Варикап диодата освен капацитет има ,како и секоја диода,способност да пропушти одредена јачина на струја.Има серии на диоди кои имаат поголема пропусна јачина .Тоа се специјални диоди наменети за предаватели,најдостапни од руско производство.Од друга страна,земете двојна варикап и двете диоди врзете ги паралелно,со што освен капацитетот ке ја дуплирате и јачината на струјата.После тоа ке видите дека побудата ке може да се зголеми.
Микрофонот дава динамика која е премала за максимална побуда.Максимална побуда може да даде сигнал чија синусоида не се намалува под одредено напонско ниво.ЦД плеерот ,мобилниот ,МР3 плеерот даваат различити напонски нивоа и степенот на модулација е различит.Сепак, побудата е значаен фактор кој го одредува степенот на модулацијата на предавателот.Колку е тој процент поголем,поголема е искористивоста на излазниот степен и секако се зголемува силата која се израчува во антена.