Author Topic: Изработени шеми на мали засилувачи  (Read 1271 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве неколку шеми на мали засилувачи,ако некаде ви се потребни.Ова првата ја направив минатата недела,чисто за проба и со еден 3055 и трафо 2х12V 1A  се добива 2,5W со о,5% THD.Ама некогаш и тоа е охрабрувачки.

Offline DrTubeR

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 70
  • Gender: Male
Ми се свиѓа идејата од првата шема. Топ предлог и браво.
Би ти предложил да пробаш со аудио трафо од старо радио.
Напонските трансформатори имаат слаб фрекфенциски одзив ... заситување на јадрото ... бла бла ... во принцип за гитарски појачала ќе поминат (<10KHz).

Пробај со трафо од радио ... можеби ќе начекаш некое со импеданса на примар од околу 3к или пак, 2к6 од телевизор. Имаат однос приближно 20 (во твојот случај е 18, така што ... мислам дека ќе биде топ).
Тоа ќе бидат пријатни 2,5W.

Колкава импеданса има звучникот кој го приклучи?
Претходново важи за 8 омски звучник.

Тхд изобличувањата се на кој хармоник (во најголем дел)?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Изработени шеми на мали засилувачи
« Reply #2 on 29.07.2014, Tuesday, 13:52:47 (Edited 29.07.2014, Tuesday, 14:01:26) »
Проблемот за првата шема е што го направил проектот некој кој немал излезно трафо ,а сакал да добие трети хармоник. 8) Звучникот беше 8 омски ЕИ Ниш,елипса 12 см должина, 8 ширина на кој пишуваше 10W.Иначе THD e мерено на синусоидата на првиот хармоник.До третиот не сакав да одам.Иначе ваков тип засилувачи се пријатни за слушање и до  1% изобличување. ;D Некој ова нема да го разбере,ако не пушти низ него хеви метал. 8)

Offline DrTubeR

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 70
  • Gender: Male
Не мора да значи дека ќе добие трет хармоник ... може петти да биде, е тек тогаш нека слуша и свадбарска музика од Шутка, исто му се фајќа.

Металика - блек албумот, направен е ремастер на целосно лампаски предпојачала и појачала. Идејата им била да биде слушан само на лампашка опрема.

Нека го пушти па да види дали ќе му се допаѓа ... хармоникот :P