Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: antonio@arsenal on 27.10.2010, Wednesday, 14:52:56
-
Имам дома еден огромен трансформатор кој сеуште го немам проверено дали е изгорен но мислам дека не е, мотан е со дебели жици дали можам да го употребам за напојување за некој засилувач и каков ке го сликам и ке ви дадам димензии на јадрото ..лимовите на краевите се заварени..
-
лимовите на краевите се заварени..
Eииии тоа е ептен заеб*но,да не можеш да го искористиш само езгрото >:(.Ај дај некоја сликица да видам како изгледа трафо од UPS,неам видено. :D
-
И јас имам таков трансформатор (околу 1.2KVA). Примарот треба да го пронајдеш што е за 220V (има за жал неколку жици, пробувај прво преку сијалица) и тоа трафо работи и обратно (значи не само прави од 12V на 220V туку и од 220V прави 12V). Тие дебелите жици се всучност 2х10V (не се 2x12) но кога ќе се исправи напонот може да добиеш 12V или 24V. Јас искрено со толкав мал напон неможам да го употребам за ништо друго освен за emergency швајцување :D
-
И јас имам таков трансформатор (околу 1.2KVA). Примарот треба да го пронајдеш што е за 220V (има за жал неколку жици, пробувај прво преку сијалица) и тоа трафо работи и обратно (значи не само прави од 12V на 220V туку и од 220V прави 12V). Тие дебелите жици се всучност 2х10V (не се 2x12) но кога ќе се исправи напонот може да добиеш 12V или 24V. Јас искрено со толкав мал напон неможам да го употребам за ништо друго освен за emergency швајцување :D
Te бре мајката 1,2KVA не е малце,можеш да заваруваш :D
-
Од неколку УПС-а штo ги имам растурано, трафата биле од 2x6V до 2x9V, така да иако се голема ватажа, за засилувач не ги бива...
-
А да се премота??
-
А да се премота??
Eпа може ама би требало да се „шинеш“ од работа за да го премоташ пошто е залиен лимот и не можеш да го расклопиш,па така да го моташ... ;) :D
-
Ааа дали само секундарот да го мотам а тоа што е швајцован ке го изгребам со брусалицата и ке го расклопам
-
тоа што е швајцован ке го изгребам со брусалицата и ке го расклопам
Ако го избрусиш езгрото тогаш ќе имаш загуби и можно е за време на работа,трафото да зуе... ;D
А езгрото е швајцовано или залиено? :)
-
Паа незнам мислам дека е со CO2 швајцовано
-
Паа незнам мислам дека е со CO2 швајцовано
Јас така еднаш се заеб*в :D,купив од бувљак едно трафо ама за бељата едната жичка беше скината и добро некако ја искршив таа пластиката и ја залемив жичката.Почнав да го барам примарот на трафото сериски преку сијалица,ама на кои било жици да пробам на сите свети сијалицата и земав го извадив тоа како оклоп што беше и ај викам барем езгрото ќе го искористам дека беше доста големо негде 80VA ама ете на четири страни беше залиено т.е стопено јадрото и не можев да го искористам и сега ми седи во кутија. ;D
-
Паа незнам мислам дека е со CO2 швајцовано
трансформаторите се заваруваат со ТИГ заварување...(обично така се заваруваат)
-
Остајте то туку како да го премотам?
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1223.0
повелете господине... ;D
-
Еве димензии на трафото: Висина 9см, ширина 11см и дебелина 5см
Споено мислење: 27.10.2010, Wednesday, 22:07:35
Димензиите се на целото трафо и колку вати е ова??
-
Од неколку УПС-а штo ги имам растурано, трафата биле од 2x6V до 2x9V, така да иако се голема ватажа, за засилувач не ги бива...
Освен ако не го искристиш за некој аудио засилувач со step-up конвертор во него, ама пак, повеќе од 2X50W или 4X40W (нешто во тој опсег, значи вкупната моќност да биде околу 200W) со него нема да можеш да извадиш, што значи дека ќе останат неискористени едно 500, 600W од него :S.
-
Не е се така црно трафото ке го премотам ми се нафати еден чоек ама ми бара 1000 денари , со него можам да се ценкам ;)
-
Кај може да се најдат овие упс напојувања бидејќи не сум баш запознаен со овие напојувања( апарат за варење) ???
-
UPS= Uninterrupted Power Supply e тоа, најчесто се користат за компјутери и друга опрема за да можат да продолжат со работа извесно време по престанок на напојување од градска мрежа. И може да се користат како апарат за заварување (не е варење) дека може да дадат ептен голема струја на секундарот....
-
Не ми кажавте колку вати ми е трафото.Подолу има димензии
-
Не ми кажавте колку вати ми е трафото.Подолу има димензии
Каде има димензии?И дај закачи некоја сликичка од трафото... :D
-
Сликичка обавезно ама вечер оти сега сум на школо а димензии се 11 со 9 со 5
Споено мислење: 29.10.2010, Friday, 14:03:05
Абе кажете колку вати е??
-
значи антонио тука никој не е приморан да ти каже колку е трафото, доколку некој знае ке ти каже...
извинете за оф топиков....
-
Ако ги знаеш димензиите на јадрото, можеш да ја пресматаш моќноста на трафото, има такви теми на форумот, пребарај...
-
LordZi Посочи која..
-
LordZi Посочи која..
Барај по форумов,некој имаше закачено линк за едно програмче по кое се пресметува јачината на трафото според димензии,броеви на жица,напон,струја... ;)
-
Пиши ако најдиш во меѓувреме ке барам и јас
-
иамше некој си формули,,, ама кој ќе ги памти сите...
Сепак ако имаш 32 битен компјутер види ова: http://www.sklaic.info/download/transformer01.exе
исто имаши овде некој си табели http://www.magnet-tech.com/core/MnZn/mnzn_power_ferrite/EI.htm
http://www.jmsonline.co.uk/docs/1PH%20Power%20Transformer%20Dimensions.pdf
.
Ај да не бидам песимиста, ама мислам дека не се исплаќа да премотуваш трафо, ни да дадеш 1000 денари за премотување. според мене трафото од око е околу 120 -180 вати. Во продавници или по огласи по нетов или весници за слични пари мојш да најш посоодветно трафо....
Кодирај линкови !!!