Author Topic: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004  (Read 1906 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Izotop се измори од куцање ,а јас на кратко да кажам: прво мерете ги двете гранки(ако е симетрично напојување!) омски према маса,без вклучен исправувач,на суво. Отпорноста во никој случај под 100 ома не смее да биде!! Некој ке рече - не е така правилно! ,ама функционира.Двете гранки треба приближно иста отпорност да имаат!!! Тримерот за мирната струја нека биде на максимум,влезот кратко споен кон масата и волтметар место звучник.Прво се подесува мирната струја со милиамперметар во коло на колектор на еден излезен транзистор. Полека намалувајте го отпорот и ке добиете некоја вредност која ке биде во граници 20-60 мА,зависи од појачувачот.Ако се друго е исправно -а излазите греат,висока е мирната струја ,па смалете ја! Ако е премала мирната струја - појачувачот на мала сила ке има изобличување!! Значи ,балансирајте со струјата во коло на колекторите!
Оффсет напонот во поголем број појачувачи се решава преку диференцијален влез и отпорници.На влезот има два симетрични ,мали по јачина транзистори кои *го делат* напонот во две гранки.Ако е влезот со ИК обично на оп.појачувачи ( 741,ТЛ о71....) меѓу пиновите 1 и 8 се става тример и со него се подесува офсет напонот.Кај симетрично напојувањето е полесно,особено ако е добро симетриран напонот на исправувачот.Во секој случај,волтметарот е најдобро да биде близу нулата!! Големиот оффсет напон се препознава по брумот и флатерот( мало треперење) на самиот звучник.Проблем е кај директно спрегнат звучник без излезен кондензатор.Од искуство иако нема понекогаш ставам електролит од 1000-2200 мФ сериски со звучникот,Оффсет напонот се редуцира и со додавање на паралелен отпор пред излезниот електролит и филтерот кој спречува самоосцилирање ,а се состои од отпорник десетина оми и блок кондензатор од 0,1-0,22 МФ.Некој рече дека овој филтер се вади и нама проблем.Јас лично не вадам такви филтри ,бидејки има ефект кај повекето конструкции,особено на повисоките фреквенции.

Offline Baze

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Ех да го оставеа Никола Тесла и понатаму да твори.
Ехеее си се изнапишал  :).Не бев во можност да ти вратам на постот.Инаку и јас работам на тој начин односно со отпорниците.Мирната струја на засилувачот мислам дека беше околу 50 милиампери

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
фала Баже

Offline Baze

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Ех да го оставеа Никола Тесла и понатаму да твори.
Одг: 200W засилувач со MJ15003 и MJ15004
« Reply #18 on 26.04.2011, Tuesday, 21:41:26 (Edited 26.04.2011, Tuesday, 21:43:12) »
нема проблем  ;)

Споено мислење: 26.04.2011, Tuesday, 21:43:12
инаку, браво за објаснувањето за нагодување на мирната струја.За оние што не знаеле, ќе биде супер...