Ај сликај го внатре, баш ме интересира каква е таа „матична“.
Мисли на главната контролна плоча, односно процесорот :S. Можно е да е отиден процесорот, а такви тешко се наоѓаат, особено ако се некои кинески копии од оригиналите, така да, нема поента да се поправа :S. А и да е оригинален процесорот, да го нарачаш најверојатно ќе те чини околу 60, 70 евра, и уште 10, 20, 30 евра додај за shipping, тоа се се на се 100 евра, а никој не може потоа да ти гарантира дека 100% ќе работи, така да, можно е да фрлиш многу пари за „ич ќар“. Едноставно купи си NEO од 1000 денари, па и да ти се расипе, да не ти е жал
.
Да се купи некој готов аудио засилувач колку би ме коштало и кај да најдам.
Евтини 5.1 засилувачи нема, или се екстремно скапи, или се екстремно евтини и се интегрирани во самите звучни системи (во woofer-от, и на него се приклучуваат сателитите, најчесто имаат и некоја додатна опција, како на пример FM радио, или така нешто). Можеш сам да направиш релативно солиден 5.1 аудио засилувач во AB класа со неколку TDA интегрирани кола. Проектот (најверојатно) не би ја прмениал границата од 2000 денари.
Или, можеш да си ги чуваш звучниците и за 2000 до 3000 денари да си купиш некој евтин „интегриран“ 5.1 засилувач (се е ставено во woofer-от, засилувачот контролната логика, се) и да не се мачиш да правиш посебен засилувач за овие звучници
.
Изборот е твој
.