бидејќи се ограничени на 40в, па да не одам до границите... Инаку освем во атх напојување каде би нашле практична примена ?
Title: Одг: За што служат SLB3040PT ?
Post by: Bojan on 13.03.2011, Sunday, 02:38:22
сегде кај што ти треба шоткиева диода со толкав работен напон и толкава струја... :D