Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: antonio@arsenal on 25.04.2010, Sunday, 13:30:51

Title: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: antonio@arsenal on 25.04.2010, Sunday, 13:30:51
 Купив нова миксета пред две недели Behringer PMH1000 Миксетата ја врзував на мали звучничиња од 3w 4оми така свирев неколку дена е сега, денес исто почнав да свирам и наеднаш миксетата се исклучи и пак се приклучи пак пробав да свирам ама излезниот (појачан) сигнал не беше појачан свиреше сптен слабо и кога мастерот беше пуштен до даска и едниот звучник не работеше пробав пак и пак се исклучи и сега не работи ич работи ама дава ептен слаб излезен сигнал данеречам незасилен Чаре, Дефект ..? Ова е озбилна работа и пишете озбилни мислења оти ми е дојдена работата за плачење :( :( :(
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: GigaWatt on 25.04.2010, Sunday, 14:06:04
На 2x400W засилувач си врзал 3W-ни звучници. Ова е првиот проблем, освен ако не си пазел колку гласно, односно тивко свириш, и со кој инструмент ги побудуваш. На пример електрична гитара со дистрозија има поголеми шанси да ги изгори звучничињата од на пример чисто акустична гитара.

Ако изгореле звучничињата, не мора да значи дека изгореле и излезите од миксетата, пробај со други звучници, не звучничиња.

Ако „рикнал“ засилувачот, епа нека ти е на здравје, ако сеуште ја чуваш гаранцијата (ако ти е на ново земена миксетата), можеби ќе ти го признаат дефектот, ако не им ги кажеш условите под кои се случил дефектот.

Ако немаш гаранција, отвори ја миксетата и види ако можеш да најдеш сервисна шема на интернет за неа. Не знам што мерна опрема имаш така да ќе претпоставам дека имаш барем волтметар. Провери ги сите осигурачи (ако има). Провери дали напојувањето за засилувачот на миксетата го дава потребниот напон за напојување на засилувачот. Ако навистина може да даде 400W по канал (што не верувам, зашто не верувам на спецификации на Behringer), напонот на напојување на засилувачот би требал да биде +/-40V па нагоре. Ова чисто само колку да видиш дали навистина е до излезниот засилувач или дали има и/или некој друг проблем.

Провери го ова па post-ирај резултати. Не е лошо да имаш на располагање и signal tracer.

Ако немаш мерна опрема и не сакаш да се замараш, смени се што е полуповодичко на излезот од засилувачот (тоа значи сите транзистори, сите диоди и интегрирани кола, доколку ги има). Ова не е сигурен метод, но доколку излезниот степен на засилувачот е изгорен, во 80% од случаите, функционира. Значи, немој да очекуваш дека сигурно ќе профункционира ако го направиш ова. Ако не направиш соодветни мерења, може да се случи и исправните компоненти што си ги монтирал, при повторно пуштање на миксетата во работа да ги изгориш. Не ти препорачувам да го правиш ова, освен ако имаш пари за „фрлање“.
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: SaleSk on 25.04.2010, Sunday, 14:17:52
Јас би му предложил да контактира сервис, зошто оваа работа не е за почетници. Како корисник он може да ги провери само осигурачите, но тие горат со причина...
Значи прво други звучници за проба, а доколку не е до нив во тој случај појачалото на миксетата преминало и ке биде потребно да се изврши поправка од стручно лице. Со нестручна и несоодветна замена на одредени елементи, само може да ја влоши постоечката состојба..
 ;)
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: GigaWatt on 25.04.2010, Sunday, 14:29:18
Јас би му предложил да контактира сервис, зошто оваа работа не е за почетници. Како корисник он може да ги провери само осигурачите, но тие горат со причина...
Значи прво други звучници за проба, а доколку не е до нив во тој случај појачалото на миксетата преминало и ке биде потребно да се изврши поправка од стручно лице. Со нестручна и несоодветна замена на одредени елементи, само може да ја влоши постоечката состојба..
 ;)

Знам, не е започетници, но ако веќе решил сам да ја поправа, пишав некои општи совети, како што реков ова функционира во 80% од случаите, ако е изгорен диференцијален степен или има некои краткоспоени (изгорени) кондензатори, може само да ја „докусури“ миксетата. Затоа и пишав, ако има пари за „фрлање“, нека проба, мада јас не би се нафатил да правам таквo нешто без мерна опрема и малку поголеми познавања.

Надобро е тоа што го предлож SaleSK, ако немаш гаранција на призводот, однеси ја миксетата на сервисер.
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: antonio@arsenal on 25.04.2010, Sunday, 16:07:32
Ако имав пари за фрлање ке си купев подобра миксета а и друго да ви кажам сега што се случи по пола час пак ја приклучив да видам и оп почна да работи ама не е засилениот глас како што беше и ако ги свртам обратно звучничињата на пример левиот десно да го ставам така свири тивко а обратно многу погласно но сепак не е како што беше ај Борче ако има секунда нека види што е работата а иначе ја побудувам со синтисајзер.
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: GigaWatt on 25.04.2010, Sunday, 16:10:54
Најверојатно звучничињата се полу„рокнати“, така да пробај со други и види дали ќе се врати јачината на гласот во нормала ;).
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: BorceBT on 25.04.2010, Sunday, 16:25:54
Пробај со други појаки и исправни звучници, можда се стопиле внатре тие малите.
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: antonio@arsenal on 25.04.2010, Sunday, 17:19:07
Малите свират ама ја немаат истата јачина како пред тоа
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: LordZi on 25.04.2010, Sunday, 17:30:01
Си ги решил изгледа... ;)
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: antonio@arsenal on 25.04.2010, Sunday, 18:11:51
Сакаш да кажиш готови се се звучничињата ? ако беа рикнати немаше да свират ич
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: Devil on 25.04.2010, Sunday, 18:14:59
не мора да значи
можеби се стопени негде внатре во калемот и се проспоени и сега ќе ти свират ама мн. малку
а има можност и да го оштетат и засилувачот
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: antonio@arsenal on 25.04.2010, Sunday, 18:34:52
Немам дома поголеми звучници за да пробам со други јбг :S
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: Devil on 25.04.2010, Sunday, 18:36:41
а со тие што планирање да правиш звучни кутии со Баже ??
не мора да се во кутија за провериш
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: antonio@arsenal on 25.04.2010, Sunday, 19:08:04
Нејкам да ги гибам немаат скретница оти јас сум расипи чоек ке ги фатам и заминаја тогаш
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: Devil on 25.04.2010, Sunday, 19:16:01
нема врска свртницата со ним
таа е за да ги одели тоновите на високи средни и ниски, односно таа е филтер
е сега ако ги приклучиш без неа нема да имаш оделени туку сите тонови ќе ти бидат присутни
Title: Одг: "Рикна Појачалото" :( :(
Post by: antonio@arsenal on 25.04.2010, Sunday, 19:43:18
Леле бе овој баже никако да го најдам а ке ги комплетиравме матури се ближат :D