Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: Devil on 16.11.2009, Monday, 23:01:27

Title: Мерење на идуктивност на калем
Post by: Devil on 16.11.2009, Monday, 23:01:27
Дали е можно некако со помош на мултиметар, осцилоскоп, FFT, фреквенциометар уред да се измери индуктивноста на некој калем
значи доколку ги имам сите од погоре набројаните инструменти (алати) да измерам индуктивноста на калем
поздрав
Title: Одг: Мерење на идуктивност на калем
Post by: Goce on 16.11.2009, Monday, 23:37:15
Ако имаш фреквенцметар или осцилоскоп ке треба да направиш некое склопче со кое ке добиеш осцилатор со калемот што сакаш да го мериш и тогаш ке ја мериш фрекфенцијата на осцилаторното коло каде каде што кондензаторор ке ти биде позанат фреквенцијата ке ја измериш а калемот ке го пресметаш со формулата L = 1/(4π2 C f2)
Title: Одг: Мерење на идуктивност на калем
Post by: BorceBT on 16.11.2009, Monday, 23:51:03
Друг метод за пресметување на индуктивноста на калем е да ја пресметаш неговата импеданса на одредена позната фрекфенција. Тоа можеш да го направиш ако имаш извор на позната фрекфенција и да го мериш падот на напонот на калемот со помош на AC волтметар (или да го исправиш напонот со брзи шотки или германиумски диоди и да користиш обичен дигитален волтметар). Формулата вели дека импедансата (реактансата) на калемот е: XL=2пfL со што L (во хенри) = ХL/2пf. Проблемот овде е што треба да се знаат уште две работи, отпорот (омски) на калемот и излезниот отпор (импедансата) на изворот на позната фрекфенција. Првото е лесно (се мери отпор на калемот со омметар или со милиомметар) додека второто се прави на следниот начин:
Се мери напонот (AC волтметар или како што беше предложено погоре) на неоптоварен извор. Се става познат отпорник (не жичан, туку метал слоен) и се мери падот на напонот на него. Значи ако очекувавме пад од на пример 2 волти за тој напон што го меревме а имаме пад од само 1.4 волти значи дека остатокот од напонот паѓа на отпорот на изворот (импедансата). Со ова може да пресметаме кокава е отпорноста на изворот (импедансата).
Сега значи ги имаме двата непознати отпори (отпорот на намотката и отпорот на изворот на сигнал) и се што треба е да го мериме падот на напонот на калемот и од резултатот да го одземеме тие два отпори кои ги најдовме кои ни се „редно“ (сериски) со калемот.
Мачно ама може релативно точно да се пресмета индуктивитетот.

Да напоменам исто дека ова е за мерење на релативно големи индуктивитети (од редот на стотици и илјадници милихенри и хенри) а не на минијатурни намотки од 4-5 навои (нано хенри) за предаватели. Тие можат да се мерат со методот на Goce или со ВФ винстонов мост (за ова другпат :) ).
Title: Одг: Мерење на идуктивност на калем
Post by: Devil on 16.11.2009, Monday, 23:55:24
фала ви и на двата
сепак јас ќе си направам LC метар, вака одека да склопувам да мерам едно па друго ехехе
а со LC метарот ќе си го ставам калемот и колку толку точно ќе ми даде :D
Title: Одг: Мерење на идуктивност на калем
Post by: BorceBT on 17.11.2009, Tuesday, 00:00:46
Сепак, да се знае како се мери рачно, иначе LC метарот мери со методата „дај напон па да видам за 10 микросекунди до каде пораснала струјата“ и пресметува во софтверот према таа брзина на раст колку е индуктивитетот на калемот и затоа може да мери и многу мали индуктивитети, бидејќи сето тоа е многу брзо и се работи за мали напони.
И ако то успее LC метарот ќе објавиш.
Title: Одг: Мерење на идуктивност на калем
Post by: LordZi on 17.11.2009, Tuesday, 20:01:01
Друже, не се мачи со формули, направи си мерач за индуктивност со 16F84, има шеми на интернет, имаше и во ЕМИТЕР пред некое време објавено исто со 16F84, а како крајна опција сега не е толку скапо да си земеш фабрички LC метар.
Title: Одг: Мерење на идуктивност на калем
Post by: BorceBT on 17.11.2009, Tuesday, 20:32:25
Фабрички LC метар што може да мери пикофаради и нано хенри е многу скап, ова со PIC ми изгледа како добра и евтина алтернатива.
Title: Одг: Мерење на идуктивност на калем
Post by: Devil on 17.11.2009, Tuesday, 20:44:27
Друже, не се мачи со формули, направи си мерач за индуктивност со 16F84, има шеми на интернет, имаше и во ЕМИТЕР пред некое време објавено исто со 16F84, а како крајна опција сега не е толку скапо да си земеш фабрички LC метар.

кој те лажеше дека не е скапо бе  ;D
преку 2000-3000 денари е и то само за капацитивност беше, а за индуктивност на башка бил и тој некоја 1000-ка па замисли си ти
вака со пик околу 600 денари ме фати се на се
а + тоа подобро е ако сами си направиш  :D
Title: Одг: Мерење на идуктивност на калем
Post by: LordZi on 18.11.2009, Wednesday, 08:59:13
Хе,хе, во право си, “скапо“ е релативен поим, јас мојот LC метар (MASTECH MY6243) пред години кога интензивно мотав калеми за скретници го платив 5000 денари, сега гледам на сајтот на Електронинвест дека е 2900 ден. Како и да вртиш, со пик-че е најисплатливо, башка задоволството дека ти си го направил е неспоредливо ;D.