Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: antonio@arsenal on 09.10.2010, Saturday, 09:50:01
-
Во темата трафо од телевизор видете го трафото кое што ке послужи како напојување за појачалото за кое што вие ке ми најдете шема. Ако некој знае некоја шема за појачало од 100тина вати и се напојува со 38в нека го постира затоа што после грецот максимален напон добивам 38в па сакам да го искористам трафото.
-
КОј пресек го има жицата која е на трафото и дава некаде 32 волти наизменично!
малку потешко е да ја добиеш снагата од 100 вати со тоа трафо, мислам дека е од серијата црно бели телевизори без ламби.,а има и други напони кои си имаат “резервирано“ дел снага од самото трафо, поточно окупираат дел од просторот каде е намотан секундарот и оневозможуваат, да бараниот намот со бараниот напон биде со подебел пресек на спроводник за да ја вади максималната снага спрема пресекот најадрото на самото трафо P=S2
-
32 волти наизменично не дава ниту една од овие излези
-
Да треба де е околу27 волти наизменично. сепак ке имаш некоја снага :)
-
Ама дава само 38 волти, нема напон од 27 :-\
-
Не најдовте некоја шема бе??
-
Па побарај на форумов и на net и види дали ќе начекаш некоја шема која „би ти фатила око“, post-ирај ја и ќе ја разгледаме ;).
-
Па незнам некое што работи на овој напон
-
Ама дава само 38 волти, нема напон од 27 :-\
Eве некоја шема за засилувач што работи на 40 волти,види разгледај ја ако не да барам друга ;) :Dhttp://amplifierlab.com/wp-content/uploads/2010/04/40-Watts-Audio-Amplifier-Using-TDA-2030.png
-
Побарај нешто друго по можност со pcb :)
-
Ај ако сакаш наведи ги карактеристиките на трафото поубаво (напон,ампеража,ватажа) за да знам за што засилувач ќе одговара.
-
antonio@arsenal среди си го насловот
3.1 Сите наслови на новите теми треба да имаат целосен опис.
-
Епа посоодветно незнам како да го крстам :-\
-
со трафоо од црно бел телевизор шо не е високо напонско може да се извади 30-40 вати најмногу 50 со гушење а ти очекуваш 100вати лол :o
-
Кажи ги димензиите на трафото .Најдобро е да го растуриш до ниво на примарот и да го премоташ повторно секундарот .Јас имам употребено 5-6 трафа така , кои си работат супер на појачала до кај 100 w .Ама да е погабаритно трафото :)
-
должина8,5см, висина7см и ширина4см
-
http://www.electronics-lab.com/projects/audio/008/index.html
-
Епа тогаш имаш доволно простор и можеш слободно да го премоташ бифоларно секундарот со напон кој што ке ти биде потребен за било кој засилувач до кај 100 w . На пример јас го растурам трафото , го користам примарот , а за секундарот со некои 80 намотки , ќе добиеш напон отприлика 25 v.
-
Со колку дебела жица?
-
За добро да напојуваш 100ватен засилувач ти треба 200ватно трафо, а твоето трафо кое си го извадил од црнобел телевизор е околу 100вати ама има повеќе секундари кои се со многу мала јачина така да не можеш да го користиш како трафо кое би напојувало некој засилувач и затоа ако сакаш да го искористиш како напојување за некој засилувач треба да го премоташ и кога би го премотал најмногу ќе можеш да напојуваш засилувач од 60вати (имам премотувано исто како твоето трафо и затоа ти го кажувам ова) ;).
-
Ќе го одмота целиот секундар , ќе си премоти нов секундар со бифоларно мотење . За домашна употреба ти брка работа и тоа како . Еве јас дома имам 4 трансформатори такви , премотено со 0, 8 жица . трафото е некаде околу 150 w . Еве на пример 2 такви трафа користам за 400 w појачалото , oбјавено во Емитер 7- 8 2009 . За домашна употреба е солидно .
Споено мислење: 23.11.2010, Tuesday, 19:50:55
а бифоларно мотање е следново: Се моти 2 жици истовремено со иста дебелина , на почетокот се спојуваат и таа е познатата точка 0, откако ќе се премоти трафото , изводите се вадат надвор и останатите 2 изводи .