Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: batka on 16.10.2011, Sunday, 18:32:05

Title: Засилувач за PC со TDA1517 - 2х6W
Post by: batka on 16.10.2011, Sunday, 18:32:05
Утринава две братчиња (9 и 12 години) ме замолија да го погледам и поврзам засилувачот кој го направиле за својот РС.
Засилувачот беше со TDA1517 и исправувач на 12 v кој љубезно им го отстапил татко им од стар полнач за акумулатори,Ставив еден електролит од 3300мФ 50V и го поврзав стерео-потенциометрот директно со кабелот и 3,5 мм џек.На ИК ставивме мал ладилник од АТХ напојувања,а најинтересен беше крајот : два звучника по 5W /4 omi од кола 9 см дијаметар се  поставени во две пластични кутии од 1 кг пакување на сладолед,кој со по два штрафа беа прицврстени за дрвени постоља.Ставивме и нешто материјал за дампирање и добивме две солидни звучни кутии. ;D Инвентивноста на децата е извонредна,едвај чекам да видам во каква кутија ке го стават засилувачот,а верувам дека и некоја слика ке направат за на Форумов,да не рече некој дека само копираме .Засега, им ветив дека за ова ке напишам некој збор на Форумов и ке ја ставам шемата.
Title: Одг: Засилувач за PC со TDA1517 - 2х6W
Post by: LordZi on 16.10.2011, Sunday, 19:33:17
Браво ;D, секогаш ме радува кога ќе прочитам вакво нешто...
Title: Одг: Засилувач за PC со TDA1517 - 2х6W
Post by: ZareBt on 16.10.2011, Sunday, 19:38:41
Батка, ко ќе можиш сликај ги тие  звучниците. Ме интересира како излегоја  ;D
Title: Одг: Засилувач за PC со TDA1517 - 2х6W
Post by: at.koce on 16.10.2011, Sunday, 20:10:18
Мене ме радува тоа што толку мали деца (не дека ја сум голем) прават електронски склопови  :D
Title: Одг: Засилувач за PC со TDA1517 - 2х6W
Post by: batka on 17.10.2011, Monday, 07:50:34
Јас чекам да го стават појачалцето во кутија и да го сликаат комплетот со мобилен,па ке ставам слики.Овде имам деца кои сакаат да *чепкаат* само некој треба внимание да им посвети.Ако сте прави електроничари никогаш не му го скратувајте задоволството на некој помал,ако сака нешто да направи или барем праша.Сум *заразил* доста деца со техниката со тоа што сум им посветил внимание,дал совет,некогаш и електронски делови.Децата знаат да изненадат и да возвратат.Најбитно е првата конструкција да биде успешна - рецептот е тој! ;)Пред некое време дојде еден 8 годишен човек и напамет ми изрецитира како оделе боите и вредностите на отпорниците,од работната тетратка на постариот брат! Ке биде нешто од тоа дете!! ;D ;D