Author Topic: Мостно поврзување на стерео појалачо  (Read 3935 times)

Offline goran_elektro

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 205
Од кај да го најдам овој LF357 ???

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Не мора тој да биде, стави било кој операционен засилувач.
Жан

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Еве шема и од мене.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Мостно поврзување на стерео појалачо
« Reply #18 on 08.01.2015, Thursday, 19:00:44 (Edited 09.01.2015, Friday, 00:55:20) »
Ако се работи за конкретен појачувач со 7294 еве една шема каде од стерео појачувач ,со едноставно премостување на краткоспојниците се добива моно блок односно бриџ спој.Имаш и изглед на монтажна и печатена плоча.






Offline goran_elektro

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 205
не се работи за TDA7294 туку за некое непознато појачало Tujia ова шема со NE5532 како што видов е без напојување или грешка сум ??

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
@goran_elektro
Оваа тема е на tomce , барајќи помош за мостно поврзување на  homemade стерео појачало со TDA7294, а гледам дискусијата отиде во сосем друга насока.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
ОК,тоа со  7294 е добар пример,а она од Дока е можност да го пробаш.Тоа е тоа.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
...ова шема со NE5532 како што видов е без напојување или грешка сум?...
На сите операциони засилувачи им е потребно напојување.
Тоа се подразбира и затоа најчесто е изоставено од шемите.
Жан

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Мостно поврзување на стерео појалачо
« Reply #23 on 08.01.2015, Thursday, 20:38:06 (Edited 09.01.2015, Friday, 00:58:51) »
Види datasheeet


Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Мостно поврзување на стерео појалачо
« Reply #24 on 09.01.2015, Friday, 13:07:54 (Edited 09.01.2015, Friday, 21:19:34) »
Најубаво да ги напојуваш со симетрично напојување од +/-12V. Филтерски кондензатори од 0.1uF одма до ногиците за напојување за + и - соодветно.

Споено мислење: 09.01.2015, Friday, 21:19:34
Сега ја разгледав шемата од Zan. Тоа е лоша шема за мостно појачало! Оној кондензатор ја врти фазата на сигналот, и сигналот нема да е фазно идентичен на излезот од двете појачала. За мостно појачало, засилувањето, фазата на сигналот и обликот мора да се апсолутно идентични! Инаку ке грее едното појачало многу повеке, а и ке се јави огромна дисторзија и при мала јачина.

Offline goran_elektro

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 205
Го направив инвертирачкиот бафер со 4558 коло го искористив само едната страна од него и има уште два отпорника на влез има отпорник од 20 килооми ,а другиот 120 килооми и е помеѓу нозичка еден и два .Го напојувам со +- 20 волти зошто таков има во појачалото и проработе све супер ама како што кажа слидермц едниот канал грее повеќе ,тој канал што не е инвертиран грее повеќе ,а оној со инвертирачкиот бафер грее помалку. А и приметив на излез оној што е инвертиран на иста јачина глас дава малку појак звук за разлика од оној директниот .Има ли некој начин да го преправам за да греат исто ??

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
Искрено , ова со инвертирачки бафер за мене е без врска. Ако појачалото нема опција ,,bridge (мост)'' сите останати опции и обиди за негово мостно поврзување се ,,претурање од шупло во празно''. Теоретски е во ред , но во пракса секогаш ке наидуваме на проблеми, а може да се случи некој од неискусните на форумов да проба да ги напрви овој склоп/уред и притоа да го оштети пробниот засилувач кој  сам по себе си бил одличен - функционален.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Секои две истоветни појачала можат да се доведат во мостна врска,само што треба многу знаење да се урамнотежи мостот.Тука се мисли на подесувањата што треба да се направат,па дури до упарување на самите интегралци.Кај повеќето интегралци постојат суфикси кои укажуваат дали се погодни за мостен спој,а освен тоа симетрирањето ,излезниот напон и мирната струја се фактори на кои треба да се пази при правење на бриџ врски.Мене лично не ми се допаѓаат вакви споеви и не ги преферирам.Ако направиш стерео појачало,подобро свири го така,отколку да ризикуваш со мост и да стрепиш дали и кога ке прегори.И фабриките кога предвидуваат за некое појачало да работи во мост препорачуваат да не се форсира близу до максимумот,бидејќи тогаш е лесно да осцилира и да направи квар и на звучниците.Ако ти треба поголема снага,подобро направи си ( или купи си!) појако појачалце и не ризикувај со мостови и проби  * на слепо*.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
И јас лично не сум за мостови. Вака можеш да пробаш, мора да имаш 2 бафера, како на мојата шема што ти ја пратив. Не смее да има филтри-кондензатори во баферите!

Потоа, ке приклучиш на влез да речеме 0.5В синус сигнал 1000Хз. И ке наместиш така да на едниот излез од појалалото (неинвертираниот)да ти дава некој напон на пример 3В точно преку 8оми отпорник 5вати(може и 10оми). На другиот канал ке измериш дали дава точна вредност на истиот начин, без да го пипкаш влезниот сигнал ( на оној инвертираниот). Доколку не дава точно 3В, ке ги промениш малку вредностите на отпорниците додека не дојдеш до точниот напон.

Сето ке го мериш со унимер како АЦ сигнај, како генератор користи си го компјутерот. Овој бафер за мостно појачало ке ти одговара само на појачалото кое го штелуваш и за истото поврзување секој пат. Заборави на еквилајзерот од појачалото, мораш комплетно да го исклучиш.

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
@Batka , @slidermc
Се слагам со двајцата, комплетно. Ако има потреба од (пример) 150W/8omi снага , подобро еден добар моно блок одколку стерео 2X100W па врзани во мостна врска. Од мое практично искуство , никогаш не свири двапати појако мостната врска од стерео, а теоретски (на хартија) би требало да е така. Имам правено со TDA7294 bridege , TDA2030 bridge и TDA7265 bridge. Најоптимално напојување за TDA7294 во мостна врска е 2 x 18 V AC за на минимум 8оми ,  што ми е премногу ,,млако'', ако земеме во предвид дека максималното напојување е 100V , симетрично. Поагајќи од тука, се прашувам , практично (не теоретски) колко појако ке свири мостната врска за разлика од обична (моно) верзија , ако напојувањето е симетрично  2 X 40 V DC напон. Дали во мостна врска ке добиеме 1/3 повеке.