Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: RadioLjubitel on 26.11.2018, Monday, 16:19:43
-
Дали имате на ум некој сајт каде има шеми и фотографии од матични плочи за мобилни ?
-
за кој конкретно.. генерално на гугл бараме такви работи или торенти евентуално.
-
Индијциве по блогови и форуми знаат да ставаат такви работи, ама нема некој конкретен сајт, барем јас колку што знам... освен GSM-Forum, ама не знам колку е уште активен.
http://forum.gsmhosting.com/vbb/
-
Фала Гига за сајтот. bicikle, повеке од радозналост ми беше да видам за неколку телефони. Иначе ми треба да декодирам неколку алкател телефони ама се нискобуџетни и не се исплати за сите да давам пари на сервис да ми ги декодираат па мислев ако најдам некој генератор океј ако не здравје.
-
Генератори најверојатно нема да најдеш бидејќи доаѓаат како посебни алатки со голем дел од софтверите за сервисирање, а голем дел и од софтверите за сервисирање веќе не одат на база на keygenning (генерирање на клуч за отклучување), туку врз база на patching (прескокнување на проверката за клуч) или decrypting (наоѓање на клучот и директно декриптирање на софтверот во телефонот), а за секоја од овие опции ти треба хардверот кој го нудат овие компании, како и USB Dongle за да може софтверот со кој се контролира хардверот да работи.
Често знаеја на GSM-Forum сервисери да отворат теми во кои нудеа генерирање на клучеви за отклучување на мобилниот телефон за првите, на пример, 50 луѓе кои ќе пишат во темата. Ова беше промотивно, за реклама на нивниот сервис пред се. Може да пробаш да отвориш тема таму, можно е да те посочат кон некоја тема каде некој нудел такво нешто за моделот/моделите кои сакаш да ги декодираш ;).
-
Често знаеја на GSM-Forum сервисери да отворат теми во кои нудеа генерирање на клучеви за отклучување на мобилниот телефон за првите, на пример, 50 луѓе кои ќе пишат во темата. Ова беше промотивно, за реклама на нивниот сервис пред се. Може да пробаш да отвориш тема таму, можно е да те посочат кон некоја тема каде некој нудел такво нешто за моделот/моделите кои сакаш да ги декодираш ;).
На времето имав пишано тамо кај нив, IMEI број, оператор и не знам уште кој параметар бараа... но не добив никаква помош од нив, односно никаков одговор ниту во темата ниту преку приватна порака. Не сум ни задоволен многу од нив оти еден телефон ми расипаа и на крај го фрлив, ни се извинија ни надокнадија штета. Никот на тој му беше чуден и одвратен, нешто како некро фил или така нешто.
-
Јас мислам дека GigaWatt мисли за
http://forum.gsmhosting.com/vbb/
таму отвараат теми за бесплатни кодови и слично како што е таа тема http://forum.gsmhosting.com/vbb/f88/all-free-alcatel-code-request-phone-modems-v6-2199973/
-
Побарај и на ebay, Кинезиве декодираат, за долар или два ќе ти пратат код за декодирање ;).