-
Во овој topic ќе можете да поставувате општи прашања во врска со аналогната електроника, теоретски прашања, практични прашања, итн. ;).
-
Браво за темата! Мене ме интересира колку е работен век на VF транзисторите при нормани околности?
-
Тоа мислам дека освен ако некој емпириски не пресметал врз база на 100 или повеќе изгорени транзистори, нема да добиеш прецизен одговор. Определени фирми дефинираат време меѓу два откажувања на уред или компонента, ама не се секогаш точни овие податоци бидејќи се дадени од фирмата која ги произведува уредите или компонетите, па нормално е малку да ги преувеличува податоците (да си ги фали производите ;)).
-
Oк, фала за одговорот. Ако некој има лично искуство со овој тип транзистори нека пише за инфо од прва рака :)
-
дали ќе можи малце објаснување за за напојувањата на појачалата на пример сакам да правам појачало од 50w и сега од каде да знам какво трафо ке ми треба освен шо волти ке треба тоа добро ама како да знам дали ке го рани тоа трафо шо ке го ставам и шо ке се случи ако појачалото трга 3 ампери а трафото е 1ампер имам повеќе трафоа моќноста му ја провервам со пресметка на јадрото напонот со волтметар а за амперите незнам малце објаснување за ова цело :)
-
Ако ја знаеш моќноста и излезниот напон (ако е една намотка) тогаш струјата е определува од I=P/U
-
а дали така се рачуна моќноста на трафото, и на пример ако трафото на излез вади 20v и 30v е сега кој напон ке се земи во предвид ?
-
Ако трафото има повеќе излези вкупната моќност е збир на моќностите од сите излези.
На пример ако на излезот од 20 в трафото може да даде 3 ампери моќноста на овој излез е 20*3=60 вати.
Ако на излезот од 30 в трафото дава 1.5 ампер тогаш моќноста на тој излез е 30*1.5=45 вати.
Значи вкупна моќност на ова трафо би била 60+45=105 вати или 105 волт-ампери (VA).
-
значи тоа е друго дека на секој излез од трафо има посебна моќност и посебна струја епа сега како да најдам јас на трафото колку моќност има тој излез и колку струја излегва ?
-
дали ќе можи малце објаснување за за напојувањата на појачалата на пример сакам да правам појачало од 50w и сега од каде да знам какво трафо ке ми треба
Според некои непишани правила, за појачало AB класа се препорачува трафото да е дупло појако од појачалото, на пр. за 50W појачало треба 100VA трафо (односно 200VA трафо за стерео појачало 2x50W), додека за појачало А класа трафото треба да е пет пати појако од појачалото, на пр. за 20W појачало треба 100VA трафо. Е сега, појачалата ќе работат и со послаби трансформатори од препорачаните, на пр. на 50W појачало ако се стави трафо од 50VA, при нормално слушање нема да се примети разлика, ама нема да има резерва на снага ако се пушти појако.
-
а за амперите нема врска шо ампери треба или како оди тоа?
-
Па ако трафото на еден од своите излези може да даде, на пример 30V, и знаеме дека на тој излез трафото може да даде моќност од 90VA, следува дека максималната струја која може да ја даде на тој излез трафото е 90VA/30V=3А ;).
-
а за колку ампери треба за појачало од 20w како можи да се дознај или зависи од интегралното колку трга струја? и ако е така за на секој излез од трафо да си има своја моќност епа значи јас како шо ги пресметвам трасформаторите според површината на јадрото тоа му е заедничка моќност на цело трафо и послем таја се дели на сите излези? ете ова трафо како да дознам колку W e на еден излез вади 15V и на него го имам приклучено појаалото ТДА1553q а појачалото е 2х22w значи ќе треба најмалце да е 44w само тој излез од трафо ај малце објаснете за ова ;)
ете го трафото http://pic.mk/images/image0165.jpg
-
а за колку ампери треба за појачало од 20w како можи да се дознај или зависи од интегралното колку трга струја?
Да, може да се дознае колку струја е потребна за засилувач од 20W (на пример, се разбира може и за некој послаб или појак). На пример, доколку тој засилувач се напојува со напон од 15V, значи дека (во совршен случај, ова е чисто теоретски) би требало да „влече“ 20W/15V= 1.33A. Е сега, како што знаеме сите, „домашниот есап не излегува на пазар“ ;D. Истото важи и во овој случај. Секоја активна и пасивна компонента определен дел од енергијата што ќе ја прими (во конкретниов случај, тоа е струја) ја претвора во топлина (овој феномен е познат како Џулови загуби на енергија). Поради тоа, мора да се додаде повеќе енергија (односно да се „внесе“ додатна струја) за да може да се извади на излез од засилувачот дефинираната моќност. Како што пиша LordZi, за засилувачи во AB класа е некое непишано правило трансформаторот да има дупло поголема моќност од таа што треба да ја вади на излез засилувачот (иако според теоретските пресметки ефикасноста на засилувачите во AB класа е некаде околу 70%, не сум сигурен за оваа вредност, нека ме корегира некој ако грешам). Сличниот принцип важи и кај засилувачите изведени со операциски засилувачи (колку што сватив барем, повеќе те интересира ова проблематика). Ако имаме пресметано дека со напон на напојување од 15V за засилувач од 20W му се потребни 1.33A струја, би требало да имаме трансформатор кој на својот излез може да даде моќност од околу 30W. Е сега, наизменичниот напон на неговиот излез би бил 15V/1.41~10V. Бидејќи знаеме дека трансформаторот има моќност од 30W (VA), следува дека излезната струја која може да ја испорача овој трансформатор би била 30W/10V=3А, што е доволно за напојување на засилувачот од 20W ;).
а за колку ампери треба за појачало од 20w како можи да се дознај или зависи од интегралното колку трга струја? и ако е така за на секој излез од трафо да си има своја моќност епа значи јас како шо ги пресметвам трасформаторите според површината на јадрото тоа му е заедничка моќност на цело трафо и послем таја се дели на сите излези?
Така ќе му дојде, и јас искрено ова не го знаев, но некој го спомна на форумов (не ми текнува сега која беше), а искрено теоријата „држи вода“ ;).
ете ова трафо како да дознам колку W e на еден излез вади 15V и на него го имам приклучено појаалото ТДА1553q а појачалото е 2х22w значи ќе треба најмалце да е 44w само тој излез од трафо ај малце објаснете за ова ;)
Има пресметки за да дознаеш колкава струја (а со тоа и моќност) може да извади определен трансформатор на неговиот излез (кои јас искрено не ги знам, ако некој ги знае нека пише), но доста комплицирани се (барем колку што сум гледал нешто, чат пат), треба да се познава дебелината на жицата на секундарната намотка (што некогаш тешко може да се открие, особено ако е олопен целиот трансформатор), димензии на јадрото и типот на јадрото... претпоставувам уште некои други податоци, но не знам кои. Поедноставна метода (јас барме ја имам користено) за да дознаеш (од прилика) колкава струја може да даде на излез трансформаторот е следнава. Купи некој отпорник од 0.47 оми и моќност од 20W (можеш да најдеш и од некој стар телевизор ваков отпорник). поврзи го меѓу краевите на секундарната намотка на трансформаторот. Ако напонот на излез од трансформаторот е на пример 20V, тогаш струјата што би портекла низ отпорникот (доколку може да ја даде таа струја трансформаторот) би била околу 40А. После врзувањето на отпорникот, вклучи го трансформаторот во струја види дали почнува веднаш да загрева отпорникот или не. Ако почене веднаш да загрева, исклучи го трансформаторот (да не го изгорш случајно отпорникот). Ако не загрева многу, повторно исклучи го трансформаторот и измеѓу едниот од изводите на трансформаторот и едниот од изводите на отпорникот врзи амперметар кој мери наизменична струја и види колкава струја повекува отпорникот. Истовремено врзи и волтметар за наизменичен напон на краевите на отпорникот (или ова можеш да го направиш и одпосле, одкако ќе ја измериш струјата и повторно го врзеш отпорникот на трансформаторот). Види колкав е напонот на краевите на отпорникот (сигурно ќе биде помал одколку кога трансформаторот работи во „празен од“). Помножи ги вредностите на напонот и струјата што си ги измерила и (приближно) ќе ја добиеш моќност која може да ја даде трансформаторот. Само пази, овие мерења треба да ги вршиш релативно брзо бидејќи доколку трансформаторот не може да ја даде моќноста која отпорникот може да ја „поднесе“, трансформаторот ќе се „мачи“ и ќе пробува да испорача моќност која не може да ја „даде“, па поради тоа ќе почне за релативно кратко време да грее. Доколку отпорникот почне брзо да грее, значи дека најверо трансформаторот може да испорача струја со јачина од околу 40A, но ова не мора секогаш да е точно, отпорникот може релативно брзо да почне да грее и доколку струјата што тече низ него е околу 30А (на пример). Сепак, како што реков и претходно, овој метод е само приближен, колку да видиш дали може со мали или без никакви проблеми конкретниот трансформатор да напојува некој уред ;).
-
Детектор за лага од 400 ден.
Што мислите колку овие детектори за лага се ефикасни?
(http://pic.mk/images/400.jpg)
-
Вакви шеми има доста по интернетот, повеќето ја мерат отпорноста на кожата и така одредуваат дали некој лаже или не (демек ако лажеш, ќе се потиш повеќе и кожата ќе ти има помала отпорност ;)), а колку се ефикасни не знам, никогаш не сум пробал, само знам дека нема да дадам 400ден. за три транзистори за да дознаам ;D.
-
Имаше во Емитер една ваква шема уште на времето, „Детектор на лага“ ;D, едно време сакав да ја правам, ама се откажав, искрено не ми текува ни зошто се откажав ;D.
-
дечки ми треба да направам некое коло слично на UPS. Потребно ми е кога ке снема струја потрошувачот веднаш да се префрли на батерија без да има прекин. Ако има некое такво коло пишете или ставете шема.
-
За коло, ќе се најде некое, ама проблем е батеријата, прилично скапи се, мислам околу 3000 денари дека се батериите, ама не сум сигурен... :S
А чекајте, нели може да се искористи некој акумулатор од кола место тие скапите батерии? Знам дека тие се суви батерии, ама колку што знам бааги поевтини се акумулаторите ;). Зашто и јас би бил заинтересиран за нешто вакво, само место тие скапите малечките батерии да се направи едно со акумулатор од кола ;).
-
па да така и мислев, или еден куп АА батерии за да добијам волтажа а посебно за ампеража или така како што викаш
-
Наједноставно мислам дека ќе биде со акумулатор, а воедно и најевтино, имам видено акумулатори и за 1300, 1400, 1500 денари ;). E сега акумулаторите не се со врвен квалитет, ама доволно добар за да може да „држи“ дури и повеќе и од купечките UPS-и ;).
Ако некој случајно има некаква шема за вакво нешто, ако може нека ја post-ира ;).
-
мисла дека може со 1-2 транзистор/и и некои други ситни делчиња да се направи ама како да се осмисли?
-
Треба прво на интернет да побараме, сигурно и на некој друг му текнало ова решение ;). Ај баш ќе побарам сега, да видам што ќе најдам ;).
Колку што читав на net, доколку врзеш стандарден акумулатор од кола на местото на оние малечките акумулаторчиња, можеш да тераш дури и цел ден (некои дури имаа пишано и денови) со UPS (модфициран со акумулатор од кола). Значи се што треба да најдеме е шема за UPS и (евентуално) малку да ја модифицираме да работи со акумулатори од кола (да се сменат некои од излезните транзистори за полнење на акумулаторот, такви некои мали преправки ;)).
-
Едноставно, 12 на 220 инвертор и тоа некој од најпростите.
-
Да, ама треба да има и коло кое ќе го стартува инверторот, кога ќе снема струја, затоа и барам баш шема за цел UPS. Плус, би било пожелно да има и стабилизатор за напон, како што имаат оние UPS-и од 100 евра па нагоре ;).
-
Колото за старт е прилично едноставно (прост компаратор со временска константа од 20-30ms). Ако веке збориме за добар UPS, кој се користи за заштита на скапа опрема тогаш ке треба и некој микроконтролер. Шеми за овие уреди прилично тешко се наоѓаат (но не е невозможно).
-
Гледав на net некои сервисни шеми за APC UPS-и, само што не знам кое за колква моќност е (колкава моќност издржува UPS-от), тоа сега го разгледувам ;). Ако начекам на некое кое мислам дека би можело релативно лесно да се изработи, ќе пишам ;).
Споено мислење: 31.07.2010, Saturday, 17:35:34
Баш сега гледав, премногу се комплицирани шемите :S, изгледа наједноставно ќе биде да се најде од некаде расипано (или без батерија) UPS и да се преправи, тоа мислам дека ќе биде наједнопставн опција :S.
-
ама не ми треба да е како УПС туку си има полни батерии и си стојат така. Колото му дава струја на потрошувачот од електричната мрежа. Е сега ако снема довод на струја тогаш склопот од транзистори да префрли на батериите. Значи од нив да се троши струјата. После кога ке с еистрошат батериите или акулуматорот ке го наполнам на посебен полнач... а пак ако има можност колото да работи и како полнач тоа ке биде одлично
-
Гледав на net некои сервисни шеми за APC UPS-и, само што не знам кое за колква моќност е (колкава моќност издржува UPS-от), тоа сега го разгледувам ;). Ако начекам на некое кое мислам дека би можело релативно лесно да се изработи, ќе пишам ;).
Споено мислење: [time]31 Јули 2010, 17:35:34[/time]
Баш сега гледав, премногу се комплицирани шемите :S, изгледа наједноставно ќе биде да се најде од некаде расипано (или без батерија) UPS и да се преправи, тоа мислам дека ќе биде наједнопставн опција :S.
Секогаш наједноставната опција е да си купиш ново :). А некогаш таа е и најисплатлива (како во случајов со UPS).
Споено мислење: 31.07.2010, Saturday, 17:43:06
ама не ми треба да е како УПС туку си има полни батерии и си стојат така. Колото му дава струја на потрошувачот од електричната мрежа. Е сега ако снема довод на струја тогаш склопот од транзистори да префрли на батериите. Значи од нив да се троши струјата. После кога ке с еистрошат батериите или акулуматорот ке го наполнам на посебен полнач... а пак ако има можност колото да работи и како полнач тоа ке биде одлично
Епа тоа што го опиша ти, тоа што ти треба е UPS.
-
Секогаш наједноставната опција е да си купиш ново :). А некогаш таа е и најисплатлива (како во случајов со UPS).
Да, во право си, изгледа во конкретниов случај наједноставна и најевтина опција е да се купи ново или да се преправи некое старо или расипано ;).
-
па така изгледа. Колку пари е едно нај евтино УПС на ново?
-
па така изгледа. Колку пари е едно нај евтино УПС на ново?
Некаде окулу 2500 денари
-
фала за одговорот. имаш репутација :)
Да не знае некој каде печатат во скопје со постапката сито печат ама да е поевтино?
-
Детектор за лага од 400 ден.
Што мислите колку овие детектори за лага се ефикасни?
(http://pic.mk/images/400.jpg)
Имаше едно од kipkay со еден PNP и еден NPN (во тој принцип) како што кажа Lordzi ја мери отпорноста на кожата и на излез имаш повисок или понизок тон од звучник.
Мислам дека овие се само за забава, сигурно во полиција нема да те тестираат со ваков „детектор на лага“..
-
Мислам дека овие се само за забава, сигурно во полиција нема да те тестираат со ваков „детектор на лага“..
Во право си 100%. Нема шанси да работи како што пишува. На светов (но и во Македонија) има професионални лажговци кои лажат без око да им трепне а не пак да им се испоти кожата (пр.: политичарите додека се на власт). ;) ;) ;) ;)
-
Ова е дефинитивно само за забава. Правите детектори мерат отпор на кожа, дишење, пулс, ....скоро сите параметри што можат да се мерат.. И детекцијата трае со денови... Едно испитување, „полесни“ прашања, па потешки, па мерење, па пак...
-
Мислам дека овие се само за забава, сигурно во полиција нема да те тестираат со ваков „детектор на лага“..
Во право си 100%. Нема шанси да работи како што пишува. На светов (но и во Македонија) има професионални лажговци кои лажат без око да им трепне а не пак да им се испоти кожата (пр.: политичарите додека се на власт). ;) ;) ;) ;)
а има и луѓе кои успешно го прелажале полицискиот детектор.
-
дечки ми треба да направам некое коло слично на UPS. Потребно ми е кога ке снема струја потрошувачот веднаш да се префрли на батерија без да има прекин. Ако има некое такво коло пишете или ставете шема.
нели може оваа шема да се искористи:
http://www.servimg.com/image_preview.php?i=127&u=12643128
-
нели може оваа шема да се искористи:
http://www.servimg.com/image_preview.php?i=127&u=12643128
Да, али за ова коло е потребно да се искористи инвертор, а инвертори за од 12V на 220V и не се баш евтини и лесни за изработка, освен ако немаш дома некој веќе изработен ;). Пробемот е во генерирањео на синусоидалниот напон, PWM импулсите мора да се генерираат од страна на микрокотролер (ако е апсолутно неопходно напонот да биде иснусоидален, се разбира). Со логички порти е многу тешко да се изведе редоследот, формата и времетаењето на импулсите да биде правилан за да на акрајот се добие напонски облик приближен на синусоидална крива :S.
Баш дискутиравме на таа тема тука во оваа секција од форумот. На крајот заклучивме дека е најевтино да се најде некој стар UPS и да се моифицира/репраира/поправи, одколку да правиш сам нешто такво, или да се купи нов и да се модифицира да работи на акумулатор од кола место на оригиналната батерија за да може да држи повеќе работни часови без струја ;).
-
читам за ПИК микроконтролери и пише дека меморијата во EEPROM може да се чува до 40 години. Ме интересира што ке се случи потоа, ке се избрише ли и зошто?
-
Па најверојатно ќе се избрише ;). Мада ова прашање повеќе одогвара за topic-от „Општи прашања поврзани со дигиталната електроника“, ама нема везе ;).
-
леле по навика тука го ставив :( а треба во дигитална електроника
-
Да се надоврзам на темата за „заштита на уреди со 220V-на сијалица“ ;D.
Ме интересира дали и електрнските цевки имаат слично (волфрам + молибден или само волфрам) влакно како и стандардните сијалици со жаречки влакна, или користат некаков друг тип на жаречки влакна за греење на катодата ;).
-
Има грејни влакна само со волфрам, со волфрам и никел, со волфрам и молибден, со волфрам и константа (легури) и има и директно греани катоди кои се прават со волфрам и ториум и овие се малку радиоактивни. Тоа се најчесто исправувачките ламби и старите директно греани триоди (на пример 300В). Така да ако има некој Hi-End лампашки засилувач (многу скап) со 4 х 300B ламби во него да знаете да не седите во дневна соба кај него многу долго хаха.
-
Така да ако има некој Hi-End лампашки засилувач (многу скап) со 4 х 300B ламби во него да знаете да не седите во дневна соба кај него многу долго хаха.
хахаха ;D ;D ;D... или тоа или со оловен панцир да седиме кај него дома... хахахаха ;D ;D ;D
Има грејни влакна само со волфрам, со волфрам и никел, со волфрам и молибден, со волфрам и константа (легури) и има и директно греани катоди кои се прават со волфрам и ториум и овие се малку радиоактивни.
Интересно, јас пак мислев дека се соединенија, а не легури, фала за информацијата ;).
Значи во принцип можеме да сметаме дека истите материјали како и кај стандардните цијалици со жаречко влакно дека се користат ;).
-
Постојат ли интегрирани стабилизатори за напон што на излез би давале напон од 18V до кај 1A, не мора повеќе од 1A, дури мислам и дека 700 или 800mА ќе свршат работа ;), but just to be on the safe side 1A would be nice ;).
-
Постојат ли интегрирани стабилизатори за напон што на излез би давале напон од 18V до кај 1A, не мора повеќе од 1A, дури мислам и дека 700 или 800mА ќе свршат работа ;), but just to be on the safe side 1A would be nice ;).
Еве нешто ама незнам дали ги има кај нас http://www.westfloridacomponents.com/T206/7818+ML7818A+1A+1+Amp+18V+Voltage+Regulator+Positive+ML7818+A.html
-
Па и јас ги најдов истите, ама и јас не знам дали ги има кај нс, теба да проверам :S. Ај ќе видам, ако повеќе производители ги произведуваат, има шанси да ги донеле и кај нас, само по која цена, да не биде „баснословна“ :S.
EDIT: Заброавив да нагласам, ми треба и за позитивен и за негативен напон, знали 7818 и 7918 ;).
-
Види прашај во логинг можеби ги имаат тие се добро снабдени со роба,види во гац,алфа електроник и други.Јас мислам дека ги имаат во логинг ама не сум сигурен ;).
-
Ќе прошарам низ градов, ќе видам ;).
-
Ги има во логинг и двете ама нажалост и двете се 1,5А.
-
Е ако де, вишок струја никогаш не е на одмет ;).
А да не знаеш која цена се, или ги нема цените на производите во Loging?
-
Незнам само видов на WEB страницата дека ги имаат и двете а за цена незнам.Неверувам дека се повеќе од 50 ден по парче незнам види.
-
Сега баш бев до BT и до Гац, BT го фатив на затворање, па поради тоа не можеше да ми продаде, а во Гац се по 15 денари (и во BT исто ми кажа човекот, околу 15 денари дека се), па си купив едно 17818 и 7918 ;). Во Loging не знам, ама ќе да се околу 150, хахахаах ;D ;D ;D (joke).
-
само пазете кога купувате такви стабилизатори, јас пред една година изнакупив 5-7 парчиња 7812 од тогашната нова електроника и не беа баш евтини. Има и некој проблем, мерам со униметар и пише 11,8V а а ако потегнам повеке струја паѓа напонот на 10 или 9V и НЕ СЕ ВРАЌА! Имам и едно 7815 ама дава 14,5V а тек ако повлечеш повеке ке падне и на 8V и ке остане така. Во тој 7815 влегува 21V.
-
Искрено не знам, не сум имал до сега такви проблеми, повеќето стабилизатори сум ги вадел од стари уреди или биле на ST, или биле no name, ама сум немал проблеми со никој од нив ;). Сега кога ги земав овие два 7818 и 7918, едниот (7818) беше производство на ST, а другиот (7918) беше производство на Motorola, така да не се no name (мада и тие што го вадев од нинтенда и некои други уреди што беа no name работеа супер, не им паѓаше напонот).
Во секој случај, не планирам да влечам многу струја, уредот што планирам да го паравам (ова можеби ќе бидне и во наредните 3, 4 месеци, не знам, треба да се преправат некои работи и компоненти, шемата е бааги стара, од 1970-тите и има компоненти во неа кои или ги нема денеска, или се многу тешки да се најдат :S) не влече многу струја бидејќи првично бил наменет да се напојува 4x9V батерии, така да не верувам да влече премногу струја, мислам дека 1A (колку што можат да дадат стабилизаторите) е повеќе од доволно, така да не му ја мислам многу ;).
-
види овие беа но нејм ама и заборавив да кажам, не влечев струја директ од стабилизаторот туку тој беше поврзан со транзистор и преку него е сега и да не повлечам многу сртуја напонот колку толлку ке падне ама не се корегира. Иначе имам и друг стабилизатори од ST кои враќаат на 5 или на 9V (зависно од делот)
-
Ова треба да се провери и тестира, мислам дека на ST стабилизаторите (што можат најчесто кај нас да се најдат) се одлични (добро, не одлични, ама со релативно солиден квалитет), така да не мора да барам други, барем сега за сега ;).
Овие на Motorola ги немам пробано, ама ќе ги пробам, ќе видам како се однесуваат „под стрес“ ;).
-
СТ не се лоши враќаат на 4,9 или 5,1V ако е 7805 што е ОК а имам видено мицубиши стабилизатор абе веруваш или не колку и да повлечам абе одма пак иде на 5V и не мрда. тоа е чудо.
Во дата шитот има шема од кои делови е изграден еден стабилизатор на пример 7812 и нема многу многу делови, мислам дека околу 30-35 се. Што викаш ако ги купам тие делови дали можам сам да си направам успешно стабилизатор и добро да работи?
п.с. ова ми е 2000ти пост....
-
п.с. ова ми е 2000ти пост....
Ај со среќа 2000-ти post ;D, уште x10 од 2000 да имаш (памтам еден член на еден странски форум имаше 35000 post-ови, ама е член на форумот уште од 2000-та година, кога беше отворен форумот, така да до некаде и разбирливо е ;D).
Во однос на прашањето дали може да си направиш добар стабилизатор со истите компоненти кои ги има во интегрираниот, одговорот е не. Прво, бидејќи сите компоненти се изведени интегрирано, отпорници, кондензатори, транзистори, се е изведено на една полупроводничка плочка (отпорниците се прават како транзистори со определени сменети параметри и начин на изработка, треба малку да се навлегува во микроелектроника за да се разбере принципот на изработка и на пасивните и на активните компоненти во интегрираните кола). Второ, сите се поставени на една полупроводничка плочка, што значи дека сите се температурано зависни едни од други, така да на некои од транзисторите не им е ни потребна температурна стабилизација (сите се загреваат заедно, па поради тоа на сите има се менуваат параметрите пропорционално, што значи дека ако едне транзистор смени нешто во неговиот излезен степен и се зголеми или намали струјата низ него, истото ќе се случи и со транзисторот во наредниот степен од ланецот кој, на пример, е наменет за да ја ограничи струјата низ тој тој вод, па пошто се температурно врзани, вториот ќе ја намали струјата за онолку колку што се зголемила кај првиот транзистор). Има и многу други причини, но овие две се едни од најбитните, така да не се исплати, а башка што е скоро неизводливо (поради температурната зависност на сите компоненти, треба сите да ги врзеш „во купче“ за да бидат барем до одреден степен температурано зависни).
-
друже фала ти многу, исто и ти да имаш многу постови, нешто како колегата :)
За ова со стабилизаторот ми е жал а баш сакав да направам свој стабилизатор со делови и да се пофалам дека сум направил интегралец :) ама ОК тогаш да не почнувам оти или нема да биде таа волтажа или нема да враќа.
-
Можеш ако сакаш да направиш некој 741 операциски засилувач, тие се поедноставни и за мали работни напони не се загреваат многу компонентите, така да не мора да има температурна зависнот меѓу компонентите од склопот, ама и тој нема да работи како купечкиот производ, ќе видиш. Во принцип за џабе ќе ги фрлиш парите и времето :S.
-
Дали има ласер од DVD режач да се купи посебно? ???
-
цел модул глава и останато мислам дека може, да се купи, само диодата не
-
Следниов проблем не ми прави никаква логика, па затоа си реков ај да ги прашам колегите ;D. При мерење на наизменичен напон на секундарните намотки од еден трансформатор (од стар уред), наидов на следната „нелогичност“. Кога ќе ги поставам мерните содни во една позција покажува една вредност на мерениот напон, кога ќе ја сменам позицијата на сондите (значи врсани за истите излези од секундарната намотка, само што сега позицијата им е сменета) покежува друга вредност на напонот (и тоа не се разликува за малку, во една позиција покажува 35V напон, а во друга покажува 22V). Мерењата го правев со FLUKE дигитален осцилоскоп кој има опција да мери и наизменичен напон (Vrms). Што е уште поинтересно, кога мерам со обичен мултиметар, не покажува никаква вредност (напон од 0V). Првично не сакав да мерам со мултиметарот за да ги најдам вредностите на секундарните напони бидејќи е евтина турска изведба (од пазар), па затоа сакав да мерам со некој поквалитетен инструмент, па затоа решив да мерам со осцилоскопот (немам друг мултиметар на располагање). Има некој идеја што може да го предизвикува овие „нелогични“ резултати?
-
да не ги згреши сондите случајно пак ?
незнам што би можело да предизвика таква работа :)
-
Не не, проверив баш да не сум згрешил пак ;D. Плус, и да сум ги згрешил, овој пат нема да влијае грешката, филтерската сонда мери до 4KHz, а во овој случај мерам сигнал со фреквенција од 50Hz, така да нема да влијае ;). А и да сум ги згрешил, нема да прави логика во една позиција да покажува една вредност, а во друга, друга вредност ;).
Ај ако имам време утре ќе post-ирам слики ;).
-
Ај пробај да ставиш барем мал терет на излезот на кој мериш. Ова може да се случува само ако осцилоскопот има голема влезна отпорност па фаќа некои шумови или индукци од идуктивна спрега, со што на голема влезна отпорност знаат да направат и доста висок напон. Паралелно со инсртументот врзи 1К отпорник, па и помал по можност, само внимавај на мочноста и пиши што мерат инструментите.
-
Ja сменив мерната сонда на осцилоскопот со обични кабли и немаше проблеми, напонот меѓу две исти точки правилно го јавуваше „во двете насоки“ (исто го јавуваше без разлика дали ќе ги приклучев каблите во една или во друга насока). Во право беше, изгледа некоја капцаитивно-индуктивна спрега со мерната сонда на осцилоскопот го правеше тоа „нелогично“ однесување на излезниот напон од секундарот ;).
Приклучив еден отпорник од 150 оми, околу 10W (не пишуваше на него колку е, ама од прилика според големината толкава му е моќноста). Паѓаше напонот на излез од секундарот кога ќе го приклучев осцилоскопот преку отпорникот, но се очекува тоа, не е ништо ново ;).
Е сега ме мачат две работи. Првата е дека измеѓу пинови на секундарот на кои претходно (мерено со осцилоскопската сонда) јавуваше напон од оклу 30V (или некоја друга вредност, пак релативно голема), сега пак кога мерам со обични „жици“ јавува напон од околу 3V, 4V, 5V (голем број на секунарни изводи има), зависи меѓу кој и кој извод ќе ги врзам мерните сонди, некогаш и сама од себе се менува оваа вредност (на пример мерам еднаш и јавува напон од околу 3V, a подоцна кога ќе мерам, ќе јави напон од околу 4V, или нешто така). Е сега пак, ако врзам потрошува меѓу тие изводи (отпорникот од околу 150 оми), на истите тие краеви на кои претходно мерев со осцилоскопска сонда и ми јавуваше напон од околу 30V (мада морам да признаам дека формата на синусоидалниот напон беше бааги дисторзирана од правилна синусоида), а со обичните жичани мерни сонди ми јавуваше напон од околу 3V, 4V, итн., сега (кога е врзна потрошувачот) напонот е нула. Мое мислење е дека секундарните намотки немаат заеднички изводи (не се врзани една за друга во серија) и дека тој напон што го јавувал бил некој напон на шум и/или преслушување меќу намотките во секундарот кој (поради некој вид на индуктивно-капацитивна спрега) осцилоскопската сонда го засилувала, па затоа не го исчитувал како што треба, а кога мерев со обичните жичани сонди правилно си се исчитуваше вредноста. Кон истото мислење ме наведува и фактот дека жиците од секундарот се врзани за нивните лемни места (местата каде што треба да се залемат жиците преку кои ќе се напојува уредот) со само една жица од секундарната намотка (нели, најчесто, ако се врзани во серија секунарните намотки, односно ако имаат заеднички изводи, идат по две жици до лемните места на кои се врзуваат контактите за напојување на уредот), како и и фактот дека кога ќе го врзев потрошувачот меѓу излезите од секундарот на кои измерив многу мал излезен напон (со жичаните соди), отпорникот воопштоп не загрева, што ме наведува да мислам дека низ него не тече струја (или тече некој екстремно мала струја) што значи дека намотките всушност немаат заеднички изводи (не се во серија врзани), туку дека се мотани посебно ;).
Втората работа што ме мачи е следнава. Има една жица која излегува од примарната намотка и се надоврзува на еден од изводите на една од секундарните намотки. За што служи таа жица, не знам, но не излегува од лемните места на примарните намотки (ги има повеќе примарни намотки, ама мислам дека не се за различни влезни напони, 110V, 220V, 240V, итн., туку мислам дека накоја друга намена имаат), туку излегува од под самата хартиена (мислам дека е мрсна хартија или лакирана хартија) обвивка на трафото (онаа обвивката со која се заштитуваат намотаните жици да не се скинат или оштети лакираниот слој па да направи спој), што ме наведува да мислам дека таа жица треба за нешто да биде врзана, а не да се остави „да виси“. Само зошто би врзувале дел од намотките на примарната и секундарната намотка/намотки, навистина не знам, целата поента е да има галванска изолација меѓу нив, а не да бидат споени :S. Можеби за да се постигне поголем напон на некоја секундарна намотка или можеби за да може да даде повеќе струја некоја секундарна намотка, ама друга причина освен ова не може да ми текне :S. Има некој идеја?
-
Понекогаш кај излезните трансформатори од лампашките засилувачи заради добивање некоја повратна спрега и подобар звук се врзува извод од секундарот со извод од примарот, можда и ова е некоја повратна спрега?
-
Па можно е да е, ама не сум сигурен, зашто не е изваден трансформаторот од лампашки засилувач, од стар „печатач за сметки“, уште од времето на СФРЈ e, кога немаше фискални сметки. Зошто би ставале повратна врска за ова намена, не знам :S.
Споено мислење: [time]22 Август 2010, 17:36:37[/time]
Сега ги најдов сите напони на трансформаторот, нема повеќенапонски примар, има само еден за 220V (добро, и 230V нема да му „штетат“ ;D), но има две секундарни намотки намотани околу примарот, од кои едната вади околу 11V, а другата околу 1.4V. Тој водот што мислев дека доаѓа од примарот (црвениот вод без лемен пин), всушност доаѓал од секундарната намотката за 1.4V, па се надоврзувал сериски на една од секундарните намотки (што не се намотани околу примарната) на другиот дел од трансформаторот. Има бааги секундарни излени напони: 175V, 9.8V, 11V, 23V, 4.8V, 11V, 1.4V. Исто така, тоа синото делче (што не знаев што е и на крај излезе дека е термо осигурувач со горна температура од 150 степени) беше врзан меѓу една од секундарните намотки намотана на примарот и еден слободен лемен пин (прво мислев дека не е слободен, дека има врзано некоја од секундарните намотки од секундарот околу него, но кога подобро погледнав, излезе дека бил слободен пин) на кој потоа имаше залемено еден од изводите на секундарната намотка, најверојатно за да може да се сумираат напоните од едната секундарна намотка и другата секундарна намотка за да се добие поголем напон, а термо осигурувачот најверојатно бил само заштита за да не прегори трансформаторот (првично беше залепен за примарот од трансформаторот). Единствено што не дознав е зошто беше залемен кондензаторот измеѓу 175V-ниот секундар, а после него немаше ништо врзано. Можеби за корекција на фазата на струјата и напонот, но не ја гледам поентата, после него немаше ништо врзно, сам беше врзан за 175V-ниот секундар :S. Битно ги најдов кои се па ги означив ;D. Еве и слики ;).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sdc10743m.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sdc10743m.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sdc10744.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sdc10744.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sdc10745e.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sdc10745e.jpg)
-
Не ми е јасно, на оваа шема отпорнициве глумат некаков си логаритамски потенциометар? На времето ги немало да се купат или ???.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/control_strip.gif) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/control_strip.gif)
-
некој напонски делител нешто да не е
-
Ова трафото ти е измислено за некој лампашки предасилувач... 8)
-
некој напонски делител нешто да не е
Не, еве што пишуваше во оригиналниот текст:
The schematic diagram of the controller noise source, trigger and power supply is shown in Fig. 2. The “sawtooth” geometry of the conductive elastomer that forms the control strip of the GNOME combines with the paralleling resistors R8 through R11 to produce an exponential voltage distribution along the surface of the surface of the strip. The RANGE potentiometer R78 is in series with the control strip forming a voltage divider. Increasing the resistance of R78 decreases the voltage that appears across the length of the strip.
Така да најверојатно отпорниците „глумат“ логаритамски потенциометар, изгледа на времето биле скапи или ги немало. Јас ја преправив шемата вака:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/control_strip_reworked.gif)
Mислам дека оправдано е преправњето ;).
Ова трафото ти е измислено за некој лампашки предасилувач... 8)
Да, знам ;D, тој 175V-ниот излез е измислен за напојување на лампашки предзасилувач ;). Само што не знам колкава јачина на струја може да даде :S. А по дебелината на жиците, мислам дека не може да даде многу :S. Мада, кога ќе размислам, не ни треба многу да дава, доволно е и до кај 700mA, 800mA да дава, и онака најголем дел од таа струја оди за поларизација на анодата и катодата ;).
-
За предзасилувач ти треба многу малку струја, двата канала би влечеле под 100mA.
-
За предзасилувач ти треба многу малку струја, двата канала би влечеле под 100mA.
Хмммм, интересно, не сум знаел, мислев дека повеќе треба, фала на информaција ;).
Па ако планирам некоја поквалитетна миксета да правам, некоја со минимум 10 влезни канали, можно е да ставам и лампашки излезен степен, зошто да не ;). Така ќе се искористат сите напони од трансформаторот ;), место да купувам 2 или 3 трансформатори, проблемот ќе го решам со еден ;).
-
Трафото ти е измислено за таква работа, а иначе ако се решиш да го продаваш или менуваш кажи... ;)
-
Трафото ти е измислено за таква работа, а иначе ако се решиш да го продаваш или менуваш кажи... ;)
No problem ;).
-
дечки дали има разлика меѓу следниве варикап диоди KV1310, KV1310A1, KV1310A3 ? Мене ми треба првата но таа изгледа е невозможно да се најде па овие другиве дали многу се разликуваат од неа?
-
Успеав да најдам datasheet ама само за KV1310NT.
Не би требало да има големи разлики, можеби во капацитивноста или границите во кои варира капацитивноста, можеби работниот напон, итн. Не верувам да има некои поголеми разлики.
Ако супееш да најдеш datasheet-ови за сите, post-ирај линкови, па ќе разгледаме ;).
-
Да не знае некој замена за BF245
го барав денес во алфа го немале, а ми треба за едно проектче ;D
-
тешка работа :( мислев да ти речам BF220 али тој е биполарен а BF245 е FET. Ако некој знае да има замена нека пише.
-
Да не знае некој замена за BF245
го барав денес во алфа го немале, а ми треба за едно проектче ;D
BF244, BFW 61, BFS 72, 2N3819, 2N3823
Идентичен е со BF244 ;).
-
Jaс мислам дека на BF245 замeна му е BF256 ама незнам не сум сигурен :-\ еве datasheet од двата транзистора
BF245http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/44472/SIEMENS/BF245.html
BF256http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/77364/MOTOROLA/BF256.html
-
vrt eca вика дека BF 244 е замена за него...
-
Па и јас од таму најдов дека BF244 e всушност идентичен со BF245 (кога ќе кликнеш на страната за параметрите на BF255 те препраќа на BF244), а замени за BF244 се транзиторите кои следат после BF244 на мојот претходен post (BFW 61, BFS 72, 2N3819, 2N3823) ;).
-
Ај ако може да ми кажете замена за транзистори со ознака S8550 D128 и вториот транзистор S9014 C331!! Ве молам многу ми треба!!За еден аларм многу греат!!Однапред благодарам!!!
-
Ги споив topic-ите, не мора да се отвора цел нов topic само за еден транзистор ;).
vrt вика дека за S8550 нема замена (барем така пишуваше), а истото важи и за S9014 :S.
Ако некој најде замена, нека пише ;).
-
И двата се доста чести во поновите уреди, ако не се снајдеш кажи ќе ти дадам неколку, баш пред некој ден ги вадев од едно ДВД... :)
-
... dali nekoi znae koj e prevodot na makedonski na ovie tipovi na tranzistori: load transistor i driving transistor ... ili ako ne tocen prevod barem objasnuvanje :)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0
1.1 Официјален јазик на форумот е македонски, а писмото кирилично. Задолжително е постовите да се пишуваат на македонски јазик со кирилична поддршка.
-
Load Transistor=Товарен транзистор.
Drive Transistor=Погонски транзистор.
Овие термини често се корисатат во книгите за N-MOS дигиталните интегрирани кола ;).
-
луѓе добро ли е поврзан 7905 стабилизаторот???
(http://pic.mk/thumbs/stabil1283016983.jpg) (http://pic.mk/?v=stabil1283016983.jpg)
дека првпат го користам него па да прашам дали е добро да не гледам fireshow...
-
средното на мас ане треба ?
исто како овај 7805 само поинаку поларизиран е
(http://gilmore2.chem.northwestern.edu/images5/balkishan3.gif)
-
Мислам дека е ист распоредот како за 7805, пин 1 = in, пин 2 = GND, пин 3 = out.
-
па даташитот мислам дека така беше...ај некој што нема поминато лимит од интернет нека пушти тоа даташитот да види како му се изводите дека јас неможам...поминат лимит...
-
А чие производство е стабилизаторот, зашто колку што успеав да видам на net, има две различни изведби на распоредот на пиновите, кај едната GND е пин 2, а кај другата GND e пин 1, затоа ;).
-
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/7905.jpg)
вака најдов јас дека е :)
-
Eве ти за 78xx и79xx ;) (http://pic.mk/images/images1283030278.jpg)
-
значи ок е?? иначе стабилизаторите се...еден е од ST другите се од некоја си фирма LGS (тоа го пишува)
-
Стабилизаторите на Fairchild имаат две изведби на 79XX, едната има GND на пин 1, а другата има GND на пин 2, затоа и прашав ;).
-
ми треба едно реле кое ке прави спој доколку нема струја. на пример од едната страна му поврзувам некој напон кој релето ке го држи активно но од другата страна релето ке биде отворено (нема спој) а пак ако му го исклучам напонот тогаш да направи спој, тоа нешто како прекидач на струја? Дали пост6ои такво нешто?
-
Земи реле со мирни и со активни контакти или дупло реле (со два мирни и активни контакти) и сигурно ќе ти успее идеата што ја имаш во план.
-
Да со такво реле ќе завршиш работа еве и шема за тоа како би можело да се изведе ако не е доволно или ако треба нешто по специфично пиши ќе нацртаме шема (ставив светилки само симболично инаку може било што да уклучуваш)
(http://pic.mk/images/sema1283180303.jpg)
-
значи да барам реле со мирни и со активни контакти односно како на сликата ? Иначе колку пари се тие релиња од прилика ?
-
Не се скапи но кога ќе купуваш мора да внимаваш на напонот на штулната да ти одговара со напонот што го имаш а на контактите може да прекинуваш и наизменична и еднонасочна струја само што ако прекинуваш еднонасочна многу по мала трба да ти биде на пример ако е 220V/16A а 30V/3A
-
нај обично реле земи кое има еден заеднички контакт и два други, еден е секогаш активен или нормално затворен кога релето не работи а другиот е нормално отворен или работи кога ќе го приклучиш на напон релето :)
-
e фала ви дечки за информациите. Иначе сакам да направам склоп нешто слично на UPS, односно ако снема довод на струја самото реле да префрли на друг извор на пример батерија или акулуматор.
нешто вака:
(http://pic.mk/thumbs/untitl1283183930.jpg) (http://pic.mk/?v=untitl1283183930.jpg)
-
не е така едноставно, ако уредот работи на 12V тогаш ок, ама ако работи на 220V, треба инвертори глупости ...
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1116.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1116.0)
можеби ќе ти даде некоја идеа
-
Јас би ставил и некој поголем електролит меѓу плусот и минусот за да нема краткотраен пад на напонот за време додека префрли релето.
-
да, може електролит од 10 000uF. Иначе проблем е што акулуматорите се стандард 12V а мене ми треба 13,5-15V ама не е некој голем проблем. Него сега се мислам ако се деси релето да прегори во тој случај струјата од стандардниот напојувачки систем ке влегува во акулуматорот (ке го полни) а тоа може да биде проблем доколку тоа потрае повеке време. Па се мислам каква заштита да ставам за тоа. Прво мислев со некоја јака диода но тоа не е решение бидејки и онака малиот напон од 12V ке го направи 11V.
-
Епа во тој случај ќе треба да се направи струјна заштита тоа може да се изведе со две релиња па така да нема да може ако е уклучено едното да се уклучи и другото ако се решиш за оваа варијанта кажи ќе ти нацртам шема како се прави .
п.с Ме мрзи сега да цртан ама ако ти треба нема да има проблем :)
-
па ако не ти е тешко, иначе не одма, тоа кога ке можеш оти не ми е за сега :)
фала однапред :)
-
Еве ова е тоа што го бараш никако не може да се уклучат двете .
(http://pic.mk/images/1283256319.jpg)
е сега е со три а не со две ама така мора да биде
-
фала ти многу за шемата, имаш репутација за ова. Ако сакаш можеш да ја објавиш како посебна тема во форумот или во ВИП делот како автоматско префрлање на резервно напојување. Во врска со шемата под 3 се влезовите како акулуматор и струја од електрична мрежа а каде е излезот што иде накај потрошувачот ? неможам да се снајдам :(
Од прилика дали можеш да ми кажеш колку пари се ваквите релеи и каде се поевтини ?
-
(http://pic.mk/images/1283261088.jpg)
Значи ова е шема само за командното коло а за напојувањето треба да се искористат останатите контакти од релето ко сега не се поврзани на шемата затоа К2 и К3 мора да имаат по 2НО и 2НЗ контакти а К1 само еден НО и НЗ. Незнам дали со ова ти објаснив или уште толку те збунив ама ;D ако треба ќе се објасниме дополнително .
НЗ - нормално затворен контакт
НО- нормално отворен контакт
-
Еве јас како мислам
се користи едно реле само
кога има струја релето ги повлекува контактите и работаат оние Нормално отворените, кога ќе снема струја, релето отпушта и во работа се нормално затворените контакти, така да никогаш нема да дојде да се спојат едни со други уредите :), односно нема да се уклучи акумулаторот на 220V :)
релето е дупло за на 220V ќе треба само еден кондензатор паралелно на него да се приклучи за да не осцилира
шема
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/preklo10.gif) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/preklo10.gif)
-
дечки фала ви многу за шемите, имате репутација. Шемата на devil ми изгледа по едноставна но како се вика тоа реле (тој тип на реле) а мене ми треба да работи на 12V да не е за 220V струја бидејки склопов планирам да го поврзам после трафо/грец/електролити. Тие контактите во средина што се? дали се некој посебен склоп или сам треба да ги направам?
-
Апсолутно може и вака е поедноставно само што со претходната шема е многу по сигурно да не се уклучат двата извора тоа се вика електрична заштита.
Споено мислење: 31.08.2010, Tuesday, 15:53:29
А за тоа со 220V е само симболично ако сакаш може да ставиш од 12V, 24V, 48V, 110V или 220V само што како што погоре спомнавме напојувањето и напонот на шпулната мора да обговараат да бидат со ист напон.
-
епа тогаш ти треба обично реле од 12V со дупли работни контакти од 3-5А- ова зависи од тоа што планираш да приклучиш колку е моќно, не треба ништо ти да правиш, твое е само да поврзиш со жици или на плоча, пошто ова е веќе направено во самото реле и има изводи ( ноџиња ) повеќе 2 му с енапојување, и уште 6 работни контакти
речи му кај шоќе купуваш дека ти треба дупло реле од 12В, со работна струја и напон на контактите од 3-5А 30-50V ( дека нема да иде на 220В)
него види оваа странава
http://www.trainelectronics.com/Reverse_loop_dual_coil_relay/index.htm
-
devil аха значи вака да речам дупло реле од 12В, со работна струја и напон на контактите од 3-5А 30-50V а да не знаеш од прилика што цена е?
Zdravkovski не ми е јасно на твојата шема тие K1, K2, K3. Тоа се релиња?
-
Да К1, К2 и К3 се релиња
-
devil аха значи вака да речам дупло реле од 12В, со работна струја и напон на контактите од 3-5А 30-50V а да не знаеш од прилика што цена е?
Zdravkovski не ми е јасно на твојата шема тие K1, K2, K3. Тоа се релиња?
во гац електроник релињата се 50 денари...барем толку беа кога последен пат купував...
-
Sorry ако ви се „убацувам“ во муабет, ама ми треба една консултација, ако ви текнува претходно нешто се консултирав за една шема за напојување, таа даваше +-18V, епа сум згрешил и требало да биде напојувањето +9V и +18V. Го преправив, па ај видете дали е ОК или не, јас мислем дека ќе работи, мада ај да си прашам ;).
(http://img522.imageshack.us/img522/5418/powersupply.th.gif) (http://img522.imageshack.us/img522/5418/powersupply.gif)
-
внимавај 7809 на 21V почнува прилично убаво да грее, испробано ми е :)
стави ако треба уште еден регулатор, или стави подобри ладилничиња :)
-
интересно, а каде може да се најде информација кој 78ХХ на која волтажа смее да се уклучи?
-
Sorry ако ви се „убацувам“ во муабет, ама ми треба една консултација, ако ви текнува претходно нешто се консултирав за една шема за напојување, таа даваше +-18V, епа сум згрешил и требало да биде напојувањето +9V и +18V. Го преправив, па ај видете дали е ОК или не, јас мислем дека ќе работи, мада ај да си прашам ;).
(http://img522.imageshack.us/img522/5418/powersupply.th.gif) (http://img522.imageshack.us/img522/5418/powersupply.gif)
Ако ја направиш и монтажната шема како електричнава мора да работи и да го добиеш тоа што сакаш
Споено мислење: 01.09.2010, Wednesday, 01:43:22
внимавај 7809 на 21V почнува прилично убаво да грее, испробано ми е :)
стави ако треба уште еден регулатор, или стави подобри ладилничиња :)
Се зависи од Термичката отпорност на ладилникот спрема околината и дисипираната моќност, а за греењето најдобар совет е нека проба, па ако задоволи арно а ако не нека става онолку голем ладилник колку што му треба.
-
за да не ти грее 7809 можеш влезот на 7809 да го поврзеш на излезот од 7818 за да има помал влезен напон и со тоа ке грее помалце...но така само ако уредот не влече многу голема струја... ти текнува на што мислам или треба да цртам???
-
стави ладилник
-
внимавај 7809 на 21V почнува прилично убаво да грее, испробано ми е :)
стави ако треба уште еден регулатор, или стави подобри ладилничиња :)
Хммммм, не зум го знаел ова, а си го пробувал ова со сите стабилизатори од целата серија или само со стабилизатори до 7812, зашто јас користам 7818, можеби нема да грее толку 7818, мада ќе пробам и ќе видам ;). А за 7809 сигурен сум дека ќе грее бааги, тоа знам, и јас сум пробувал :S.
за да не ти грее 7809 можеш влезот на 7809 да го поврзеш на излезот од 7818 за да има помал влезен напон и со тоа ке грее помалце...но така само ако уредот не влече многу голема струја... ти текнува на што мислам или треба да цртам???
И тоа е можна опција, ќе видам колку ќе грее стабилизаторот, ако грее премногу 7809 ќе му ставам прво ладилониче, ако пак многу грее, ништо, ќе ја пробам и таа варијанта ;), па ќе видиме тогаш колку ќе грее 7818 ;D.
интересно, а каде може да се најде информација кој 78ХХ на која волтажа смее да се уклучи?
За 78XX серијата од 05 до 18 важи дека максимален влезен напон може да им биде 35V (ова можеш да го прочиташ во datasheet-от), а за 24 (7824) важи дека максимален влезен напон може да биде 45V (мада кај различни производители различни вредности сум прочитал за максималниот влезен напон на 7824, тие што се на ST мислам дека имаa 40V максимален влезен напон). Истото важи и за 79XX серијата само што максималниот влезан напон им е негативен ;).
стави ладилник
Тоа планирам обавезно да го направам, и да не греат премногу, сепак, им се продолжува работниот век со подобро ладење (иако од искуство морам да кажам дека се скоро „безсмртни“ овие стабилизаторчиња ;D).
Ако ја направиш и монтажната шема како електричнава мора да работи и да го добиеш тоа што сакаш
Значи кратко речено исправна ми е, фала многу ;), јас евентуално се мислев да не има некој проблем тоа што 7809 и 7818 се врзани со влезовите на ист rail, да не треба да има некој „спрежен“ елемент меѓу нив, или нешто така, па затоа и прашав ;). А инаку да, планирам да ја правам монтажната според електричната шема, само што се ќе биде изведено на едно PCB, нема да има посебен дел за напојувачката секција.
внимавај 7809 на 21V почнува прилично убаво да грее, испробано ми е :)
стави ако треба уште еден регулатор, или стави подобри ладилничиња :)
Се зависи од Термичката отпорност на ладилникот спрема околината и дисипираната моќност, а за греењето најдобар совет е нека проба, па ако задоволи арно а ако не нека става онолку голем ладилник колку што му треба.
И јас така мислам, ќе видиме колку струја ќе влече уредот, ако не влече премногу (што не верувам да „влече“ повеќе од 700mA, 800mA, мада и оваа вредност мислам дека е малку предимензионирана), мислам дека нема да има преголем проблем со греењето на 7818, a 7809 мислам дека ќе грее малку повеќе од што треба, ама како што реков, мислам декка нема да биде преголем проблем ;). Како и да е, се ќе иде на тест база, така да ќе видиме како ќе се покажат „на терен“ стабилизаторчињата ;).
-
Тоа планирам обавезно да го направам, и да не греат премногу, сепак, им се продолжува работниот век со подобро ладење (иако од искуство морам да кажам дека се скоро „безсмртни“ овие стабилизаторчиња ;D).
или ако е над 1A стави и транзистор. Само што имам приметено ако ставиш и транзистор и ако повлечеш струја волтажата паѓа одприлика за 07 волти. дали и кај вас се случува ова или мојот транзистор е нешто зезнат?
-
Можно е да паѓа и заради трансформаторот, не мора да значи дека е заради транзисторот. А исто така падот на анпонот може да се јавува и заради базно-емитерскиот PN спој. Како го врзуваш транзисторот за стабилизаторот?
-
на колекторот доведувам позитивен напон а од емитерот црпам. Е сега стабилизаторот е врзан со колекторот и базата.
-
Епа ете каде оди напонот ;D. Кога транзисторот проведува во позитивна насока (позитивно поларизиран е, во НАП или SAT подрачје е), на емитерско-базниот спој се јавува пад на напон како на обична диода, односно пад на напон од околу 0.7V, така да излезниот напон ќе биде за 0.7V понизок од декларираниот на интегрираниот стабилизатoр ;).
-
можеш на стабилизаторот да му ставиш една диода, од пинот GND на интегралецот кон GND на напојувањето...ти текнува како???
-
Епа ете каде оди напонот ;D. Кога транзисторот проведува во позитивна насока (позитивно поларизиран е, во НАП или SAT подрачје е), на емитерско-базниот спој се јавува пад на напон како на обична диода, односно пад на напон од околу 0.7V, така да излезниот напон ќе биде за 0.7V понизок од декларираниот на интегрираниот стабилизатoр ;).
а како да поврзам за да нема пад на напонот?
-
ти пишав под постот од GW ама ти се шмизлаш (::)) и не си го прочитал :P
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/78xx_So_Dioda.jpg)
-
ти пишав под постот од GW ама ти се шмизлаш (::)) и не си го прочитал :P
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1715.0;attach=933)
Е баш така ;).
-
фала ти Бојан, имаш реп. :) јас го прочитав постот на GW и се затрчав одма да пишам а без да дочитам :( Само како што ја гледам шемава и кај мене така е поврзан транзисторот со 78ХХ едино тука има диода на минусот на 78ХХ и кондензатор меѓу базата на транзсторот и плусот и па не ми е јасно, вака ми изгледа слично како моето поврзување
-
Од мене го имаш ова:
-
тој кондензатор е само за пеглање на напонот, можеш и без него да поминеш, а диодата служи за да го подигне напонот за 0,7V. ако мериш на базата на транзисторот ке измериш напон од 5,7V и што има пад на напон од транзисторот ете ти 5V на излез...
-
aa до што било работата, ај баш така и ке направам. фала ви за помошта
-
пробај првин па после заблагодарувај се :D
-
така ке биде по некој ден оти немам таква диода, треба да купам па да пробам.
А ако сакам наместо 78ХХ да ставам променлив отпорник, како ке го врзам ? Сега врзував на колекторот и базата при што паѓаше напонот а како да го поврзам за да не падне напонот доколку отпорникот го подесам на 0 оми?
-
на вакво нешто мислеше???
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/So_Promenliv_Otpornik.jpg)
ама не би ти препорачал вакво нешто да правиш бидејќи напонот нема да биде многу стабилен...
иначе деловите немора да се со толкава вредност како што е напишано, можеш да користиш какви што делови имаш...
-
не јас мислев со еден транзистор но само наместо 7815 да ставам потенциомеар на базата и плусот. значи со потенциометарот регулирам колку струја ке му дадам на базата.
-
Вака ли нешто бараш за регулирање на напонот или јас не сум те разбрал добро ;D(http://pic.mk/images/captur1283457371.png)
-
Е така од прилика ќе му дојде, само што може да се додаде и 2N3055 за да може поголема струја да добие ;).
-
јас мислам дека вакво нешто сака...а така неможеш да го добиеш тоа што ти го сакаш, односно неможеш да добиеш струјна регулација...барем јас така мислам....
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Ne_Znam_Dali_E_Vaka.jpg)
-
да како кај бојан, бидејки мене ми треба со потенциометар да ја регулирам струјата но ако потенциометарот го ставам на 0 оми односно сакам да тече максимална струја да не се деси транзисторот да ја намали струјата за 0,7 или 1V
-
сега...струја се мери во ампери (А) а напон во волти (V) за што збориш сега...ако е за напон од 0,7V може да се подигне со додавање на диода како претходниот цртеж со 78хх што го имав нацртано...
-
сори, се што пишев мислев за волти, значи битно ми е да нема пад на волтажата
-
добро да нема пад на волтажата, ќе ставиш помоќен извор кој ќе дава поголем напон и струја и нема да имаш многу промени
-
Не е до изворот на напојување бидејки ако го тргнам транзисторот и 78ХХ и приклучам директно потрошувач волтажата не паѓа или ако паѓанешто минимално за 0,02-0,05V
-
78xx имаат релативно голем внатрешен отпор и паѓа напонот на оптеретување над 1А струја.
-
би знаеле ли зашто служи таа германиумската диода...
http://www.metricmind.com/clock/schem.gif
и дали ке може без нејзе да работи...би требало да работи ама па ај да си прашам јас и дали ке може да се стави 1N4148 наместо нејзе...
-
тешко :( јас имам неколку шеми во кои треба да се стави по некоја германиумска диода, сум прашувал во многу продавници дали имаат замена и секогаш одговот бил нема замена. германиумските диоди имаат една намена а силициумските друга и после ке прашам епа ако се незаменливи зошто не се произведуваат.. и нема одговор >:(
-
најверојатно бекап батерија е, па за да не се расипи батеријата ( кога е уклучено ) е ставена диода да не се полни батериата, пошто не се сите за полнење, а оваа германиумската има мал пад на напон од 0.3V така да нема да ја оптоварува мн батеријата, можете вие да ставите батерии кој се полнат и да ја отстраните таа диода, може да се замени и со 1N4148 ама падот на напонот кај оваа е 0.7-8V
-
Пред некој ден гледав ама не ми такнува на кој сајт, имаше да си нарачаш samples од разни германиумски диоди, имаше AA..., 1N34 и уште десетина други ;D
-
aко ти текне пиши оти ми требаат. кога ги нарача?
-
па значи може да се стави и некоја шотки диода...така???
-
зависи од падот на напонот
-
Најчесто може, шоткиевите диоди имаат многу мал пад на напон, скоро колку германиумските ;).
-
кога ке си го оправам програматорот ке го правам тоа пропелерот, него сега друго нешто ме мачи... не ми текнува на шема некоја за touch switch напојувањето беше изведено преку падот на напонот на триакот што го има помеѓу А1 и А2...па би можеле ли да кажете како да се направи тоа..ми треба еднонасочен напон до кај 2,5V....
-
Пишувај на кирилица !!!
-
Дали може да се сменат кондензатори на матична плоча,3300 микрофаради 6.3 волти со 3300 микрофаради 10 волти,дали има некеква разлика и во шо.Фала однапред
-
Дали може да се сменат кондензатори на матична плоча,3300 микрофаради 6.3 волти со 3300 микрофаради 10 волти,дали има некеква разлика и во шо.Фала однапред
Разликата ја наведе и може да се изврши таа замена, нема проблем ке работи ако се квалитетни кондензаторите (тие за CPU мора да имаа екстремно мал ESR).
-
Со големината (кабаритот) може да имаш проблем освен со квалитетот.
-
Најдобро е ако може да се најдат некои други стари (ама исправни) кондензатори од некоја друга стара неисправна матична плоча, само да бидат еквивалентни (да имаат иста капацитивност и ист или поголем работен напон).
-
Дали некој од вас знае како работат штедливите светилки, оние сијалици што се како вртена цевка и работат на принцип на неонка, внатре имаат некоја електроника па ако некој знае за што служи таа електроника нека пише.
-
Тоа е електронски стартер (електрониката), замена за стартерите од старите неонки и трансфомраторите ;). Ама принципот на работа ни јас не му го знам, ако некој знае, би било убаво да сподели ;).
-
Ај гледајте и учете,утре испитувам ;) :D :D
-
Ај гледајте и учете,утре испитувам ;) :D :D
Добро добро професоре учиме учиме немајте гајле ;) :D ;D.Инаку ако му треба на некој таква електроника од неонки јас имам едно 50 такви плочки со све делови на нив е сега незнам колку од нив се исправни ама ако му треба на некој да ги проучи ;D нека пише ќе му дадам FREE исто така може да се направи генератор за висок напон ако некој знае да ја поврзе електронската пригушница со сплит трафото.Јас лично имам пробано со 23W пригушница(електронска) и сплит трафо и одлично работи фрла искра негде 1-2цм.Па кој сака да проба да направи така нека ми пише ќе му дадам пригушница. ;D ;D
-
па ако не ти е тешко сликај некоја од тие плочки и стави на форум
batka имаш реп. за шемава. Не сум знаел дека овие светилки работат на 1200V
-
Да дојде тој пријателот да ми го позејми фотоапаратот и ќе направам како мини туторијалче за генератор на висок напон со сплит трансформатор и електронска пригушница. ;D ;)
-
ОДЛИЧНО!
-
А тие DK51 транзистори, чиво производставо се?
Јас барем мислам дека до некаде го „сконтав“ принципот на работа на ова електронскиве стратери, исправувач, П (Pi) филтер, Q1 и Q2 преку поратната врска на трансформаторот T1 „глумат“ стартер (ова вака набрзинка нешто што забележав ;)).
-
Немам сретнато податоци за транзисториве,ама принципот е очигледен - ствараат висок напон на некоја повисока фреквенција.Кај неонката е проблем да се *запали* инертниот гас.Тоа е моментално,а потоа напонот само ја *одржува* уклучена светилката(уредот изиграва значи стартер и пригушница! :).Уредот не троши многу,транзисторите немаат ладилници(мислам дека тука е проблемот).Сум отворил две-три вакви штедливи светилки,а најчесто страдаат поради преголемо греење.Принципот и склоповите се слични,а проблем е што гори или намотка или транзистор.Обично транзисторите носат некоја индустриска(работна ознака) и ги нема во каталог,затоа што на Запад никој не ни помислува да поправа вакво нешто.Пред некој пазар продаваа
вакви сијалици по 100 ден./парче,ама не земав оти даваа некоја жолта светлина,а не бела.
-
а на која фрекфенција е тој напон ?
-
Jaс имам отворено повеќе од 150 такви неонки и скоро сите што се неисправни или им е изгорен некој отпорник или е изгорена некоја диода таа што е дел од грецовиот спој.Скоро на 95% од неонките им е изгорен отпорникот или диодата а само 5% е изгорен транзисторот или калемот. :)
-
Мислам дека зафака над 20Кхз.И отпорниците се стварно минијатурни за такви греења,а ако сијалицата нема добар контакт,знае добро да грее(телото со склопот).Сум приметил и дека реагираат на повишен или снижен напон,со моментално исклучување на светилката и повторно безбедно вклучување.
-
По прецизно ако не се лажам ама мислам дека работат на 40Khz ;) :D.
Споено мислење: 14.09.2010, Tuesday, 15:24:37
Eве најдов на Wikipedia.Еве копирано што пишува
Components
CFLs have two main components: a gas-filled tube (also called bulb or burner) and a magnetic or electronic ballast. For their principles of operation, see Fluorescent lamp.
An electronic ballast and permanently attached tube in an integrated CFL
Standard shapes of CFL tube are single-turn double helix, double-turn, triple-turn, quad-turn, circular, and butterfly.Electronic ballasts contain a small circuit board with rectifiers, a filter capacitor and usually two switching transistors connected as a high-frequency resonant series DC to AC inverter.The resulting high frequency, around 40 kHz or higher, is applied to the lamp tube. Since the resonant converter tends to stabilize lamp current (and light produced) over a range of input voltages, standard CFLs do not respond well in dimming applications and special lamps are required for dimming service. CFLs that flicker when they start have magnetic ballasts; CFLs with electronic ballasts are now much more common.
-
Да 40KHz. Штом работи на фрекфенција (пали, гаси) значи штеди енергија или што би се рекло дигитален мод на работа :)
-
Се слагам дека се штедливи,со 5 ватна светилка постигнуваш светлина како 20 ватна неонка.
-
Еве линк од wikipedia за неонките
http://en.wikipedia.org/wiki/Compact_fluorescent_lamp
-
Јас скоро низ целиот дом ги сменив сите сијалици со вакви сијалици и од досегашното мое искуство, можам да го заклучам следново:
1. Ако веќе сакате да заштедите струја и пари, подобро ставете си вистински неонки, ама не со електронски стартер, туку со трансформатор и со обичен стартер, далеку поиздржиливи се и далеку поголем век на траење имат. Нема да заштедите струја колку што ќе заштедите со CFL-ките, ама затоа пак нема да се утепате од фрлање пари за CFL-ки, кои коштаат и по 200 денари (PHILLIPS-овите на пример, што имаат поквалитетни компоненти во нив, а за 25W-ните имаат ставено и ладилници на транзисторите), на секои 3 или 4 месеци.
2. CFL-ки се исплати да се користат но само на места каде што постојано свети сијалиаца, на пример, дневна соба, детска соба, работилница, итн. Значи места каде што ја пуштате сијалицата и свети цела вечер, или барем еден час континуирано. На места каде што повремено пуштате сијалица, како на пример WC или купатило (кај мене се одделни WC-то и купатилото), не се исплати. Сум забележал дека колку почесто и се прави на сијалицата пали/гаси, толку побрзо „прегорува“ (не прегоруваат, туку им се случува истиот ефект како и со неонките, со брзо палење и гасење на сијалицата најверојатно гасот станува „инертен“ на високиот напон на неговите краеви и веќе не може да влезе во екстирана состојба и да проведува струја, туку само трепери или малку тлее). Нитуедна од тие на мене што ми „прегореа“ немаше изгорена електронска компонента, сите беа исправни, но поради константното пали/гаси, гасот престана да проведува струја :S.
Значи како заклушок на погорекажаното, јас се откажав од CFL-ки, освен во дневната, во мојата соба, трпезаријата и кујната (бијдеќи и кујната ни осветлува дел од дневната, па скоро цела вечер е пуштена и онака), и тоа квалитетни PHILLIPS-ови од по 25W (бидејќи претходно во мојата соба и во дневната имавме 150W-на сијалица, а 25W-ните даваат приближно иста осветленост како и 150W-ните сијалици со жаречко влакно). На сите останати места во станот (ходници, WC, купатило, лоџија, шпајз) имам ставено 25W-ни сијалици со жаречко влакно. Признавам дека слабо се гледа, ама колку за да се избањам или за да можам да видам што треба да земам од лоџија или шпајз, доволно ми е осветленоста, истото важи и за WC-то (не ми треба кој знае колку светлина за да видам каде ми се наоѓа тоалетната хартија ;D). Јас барем така го решив проблемот со осветлувањето кај мене дома ;).
-
А вака дали знаете какво напојување треба за сијалица OLYMPUS MD-631 ми ја даде еден пријател и ми рече дека ја нашол во подрум нова не отпакована па сега незнам како да видам дали работи?Имате некоја идеја? :) еве една слика од Google што ја најдов да видите како изгледа сијалицата
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Olympus_MD-631_300W_Xenon_Lamp.jpg)
-
Јас не знам ни како се врзува ова „чудо“ ;D. А за што се корсити, за осветување или за блиц на фото апарат (иако мислам дека блицовите на фото апаратите не изгледаат така).
-
Не верувам дека е за блиц многу е голема висока е 4,5цм,а дијаметарот и е 3,5цм. :)
-
и CFL сијалиците имаат предности и маани, исто како и како сијалиците со вжарено влакно...ништо не е совршено... CFL сијалиците се израборуваат од материјали кои не се рециклираат сите, и се штетни за околината, во спротивно од сијалиците со жаречко влакно кои се изработуваат од материјали од кои што сите се рециклираат (стакло, бакар, лим...). Сијалиците со жаречко влакно се омски потрошувачи, додека CFL сијалиците имаат и активна и реактивна отпорност, ние не ја плаќаме таа реактивно потрошена енергија, ама па производителот треба да надокнади за таа енергија. за производство на CFL сијалица се троши 25-40 пати (така мислам дека беше...) повеќе енергија одколку сијалиците со жаречко влакно. сијалиците со жаречко влакно имаат поблизок спректар на светлината одколку CFL сијалиците.... повеќе за тоа кога ке се вратам дома, да прочитам од емтиерот што сум заборавил па ке напишам тука... :D
Споено мислење: 14.09.2010, Tuesday, 18:12:01
а бе луѓе батерија што е од биосот од матична 2032(тоа е ознаката од батеријата) може да се полни или тешко....???
-
CFL сијалиците се израборуваат од материјали кои не се рециклираат сите, и се штетни за околината,
а бе луѓе батерија што е од биосот од матична 2032(тоа е ознаката од батеријата) може да се полни или тешко....???
Kaко штетни ??? Пиши бидејки купив такви сијалици за две соби па ако е така кога ке се расипат да не купувам пак.
Батеријата ако е од кога си го купил компјутерот е што се полни
-
Не, не, не штетни за дома, но кога ќе прегорат и кога ќе се фрлат содржат гасови штетни за околината ;).
И јас го прочитав натписот во Емитер за CFL-ките, имаше доста работи кои не сум ги знаел, ме изненади ;). Како што спомнав на крајот од претходниот post, комбинација од CFL-ки и сијалици со обични жаречки влакна е најдобра, знам дека е долг post-от, ама прочитајте го и ќе видите зошто ;).
ПС: Не заборавајте на време да си купите цела кутија (или барем 10-тина) сијалици со жаречко влаконо пред 2014 година, потоа сите сијалции со жаречки влакна ќе се менуват со CFL-ки и веќе во маректите нема да се продаваат сијалици со жаречки влакна, па ние нема да имаме со што да си ги „тестираме“ неисправните уреди ;D.
Споено мислење: 14.09.2010, Tuesday, 22:13:44
а бе луѓе батерија што е од биосот од матична 2032(тоа е ознаката од батеријата) може да се полни или тешко....???
Сите батерии од BIOS може да се полнат, само искрнео не знам со колкава јачина на струја и напон. Тоа најдобро можеш да го испиташ ако ја извадиш батеријата и го измериш напонот на пиновите на матичната, а потоа ја приклучиш пак и зимериш колкава струја тече во неа ;).
-
Немојте да полните литиум батерија (поготово сериите 20хх) бидејќи ќе пукне и е опасно!!!
-
а да ставиш некоја батерија која што се полни, има сега едни како блокчиња батерии прилично се мали негде 3.6V даваат
-
Немојте да полните литиум батерија (поготово сериите 20хх) бидејќи ќе пукне и е опасно!!!
Ова важи само за батериите од BIOS-ите или за сите Li-Ion-ски батерии?
Коге сме веќе кај Li-Ion ски батерии, да не знае некој дали произведуваат Li-Ion-ски батерии во стандардни големини: A, АА, ААА, итн. Прашувам бидејќи не ми се купуваат Ni-Cd батерии (барем не „шкартни“, од пазарче), а ми требаат батерии со стандардизирани големини, а знам дека дури и ако купам „шкартна“ Li-Ion-ска батерија од пазар, пак подолго време ќе ме служи од Ni-Cd батерија, дури и ако е оригинална ;).
-
не баш онакви како стандардните него слични
купи тие како блокови што изгледаат во пластика завиткани ( најлон некој е тоа ) сини, портокалови, зелени така таа боја ( види слика подолу )
и растури ги и ќе извадиш тоа што ти треба :)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/973.jpg)
-
Аха, значи ги има, епа супер ;), а ги има во пакувања од 4, зашто ми треба напон од 4.8 волти?
Мада нема везе, ако веќе ги растурам ќе купам 2 пакувања од по 2, хаахаха ;D ;D ;D.
А да не знае некој која цена се од прилика?
-
јас имам дома од тие 5.5 мислам дека се :'( не сум сигурен но околу 170 денари се!!
-
Devil, мислам дека блок како на сликата со литиум батерии кај нас малку потешко. Исто така доколку ја поврзете литиум-јон келијата во коло без BMS (Battery Management System) најверојатно ќе се подуе при полнењето и при празнење ќе се доиспразни под долната граница и никогаш повеќе нема да може да се наполни пак :( Иначе постојат неполниви литиум батерии со големина на АА батерија, 3 волти се но и многу скапи (5-7 евра една).
-
ќе проверам за поточно па ќе ви кажам дека јас вакви гледав негде ама дали се литиум не сум 100% сигурен :)
-
Всушност сакав да ги ставам батериите во Fluke осцилоскопот што го купив (бидејќи оригиналните Ni-Cd баетрии му беа „отидени“). Еве како изгледаа оригиналните батерии, си имаат посебен пин за полнење на батериите кој е под самите батерии (и е врзан за плусот од сериски врзаните батерии). А инаку во самиот осцилоскоп може да се користат и обични алкални батерии, само што бидејќи го немаат тој дополнителен пин, нема да може да се полнат (што е правилно направено). Инаку во самиот user manual пишува дека треба да се користи тој нивниот Ni-Cd battery pack (имаше и некое кодно име, не ми текнува сега кое) или 4 обични алкални батерии од 1.5V, што значи се на се се напојува со напон од 6V. Е сега Ni-Cd батериите (па и Li-Ion-ските, барем јас колку што знам) имаат напон од 1.2V, што значи дека вкупниот сериски напон е 4.8V, од каде следува дека може без проблеми да се полни и со Li-Ion-ски батерии, ама не знам дали можам да начекам Li-Ion-ски батерии со овие големини (слики има подолу).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sdc10509h.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sdc10509h.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sdc10510a.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sdc10510a.jpg)
Исто така доколку ја поврзете литиум-јон келијата во коло без BMS (Battery Management System) најверојатно ќе се подуе при полнењето и при празнење ќе се доиспразни под долната граница и никогаш повеќе нема да може да се наполни пак :(
Јас барем колку што имам забележано, нема некој кој знае каков Battery Management System, само јавува дали е празна батеријата со трепкање, а искрено не знам дали се полни цело време додека е вклучен адапетрот на напојувањето (што мислам дека е поверојатна опција, сепак претходно имале користено Ni-Cd батерии кои колку и да ги полниш, на крајот само им го скратуваш векот на траење, ништо повеќе од тоа) или си има некаков систем кој ги полни батериите до некоја определена врендост, па после го исклучува полнењето и работи чисто на Adapter Power.
Од ова што го пиша Борче, изгледа попаметна опција ми е да си купам Ni-Cd батерии, иако се поинфериорни во однос на Li-Ion-ските :S.
-
вака сега имам проблем со шемава па наместо тастер сакам да ставам транзистор еве ја подоле шемата!!Ако може помош!
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/rf_remote_transmitter.png)
-
ај да не отворам нова тема(знам дека ќе го избрише некој админ или модератор ова мислење) иако нема некој подфорум но сакам да прашам дали има некој работено со акцелометар(од микроелектроника) дека не сум само електроничар туку и малку сум моделар за авиони и бродови!Збор ми е акцелометарот сакам да го искористам во авионот и дека имам едно ново далечинско(го земав од Конрад) сакам да ми прикаже како е стабилизиран авионот(која му е положбата на пр. надесно навален) и тоа да ми го прикаже!!Мислам дека ме разбирате! :)
-
Преместена е пораката, мислам дека тука повеќе би одговарала ;).
-
ај да не отворам нова тема(знам дека ќе го избрише некој админ или модератор ова мислење) иако нема некој подфорум но сакам да прашам дали има некој работено со акцелометар(од микроелектроника) дека не сум само електроничар туку и малку сум моделар за авиони и бродови!Збор ми е акцелометарот сакам да го искористам во авионот и дека имам едно ново далечинско(го земав од Конрад) сакам да ми прикаже како е стабилизиран авионот(која му е положбата на пр. надесно навален) и тоа да ми го прикаже!!Мислам дека ме разбирате! :)
Јас имам работено, и те разбирам што сакаш да направиш. Прашај што те интересира подетално.
-
чек малце...тоа ацкелометарот не е за брзина да мери??? не ти треба некое жироскопче за тоа што сакаш ти да го правиш???
-
јас сакам да направам да прикаже на која страна е навален авионот за колку степени!!Се тие информации да се прфрлат некако и на ЛЦД екранот од далечинското да се прикажат тие податоци,па ако може и преку некој кабел на ПЦ да се прикажат графички!!Ако може Deoprhant да ми пратиш некои примери што си ги направил со акцелометар!
Споено мислење: 23.09.2010, Thursday, 19:06:50
дали Деофрант имаш некои планови или да барам на нетов?! :-\
-
Прочирав еден напис во Емитер за МОСФЕТ аудио засилувач со „лампашки“ звук, па ме интересира која е разликата помеѓу „транзисторски“ и „лампашки“ звук. Не сакам да ве измачувам да пишувате цели реферати, ако може да ми објасните во кратки црти. Благодарам.
-
помек звук има, по пријатен е
поослабнати се некој тонови, не е едноставно така да се објансни мора да се слушне :)
-
Лампашкиот звук е некако "потопол", ова најлесно може да се примети ако си слушал вести на некое лампашко радио што ги чита спикер со подлабок глас, ама како што рече Devil треба да го чуеш лампашкиот звук и одма ќе ја осетиш разликата.
-
Еве ти шема ,па направи ја и ставија пред излезниот појачувач.Слушај без овој степен и со него! Најдобро сам ке ја почувствуваш разликата.
-
Купив нокиа 3310 за 100 ден од пазарот и го размонтирав :) На сликава е VF засилувачот на GSM 900/1800MHz сигналот. Па еве каде што е квадратчето тоа е тоа. Ај тие малите SMD делови се или кондензатори или отпорници а може и диоди ма да не верувам, ме интересира што се тие 4те што ги обележав со стрелките?
(http://pic.mk/thumbs/pa.jpg) (http://pic.mk/?v=pa.jpg)
-
најверојатно некое интегрално коло
-
И мене на интегрирани кола ми личат ;).
-
a не се нешто како транзистори за засилувачот?
-
Види дали ќе најдеш што се тие според шемиве за нокиа 3310. ;) :D
http://www.eserviceinfo.com/downloadsm/8080/NOKIA_3310.html
-
a не се нешто како транзистори за засилувачот?
Па можно е да се повеќеемитерски тразнистори, ама не знам што би барале повеќеемитерски транзистори во засилувачко коло на излез :S. Најчесто се наоѓаат во логички интегрирани компоненти.
-
па да не се повеке степени на засилување
-
Ја ѕирна сервисната шема од Nokia 3310, можеби таму пишува што се ;).
-
Во шемата тоа е кутивче со метален капак за кое пише дека е засилувач ама за внатре не пише ништо.
-
Имам едно трафо, немам никакви податоци за него. Може ли некако да израчунам колкава му е моќноста, негде читав дека со помош на димензиите на јадрото може некако.
-
Имам едно трафо, немам никакви податоци за него. Може ли некако да израчунам колкава му е моќноста, негде читав дека со помош на димензиите на јадрото може некако.
Кажи ми ги димензиите на јадрото,ама само од бочната страна и горниот дел. :)
-
Вака : во првите два скена имаш како се пресметува трафо,а во последниот (кај грешките) можеш да прочиташ спрема пресекот и соодветната сила на трафото со можен процент на грешка.
-
Имам едно трафо, немам никакви податоци за него. Може ли некако да израчунам колкава му е моќноста, негде читав дека со помош на димензиите на јадрото може некако.
Ај види дали ова ќе ти врши работа
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=573.msg2736#msg2736 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=573.msg2736#msg2736)
таму има една програма со која мислам дека ќе завршиш работа
-
исправка 2 не се снајдов.
Според таа програма и мои калкулации излегува 1.69W, како проба земав мало тансформаторче од адаптер. на адаптерот вика Output: 9V 850mA што според моите скромни познавања, P = U*I, 9*0.85=7.65W, ќе може некој да ми објасни кај грешам. Извинете вака што изменив пост 3 пати.
-
Зависи од условите, во најлош случај (да стоиш во вода, за си заземјен и сл.) веќе од 60V напон и 20 mA струја.
-
исправка 2 не се снајдов.
Според таа програма и мои калкулации излегува 1.69W, како проба земав мало тансформаторче од адаптер. на адаптерот вика Output: 9V 850mA што според моите скромни познавања, P = U*I, 9*0.85=7.65W, ќе може некој да ми објасни кај грешам. Извинете вака што изменив пост 3 пати.
Јас овој метод го користам, мада не е баш најточен и со него најверојатно ќе ја добиеш максималната моќност која може да ја даде тансформаторот (во принцип кога е заситено јадрото), но можеш да ја користиш за трансформатчиња кои имаат помали излезни напони ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1715.msg13200#msg13200 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1715.msg13200#msg13200)
Само пази, мерењата врши ги брзо ;).
-
Немам амперметар за наименична струја... така да ќе мора да најдам како се пресметува според јадрото.
-
можеш грец да најдеш некој, па после него да мериш струја...
-
Дечки да не знае некој како да монтирам ладилник на LED од 1W бидејки сакам да ја пробам а прилично грее?
-
земи некој ладилник со површина од 1цм2 и избуши дупка од 3мм,но пази ако имаш диода од 5мм избуши на ладилникот дупка од 3мм,ако имаш диода од 10мм дупка од 5мм!И внимавај на изводите да не се допрат!Се тоа залепи го со силикон!Јас вака ладев диоди,немај гајле! ;) ;)
-
Само испуштив едно SMD :-X Се работи за SMD LED, еве слики:
(http://pic.mk/thumbs/11287862678.jpg) (http://pic.mk/?v=11287862678.jpg)
(http://pic.mk/images/21287862687.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/31287862788.jpg) (http://pic.mk/?v=31287862788.jpg)
LED 5mm, и дали мора да се залеми на плочка за да се лади или може вака со лемени жички + ладилник?
-
аха,епа кога ќе ги лемиш на некој уред направи големи водови за да можат да се ладат!
Од каде си ги нашол?
-
Колега DX-er на кој напон ги приклучуваш и дали имаш сериски со нив ставено отпорник? ;)
-
според спецификациите диодите работат од 3 до 4 волти. јас уклучив на адаптер и на 2,7 волти дигна 80-90 степени, а на 3,2 волти над 100 степени. на 3,2 волти свети дупло појако одколку на 2,7.
отпорник немам ставено, дали треба да ставам и каков.
-
епа стави 1кило ом!!
-
епа стави 1кило ом!!
на 3 волти да ставам 1кило ом?
-
епа стави 1кило ом!!
на 3 волти да ставам 1кило ом?
Не не премногу е од 1К,стави некој од 1W 100оми,па ако е слаба светлината стави од 33 оми ;)
-
диода се испитува со сериски поврзување на отпорик од 1кило ом,ако ставиш 100 оми одма ќе отиде диодата.Стави од 1кило ом
-
диода се испитува со сериски поврзување на отпорик од 1кило ом,ако ставиш 100 оми одма ќе отиде диодата.Стави од 1кило ом
Ама он и без отпорник ја уклучува диодата па пече ќебапи на нејзе,вака ќе пече на отпорникот :D :D :D.Епа нај убаво нека стави некој тример па нека ја подесува,ако сакаш да биде со FULL снага диодата да дава 1W тогаш ќе ти треба специјален драјвер за нејзе,ако сакаш ќе ти ја дадам шемата. ;) :)
-
па дај да видам ако можам да го направам
-
па дај да видам ако можам да го направам
Eве еве,проста е со неколку транзисторчиња и еден еб*н калем :D.
Тадаааа
(http://pic.mk/images/1wleddrive.jpg)
-
драјверов е за да му обезбеди 3V на LED-от или има и друга функција?
-
драјверов е за да му обезбеди 3V на LED-от или има и друга функција?
Па ваљда изиграва нешто како Step down конвертор. :D
-
стави му еден отпорник од 1К и терај! ;)
-
Па види изработиго драјверов,не би бил повеќе од 100 ден според мене,ама без калемот.Јас калемот го барав во логинг ама го немаа и се откажав да не го праам. ;D
-
со 1k многу се намалува светлината, едино со 50 оми отпорник не грее ама па пак се намалува светлото.
Потоа појачав на волтажа со цел да добијам исто ниво на светлина како на 3V без отпорник и добив, ама затоа па си грееше многу, значи мајката му е ладилник или драјверот.
-
стави 470 оми тогаш!Малечко од 620 микро калем едио ако имаш ЛЦ метар и да намоташ!Со бакара жица од 0,4 мм а јадро од 2-3мм бргја! ;) ;D
-
со 1k многу се намалува светлината, едино со 50 оми отпорник не грее ама па пак се намалува светлото.
Потоа појачав на волтажа со цел да добијам исто ниво на светлина како на 3V без отпорник и добив, ама затоа па си грееше многу, значи мајката му е ладилник или драјверот.
Eпа како што кажав,чаре драјверот...а како мислиш да поставиш ладилник не ми е јасно??
-
епа кога ќе го залеми на плочка може плочката т.е. бакарот да го лади! ;)Испробано немај гајле!
-
Едино да се залеми на плочка, ама како не знам. Па плочката да е и ладилник...
Само плочката колку ефикасен ладилник ке биде е ???
-
значи кога. ќе правиш плочка немој тенок вод да ацрташ нацртај подебел,и кога ќе лемиш малце калај !
-
Едино да се залеми на плочка, ама како не знам. Па плочката да е и ладилник...
Само плочката колку ефикасен ладилник ке биде е ???
Ај пробај со драјверот па кажи. ;) :)
-
епа кога ќе го залеми на плочка може плочката т.е. бакарот да го лади! ;)Испробано немај гајле!
Само како да го изведам тоа? Дали прво да ставам калај на плочката и да го загреам да се стопи а после да го ставам ЛЕДот од каде што е водот на стопениот калај?
-
лееш ама малки калај и а двете површини( бакари вода) и го држш ЛЕД диодаата со пинцета со леткумот убаво го топш калајот и притисни со пинцетата!Само многу брзо прави го тоа дека криво може да легне диодата!
-
Да не има звучници од 1,6 оми?Гледам спецификации за TDA2003 и вика дека дава 12W на 1,6оми звучник
-
Нема,ама можеш да си направиш! ;D Тестот е правен во лабораториски услови при идеални величини
(емпириски),што значи теоретски е можно! Ама во пракса се под 2 ома е ризик,освен ако појачувачот има заштита од краток спој !
-
Имам неколку диоди, на нив пишува
LH
4A05
на интернет неможам да најдам податоци за нив. Може малку помош?
-
провери ги со инструмент дали се од силициум или германиум исто така провери дали се исправни!Постави слика!
-
Исправни се, како да проверам дали се силициум или германиум? слика нез зошто би ти послужила али ке поставам после ако треба, иако мислам дека нема а се гледа ништо пошто немам апарат.. само шашава камера на мобилен.
-
од 200-400 мили волти таа е германиумска,а од 500-700 милволти таа е силицимска!Мислам дека ќе ти дојде од помош!Поздрав!
-
ама тоа е пад на напонот, толкав имаат едните толкав другите
треба да ги поврзува на некое референтно напојување со стабилен напон па да мери па да се зафркава
-
ама може да ги испроба со омметар или ако сака на истрментот во подрачјето за испитување на диоди!
-
ама може да ги испроба со омметар или ако сака на истрментот во подрачјето за испитување на диоди!
Така може да да јави и дека е исправна исправувачка диода, а всушност е зенер диода, не е сигурен начин тоа, освен ако не си сигурен дека станува збора за иправувачки диоди ;).
-
да не знае некој кој од овие потенциометри е најдобар за аудио (меѓу плеер и засилувач) ?
DS1669-100+
DS1669-50+
DS1669S-100+
DS1669S-50+
-
некој од 100-те повеќе ќе можеш да намалуваш провери кој има помали изобиличувања
-
некој од 100-те повеќе ќе можеш да намалуваш провери кој има помали изобиличувања
Мислам дека сите имаа исто, некаде 0.01% THD за аудио сигнали, ама како некој стандард се води дека влезна отпорност во ланецот на пренесување на аудио сигналот од еден уред на друг треба да биде 50K, така да јас би одел со DS1669-50+ или со DS1669S-50+ (најверојатно се разилкуваат во работен напон или пакување).
-
Дечки да не му се наоѓа на некој дома 74HC132 да му го купам???Ми треба за еден проект од емитер,а гац моментално го немале па кузне кога ќе им стигне,а за во логинг да не праиме муабет. :D ;D
-
Дечки да не му се наоѓа на некој дома 74HC132 да му го купам???Ми треба за еден проект од емитер,а гац моментално го немале па кузне кога ќе им стигне,а за во логинг да не праиме муабет. :D ;D
Провери во BT, каков тип на логичка порта е, можеби има замена некоја, провери во VRT каталогот ;).
-
мислам дека го имав негде низ дома, ако идеш накај битола ќе ти го дам
-
мислам дека го имав негде низ дома, ако идеш накај битола ќе ти го дам
Дечки да не му се наоѓа на некој дома 74HC132 да му го купам???Ми треба за еден проект од емитер,а гац моментално го немале па кузне кога ќе им стигне,а за во логинг да не праиме муабет. :D ;D
Провери во BT, каков тип на логичка порта е, можеби има замена некоја, провери во VRT каталогот ;).
Ок благодарам за понудата. :) Ќе почекам,во вторник најкасно среда им стигнува роба на гац,па тогаш ќе го купам мислам дека беше докај 20-30ден (ама мислам :D) таман ќе ми стигнат и високо напонските кондензатори јеј ;D
-
земи го од Логинг,иста цена имаат и се поквалитетни!! ;) :D
-
Сакам да направам регулација на аудио со тастери со DS1669 но пред тоа, направив една мала проба да видам какво коло ке ми треба, дали од 50 или од 100k. Потенциометарот го ставив помеѓу аудио излезот од компјутерот и појачалото. Кога го подесив потенциометарот на 50k звукот не беше многу по тивок од директно споено (0 оми) кога наместив на 100k (кило оми) се стиши до некаде ама пак беше прегласно. Што да правам, дали има решение?
-
Дечки,а да не знаете некое коло што преку фото ќелија да ја „димува“ лед диодата?Мислам онака и праиш сенка на фотоќелијата и лед диодата пополека се пали и обратно кога има светлина што удира во фото ќелијата така лед диодата да не свети или малце,знаете за што зборувам? ;D Исто како на овие web камерите што се од поновите има едно дупче и ако му направиш сенка т.е да нема светлина така се палат лед диодите ама постепено.. :)
-
Сакам да направам регулација на аудио со тастери со DS1669 но пред тоа, направив една мала проба да видам какво коло ке ми треба, дали од 50 или од 100k. Потенциометарот го ставив помеѓу аудио излезот од компјутерот и појачалото. Кога го подесив потенциометарот на 50k звукот не беше многу по тивок од директно споено (0 оми) кога наместив на 100k (кило оми) се стиши до некаде ама пак беше прегласно. Што да правам, дали има решение?
А според која шема го правеше потенциометарот?
-
не, не е тој. пред да го правам тој што е на шемата фатив и залемив обичен потенциометар на вртење на плусот од аудиото.
-
Дечки,а да не знаете некое коло што преку фото ќелија да ја „димува“ лед диодата?Мислам онака и праиш сенка на фотоќелијата и лед диодата пополека се пали и обратно кога има светлина што удира во фото ќелијата така лед диодата да не свети или малце,знаете за што зборувам? ;D Исто како на овие web камерите што се од поновите има едно дупче и ако му направиш сенка т.е да нема светлина така се палат лед диодите ама постепено.. :)
555 се вика лекот, ама направено така да има PWM модулација би требало да го добиеш саканиот резултат :)
-
Дечки,а да не знаете некое коло што преку фото ќелија да ја „димува“ лед диодата?Мислам онака и праиш сенка на фотоќелијата и лед диодата пополека се пали и обратно кога има светлина што удира во фото ќелијата така лед диодата да не свети или малце,знаете за што зборувам? ;D Исто како на овие web камерите што се од поновите има едно дупче и ако му направиш сенка т.е да нема светлина така се палат лед диодите ама постепено.. :)
555 се вика лекот, ама направено така да има PWM модулација би требало да го добиеш саканиот резултат :)
Некоја шема за лекот,ако може? :D ;D
-
не, не е тој. пред да го правам тој што е на шемата фатив и залемив обичен потенциометар на вртење на плусот од аудиото.
Ај нацртај како си го врзал потенциометарот ;).
-
(http://pic.mk/thumbs/untitl1288967315.jpg) (http://pic.mk/?v=untitl1288967315.jpg)
-
(http://pic.mk/thumbs/untitl1288967315.jpg) (http://pic.mk/?v=untitl1288967315.jpg)
Хах исто како мене си се заебал,јас така го поврзав потенциометарот на тоа појачалото од 24W и едвај се регулираше и тоа на крај кога е свртен потенциометарот ;D :D
-
(http://pic.mk/thumbs/untitl1288967315.jpg) (http://pic.mk/?v=untitl1288967315.jpg)
Епа не треба така ;D.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/vaka_treba.jpg)
Е вака теба ;). Како напонски делител ;).
Малку е за никаде сликата, ама не можев подобро ;D.
-
еее фала ти многу, баш ке пробам. идеата ми беше за да видам каков пот. да набавам, дали од 50 или од 100k. ај ке пробам па ке ви кажам како ми изгледа подобро
-
еее фала ти многу, баш ке пробам. идеата ми беше за да видам каков пот. да набавам, дали од 50 или од 100k. ај ке пробам па ке ви кажам како ми изгледа подобро
50K/47K логаритамски потенициометар е стандард за volume контрола на аудио засилувачи ;).
-
епа супер тогаш :)
-
Гига Ват, не поставувај такви критериуми... ;D :D ;)
-
Гига Ват, не поставувај такви критериуми... ;D :D ;)
Па во приницип, до некаде е стандард, повеќето DJ миксери (од повисока класа се разбира), ги дефинираат нивоата на излезен сигнал при оптеретување на излезот од 50K или 47K ;).
-
дали има некој интегралец кој е дигитален фрекфенциометар за VHF? Нешто како интегралецот дигитален волтметар.
Целта ми е, со еден интегралец, дисплеј и нешто ситно, да направам уред за мерење на фрекфенција
-
Имаше во микроконтролери еден фреквенциометар со пик, мислам до 50 мегахерци беше, види го тој.
-
Знам, ама малце е тој. Ми треба до 300MHz.
-
Тој од Борче што беше до 1,2 гигахерци?
-
супер, фала ти. јас сосем го заборавив овој фрекфенциометар :(
-
(http://pic.mk/thumbs/untitl1288967315.jpg) (http://pic.mk/?v=untitl1288967315.jpg)
Епа не треба така ;D.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1715.0;attach=1596)
Е вака теба ;). Како напонски делител ;).
Малку е за никаде сликата, ама не можев подобро ;D.
In и Out да си ги сменат местата инаку ке страда изворот.
-
Вака?
(http://pic.mk/images/treba.jpg)
-
Вака?
(http://pic.mk/images/treba.jpg)
Да да, deophorant во право е, сум се збунил кога цртав, набрзинка ја нацртав ;D.
-
Да не знае некој за што може да се употреби овој операциски засилувач?
(http://pic.mk/thumbs/op1289430396.jpg) (http://pic.mk/?v=op1289430396.jpg)
-
Колега можеш да го употребиш во шема за филтер за ниски фреквенции ;)
Еве шема
http://www.eleccircuit.com/low-pass-filter-circuit-10khz-using-ua741/
-
Оооo oва коло е бајаааги познато,еден доста познат операциски засилувач ;D.Само пиши го името и ќе ти излезат 2000 шеми на google,па види како ќе го искористиш ;) ;D Имав поставено и шема за аларм со NE555 и uA741 ;) ако те фаќа око направи го алармот ;D
-
a може како аудио предпојачало ?
Дали е замена за TL061?
-
a може како аудио предпојачало ?
Дали е замена за TL061?
Eве ти шема за пред појачало со uA741 http://hmin.tripod.com/als/fsmyth/drawings/audio/741amp21.gif
;) :)
Не,uA741 не е замена за TL061. ;)
-
Може да се користи како замена за TL 061 распоредот на пинови е ист ;)
Еве ти шемички за предпојачала па одбери си некоја ;)
http://schematiclibrary.com/amplifier-guitar-preamplifier-741.html
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/UNIVERSAL-PREAMPLIFIER.jpg)
Еве и тон контрола која има и предпојачало
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/tone-control-using-741-ic.jpg)
-
(http://pic.mk/thumbs/tranzi1289432762.jpg) (http://pic.mk/?v=tranzi1289432762.jpg)
значи треба да се ограничи струјата што ке тече низ транзисторот bd135, Vin е влез од интегралец, +5V е напојувањето, и низ транзисторот bd135 треба да тече струја од 200мА за празнење на батерија, па добро ли е поставен тримерот, или треба да се постави негде другде??? треба да користам дарлингтон транзистори дека излезот на интегралецот е веќе доволно оптоварен, па нема доволно струја за сам да го "вози“ транзисторот....па ок ли е таму поставен тримерот или ке треба да се преместува....
-
741 не е добар за да се користи во аудио делот, ова ти е општо наменски со поголем шум така да нема да е супер за аудио
-
741 не е добар за да се користи во аудио делот, ова ти е општо наменски со поголем шум така да нема да е супер за аудио
а вака за што може да се искористи?
-
741 не е добар за да се користи во аудио делот, ова ти е општо наменски со поголем шум така да нема да е супер за аудио
а вака за што може да се искористи?
Општонаменски е, повеќето средни школи прво на него учат дека малку е тешко да го зезнеш ;D. Инаку реално гледано нема некоја преголема примена во нитуедбна техника, освен дека е пионир во операциските засилувачи (мислам дека е прв прозиведен операциски засилувач ;), мада не ме земајте за збор).
-
Колега повеќето операциски засилувачи од типот на Tl o82, TL 081, TL 062, uA 741, TL 071 може да се искористат најрационално во шеми кај филтри за ниски фреквенции ;)
Еве ја шемата од предтоа ;)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/low-pass-filter-circuit-10khz-using-ua741.jpg)
Нека не те буни што е интегралецот LM 741 истиот интегралец е ;)
-
(http://pic.mk/thumbs/tranzi1289432762.jpg) (http://pic.mk/?v=tranzi1289432762.jpg)
значи треба да се ограничи струјата што ке тече низ транзисторот bd135, Vin е влез од интегралец, +5V е напојувањето, и низ транзисторот bd135 треба да тече струја од 200мА за празнење на батерија, па добро ли е поставен тримерот, или треба да се постави негде другде??? треба да користам дарлингтон транзистори дека излезот на интегралецот е веќе доволно оптоварен, па нема доволно струја за сам да го "вози“ транзисторот....па ок ли е таму поставен тримерот или ке треба да се преместува....
can someone help me please?? треба вечерва да го правам ова...па ВЕ МОЛАМ помагајте..
Споено мислење: [time]11 Ноември 2010, 19:34:47[/time]
и сега уште еден проблем имам со една батерија...на брат ми другарче му донесле батерија за Nikon апарат дека старата не ја бивало, арно ама батеријата не ја бива... батеријата е со ознака EL-EL1
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/216661847.jpg)
еве и слика од батеријата, ја мерев со унимер, ама не покажува никаков напон, значи батеријата е нова, неможе да се смени (од америка му е донесена) а нова е 1800 денари, па ме замоли ако може да ја оправам, па се мислам дека нешто во внатре е некоја жичка (или што и да има внатре) е скратена па затоа нема ништо на излез...па да кажете дали ми е добра идејата да ја отварам батеријата дека порано немам отварано таква батерија (Li-ion) дали може нешто да зафркнам внатре нешто...
Споено мислење: [time]11 Ноември 2010, 20:06:45[/time]
батеријата ја отворив и внатре имаше две батерии, на едната напонот и беше 0,8V, а на другата унимерот покажуваше 10mV што според мене (а и така е) едната батерија е рикната...па би имало ли спас за батеријата или нова ке треба да се земе?? јас се мислев да побарам негде такви Li-ion батерии па да ги сменам овие..па добра ли е идејата???
-
Колеги,ај сеа да ве питам нешто,хах :D.Колово е за трепкач,како на полициските светла тие плаво-црвени што трепка едното па другото е сега моето прашање...Место да има по две лед диоди,значи две за црвено,и две за плаво светло јас сакам да ставам по 4,значи да бидат 4 за црвено и 4 за плаво светло,но дали ќе треба да ги сменам излезните транзистори тие BC547 со некои малце по јаки или да терам со нив?Да ставам BC548? :)
Шемата: :D
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/PoliceLights-2.gif)
-
може ке биде на граница ама мислам дека ке издржат и тие. ма да имаш и полесни шеми од ова со само NE555, што ке му е другото коло...
-
може ке биде на граница ама мислам дека ке издржат и тие. ма да имаш и полесни шеми од ова со само NE555, што ке му е другото коло...
Aко не да му шибнам на колото 2х2N3055 хахахха :D :D ;D,ај ќе му ставам BC548 па ќе видам :D
-
Еве ти две шеми можеби полесно ке се снајдеш
-
сериски стави ги тие останатите диоди и намали го отпорникот за ограничување на струјата низ нив :D
и ке имат одговор за моето прашање?? (please???)
-
сериски стави ги тие останатите диоди и намали го отпорникот за ограничување на струјата низ нив :D
и ке имат одговор за моето прашање?? (please???)
Oд колку оми да бидат тие отпорници,од 220Ω
-
види некоја од шемите од Батка или шема со само NE555, сакаш да ти направам шема со трепкач со неколку IC ? :D
-
види некоја од шемите од Батка или шема со само NE555, сакаш да ти направам шема со трепкач со неколку IC ? :D
Поиќе мерак ми праи вака со повеќе лемење хехехе ;D :D.Само ова транзисториве ме бунат малце...,а што е разликата помеѓу BC546-547-548? ;D
-
Во овој случај - ништо!Нема разлика!!! ;D ;D ;D
-
види некоја од шемите од Батка или шема со само NE555, сакаш да ти направам шема со трепкач со неколку IC ? :D
Поиќе мерак ми праи вака со повеќе лемење хехехе ;D :D.Само ова транзисториве ме бунат малце...,а што е разликата помеѓу BC546-547-548? ;D
работен напон им е разликата ;D
-
Кој работен напон -12 волти????
-
па он праша што е разликата помеѓу тие, јас му ја кажав :D
-
Еве што вика ECA VRT ;D ;)
BC546-80V(само волку пишуваше :D)
BC547-Uni, 50V, 0,1A, 0,5W, 300MHz
BC548-30V(и тука само волку пишуваше :D)
Бојан беше во право,изгледа само работниот напон им е разликата... ;D
-
Во овој случај го збунувате човекот - тие разлики за шемите кој тој ги бара не му се битни.Тој ке работи со мах. 12 В и може да го употреби било кој транзистор! Тоа сакав да кажам.
-
Дечки да не знае некој за што служи TDA7309D, пише аудио процесор со дигитален стерео потенциометар, дали е само тоа потенциометар или има и нешто друго?
Datasheat:
http://www.alldatasheet.com/datasheet-pdf/pdf/25115/STMICROELECTRONICS/TDA7309D.html
-
Мислам дека е само дигитален потенциометар и ништо друго.
-
Направив напојување за волтметарот, па проверував дали на излез го има посакуваниот напон. Го правев според оваа шема:
(http://gilmore2.chem.northwestern.edu/images5/balkishan3.gif)
И за неа направив плочка:
(http://www.pic.mk/thumbs/napoju1290956093.jpg) (http://www.pic.mk/?v=napoju1290956093.jpg)
Мерев после грецот имав 12,6V (трафото вади околу 10V / 500mA) после мерев од плусот кон маса (GND) и имаше околу 4,7V. Мерев и од излезот на 7805, вадеше околу 4V, а на излезот од 7905 имаше помалце од волт, поточно 0,7V. Сега не ми е јасно, дали е лошо заземјувањето (користам кутија од компјутерско напојување) или имам некоја грешка?
Однапред Ви благодарам
-
на трафото тој средниот извод т.е. маса го поврза со масата од колото??
-
Немам трет извод од трафото, го извадив од адаптер 220 - 9V.
Ако го поврзам на заземјување од штеќерот, наместо на кутијата, истото ќе биде, така?
-
Колега чим имаш бваква грешка во напонот изводите на интегралците не ти се добро поставени ;)
Излезот на влези или некако обратно ти се поврзани чим вака те зафркава ;)
-
Немам трет извод од трафото, го извадив од адаптер 220 - 9V.
Ако го поврзам на заземјување од штеќерот, наместо на кутијата, истото ќе биде, така?
Не баш, тоа е „земја“ (маса, заземјување) за наизменичен напон, не и за еднонасочниот (и најчесто е повисок од „нула“), а има и сосема подруга функција од масата за еднонасочниот напон.
-
одма дознав што е?АА? :P ;D
немаш некое друго трафо!?
-
(http://www.pic.mk/thumbs/napoju1290956093.jpg) (http://www.pic.mk/?v=napoju1290956093.jpg)
Прво,според мене грешно ти е поврзувањето!Едниот дел убаво си го направил,ама овој другиот со 7905 ти е грешен...Треба исто да го поврзеш како другото коло тоа 7805,а ти од 7905 влезот си го поврзал на маса или 0 што не треба така треба да е исто поврзувањето како со 7805,втора работа не можеш да имаш симетрично напојување од трафо само со 2 жици,за да имаш симетрично напојување треба трафото да има 3 жици а не 2! ;D
-
наместо излезот од негативниот дел 7905 да си го продолжил кон кондензаторот од 100 нано ти си го поврзал на минус!а масата заземјувањето си требал со средниот вод од двете инт. кола да си го поврзел и со средниот вод од трафото!
-
Прво,според мене грешно ти е поврзувањето!Едниот дел убаво си го направил,ама овој другиот со 7905 ти е грешен...Треба исто да го поврзеш како другото коло тоа 7805,а ти од 7905 влезот си го поврзал на маса или 0 што не треба така треба да е исто поврзувањето како со 7805...
Не мора да значи, неоки изведби на 7905 (од некои производители) имаат баш таков распоред на пинови, и јас имам начекано таков распоред неколку пати :S.
-
Колега чим имаш бваква грешка во напонот изводите на интегралците не ти се добро поставени ;)
Излезот на влези или некако обратно ти се поврзани чим вака те зафркава ;)
Колега јас ги поставив според овие сликите:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/7805_J.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/7905.jpg)
Веројатно проблемот е што го немам третиот извод од трафото.
Сколс, ќе побарам ако најдам некое друго трафо, ако не, дали ќе можам да земам од тоа 220 - 24V што служи за напојувањето, што ми го донесе ти, секако со еден 7812 регулатор?
-
Мислам дека ако немаш уште една жица од трафо 0 (маса) можеш на самото јадро од трафото да залемиш жица и да добиеш маса :) Пробај па кажи ни што си направил ;)
-
не,неможе дека тоа нема среден извод!Т.е. делител на напон на пола!Едниот извод од трафото е за 28 волти другиот мислам дека е за 24волти додека третиот е нулата!
Споено мислење: [time]28 Ноември 2010, 17:06:19[/time]
Мислам дека ако немаш уште една жица од трафо 0 (маса) можеш на самото јадро од трафото да залемиш жица и да добиеш маса :) Пробај па кажи ни што си направил ;)
така ако направи исто ќе биде!Треба напонот од трафото да го подели на два напона од 7.5 волти!
-
Колега чим имаш бваква грешка во напонот изводите на интегралците не ти се добро поставени ;)
Излезот на влези или некако обратно ти се поврзани чим вака те зафркава ;)
Колега јас ги поставив според овие сликите:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/7805_J.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/7905.jpg)
Веројатно проблемот е што го немам третиот извод од трафото.
Сколс, ќе побарам ако најдам некое друго трафо, ако не, дали ќе можам да земам од тоа 220 - 24V што служи за напојувањето, што ми го донесе ти, секако со еден 7812 регулатор?
Поврзувањето зависи и од производителот на регулаторот...Не викам не,во право си Giga :).Кажи што марка е тоа регулаторот па да видиме даташит и да видиме изводите ;D.
-
7805 e од ST Microelectronics.
7905 е со тоа Е искривено, некаде на форумот прочитав дека било кинеско.
-
.....
Мерев после грецот имав 12,6V (трафото вади околу 10V / 500mA) после мерев од плусот кон маса (GND) и имаше околу 4,7V. Мерев и од излезот на 7805, вадеше околу 4V, а на излезот од 7905 имаше помалце од волт, поточно 0,7V. Сега не ми е јасно, дали е лошо заземјувањето (користам кутија од компјутерско напојување) или имам некоја грешка?
Однапред Ви благодарам
Вака, според мене проблем ти е трафото. Во шемата што ја користиш е наведено трафо со секундарен напон од 15 V. Ти користиш трафо со секундар од 10 V.
За да функционира стабилизатор од типот 78хх или 79хх мора да има на влез напон за 2 V поголем од излезниот. Тоа значи дека, ако сакаш на излез да добиеш стабилизирани 5 V, на влезот од 7805 мора да донесеш напон поголем од 7 V. За негативниот исто така. Тоа значи дека МИНИМУМ 14 V мора да имаш напон после грецот.
Друг проблем е средниот извод. Немаш среден извод.. За помали струи би функционирало и без среден извод незнам, останува да се проба.
А што се однесува до лемење жица дирекно на јадрото - ништо нема да се добие со тоа. Јадрото е неутрално во однос на влезниот и излезниот напон. На него едино може (и треба! ) да се поврзе заземјувањето од електричната мрежа поради исклучиво заштитна функција. ;)
-
Мислам дека ако немаш уште една жица од трафо 0 (маса) можеш на самото јадро од трафото да залемиш жица и да добиеш маса :) Пробај па кажи ни што си направил ;)
WOW :o, не знам од кај ви текна дека може средниот извод да се вади од јадрото на трафото,ако нешто не знаете немојте да давате погрешни совети. На шемата убаво ти пишува дека треба 15V CT(center tapped), значи 15 волти (односно 2х7,5 волти) трансформатор со среден извод.
-
Во ред, ќе го набавам потребното трафо, и се надевам ќе завршам работа :)
Ви благодарам на сите. Имате + репутација од мене.
-
И кога ке ги земеш стабилизаторите за (позитивниот и негативниот) напон колега гледај да ти бидат од иста фирма затоа што јас кога земав едниот покажува 11,33 волти а другиот 11,88 волти ама како и да е земи ги од иста фирма за да работи уредот со ист (приближен симетричен напон) на двата регулатори бидејќи така е најдобро ;)
-
Дечки да ми препорача некој, некој ЛЕД Драјвер и ако може да ми пише како се движат цените.
Сакам да правам ЛЕД дисплеј :)
-
лед дисплеј со ПИЦ,движечки текст!?
-
па целата идеа е да дисплеј со ЛЕД и тоа на секоја "цртичка" да има по 4-5 ЛЕД
-
па целата идеа е да дисплеј со ЛЕД и тоа на секоја "цртичка" да има по 4-5 ЛЕД
Аууууу, сега те сватив, ти сакаш да правиш алфанумерички дисплеј, ама рачно, така?
-
па целата идеа е да дисплеј со ЛЕД и тоа на секоја "цртичка" да има по 4-5 ЛЕД
Аууууу, сега те сватив, ти сакаш да правиш алфанумерички дисплеј, ама рачно, така?
точно така :) ама нели ЛЕД драјвер е ист без разлика дали се работи за дисплеј како мојот што сакам да го правам, ЛЕД дисплеј или ЛЦД дисплеј? Извинете ама во оваа област не се разбирам па затоа немам претстава :(
-
а што ке ти е лед драјвер??? ти ја сваќам идејата, ама неможам да сватам зашто ке ти е лед драјвер...
-
Колега,јас не сватив :D сакаш да правиш „home made“ LED дисплеј,таков 7 сегментен или нешто друго?Ако ти е за таков,не ти требаат никакви драјвери ;) ;D...
-
Веројатно нешто овака сакаш.
-
(http://pic.mk/images/1111291027887.jpg)
иначе како батка што пиша... а ЛЕД драјверот ми треба за да не се оптеретува пикот од многуте ЛЕД.
Видов дека 74HC541 е лед драјвер :) само да не знае дали го има кај нас и колку пари е?
-
иначе како батка што пиша... а ЛЕД драјверот ми треба за да не се оптеретува пикот од многуте ЛЕД.
Видов дека 74HC541 е лед драјвер :) само да не знае дали го има кај нас и колку пари е?
74HC541 го имаш во гац 20-30ден е ;) ;D
-
иначе како батка што пиша... а ЛЕД драјверот ми треба за да не се оптеретува пикот од многуте ЛЕД.
Видов дека 74HC541 е лед драјвер :) само да не знае дали го има кај нас и колку пари е?
74HC541 го имаш во гац 20-30ден е ;) ;D
фала за информацијата, имаш реп+
-
абе не се мачи со такви работи ставај транзистори и решен проблемот :)
-
па да тоа е исто, само мислев за помалце место да зафаќа па затоа... ама изгледа подобро е со транзистори бидејки тоа ке ме фати 0 денари бидејки ги имам :)
-
Не знам што ти е намерата,ама има во еден *Радио-аматер* од 81 година изработен поединечен ЛЕД дисплеј со микропрекинувачи и одбични диоди чија комбинација даваше знак на дисплејот.Можеш да си направиш дисплеи пожелба! :D Ја немам шемата,ама беше многу едноставна и направивме една реклама за Нова Година по тој пример.
-
абе не се мачи со такви работи ставај транзистори и решен проблемот :)
ми го зема зборот...транзистор и терај си..не да се зафркаваш со интегралци па како се поврзуваат и такви работи...
-
да не знае некој што се овие делчиња? личат на транзистори ама имаат многу жички
(http://pic.mk/thumbs/2010121117.jpg) (http://pic.mk/?v=2010121117.jpg)
-
да не знае некој што се овие делчиња? личат на транзистори ама имаат многу жички
(http://pic.mk/thumbs/2010121117.jpg) (http://pic.mk/?v=2010121117.jpg)
Има интегрални кола во такви куќишта, најверојатно се тоа.
-
и мене ми личат на интегралци...
-
а кои типови на интегралци се во вакви куќишта и дали сеуште се продаваат такви?
-
интергралци од типот LM!Ја го користам LM311N во вакво куќиште т.е. TO-220
-
неверувам да се баш LM, може било кој интегралец да е...
-
не дека само од ЛМ типот,но и од други типови!Јас само овој го кажав како пример!
-
дали некој има направено амперметар со ICL7107 ? Сакам да направам такво нешто
П.С. ако некој знае што се може да се нарави со ICL7107 нека пише ;)
-
дали некој има направено амперметар со ICL7107 ? Сакам да направам такво нешто
П.С. ако некој знае што се може да се нарави со ICL7107 нека пише ;)
Eпа може тоа волтметарот,до 200mV,2V,20V,200V и 2000V.После може ампер метар,мислам дека мереше до 2А,5А и 10А.После тоа можеш ESR метар да направиш и мерач на температура за PC-то ;D ;).За да направиш ампер метар,направи ја 200mV верзија и стави шант отпорник ;) :D.
-
аха а шемата за 200mV односно амперметарот е оваа:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/ICL7107_volt_meter.jpg)
Иначе како мислиш да направам термометар за ПЦ? за компјутер ли? Да не има внатре во чипот и термо сензор?
-
не мисли да го поставиш на ладилникот и тој ќе мери!
-
Иначе како мислиш да направам термометар за ПЦ? за компјутер ли? Да не има внатре во чипот и термо сензор?
Не не не,не така :D него се додаваат уште три термистори...Ај ќе отворам нова тема и таму ќе ја ставам шемата :) ;)
-
Ај баш стави шема да видиме. Само пиши дали шемата ја имаш правено или некој другар ја правел
-
абе поубаво е со ЛЦД дисплеј,не со ЛЕД!Ама мада е поскап овој ЛЦД-во,за жал! >:(
-
луѓе би ми предложиле ли да ставам tic226d на греалка една што е 1KW за да си регулирам колку да се загрева греачот, односно колку топло да ми дува...значи дали би ми предложиле низ tic226d да пиштам струја од ~5А, тој издржува 8А RMS...и ке си има ладилниче едно на него и воздух ке го дува цело време...па добра ли ми е идејата???
-
Имат теоретска поткрепа дупла шкоти диода, налик на танзистор, да работи како транзистор, или башка си се одвоени две диоди, само во едно куќиште ?
-
луѓе би ми предложиле ли да ставам tic226d на греалка една што е 1KW за да си регулирам колку да се загрева греачот, односно колку топло да ми дува...значи дали би ми предложиле низ tic226d да пиштам струја од ~5А, тој издржува 8А RMS...и ке си има ладилниче едно на него и воздух ке го дува цело време...па добра ли ми е идејата???
Па според мене добра ти е,зш да не ;D.Штом тријакот/тиристорот(се ги мешам да му еб*м мајката :D)може да ја издржи струјата која ќе ја повлече греалката тогаш немај гајле...Ова исто важи и за напонот :) ;)
*=а
-
Имам една идеа, сакам да направам мојот термометар да покажува надворешна и внатрешна температура.... значи со два сензори ке биде, е сега дали има некој таков прекинувач што ке овозможи со лесно префрлање од еден сензор кон друг сензор? Важно е прекинувачот да прекинува и спојува 2 жички...
-
Таков прекинувач можеш да најдеш во стари радија (касетофони) ;).
-
Имам една идеа, сакам да направам мојот термометар да покажува надворешна и внатрешна температура.... значи со два сензори ке биде, е сега дали има некој таков прекинувач што ке овозможи со лесно префрлање од еден сензор кон друг сензор? Важно е прекинувачот да прекинува и спојува 2 жички...
не се вика прекинувач туку тоа е преклопник,лесно би ти било со ПИЦмикроконтролер и два сензора,
сензорите ќе се активираат дали да мериш една температура или друга да се направи со избор на тастер,да има еден ЛЕД или ЛЦД дисплеј.Дали ти Дексер сакаш да биде ова слично на термостат т.е. да пали или гаси некој уред преку реле.Таков проект одвај направив но и напишав програма.Се нагодува и прикажува на ЛЦД дисплејот.
-
Имам една идеа, сакам да направам мојот термометар да покажува надворешна и внатрешна температура.... значи со два сензори ке биде, е сега дали има некој таков прекинувач што ке овозможи со лесно префрлање од еден сензор кон друг сензор? Важно е прекинувачот да прекинува и спојува 2 жички...
не се вика прекинувач туку тоа е преклопник,лесно би ти било со ПИЦмикроконтролер и два сензора,
сензорите ќе се активираат дали да мериш една температура или друга да се направи со избор на тастер,да има еден ЛЕД или ЛЦД дисплеј.Дали ти Дексер сакаш да биде ова слично на термостат т.е. да пали или гаси некој уред преку реле.Таков проект одвај направив но и напишав програма.Се нагодува и прикажува на ЛЦД дисплејот.
А зошто да не ги мери и двете температури истовремено и наизленично да ги прикажува ;). Така ќе го избегнеме она штракањето на преклопникот. Ќе треба само уште еден вод плус (еден вод може да биде заеднички за двата термо сензори, само што во тој случај едниот напон ќе биде негативен, па ќе мора да да се множи со -1).
-
а таков преклопник како да го барам под кое име? значи треба да прекинува и спојува 2 контакти.
Иначе неможам да направам да покажува едновремено, како би го извел тоа? мене ми треба за термометарот со дисплеј од Нокиа 3310
-
Иначе неможам да направам да покажува едновремено, како би го извел тоа? мене ми треба за термометарот со дисплеј од Нокиа 3310
Па како што кажав, ќе ги мери двата термо сензори исовремено и ќе ја прикажува температурата од двата истовремено на дисплеј, само за тоа ќе треба да се менува програмата :S.
-
ама и шемата а може ке треба и друг пик со повеке нозе?
-
ама и шемата а може ке треба и друг пик со повеке нозе?
Треба да се види дали има слободни велезови во веќе постоечкиот и дали има два А/D конвертори :S.
-
не,немора да има ПИЦ со повеќе ножички.Може и PIC16F628 со 2 сензори.
Гига е во право,може да се прикажат двете температури на ЛЦД дисплејот.Едната темп. во првиот ред а другата темп. во 2 ред од ЛЦД дисплејот.Така да може,јас си мислев да се прави со ЛЕД дисплеи и затоа со копче,на пример ако е со три ЛЕД дисплеи и со тастерот ќе се менува која температура да се прикажува.За сензорите,се потребни две магистрали,една за еден сензор,другата за другиот.
-
За сензорите,се потребни две магистрали,една за еден сензор,другата за другиот.
Како што реков, не мора две, едната ногичка од сензорите може да е заедничка и за двата сензори, така да потребни ќе бидат само три вода место четири ;).
-
мислам дека ако се поврзат паралелно,односно како што викаш мислам дека ќе има грешка во мерењето и микроконтролерот ќе се збуни.И јас сакав вака да ги поврзам на еден ист пин двата сензори кои пренесуваат податоци,прашав во Логинг и ми рекоа дека ќе има грешка во вчитувањето,но и расипување на сензорот.
-
мислам дека ако се поврзат паралелно,односно како што викаш мислам дека ќе има грешка во мерењето и микроконтролерот ќе се збуни.И јас сакав вака да ги поврзам на еден ист пин двата сензори кои пренесуваат податоци,прашав во Логинг и ми рекоа дека ќе има грешка во вчитувањето,но и расипување на сензорот.
Не паралелно, само еден вод да имаат заеднички, значи да биде како симетрично напојување ;). Значи место четири пина, да се потребни само 3.
Се надевам сега ме свативте ;).
-
да де,ама пак ќе има грешка.Незнам да се проба. :'( :D
-
не,немора да има ПИЦ со повеќе ножички.Може и PIC16F628 со 2 сензори.
да ама термометарот со екран од 3310 работи со PIC12F675 a не со PIC16F628, така да сепак ке мора пик со повеке жички како на пример PIC16F628 само што не сум оптимист многу за ова оти треба да се преправи HEXот а со преклопник мислам дека е најлесно (не и најдобро ама наједноставно). Само како се вика тој преклопник, стерео преклопник или?
-
да де,ама пак ќе има грешка.Незнам да се проба. :'( :D
Па по некоја логика, не би требало да има, јас барем мислам така, мада не сум пробал за да знам, ама барем теоретски, не би требало да има ;).
-
Dx-er за да го драјвуваш тој ЛЦД дисплеј т.е. да напишеш програма за него е многу тешко,јас побарав помош од Гоце и он ми рече дека ќе биде тешко,претходно видов на еден странски форум шеми како се поврзува и дел од програма.Затоа мислам да земеш ЛЦД дисплеј 2*16 и 2 сензори,еден ПИЦ и некои материјали.А тоа што викаш преклопник е слично на прекунувач,прекинувачот(стандарден) има 3 извода еден ќе се користи како заеднички а другите 2 од страна тие на нив ќе ги поврзеш средните пинови од сензорите(DS1820) и така да се избере првиот сензор ти ќе го пуштиш преклопникот во една положба,а за другиот обратно.
-
Dx-er за да го драјвуваш тој ЛЦД дисплеј т.е. да напишеш програма за него е многу тешко
Нормално, затоа јас цело време барам решение со преклопник а не со пик...
Ај некој ако знае нека пише како се вика тој преклопник.
-
Епа чим има место за прашања, да прашам и јас :D :D :D околу спецификациите на транзисторите
1Што им значи тоа тотална дисипација? Каква врска има со моќта на транзисторот?
2 Ако на некој транзистор пишува 99В 10А 150W дисипација и ако го опниме на 100В на 10оми(да врват 9.9А) мислам дека ќе прегори за 5 микросекунди. Зошто кога ни напонот ни струјата не сме ги пречекориле ? Секако транзисторот да е монтиран на соодветен ладилник-инаку јасно ми е-ради температурата :)
-
затоа што теоретски и практично никогаш не иде исто :)
-
дисипацијата не се мери така, дисипацијата зависи и од напонот што го има на колектор, и напонот што е на емитер и струјата што тече низ него, како точно се пресметува (формула) незнам, некој ако знае го молам да пише....
П.С. нели е темава за во аналогна електроника???
-
Нели е тоа засилување... ???
-
Епа чим има место за прашања, да прашам и јас :D :D :D околу спецификациите на транзисторите
1Што им значи тоа тотална дисипација? Каква врска има со моќта на транзисторот?
2 Ако на некој транзистор пишува 99В 10А 150W дисипација и ако го опниме на 100В на 10оми(да врват 9.9А) мислам дека ќе прегори за 5 микросекунди. Зошто кога ни напонот ни струјата не сме ги пречекориле ? Секако транзисторот да е монтиран на соодветен ладилник-инаку јасно ми е-ради температурата :)
Не мора да значи дека одма ќе изгори, едноставно може да прегрее, башка, тоа се максмални дефинирани вредности на транзисторот, тоа не значи дека треба нормално да работи во неговите максимални граници, значи дека може да ја издржи таа моќност, но само многу краток временски период, неколку микросекунди. Може и да прегори, а може и да не прегори, зависи од квалитетот на изработката (дали е Кинески или не ;D) и од тоа колку стар, дали бил претходно изложуван на такви екстремни услови на работа, итн. Многу фактори влијаат врз работата на транзиторите, но обично кога се избира транзистор за било која апликација, се гледа максималните напони и струи кои поминуваат низ него да не бидат поголеми од 70% од неговите максимално дефинирани напони и струи ;).
Сега јас да постава едно прашање. Ми останало (од некогаш, не знам ни кој ми го дал ;D) еден Sony PS1, расипан е, но исправно му е напојувањето, па се мислев да правам некаков тип на засилувач со него, некој едноставн, онака за по дома ;) (плус, немам звучници за другиот компјутер ;D, а имам два пара звучници од стари телевизори ;D, но не и засилувач за нив :S). Напоните кои ги дава напојувањето се 7.5V и 3.5V. Тој 3.5V-ниот излез не ми треба, но 7.5V-ниот може да го искористам за некаков тип на интегриран засилувач. Гледав некои интегрирани кола кои се наменети за car audio засилувачи и ми падна во око TDA1519A (2X11W, минимален работен напон му е 6V, барем на хартија, односно така пишува во datasheet-от ;D, има коло за мек старт, заштита од пренапон, заштита од преголема температура, итн.). Шемата за засилувачот е екстремно проста, па затоа и го избрав, има минимален број на екстерни компоненти (неколку кондензаторчиња за спрега и тоа е тоа ;D). Е сега, се мислам дали воопшто да го правам бидејќи минималниот работен напон му е 6V, но од кај да знам дека на некој нова верзија што ја направиле не му го дигнале минималниот работен напон :S (имаше некои модели на вакви car audio засилувачи произведени до ST кои имаа минимален работен напон од 8V). Според сервисната шема, на 7.5V-ниот rail напојувањето може да даде околу 3A струја, што мислам дека е доволно за волку слаб засилувач (башка, не планирам ни тие 11W целосно да гги користам).
Сакав да прашам неколку прашања:
1) Дали некој знае начин како да ги сумирам овие два напона, да можам да добијам напон од 11V (7.5V + 3.5V =11V). Бидејќи и двата напони имаат заедничка маса, не гледам начин како тоа може да се изведе, но си викам, зошто да не прашам ;).
2) Дали може да се најде колово кај нас?
3) Дали има некој можеби подобар предлог, некое друго интегрирано коло кое има понизок работен напон (на пример 5V или 4.5V, па после да има во него вградено step up конвертор и да дава повисок напон), или можеби да предложи некое друго решение, без интегрирано коло, било каква идеја ;).
Инаку еве и datasheet за колото, доколку некој сака да го види ;).
http://www.datasheetcatalog.com/datasheets_pdf/T/D/A/1/TDA1519A.shtml
-
а да пробаше да мериш напон помеѓу 7,5V и 3,5V излези што се, значи не спрема маса, него едниот шилец на 7,5Vниот излез, а другиот на 3,5Vниот излез да видиш што напон ке добиеш...ти текнува што мислам???
-
имав постирано едно појачалце од 2вати со 3-4 транзистори работи и на 6-7волти(пробано), ќе тера добро, а и транзисторите може да се заменат со кој био , јас излезни стајф бд242, еден бц639 и бц 140(или139) тераше, но максимумот му е до 15 волти. Исто така мирната струја мора да се штелне саглам.
-
3) Дали има некој можеби подобар предлог, некое друго интегрирано коло кое има понизок работен напон (на пример 5V или 4.5V, па после да има во него вградено step up конвертор и да дава повисок напон), или можеби да предложи некое друго решение, без интегрирано коло, било каква идеја ;).
Јас ти го препорачувам TDA7266 (7 W + 7 W dual bridge amplifier), работи од 3V до 18V (јас го терам на 10V), даташит можеш да видиш на сајтот на ST (blink, blink ;)), го имам направено и супер си работи, ако не се снајдеш кажи, имам вишак ;)
-
а да пробаше да мериш напон помеѓу 7,5V и 3,5V излези што се, значи не спрема маса, него едниот шилец на 7,5Vниот излез, а другиот на 3,5Vниот излез да видиш што напон ке добиеш...ти текнува што мислам???
Разликата ја дава :S, околу 4.1V (не се баш точно 7.5V и 3.5V, ама тука некаде се, затоа и 4.нешто V е разлката).
3) Дали има некој можеби подобар предлог, некое друго интегрирано коло кое има понизок работен напон (на пример 5V или 4.5V, па после да има во него вградено step up конвертор и да дава повисок напон), или можеби да предложи некое друго решение, без интегрирано коло, било каква идеја ;).
Јас ти го препорачувам TDA7266 (7 W + 7 W dual bridge amplifier), работи од 3V до 18V (јас го терам на 10V), даташит можеш да видиш на сајтот на ST (blink, blink ;)), го имам направено и супер си работи, ако не се снајдеш кажи, имам вишак ;)
Е ова не е лоша идеја ;). Ќе го симнам datasheet-от и ќе го прочитам ;). А има ли верзија од истиот која е 10W+10W, или 11W+11W, нешто така? Ова го прашувам заради тоа што вчера баш го тестирав напојувањево, му ставив отпорник од 15 оми, 40W, го загреа без проблем :D, струјата што ја даде беше поглема и од 3A ;D, а на напојувањето не му прегра нитуедна компонента, така работеше цели 15 минути ;) ;D. На веремето ги изработувале како што треба ова swicthing напојувањава, башка Made In Japan е ова, не е Made In China ;D. Мада малку чудно изработено е, не е баш swicthing, а не е ни баш стандардно напојување... мислам switching е, ама не е баш типично изведен, нема интегриран контролер, туку има само еден осцилатор изведен со транзистор и неколку околни компоненти, осцилира на фреквенција од околу 300KHz. Баш тоа ме изненади, малку чудна изведба, ама тоа е тоа ;) ;D.
Како и да е, ќе разгледам од таа серија на аудио засилувачи, со минимален работен напон од 3V ;). на Google ќе побарам ;).
-
Не сум загледал, може да има и појаки...
-
Не сум загледал, може да има и појаки...
Најдов, TDA7266B ;D, дава 2x10W, а минимален работен напон му е 6.5V ;D (таман на граница). Ќе пробам и со двата, па ќе вдииме што ќе направам ;) ;D.
-
GigaWatt го направи импулсното напојување со тој интегралецот ?
-
Не сум загледал, може да има и појаки...
Најдов, TDA7266B ;D, дава 2x10W, а минимален работен напон му е 6.5V ;D (таман на граница). Ќе пробам и со двата, па ќе вдииме што ќе направам ;) ;D.
Ако ти треба TDA7266 кажи... ;)
-
Не сум загледал, може да има и појаки...
Најдов, TDA7266B ;D, дава 2x10W, а минимален работен напон му е 6.5V ;D (таман на граница). Ќе пробам и со двата, па ќе вдииме што ќе направам ;) ;D.
Ако ти треба TDA7266 кажи... ;)
Па изгледа ќе ти го земам ;D. И онака ќе треба го тестирам колото како се однесува на максимална моќност, така да, ќе ми треба ;D.
GigaWatt го направи импулсното напојување со тој интегралецот ?
Не, немам време сега, полагам испити, тоа бара испитување, дизајнирање, избирање на правилен калем, а немам нитрафо за да го пробам :S. Кога ќе имам повеќе време ќе почнеме да го дизајнираме заедно со Bojan ;).
-
Колега јас можам да ти помогнам за трафо ако немаш ;) За ефтина цена ке средиме работа само пиши по приватна порака ;)
-
имам ја трафо...
-
имам ја трафо...
Ама не дава 35V, 38V дава твоето, па ќе теба пад на напон да му правиме со диоди :S. Малку е зезнатo :S.
-
по 3 пат ти кажувам дека е премотано ;D
-
Зошто кога се ставаат повеќе транзистори паралелно се става отпорник на емитерите ???
-
Ima Deophrant објаснето побарај. Накратко: за да се намалат разликите на засилување, да не прегорат. Може да се стават и индуктивни елементи.
-
по 3 пат ти кажувам дека е премотано ;D
Аааааа, значи сега дава 2 X 35V, епа супер, може да тестираме сега ;) ;D.
-
по 3 пат ти кажувам дека е премотано ;D
Аааааа, значи сега дава 2 X 35V, епа супер, може да тестираме сега ;) ;D.
Чекаме резултати :D
-
значи сега го правев тоа регулаторот за кулерче со MAX6665, арно ама и да не е загреано чипчето кулерот врти и тоа што е пинчето fanon за поврзување на лед диода за да свети кога келерот врти, цело време си свети, кога ке се загрее чипот кулерот се гаси и лед диодата се гаси...па како би се оправило тоа????
-
значи обратно работи. Да не треба да ставиш други отпорници а не по 100k, овие да не се само пример
-
без тие ми е направено, ај сега ке пробам и со нив, ама како што сватив од даташитот може и да работи без нив...
-
без тие ми е направено, ај сега ке пробам и со нив, ама како што сватив од даташитот може и да работи без нив...
ја како што знам според нив се регулира на која температура да се пали кулерот а на која да се гаси
-
грешка си, претходно се програмирани во фабрика на која температура да се палат...види убаво во даташитот...
-
ааа да да, во право си. Него ги стави ли отпорниците ? Дали работи сега ?
-
грешка си, претходно се програмирани во фабрика на која температура да се палат...види убаво во даташитот...
Да, според ознаките на крајот од чипот се гледа тоа, мислам дека за тие што ги имам јас температура на палење им е 80 или 70 степени. А со отпорниците се дефинира колкава да биде хистерезата на палење и гасење ;). Доколку не ги ставиш, околу 10 степени е хистерезата (на пример, стигнува температурата до 80 степени, се пали кулерот и работи се додека не падне температурата до 70 степени и се гаси потоа ;)). Хистереза мора да има за да не се јави оној ефект пали/гаси кога ќе стигне до критичната температура (ќе го олади за еден степен и ќе се изгаси, па после 2, 3 секунди пак ќе ја дигне истата температура, па пак ќе се пушти кулерот, итн., е за да го нема овој ефект, мора да има хистереза на палење и гасење ;)). A инаку со отпорниците се намапалува хистерезата, на пример место да биде 10 степени, ќе биде 5, мада мое лично мислење е дека 10 степени е доволно голема хистереза, кулерот ќе се пал и гаси на приближно една минута или две, од прилика ;) (зависи од тоа колку грее транзисторот, интегрираното коло, што и да е што треба да лади, но од прилика би била толку, значи работи 2 или 3 минутои, па не работи едно минута или две, па после пак се пушта и работи 2 или 3 минути, итн. ;)).
-
а бе луге имате ли читано вие даташит за него???
ај на ви прочитајте ја првата страна...
http://datasheets.maxim-ic.com/en/ds/MAX6665.pdf
;D
-
а да поставиш шема,според која си ја правел?Или според таа од даташитот си ја направил?
-
според таа од даташитот е правена...
-
стави отпорници ?
-
овој разговор треба да се премести во дигитална електроника.Ова не е аналогна. :D
А Бојан што не провериш помеѓу ГНД на колото и излезот каде што е поврзан вентилаторот колкав изнесува напонот,помеѓу тие две точки?
-
0V е напонот помеѓу тие две точки, и исто тоа што е force on треба да се поврзе на гнд за да работи, ова ке го поврзеш на + напојувањето и така се ГАСИ кулерот, а на гнд ако е ништо не се случува... и не, не ставив отпорници, ај сега ке отидам ке му ставам отпорници да видам дали ке се смени нешто...
-
епа сакаш да ти работи без отпорници, стави па ако и тогаш зеза ке му ја мислиме :)
-
Вака сега, врзи го пин 3 за Vdd, пин 2 за Vdd, пин 4 врзи го преку некој отпорник од 100 или 150 оми со анодата на некоја LED диода, минусот од диодата си оди на GND, пинот 5 врзи го преку pull-up отпорник од 100K за Vdd, пин 1 си е GND, пинот 6 исто преку pull-up отпорник од 100K врзи го за Vdd, пин 7 е Vdd, пин 8 е излез кон кулерот, значи минусот од кулерот го врзуваш за пин 8, а плусот од кулерот за напојувањето, колкаво и да е, на пример 12V ;). Ај вака пробај, би требало да функционира ;). Ако не функционира како што треба, смени ги вредностите на pull-up отпорниците од 100K на 10K ;).
-
Вака сега, врзи го пин 3 за Vdd, пин 2 за Vdd, пин 4 врзи го преку некој отпорник од 100 или 150 оми со анодата на некоја LED диода, минусот од диодата си оди на GND, пинот 5 врзи го преку pull-up отпорник од 100K за Vdd, пин 1 си е GND, пинот 6 исто преку pull-up отпорник од 100K врзи го за Vdd, пин 7 е Vdd, пин 8 е излез кон кулерот, значи минусот од кулерот го врзуваш за пин 8, а плусот од кулерот за напојувањето, колкаво и да е, на пример 12V ;). Ај вака пробај, би требало да функционира ;). Ако не функционира како што треба, смени ги вредностите на pull-up отпорниците од 100K на 10K ;).
како pull-up отпорници стаив од 10К (немам од 100К) и работи како што треба сега :D фала гига за помошта :D
-
нормално ке работи со отпорниците. него ај ако некој прави нешто нека направи како што е по шемата па и тогаш ако зеза ке бараме помош... иначе и јас ако направам предавател без L1 нормално нема да работи ;D
-
Имат на сајтов туторијал за Пиц како с епрограмира, адаптер за приклучување или било што... ?
-
Имат на сајтов туторијал за Пиц како с епрограмира, адаптер за приклучување или било што... ?
Беше во план да се направи такво нешто, но сеуште не е реализирано :S.
-
и јас некое туторијалче чекам за да научам да порграмирам :) па ако може реализирајте ;)
-
ај че почекаме од повичните пик-џии :D
-
Па имате во темата за JDM програматорот (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=399.0), како се прави истиот, заедно со адаптерите, а исто така објаснето е како се префрла кодот од компјутерот во микроконтролерот (како се програмира пикот), а вие ако барате како се пишува програма за PIC тоа е друго..
-
да да софтверот е битен, зна да заелма едно иц :D ;D ;D ;D
-
Дечки ме интересира како да проверам колкав пробивен напон има зенер диода и дали воопшто е исправна?
-
Дечки ме интересира како да проверам колкав пробивен напон има зенер диода и дали воопшто е исправна?
Врзи ја за стабилизран избор за напојување, но врзи ја во непроводна насока, значи катодата нека биде врзана за плусот од напојувањето, а анодата нека биде врзана за минусот од напојувањето. Пожелно е да користиш некој извор за напојување кој не може да даде преголема струја, на пример стабилизиран извор за напојување со LM317, тој може да даде околу 1A струја на излезот од изворот ;). Како и да е, значи, постави ја диодата како што претходно ти имам пишано и полека зголемувај го напонот со помош на потенциометарот за регулација на напонот на излезот до напојувањето, притоа не е лошо да ја допираш диодата со прст, да не случајно прегрее, ако е некоја помалку моќна зенер дидода, можно е да прегрее, во тој случај, веднаш исклучи ја од стабилизираниот извор за напојување ;). Ако не прегрева, полека зголемувај го напонот, а притоа на краевите на стабилизираниот зивор за напојување, стави волтметар. При зголемивање на напонот на напојување, ако е зенер диодата исправна, треба во определен момент напонот да престане да расте при мрдањето (зголемувањето) на врендоста на потнециометарот. Напонот кој го чита волтметарот е пробивниот напон на зенер диодата ;). Ако напонот континуирано расте со зглемување на вредноста на потенциометарот (со мрдање на потенциометарот), зенер диодата е најверојатно пробиена :S. Доколку напонот не расте повеќе од 1V (или некоја вредност блиска до оваа), провери да не случајно си ја врзал диодата погрешно, односно анодата да ти е врзана за плусот од нпојувањето, а катодата за минусот од напојувањето ;).
-
ја би ти препорачал и отпорник некој од 470оми да поврзеш сериски со зенер диодата, за да си биде ограничена струјата...
-
во случај диодата да нема поголем пробивен напон од напајањето
-
Napravi si tester za zener diodi po nekoja od semive
-
Јас имам тестер правен според последната шема и со години супер си ја врши работата ;)
-
Фала многу иначе сега за сега не ми треба толку, понатаму ќе го направам.
-
12F629 не може туку така да се замени, може ако имаш програма за 12F675 него да го ставиш
незнам пробај можеби ќе проработи
а за 555 може да ставиш 556, со тоа што ќе го искористиш само едниот дел ( само еден блок за да може да работи како 555)
-
а тој 556 е со 16 пипци ???
и како мислиш треба да имам програма ??? ::)
-
а тој 556 е со 16 пипци ???
-2 :)
-
да не мислиш -8?
-
да не мислиш -8?
не не, има 14
-
и треба по број онака да се искористат од 1 до 8 или поинаку некако ??? ::)
-
Гледај ги на сликата и така поврзвај ги:
(http://www.kpsec.freeuk.com/images/555-556.gif)
-
1-7 сите нозе + 14 пин ти се едно интегрално 555, 8-13 ти се уште едно интегрално, а на програма мислев на програмата која треба во PIC-от да ја испорграмираш за да ти работи :)
-
малце досаден сум ама ке те прашам пак... јас треба да ги гледам овие со А со се на крајот ?? да речиме
na 555 timer e triger(ako vidof ubo) a na 555 duel timer (ako убо г прочитав) има ТРИГЕР а и тригер б јас со а треба да поврзвам ???
пооз
btw..од кај наоѓаш вака објаснувања за елементи :P poz
-
или со А или со Б со кое повеќе ти одговара сеедно ти е
-
а за ова со е 12F629 ми пишаја дека 12F675 можда ке одговара.. ама не изгледаше мн сигурен... :(
а има некаква страница за споредвање елементи ??
-
нема страница, ама секој елемент има свој карактеристики тие се испишани во datasheet
е таму има се и сешто за одредените елементи
исто така имаш ECA VRТ диск кој може да се речи дека има некој такви можности за споредување, ама сепак е подобро да се провери во дата шитот што како
12F629 е постар модел на микроконтролер, за разлика од него 12F675 е понов и има повеќе функци, за да работи праилно ќе треба да се исклучат софтверски некои од тие функции, затоа ти реков ако имаш програма (код) може некој ако сака да ти го преправи за твоите потреби
-
а за ова со е 12F629 ми пишаја дека 12F675 можда ке одговара.. ама не изгледаше мн сигурен... :(
а има некаква страница за споредвање елементи ??
Еве слика и datasheet за PIC12F629 и PIC12F675:
http://ww1.microchip.com/downloads/en/devicedoc/41190e.pdf
(http://pic.mk/images/pic12f629i.jpg)
И како што кажа Devil, треба посебни xeh фајловите за дабвата пикој (неможи со еден ист xeh да работат двата, оти 12F675 има повеќе опции) ;)
-
знам и јас ова го DOWNLOADIRAV ама во алфа ни 675ката го нема а за неа нема замена (само тие двете се ) :(
-
дечки шо можи да е проблемот со инструментите...ко ке мерам отпорник од 4.7М Ohm нешто почнува од 20 М Ohm на дисплејот од инстументот и смалва на кај 0(нула) ке стигни до нула и толку.
нема да го измери... >:(
-
дали мериш со точно подрачје ?
да не имаш нешто друго избрано ?
или пак пипците ти се на погрешно место постаени ?
провери тоа, ако не е до тоа да не го имаш изгорено инструментот ?
-
да не ги фаќаш двата извода со раце па да не го мериш сопствениот отпор,кога ќе мериш не ги фаќај двете испитни ножички(црна и црвена)! ;) :D
-
ок ај сега ке пробам :D
-
Значи вака, ми требаат примери (типични претставници) за следниве типови на компоненти:
--------------------------------
1. Моќни N-канални MOSFET-и.
2. Слаби N-канални MOSFET-и, оние што се во TO-92 куќишта или во некое слично куќиште.
3. Моќни P-канални MOSFET-и.
4. Слаби P-канални MOSFET-и, оние што се во TO-92 куќишта или во некое слично куќиште.
--------------------------------
5. Моќни N-канални FET-ови.
6. Слаби N-канални FET-ови, оние што се во TO-92 куќишта или во некое слично куќиште.
7. Моќни P-канални FET-ови.
8. Слаби P-канални FET-ови, оние што се во TO-92 куќишта или во некое слично куќиште.
--------------------------------
9. Moќни NPN биполарни транзистори.
10. Слаби NPN биполарни транзистори, оние што се во TO-92 куќишта или во некое слично куќиште.
11. Moќни PNP биполарни транзистори.
12. Слаби PNP биполарни транзистори, оние што се во TO-92 куќишта или во некое слично куќиште.
--------------------------------
13. Moќни NPN Дарлингтон транзистори.
14. Слаби NPN Дарлингтон транзистори, мада не верувам дека има вакви, Дарлингтоновите транзистори се измислени баш за да можат да дат големо струјно засилување, но од кај да знам, нема да дознаам ако не прашам ;D.
15. Моќни PNP Дарлингтон транзистори.
16. Слаби PNP Дарлингтон транзистори, оние што се во TO-92 куќишта или во некое слично куќиште.
--------------------------------
Можете само да го ископирате post-от и на местата на бројките да ги наведете, за да можам и јас полесно да се снајдам ;). Благодарам за помошта ;).
-
слаб PNP транзистор BC212
слаб NPN транзистор BC547
моќен NPN транзистор 2N3055.
слаб NPN дарлингтон транзистор BC517
и види на странава дали ке најдеш некој транзистор што ке ти затреба...
http://www.electronics-lab.com/downloads/datasheets/high_power_transistors.html
-
Фала за предлозите и за линкот ;), разгледав некои транзистори и ги поделив на моќни, средно моќни и слаби ;). Сега уште да ги средам FET-овите и MOSFET-ите ;).
-
е со фетови и мосфети се немам расправано, така да незнам за тоа да помогнам :D
-
Ајде научи нешто! :D
-
Таа последната шема ја знам, ја симнав, ја има на net ;). За остатокот од материјалот, ќе го читнам ;).
-
Дали некој успеал да направи фотографија со огромен зум, да слика отворено интегрално коло? Па макар било најпростото интегрално кое е изработено во најголеми димензии :)
-
тоа мсилам дека само со микроскоп може да се постигни, ти треба зум од неколку десетици пати. Едино интегрално што се гледа, колку што јас знам се стк-ите.
-
Дали е нормално полнач за телефон кој писува декае 6v да дава 10v
-
нееее...премногу е, да даваше некој си пола волт повеќе-помалце ајде де, ама 4V е многу...
-
Нормално е, сите полначи работат така, регулацијата е во телефонот внатре.
-
Па најверојатно нема да му пречи и да даде некој волт повеќе, дури и да се 10V, но не верувам дека баш најисправно ќе работи системот за полнење на батеријата на телефонот :S. Можно е да прегрева :S. Но, можно е и да зависи од телефон до телефон, не знам, јас до сега не сум начекал некој кој се полни со напон од 10V ;).
-
да, ама и батеријата му е 6в, најверојатно станува збор за телефонска станица, тие фиксните безжични телефони...
-
Дали е нормално полнач за телефон кој писува декае 6v да дава 10v
Вика само дека полначот дава 10V, а на него пишувало дека дава 6V. Не пишува ништо за батеријата, но претпоставив дека станува збор за мобилен телефон. Ако станува збор за безжичен телефон и ако батеријата му е 6V, да, не би требало да прави проблем напон од 10V ;).
-
ене и на полначон од нокијана пишува 3.7в па 6 волти дава... да не го загинев тел. уште ќе ме служеше..
-
ми е малку чудно бидејли дава некои 80% повеке отколку со треба
-
ваљда за безжичен телефон станува збор, или ва некој вонсериски.
-
телефонот е нокиа од 1999 година :D сега е ок
Излезе дека инструментот ми е дефек мерев со друг инструмент показа 6,5
-
едно прашање имам почнато да правам light show го направивпа ама нешто зафркават не работит во што е проблемот?
Еве неколку слики.
(http://pic.mk/thumbs/dsc04729.jpg) (http://pic.mk/?v=dsc04729.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/dsc04732.jpg) (http://pic.mk/?v=dsc04732.jpg)
-
провери дали ти е све убаво залемено, да не имаш некаде куса врска, провери диодите да не си ги залемил наопаку или пак кондензаторот, или можеби интегралното коло ти е прегорено ;)
-
Ова е некоја шема со 4017 и 555? Сликите се матни,не се гледа.Ако имаш шема стави.Иначе провери ги ЛЕД дали се правилно ставени,дали се добри лемовите,дали ИК е правилно поставено..
Ако имаш шема на монтажна плоча стави да видиме да не имаш некоја грешка!
-
Ова е некоја шема со 4017 и 555?
Не најверојатно е со тоа LM колото, волтметарот што индицира ниво на напон со LED диодои ;).
-
Update: ова е VU metar .семата ја барав немозам да ја најдам ама еве слична на неја.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/1207989010_VU_Meter_4.gif)
иначе провервев имат спој ;D фалави на помошта
-
дечки како изгледа повеќеобртен потенциометар ? Нели е исто со променлив отпорник (потенциометар) ?
-
дечки како изгледа повеќеобртен потенциометар ? Нели е исто со променлив отпорник (потенциометар) ?
Па не е баш исто, најчесто се „бесконечни“, односно кога ќе стигнеш до крајот, потенциометарот шлајфува во место, а ако почнеш да се враќаш пак назад, се враќа потенциометарот пак назад ;). Плус, баш како што кажува самиот збор, повеќеобртни се, значи прават повеќе од една револуција (еден круг) кога ќе се завртат од еден крај до друг ;). Еве како изгледа ;).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/pot2218m-5k.jpg)
А еве како изгледа повеќеобртен тример потенциометар ;).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Trimming_Potentiometer_Rkt_300.jpg)
-
Дх-ер повекеобртниот потенциометар го има во старите нишки и горенски ТВ апарати во она кутија за бирање ,напред која се отвара како фјока.Обично беа со 8 канали,а секој канал се подесуваше со вртење на оние 8 црвени копчиња.Точно е дека е потенциометар.На една бескрајно-вртечка осовина се наоѓа лизгачот со пренос,па неколку вртења на кругот го преместуваат само 1 мм лизгачот.Така може фино да се регулира отпорноста.!
-
фала ви за информациите, мене ми треба таков за волтметарот од емитер па нели може и со обичен 10к потенциометар?
-
За фино подесување мора повекеобртен,бидејки разликата од некој10-тина оми ја добиваш со 0,5 до 1 круг вртење,така што со обичен тример или потенциометар тоа не е изводливо.Сепак,ако немаш друго решение.... Понекогаш јас работам со два тримера за пофино регулирање: ако треба 100к ,земам 2 х 50 к во серија и така пофино се регулира уредот!
-
фала ви за информациите, мене ми треба таков за волтметарот од емитер па нели може и со обичен 10к потенциометар?
Тебе ти треба повеќеобртен тример од 10к, ги има во сите продавници за делови, ако не најдеш кажи имам јас ;). Со обичен тример тешко ќе го подесиш, мада у краен случај може да се стави и таков.
-
а потенциометар повеќе обртаен неможе да се најде во продавнициве за електронски компоненти?
-
а потенциометар повеќе обртаен неможе да се најде во продавнициве за електронски компоненти?
...ги има во сите продавници за делови...
-
не,не мене ми треба потенциометар од оние поголеми поскапи,а не тример како она малото плаво.
-
Потенциометар не знам дали има, не сум сретнал досега.
-
Дали на некој му е позната марката SAN ? На едни транзистори видов дека го пише тој натпис.
-
Тоа ти е SANKEN ltd.
-
Фала за информацијата Батка, сега ме сатави во мисла бидејки се работи за 2SC2078 на кој пише SAN, а пак на овој линк го немаат воопшто како производ.
http://www.sanken-ele.co.jp/en/prod/semicon/ptr/ptr_u/ptr_26e.htm
Дали е многу стар производ па го тргнале, ма да не би требало да е тоа.
-
Toa SAN,да не е од SANYO? ;D
-
не не
-
Можно е дека е постар модел, затоа и го тргнале, ако ти е изваден од некој стар уред, не се чуди, и јас сум начекувал исти проблеми ;).
-
едно прашање дали ако на 100w трасформатор намотам 24v со 1мм жица и на тој излез трасформаторо можи да дај 100w/24v=4,1А а мотано е со 1мм жица која е за 1А шо ќе се случи ако потросувачот тргни поќе од 1А дали ќе падни напонот ?
-
едно прашање дали ако на 100w трасформатор намотам 24v со 1мм жица и на тој излез трасформаторо можи да дај 100w/24v=4,1А а мотано е со 1мм жица која е за 1А шо ќе се случи ако потросувачот тргни поќе од 1А дали ќе падни напонот ?
1мм жица нема шанси да издржи струја од 4А,а и плус немора да значи ако е 1мм дека издржува 1А,еве ти табела па види http://www.powerstream.com/Wire_Size.htm
Ако потрошувачот тргне поголема струја,напонот ќе почне да опаѓа.
АWG Инчи мм Oми/Км махимална струја низ жицата
18 0.0403 1.02362 20.9428 2.3А
-
мислам дека сега Малечко учи по предметот Електротехника за проток на струја низ проводник.Така е Малечко?
-
мислам дека сега Малечко учи по предметот Електротехника за проток на струја низ проводник.Така е Малечко?
Појма немам,го пројдовме тоа изгледа,сега учиме нешто за наизменична струја,ова сигнали нешто,појма немам теорија :D
-
Дечки абе да не знаете некое готово проектче за правење на безжични слушалки (сосе предавател и приемник)? Инаку планирам да ги користам за компјутер
-
едно прашање дали ако на 100w трасформатор намотам 24v со 1мм жица и на тој излез трасформаторо можи да дај 100w/24v=4,1А а мотано е со 1мм жица која е за 1А шо ќе се случи ако потросувачот тргни поќе од 1А дали ќе падни напонот ?
тоа може да издржи 4А струја, ама ке почне да се загрева и ке изгори лакот на некои две соседни намотки и ке ти се вчури трансформаторот... и кај тоа винклерот што земам жица ми има дадено жица 1,2мм за 4А струја...
-
дали има кондензатори со овие вредности 25p, 26p, 27p?
-
дали има кондензатори со овие вредности 25p, 26p, 27p?
25pF има, 26pF нема, 27pF има ;).
-
дали има кондензатори со овие вредности 25p, 26p, 27p?
Мислам дека има од 25 и 27 пикофаради
-
од 27 и 25 има сум користел а од 26 никаде немам сретнато :)
-
Колеги што може да биде проблем кај Tda 1562Q .. ? Го правам на еден другар и кога ке појачам глас над 50 проценти сигналот почнува да гребе .. некако да има голема дисторзија ... :-[ Кај моево кога го правев вака не правеше а ова незнам што може да биде .... :P
-
таков е интегралецот, исто и со TDA2003, ако го поврзеш со компјутер и појачаш над 20% почнува да се слуша изобличувањето. Тек на 50% тоа ке биде страшно за слушање
-
дали некој знае колку струја влечат ламбите кај онај високиот напон од 180-300V
од прилика некој да не знае :)
мислев на ламби од стари ТВ-ња кој можат да се користат во засилувачи
пр. PL504, PL84 и така некој
-
Многу малце, помалце од 50mA, на моите PL84 мислам дека измерив 40mA.
-
Трошат 20 до 50 мА зависи од типот и снагата!
-
значи за добивање на тој напон јас не мора да користам некое посебно трафо, може да изработам склоп кој дава потребен напон и 100-тина mA :)
сакам да си упростам малку инаку многу скапо би ме фатила изработката :)
-
Две трафа од по 5-6 VA ти се доста ефтина варијанта да го добиеш анодниот напон ;).
-
не вака е поинтересно
а и плус тоа ги имам веќе деловите за дц-дц конверторот :)
-
дечки дали HA17555 е исто што и NE555?
-
овај пиши дека е "Precision Timer" а иначе истото е...демек ова по прецизно ...пин диаграмот ист е ..
значи ИСТО е
-
дечки дали HA17555 е исто што и NE555?
Да, само што тие се производство на Hitachi ;D.
-
ОК фала ви дечки :)
-
не вака е поинтересно
а и плус тоа ги имам веќе деловите за дц-дц конверторот :)
Devil, јас би ти препорачал да одиш со варијантата со две мрежни трафоа, како што пиша LordZi, ако направиш DC-DC конвертор, може на излезот од појачалото да се слушаат некои пречки и шумови, оти овие конвертори ствараат напон кој не е баш многу испеглан и “чист“.
Друго ако го ставиш трансформаторот од конверторот во кутијата од појачалото, директно може да индуцира пречки во самите ламби и водови, и пак да имаш некои шумови пречки на излез.
Тоа е од мене, па ти како сакаш :D
-
Може појачало за високи фрекфенции да работи на ниски фрекфенции ?
-
Образложи го барањето! Види ги карактеристиките на транзисторите прво,а второ дали/ако има филтри за пригушување или проусни само за одреден фреквентен опсег - тогаш не може или пак појачувањето ке биде премало!
-
општо земено, теоријата акко вели ме интересира, значи генерално земено, да реча дали има појачала за ам фм или укб на пример кој би можеле да засилат звук.
-
значи треба да се прави инсталација една за лед диоди да му светкаат таму на еден човек, ама треба димер да се става пред лед диодите, па дали може да се стави димер пред трансформаторот без да има некои проблеми??? значи поврзувањето би било вака...
220V--->димер-->трафо(220-->12V)-->грец и кондензатор за филтрирање--->отпорници за ограничување на струјата и лед диоди.... па дали се ке си работи како што треба, ме мачи тоа што незнам како изгледа осцилограмот после димерот што се добива па да не се зафркне нешто...
и на колкава струја и напон работат плави 10мм лед диоди, знае некој???
-
Обичен димер што е за сијалици не е предвиден за трансформатори, мотори и др. индуктивни товари, не знам колку ќе ти работи замислата ::).
-
халогенки така ги поврзуваат и супер си работат....
-
Има и димери за индуктивни товари, ама се поскапи, да не се такви тие што ги ставаат на халогенки?
-
Бојан,димер со тиристори да не мислиш?Тие неможат да издржат индуктивни товари.Мене ми треба димер за мотор електричен,АЦ мотор.Ама најдов шема(Батка ми ја даде) само не сум ја испробал.Имам отворена тема за такво барање на форумов
-
Има и димери за индуктивни товари, ама се поскапи, да не се такви тие што ги ставаат на халогенки?
аааах...право да ти кажам незнам, ама се си мислам дека се обични димери со тиристор, али ај ке го прашам чичко ми какви се па да видиме со него дали ке најдеме некоја друга замена...
Споено мислење: 10.04.2011, Sunday, 17:52:56
а на колкава струја и напон да ги пуштам да работат???
-
Да не знае некој некои евтини генератори на рефренетен напон? Ми треба да бидат подесувачки, а и не мора да бидат, поентата е да даваат рефренетен напон од 40V и 48V (може и 47V, но не и помалку од тоа). Барав нешто низ сајтови на производители, ама сите се за ниски напони, до 20V, нема некои кои се напојуваат на високи напони и можат да изгенерират рефрентен напон од, на пример, 30V до 50V.
-
што планираш да правишсо толку висок напон, да беше до кај 10-тина волти ќе ти помогнев ама за толкав напон немам видено
-
што планираш да правишсо толку висок напон, да беше до кај 10-тина волти ќе ти помогнев ама за толкав напон немам видено
Ништо, на крај изгледа ќе морам со 7818 и зенерка од 30V да го правам, но тоа е тоа :S. Ми треба како референтен генератор на напон за overvoltage protection на едно коло (бидејќи самото коло нема), па да му даде shut down сигнал кога ќе стигне напонот до 48V. А 40V-ниот ми требаше за контрола на референтен напон, ама изгледа и него ќе го градам со некоја зенерка и некој стабилизатор. Нема везе, поентата ми беше што е можно помалку делови да искористам, ама изгледа ќе мора да се „крпи“, тоа е тоа :S.
-
Абе Гига немам време,имам во гаража некои Б10 шасии од ЕИ Нишки ТВ .Таму имаш зенер 33 В за напојување на тунерот.Ако можеш најди на бувљак ;D Исто пробај можеби регулација со TL471,мислам дека беше,го имаше во стари АТ и АТХ напојувања.Мислам дека и со него треба да пробаш,само види карактеристики,не знам напамет.
-
Да не знае некој што е разликата помеѓу MAX232 и MAX233?Ми треба за шемава,па да пршам дали може да го заменам MAX233 со MAX232... (http://www.semifluid.com/RS-232_level_converter/RS-232-Level-Converter.gif)
-
http://www.datasheetcatalog.com/datasheets_pdf/M/A/X/2/MAX232.shtml
ова ти е за 232
http://www.datasheetcatalog.com/datasheets_pdf/M/A/X/2/MAX233.shtml
ова за 233 побарај види низ ови е оти немам време да видам шо е разликата поз
-
а гига зашто не си направиш еден напонски делител, па напонот да ти биде некој помал, по пристоен напон што ке можеш да го споредуваш со било каков референтен напон...?
-
а гига зашто не си направиш еден напонски делител, па напонот да ти биде некој помал, по пристоен напон што ке можеш да го споредуваш со било каков референтен напон...?
треба многу да се подесува, и таа мисла ми помина низ глава, ама на крајот се откажав од неа, :S. Потребно е многу подесување, не е практично ако се презентира во проект :S. Ќе видам, можеби и таа идеја ќе јас искористам. Зависи, треба да размислам ;).
-
Дечки кој транзистор е по јак BD140 или BD138 ?
-
Двата се исти само разликата е во рабитнио напон bd140 има поголем напон, а амперите се исти на двата
-
Колеги за што може да искористам трафо со мал напон 2x5v AC a голема ампеража 10-15 ампера ? Иначе трафото е од упс ... :)
-
за да го премоташ и да го искористиш на нешто друго...што ке правиш со 10V стварно појма немам...
-
Направи некој дублер на напон за да добиеш 20В.Тоа е веке напон кој вреди да се употребува.Ставив една шема со ТДА... до 3А беше ,мислам,а еве ти шема за дублер за било кој напон (наизменичен!).Диодите димензионирај ги спрема потрошувачката.Тој твој трафо е добар за полнач на акумулатори или стабулизиран исп.со регулација.
-
Трафото после грец и кондензатор од 10 000uF/40V дава напон од 8,5 волти :) Само тој напон не е доволен за полнач на акумулатори :o :(
Незнам дали ке може да ги врзам двата секундара и да добијам 16 волти па потоа од тие 16 волти да ги стабилизирам на 12 волти :) Така би било моќно ама незнам дали ке може да ги поврзам двата секундара ::) ...
-
Види на овој документ*умножување на напон* под а) ;D ;D Имаш кондензатор 440мФ 16В па две диоди и електролит (нека биде и 10.000 мФ 25В ) Значи,двата секундара (стердниот извод не се спојува!) даваат 10В ,кога ке го умножиш ( Х 2 пати) тоа е 20В .Со тој напон се прави регулација ,полњач.Диодите нека бидат од 6 до 20 А.Еве ти ја и оваа шема со ТДА....
-
Трафото после грец и кондензатор од 10 000uF/40V дава напон од 8,5 волти :) Само тој напон не е доволен за полнач на акумулатори :o :(
Незнам дали ке може да ги врзам двата секундара и да добијам 16 волти па потоа од тие 16 волти да ги стабилизирам на 12 волти :) Така би било моќно ама незнам дали ке може да ги поврзам двата секундара ::) ...
Можеш можеш,измеѓу двата секундара ќе имаш 10V,дека 2х5,вака едно од 10.И сега кога ќе ја исправиш струјата ќе добиеш 10Vac*1,41=14,1Vdc,таман за полнач на акомулатор! ;) ;D
-
Страв ми е да не го изгорам ако ги спојам директно двата секундара :P
Ги споив и искри што значи таа варијанта отпаѓа ... :)
-
Страв ми е да не го изгорам ако ги спојам директно двата секундара :P
Ги споив и искри што значи таа варијанта отпаѓа ... :)
Абре не да ги споиш хаха,нормално дека ќе фрли искри ;D.Нели имаш 5-0-5,така?Епа сега мери ти напон меѓу 5 и 5,и види дека ќе ти даде 10V ;)
-
Да да така дава 10 волти ама што ако така дава 10 волти кога за полнач на акумулатор ми треба една жица 10 волти и маса :P
-
Да да така дава 10 волти ама што ако така дава 10 волти кога за полнач на акумулатор ми треба една жица 10 волти и маса :P
Eпа кога ќе ја исправиш струјата,преку грец ќе добиеш +14,1V и маса.Пробај ќе видиш ;) ;D
-
Ајде да видиме :D
Сакаш да кажеш двете фази на ~ да се приклучат кај грецот и кај + од грецот ке добијам +14,4 а кај минусот 0 (маса) :D ??
-
Ајде да видиме :D
Сакаш да кажеш двете фази на ~ да се приклучат кај грецот и кај + од грецот ке добијам +14,4 а кај минусот 0 (маса) :D ??
Toчно така,ако сакаш и ќе се кладиме ;) :D.Нема да добиеш баш 14,4,ама многу близу до 14V,бапни му и некој кондензатор од 4700uF и ќе видиш ;)
-
Да ама кога мерам према маса добивам 8,6 волти а мене ми треба 14волти , а вака сега добивам 14,4 ама кога ги мерам двете фази заедно :-\
-
Да ама кога мерам према маса добивам 8,6 волти а мене ми треба 14волти , а вака сега добивам 14,4 ама кога ги мерам двете фази заедно :-\
Oд кај најде фази па сега?После грецот колку е напонот?
-
Абе Даниел прочитај што ти пишав,врзи ги двата секундара без средниот (заеднички) и имаш 10В ,удвои го и имаш со оптоварување 18в !
-
Во право си бил колега ;D ;D Чекај малце сега испитувам па ке ти кажам крајни напони ;D ;D :D
-
да не знае некој колку пари одприлика е BD507 ?
-
Дечки дали со промената работна точка на транзисторот се менува и засилувањето од колекторот ? Поточно се работи за РФ-ФМ осцилатор и има отпорник од минус према база кој е 10к па ако му ставам 5к дали тоа значи дека ке даде појак сигнал на излез (колектор) или само повеке ке грее?
-
Да,засилувањето ке се промени,само дали ке добиеш појак сигнал,тоа е дискутабилно.Стави шема да вдиме за што се работи.Можеби има друг начин ,освен промена на работна точка.Кај ВФ склоповите не е се така едноставно.
-
еве ја шемата, се работи за тој 10к што е од маса према база, тој ако е 5к дали ке се засили излезот
(http://pic.mk/thumbs/ww1303300931.jpg) (http://pic.mk/?v=ww1303300931.jpg)
-
На ова шема само оној отпорник 56 ома можеш да го менуваш во смисла на зголемување на излезната сила. Со отпорниците во базата нема да ја постигнеш таа цел.Но, отпорникот во емитерот на БД.. можеш до 22 оми да одиш но стави добар ладилник и зголеми го напојувањето.Треба да повлече скоро двојно струја,ама ке грее. Јас би пробал и со два паралелно врзани транзистори,само најди со исто појачување.Стави 100 оми 1ват жичан тример и регулирај ја струјата да не прегреат.
-
Ок, јас мислев штом грее повеке BD140 со 5к отпорник на маса и база мислев дека ке даде поголема снага но не е така значи. Е сега ако ставам 22 оми наместо 56 оми на емитер дали ке треба да ја намалам и волтажата од 14,5V со која го напојувам или може и со таа волтажа ?
Јас би пробал и со два паралелно врзани транзистори,само најди со исто појачување.Стави 100 оми 1ват жичан тример и регулирај ја струјата да не прегреат.
Ова е нешто како овој предавател со два 2N3553 што дава 2W? мислам од тој тип предаватели ?
-
Прво ,не мора волтажата да ја намалуваш.Сигурно повеке ке грее со помал отпорник ,ама ке ставиш поголем ладилник.Може и со тримерче да подесуваш(100 оми).Не мислев пуш-пул врска туку обична паралела,со два посебни(идентични!) колекторски отпорници! Или еден ама појак ,барем 1-2 вати.
-
Можете ли да ми најдете замена за BC 182, дали BC 546 може да биде соодветен?
-
Можете ли да ми најдете замена за BC 182, дали BC 546 може да биде соодветен?
Mислам дека со 2N3904 ќе завршиш работа ;D
-
Можете ли да ми најдете замена за BC 182, дали BC 546 може да биде соодветен?
Па, зависи за која намена, но за општа намена, би требало да може ;). И двата се универзални ;).
-
Фала многу иначе, ми се за сирена, но не знам дали вршат засилување или прекинување, ќе видам што ќе направам ако ја направм сирената ке ставам слики сигурно :D
-
Фала многу иначе, ми се за сирена, но не знам дали вршат засилување или прекинување, ќе видам што ќе направам ако ја направм сирената ке ставам слики сигурно :D
Дај шема да видиме! ;D
-
За сирена и ВС 546 ке врши работа
-
aleksandar94 за што ти треба BC182 ?
-
aleksandar94 за што ти треба BC182 ?
Фала многу иначе, ми се за сирена, но не знам дали вршат засилување или прекинување, ќе видам што ќе направам ако ја направм сирената ке ставам слики сигурно :D
-
дали може да се најде замена за TLC274CN?
-
дали може да се најде замена за TLC274CN?
Замена за TLC274 е TS274 или AD824,ама незнам баш дали ќе ти одговара,поубаво види даташит :)
-
Колеги ај да ве прашам нешто ;D.Вака,кога две диоди се поврзани сериски(пример 1N4007)падот на напонот е зголемен на 1,4V,напонот е исто зголемен на 2KV,а струјата е иста т.е е 1А?А за паралелно е вака,напонот е ист,значи е 1KV,струјата е дупло поголема т.е 2А и падот на напонот е дупло намален-0,35V?
Вака му доаѓа или каша-попара направив? :D
-
така некако би дошло ако се двете диоди исти, ама не исти како тоа што е 1N4007 него потполно исти карактеристики да имаат....дека едната може поголема струја да проведе и да цркне...зборам за паралелно поврзување...
-
значи ако врзиш дфве диоди паралелно ќе може дупло појака струја да помине, а падотѕ на напонот ќе биде околу 0.75в а не 0.35в. бидејќи на глаа да застаниш нема да најдеш 2 потполно исти диоди, врзи им отпорници од по 0,22 или 0,33/10вати оми, со што ќе има некој пад на напон и во нив, но така е посигурно, или стави диоди што можат да се справат со стујата поединечно, односно диода која епредвидена за струјата што ќе врви да може сама да ја поднесе.
-
Колеги ај да ве прашам нешто ;D.Вака,кога две диоди се поврзани сериски(пример 1N4007)падот на напонот е зголемен на 1,4V,напонот е исто зголемен на 2KV,а струјата е иста т.е е 1А?А за паралелно е вака,напонот е ист,значи е 1KV,струјата е дупло поголема т.е 2А и падот на напонот е дупло намален-0,35V?
Само за последното згреши, падот на напонот ќе биде пак тука некаде, околу 0.7V, 0.8V, 0.9V, завиди од диодите, дали се за големи струи или не. Всушност, ќе го има оној пад на напон кој го има на диодата со поголем пад на напон (убаво рече bicikle, нема да најдеш две идентични диоди).
Ако си предвидел да тече максимална струја од 2A, стави три или четири диоди во паралела, , за да не случи потоа доколку има „шпиц“ во струјата да изгорат диодите ;). Падот на напонот ќе биде еднаков на онаа диодата со најголем пад на напон ;).
-
дали има некој каталог од стари Руски диоди?
-
дали има некој каталог од стари Руски диоди?
Имаше LordZi ставено некаде во електронските компоненти, мислам дека беше табела со еквиваленти помеќу Руските и Европските ознаки ;).
-
така некако би дошло ако се двете диоди исти, ама не исти како тоа што е 1N4007 него потполно исти карактеристики да имаат....дека едната може поголема струја да проведе и да цркне...зборам за паралелно поврзување...
значи ако врзиш дфве диоди паралелно ќе може дупло појака струја да помине, а падотѕ на напонот ќе биде околу 0.75в а не 0.35в. бидејќи на глаа да застаниш нема да најдеш 2 потполно исти диоди, врзи им отпорници од по 0,22 или 0,33/10вати оми, со што ќе има некој пад на напон и во нив, но така е посигурно, или стави диоди што можат да се справат со стујата поединечно, односно диода која епредвидена за струјата што ќе врви да може сама да ја поднесе.
Колеги ај да ве прашам нешто ;D.Вака,кога две диоди се поврзани сериски(пример 1N4007)падот на напонот е зголемен на 1,4V,напонот е исто зголемен на 2KV,а струјата е иста т.е е 1А?А за паралелно е вака,напонот е ист,значи е 1KV,струјата е дупло поголема т.е 2А и падот на напонот е дупло намален-0,35V?
Само за последното згреши, падот на напонот ќе биде пак тука некаде, околу 0.7V, 0.8V, 0.9V, завиди од диодите, дали се за големи струи или не. Всушност, ќе го има оној пад на напон кој го има на диодата со поголем пад на напон (убаво рече bicikle, нема да најдеш две идентични диоди).
Ако си предвидел да тече максимална струја од 2A, стави три или четири диоди во паралела, , за да не случи потоа доколку има „шпиц“ во струјата да изгорат диодите ;). Падот на напонот ќе биде еднаков на онаа диодата со најголем пад на напон ;).
Oк,ми се разјаснија работиве,благодарам за одговорите! ;D Е сега друго да прашам,пример наместо да комбинирам со диоди,дали може да ги заменам со грец?Мене ми треба да „склопам“ некоја диода со пад на напон од 3V и да држи струја негде 8-10А,а напонот не ми е многу битен,и 50V да е супер ќе биде ;D.Е сега за грецот мислев вака да се искористат 4-те диоди,и да дојде како една диода помеѓу минусот и плусот од грецот:
од ова
(http://www.pic.mk/images/grec.jpg)
во ова
(http://www.pic.mk/images/diodi.jpg)
Е сега,ако ги поврзам вака ќе добијам диода(ако грецот е 4А)од 8А со пад на напон од 0,7-0,9V?
-
ќе имаш пад на напон од 1.3-1.4V од тоа што се сериски поврзани
струјата да ќе се зголеми, ама ако во градбата 1 диода да е за малку послаба од другата има да чади :)
-
ќе имаш пад на напон од 1.3-1.4V од тоа што се сериски поврзани
струјата да ќе се зголеми, ама ако во градбата 1 диода да е за малку послаба од другата има да чади :)
Значи најдобро е да си купам една диода од 10А и готово ;D.Кажете некоја диода од 10А,50-100V и да има голем пад на напон ;D?
-
Значи најдобро е да си купам една диода од 10А и готово ;D.Кажете некоја диода од 10А,50-100V и да има голем пад на напон ;D?
Зенерка ти треба за такво нешто, а толку моќни зенерки, не знам дали прават ;D.
Може да направиш и нешто вака, стави зенерка во паралела со отпорник, на краевите на отпорникот зенерката ќе држи константен напон, а целата струја ќе тече низ отпорникот, само гледај да е моќен ;).
-
Значи најдобро е да си купам една диода од 10А и готово ;D.Кажете некоја диода од 10А,50-100V и да има голем пад на напон ;D?
Зенерка ти треба за такво нешто, а толку моќни зенерки, не знам дали прават ;D.
Може да направиш и нешто вака, стави зенерка во паралела со отпорник, на краевите на отпорникот зенерката ќе држи константен напон, а целата струја ќе тече низ отпорникот, само гледај да е моќен ;).
Обично зенерките се со моќност до 1.3 W... а тоа со отпорникот незнам колку ќе успее, некако не ми штима, прво дисипацијата ќе биде 3 V* 10 A = 30 W, моќен отпорник ќе треба (греач??), а загубите ќе бидат големи, а друга работа е дали ќе го издржи диодата тоа...
Најдобро земи си 4-5 диоди, врзи ги сериски и готово.
-
Значи најдобро е да си купам една диода од 10А и готово ;D.Кажете некоја диода од 10А,50-100V и да има голем пад на напон ;D?
Зенерка ти треба за такво нешто, а толку моќни зенерки, не знам дали прават ;D.
Може да направиш и нешто вака, стави зенерка во паралела со отпорник, на краевите на отпорникот зенерката ќе држи константен напон, а целата струја ќе тече низ отпорникот, само гледај да е моќен ;).
Обично зенерките се со моќност до 1.3 W... а тоа со отпорникот незнам колку ќе успее, некако не ми штима, прво дисипацијата ќе биде 3 V* 10 A = 30 W, моќен отпорник ќе треба (греач??), а загубите ќе бидат големи, а друга работа е дали ќе го издржи диодата тоа...
Најдобро земи си 4-5 диоди, врзи ги сериски и готово.
Toa и јас мислам...Ми треба за пад на напон од 17V да добијам 13-14V ама доста голема е струјата 8-10А...
-
а Малечко што ќе правиш со ова што бараш?
-
а Малечко што ќе правиш со ова што бараш?
Абре сакам полнач на акомулатор да правам со АТХ напојување,па уште мислам како ќе го изведам ;D
-
а Малечко што ќе правиш со ова што бараш?
Абре сакам полнач на акомулатор да правам со АТХ напојување,па уште мислам како ќе го изведам ;D
А не можеш да го смалиш напонот на АТХ-от? Односно, да не го качуваш толку??
-
Mалечко,покушале веќе поголеми батки од тебе,ама слушам дека не е баш лесно тоа.Проблемот е во тоа да се направи ограничувач на струјата.Акумулатор најдобро се полни со мала струја подолго врене.Оловните акумулатори имаат и некои други мани,ама најдобро е да се употреби стандарден трафо,грец и рачно направен отпорник за ограничување на струјата.И најефтино!
-
Mалечко,покушале веќе поголеми батки од тебе,ама слушам дека не е баш лесно тоа.Проблемот е во тоа да се направи ограничувач на струјата.Акумулатор најдобро се полни со мала струја подолго врене.Оловните акумулатори имаат и некои други мани,ама најдобро е да се употреби стандарден трафо,грец и рачно направен отпорник за ограничување на струјата.И најефтино!
Што знам,не ми е некој проблем да тестирам ;D.А колку треба да биде струјата на напојувањето,за акомулатор од 55А?Ова напојувањето јас што го имам е 200W...
-
Ајде прорачунај - 55ампер/часа -55 часа по 1 ампер! :D :D :D Со 2 ампера 27,5 часа ,со 3А околу 14 часа!!! Мислам дека точно пресметав (?!!) ;D ;D ;) 200 ватното дава 15-16А на 12В.Математички
за 2-3 часа полнење.Ама - теоретски да - практично -не!! 3 часа *фул* напојувањето НЕМА да издржи.Прво електролите ке испукаат,а второ греењето ке ги уништи полупроводниците!
-
Ајде прорачунај - 55ампер/часа -55 часа по 1 ампер! :D :D :D Со 2 ампера 27,5 часа ,со 3А околу 14 часа!!! Мислам дека точно пресметав (?!!) ;D ;D ;) 200 ватното дава 15-16А на 12В.Математички
за 2-3 часа полнење.Ама - теоретски да - практично -не!! 3 часа *фул* напојувањето НЕМА да издржи.Прво електролите ке испукаат,а второ греењето ке ги уништи полупроводниците!
Викаш дека ќе изгорат електролитите на АТХ-от?
-
Викаш дека ќе изгорат електролитите на АТХ-от?
Освен ако не е некој бренд, како CoolerMaster, што не верувам дека е ;D. Па и тогаш, пак има шанси да прегрее :S.
-
Акумулаторот,ако е веке потрошен,може да имитира краток спој ,па уште на пуштање АТХ-от ке * одлета*! Ако и поработи ,без струјно ограничување,за 15-тина минути ке се запали ако работи на мах. 15-20А.Трето,акумулаторот и да е добар ке го расипеш затоа што работниот век на така полнети акумулатори е краток! За зкумулаторите,како и за другите батерии, најдобро е полнењето со 1/10 од неговата предпоставена струја за работа во нормала.Јас сум видел дека странциве кога го оставаат подолго време автомобилот во мирување го надополнуваат со само 1А струја при 13,6-14В !
-
Акумулаторот,ако е веке поторшен,може да имитира краток спој ,па уште на пуштање АТХ-от ке * одлета*! Ако и поработи ,без струјно ограничување,за 15-тина минути ке се запали ако работи на мах. 15-20А.Трето,акумулаторот и да е добар ке го расипеш затоа што работниот век на така полнети акумулатори е краток! За зкумулаторите,како и за другите батерии, најдобро е полнењето со 1/10 од неговата предпоставена струја за работа во нормала.Јас сум видел дека странциве кога го оставаат подолго време автомобилот во мирување го надополнуваат со само 1А струја при 13,6-14В !
A батка да не имаш шема за струјно ограничување на 5А? ;D
-
Абе струјно ограничување се прави со обичен отпорник. ;DСамо сметај по Омов закон ;D ;D
Влезниот напон треба барем 3В да биде поголем од излезниот .Или 16,5 - 13,5 = 3В :
3/5А = 0,6 оми , а за силата W= VxA = 3 x 5 = 15 . Или отприлика 0,6 оми/15 вати отпорник :o
-
Абе струјно ограничување се прави со обичен отпорник. ;DСамо сметај по Омов закон ;D ;D
Влезниот напон треба барем 3В да биде поголем од излезниот .Или 16,5 - 13,5 = 3В :
3/5А = 0,6 оми , а за силата W= VxA = 3 x 5 = 15 . Или отприлика 0,6 оми/15 вати отпорник :o
Батка а што викаш со оваа шема?
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/12-v-high-current-regulator-circuit.jpg)
може да издржи до 3А,ама сигурно може и повеќе со додавање на транзистори...И добра работа е што можеш различни напони да добиеш на излез,со менување на зенерката ;D
-
Дали некој работел со овие транзистори:
2N5109
2SC1252
2SC1365
-
Абе човекот сака акумулатори да полни. ;D
-
да ми помогне некој...треба да мотам калемче од 30uH, ама па неможам на интернетов да најдам некоја асална формула за пресметување...значи треба минимум да е 30uH, струја ке тече помала од 1А (800мА), имам феритни стапчиња, торуси и такви работи, само незнам колку намотки да намотам... а неможам да мерам колкав индуктивитет има калемот дека немам со што....
-
да ми помогне некој...треба да мотам калемче од 30uH, ама па неможам на интернетов да најдам некоја асална формула за пресметување...значи треба минимум да е 30uH, струја ке тече помала од 1А (800мА), имам феритни стапчиња, торуси и такви работи, само незнам колку намотки да намотам... а неможам да мерам колкав индуктивитет има калемот дека немам со што....
А да си купиш едно калемче тие како отпорник што се,во логинг се негде 50-60ден...Имаш и во гац по 10ден,ама незнам дали ја има таа вредност...
-
а струјата дали ке ја издржи???
-
а струјата дали ке ја издржи???
Не, тие се само за мали струи :S.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1720.0
Пробај го програмчево, ама само за воздушни калеми е, така да, ќе треба малку повеќе жица да намоташ :S.
-
да ми помогне некој...треба да мотам калемче од 30uH, ама па неможам на интернетов да најдам некоја асална формула за пресметување...значи треба минимум да е 30uH, струја ке тече помала од 1А (800мА), имам феритни стапчиња, торуси и такви работи, само незнам колку намотки да намотам... а неможам да мерам колкав индуктивитет има калемот дека немам со што....
Ево формула
http://www.newcircuits.com/article.php?id=tut001
Индуктивноста е мала па не треба ферит,жицата треба да е дебела о,6- о,7 мм.
-
до колку би ми препорачале да го загревам 7812??? некои 10 минути работи и до сега се има загреано до кај 50 степени (термометарот така вика), па до колку да го терам со загревањето???
-
Ако можеш да го држиш со прст, нема гајле, ако не можеш исто така ќе тера, ама му се крати работниот век.
-
му ставив поголем ладилник и тера сега гајле си нема...
-
Море јас и без ладилници ги оставам, не можеш да ги допреш, веднаш се гориш ;D, хахахаха ;D ;D ;D.
-
епа мене ми паѓаше напонот многу кога ги користев без ладилник, загреваа и од 5, 5.3 паѓаше на 4.6, до 4.2 и од тогаш ставам по некое ладилниче, ако немам ништо подобро земам од лименка од сок или пиво сечам парче поголемо и го ставам колку за проба :)
-
Море јас и без ладилници ги оставам, не можеш да ги допреш, веднаш се гориш ;D, хахахаха ;D ;D ;D.
Да ама така се скратува работниот век на елементите :).
-
Море јас и без ладилници ги оставам, не можеш да ги допреш, веднаш се гориш ;D, хахахаха ;D ;D ;D.
Да ама така се скратува работниот век на елементите :).
Знам, ама евтини се сега, и да се расипа за 5 место 10 години, нов ќе ставам ;D. По 10 денари се ;). Понекогаш така ги оставам бидејќи немам простор да ставам ладилник ;).
-
хахахаха а бе да ми беше за кај мене дома ке го оставев со малечко ладилниче, ама треба онакви што се ленти со лед диоди да ставаме кај еден човек па мене ми е да не го направам држи буре вода док мајсторе оде... дека ако цркне тоа ке цркнат и лед диодите...а човекот не за џабе дава 3000 :D па му ставив едно поголемо ладилниче и после него заштита ако скокне напонот многу да се уклучи реле едно, и на излез да нема никаков напон...
-
Како да одредам колектор и емитер кај транзостор????
-
Како да одредам колектор и емитер кај транзостор????
Симни datasheet од транзитсорот, наједноставно и најточно ;).
-
Како да одредам колектор и емитер кај транзостор????
Симни datasheet од транзитсорот, наједноставно и најточно ;).
Мислев со мултиметар, но како и да е фала ти
-
(http://www.pic.mk/images/dsc058491.jpg)
(http://www.pic.mk/images/dsc0584811.jpg)
-
Нешто прочитав во темите за аудио засилувачи со електронски цевки за пентодите и некои работи не ми се баш најјасни. Ако може некој да ми појасни, би било одлично ;).
Каква всушност функција имаат пентодите? За триодите јасно ми е, имаш анода, катода, гејт, типична конструкција на FET или MOSFET, но функцијата на пентодите не ми е јасна, што всушност прават? Имаат три контролни решетки, зошто? За прецизно фокусирање на електорните од анодата до катодата ли се користат три решетки, и ако е ова точно, повторно, зошто се прави тоа?
-
Колеги имам една идеја но ми треба реализација. Ми падна на памет да ставам светло на мењач од кола тоа светло да биде со лед. Како би можел тоа да го изведам
-
Можеш да го изведеш со 7805 и неколку диоди, може и една сјајна. Стабилзиаторот се става поради падот на напонот на акумулаторот при палење на колата ;).
-
Можеш да го изведеш со 7805 и неколку диоди, може и една сјајна. Стабилзиаторот се става поради падот на напонот на акумулаторот при палење на колата ;).
A јас мислам дека не е лошо и еден керамички кондензатор да си клај.
100 нф=0.1 мф = 104 кондензатор.
Нa првиот извод од 7805 значи најлево ти е влезот, на средниот извод масата и на крајниот извод имаш излез (најдесно). :D
Ако не ти е јасно на гоогле имаш слики и лесно ќе се снајдиш ;)
-
A јас мислам дека не е лошо и еден керамички кондензатор да си клај.
100 нф=0.1 мф = 104 кондензатор.
Нa првиот извод од 7805 значи најлево ти е влезот, на средниот извод масата и на крајниот извод имаш излез (најдесно). :D
Ако не ти е јасно на гоогле имаш слики и лесно ќе се снајдиш ;)
Не е потребно, ВФ пречките од моторот нема многу да и пречат на LED диодата.
Како сака, ако сака може да стави, ако не, не мора, не е задолжително, и вака и така ќе работи ;).
ПС: Дури може и да се икористи „финтава“ со LED диодава на 220V. Само што ќе се изостави грецот и кондензаторот не мора да има толку висок работен напон, доволно е и 100V да има ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5834.0
-
Може ли некој да помага како да го мерам чудово.
(http://pic.mk/images/dsc02517.jpg)
(http://pic.mk/images/dsc02518.jpg)
Инаку овој уред е исправен и пред излезите (којшто се во прилично голем број, доколку се тие) се наоѓа интегрално коло СТК5340. Овој уред е користен како напојување на видео :)
-
Друже, ништо не се гледа од сликиве, многу се матни :S. Дај некои подобри слики ;).
-
Ај за некој ден ќе им и појасни слики, да ми го врати брат ми дигиталниот апарат и ќе ставам подобри слики
-
Дали може лесно да се најде кај нас BC238 или BC239 ?
-
Која диода е за 5А?
-
Која диода е за 5А?
јас имам за 3А,руска диодата е
-
Која диода е за 5А?
Барај ја 6А6 таа е за до 6А ;) ;D
-
Дали може лесно да се најде кај нас BC238 или BC239 ?
Би требало во секоја продавница да ги има.
Него да прашам нешто - при паралелно врзување моќни мосфети дали има потреба од отпорници 0,1ом како што се ставаат на биполарни транзистори или не, пошто сегде кај што сум гледал биле без отпорници, само изводите врзани во паралела?
-
па пожелно е да имаат отпорник....
-
Епа јас ги ставив без отпорник и немам намера сега да ги растурам... ;D 8)
-
па ако користиш 90% од снагата не и требало да има проблем
-
Станува збор за четири комада V-MOS, 100V, 41A, 230W, <55mOhm(25A) транзистори, после една минута на 10А ладилникот е сеуште млак на допир ;D 8).
-
Не ти требаат отпорници ;D
-
после една минута на 10А ладилникот е сеуште млак на допир ;D 8).
:o :o :o !!!
Не ти требаат отпорници ;D
Дефинитивно ;D.
-
вози мајсторе нмаат гајле :)
-
За што служат кристалите?
-
Се користат како осцилатори, најчесто за такт кај микроконтролерите.
-
Кварц кристалите служат за генерирање на одредени фреквенции,кои се однапред зададени со самата обработка на кристалот.Најчесто се во метално или керамичко куќиште.Се употребуваат во осцилатори ,каде даваат такт за одредена фреквенција.Можат да осцилираат на основна,ама и на овертонска(неколку пати зголемена) фреквенција.
-
Тоа е супер, значи може да купам еден кристал од 20MHz кој кошта само 40тина денари и потоа да направам коло така што да осцилира на 100MHz (5 пати повисока фрекфенција) и ете евтин ФМ модулатор на 100MHz исто како да има скап PLL :)
-
Не е баш така се лесно ,како изгледа: треба да направиш основен осцилатор и неколку степени за умножување ( колку сакаш фреквенција да добиеш).Еве две шеми : степени за умножување на основната фреквенција и осцилатор со калем,тример и кварц за поместување ( делумно) на фреквенцијата на осцилаторот)
-
мисла дека тактот зависи и од нпонот. Има и горови мултиплексери во вид на иц-а мислам.
-
А дали постојат кристали на 90 или 100MHz? Ова како за поедноставно :)
-
постојат такви осцилатори, има и до неколку гига херци ама кај нас се ретки :)
за тие фреквенции најчесто се користат хармониците на одредени осцилатори
инаку кристалите се Филтри, имаш осцилаторно коло кое осцилира со одредена нестабила фреквенција со додавање на одреден кристал со одредена фреквенција осцилаторното коло се стабилизира на таа фреквенција..
-
Постојат такви кристали,ама се скапи.Второ полесно се умножува фреквенција,поевтино ке испадне.
-
луѓе со колкава струја би предложиле да се празнат NICD батерии од 2000mAh???
-
луѓе со колкава струја би предложиле да се празнат NICD батерии од 2000mAh???
Треба да ги испразниш до крај, за да ги наполниш “од почеток“?
Иако ова звучи смешно, NiCd батериите траат подолго кога се полнат испразнети до крај.
Ако мислиш на ова, NiCd батериите трпат многу голема струја на празнење, барем еднаква на нивниот капацитет односно 2 А во случајов, а може и малку повеќе, само внимавај да не се прегреат оти можат да се оштетат од прегревање.
Во секој случај побарај на Google до кој напон треба да ги испразниш, оти после може да не се полнат.
-
јас се мислам до 0.8V да ги празнам...а и сакам заштита некоја од температура да направам, па до колку степени да ги терам тие да се празнат...до 50*С доста ке е?? или многу е?
-
здр., дали на транзистор кога че мерам емитер-колектор треба да покажи некоја вредност или не ? и во едната и во другата насока
-
треба да има голем отпор
-
јас се мислам до 0.8V да ги празнам...а и сакам заштита некоја од температура да направам, па до колку степени да ги терам тие да се празнат...до 50*С доста ке е?? или многу е?
Па повеќе од 50 - 60 степени не би требало да биде температурата. Не треба да правиш заштита, ако можат да се допрат со прст не е превисока температурата. ;D
А и не верувам дека со струја на празнење од 2 А, ќе се загреат толку. Обично се загреваат многу ако им правиш краток спој или слично.
-
треба да има голем отпор
и во едната и во другата насока ?
-
да, и во едната и во другата насока
-
треба да има голем отпор
и во едната и во другата насока ?
да, и во едната и во другата насока
хмм абе ме чуди ова да не си грешка случајно ??? пошо 2 различни транзистора проверив и стои 1 колектор-емитер и обратно што е работава расипани ли се ?
-
не сум грешка оди види поназад некоја страна имам ставено слика пиши добро таму за ПНП и НПН какви отпори треба да има мегу изводите ;)
-
не сум грешка оди види поназад некоја страна имам ставено слика пиши добро таму за ПНП и НПН какви отпори треба да има мегу изводите ;)
да ја видов сликата но јас го уклучувам унимерот за мерење на диода и ова ми се случува како што пишав погоре а за сликата не ја разбрав вака на прв поглед ;D
-
јас се мислам до 0.8V да ги празнам...а и сакам заштита некоја од температура да направам, па до колку степени да ги терам тие да се празнат...до 50*С доста ке е?? или многу е?
Па повеќе од 50 - 60 степени не би требало да биде температурата. Не треба да правиш заштита, ако можат да се допрат со прст не е превисока температурата. ;D
А и не верувам дека со струја на празнење од 2 А, ќе се загреат толку. Обично се загреваат многу ако им правиш краток спој или слично.
за тоа знам за држењето, ама тоа ке се уклучи да работи и така ке седи, нема над него да седам цело време :)
-
треба да има голем отпор
и во едната и во другата насока ?
да, и во едната и во другата насока
хмм абе ме чуди ова да не си грешка случајно ??? пошо 2 различни транзистора проверив и стои 1 колектор-емитер и обратно што е работава расипани ли се ?
тоа што ти покажва 1 тоа е голем отпот така треба ;)
-
NI-cd батерии ако напонот им е 0V ама баш 0V за у канта се, или може некој спас да им се најде???
-
можеби ќе ти помогни малку
EEVblog #176 - Lithium Ion/Polymer Battery Charging Tutorial (http://www.youtube.com/watch?v=A6mKd5_-abk#ws)
-
http://www.instructables.com/id/Bring-Dead-Ni-Cad-Batteries-Back-To-Life/step7/Zap-the-hell-out-of-the-battery/
би предложиле ли ова да го правам на батеријата??? ама со 35V ке ја „пржам“ и кондензатор од 18000uF
-
NI-cd батерии ако напонот им е 0V ама баш 0V за у канта се, или може некој спас да им се најде???
У канта, нема спас... :P
-
дајте кажете некој операциски засилувач што работи на single rail напојување, не на симетрично... треба dual opamp да е :)
-
Може и на симетрично ама може и на единечно напојување да работи ;)
http://www.national.com/mpf/LM/LM358.html#Overview
-
Можеби прашањево ќе биде oftopic но да не отворам нова тема. Сакам да прашам дали списанието Емитер може да се најде во продавница за весници,списаниа...? или само по порачка затоа шт ние ги земавме по порачка од на школо.
-
Го има и по трафики, само некои.
-
@ бојан, начинот на поврзување на ОЗ е различен, види во атачмент акко се поврзуваат (еден ти на поврзување)
доколку не ти треба за долниот дел од синусоидата терај така :)
-
@ бојан, начинот на поврзување на ОЗ е различен, види во атачмент акко се поврзуваат (еден ти на поврзување)
доколку не ти треба за долниот дел од синусоидата терај така :)
не ми треба за наизменичен сигнал, за DC напон ми треба...
-
Дали може да се направи регулатор на моќност на машина за алишта?
-
Дали може да се направи регулатор на моќност на машина за алишта?
Ако е само за греачите, би требало да може, но компонентите ќе бидат скапи :S.
-
Моја грешка не бев доволно јасен. Мислев на само моторот од машината.
-
Еве прочитај и види што можеш да направиш со таков мотор
-
Сакам да поставам едно многу глупаво прашање ::).
Вака, изработив еден сигнал трасер, си го правев по моја шема, јас си ја изработив, со TDA7052, трасерот работи, но има еден проблем. Бруи излезот од трасерот :S. Сменив 1000 различни компоненти и пак бруи :S. По еден ден лоцирање на проблемот, конечно го најдов каде е проблемот, како и во 90% проценти од случаите (со бруење), во напојувачката секција :S. Сигнал трасерот си има свој стабилизиран извор за напојување со 7808, но сепак, бруи :S. Кога е изваден кондензаторот за филтрирање на напонот по грецот и кога е приклучен трасерот на стабилизиран извор за нпојување (значи грецот е сеуште присутен, но изваден е кондензаторот, стабилизаторот и останатите компоненти сеуште стојат на плочката), не се јавува бруењето, едноставно исчезнува. Но се случува една многу чудна работа. Кога ќе го вратам назад кондензаторот во колото, кога е приклучен трасерот на надворешниот стабилизиран извор за напојување, пак почнува да бруи, помалку одколку кога е приклучен трасерот на неговиот onboard извор за напојување, но сепак бруи :S. Сменив 1000 различни кондензатори, со некои помалку бруи, со некои повеќе, но со сите бруи, без разлика дали е приклучен на неговиот извор за напојување или на надворешниот извор за напојување. Во секој случај, интегрираниот засилувач има моќност од 1W, па затоа решив дека добра ведност за кондензаторот за филтрирање е 1000uF (според мене, повеќе од доволна ;)), но со оваа вредност на кондензаторот за филтрирање, многу бриу трасерот, а пак со поголеми вредности, бруи многу помалку, сепак бруи (на пример, му ставив и 3300uF филтерски кондензатор и пак бруи :S).
Целото однесување на оваа филтерска секција ми е некако чудно. Мислев случајно некоја од диодите во грецот да не е проиена, па го сменив грецот со друг, но ни тоа не го реши проблемот. Пробав да ставам друг стабилизатор, некој друг (немав 7808, па му ставив 7805), но повторно се јавуваше истиот проблем :S.
Искрено, многу ме зачуди проблемов, не сум налетал до сега на ваков проблем. Некако целата ситуација нема логика. Ако некој даде некоја идеја, добредојдена е, ќе прочитам и ќе пишам дали сум го пробал и тоа или не ;).
-
стави му на грецот 4 кондензатори, од плус према наизменично 2 и од минус према наизменично 2, види со осцилоскопот што се случува со напојувањето, исклучи го појачалото и стави некој отпорник да го оптерети, види дали навистина е до напојувањето, доколку напојувањето е убаво, најверојатно имаш направено некој осцилатор од тоа засилувачот ( се случува при мала грешка кај засилувачите со ОЗ, наместо засилувач да добиеш осцилатор) да не имаш така направено, нешто погрешно споено, или сл. па во зависност од кондензаторот кој го ставаш да добиеш осцилатор со различна фреквенција, имаш осцилоскоп употреби го да видиш што се случува со сигналот :)
стави му калеми на напојувањето, провери можеби шумот ти иде од мрежата, стави филтер колку за проба :)
-
Моја грешка не бев доволно јасен. Мислев на само моторот од машината.
Зошто ти е потребна промена на моќноста на моторот?, да не мислеше само да ги намалиш вртежите?, за што планираш да го употребиш таквиот мотор?
Имам дома машина за павење намотки за електромотори и трансформатори, татко ми ја има направено со мотор од машина за перење, и има употребено тиристорски регулатор на моќност, теоретски така не се менуваат вртежите на електромотор али тоа кај оваа машина совршено функционира, си подесувам мала моќност, а со тоа и мали обртаи да неможе да ја скине бакарната жица.
Ако мислеше да ги намалиш само обртаите а снагата да ти остане иста тогаш ти треба скапи фреквенциски регулатор...
-
стави му на грецот 4 кондензатори, од плус према наизменично 2 и од минус према наизменично 2, види со осцилоскопот што се случува со напојувањето, исклучи го појачалото и стави некој отпорник да го оптерети, види дали навистина е до напојувањето, доколку напојувањето е убаво, најверојатно имаш направено некој осцилатор од тоа засилувачот ( се случува при мала грешка кај засилувачите со ОЗ, наместо засилувач да добиеш осцилатор) да не имаш така направено, нешто погрешно споено, или сл. па во зависност од кондензаторот кој го ставаш да добиеш осцилатор со различна фреквенција, имаш осцилоскоп употреби го да видиш што се случува со сигналот :)
стави му калеми на напојувањето, провери можеби шумот ти иде од мрежата, стави филтер колку за проба :)
ОК, вака сега, заборавив да напоменам една работа, целата плочка ја изработив со ground plane. Да не е случајно тоа проблемот? Знам дека не е препорачливо за аудио апликации ground plane, ама мислев дека само на помоќните конструкции им пречи, не и на вакви ситни :S.
Во врска со грешките за спојување, немам грешка, се супер си работи, башка, колото е интегриран засилувач во AB класа, скоро и да нема потреба за екстерни компоненти (освен потенциометра за volume), еве, види ја шемата од datasheet ;). Се што треба е само напојувачка секција, две диоди за ограничување на влезен сигнал и потенциометар. Диодите се извадени и е пробано и без нив, пак се јавува истиот ефект. Само ако го нема филтерскиот кондензатор во колото и ако се напојува колото од стабилизиран зивор за напојување (значи се си стои на место, само го нема филтерскиот кондензатор од 1000uF), само тогаш го снемува брумот. Во секоја друга сицтуација има брум (не можам да проверам дали е истата ситуација кога се напојува преку трафо од AC, кондензаторот мора да го филтрира исправениот напон, но и во оваа ситуација, повторно се јавува брумот :S).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/shot0003cu.jpg)
Во врска со самоосцилирањето, таа комбинација (скоро) и да не е возможна, екстерни компоненти нема, повратната врска и мостната врска се изведени интерно, така да, не верувам дека самоосцилира, но дефинитивно мислам дека некој компонента враќа брум назад кон маса и тоа го предизвикува бруењето, мое лично мислење, филтерскиот кондензатор е проблемот, но не може од 1000 филтерски кондензатори што ги сменив сите да бидат за никаде ;D, освен тоа, не ставам било какви, ставам Nichicon и Rubycon ;). Со некои прости мерења, стигнав до тој резултат, дека масата флуктуира, зошто, не знам :S, можеби поради ground plane-от ???.
Исто така, при мерењата, стигнав и до следниот резултат. Бидејчи немав сигнал трасер со кој би можел да видам од каде доаѓа брумот во сигнал трасерот (redundant ;D ;D ;D), а колото го испитував со сигнал од PC, решив да си направам „сељачки“ сигнал трасер, барем за почетниот степен со слушалки (има доволно моќ сигналот да ги напојува ;)), и стигнав до следниот заклучок. Брумот го нема во сигналот се додека не излезе сигналот од потенциометарот за volume контрола (кога филтерскиот кондензатор е ставен во колото, без него, го нема брумот на средниот пин од потенциометарот). Мислев да не е случајно потенциометарот проблематичен, па го сменив со друг со друга вредност (сите се нови и некористени, нитуеден стар нема ;)), но повторно се јавуваше брумот :S. Е сега, без разлика што се различни потенциометрите, сите имаа иста форма и конструкција (оние најевтините, цели оклопени со метал ;D), не сум пробал да го сменам со некој пластичен и да видам дали ќе се смени ситуацијата. Мислите дека е добра идеја да го сменам со пластичен?
А што се однесува до фреквенцијата на осцилирање, секогаш е истата фреквенција, брум од 50Hz, само што со некои кондензатори има некои додатни хармоници, а со други ги нема, изгледа зависи колку е добар кондензаторот или дали и колку е сув ;). Значи основниот хармоник е секогаш ист, 50Hz. Искрено, имам мал проблем со мерење на волку мали сигнали на осцилоскоп, дигитален е и refresh rate-от му се слаб на волку ниски фреквенции, па тешко може да се види дали и колку има брум, најубаво на уво се осеќа ова ;).
Сега изработив нова ППК, па ќе видиме како ќе иде со неа. Оваа е без ground plane ;). Ако евентуално се јавува истиот проблем, ќе пробам да видам дали со фитри од мрежата ќе се среди проблемот (како што посочи ;)), инаку, на претходнава верзија на плочката не пробав да видам дали фитри би имале некоја улога. Едно време мислев и дека трансформаторот е нешто зезнат, дека внесува некои хармоници во излезниот напон, но излезе дека не е така, мерев со социлоскоп, има некое мало изобличување на излезниот напон од трансформаторот, но нипто сериозно, таков тип на изобличување е нормално да има сигналот на излез. Сменив и два други трансформатори, но истиот проблем се јавува, така да, не е до трансформаторот :S.
-
сакам да направам H-bridge за мотор на ДЦ струи.Но ми е потребна шема за истиот.Дали може да ми предложите некои транзистори,пред се јаки за да го издржат тој мотор.
-
кој мотор??? карактеристика некоја да дадеше за него немаше да биде лошо...
-
па дај некоја *јака* шема,бидејќи моторов не е купен туку е изваден од некаде.А доброто е што работи.
-
па дај некоја *јака* шема,бидејќи моторов не е купен туку е изваден од некаде.А доброто е што работи.
Прашањево е бесмислено.
Дај карактеристики на моторот, доколку немаш, испитај ги рачно (струја, напон) за да може да се одговори на барањето (барем некако)
-
сега го мерев,влече 650мА.На 12волти
-
Еве ти многу проста шема
-
сега го мерев,влече 650мА.На 12волти
Може слободно да искористеш еден L293D интегриран H-Bridge.
-
дајте ми дефиниција за компаратор
-
дајте ми дефиниција за компаратор
Вака нешто?
http://en.wikipedia.org/wiki/Comparator
-
дајте ми дефиниција за компаратор
Вака нешто?
http://en.wikipedia.org/wiki/Comparator
нешто македонско,имаш :-\
-
дајте ми дефиниција за компаратор
Како мислиш „дефиниција“? Компаратор е коло кое компарира напонски сигнали на неговите влезови (најчесто два) и на излез дава логичка вредност (не е баш вака, но може да се подеси да биде во гранциите на CMOS и TTL логичките нивоа ;)) во зависност од тоа кој сигнал има повисоко напонско ниво. Ако мислиш на ваква дефиниција, ова е тоа ;).
-
па некои равенки.Значи примери.Ми треба за она светлосен прекинувач со ЛДР,сам да го сфатам. ;D
-
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/op-amp_comparator.gif)
Попросто ова здравје ;D. Ако на инвертирачкиот влез дојде сигнал кој има поголем напон од напонот на неинвертирачкиот влез, операцискиот засилувач на излезот дава „логичка единица“ (поточно, дава +Vcc, колку и да е тоа Vcc). Доколку напонот на инвертирачкиот влез е помал од напонот на неинвертирачкиот влез, напонот на излез од операцискиот засилувач е -Vee, односно „логичка нула“. Напонските нивоа на излезот од операцискиот засилувач може да се „конвертираат“ во обични логички напонски нивоа, со некоја логичка порта ;).
-
Вака сега,правам за Југо светла(со лед диоди) и сакам да ги заштитам со осигурувач.Но мене ме мачи тоа што незнам колкав осигурувач да ставам.Дали има некое правило,незнам.Но диодите влечат 500мА.Ако може да ми кажете колкав осигурувач да ставам.Дали да биде од 0,5А или некој друг?
-
Ако стаиш помал нема да чини, а ако стаиш појак ќе чини. Најдобро стаи од 2 ампери.
-
Oд 1А осигурач таман ќе е ;D
-
Дали може да се измери моќност на излез колку дава едно појачало, со унимер ?
Пошто на унимерот мој нема за да се мери моќност (W), па ве прашувам да не можи некако само со унимер и некои пресметки...
-
Може, но ти треба сигнал генератор, поточно генератор на синусен сигнал со фреквенција од 1KHz и осцилоскоп (највероатно) за да видиш кога ќе почне сигналот да клипува. Е сега дали твојот унимер може да мери RMS вредност на напон со фреквенција од 1KHz, тоа е друго прашање :S.
-
А не може на излез од појачалото да се стави пример 4омски или 8омски отпорник,некој повеќе ватен па да се измери струјата?
-
може, но пак мора да го мериш напонот кој го дава на излез, нека мери со осцилоскоп па ќе види и напон и сигнал и се, само струја ќе си измери со обичен унимер
-
аа уште осцилоскоп сеа
-
Вака сега,правам за Југо светла(со лед диоди) и сакам да ги заштитам со осигурувач.Но мене ме мачи тоа што незнам колкав осигурувач да ставам.Дали има некое правило,незнам.Но диодите влечат 500мА.Ако може да ми кажете колкав осигурувач да ставам.Дали да биде од 0,5А или некој друг?
Добро е што сакаш да правиш,ама што ке речат во Техничкиот сервис при регистрација:?? Не знам дали можеш точно да одредиш јачина на светло ( во лумени),па агол и сл. Уште и ако те начекаат полицајциве отиде казната.Мислам дека е 300 евра..
-
батка позиционите сега скоро сите ги прават со лед за да не им трошат по многу :)
така да нема многу големи проблеми да има
-
Дечки да не знае некој што е разликата помеѓу SL-10 и SL-20 леткумите?Различен напон дава термопарот?
-
батка позиционите сега скоро сите ги прават со лед за да не им трошат по многу :)
така да нема многу големи проблеми да има
ОК! Ама ако налеташ на некој * брко* во сообраќајна униформа кој нема баш појма од електроника...?!?!
-
ОК! Ама ако налеташ на некој * брко* во сообраќајна униформа кој нема баш појма од електроника...?!?!
Во право е, не се зезајте, премногу сообраќајци има кои не знаат што е тоа LED, а за нешто повеќе да не правиме муабет.
-
мене вторникот ке ме казеше еден зашто со точак сум возел по пат, а не по тротоар...му викам возам по пат дека многу луѓе има и овој се дере нешто...жена му не му дала вечерта па мене ке ми се дере...п*дер грд...
-
Да не има некој случајно шема за 10:1 сонда,за волтметар?Пример мериш 2000V,а да покаже 200V. ;D
-
Да не има некој случајно шема за 10:1 сонда,за волтметар?Пример мериш 2000V,а да покаже 200V. ;D
еве ти предлог од емитер списанието.Овој термостат го имам изработено со сондата PT-100.
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1141
И многу добро се има покажано.Иначе тебе ти треба за терморегулациона лемилица?
-
Не не,баш за волтметар ми треба ;) ;D
-
Не не,баш за волтметар ми треба ;) ;D
има на шемата еден операционен(ТЛ272),тоа можеш да го поврзеш на инструмент и да го мериш напонот,односно температурата. ;)
Ако сакаш да ти го дадам бројот да го изработиш само тој дел.Има неколку околни делови и тоа е се.А јас сега правам со тоа нешто,да го поврзам на микроконтролер.
-
Ќе скува :D,јас мислев со сонда да мерам пример 20кв,а на инструментот да покаже 2кв,што неверувам дека ќе издржи тл интегралчето ;D
-
а зашто ти е да мериш толкав напон?
-
а зашто ти е да мериш толкав напон?
Па пример ако правам електрична ограда,да видам што напон ќе даде бобината,а ако мерам без таква сонда отиде инструментот,ќе пушти „magic smoke“ :D :D
-
Па пример ако правам електрична ограда,да видам што напон ќе даде бобината,а ако мерам без таква сонда отиде инструментот,ќе пушти „magic smoke“ :D :D
Направи си со прост делител на напон, само прво нашелувај го да покажува правилно ;). Наједонставно, можеш да ја изградиш со еден 91K отпорник и еден 10K опторник, и двата може да се по 1/4W, нема да има проблем ;).
-
а зашто ти е да мериш толкав напон?
Па пример ако правам електрична ограда,да видам што напон ќе даде бобината,а ако мерам без таква сонда отиде инструментот,ќе пушти „magic smoke“ :D :D
аааа,ја па те сфатив дека сакаш температурна сонда да поврзеш,а не за мерење на висок напон. :P
-
значи треба да засилам напон од некои си 50mV, првиот пат проработе како што треба со 5 засилување, па го сменив на 8 па после тоа пак го вратив на 5gain-от, и сега па засилувањето му е ~3 пати, а со исти отпорници на истата плочка (дека смд е интегралецот) интегралецот е LMX321, отпорниците што се за повратната врска се R2=27K, R1=6.8K
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Op-Amp_Non-Inverting_Amplifier.png)
пробав и со два исти отпорници, за засилувањето да биде 2пати, ама па и пак засилувањето му е помало од 2пати, 1,5-1,6 пати му е...
-
Па пример ако правам електрична ограда,да видам што напон ќе даде бобината,а ако мерам без таква сонда отиде инструментот,ќе пушти „magic smoke“ :D :D
Направи си со прост делител на напон, само прво нашелувај го да покажува правилно ;). Наједонставно, можеш да ја изградиш со еден 91K отпорник и еден 10K опторник, и двата може да се по 1/4W, нема да има проблем ;).
со тие отпорници ништо не прајш, барем така имам гледано шеми. треба да имаш 5-6 отпорници од мега ом и еден од кило ом, и на тој од кило ом ќе мериш, иначе искрата едноставно може да си прескокне отпорниците, а и напонот е висок, па така да мисам дека ќе протече и јака стуја на отпор од 100 к ....
-
со тие отпорници ништо не прајш, барем така имам гледано шеми. треба да имаш 5-6 отпорници од мега ом и еден од кило ом, и на тој од кило ом ќе мериш, иначе искрата едноставно може да си прескокне отпорниците, а и напонот е висок, па така да мисам дека ќе протече и јака стуја на отпор од 100 к ....
Ако е до кај 2KV, нема толку лесно да прескокне, за поголем напон, на пример, 5, 6, 7KV, да, можно е да скокне. Колку што видов, Malecko праша за напон до кај 2KV ;).
-
ja 20 кв го разбрав, али нема врска, бирно се разбравме ;D
-
Искрено за над 20KV ми треба :D,за мерење сплит трансформатори,бобини,каскади све од HV ;D.Па мислам дека со 10W отпорници ќе го биде делителот,или не?
-
не си играј со толкав напон, да не те степа струја....ако сакаш купи си некоја готова сонда (иако незнам кај можеш да најдеш таква сонда) и готово....а што ке ти е па да мериш напон на сплит трансформатор жити се...
-
има посебни трансформатори кој се користат за вакви работи, со одредена пропорција го намалува напонот од х на х
види дали ќе најдеш таков, ако не најдеш намотај си сам некој
пр 100:1, 1000:1, со вакви трансформатори се мерат толкави напкни, а не со напонски делители од отпорници :)
-
а бе кај и сам да мота трансформатор, изолацијата на жицата колкава е па...
-
A да спојам со неколку отпорници,па да направам два од по 50-60W,или пак е bad idea? ;D
-
A да спојам со неколку отпорници,па да направам два од по 50-60W,или пак е bad idea? ;D
Па за над 20KV, да, bad idea, ама за помали напони, до кај 2KV, не би требало да има некој голем проблем само со напонски делител ако мериш ;).
-
Е што чаре да барам,тоа со трансформатор не ми е изводливо некако...Кој ќе бара езгро,па да го премотувам...Некоја друга идеја дајте :D
-
епа земи исправно сплит трафо и поврзи го обратно :)
ич значи не размислувате ;D
-
Е што чаре да барам,тоа со трансформатор не ми е изводливо некако...Кој ќе бара езгро,па да го премотувам...Некоја друга идеја дајте :D
Еве идеја, ова е 1000:1 сонда, за 20 кв на влез на излез ќе измериш 20 волти. Отпорниците треба да се 1 ват, не затоа што ќе се загреваат ако се помали, туку дека овие од еден ват се поголеми и издржуваат поголем напон (искрата треба да прескокне поголемо растојание ;D). Секој отпорник треба да биде што подалеку од секој друг, особено крајните треба да бидат што подалеку. Најдобро целата низа на отпорници да се спакува во пластично црево за да се избегне било каков допир на отпорниците со било што друго. Сепак не мери со скап мултиметар, оти поради напонските шпицеви и капацитативната индукција може мултиметарот да ти прегори. ;D
(http://pic.mk/thumbs/vnsonda.png) (http://pic.mk/?v=vnsonda.png)
Споено мислење: [time]30 Август 2011, 19:04:42[/time]
епа земи исправно сплит трафо и поврзи го обратно :)
ич значи не размислувате ;D
Мислам дека нема да може тоа, модерните сплит трафа имаат диоди во секундарната намотка, поделена е истата на повеќе секции со диоди, затоа се вика сплит (од splited ) трафо.
-
на старите трафа диодата е од надворешна страна, нека побара постаро трафо некое :)
-
на старите трафа диодата е од надворешна страна, нека побара постаро трафо некое :)
Во ред, ама ова со трафо ќе работи само за мерење на наизменичен напон, за еднонасочен на пример од трафо со вградена каскада нема да може.
А и од кај ќе знае колкав е односот на бројот на намотките на трафото?
А и да го знае, на високите фреквенции на кои работат сплит трафоата имаат влијание и други фактори, резонанција на паразитски капацитети и индуктивитети, меѓукапацитативност и сл. така да теоретски, без мерење многу е тешко да се пресмета коефициентот на трансформација на трафото, кој истотака зависи и од работната фреквенција... >:(
Долга и широка е оваа за висофреквентните трафоа... :D
-
како на наједноставен начин да добијам 500+ волти од 2.4V NiCd батерија ?
батеријата е од 1500mAh треба да побуди неонка од 6W
се работи за панично светло, треба да го поправам, ама некој грчки производ е немам ни шема ни ништо, има еден тон делови кој треба да ги проверам и ако на крај не најдам што му е барем ќе ја преправам по мое да е :)
-
како на наједноставен начин да добијам 500+ волти од 2.4V NiCd батерија ?
батеријата е од 1500mAh треба да побуди неонка од 6W
се работи за панично светло, треба да го поправам, ама некој грчки производ е немам ни шема ни ништо, има еден тон делови кој треба да ги проверам и ако на крај не најдам што му е барем ќе ја преправам по мое да е :)
Наједноставно, едно трансформаторче и 555, па според побудна фреквенција штелувај си напон. Само што најверојатно ќе треба потоа да го исправиш тој напон. Трансформаторче можеш да намоташ од јадро од некое компјутерско напојување ;).
-
како на наједноставен начин да добијам 500+ волти од 2.4V NiCd батерија ?
батеријата е од 1500mAh треба да побуди неонка од 6W
се работи за панично светло, треба да го поправам, ама некој грчки производ е немам ни шема ни ништо, има еден тон делови кој треба да ги проверам и ако на крај не најдам што му е барем ќе ја преправам по мое да е :)
Наједноставно, едно трансформаторче и 555, па според побудна фреквенција штелувај си напон. Само што најверојатно ќе треба потоа да го исправиш тој напон. Трансформаторче можеш да намоташ од јадро од некое компјутерско напојување ;).
Пак јас, ;D
минимален напон на напојување на 555 е 4,5 волти, не ќе може така.
Мислам дека проблемот може да го решиш со некоја моќна верзија на Joule Thief или некој сличен осцилатор кој може да работи на толку низок напон.
Инаку ако беше напонот на батеријата повисок ова со 555 ти е најдобра варијанта.
-
Не знам дали 2,4 В ке побудат НЕ555 ;D Подобро да пробаш со транзистори.
-
минимален напон на напојување на 555 е 4,5 волти, не ќе може така.
Не знам дали 2,4 В ке побудат НЕ555 ;D Подобро да пробаш со транзистори.
Да, во право сте, заборавив дека минималниот напон е 4.5V ;D.
Епа Devil, освен онаа варијанта со транзистори што ја спомнаа, ни мене друго не ми текнува :S.
EDIT:
Сега ми текна, а да пробаш да модифицираш CFL-ка ;)?
-
најдов некоја шема за некаков си генератор од 3V на 500V го крева напонот, мислам дека ќе е доволно за да ја побудам неонката :)
нешто друго сега
дали е можно некако да се добие синусен сигнал наместо правоаголен сигнал кога се користи операционен засилувач како компаратор ?!
-
Дечки дали некој ја направил оваа шема за бркање на комарци ?
(http://pic.mk/images/wwwdnd.jpg)
-
ааааах ѓаволе тоа тешко да се добие...барем според мене мислам дека е тешко такво нешто да добиеш....
-
нешто друго сега
дали е можно некако да се добие синусен сигнал наместо правоаголен сигнал кога се користи операционен засилувач како компаратор ?!
Само со операцсики засилувач, нема теорија, он само споредува напонски нивоа и ништо повеќе, на излез дава или -Vcc или +Vcc, ништо повеќе од тоа.
Дечки дали некој ја направил оваа шема за бркање на комарци ?
(http://pic.mk/images/wwwdnd.jpg)
Ова е бистабил, дали работи, не знам, пробај, едноставна е шемата ;).
-
да де знам дека дава на излез такви можности
но еве претпоставка на влез нивото на сигналот се менува со некој фреквенција од ред на MHz
на излез ќе дава некој правоаголен сигнал, е сега мене ме интересира дали е можно наместо тој правоаголен да дава синусна форма :)
-
Незнам што конкретно сакаш да направиш ама тој правоаголен сигнан можеш да го претвориш во синусен со помош на сериски RC филтер
-
да де знам дека дава на излез такви можности
но еве претпоставка на влез нивото на сигналот се менува со некој фреквенција од ред на MHz
на излез ќе дава некој правоаголен сигнал, е сега мене ме интересира дали е можно наместо тој правоаголен да дава синусна форма :)
Незнам што конкретно сакаш да направиш ама тој правоаголен сигнан можеш да го претвориш во синусен со помош на сериски RC филтер
Ќе му треба LC филтер за тоа, П или Т филтер и никогаш нема да биде баш синусен. Да биде доста блиску до таа форма може, ама не и идентичен на синусен ;).
-
Имам проектрирано доста уреди со помош на микропконтролер на излез од микроконтролерот добивам PWM сигнал и со помош на сериски RC филтер добивам синусоида и тоа права синусоида не деформирана
-
Имам проектрирано доста уреди со помош на микропконтролер на излез од микроконтролерот добивам PWM сигнал и со помош на сериски RC филтер добивам синусоида и тоа права синусоида не деформирана
дали може да ја добијам таа шема за филтер?
Сакам да правам контрола на релинја,но уредите директно да се напојуваат од плочката.Дали може да ми предложите некоја заштита,па да не дојде до уништување на релињата бидејќи ќе се напојуваат директно од плочката на која се наоѓаат релињата.Некој кондензатор од 22нано или така нешто?Шема ако може за друг предлог. :D
-
како мислиш ќе се напојува директно од плочата ?
на релето се става диода паралелно на пиновите од калемот за да го спое инверзниот напон кој би се појавил да направи штета (или како и да се вика тој напон)
-
како мислиш ќе се напојува директно од плочата ?
значи сакам да го напојувам уредот директно,наместо да премостувам жици(нешто како прекинвач)ова да биде како уредот да го поврзам на нула и фаза.А не како секогаш како што пишав погоре.Иначе заштита мислев за да не ми гори релето,нешто со кондензатор паралелно со излезот.
-
како да ти гори релето??? мислиш контактите да ти се спојат или такво нешто??? ако мислиш на тоа, нема спас од тоа, ке ставиш помоќно реле...за како може да изгори реле ја стварно незнам...
-
Братче SKOLS, калемот од релето не може во никој случај да изгори ако го напојуваш со потребниот напон, можат да изгорат контактите и за ова нема никаква заштита, едноставно ти треба помоќно реле чии контакти можат да издржат и прекинат поголема струја.
Што не пиша порано, пред некој ден дадов “малечко“ реле од три кила за греачи од камионски мотор, 24 волти и само 80 А. Абе ептен малечко :D
-
малендото реле сигурно имало платински контакти, па ела бујрум изгори ги ;D ;D ;D ;D ;D
-
малендото реле сигурно имало платински контакти, па ела бујрум изгори ги ;D ;D ;D ;D ;D
Какви платински контакти, кај го давав ако беа платински, со толку платина може кола да си купиш ;D ;D ;D ;D
Шала на страна, самите контакти беа масивни правоаголни парчиња бакар, а човекот што го побара ми е ептен пријател и му го дадов за ич пари.
И јас го најдов на отпад, не дека го купив. :D :D :D
-
Не знам дали е вистинското место, ама сакам да прашам, дали некој знае како се направени светилките во фонтаната на споменикот на плостад. Еднаш видов дека се ставени диоди што менуваат три бои, ама не се обични диоди, туку доаѓаат како оние сијаличињана што се ставаат на штопови на коли, таа големина се, а внатрешноста им е како диода.
-
Да не знае некој колку пари е излезно трафо 3W од лампашки засилувач?
-
Кај нас не сум видел во продавница да има таква работа, барај на бувљак некое искршено радио на лампи и извади си од таму ;).
-
Кај нас не сум видел во продавница да има таква работа, барај на бувљак некое искршено радио на лампи и извади си од таму ;).
не, пријател има такво па ме прашува колку пари може да му земе ако го даде на оглас?
-
Пред некое време купив неколку регулатори LM317T од Алфа електроник и арно ама дали е можно да се фалш кинески копии оти ниеден од нив не работи како што треба го пуштаат целиот влезен напон на излез. Инаку на нив пишува ST ама некако сомнителни ми се ознаките и види сега ситуација ставам на истава плочка LM317T исто ST ама постар од пред некоја година и си работи супер а со овие новиве сите ги пробав ниеден не работи...
Има некој некогаш сретнато ваква ситауција? ???
Дали е можно кинезиве да прават копии на електронска компонента која чини 10 центи, оти обично се прават копии на поскапи делови.
-
Баш ме чуди што викаш дека копии се прават на поскапи делови... јас мислам дека и ST BC547 може да биде копија. Стварно ако Алфа почнале да продаваат фалш делови (неоригинал) тогаш не знам што да правам за купување. Од каде да набавуваме?
-
Не мора да значи дека се копии, може се фабрички шкарт, неисправни, наменети за фрлање, а некој да ги земал и ги продава како исправни. Иначе се случува да купиш нов дел и да не работи, посебно кај нас, врати ги кај што си ги купил и барај да ти дадат друга серија.
-
Тешко да ти поверуваат дека ти не си го прегорел. Тешко да сакаат да ти го вратат. Секој произведен дел се тестира а потоа де изнесува од фабрика и се носи на продажба. Деловите кои се неисправни или се исправни но паднале на тестот се фрлаат во отпади, е сега нашиве или некои други буричкат по отпадите и ги откупуват на кило. Потоа нашиве за поевтино (но за максимално голем ќар) купуваат од тие делови по смешно мали суми а потоа ги продаваат кај на по суми еквивалентни на оригиналните кои го поминале тестот и сега се во Норвешка, Шветска, Франција, Германија, Аустрија, Италија, Грција.... Америка, Канада, Австрлија и сите држави кои се од тн. првиот свет... а ние сме од третиот свет...
-
па има веројатност да помине неисправен дел ина компјутерот кој ги проверува или пак точно само тогаш работел делот и на последното тестирање прегорел
-
Пред некое време купив неколку регулатори LM317T од Алфа електроник и арно ама дали е можно да се фалш кинески копии оти ниеден од нив не работи како што треба го пуштаат целиот влезен напон на излез. Инаку на нив пишува ST ама некако сомнителни ми се ознаките и види сега ситуација ставам на истава плочка LM317T исто ST ама постар од пред некоја година и си работи супер а со овие новиве сите ги пробав ниеден не работи...
Има некој некогаш сретнато ваква ситауција? ???
Дали е можно кинезиве да прават копии на електронска компонента која чини 10 центи, оти обично се прават копии на поскапи делови.
A да пробаш да го залемиш регулаторот обратно,место 123,да биде 321 редоследот,можеби наопаку се направени ;D
-
Пред некое време купив неколку регулатори LM317T од Алфа електроник и арно ама дали е можно да се фалш кинески копии оти ниеден од нив не работи како што треба го пуштаат целиот влезен напон на излез. Инаку на нив пишува ST ама некако сомнителни ми се ознаките и види сега ситуација ставам на истава плочка LM317T исто ST ама постар од пред некоја година и си работи супер а со овие новиве сите ги пробав ниеден не работи...
Има некој некогаш сретнато ваква ситауција? ???
Дали е можно кинезиве да прават копии на електронска компонента која чини 10 центи, оти обично се прават копии на поскапи делови.
A да пробаш да го залемиш регулаторот обратно,место 123,да биде 321 редоследот,можеби наопаку се направени ;D
Е уште да беше тоа, пробав и така иако не ми се верува дека може да има друг распоред на пинови за LM317T. :D
Споено мислење: 23.09.2011, Friday, 11:12:24
Баш ме чуди што викаш дека копии се прават на поскапи делови... јас мислам дека и ST BC547 може да биде копија. Стварно ако Алфа почнале да продаваат фалш делови (неоригинал) тогаш не знам што да правам за купување. Од каде да набавуваме?
И јас така мислам, досега безброј пати имам купувано од Алфа и ова е првпат да налетам на фалш дел.
Се надевам дека некој од таму ќе го прочита ова е ќе си ја поправат грешката. ;)
-
знае ли некој дали во Скопје може да се купат фото диода/отпорник (сензор) и како се движат цените ?
-
знае ли некој дали во Скопје може да се купат фото диода/отпорник (сензор) и како се движат цените ?
Да,имаш по продавнициве фото отпорници(сигурно има и фото диоди).Јас пред некоја година од гац земав фото отпорник негде 30-40ден беше :)
-
Сакам да прашам како да го зголемам мерното подрачје на еден аналоген инструмент(со стрелка).Исто така прашање до ЛордЗи:
Кога на влез од инструментот му се поврзе 12волти точно ампеража ќе повлече и ќе се отпише на аналогниот инструмент(За аналоген амперметар зборам)?
-
Мислам дека можеш да го зголемиш мерното подрачје со отпорнички делител :)
-
Исто така прашање до ЛордЗи:
Кога на влез од инструментот му се поврзе 12волти точно ампеража ќе повлече и ќе се отпише на аналогниот инструмент(За аналоген амперметар зборам)?
Јас ништо не те разбрав, ај напиши уште еднаш точно што ти треба.
-
Сакам да прашам како да го зголемам мерното подрачје на еден аналоген инструмент(со стрелка).
еве како :)
-
Јас ништо не те разбрав, ај напиши уште еднаш точно што ти треба.
Кога го испита ампер метарот што ти го дадов,ти го поврза на 12волти.Поточно на + од амперметарот го поврза позитивниот пол од напојувањето и - од амперметарот негативниот пол од напојувањето.забележав дека амперметарот(дигиталниот) на напојувањето отпиша 0,4ампери(а истото го покажа и на аналогниот амперметар-тестираниот) .Што значи тоа,зашто не покажа друга бројка?
Тоа не ми беше јасно.
-
а зошто би покажал друга бројка ?
тој мери струјата која протекува низ одреден проводник/потрошувач, него му било ограничено на 0.4А напојувањето и максималната струја која протекла низ двата амперметри е 0.4А
-
Кога го испита ампер метарот што ти го дадов,ти го поврза на 12волти.Поточно на + од амперметарот го поврза позитивниот пол од напојувањето и - од амперметарот негативниот пол од напојувањето.забележав дека амперметарот(дигиталниот) на напојувањето отпиша 0,4ампери (а истото го покажа и на аналогниот амперметар-тестираниот) .Што значи тоа,зашто не покажа друга бројка?
Тоа не ми беше јасно.
Не може да покаже друга бројка ако е исправен и низ него течат 0,4А, нема врска дали е приклучен на 5, 12 или 24V, тебе изгледа те буни тоа што овој амперметарот тогаш го поврзав паралелно на излезот од напојувањето, како волтметар, тоа беше само колку да го пробам, пошто имам можност да ја штелувам излезната струја на моето напојување ја наместив на минимум, амперметарот го врзав како куса врска на излезот и како постепено ја зголемував струјата така се зголемуваше и отклонот и видовме дека покажува точно од 0-1А, исто како и тој дигиталниот од напојувањето.
Иначе амперметар никогаш не се поврзува така во коло, секогаш треба сериски, јас го ставив така само пробно и само поради тоа што имав регулација колкава струја ќе протече низ него, ако го врзеш на некој исправувач што нема таква регулација и ако низ него помине целата струја на краток спој поголема од 1А, отиде амперметарот... :P
-
Aj и јас да прашам нешто ;D.Како овие професионалните лаб. напојувања можат да ја регулираат излезната струја,без товар на излезот од напојувањето,значи без приклучен некој склоп/коло?Има некое посебно коло/микроконтролер?
-
ке го кратко споиш излезот и ете ти оптоварување :)
-
ке го кратко споиш излезот и ете ти оптоварување :)
Знам за тоа ;D,него тие напојување без ништо приклучено на излезот можат да ја прикажат максималната струја која ќе ја дадат на излез,исто како напон одма кога ти отчитува уште пред да приклучиш некој склоп...
-
тоа има некој референтен напон (најверојатно) и го мери тој напон па според него одредува колкава ке е максималната излезна струја...така барем според мене би работело...
-
Колеги дали на кулер од ATX напојување му треба "идеален" напон или тој може да биде пиклучен после грец и кондензатор?
-
каков е тој идеален напон??? треба еднонасочен напон, и по можност да е филтриран колку-толку...
-
Мислев на идеално прав напон
-
стај грец и еден кондензатор од 470uF и терај така....ако е без кондензатор поспоро ке врти....
-
кај е таа шема некој од колегите ја имаше објавено за засилувач 2.1 со интегрално коло мислам дека беше 2 по 6 вати и 1 по 20 вати никаде не можам да ја најдам :-\ пред околу една недела беше објавена
-
Ако мислиш на STA543SA, не е шема, односно има шема во datasheet-от. Само го презнетирав интегрираното коло, бидејќи до сега немам начекано 2.1 аудио засилувач ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6814.0
-
Да не знае некој како да пресметам од колку оми отпорник треба да ставам за да ограничам некоја струја?Пример имам 1А и сакам да ја ограничам на 500мА...Поточно ми треба за еден полнач 24V e 1,2А,а треба да ја ограничам на 400мА,е сега од колку оми отпорник треба да ставам?
П.С. Некој не учел на време електротехника :D ;D
-
Ако мислиш на STA543SA, не е шема, односно има шема во datasheet-от. Само го презнетирав интегрираното коло, бидејќи до сега немам начекано 2.1 аудио засилувач ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6814.0
да колега за овоа интегрално ми беше маката,фала
-
Да не знае некој како да пресметам од колку оми отпорник треба да ставам за да ограничам некоја струја?Пример имам 1А и сакам да ја ограничам на 500мА...Поточно ми треба за еден полнач 24V e 1,2А,а треба да ја ограничам на 400мА,е сега од колку оми отпорник треба да ставам?
П.С. Некој не учел на време електротехника :D ;D
За да ја ограничиш на 400 мА ти треба отпорник 40 оми/7вати
-
Да не знае некој како да пресметам од колку оми отпорник треба да ставам за да ограничам некоја струја?Пример имам 1А и сакам да ја ограничам на 500мА...Поточно ми треба за еден полнач 24V e 1,2А,а треба да ја ограничам на 400мА,е сега од колку оми отпорник треба да ставам?
П.С. Некој не учел на време електротехника :D ;D
За да ја ограничиш на 400 мА ти треба отпорник 40 оми/7вати
Благодарам Гоце! :) А ќе можеш да ми објасниш како пресмета? ;D
-
Имаш напојување 24 волти и излезна струја од 1,2 ампери прво го пресметуваш потрошувачот Rp=U/I
Rp=24/1,2=20 оми значи кога ке го оптеретиш напојувањето со овој товар ке ја даде неговата максимална излезна струја е сега да ја ограничиш на 400 мА R1=(U/I)-Rp=(24/0,4)-Rp=40 оми после пресметуваш мокност на отпорникот Pr=Ur*I Ur=R1*Ir=40*0.4=16V Pr=16*0.4=6,4 W
Оваа пресметка e со потрошувач кој влече максималната струја од напојувањето,ако ставаш потрошувач со помала влезна отпорност кој ке влече повеке струја треба да се пресмета повторно
Да кажеме дека потрошувачот влече струја од 2А тогаш неговата отпорност ке биде Rp=24/2=12оми
тогаш R1=(U/I)-Rp=48 оми Pr=Ur*I Ur=R1*Ir=48*0.4=19,2 Pr=19,2*0.4=7,68W
-
Малецко,го имаш ли учено Омовиот закон?? ;)
-
Малецко,го имаш ли учено Омовиот закон?? ;)
Дап ;D
-
Eве како се прорачунува отпорник за намалување на напонот на кулер ако имате напон повисок од 12 V
-
Може некој да ми каже како да намалам од 19 влти на 13 волти извор? За полнач за акомулатор е.
-
Може некој да ми каже како да намалам од 19 влти на 13 волти извор? За полнач за акомулатор е.
Со LM317 и некој моќен транзистор...Колку ампери е полначот?
-
Па би требало да е некаде околу 6 - 7 ампери.
-
побарај по интернет шема со LM723, линеарен напонски стабилизатор со можност за ограничување на струјата...
-
Да не може некој да ми најде елктрична шема за нешто вакво, ако може нека ја постира, многу ќе му бидам благодарен.
Night Works 3d LED CUBE (http://www.youtube.com/watch?v=_cLLyfop3QI#)
-
Имаш во микроконтролери поставено шема за LED коцка,5х5х5...
-
Ама ова е различно од тоа, ова е со диоди во повеќе бои, гледаш како различни бои менува.
-
Дали знае некој колку пари е LM386N-4 ?
-
Дали знае некој колку пари е LM386N-4 ?
Јас пред некое време земав од гац,негде 20-30ден беше,не ме зимај за збор...Само незнам дали беше со N-4 на крајот :)
-
Скапички малку :( бидејки TDA2030A се само 20 денари
-
Каде бе тоа 20 ден? Да непали секое трето? Проверени ли се???Да земам 30-тина парчиња.
-
batka во ASWO TDA2030A беа 19 денари, овие LM логично би било да се поевтини (да не речам како BC547 :D)
-
Каде бе тоа 20 ден? Да непали секое трето? Проверени ли се???Да земам 30-тина парчиња.
Во гац,во скопје толку се...Не е ова STK интегралец ;D ;D
-
луѓе да помогне некој за прашањава:
-да се напише вредноста на факторот на моќност cos f (фи) ако потрошувачот е:
*чисто активен
*чисто индуктивен
*чисто капацитивен
и уште едно прашање:
-кога се вели дека две намотки се взаемно магнетно спрегнати?
-
луѓе да помогне некој за прашањава:
-да се напише вредноста на факторот на моќност cos f (фи) ако потрошувачот е:
*чисто активен
*чисто индуктивен
*чисто капацитивен
и уште едно прашање:
-кога се вели дека две намотки се взаемно магнетно спрегнати?
Чисто активен cos(f) = 1
Чисто индуктивен и чисто капацитивен cos(f) = 0
Две намотки се взаемно магнетно спрегнати кога флуксот создаден од едната намотка влијае на било кој начин на течењето на струјата во другата намотка.
-
луѓе да помогне некој за прашањава:
-да се напише вредноста на факторот на моќност cos f (фи) ако потрошувачот е:
*чисто активен
*чисто индуктивен
*чисто капацитивен
и уште едно прашање:
-кога се вели дека две намотки се взаемно магнетно спрегнати?
Чисто активен cos(f) = 1
Чисто индуктивен и чисто капацитивен cos(f) = 0
Две намотки се взаемно магнетно спрегнати кога флуксот создаден од едната намотка влијае на било кој начин на течењето на струјата во другата намотка.
Фала за одговорот...за оптоварувањата претпоставува дека е така заради фазорскиот дијаграм, ама па не бев сигурен дали е така
@Dx-er знаеш дека пишувам кирилица од телефон, ама дека бев на брзање не напишав дека пишувам од телефон...и до сега пораки што не ми се на кирилица сите (колку што знам) ги имам препишувано...
-
Не знам дали е точно место каде што треба да го поставам ова прашање, ама дали може некој да го скенира проектот од емитер 7-8/2005 година за регулатор на моќност со тријак?
-
замена кажете за BC219.
-
замена кажете за BC219.
Стави ВС141.
-
Дечки дали знае некој како да „исушам“ електролитски кондензатор???
Пошто го направив ESR метарот од „Емитер“ ама не знам како да го испитам.. Пробав на неколку кондензатори ми покажува полн отклон - како кога се краткоспоени исптнтите жици. Има две можности - или се добри сите кондензатори што ги испитав, или нешто не е во ред со мерачот.
-
Пробај да мериш отпорник, би требало да ти ја покаже точната вредност, што значи дека уредот е исправен.
А суви електролити барај во стари уреди, тие што си ги мерел се најверојатно исправни (иначе јас од сите електролити што ги измерив фрлив само два).
-
Пробај да мериш отпорник, би требало да ти ја покаже точната вредност, што значи дека уредот е исправен.
А суви електролити барај во стари уреди, тие што си ги мерел се најверојатно исправни (иначе јас од сите електролити што ги измерив фрлив само два).
Пробав вака, и мислам дека е добар.
со 12 оми отпорник ми е на средина сказалката, а со 100 омски отпорник е веќе бесконечност (одвај малку мрда)
-
ЕСР метарот може да мери до 20 оми.Ти пробувај со некои потолерирани отпорници до 20 оми.Значи со отпорник од 1ом 1% итн.Подобро е со потолерирани отпорници отколку со обични.Како што ти кажа ЛордЗи,пробај на некои стари напојувања.Јас може од стари напојувања 50% не работеа кондензаторите,суви беа.
-
Пробав вака, и мислам дека е добар.
со 12 оми отпорник ми е на средина сказалката, а со 100 омски отпорник е веќе бесконечност (одвај малку мрда)
Би требало да ти е исправен, но ти изгледа си го правел стариот аналоген ESR метар од Емитер, па затоа малку ме збуни кога спомна сказалка ;D.
ЕСР метарот може да мери до 20 оми.Ти пробувај со некои потолерирани отпорници до 20 оми.Значи со отпорник од 1ом 1% итн.Подобро е со потолерирани отпорници отколку со обични.Како што ти кажа ЛордЗи,пробај на некои стари напојувања.Јас може од стари напојувања 50% не работеа кондензаторите,суви беа.
Инаку, тие отпорници се викаат „одтпорници со ниска толеранција“, а не „потолерирани“ ;).
-
Би требало да ти е исправен, но ти изгледа си го правел стариот аналоген ESR метар од Емитер, па затоа малку ме збуни кога спомна сказалка ;D.
Да,да .. стариот го правев, аналогниот.. :)
Па јас мислам и не треба овде некоја прецизност - доволно е само да се одреди дали е сув или не кондензаторот.
Инаку, тие отпорници се викаат „одтпорници со ниска толеранција“, а не „потолерирани“ ;).
;D ;D ;D ;D толерантни
-
Да,да .. стариот го правев, аналогниот.. :)
Па јас мислам и не треба овде некоја прецизност - доволно е само да се одреди дали е сув или не кондензаторот.
И јас така мислев, ама на крајот излезе дека не е баш така ;D.
Високонапонските кондензатори може да јават неверојатно висок ESR, а не се суви ;). Затоа и го правев дигиталниот, бидејќи прочитав дека има цели табели за да се одреди дали некој кондензатор е сув или не ;). Тоа зависи од капацитивноста и работниот напон ;), така да, работите и не се баш наједонставни ;).
-
Дали може мала помош околу пресметување на јачина на трафо, еве ви две слики со димензии
(http://pic.mk/images/thumbs/1stEk.jpg) (http://pic.mk/images/1stEk.jpg)
(http://pic.mk/images/thumbs/UjDR.jpg) (http://pic.mk/images/UjDR.jpg)
-
За да пресметка на моќност ти требаат само овие (две) димензии...
(http://pic.mk/images/V9Y4.png)
-
Дали може мала помош околу пресметување на јачина на трафо, еве ви две слики со димензии
По не зна кој пат, имате софтвери за вакви работи, а се разбира дека може да се пресмета и на рака. Во некои софтвери дури има и слики шо треба да се измери за да се пресмета моќноста на јадрото, еве видете.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4532.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4532.0)
-
А може ли некој од вас да ми пресмета, зашто мене не ми ја пушта оваа програма, јас и предходно знаев за оваа, ама не ми ја пушта, имам некој ерор.
-
А може ли некој од вас да ми пресмета, зашто мене не ми ја пушта оваа програма, јас и предходно знаев за оваа, ама не ми ја пушта, имам некој ерор.
По втор пат,напиши ја и втората димензија,едната ја имаш 30мм,ама таа другата од средниот дел на јадрото ја немаш...
-
Таа е 20 милиметри
-
Таа е 20 милиметри
Според програмава испаѓа дека е 36W...
-
Таа е 20 милиметри
Според програмава испаѓа дека е 36W...
Многу малку, има дебела зица, а не е ни мало трафото, татко ми ми кажа дека треба да е некаде 200 вати.
-
Таа е 20 милиметри
Според програмава испаѓа дека е 36W...
Многу малку, има дебела зица, а не е ни мало трафото, татко ми ми кажа дека треба да е некаде 200 вати.
Незнам,ама и мене ми личи на толку.Ај сликај го покрај запалка,кибрит,пара...
-
Стефанјаневски очигледно мерките не ти се точни.Ако немаш програм седни математички,на рака се пресметува за миг тоа .Само точно треба димензиите да се мерат.Вака гледано изгледа голем трафо,а твоите мерки некако не се соодветствуваат.
-
Стефанјаневски очигледно мерките не ти се точни.Ако немаш програм седни математички,на рака се пресметува за миг тоа .Само точно треба димензиите да се мерат.Вака гледано изгледа голем трафо,а твоите мерки некако не се соодветствуваат.
Изгледа долго, но не и големо, но на моќноста на трафото влијае само напречниот пресек на јадрото, а не и неговата должина, баш напротив, важат истите закони како и кај проводниците, колку подолго јадро, толку поголема отпорност при течењето на виорните струи низ јадрото, толку поголеми Џулови загуби (греење) на јадрото.
Јадрото е долго, а тоа значи дека може да се намота многу жица, односно да се постигне висок напон, но не и голема струја.
Многу малку, има дебела зица, а не е ни мало трафото, татко ми ми кажа дека треба да е некаде 200 вати.
Нема шанси да е 200W. Според пресметки е 36W. Еве, сметај дека е 45W (со некој минимален пад на напон доколку некое коло максимално ја „влече“ струјата од трафото), но не и повеќе од тоа.
А може ли некој од вас да ми пресмета, зашто мене не ми ја пушта оваа програма, јас и предходно знаев за оваа, ама не ми ја пушта, имам некој ерор.
Ако работиш на Win7, да, нема да ти ја пушта. Совет до сите кои работите со електроника: ако веќе користите Windows за работа со електроника, ставете си XP. Единствени кои целосно се префрлија на работа со Win7 се графичките дизанер, web дизајнерите и се што спаѓа по работа со графика (не поради друго, не работат со никаков екстерен хардвер кој мора да биде компатибилен со оперативниот систем). Аудио продуцентите (ако веќе морааат да користат Windows), сеуште користат XP, како и сите останати корисници кои поради X причини мораат професионално да работат под Windows. Ако не ми верувајте, прашајте, ќе видите што ќе добиете како одговор ;).
-
podobro e racno so formili da se presmeta seto to. ne e tesko :)
-
stefan_bt прочитај правила и пишувај кирилица, доколку не си во можност да пишуваш кирилица наведи го тоа во твојот пост
-
мене мало ми гледа трафото 2цм на4(внатре) така да не ме чуди ако е 36 вати
-
Дали со мултиметар може да се испита исправност на кондензаторски микрофон? (на мултиметарот имам и подрачје за капацитивност)
-
Па не знам... не сум пробал... ама на влез за mic на PC дефинитивно може да испиташ ;) ;D. Само провери со разни подесувања на аудио картицата, 20dB mic boost ;).
-
Микрофоните не се од комјутер, ги извадив од еден расипан телефон па сакав да видам дали се исправни или не
-
Може и тие да се пробаат, не би требало да има проблем ;).
-
Дали со мултиметар може да се испита исправност на кондензаторски микрофон? (на мултиметарот имам и подрачје за капацитивност)
Ако мериш омски исправен кондензаторски микрофон би дал отпор од 1-1,5 К ома.Но ,не е тоа никакво мерило - микрофонот електрично може да биде исправен ,ама пак да не работи односно да работи со големи изобличувања или низок праг на сигнал.Најдобро направи едноставен предпојачувач и на него во работа(динамички) пробај ги.Напон 5V од компјутер.
-
потребна ми е зенерка од 6,95V
дали постое таква зенерка и дали е можно да се најде, ако ја нема неа дај кажете како да направам некоја регулација за да ми дава точно 6,95V, без многу да има отстапување од оваа врдност
се мислев да го правам со TL431
што мислите вие за таа идеа ?
-
Зенерка од 6,95 v може да се направи на повеке начини.Еве ке ти нацртам два начина
-
а како се однесува излезниот напон во зависност од температурата, пошто ми треба што е можно по прецизен и со многу мали отстапувања да е напонот
се користи како референтен напон за прецизни мерења, е сега температурата кај што ќе се наоѓаат овие ќе биде променлива од 10*C до кај 30-40*C
ќе има и додатна електроника за да спречи поголеми отстапуавања во зависност од температурата, ама сепак да е прилично прецизно :)
-
Devil види го интегралецов LM399
http://www.datasheetcatalog.org/datasheet/nationalsemiconductor/DS005717.PDF
-
да ама јас барам нешто што е лесно достапно, за после кога би го направил проектот и го објавам на форум да биде лесно достапен тој елемент за членовите, не да е некој скап кој ќе чине повеќе од самата конструкцијa :)
за така се продаваат готови модули кој само треба да се залемат и терај
-
а како се однесува излезниот напон во зависност од температурата, пошто ми треба што е можно по прецизен и со многу мали отстапувања да е напонот
Ова со зенер и диода би било стабилно,,ама сепак би зависело пред се од стабилноста на влезниот напон.е,сега може нешто да се искомбинира со транзистор и би се добил некој референтен напон.Со некои LTxx би се добил солиден реф.напон ,ама комбинацијата ке биде скапа.
-
A нешто со LM317 и некој повеќе обртен тример,не може да се изведе?
-
Премногу е нестабилно со стабилизатори да се изведува ова :S. Ти треба voltage reference, некое интегрирано коло кое може да држи стабилен напон од (на пример) 5V и потоа се може да се подеси со помош на обичен множител на напон, на пример операциски засилувач со некое подесено засилување.
Иако, морам да напоменам дека во аматерски услови, стабилен напон до втора децимала... малку тешко дека ќе може да се изведе... особено не со лесно достапни и евтини компоненти :S.
-
дали може да го заменам PN2222 со 2N2222?Дали ќе биде добра замена?Ако нема да биде,предложете некој друг транзистор :)
-
дали може да го заменам PN2222 со 2N2222?Дали ќе биде добра замена?Ако нема да биде,предложете некој друг транзистор :)
По правило да, ако појдеш во една продавница и речеш дајте ми 2N2222 ке ти дадат од другите PN2222...
-
Истиот е слободно замени го...
-
дали може да го заменам PN2222 со 2N2222?Дали ќе биде добра замена?Ако нема да биде,предложете некој друг транзистор :)
може може, и јас имав на едно појачало за во кола така ставано на едниот ставив ПН2222 а на другиот канал 2н2222 :) инаку појачалото беше со тда1510
-
Би требало да е ист транзисторот, изгледа друга фабрика го произведува, затоа има ознака PN место 2N ;). Исто како TDA2003 и CV203 ;).
-
денес извадив од 4 СМПС компјутерски напојувања по 12 парчиња ТЛ431.Ова како информација,да си знаете.Дека тие се скапи. ;D ;D иначе имаат други ознаки,но ги има по 3-4 во едно напојување.Исто така има 817(оптокаплери).
-
скоро во сите напојувања ги има ним, и сегде онаму каде треба референтен напон :)
-
Не знаев каде да го поставам ова прашање, па ај тука. Сакам да прашам дали некои знае како се правеше онаа течноста за премачкување на плочки за да бидат заштитени, зашто сега јас само со лак ги прскам и добро се заштитени, ама со тоа неколку пати имам мачкано подобро ги заштитува. Па, ај кој знае нека пише рецепта :D
-
со калофониум или со нешто друго ?
-
Да, калафониум како се прави и уште нешто да прашам, во бројот 5 од 2006 година има за изработка еден термометар којшто мери од 0 до 600, ме интересира дали некој знае дали може да се ограничи и да мери само до 100 степени?
-
што ке ти е да го ограничиш...можеш да мериш и температури и до 100 степени :)
-
ќе си купиш калофониум, ќе го сомелиш што е можно поситно (прашина), ќе набавиш етил алкохол (90% или колку е веќе) и мешаш од калофониумот со алкохолот, во некое мало тегличе или што и да било.. кога ќе достигне ниво да повеќе не се раствора калофониумот во алкохолот дотури уште малку алкохол и убаво измешај, па премачкувај што сакаш
ова се користи пред да се леми, многу полесно е лемењето после
-
Да, калафониум како се прави и уште нешто да прашам, во бројот 5 од 2006 година има за изработка еден термометар којшто мери од 0 до 600, ме интересира дали некој знае дали може да се ограничи и да мери само до 100 степени?
баш го имам истиот број,тој е со ИЦЛ7107 и има потенциометар со кој се нагодува на која температура сакаш да го нагодиш ти термостатот.
-
Да, калафониум како се прави и уште нешто да прашам, во бројот 5 од 2006 година има за изработка еден термометар којшто мери од 0 до 600, ме интересира дали некој знае дали може да се ограничи и да мери само до 100 степени?
баш го имам истиот број,тој е со ИЦЛ7107 и има потенциометар со кој се нагодува на која температура сакаш да го нагодиш ти термостатот.
ОК, фала :D
-
Да, калафониум како се прави и уште нешто да прашам, во бројот 5 од 2006 година има за изработка еден термометар којшто мери од 0 до 600, ме интересира дали некој знае дали може да се ограничи и да мери само до 100 степени?
баш го имам истиот број,тој е со ИЦЛ7107 и има потенциометар со кој се нагодува на која температура сакаш да го нагодиш ти термостатот.
ОК, фала :D
само за информација,тој е со термопар од К-тип.Во Искра има вакви термопар сонди кои коштаат 600 денари.Но ти можеш да импровизираш со термопар сонда од дигитален мултиметар со вграден термометар. ;) ;D
-
Ќе помагаш Сколс, зашто не знам каде да најдам сеа таков мултимер, ама ќе се потрудам ;)
-
Ќе помагаш Сколс, зашто не знам каде да најдам сеа таков мултимер, ама ќе се потрудам ;)
не се изјаснив убаво.Мислев,дека од дигитален термометар,сондата што мултиметарот ја користи,ти можеш да ја искористиш за овој термометар(од Емитер).Таква сонда(од мултиметар) можеш да најдеш на Бувлјак за 30 денари ;D.Јас едно време ги најдов за таа цена.Па наместо да купуваш од Искра,една сонда(термопар) за 600 денари,ти ќе си ја искористиш таа сонда од мултиметар(за 30 денари од Бувлјак).
-
Добро, ќе го посетиме во петок шопинг центарот под кале :D
Споено мислење: 06.12.2011, Tuesday, 23:24:44
Да не знае дали кај нас може да се најдат овие тријаци TIC106D и која цена се?
-
Добро, ќе го посетиме во петок шопинг центарот под кале :D
Споено мислење: [time]06 Декември 2011, 23:24:44[/time]
Да не знае дали кај нас може да се најдат овие тријаци TIC106D и која цена се?
Друже, ако сакаш да мериш температура до 100 степени, земи направи си поедноставен термометар со обичен сензор може и со обичен транзистор како сензор, мислам имаше негде на форумов. Тој во емитер 5/2006 е за индустриски намени, така да сензорите (ги викаат „сонди“) се скапи и склопот е посложен.
Инаку за тријакот TIC 106D јас пред некои 5-6 месеци го купив од ГАЦ, а во БТ го нема.
-
дај кажете кои кондензатори имаат помала толеранција?Од кој материјал се изработени и како да ги кажам во продавница кога ќе ги барам?Ми требаат за LC метар.Имам едни зелени,незнам од кој материјал се изработени и како се викаат,но дали се тие со помала толеранција?
Еве слика од тие зелените.
(http://pic.mk/images/Zs6AM.jpg)
-
толеранцијата кај овие зелените е означена со буква после бројот види која буква е
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/capcodes.gif)
-
Кондензаторите со мали толеранции во принцип тешко се наоѓаат :S. Јас обично ги мерам пред да ги ставам и гледам да имаaт вредност која е најблиска до нивната декларирана ;). А стари уреди се преполни со мали блок и керамички кондензаторчиња ;).
-
луѓе кога ке се поврзеше Adj пинот од LM317 на маса, на излез треба да се добие 1,25V....или грешка сум???
-
луѓе кога ке се поврзеше Adj пинот од LM317 на маса, на излез треба да се добие 1,25V....или грешка сум???
Па мислам дека така беше, ама нема да биде точно 1.25V, тука некаде ќе биде, ама не точно толку ;). Ќе биде меѓу 1.2 и 1.3V напонот ;).
-
дали знае некој зошто точно се ставаат отпорници од типот на 0,47 оми ? Па тоа не е ни 1 ом, толку мала вредност е, зошто воопшто има потреба од овој тип на отпорници ?
-
каде тоа ?
на што мислиш каде се поставуваат
-
пример во оној волтметарот на гоце
-
најверојатно како сензор за струја, не ја знам шемата не ја разгледав, ако стави поголем отпорник ќе има многу поголем пад на напонот, повеќе ќе загрева отпорникот и ќе има помала струја на излез
треба отпорноста да ја намалиш што е можно помала за да нема загревање и пад на напонот а сепак да е на одредено ниво да се создава доволен пад на напон да микроконтролерот тој пад на напон го препознава и може да ја пресмета струјата која тече низ тој отпорник
(омов закон)
-
За да направа мал пад на напон, а сепак да може да се мери падот на напонот на нив ;). Ако направи голем пад на напон, со тоа ја ограничува и струјата на излезот од напојувањето :S. Ако има мала вредност, ја ограничува преку малиот пад на напон, ама многу малку, така да, може да се каже дека мерниот инструмент не влијае на излезниот напон и струја, иако истите секогаш помалку или повеќе влијаат ;).
-
Може некој да пише каде може да се најде калофониум, се купува од аптека или од што и да е?
-
Барај во продавници за музички инструменти, со него се за тријат гудалата од жичените инструменти (виолини и сл.)
-
Може некој да пише каде може да се најде калофониум, се купува од аптека или од што и да е?
Ако си од Скопје иди во центар во продавница за музички инструменти „Смешко“ кога ќе одиш од плоштад по улица „Максим Горки“ лево во подрум (има веспи и точаци продаваат горе ќе видиш).
Јас купувам од таму, 80 ден. парче не многу големо некаде 3 х 2 х 1 см
-
Ај ако може некој да ми објасни што е клип фактор кај изобличувањата кај аудио засилувачите, во учебникот што го имаме по "Електронски склопови и уреди" не ми е баш добро објаснато :/
-
Ај ако може некој да ми објасни што е клип фактор кај изобличувањата кај аудио засилувачите, во учебникот што го имаме по "Електронски склопови и уреди" не ми е баш добро објаснато :/
THD = Клир фактор. Појасно е сега или треба да се дообјаснува?
-
Ај ако може некој да ми објасни што е клип фактор кај изобличувањата кај аудио засилувачите, во учебникот што го имаме по "Електронски склопови и уреди" не ми е баш добро објаснато :/
THD = Клир фактор. Појасно е сега или треба да се дообјаснува?
Сега ми е многу појасно.
Фала ти гига
-
Ај ако може некој да ми објасни што е клип фактор кај изобличувањата кај аудио засилувачите, во учебникот што го имаме по "Електронски склопови и уреди" не ми е баш добро објаснато :/
Абе сигурно не ти е јасно! ТHD- total harmonic distorsion - вкупни хармонични изобличувања
клип - клипување - на појачувачот - тоа е појава кога се врзува слаб појачувач на големи,јаки звучници.При клипување појачувачот е пуштен до максимум,а сепак не може да ги *нахрани* звучниците.При тоа се јавуваат големи изобличувања.При тоа максимално напрегање и максимална потрошена струја,обично,појачувачот прегорува.
Споено мислење: 21.12.2011, Wednesday, 20:35:23
Има разлика меѓу клип и клир- фактор.
-
Фала ти. Ова за THD мислам дека го имам прочитано на форумов или на друго место дека е хармониско изобличување. И дека ако се поврзат појаки звучници на послаб засиливач може да дојде до прегорување на засилувачот, но мислам дека имаше ти или некој друг не се сеќавам напишано дека може да се приккучат послаби звучници само да е излезната отпорност на засилувачот да е иста со импедансата на звучникот.
-
Има разлика меѓу клип и клир- фактор.
Како нема, има разлика, но клир фактор е исто што и THD. Така и се пресметува, како THD ;). Само што треба да напоменам дека при пресметка и мерење на THD, односно на клир фактор, не се зема во предвид клипингот на засилувачот, односно мерењата или пресметките се вршат на неклипуван излезен сигнал. Ако е сигналот исклипуван, џабе мериш или пресметуваш THD, Total Harmonic Distortion нема никаква поврзаност со клипингот ;).
-
Колеги, има некој од вас напојувано волтметар со 7107 од истиот напон што го мери, мислам негде прочитав дека може, јас пробував преку грец ама нејќе така...?
-
неможе така, цело врем погрешно покажува
-
Некој имаше напишано дека може, затоа прашав.
-
јас мислам дека може да се напојува само со 5V и маса, без тој од -5V, пошто негде читав дека тој напон се користи како референтен за негативниот, но пошто најчесто не се мери негативен напон овај немора да го има
-
За тоа не е проблем, него да може и да го мери тој напон.
-
Колеги, има некој од вас напојувано волтметар со 7107 од истиот напон што го мери, мислам негде прочитав дека може, јас пробував преку грец ама нејќе така...?
Јас прегорев 2 интегралци поради тоа ;D ;D ;D
и на крај посебно трафо ставив само за волтметарот и сега си работи .. :)
Инаку преку посебен грец не може, изгледа има некоја минимална повратна струја преку грецот што го прегорува..
Ова се однесува не шемата од Емитер, каде негативниот напон се добива со 7905, за други шеми незнам, мислам некој од членовите пишуваше дека му работело според друга шема ама не сум сигурен..
Затоа најсигурно - посебно трафо ;D ;D ;D
-
Знам, ама ми треба за во кола.
-
ти треба волтметар за во колата ?
-
Znam ama mi treba za vo kola (od mob. sum)
А не може со оној од Maxim (не ми текнува кое коло беше, ICL6XX нешто беше мислам ;D), генераторот на негативен напон?
-
може со тој, ама волтметарот неможе да се напојува од истото напојување што треба да го мери...
-
Znam ama mi treba za vo kola (od mob. sum)
А не може со оној од Maxim (не ми текнува кое коло беше, ICL6XX нешто беше мислам ;D), генераторот на негативен напон?
За негативен напон да се добие јас корстам 7660, интегрално коло за претворање од позитивен во негативен напон ;)
-
може со тој, ама волтметарот неможе да се напојува од истото напојување што треба да го мери...
Овој проблем изгледа може да се реши само со 1:1 DC-->DC конвертор :S. Не глeдам друг начин :S.
-
Знам, ама ми треба за во кола.
ЕЕЕ.. тоа е веќе проблем :(
Не знам како би можело наједноставно да се реши ова.. Начин има (како што спомна Гига со дц-дц конвертор или нешто слично) ама мислам дека е пресложено за намената...
Споено мислење: 24.12.2011, Saturday, 20:49:25
А да земеш трафо 1:1 и примарот да му го врзеш на алтернаторот пред диодите ?? :) :) :) :)
-
А да земеш трафо 1:1 и примарот да му го врзеш на алтернаторот пред диодите ?? :) :) :) :)
И јас имав таква идеја, ама потоа ми текна дека така ќе работи само кога е запален моторот :S.
-
Мора да има некој начин, ќе пробам се што ќе ми текне додека не го најдам... ;) :)
-
дечки какво е тоа аудио трафо ? Дали е аудио трафо ако и на примарот и на секундарот е 4/8 оми ако мериме со униметар ?
Конкретно ми треба за АМ модулатор кај мал осцилатор
-
на какво трафо се мисли од лабаш ?
ако е такво тогаш тоа е најзафркнатото трафо на светот, од една страна има негде отпор од 800оми па и повеќе а од другата има 4 или 8 :)
трафо какво што бараш ти, можеш да извадиш од стар модем некој :)
-
Не е тоа омски отпор 8 оми, туку импенданса, излезно трафо за лампаш отприлика има 200-300ома на примар и околу 1ом на секундар.
-
Toa што го збориш е 1:1 трафо,такво изолациско тие се други аудиотрансформаторите...Јас знам барав едно време за еден stun gun :D ама не најдов,требаше да има на примарот отпор 1КΩ,а на секундарот 8Ω.Мислам дека овакво можеш да извадиш од старо радио,ама некое ептен старо,од тито :D ;D.Oбично ги има по 2 во едно радио,ептен мали се од едната страна имаат 3 нозе од другата 2 и имаат некоја лента на нив едното е со плава,другото е со црвена лента. ;) ;D (Вакви мислам дека беа,некој што знае нека пише за сигурно ;D)
EDIT: е вакви: ;D
(http://www.electronelec.co.uk/acatalog/595-700.jpg)
-
Плавиот е побуден пуш-пул трансформатор,а црвениот е излезен со однос 1к/8 Е за звучник
-
Колеги, знае ли некој какви се тие low-esr керамички кондензатори и дали ги има кај нас...?
-
тоа да не се некои електролитски но керамички кондензатори ?
-
Не се електролитски, туку баш керамички, затоа ме зачуди.
-
Колеги, знае ли некој какви се тие low-esr керамички кондензатори и дали ги има кај нас...?
Јас прв пат слушам за нешто вакво, иако, да, кога сум мерел ESR на кермаички кондензатори (чито ме интересирало што ќе покаже ;D), покажувало релативно голем ESR или е Out Of Range. Претпоставувам дека ова е нормално за ќерамички кондензатори ;).
-
Колку што видов на нет СМД се и имаат релативно голем капацитет од неколку микрофаради.
-
Колку што видов на нет СМД се и имаат релативно голем капацитет од неколку микрофаради.
Да не се евентуално оние EDLC кондензатори?
-
Не, нема врска со нив, овие се баш low-esr ceramic capacitor.
-
дали некој знае, која е разликата меѓу аналоген температурен сензор и термо отпорник/диода ?
-
дали некој знае, која е разликата меѓу аналоген температурен сензор и термо отпорник/диода ?
па нема разлика -термо отпорниците и диодите (и уште термопаровите) спаѓаат во аналогни температурни сензори..., ако може така да се класифицираат, јас би рекол сензори со аналоген излез, пошто сите сензори нели се аналогни.. :)
едино биметалот можда го класифицираат како дигитален сензор незнам,...
-
луѓе дајте кажете замена за тријак KT 207/600...
-
kt207 е 5А тријак, има распоред A1-G-A2 . Може да ставиш BTA06 , BT 137 или некој сличен, само што овие имаат распоред A1-A2-G
-
ок фала за помошта
-
може некој да ми каже каква е вредноста на 470R отпорникот?
и 1u кондензатор?
на 2К2 би било 2200,на 1К8 би било 1800
воедно ме интересира и на кондензаторите кои би биле овие вредности
3n3 - 3300pf;
би сакал некој да ми ги потврди горенаведените вредности а воедно и да ми одговори на прашањето околку вредноста на отпорникот и кондензаторот.Благодарам
Споено мислење: 07.01.2012, Saturday, 02:19:28
За отпорникот би значело 470 оми?
-
470R = 470Ω (оми)
1u = 1uF (микрофарад)
2K2 = 2,2KΩ (килооми) = 2200Ω (оми)
1K8 = 1,8KΩ (килооми) = 1800Ω (оми)
3n3 = 3300pF (пикофаради)
-
Може некој да разбере што сензор е ова и како се користи?
Led Senzor
Od njihovog početka, uvijek smo Led diode koristili kao signalizaciju u raznim uređajima i još je tako, jer čemu bi lederica mogla koristiti osim da svijetli. Ne, nije tako, postoji još jedan način njihovog korištenja kojeg još nismo nigdje koristili, a možda bi u nekim slučajevima i dobro došao. Riječ je o senzoru osvjetljenja za koji možemo iskoristiti običnu Led diodu, na način da nam ista lederica može biti i signalizacija nekog procesa i senzor za osvjetljenje okoline u kojoj se nalazi. Stvar je u biti vrlo jednostavna, pogledajte shemu.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/2222ne.jpg)
Kao što vidimo Led dioda je spojena između dva pina mikrokontrolera i to GP0 i GP1 ( nije uvjet, mogu biti bilo koji ). Znači ako je GP0 = 1, a GP1 = 0 tada led svijetli ( što je normalno ). Ako okrenemo situaciju, pa je GP0 = 0, a GP1 = 1, tada je na led inverzni napon pa ne svijetli ( što je opet normalno ). Ali ako poslije te situacije, GP1 stavimo na high Z , te mjerimo vrijeme kad GP1 dođe u stanje "0", dobit ćemo različite rezultate za različite razine osvjetljenosti. Kraće vrijeme pada na nulu - znači veća osvjetljenost i obrnuto. U karakteristike led diode kao senzora, nisam ulazio, jer mislim da je sigurno nećete koristiti za neke mjerne uređaje, ali za neke jednostavne aplikacije bilo bi zanimljivo iskoristiti njezinu mogučnost. Sada Vam treba samo određeni softver kojim ćete napraviti neki uređaj , ali može to biti i neka smicalica koju ćete uvaliti prijateljima, npr. evo jedan jednostavan primjer koji sam napisao - Led Senzor.bas. U primjeru led ne svijetli (mora biti dan ), te kad približavate ruku ka led diodi ( tj. stvarate sjenu ), ona počne svjetliti. Evo mislim da sam Vam promijenio mišljenje o Led diodama, kojima smo dali novu dimenziju upotrebe.
http://www.ivica-novakovic.from.hr/LedSensor.htm
-
Може некој да разбере што сензор е ова и како се користи?
Od njihovog početka, uvijek smo Led diode koristili kao signalizaciju u raznim uređajima i još je tako, jer čemu bi lederica mogla koristiti osim da svijetli. Ne, nije tako, postoji još jedan način njihovog korištenja kojeg još nismo nigdje koristili, a možda bi u nekim slučajevima i dobro došao. Riječ je o senzoru osvjetljenja za koji možemo iskoristiti običnu Led diodu, na način da nam ista lederica može biti i signalizacija nekog procesa i senzor za osvjetljenje okoline u kojoj se nalazi. Stvar je u biti vrlo jednostavna, pogledajte shemu.
-
Да, ама што е точно неговата намена? Има само еден пик, отпорник и ЛЕ диода. Кога ке има струја ке свети, и толку? Епа извини, ако е така нема потреба ни од пик ни отпорник.. башка сензор, што точно е?
-
Дали знае некој за PNP транзистор ама да е по цена/форма како BC547 ?
-
Дали знае некој за PNP транзистор ама да е по цена/форма како BC547 ?
Можеш BC557
-
ок :)фала ;)
-
дали некој наишол на шема за предавателот на овие уреди,некако не ми се даваат 100евра за електорника која кошта 150денари
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/productimg1288341242834.jpg)
-
Дали случајно некој сретнал подножје (лежиште) за аудио интегралци ? Целта ми е, да не лемам интегрални кола на плочка туку само да ги ставам и пуштам за да ги тестирам дали работат и толку. Значи стави-тестирај-извади :)
-
Дали случајно некој сретнал подножје (лежиште) за аудио интегралци ? Целта ми е, да не лемам интегрални кола на плочка туку само да ги ставам и пуштам за да ги тестирам дали работат и толку. Значи стави-тестирај-извади :)
Мислам дека нема/не се произведуваат такви,ама може пример за некој интегралци,како STK што нозете им се SIL,па да исечеш од подножје да го залемиш и да го ставиш на подножјето,интегралецот...А за овие другиве подножја пример како што се на TDA интегралците,нема,тие clipwatt,flexiwatt незнам кој се други таму...
-
или да сечеш посебни од оние летвичкиње,во Логинг што ги има околу 40 денари летва.Женски,се користи (ја користиме) за вметнување на ЛЕД дисплеите.Но на Малечко е подобра идејата.
-
Сега пробав со подножје со кружни дупчиња за DIP интегралци и може. Значи ке треба да се модифицираат 2-3 такви подножја и ке треба ногарките од интегралецот да се раздалечат малце.
-
Баш сега пробав,овие сокетиве стандардните,не со округли дупки,може да се исече на два дела и да се залемат потесни да бидат,сега пробав и фаќа TDA7266 така...
-
Не смее да има лежишта за такви интегрирани кола, струите кои се носат низ ногичките на тие интегрирани кола најчесто се многу јаки, така да, со лежишта само се намалува проводноста и се зголемува можноста за појава на шмелцови и лоши контакти.
-
Тука си во право до некаде, ако се работи за засилувачи од 30-50-100 вати е опасно и точно е дека мора да има добар контакт. Од друга страна размислував дали за тие фрекфенции треба добар контакт бидејки пр. кај радио предавателите долколку нема добар контакт помеѓу некои компоненти, веднаш ке се појави повратна снага и прегорување на уредот. Кај аудио засилувачите највероватно тие фрекфенции не се проблематични.
-
Тука си во право до некаде, ако се работи за засилувачи од 30-50-100 вати е опасно и точно е дека мора да има добар контакт. Од друга страна размислував дали за тие фрекфенции треба добар контакт бидејки пр. кај радио предавателите долколку нема добар контакт помеѓу некои компоненти, веднаш ке се појави повратна снага и прегорување на уредот. Кај аудио засилувачите највероватно тие фрекфенции не се проблематични.
Па да, ако нема добар контакт, најчесто само може да се случи да не работи уредот, или да не работи како што треба, не и да изгори ;).
-
Јас мислам дека вакви „подножја“ за до кај 5W засилувачи не би правеле проблем...
-
Јас мислам дека вакви „подножја“ за до кај 5W засилувачи не би правеле проблем...
Па да, ама за појаки, еве, како што се оние во Clipwatt куќишта, да, ќе има проблем :S.
-
Да не знае некој кај може да се најде 1MHz кристал ? Барав во ГАЦ и БТ ама немаат.
-
дали со PWM регулација може да се контролира моќноста на пасивен потрошувач ?
пр. на отпорник во функција на потрошувач ?
се работи за контрола на DC потрошувач
-
дали со PWM регулација може да се контролира моќноста на пасивен потрошувач ?
пр. на отпорник во функција на потрошувач ?
се работи за контрола на DC потрошувач
Па може.. регуалцијата на сјалица со помош на тиристор е некој вид на PWM...
-
Мислам дека PWM е само кога напојуваш нешто со иста волтажа но со различна фрекфенција.
-
со пвм се регулира ширината на импулсот..
не баш за пвм зборвам, кај обичните димери е нешто поинаку, тогаш се сечи фазат со што се намалва напонот, не е тоа тоа што ми треба
-
со PWM уствари се намалува напонот, напонот што ке се добие ке биде U*duty cycle, ако имаш напојување од 12V и 50% duty cycle напонот ке има средна вредност од 6V...
-
со пвм се регулира ширината на импулсот..
не баш за пвм зборвам, кај обичните димери е нешто поинаку, тогаш се сечи фазат со што се намалва напонот, не е тоа тоа што ми треба
Да, да со PWM e фиксен напонот и фреквенцијата а само се менува ширината на импулсите (поточно односот импулс/пауза). Бидејќи поширок импулс значи подолго течење на струја во една периода тоа автоматски значи поголема моќност предадена на потрошувачот
А за димерите, сечењето на фазата не е баш да се смали напонот (иако се смалува) туку да се овозможи истата работа што претходно ја пишав - потрошувачот да не добива струја во тек на целата периода туку дел од периодата да има прекин односно да се отсече/
-
Па и димер е еден вид на PWM, ама многу прост ;D.
-
Дечки како е можно LE диода да прегори на 3V напојување ? Ја приклучив на 2 батерии и светна и пукна нешто внатре, после пак ја поврзав и послабо светна и престана. Јас знам дека црвените LED работат нормално на 3V
-
не мора да значи, некои се за на 2 некои за на 2.5V, повлече преголема струја и изгоре (обична батерија дава до 3-5A на спој)
-
на 2,2V работат црвените ;D бела и плава работат на 3.2V
-
Дали знае некој, што функција има овој отпорник што се поврзува на пин 2 и на плус ?
Двете шеми се тајмери, само кај едниот е 2К2 а кај другиот е 22К па ме интересира што функција има отпорникот и зошто се разликува во вредноста од едната до другата шема ?
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/20120126142928.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/ne555_schematic.jpg)
-
вреднста зависи од дизајн до дизајн, негде на некои шеми тој отпорник го нема, тој е поврзан на пин 2, а пин 2 е влез за тригерирање
мислам дека тој отпоник се става кога се прави астабилен осцилатор, а се изостава за моностабилен
прочитај во даташитот пишува најточно
-
А во конкретниот случај, што е разликата во разлилните вредности на отпорниците ? Бидејки се работи за шема со иста функција.
-
најверојатно различно време импулс пауза
прочитај за што служи како се користи и што прави тој тригер влезот, мислам дека ќе ти стане јасно
-
на првата шема тој отпорник е ставен затоа што пин 2 од време на време ке треба да се поврзе на маса, а ако е поврзан без отпорник одма директно на + од напојување кога ке се стисне тастерот ке се направи краток спој и отиде напојувањето, во подобар случај само тастерот ке се зафркне. во втората шема тој e ставен за одкако ке се уклучи напојувањето после некое време (ептен мало) да се уклучи колото, тоа каснење на почетокот е ставено за да се стабилизира напонот на напојување.
-
направив еден трепкач во Circuit Wizard програма за симулација и се си работи, само има еден проблем, црвената сијаличка ако свети пример 10 секунди, зелената свети само 1 секунда, зошто е така ? Нели треба да светат 50/50 % (рамномерно)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/esik.jpg)
-
тоа ти е duty cycle и се пресметува:
Time High (secs) = 0.693 * (R1 + R2) * C
Time Low (secs) = 0.693 * R2 * C
R1 во твојот случај е R3+VR1
R2 во твојот случај е R4
види пресметај колкаво ке биде времето и тогаш ке знаеш што-како е
-
Мислам дека Гига Ват имаше ставен еден пресметувач за НЕ555.Треба сигналот и паузата да бидат исти.Ништо друго.
-
Мислам дека Гига Ват имаше ставен еден пресметувач за НЕ555.Треба сигналот и паузата да бидат исти.Ништо друго.
Не еден, неколку имам ставено ;D.
-
Мислев на овој последниов ;D ;D
-
а што би требало да променам за да времетраењето на светењето на двете ЛЕ диоди биде исто ?
-
а што би требало да променам за да времетраењето на светењето на двете ЛЕ диоди биде исто ?
Па тоа го има објаснето во програмите за пресметки на 555 ;). Не знам точно со кои компоненти се дефинира односот импулс/пауза, ама провери во datasheet, сигурно пишува, а и во „симулаторите“ за 555 сигурно пишува ;).
-
Потребен ми е 1MHz кристал, кој го нема ни во ГАЦ ни во БТ. Кај да го најдам ?
-
тешко дека ќе најдеш
незнам мислам дека имав некој низ дома, треба да проверам дали е од 1MHz не сум сигурен
-
Дали е можно да се напраи за во кола кога нема појас да свири. Јас мислев тоа да го напраам со инфраред сензор што детектира човек т.е. топлина вграден внатре во совозачкото седиште што ќе го гаси алармирањето и прекинувач кај тоа за појас и тоа да биде вградено во некој обичен звучник ??
-
Во новите коли има посебни микропрекинувачи во самите држачи за појасот. Наједноставно е тоа така да се изведе.
-
Во новите коли има посебни микропрекинувачи во самите држачи за појасот. Наједноставно е тоа така да се изведе.
прашувам дали е можно така како што јас пишав ?
-
Дали е можно да се напраи за во кола кога нема појас да свири. Јас мислев тоа да го напраам со инфраред сензор што детектира човек т.е. топлина вграден внатре во совозачкото седиште што ќе го гаси алармирањето и прекинувач кај тоа за појас и тоа да биде вградено во некој обичен звучник ??
Exexeeee ќе се окозиш така,со 300 сензори хах :D.Можеш со еден бузер и еден прекидач да го изведеш тоа,со онаков snap switch мислам дека се вика или microwave switch,незнам точно,едни црни што имаат како едно парче метал што штрчи и ако го притиснеш малце уклучува/исклучува...Е сега ти преку бравата па на тој прекидачот па на бузер,и некако да го монтираш на тоа за појасот и да прави уклучи/исклучи.
-
прашувам дали е можно така како што јас пишав ?
Не е дека не може, ама за џабе комплицираш ;D. Плус, некои возачи кои едноставно не сакаат да носат појас, сега го решаваат проблемот со „колата свири и не пали ако немаш ставено појас“ со едноставно преспјување на појасот за лежиштето, но појасот е зад нив. Ако го направаиш ти како што викаш, нема да може да го направат тоа ;D. Некој многу ќе се нервира ;D. Плус, сугурно ќе треба возачот да седи барем едно 10-тина минути во седиштето за да истото се загрее и за да може сензорот да прати индикација дека „некој има во седиштето“ и да почне да зуе ;D. И ако го дизајнираш сензорот така да колата да може да запали иако „никој нема во седиштато“, може да се случи сензорот да почне да зуе сред возење, што може да го испанич возачот и (не дај боже) да направи сообраќајка :S. А ако го дизајнираш сензорот колата да не пали ако сензорот не јави дека некој има во седиштето и ако не е ставен појасот, тогаш па може да се случи шоферот да мора да седи 10-тина минути во кола само колку да го згрее сензорот за да запали ::). Не иде, нели ;D. А да не зборувам за фактот дека сенозорот може да почне и да титка сам од себе и ако летно време падне сонце на седиштето и го загрее сензорот да мисли дека има шофер во возилото, а нема.
Не е практично ова решение. Има многу поелегантни решенија, како што ти предложи Malecko ;).
-
Наједноставно е со микропрекидач (или некој хал сензор, пошто е метален делот што влегува) и да се стави обичен тајмер, на пример, после 2 мин. од палењето да почне да титка..
Само, незнам најискрено не ми се допаѓа баш ова, пошто јас и онака си имав навика да ставам појас, а вака кога ми титка ме нервира повеќе, и на пример на паркинг додека паркирам или на некое кратко растојание морам да ставам појас ми титка цело време.
Инаку незнам дали сте ги виделе овие „блокатори“ на аларм за каиш: ;D ;D
http://seatbeltextenders.ecrater.com/p/10694427/seat-belt-alarm-stop-end
-
ааааааахахахаха како знаев што ке биде тој „блокаторот“....
-
Инаку незнам дали сте ги виделе овие „блокатори“ на аларм за каиш: ;D ;D
http://seatbeltextenders.ecrater.com/p/10694427/seat-belt-alarm-stop-end
Знам, другар вакво има ;D. Се продаваат и кај нас ;) ;D.
Ама навистина нервира тоа што титка кога немаш ставено каиш >:(. Ептен е за никаде, секогаш ставам каиш, ама па нервира ако морам да ставам каиш кога парикирам. Се знае, мора да видиш лево, десно, назад, да се исцентрираш, а бидејќи на оние „титкачите за растојание“ не им верувам ;D, морам да се свртам ;), а вртење со каиш на тебе... не иде, па дури и да се удриш со некој, колку јако можеш да се удриш на паркинг ::) ;D.
-
Не ми е јансо како ( фм ) бубите работат , тие се предаватели а приемник што ќе биде , може обично ФМ радио од телефон ? ако е исто ФМ "опсег" и ФМ радио ..
-
Не ми е јансо како ( фм ) бубите работат , тие се предаватели а приемник што ќе биде , може обично ФМ радио од телефон ? ако е исто ФМ "опсег" и ФМ радио ..
Се разбира дека може, ако се фаќа сигналот на обично радио, се разбира дека може да се фати и на мобилен ;). Само треба да е предавателот прилично биску до приемникот ;).
-
Па во шемата пишува без антена 50 метра со 500 метра значи и со антена на 500 метра ке фаќа на мобилен ?
-
Cobe ако ме слушаш не се замарај со буби туку направи посериозен предавател со кој ке имаш домет!
Во делот Предаватели имаш шеми за посериозни предаватели, слободно прашај што те интересира, тука сме, ке ти помогнеме, само пиши во делот Предаватели.
Можеш да направиш предавател со постабилна фрекфенција а не како овие бубите на кои им шета фрекфенцијата како луда а и ако се доближиш/оддалечиш од бубата да се смени фрекфенцијата па на крај да се налутиш и да ја искршиш :D Од друга страна буба не можеш да ја засилиш и да имаш
посилен сигнал, за разлика од неа друг предавател можеш да го засилиш со појачало.
-
Какви се тие Делта кондензатори, и каде се користат истите ?
-
За вакви ли мислиш???
http://www.docstoc.com/docs/80672834/DELTA-SURGE-CAPACITORS%E2%80%9C
-
не ама ова е некоја фирма делта, колку што успеав да разберам тоа се 3 кондензатори поврзани во форма на делта (триаголник) и така запаковани и имаат 3 изводи, е сега не успеав да најдам за што се користат само :(
-
Не ,мислев дека се работи за SURGE кондензатори кои ги има на линков
-
Ми треба замена за BA519 насочувачка диода..
-
ВА 519 = BA511 1N4148 BA513 1N4448 BA517 1N4150 1N4152
-
Ми треба замена за BA519 насочувачка диода..
Мислам дека овие се 1N4148, ама на Ei-Nis ;), ако не се лажам ;).
-
Фала колеги :D
-
Дечки дали некој знае зошто кородираат контактите на батериите од даљинско?
Ова го имам приметено на 3 даљински и тоа на сите им фаќа рѓа плусот од кај што се зима струјата (не од страната на сериската врска)
И ќе ги истругам, после некое време пак исто се дешава... :(
-
Дечки дали некој знае зошто кородираат контактите на батериите од даљинско?
Ова го имам приметено на 3 даљински и тоа на сите им фаќа рѓа плусот од кај што се зима струјата (не од страната на сериската врска)
И ќе ги истругам, после некое време пак исто се дешава... :(
Киселина од батериите. Ако ставаш алкални, нема да се случува тоа, ама ако еднаш се случило и пониклованиот дел од контактите е „изгорен“, најверојатно ќе се случува пак, не ради друго, бакарот ќе почне да оксидира, затоа :S.
-
Дечки дали некој знае зошто кородираат контактите на батериите од даљинско?
Ова го имам приметено на 3 даљински и тоа на сите им фаќа рѓа плусот од кај што се зима струјата (не од страната на сериската врска)
И ќе ги истругам, после некое време пак исто се дешава... :(
Киселина од батериите. Ако ставаш алкални, нема да се случува тоа, ама ако еднаш се случило и пониклованиот дел од контактите е „изгорен“, најверојатно ќе се случува пак, не ради друго, бакарот ќе почне да оксидира, затоа :S.
Значи чаре, да се смени контактот, да не се струга..?
-
можеш да го истругаш, само не користи киселински батерии, користи алкални батерии...
-
Значи чаре, да се смени контактот, да не се струга..?
Да, ако можеш да најдеш ист таков... што ретко може да се најде ::). Јас во принцип ги стругам и им кажувам на сопствениците (ако не е мое) дека ќе треба со турпиичка да го стругнат тој делот кај контактите од време на време. Ако сакаат, арно, ако не, на пазар има за 100 денари нови ;D.
-
или убаво да ги исчисти да стави батерии и да ги измачка со медицински бел вазелин, тој ќе спречи корозија, во случај да нема киселина, поточно да не течи киселина од батериите
-
Имам звучник, вуфер 15W/4Ohm. Засилувач (+ филтер) со колкава моќност би бил идеален? :)
-
За тој звучник одлично ќе одговара TDA2003, разгледај по форумот имаш еден куп шеми со ова интегрално коло ;).
-
Дечки дали некој знае зошто кородираат контактите на батериите од даљинско?
Ова го имам приметено на 3 даљински и тоа на сите им фаќа рѓа плусот од кај што се зима струјата (не од страната на сериската врска)
И ќе ги истругам, после некое време пак исто се дешава... :(
Калајисај ги
-
Не верувам дека фаќа калај на тој материјал
-
треба да се застругаат малце контактите од батериите за да фати калај
-
Дали мозе со сериски/паралелно поврзуване на излези од 2 или повекје полнаци за мобилен да се добие збир на струја/напон?
Пример имас 2 полнаци со оутпут: 5В - 500мА и сериски да ги врзес и да добиес 10В - 500мА, или паралелно да добиес 5В 1А...или немора збир да е, мозе има некоја формула како се пресметува... и сто е со влезот дали и тие треба да се поврзуваат некако...
П.С. Незнам дали има логика прасанјево хахаха
-
Може може,баш како што пиша.Кога ќе ги поврзеш сериски ќе се зголеми напонот,а струјата ќе остане иста,а кога ќе ги поврзеш паралелно ќе се зголеми струјата,а напонот ќе остане ист.И користи ги буквите ш,џ,ч :D
-
Дали мозе со сериски/паралелно поврзуване на излези од 2 или повекје полнаци за мобилен да се добие збир на струја/напон?
Пример имас 2 полнаци со оутпут: 5В - 500мА и сериски да ги врзес и да добиес 10В - 500мА, или паралелно да добиес 5В 1А...или немора збир да е, мозе има некоја формула како се пресметува... и сто е со влезот дали и тие треба да се поврзуваат некако...
П.С. Незнам дали има логика прасанјево хахаха
Теоретски, да, може така да се врзе, практично, не би ти препорачал. За паралелната врска, ако се јави разлика во напоните меѓу полначите (што сигурно ќе се јави, не може да се идентични), едниот полнач ќе „троши струја за да го полни другиот полнач“, односно едниот полнач ќе враќа назад кон другиот полнач, со што едниот секогаш ќе грее повеќе од другиот (а и тој на кој му се враќа струјата можно е да прегори бидејќи не е наменет така да работи, да „прима струја“, наменет е да дава струја), колку е поголема напонската разлика меѓу двата, толку повеќе ќе грее. Што се однесува до сериската врска, можно е да се случи едниот полнач да може да испорача повеќе струја од другиот, па кога уредот кој го напојуваш побара повеќе струја, едниот полнач ќе може да ја даде, но не и другиот, па напонот ќе му падне или нешто ќе изгори во него (ако е switching полнач, од овие новиве, лесните полначи).
Во секој случај, не се препорачува ниедна од двете комбинации.
-
благодарам за одговорите, штета што немоЖе ќе имаше експериментирање...а ако се различни па нешто со зенерки некој прост склоп ( како кај полнач за акумулатор што се за заштита тие ако се сменат половите + и - ) па тој со поголем напон/струја да немоЖе да "дава" на тој со помал? у тој стил нешто
-
благодарам за одговорите, штета што немоЖе ќе имаше експериментирање...а ако се различни па нешто со зенерки некој прост склоп ( како кај полнач за акумулатор што се за заштита тие ако се сменат половите + и - ) па тој со поголем напон/струја да немоЖе да "дава" на тој со помал? у тој стил нешто
Не, не може, и да се изведе тоа така, повторно, не може да се најдат две идентични зенер диоди, некоја ќе пробива (на приемер) на 5.1V, некоја на 5.2V, пак ќе имаш проблем. Како што реков, не се препорачува оваа комбинација, или евентуално се препорачува но со посебно коло за повратна врска, но тоа е веќе прекомпицирана изведба и бара и стабилизација на излезниот напон, не се исплати, барем не за волку евтина изведба.
Зошто секое ж ти е големо?
-
темата ја исчистив од офф топиците, повеке да нема офф топици!
_________________________________________________________________
-
Не за димер него шемата за резервно осветлување.
-
Не за димер него шемата за резервно осветлување.
Епа дај линк од темата, не знам каде е, плус, пиши во неа ако сакаш да го правиш тоа.
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1116.msg6961#msg6961 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1116.msg6961#msg6961)
-
Да не ги замараме овде колегиве,ке ти одговорам многу кратко - може! Е,сега отвори нова тема на вистинско место,стави ја шемата ,постави ги сите прашања и ке добиеш опширен одговор. 8)
-
ИЗбришав дел од мислењата, незнам за што се расправате не ме интересира, темата ја накитивте со офф топик многи...
бошко те молам преформулирај го прашањето кое го имаш што сакаш да правиш и каков проблем имаш, што точно те интересира од делот за резервното осветлување, за што сакаш да го искористиш и каков проблем имаш, поточно за што сакаш да го модифицираш ?
-
дечки дали реле од 7 ампери може да издржи сијалица од 100W на 220V ?
-
може без проблем да издржи потрошувач кој би влечел до кај 5A, тоа би било до кај 1kW потрошувач, ама јас препорачувам поомоќно реле да се стави за поголеми потрошувачи пошто може да се спојат некогаш контактите ако повлече поголема струја и да останат цело време споени :)
-
па за сијалица е таман значи :)
-
и повеќе од таман е за сијалица :)
-
Дали моЖе универзално даљинско да се користи за боом тв или мора оригинално?
-
Мислам дека би можело да се користи универзално... ама кој код ке го внесеш за да го активираш даљинското за да работи на тој уред?
-
Дали моЖе универзално даљинско да се користи за боом тв или мора оригинално?
Кодовите се сите европски телевизори а не сите европски уреди !!
-
чаре?
-
чаре?
не пишувај толку кратки постови!
и гледај каде објавуваш прашања, оваа тема е за аналогна електроника а далечинската не се аналогна ел. ! Прочитај ги правилата и помирисе со нив ;D
-
Ах тие ПРАВИЛА ме убија :) хаха... се извинувам, слободно бришете.
-
Дали некој може да помогне со распознавање на пиновите на 2N3773. На нет има ама тие се на исто растојание така што секое може да биде и катода и анода.
-
емитер и база има на таквите куќиште (самото куќиште најчесто е колектор) а не катода и анода :)
не е точно дека се на исто растојание, на една страна се поблиску до дупчето за монтирање, ама ако не можеш да ги откриеш тогаш мери вака
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1108.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1108.0)
-
Стварно ме чудите со вакви прашања.Има се на .net !
-
Стварно ме чудите со вакви прашања.Има се на .net !
Добро од сеа не прашувам
-
абе не да не прашуваш, ова се основни работи, прво разлистај како работи одреден дел пред да правиш нешто со него
-
Дали на овие сијалиците со влакно (волфрмови или од што е веќе) со зголемување на температурата им расте или им паѓа отпорот ?
сакам да користам како шант една сијалица за да мерам поголеми струи
-
Мислам дека се зголемува отпорот како расте температурата, затоа најчесто и прегоруваат на уклучување, дека тогаш им е мал отпорот, ама пак нека ти потврди некој што знае сигурно ;).
-
расте одпорот...а и голем отпор има таа, еднашка мерев една скоро 30 оми беше...не е добра за мерење големи струи...
-
Ама затоа е добра да ја користиш како моќен отпорник од 30 ома ;).
-
мене ми е колку за тест да испробам еден сензор кој наводно мери до 70A :)
-
мене ми е колку за тест да испробам еден сензор кој наводно мери до 70A :)
Може да се мери ова со „сијалица тест“ ;).
-
како што разгледав даташитот колото е за до кај 1000A, 8 пинско дил пакување од кое 2 нозе е влез 2 излез (за струјата која се мери) демек нешто во финта на hall effect сензор, со што ја мери струјата, ама не верувам дека тоа коло би издржало толкава струја, треба подобро да го проучам даташитот :)
-
како што разгледав даташитот колото е за до кај 1000A, 8 пинско дил пакување од кое 2 нозе е влез 2 излез (за струјата која се мери) демек нешто во финта на hall effect сензор, со што ја мери струјата, ама не верувам д ека тоа коло би издржало толкава струја, треба подобро да го проучам даташитот :)
1000A :o :o :o... DIP куќиште :o :o :o... нема шанси... можеби peak да му биде 1000 ампери, пример, да може толкава струја да издржи ама 2us ;D. Continuous power нема шанси да му е толку, јас би рекол, максимум околу 50A би можело да биде, не верувам ни дека е 70 :S.
-
Дали практично би имал проблем ако поврзам повеќе MOSFET транзистори за големи струи паралелно
негде 8 транзистори се, со тоа што сорсовите се на - од напојувањето, дрејновите се паралелно поврзани и одат према негативниот пол од потрошувачот, а гејтовите се преку отпорници од 15 оми паралелно поврзани и преку зенерки од 16V се на - напојување (за во случај од поголем напон, пошто можно е да напојувањето во одреден случај да крене повисок напон), а отпорниците од 15 оми кој се на еден крај сите заедно поврзани одат на засилувач на сигнал према дарлингтонов спој на транзистор, кој има за улога да го засили сигналот со кој ќе се контролираат фетовите.
Е сега пошто претходно напоменав дека треба да тече струја до кај 70A, потребна ми е да поврзам повеќе MOSFET-и за да контролирам тие 70A, се работи за импулсен режим на работа
па ме интересира дали ќе има проблем дека би се поврзале околу 8 фетови паралелно на дадениот начин, да не ми се појави шум или пак DC напон па да се случи континуирано да проведуваат 70A и да изгорат :)
може и да сум погрешил, ама ќе видам даташитот, и мене не ми се веруваше, имаше еден куп за избор, да не сум го смешал со некое друго :P
-
..., а отпорниците од 15 оми кој се на еден крај сите заедно поврзани одат на засилувач на сигнал према дарлингтонов спој на транзистор, кој има за улога да го засили сигналот со кој ќе се контролираат фетовите.
Во принцип, немаш потреба од дарлингтонот, за џабе ќе стои, FET-ови и MOSFET-и се напонски контролирани компоненти, нема поента да ставаш струјно контролирана компонента (како BJT или дарлингтон) за да го засили сигналот, и онака не влечат многу струја на нивните гејтови, некоја минимална вредност е тоа, ако е потребно да изведеш напонско засилување на сигналот, доволен ќе биде и еден операциски засилувач ;).
-
добро тој дел може да се поправи, но мене ме интересира другиот дел од прашањето, дали би имало проблем ако се повеќе HEXFET (така мислам дека беа) power MOSFET паралелно поврзани
-
Па не би требало да има проблем, сум гледал на многу места голем број мосфети врзани паралелно, јас во тој товарот што го правев имам ставено четири паралелно, работат без грешка...
-
Во дозната за прекинувачот за светло во секој објект,дали се наоѓа фаза и нула,или само фазата се носи од кај осигурувачите,па нулата оди преку сијалицата?А за да свети,фазата ја приклучуваме со тој вод кон сијалицата што оди?Или како е тоа изведено,или има повеќе начини?
-
Во дозната што е наменета за сијалица доаѓа и фаза и нула потоа фазата се носи до прекинувачот и кога ке го притиснеш прекинувачот се врака фаза до дозната.Нулата се носи од дозна директно на сијалицата,а фазата што се врака од прекинувачот исто така се носи до сијалицата.
-
Во дозната за прекинувачот за светло се носи фазата а нулата се поврзува директно на фасонката од сијалицата. Ова не само што е по стандард туку е корисно затоа што при интервенција на оштетена сијалица и замена со нова кога се исклучува прекинувачот, во фасонката нема потенцијал и може безбедно да се работи. Сијалицата секако ќе свети и ако ја прекинуваш нулата во дозната за прекинувачот за светло меѓутоа така секогаш ќе имаш потенцијал од 220V во фасонката и е опасно од струен удар (освен ако не интервенираш во спратна табла да го исклучиш осигурувачот, што не е практично за ситни интервенции при што оставаш без напон и други потрошувачи поврзани на тој осигурувач). ;)
-
На школо учевме по пракса за ТВ.Поточно за Нишки телевизор.Учевме за мрежниот степен,но имам едно нејасно прашање.Тоа гласи вака,бидејќи главен осигурувач е од 2А,а пак демагнетизаторот од катодната цевка вика професорот дека влечел 12ампери пик ту пик.Зашто осигурувачот не гори,кога овде има струја од 12ампери,а главниот осигурувач е 2ампери?Исто така зашто во излезниот дел од трансформаторот,на секундарните намотки,се поставуваат 330uH намотки поврзани на влезот од напонскиот стабилизатор?За што служат тие?
-
Ударот на демагнетиззаторот е брз и со НТЦ отпорот веднаш ја “оборува“ струјата , а осигурувачот е спор т.е. нема време да прегори .. а на кој напонски стабилизатор мислиш ?
-
Ударот на демагнетиззаторот е брз и со НТЦ отпорот веднаш ја “оборува“ струјата , а осигурувачот е спор т.е. нема време да прегори .. а на кој напонски стабилизатор мислиш ?
Го доби одговорот за осигурувачот ;). Затоа во мрежни степени најчесто се стваат таканаречени „троми“ осигурувачи ;). За да не може доволно брзо да изреагираат на вакви струјни промени ;).
Што се однесува до намотките, тие се за филтрација на испрекинатите напонски импулси што се добиваат на излез од мрежното трафо (switching напојувањето). Некои поевтини изведби можно е и да немаат намотки по switching напојувањето, но во принцип, добро е да ги има ;). Поентата е да се исфилтрира напонот, да има што е можно „поиспеглан“ напон на излезот од мрежниот степен ;).
-
дали знае некој како се цените на TDA2006 кај нас?
-
дали знае некој како се цените на TDA2006 кај нас?
TDA2006 = TDA2030 и цената на двете е слична и изнесува околу 50-тина денари ;).
-
ама дали TDA2030 ги има баш опсези на засилување, бидејки читав дека овој TDA2006 засилува до 150KHz
-
И двата интегралци се да не речам скоро исти и затоа се користат како замена, но сепак TDA2030 е за една нијанса подобро во однос на TDA2006. Има малку повисок напон напојување, поголемо засилување и во се друго е за малку подобро. Така да ако планираш да изработуваш нешто со овие интегралци, мој совет е да го користиш TDA2030, бидејќи се има покажано доста добро во пракса и се користи во скоро сите 2.1 и 5.1 аудио системи.
Еве ти datasheet и од двете, па на тебе останува да одлучиш кое од овие двете ќе го користиш ;).
TDA2030
http://www.itisff.it/DIP_eln/tda2030.pdf
TDA2006
http://www.datasheetcatalog.org/datasheet/stmicroelectronics/1452.pdf
-
ме заинтересира целава работа бидејки видов на еден сајт некој направил засилувач за радио сигнали на 77,5KHz баш со TDA2006, а шемата беше нешто модифицирана од таа што е за NF :)
-
Па види како ќе ти одговара на тебе, јас ти објаснив за двата интегралци, па сега останува на тебе да си одлучиш кое ќе го користиш ;).
-
од каде можам да најдам калем од 1,8mH\2A?
-
Ако можеш да намоташ најдобро ке е, оти такви вредности тешко се наоѓаат. Кај нас се наогаат само 1, 10, 100uH или некои такви.
-
Имаш во логин 2.2mH 1,9А
Можеш да го одмоташ да добиеш 1.8 mH
Само запази колкаво треба да биде ЕSR - то (Effective Series Resistance) и тоа е многу битно за уредот кој го правиш
-
Добивам лични пораки со прашања поврзани со стручни теми па бидејки јас не се бавам со конкретната проблематика, прашањата ги ставам тука па кој знае нека им одговори на членовите а пак членовите своите прашања да ги оставаат на форум (да не се бојкотира форумот) а не по пораки.
случајно да не знаеш какви јадра се потребни за излезни и влезни аудио трансформатори?Какви всушност се користат?И нормално дали има нешто такво кај нас да се најде?
DX-er сакам да те прашам дали знаеш како да ја зголемам шемата на Sprint-Layout 5.0 ???
-
мислам дека треба да се отвори сосема нова тема во врска со трансформаторите и во неа да се споделат знаењата на членовите.
Споено мислење: 24.03.2012, Saturday, 21:22:40
добро би дошла уште една дискусија како онаа за кондензаторите.
-
Не треба да се мисли многу :D туку да се отвори, доколку досега никој не отворил таква тема.
-
Каде можат да се најдат соларни ќелии доволни за да работи еден дигитрон и колкава им е цената од прилика ? ( имам еден дигитрон од времето на татко ми со 4 соларни ќелии но 100 марки бил на времето )
-
На шемава,тој обележаниот кондензатор,каков тип предлагате да биде?
(http://pic.mk/images/3uchs.jpg)
-
На шемава,тој обележаниот кондензатор,каков тип предлагате да биде?
Пластичен, MKT, MKP, со работен напон од над 63V. Пожелно е да ставиш и поголем, на пример 1uF/100V.
-
дали може да ми кажете замена за транзисторите BCX70 и BCX71(SMD) кои сакам да ги заменам за други СМД транзистори кои ги има кај нас.Намена за програматор.
-
тука има за транзистори, карактеристики и замени
http://alltransistors.com/search.php?search=bcx70
-
Дали може некој да ми каже за што можат да се искористат АN7312 и AN7025 интегрални кола.
-
AN7312 -DUAL RECORDING /PLAYBACK PRE AMPLIFIER CIRCUIT
AN7025 - AM/FM INTER-FREQUENCY (IF) AMPLIFIER MDIP22 = AN7025K
-
кај се изгуби темата со кондензаторите?гледам дека ја нема...
-
неможе да ја нема, можно е да не си барал добро а и вакви работи се пишат во случајни муабети а не тука.
-
кај се изгуби темата со кондензаторите?гледам дека ја нема...
Еве ја темата triology ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8393.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8393.0)
-
благодарам
-
Малку ми е лудо, чудно, ама интересно прашање е.. Спаѓа и во дигитална и во аналогна електроника, ама тука се одлучив да прашам. Како кабелот од 220 волти шо влегва во кутијата (зборам за секаква кутија, за радио, телевизор, засилувач) го прицврстувате на кутијата, да неможи да мрда?
мислам дека го сваќате моето прашање ::)
-
Со подврзување од внатрешната страна 8)
-
не мора ни така, како изгледаат оние што се клемите за надворешно прицврстување на кабел, се заштрафуваат на ѕид или што и да е веќе, има жлеб во форма на U, во неа се става кабелот и одозгора се става едно капаче, со што кабелот е прицврстен, е такво слично само што капачето е со штрафови и може да се стега кабелот, пошто во тие за монтажа што се U капачето неможе многу да се прицврсти (со запчиња е)
-
Има на секој стар телевизор, но дали знае некој каде се продаваат ?
-
што мислите за кинескиве транзистори :) зашто гледам дека на ebay има bc184c но се прилично скапи а демек се оригинал.Додека на alibaba ги најдов прилично ефтино
-
јас најчесто земам од оние шпагетите за повеќе кабли што се собирање (види слика)
и такви поставувам пред и после дупчето на кутиата каде што излегува кабелот така не може ни да влегува ни да излегува од кутија :)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/065.jpg)
-
Ако не можеш да најдеш оригинален држач за кабелот, стави ваква стега како што ти кажа Девил и залиј ја со течна пластика да не може да мрда кабелот, ќе ти заврши работа.
-
што мислите за кинескиве транзистори :) зашто гледам дека на ebay има bc184c но се прилично скапи а демек се оригинал.Додека на alibaba ги најдов прилично ефтино
се е кинеско...се е made in China...
-
мислиш и на светско ниво или само кај нас :)
-
мислиш и на светско ниво или само кај нас :)
На светско ниво. Само се разликува квалитетот на производите увезени кај нас и во Европа, Америка...
-
мислиш и на светско ниво или само кај нас :)
На светско ниво. Само се разликува квалитетот на производите увезени кај нас и во Европа, Америка...
Toчно така! Тоа сакав да го пишам ама ме претрка :)
-
Барам една шема , склоп со кој ги оневозможува мобилните телефони т.е. губат сигнал не мора голем досег некаде 1 метар ( видов ваква шема на форумов само не можам да ја најдам )
-
Барам една шема , склоп со кој ги оневозможува мобилните телефони т.е. губат сигнал не мора голем досег некаде 1 метар ( видов ваква шема на форумов само не можам да ја најдам )
знам за што збориш,мислам тоа го има поставено БорчеБТ,бидејќи тоа и јас го имам изработено.Но се излажав бидејќи тоа само следи каде има сигнал на мобилен телефон(ако ѕвони,се активира).
Ако не е тоа што мислам,јас ќе поставам темата(ако ја најдам) и ти кажи дали е тоа.Но пред се,дали е од Борче темата?
-
Еве една шема ,погледај ,па ако те фати есап направи ја.Дечкиве пробаа,имаше некои резултати ама ја растурија и не ја пробавме до крај
-
Еве нешто друго,само што тешко ќе ги најдеш деловите...
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/1296836699-cell-jammer.png)
-
Еве една шема ,погледај ,па ако те фати есап направи ја.Дечкиве пробаа,имаше некои резултати ама ја растурија и не ја пробавме до крај
истата и јас што ја изработив,на слушалките се слуша она свирење кога покрај некој стерео уред ќе се доближи мобилен телефон кој ѕвони,ова е исто исто така како на БорчеБТ.Ова е само детектор!
-
Барам една шема , склоп со кој ги оневозможува мобилните телефони т.е. губат сигнал не мора голем досег некаде 1 метар ( видов ваква шема на форумов само не можам да ја најдам )
Најдов една шема:
http://www.eeweb.com/blog/circuit_projects/simple-cell-phone-jammer
Не сум ја изработил,али е едноставна,пробај па пиши што си добил.
-
не се исплаќа ова да се прави во домашни услови 20-40$ коштаа вакви готови да се купат
-
не се исплаќа ова да се прави во домашни услови 20-40$ коштаа вакви готови да се купат
Се исплаќа,едини активни компоненти се NE555 и MRF947 и тие заедно коштаат помалце од 2$.
-
незнам колку ќе работи ова, пробајте видете што како
јас зборувам за малку по професионално направено
-
Дали може да се направи некој уред пауза и плеј што ќе има, мене ми е за миксетата сакам на секој канал да ставам такво нешто.
-
Дали може да се направи некој уред пауза и плеј што ќе има, мене ми е за миксетата сакам на секој канал да ставам такво нешто.
Мислиш на аудио kill? Или kill-ови на bass, middle, treble?
-
Знае ли некој каде има квалитетни клешти-сечици (од малите, за кратење изводи на елементите, не од тие за електричари) и евентуално која цена се?
-
јас последен пат купив од еуро тулс околу 150 денари се, квалитетот е тој, купив од алфа за 300-400 денари, италијанска марка некоја, по кратка употреба се скрши врвот, ова кинеските (или чии се веќе) во еуро тулс барем од малку поцврст метал се, сега за сега нема гајле :)
инаку најчесто користам во стил на оние што се за арматура врзување клештите, така изгледаат помали се со рамна површина кај што сечат (што е најбитно) и прилично цврста градба се
-
Знае ли некој каде има квалитетни клешти-сечици (од малите, за кратење изводи на елементите, не од тие за електричари) и евентуално која цена се?
Јас земав Extol комплет до Хубо, немаат проблем, барем до сега, имам сечено многу работи со нив, е сега, барем цвикцангличките, не сечат добро челик (;D ги имам малку гњавено), но за останати работи се добри ;). Мислам дека комплет беа околу 400 денари. Има и посебни такви мали цангличиња да се купат, најразлични марки, ама околу 150 денари е една, или тука некаде (100, 110, 120 денари). Имам и кинески од Euro Tools, како Devil што има, исто, околу 150 денари беа комплет од 5 (една повеќе има од овие на Extol), искрен да бидам, прилично солидни се ;D, ме имаат изненадено ;). Не се толку добри како овие на Extol, на пример, цвикцангличката има мала нееднаквост на аголот под кој се поставени секачите од едната и од другата страна (секачите не се поклопуваат на средината туку малку забегува едниот на едната страна), ама и со нив немам некој поголем проблем, супер се имаат покажано ;). За 150 денари се повеќе од добри ;). Ќе ги познаеш по дреч портокаловата боја на навлаката на рачките ;).
-
Хехе исти имаме, и јас имам портокалови, добри се но за помали работи инаку се тупат отприлика за 5-6 месеци турбо работа со нив :).. абе друго сакав да прашам, прашањево е следно: Оние екрани со катодна цефка што се под вакум и што може да се најдат по телевизори и монитори, од кои причини може да експлодира таа туба што е под вакум ? Или воопшто не може, освен со сила да ја кршиш ?
-
Бидејки е вакуум прво се случува ИМПЛОЗИЈА а потоа следува “ЕКСПЛОЗИЈА“ .
-
А дали знаеш од што ?
- На пример дали од пренапон, погрешно поврзано нешто... ?
-
Прашањето е малку недоречено. Јас го разберам прашањето двозначно имено дали кога е во работен режим во апаратурата во која е вграден(а) или како надворешна причина ( удар, температура-пожар) итн.
-
Хехе исти имаме, и јас имам портокалови, добри се но за помали работи инаку се тупат отприлика за 5-6 месеци турбо работа со нив :)
Па јас не ги користам пречесто, така да, сега за сега, се супер ;). Но искрено, не мислам дека се тапат пребрзо. Еве, имам со нив отворано најразлични типови на мали шрафчиња, стегано, превиткувано, прецвикувано... не сум пработел премногу со нив (во просек, по еден час дневно), но сега за сега, супер се имаат покажано ;). Како што реков, начинот на изработка (прецизноста, да се поклопуваат запците и секачите на цвикцанглите) не им е баш „нај нај“, ама што се однесува до квалитетот на материјалот (од што и да се изработени, претпоставувам некој вид на челик), одличен е за 150 денари ;D.
абе друго сакав да прашам, прашањево е следно: Оние екрани со катодна цефка што се под вакум и што може да се најдат по телевизори и монитори, од кои причини може да експлодира таа туба што е под вакум ? Или воопшто не може, освен со сила да ја кршиш ?
Може да има многу причини, меѓу кои најчеста е механичко оштетување. Од пренапон не би требало да имплодира екранот (во право е Toma, настанува имплозија, а не експлозија), можеби ќе префрли анодата кон катодите или некој од топовите, но не би требало да експлодира. Па и да префрли не верувам дека е многу веројатно бидејќи (колку што знам) цевките се под вакуум... е сега, не постои совршен вакуум, така да, можно е да има некое атомче кислород во цевката ;D, но не верувам дека има доволно за да префрли толку голема искра (растојанието од анодата до катодите е прилично големо, се разликува од екран до екран и нивната големина, но дефинитивно не е помало од 20 или 25cm, барем кај поголемите телевизори... ова од око, не сум мерел, ама така некако му изгледа работата ;D). Ако се полнети со азот екраните (не знам дали е ова точно, нагаѓам, обични сијалици ги полнат со азот, или барем така имам чуено, така да, зошто да не и екраните ;D) и во тој случај не би требало да префрли анодата до катодите бидејќи (колку што знам) азотот е гас кој не поддржува согорување, а по некоја логика, би требало да има гас кој поддржува согорување (како кислородот) за да може да префли толку голема искра ;) (може и да грешам за ова, не знам, чисто како размислување го презентирам ;)).
-
Благодарам за мислењето, сега сум посигурен кога сакам нешто да поправам со ваков екран (шо сака нека напрај важно екрано да не пукни ;D)
Прашањето е малку недоречено. Јас го разберам прашањето двозначно имено дали кога е во работен режим во апаратурата во која е вграден(а) или како надворешна причина ( удар, температура-пожар) итн.
Да мислев во работен режим каде што е вграден овој екран кај телевизори монитори и др. (незнам) :D
-
Да мислев во работен режим каде што е вграден овој екран кај телевизори монитори и др. (незнам) :D
Па не... јас барем колку што знам, не... односно, секогаш има шанси да се случи тоа, ама толку се мали, да не речам нула ;). Јас барем, немам чуено такво нешто да се случи при сервисирање ;).
-
....кога сакам нешто да поправам со ваков екран (шо сака нека напрај важно екрано да не пукни )
Па се е можно погледај ги линковите подолу, на youtube :o
sony Trinitron Crash Test crt tupe hammer (http://www.youtube.com/watch?v=K-Ueicpo6b4#)
TV vs Breeze Block (http://www.youtube.com/watch?v=F517HNifxGI#)
Burning TV Implodes! (http://www.youtube.com/watch?v=ZTE5v6UAX2c#ws)
Burning Computor Implodes! (http://www.youtube.com/watch?v=SLUgTqKDyo4#ws)
Exploding Monitor (http://www.youtube.com/watch?v=nT9FGkK9IeY#)
Exploding Laptop (http://www.youtube.com/watch?v=pizFsY0yjss#)
А и оваа...
(http://fanzo.org/forum/download/file.php?id=18967&mode=view)
-
Епа тогаш капакот че го ставам, хахаха
-
А и оваа...
(http://fanzo.org/forum/download/file.php?id=18967&mode=view)
Знаеш како дошло до ова? Прецвикана изолација на анодата или ???.
-
Не е од мене лично.
Еве што напишал авторот на фотографијата.
Imao sam svakakvih cudnih kvarova ali ovako nesto jos nisam,da ekran tako probije i na tom mestu,vidi se pukotina gde je naprso i kad se startuje kuljaju i vatra i dim iz njega ,eto sta je Kinesko sra..e,i onda se nedaj boze zapali a pre toga kojim slucajem bio kod majstora,i naravno majstor ni kriv ni duzan nagrabusi
-
И јас искрено прв пат гледам вакво нешто... да не ти се верува... ама од друга страна пак, во право е човекот, од Кинезиве се можеш да очекуваш :S.
-
Да ве прашам нешто вас поискусните во оваа област :) Имам еден трепкач за на точак, (со диоди) - нема врска, еве да речеме далечински управувач за телевизор, ДВД... и сл. копчињава на далечинскиот управувач имаат нешто како магнет или графит - незнам што е. и кога го мерам тоа со ом-метар покажува некоја отпорност околу 60-70 Оми. Е не ми е јасно тоа како работи.. т.е. дали може да се замени пример со обичен тастер ?
-
Е не ми е јасно тоа како работи.. т.е. дали може да се замени пример со обичен тастер ?
Да, најчесто нема проблем ;). Може да се замени со обичен тастер ;).
-
тоа ти е исто прекинувач, истата функција ја врши, само евтин е, лесно се прави и заради тоа кај што може така се користи...
-
Колеги едно прашање Што може да се случуи ако на USB порта на излезите со напон од +5VDC се приклучи напон од 9VAC. Ова го прашуван зошто еден другар пред малку ми се јави и ми вика дека го нправил ова и вика дека комјутерот воопшто не се уклучувал, е сега дали е можно да е изгорено напојувањето на комјутерот или пак нешто друго што би чинело повеќе? Ова го направил со цел звучниците од комјутерот (засилувачот) да ги направи да работат на USB кабел а притоа не го исклучил трансформаторот што го напојува засилувачот од звулниците, комјутерот веднаш се исклучил и не се уклучува повторно.
-
нека го исклучи од струја компјутерот, па нека почека малку нека го вклучи пак и нека проба пак дали ќе се вклучи ..
можно е да е вклучена заштитата од напојувањето, можно е да изгоре нешто на матична :)
-
Moже ништо не е изгорено,ако било за кратко! Може само тој УСБ порт да не работи,а можен е и поголем квар на контролерот и стабилизацијата..Ако е само напојувањето(можно е!) ,тогаш лесно ке си помине.Смени го напојувањето !!
-
најчесто има напонски компаратр, кој следи дали се во ред непоните, најверојатно тој е прегорен, доста осетлив дел, само теба да го најдеш на плочата, мене на лапроп ми прегоре, интегралното го зедов за 15 денараи и немав проблем....
-
Дали постојат потенциометри од 10K ама не оние обични од 0-10К него пр: од 1К-10К, до 100К или сл. работава е да не оди до 0 оми, и колку се разликуваат во цената спрема обичните ?
-
Мислам дека нема такви,ама можеш сам да си направиш...Само додади во серија со тој потенциометар еден фиксен отпорник од 1К или од колку ти треба и готово.
-
Како наједноставно можам да го кренам напонот од 15 DC на 19 ?
-Се работи за полнач за лаптоп.
-
Aко го најдеш колото тогаш ова:
(http://circuitzoo.com/wp-content/uploads/2010/09/LaptopPowerSupplyforCarAdapterCircuitDiagram.jpg)
-
колово го има во ГАЦ електроник.Баш и на мене ми требаше ова,па го најдов таму.Цена,мислам дека му беше 40 денари.
-
абе јас мислев со еден, два транзистори нешто да се напрај пошто nа полначов пишува дека може да дај од 12v до 20v кога го мерам вака слободен вика 15v меѓу минус и плус а меѓу плус и маса 12v, а лаптопов бара 19в го приклучувам в лаптоп и вика [0v] [0.34v] (се будали) ама не 19 или 15 :)
-
Очигледни е DELL лап-топ и ти требат два напона и маса.На иглицата треба да имаш нешто понизок напон од 12V и тој служи за покренување на процесорот и некои други цаки ;D И да направиш уред по шемата ,нема да биде доволно :D :D
Пробај да не е до кабелот,бидејки знае да зезне.Отвори го (скрши го) полначот и таму одспој го кабелот и мери напон,ама и омски провери го самиот кабел.
-
Кабелот е супер, само што приклучокот не чинеше од полначот, а исто така и на лаптопот.
Што значи ги заменив и едниот и другиот приклучок и сега ми остана уште масата од полначот да ја врзам ама има еден друг проблем што масата и минусот се во спој на матичната плоча, дали тоа треба да биде така ?
-
Масата ти е надворешниот оплет,внатре имаш уште една *маса *условно,ама на неа имаш +19В во однос на надворешната *маса*,а на иглицата треба да имаш +12в некаде- во однос на внатрешната * маса* т.е. оние 19В.Нелогично,ама работи.Пробај така! 8) Ако се во спој двата оплета да знаеш имаш диода во краток спој .Поставена е *контра* меѓу двете *маси*!
-
Ете ја најдов, и е во краток спој и се вика PJ 906 LV, за што служи оваа диода ? - Пошто ја барав на интернет и во VRT2009 ја нема.
Види слика
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/slika0001.jpg)
-
Пробај одлеми ја диодата,и залеми некоја 4007 колку за проба...и мери напон тогаш...
-
Залемив диода, сега не е во спој и не грее. Го поврзав плусот, минусот и масата од полначот директно на плоча, и кај процесорот или кулерот до него за него :) почнува да прави (цк, цк, цк) а кога го стегнам и држам подолго време тастерот за да го стартува лаптопот, почнува побрзо да го прави тоа (цк, цк, цк).
И плус кога е поврзан лаптопот со полначот, кога кај лаптопот че направи (цк) напонот паѓа на нула и одма се покрева.
Јас мислам дека е недоволно моќен полначот па не може да го заврти кулерот кај процесорот.
Да напоменам дека ова сето го правам на извадена плоча на која има само рам, процесор и толку :) оти мислам дека вака би требало да запали. Ако треба нешто да додадам од неговите делови кажете.
-
Вака: можеби треба да го склопиш прво лап топот во кукиште,па да го пробаш,бидејки можно е да има некој кабел,прекинувач или слично за да се вклучи како треба.Диодата е 3А и спрема местото треба да најдеш и соодветна големина.Овие и слични диоди побарај ги во напојниот дел на некој неисправен хард диск ( од оние 80Гб најчесто ;D)
-
Да напоменам дека ова сето го правам на извадена плоча на која има само рам, процесор и толку :) оти мислам дека вака би требало да запали. Ако треба нешто да додадам од неговите делови кажете.
Не е лаптоп исто што и PC. Лаптопите најчесто не палат освен ако не е се врзано за нив. Врати се назад (mouse pad, тастатура, кабел за монитор, итн.) и пробај така.
-
Пробав се ама не сака да запали..
Што викате дали може да го поврзам на ATX напојување ?
-Вака мислам:
(GND) и (+12V) = (+12V) (- и +)
(-5V) и (+12V) = (+17V) (- и +) [+12V]-ниот напон заедно, така што ќе добијам [ + ] [-] и [-5V]-како маса или не ќе може вака ?
-
А,да си набавиш нов полнач??
-
Пробав се ама не сака да запали..
Што викате дали може да го поврзам на ATX напојување ?
-Вака мислам:
(GND) и (+12V) = (+12V) (- и +)
(-5V) и (+12V) = (+17V) (- и +) [+12V]-ниот напон заедно, така што ќе добијам [ + ] [-] и [-5V]-како маса или не ќе може вака ?
Не, -5V излезот може да даде многу мала струја. Ќе паѓа напонот или ќе изгори напојувањето, зависи од дизајнот на напојувањето.
-
Да не знае некој како да изведам повратна врска кај колото UC3825?Во даташитот не најдов...Пример на некоја ваква шема:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/UC3825-circuits.jpg)
Eве даташит: http://www.ti.com/lit/ds/symlink/uc3825.pdf
-
Дали можам оваа шема да ја искористам како драјвер за биполарни степ моторни но со 4 жици (од принтер), а не 5. И ако може како би изгледало тоа?
http://www.instructables.com/id/Easy-to-build-CNC-Mill-Stepper-Motor-and-Driver-ci/
-
тапа е шемата, а и нема да ти функционира со мотор со 4 жици...
-
Некоја друга шема да ми предложите за со мотор со 4 шици? :D
-
Најверојатно ќе треба да се прави со микроконтролер и посебен софтвер да се пишува за него.
-
За биполарни степ мотори со 4 жици, за струја до 3А, најдобро е да се користи комбинација од L297 и L298. Колото со L297 има стандарди влезови за чекор и насока (step, direction) при што насоката може да се контролира со прекинувач а чекорот со едноставен осцилатор, на пример со NE555.
-
Мене не ми е потребен драјвер затоа што сакам да направам некоја мала CNC машина, чисто од забава и да видам како фукнционира се тоа па и да остварам некоја своја идеа. Па планирам да користам веќе некој готов програм за CNC. Колата како L297 и L298 се малце поскапи па затоа прашав дали може таа шема некако да се среди и да се користи за мотор со 4 жици. Ако имате некоја друга идеа кажете :D
-
Здраво коце, таа шема што си ја нашол е за униполарни степ мотори, кои што се со 5 или повеќе жици и не може да се користи за биполарни мотори. Може да се направи нешто слично, со транзистори, но треба да биде во H-bridge изведба. Тоа значи дека за секоја намотка во степ моторот (има две), потрбни се 4 транзистори. Значи за еден мотор треба 8 транзистори. Таква изведба мене лично не ми се допаѓа, затоа што непотребно се комплицира шемата и нема ограничување на струјата што тече низ моторот, па може да дојде до прегревање на моторот и на транзисторите. Комбинацијата со L297 и L298 е малку поскапа варијанта, но има се што е потребно за нормална работа на моторот.
-
@at.koce види го ова:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8279.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8279.0)
-
Ја имам видено шемата ама не знаев дека може да се искористи за CNC.
-
Колку е максималната струја што може да се извлече од SMPS напојување од инкџет принтер (од прилика)? :)
-
Имам едно напојување и свири а иначе нормално работи имаше некои подуени кондензатори кои ги заменив, но не престана да свири, му го извадив калемот на влез што е и го кратпоспоив и влезните кондензатори ги извадов и заменив и пак свири..
Прашањето е: Од што и што може да свири во ова напојување ?
-
Калемот на влез е ставен со причина, врати го назад. Свирењето е последица на високофреквентни механички вибрации на некоја компонента, најчесто доаѓа од трафото, од некој кондензатор или калем, притискај ги или потчукнувај ги сите нив по ред и кога ќе видиш кај кој од нив се менува или престанува свирењето, тој е проблемот, пробај да го залиеш со лак или сл. за да се изгуби или намали свирењето.
-
Еве сега менав еден од помалите трансформаторчиња кои ги има 2, кога го потчукнував менуваше на звукот, ама сега пак свири за нијанса е потивко ама кога го пуштам да работи појче се слуша и сега си викам да ги сменам сите електролитски кондензатори на излез да видам што ќе прави. Вие што мислите ?
-
на дечки едни дечки тука им дале лап топ, и им релке дека не работи кулерот, го растурив пред некој ден и кулерот беше полн со прашина го исчистив и го пробав на батерија од мобилен со напон од 3,7V и работеше ок, го ставив назад, го пуштив компјутерот и кулерот на почетокот работеше и после тоа кулерот престана да работи и после 5-10 минути се изгаси зашто се прегреа, пак го растурив и го пробав пак кулерот на 3.7V и работеше што мислам дека нешто од матичната е зафркнато, па дека немам многу алат на располагање сакам да го поврзам цело време да врти па дали мислите дека тоа би била добра идеја???
-
Еве сега менав еден од помалите трансформаторчиња кои ги има 2, кога го потчукнував менуваше на звукот, ама сега пак свири за нијанса е потивко ама кога го пуштам да работи појче се слуша и сега си викам да ги сменам сите електролитски кондензатори на излез да видам што ќе прави. Вие што мислите ?
Ме намачи и тоа како ова напојувањево па зедов сите електролитски кондензатори ги заменив и престана да свири. - Се извинувам за тоа што ме немаше една недела... изведував нешто со интернетов :D
-
Колеги ако може некој накратко да ми објасни(ако е тоа можно) која е разликата помеѓу 50-херцен ТВ приемник и 100-херцен ТВ приемник во однос на сликата?
-
Колеги ако може некој накратко да ми објасни(ако е тоа можно) која е разликата помеѓу 50-херцен ТВ приемник и 100-херцен ТВ приемник во однос на сликата?
Кај аналогните, нема разлика бидејќи и онака сликата се праќа си 50 frame-а во секунда (поточно 50 полуслики за PAL, односно 25 цели слики ;)), така да, тоа беа само „лажги со опашки“ од страна на фирмите производители, као демек „овие подобри биле за очите, ова она“... да, подобри се само ако и сигналот се праќа со 100Hz ;D... до некаде барем беше така, не негирам дека на некои телевизори кои ги имам видено кои имаат refresh rate од 100Hz, навистина сликата поубаво се гледаше, малку поостра беше, ама ништо повеќе од тоа... и не се гледаше треперење на сликата ако снимаш со камера телевизор... или се гледаше, ама малку.
Кај дигиталните има, ама само ако сигналот се прака со поголем refresh rate од 50Hz, на пример, 80Hz или 70Hz. Тогаш, да, ќе се забележи разлика ;). Но, повторно, нема да се забележи разлика кај филмови бидејќи и онака филмовите се снимаат со 24 frame-а во секунда, а оваа технологија не е сменета со децении и (колку што знам) не планираат да ја менуваат, така да, нема да ти направи никаква разлика, барем за филмовите ;). Ти ако сакаш направи telecine на тие 24 frame-а и на 100 frame-а, џабе ти е, тоа пак се 24 frame-а, само што има еден куп дупликати на еден ист frame кои се прикажуваат 4.167 пати во секунда ;D.
Е сега, од друга страна, има голема разлика меѓу монитори со максимален refresh rate од 60Hz и максимален refresh rate од 100Hz ;) (тоа е всушност истата она работа „50Hz и 100Hz“ кај обичните телевизори, само за монитори, посебна терминологија се користи ::), зошто, не знам, ама мислам дека има врска со развојот на самата технологија и фактот дека мониторите се имаат развивано „независно“ - условно кажано - од телевизорите). Веднаш се забележува дека екранот помалку ги заморува очите ;).
-
Фала ти Гига ова го прашував бидејќи денеска на школо учевме за анализа на слика-Прогресивна анализа и Анализа со проред, па професорот ни кажа дека имало некоја разлика помеѓу 50-херцен и 100 херцен ТВ приемник, и ни кажа дома да провериме на 50-херцен ТВ приемник да се доближеме најблику до него и најдобро на логото од самата телевизија ќе забележиме треперење, тоа го пробав јас и се забележува некое минимално треперење ;D
-
Фала ти Гига ова го прашував бидејќи денеска на школо учевме за анализа на слика-Прогресивна анализа и Анализа со проред, па професорот ни кажа дека имало некоја разлика помеѓу 50-херцен и 100 херцен ТВ приемник, и ни кажа дома да провериме на 50-херцен ТВ приемник да се доближеме најблику до него и најдобро на логото од самата телевизија ќе забележиме треперење, тоа го пробав јас и се забележува некое минимално треперење ;D
Тоа се случува поради interlacing-от. Кога се исцртуваат двете полу слики на екранот, не се поклопуваат баш најдобро една со друга, па затоа сејавува тоа треперење. Кај 100Hz-ните телевизори, најчесто сликата се исцртува цела (без две полуслики, една цела, односно, како што ти рекол професорот progressive scan), па затоа не се јавува тоа треперење. Значи, прво на сликата и се прави deinterlacing (се спојуваат двете полуслики во една цела), па и се прави framerate conversion (се конвертираат тие 25 слики во секунда во 100 слики во секунда, што значи дека за секоја една слика, има 3 слики кои се клон на таа една, односно идентични копии), па дури тогаш се праќа таквиот сигнал кон цевкат. Всушност, тоа ми беше поентата кога реков дека „за џабе имаш 100Hz-ен телевизор кога сигналот кој се праќа е со 25 слики во секунда“, нема поента, освен тоа што овие телевизори имаат progressive scan па не се јавува тоа треперење ;).
Заклучок: Треперењето не е толку последица на тоа што сигналот се праќа со 25 слики, односно 50 полуслики во секунда, туку повеќе е последица на самиот начин на анализа на сликата, односно исцртување на сликата, односно анализа со проред. Овој проблем во Америка не беше толку изразен бидејќи они го имаат NTSC системот, кој врши исцртување на 30 цели слики во секунда (без проред). На пример, забележи и ќе видиш дека тоа треперење не се јавува ако го гледаш истиот тој сигнал (од телевизијата) online преку некој flash player бидејќи сигналот кој се праќа е progressive (веќе скоро никаде не се користи анализа со проред освен освен во аналогната PAL телевизија и PAL DVD снимките, односно R2 и R5 изданија), а исто така и сите монитори користат progressive scan, така да, не може да се јави треперење на сликата ;).
-
дали може пад на напонот што се ствара при течење на струја низ тријак да се искористи за напојување на некој уред??? и ако напонот е многу мал (како што знам негде накај 1,5V е пад на напон низ тријак) дали може да се стави умножувач на напон за тој напон да се зголеми, односно дали ова би работело???
(http://imageshack.us/a/img696/1820/dsc00095th.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/696/dsc00095th.jpg/)
-
Борче така поврзуваше за да свети лед на димерот ...
-
а за максимална струја што би можело да се влече знаеш???
-
направи ја шемава од сликата и направи краток спој мери колку струја дава на излез кај што ти треба нискиот напон, стави ја сијалицата за да не се испотепаш со струјата :D
ќе добиеш некоја максимална струја, е по неа води се, пола од неа сигурно би можел да користиш :D
-
хахахаха методот ти е многу добар :)
-
За помали струи, може да ставиш кондензатор врзан сериски, после кондензаторот паралелно зенерка со потребниот напон
-
треба пик да се поврзе, лцд 2x16 и некој отпорник....
-
http://electroschematics.com/5678/capacitor-power-supply/
http://www.bitsbox.co.uk/infocontent/capdropper.html
Вака нешто мислев...
еве и калкулатор:
http://www.daycounter.com/Circuits/Transformerless-Power-Supplies/Transformerless-Power-Supplies.phtml
pic-ит и дисплејот не би требало да трошат повеќе од ампер-два...
-
само тријакот ми е дотапен за напојување :) ако ми беше и фаза и нула достапна со трафо ке го правев тоа :) иначе има ли некој идеја како да се уклучат два тиристори од еден пин, односно кога едниот е уклучен другиот треба да е исклучен...и обратно...
-
нема ни толку да трошат, ќе си набавиш квалитетен лцд со мала потрошувачка и до 300-400мA најмногу нема да мрднеш со се цела таа контрола ии што и да биди
ќе набавиш и LF верзија или како беа на пик, тие се во нано ват технологија (мислам) со многу помала потрошувачка
-
дали може пад на напонот што се ствара при течење на струја низ тријак да се искористи за напојување на некој уред??? и ако напонот е многу мал (како што знам негде накај 1,5V е пад на напон низ тријак) дали може да се стави умножувач на напон за тој напон да се зголеми, односно дали ова би работело???
(http://imageshack.us/a/img696/1820/dsc00095th.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/696/dsc00095th.jpg/)
Здраво Bojan,
Според предлог шемата што ја имаш приложено: ефективниот напон (од исечена синусоида) кој го носиш на исправувачот ќе ти се менува како што ќе го менуваш аголот на палење на триакот (нивото на ефективниот напон кој сакаш да заврши на потрошувачот); а пак максималната струја ќе ти бида ограничена од ефективната импеданса (отпорноста во динамички режим) на потрошувачот (поврзан во серија со триакот).
Те молам специфицирај ни: колкав напон ти е потребен на излез; каков потрошувач ќе користиш поврзан на A2 (во серија) на триакот; во кој опсег сакаш да го управуваш ефективниот напон на потрошувачот (0-100%); колкава максимална струја ти е потребна на излез; и сл.
Во секој случај земи во обзир, за вака да извлечиш електрична енергија за напојување, паралелно на триакот, потрошувачот нема да можеш да го работиш на максимален 100% ефф.напон, туку мора да го работиш до нешто помалку од максимумот.
Слично на оваа шема, се напојуваат склопови каде: потрошувачката им е мала (за да може да се "достигне" доволно енергија/"струја" при мал ефф.напон на триакот, односно максимален излезен ефф.напон кон потрошувачот; и доволно снажна паралелна врска (зенер диода) за одведување на вишокот "струја" при голем ефф.напон на триакот, односно минимален излезен ефф.напон на потрошувачот; се користи во серија импеданса (која ти ја немаш нацртано на шемата) од триакот кон склопот за исправување и стабилизирање, и која сериска импеданса има фиксна вредност.
Исте треба да земиш во обзир, ако ти треба поголема излезна струја за напојување, и ако ја намалиш сериската импеданса за да го постигнеш тоа, и при подесан 0% излезен напон (кон потрошувачот), сепак поради спојот за напојување на склопот, "истата" струја тече низ потрошувачот.
Поздрав,
mkfe.
-
како потрошувач би се користело светилка(светилки) 100-500W, може и нешто повеќе ама толку мислам дека ке биде доволно, и светилката само ке се пали и гаси, нема да биде димувана или такви некои работи...тоа што сакам да го правам е тајмер што би се монтирал во дозна на веќе постоечки прекинувач за светилката автоматски да се пали/гаси на одредено време (навечер да се пали, а сабајле да се гаси) ке пробам напојувањето да го направам со падот на напонот на тријакот, а за напојување сакам да добијам негде некој напон од 4.5V
-
како потрошувач би се користело светилка(светилки) 100-500W, може и нешто повеќе ама толку мислам дека ке биде доволно, и светилката само ке се пали и гаси, нема да биде димувана или такви некои работи...тоа што сакам да го правам е тајмер што би се монтирал во дозна на веќе постоечки прекинувач за светилката автоматски да се пали/гаси на одредено време (навечер да се пали, а сабајле да се гаси) ке пробам напојувањето да го направам со падот на напонот на тријакот, а за напојување сакам да добијам негде некој напон од 4.5V
Ок, значи електрониката/склопот планираш да го напојуваш со 4.5V.
Колкава максимална "постојана" (долготрајна) струја би влечел склопот/електрониката кој ќе управува? Дали ти е смислен склопот? Или сега го смислуваш и немаш претстава колку ќе ти троши?
Значи склпот би се наоѓал само во две состојби: ON и OFF? - нема димување.
-
како потрошувач би се користело светилка(светилки) 100-500W, може и нешто повеќе ама толку мислам дека ке биде доволно, и светилката само ке се пали и гаси, нема да биде димувана или такви некои работи...тоа што сакам да го правам е тајмер што би се монтирал во дозна на веќе постоечки прекинувач за светилката автоматски да се пали/гаси на одредено време (навечер да се пали, а сабајле да се гаси) ке пробам напојувањето да го направам со падот на напонот на тријакот, а за напојување сакам да добијам негде некој напон од 4.5V
Ок, значи електрониката/склопот планираш да го напојуваш со 4.5V.
Колкава максимална "постојана" (долготрајна) струја би влечел склопот/електрониката кој ќе управува? Дали ти е смислен склопот? Или сега го смислуваш и немаш претстава колку ќе ти троши?
Значи склпот би се наоѓал само во две состојби: ON и OFF? - нема димување.
за струја уште незнам, се надевам дека ке влече помалце од 0,5А. за напојување сакам и батерија да му ставам кога тиристорот не е уклучен да може да се напојува некое време, тогаш ке влече и помалце струја дека дисплејот ке ми биде исклучен тогаш со што само пикот ке се напојува од батеријата тогаш.
-
Здраво Bojan,
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Бидејќи станува збор за поврзување директно на мрежна инсталација, те молам внимавај! (Не дај боже,) за незгодите не одговарам.
Имај дома инсталирана FI(D) склопка со max струја на исклучување од 30mA !!!
Најдобро е да си земеш трансформатор за галванско одвојување, 230VAC на 230VAC од 500VA, па да експериментираш на галвански изолираната секундарна страна !!!
Во attach ти приложувам предлог идеа/шема на поврзување.
За објаснување, ќе пишувам малку непрецизно, за да се свати суштината/поентата.
Како што посочи дека при ON ти треба енергија 4.5VDC & 0.5ADC, мислам дека ќе можеш да го обезбедиш. При ON, со пад на напон на диодите D1-D8, и со дуплирање и исправување, ќе се постигне. Можеби ќе е потребно и бројот на диоди да се промени, за соодветен пад на напон. Но за да влечеш толкава струја за напојување на твојот уред, треба и потрошувачот да ти влече повеќе од ~0.5A, односно да ти биде минимум ~100W. Притоа, дополнително при ON, ќе "губиш" на диодите напон околу 2.8V, односно потрошувачот ќе "гледа" помалку напон.
При состојба OFF, ќе мораш да се ограничиш на помала струја..... и рачунај дека таа "помала" струја мора да минува низ потрошувачот (како што кажа некоја светилка/сјалица).
Се извинувам што шемата е цртана на рака,.... тоа набрзина.
Незнам дали сите овие елементи ќе ти ги собира во дозната..... плус диодите D1-D8 ќе се поснажни, и ќе дисипираат топлона при ON ситуација.
Дали шемата ти одговара? Дали идеата одговара на твојата замисла за склопот? Размисли за вредностите на елементите, ако одговара шемата ќе ги прецизирираме. Размисли и за нејзини модификации (на шемата) ....
P.S.
Ако на форумот имаат одомаќинето некој free програм за цртање шеми, слободно посочете ми, ќе го инсталирам(е) и него ќе го користам(-име).
Поздрав,
mkfe.
-
Колеги имам проблем со полнач за акомулатори од старите полначи кои имаат грецов спој изработен од селен, е сега тој грец јас го заменив со 35А грец од диоди, поланчот има голем трансформатор кој на секундарот дава 2x19V јас го поврзав грецот на 19V и кога мерам еднонасочен напон на излез од грецот добивам глем напон од некојси 32V па се до 39V. Е сега чудно ми е што после грецот има скокање на напонот, колку што знам јас треба да има пад на напонот полсе грецот. Што може да биде проблемот ???
-
P.S.
Ако на форумот имаат одомаќинето некој free програм за цртање шеми, слободно посочете ми, ќе го инсталирам(е) и него ќе го користам(-име).
Најчесто ја користиме sPlan 6.0, не е бесплатна ама може да се најде за симнување... ;)
-
Колеги имам проблем со полнач за акомулатори од старите полначи кои имаат грецов спој изработен од селен, е сега тој грец јас го заменив со 35А грец од диоди, поланчот има голем трансформатор кој на секундарот дава 2x19V јас го поврзав грецот на 19V и кога мерам еднонасочен напон на излез од грецот добивам глем напон од некојси 32V па се до 39V. Е сега чудно ми е што после грецот има скокање на напонот, колку што знам јас треба да има пад на напонот полсе грецот. Што може да биде проблемот ???
Со каков инструмент мереше напон после грецот? Како напонот ти се движи 32-39V? Цифрите менуваат, стрелката игра? Или еднаш мериш еден напон, друго вклучување друг напон?
Ако мериш со дигитален инструмент, кој има голема влезна отпорност (обично 10MOhm) може да ти варира .... и да не речам да покажува без-брска.
Дали имаше после грецот поврзано било каков потрошувач? Пробај, паралелно со инструментот "заврзи" отпорник од 10kOhm/0.25W, и така мери напон на DC подрачје. Може и помал отпорник (1kOhm/2W).
-
Сигурен си дека го поврза грецот на намотката за 19V? Мене ми личи дека си го врзал на 38V... ;) :)
-
Сигурен сум го поврзав и на намотката на 19V, потоа пробав и на намотката од 38V тогаш ми покажа 40V :-\
-
Сигурен сум го поврзав и на намотката на 19V, потоа пробав и на намотката од 38V тогаш ми покажа 40V :-\
Некако не ми штима....
- на намотката од 19V ти покажа 32-39V;
- на намотката од 38V ти покажа 40V.
-
Сигурен сум го поврзав и на намотката на 19V, потоа пробав и на намотката од 38V тогаш ми покажа 40V :-\
А кондензатор има по грецот или не?
-
Нема кондензатор, утре ке поставам слики се надевам дека ќе биде полесно за да го решиме проблемот.
-
Остави го трансформаторот да работи во празен од (да не е поврзано за него ништо на секундарот, освен грецот) и врзи по грецот еден кондензатор (1000uF е повеќе од доволно само колку за проба). Напонот кој ќе го измери волтметарот ќе биде „испегланиот“ еднанасочен напон на излез од диодите. Тоа што ти си пробувал да го мериш е овој напон.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/image028a.jpg)
Нормално е волтметарот да не покажува правилно бидејќи овој напон е „неиспеглан“ ;).
-
Здраво Bojan,
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Бидејќи станува збор за поврзување директно на мрежна инсталација, те молам внимавај! (Не дај боже,) за незгодите не одговарам.
Имај дома инсталирана FI(D) склопка со max струја на исклучување од 30mA !!!
Најдобро е да си земеш трансформатор за галванско одвојување, 230VAC на 230VAC од 500VA, па да експериментираш на галвански изолираната секундарна страна !!!
Во attach ти приложувам предлог идеа/шема на поврзување.
За објаснување, ќе пишувам малку непрецизно, за да се свати суштината/поентата.
Како што посочи дека при ON ти треба енергија 4.5VDC & 0.5ADC, мислам дека ќе можеш да го обезбедиш. При ON, со пад на напон на диодите D1-D8, и со дуплирање и исправување, ќе се постигне. Можеби ќе е потребно и бројот на диоди да се промени, за соодветен пад на напон. Но за да влечеш толкава струја за напојување на твојот уред, треба и потрошувачот да ти влече повеќе од ~0.5A, односно да ти биде минимум ~100W. Притоа, дополнително при ON, ќе "губиш" на диодите напон околу 2.8V, односно потрошувачот ќе "гледа" помалку напон.
При состојба OFF, ќе мораш да се ограничиш на помала струја..... и рачунај дека таа "помала" струја мора да минува низ потрошувачот (како што кажа некоја светилка/сјалица).
Се извинувам што шемата е цртана на рака,.... тоа набрзина.
Незнам дали сите овие елементи ќе ти ги собира во дозната..... плус диодите D1-D8 ќе се поснажни, и ќе дисипираат топлона при ON ситуација.
Дали шемата ти одговара? Дали идеата одговара на твојата замисла за склопот? Размисли за вредностите на елементите, ако одговара шемата ќе ги прецизирираме. Размисли и за нејзини модификации (на шемата) ....
P.S.
Ако на форумот имаат одомаќинето некој free програм за цртање шеми, слободно посочете ми, ќе го инсталирам(е) и него ќе го користам(-име).
Поздрав,
mkfe.
ок е шемата, само тоа што рече диодите дека треба да бидат малце по моќни за колкава струја треба да бидат??? за сместување во дозната сакам правоаголна дозна некоја да ставам со што би имало место за таа електроника...
-
Остави го трансформаторот да работи во празен од (да не е поврзано за него ништо на секундарот, освен грецот) и врзи по грецот еден кондензатор (1000uF е повеќе од доволно само колку за проба). Напонот кој ќе го измери волтметарот ќе биде „испегланиот“ еднанасочен напон на излез од диодите. Тоа што ти си пробувал да го мериш е овој напон.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/image028a.jpg)
Нормално е волтметарот да не покажува правилно бидејќи овој напон е „неиспеглан“ ;).
Фала ти Гига му поставив кондензатор и DC напонот падна на 24V колку што е и самиот полнач класифициран ;)
-
Нешто правиш погрешно, само не знам што.... ;D
-
ок е шемата, само тоа што рече диодите дека треба да бидат малце по моќни за колкава струја треба да бидат??? за сместување во дозната сакам правоаголна дозна некоја да ставам со што би имало место за таа електроника...
Зависи од потрошувачот колку ќе биде "голем", бидејќи целата негова струја ќе минува низ нив.
Па да издржуваат min 3A за потрошувач од 500W. (пример 500W/220V=2.27A) Се разбира со соодветно потребно ладење, кое пак зависи од потрошувачката.
Споено мислење: 27.09.2012, Thursday, 10:54:48
Фала ти Гига му поставив кондензатор и DC напонот падна на 24V колку што е и самиот полнач класифициран ;)
Почитувам JovanOH,
Инструментите за мерење DC напон најчесто мерат средна вредност на променливиот (не-испеглан) еднонасочен напон.
Тоа што си поставил кондензатор неможе да го намали напонот.... бидејќи во него се "укумулира" енергија и "застанува" на највисокиот напон.
Значи ако претходно си мерел 32-39, 40V, неможе со кондензатор да добиеш 24V, односно помал напон.
Како што пиша Zan, нешто грешиш.
Мислам дека нешто/некаде не допираш со двете електроди на инструментот..... затоа ти предложив да мериш напон со инструмент со помала влезна отпорност, или да поставиш паралелно отпорник на иснтрументот (види претходен пост.)
Вака како што го опиша редоследот, некаде нешто грешиши, или во поврзувањето, или во мерењето, или претхдно (без кондензатор) или со кондензатор. Првите две мерања (на 32-39VDC@19VAC и 40VDC@38VAC) немаат логика. А исто и последното мерење во однос на нив.
Поздрав,
mkfe.
-
Инструментите за мерење DC напон најчесто мерат средна вредност на променливиот (не-испеглан) еднонасочен напон.
И ова не е секогаш точно (иако, треба да биде). Имам видено евтини дигитални унимери кои „шантраат“ со отчитувањето на „неиспеглан“ напон. По правило, да, треба да отчитуваат средна вредност на тој напон, ама не е секогаш ова точно ;D.
Затоа, постави кондензатори и правилно ќе измери (скоро) секој унимер ;).
-
Инструментите за мерење DC напон најчесто мерат средна вредност на променливиот (не-испеглан) еднонасочен напон.
И ова не е секогаш точно (иако, треба да биде). Имам видено евтини дигитални унимери кои „шантраат“ со отчитувањето на „неиспеглан“ напон. По правило, да, треба да отчитуваат средна вредност на тој напон, ама не е секогаш ова точно ;D.
Затоа, постави кондензатори и правилно ќе измери (скоро) секој унимер ;).
Да, да, не е секогаш точно. (Затоа и напишав "најчесто".)
Може да има и друга изработка на инструменти за мерење на DC напон, кои мерат максимални вредности. Има постари инструменти, без примена на сложена електроника, мерат ефективни вредности, на принцип на "чувствување" на снагата на греење од обликот на променливиот напон, најчесто со примена на thermocouple. До целосно електронски кои мерат TrueRMS (ефективна вредност).
Треперењето е видливо колку е помала фреквенцијата, толку е по-очигледно. Меѓутоа, ако се забележат границите помеѓу кои се движи стрелката од инструментот (границите од титрењето на стрелката), средината од тоа, пак е средна вредност на напонот (бидејќи стрелката со својата инерција на подвижниот систем индиректно прави NF филтер).... барем грубо.
Ако е многу ниска фреквенцијата и промените на вредноста на напонот големи, тогаш е неупотребливо. Стралката ќе шета во големи граници кои нема ниту индиректно да се исфилтрирани нејзините промени (од инерцијата на подвижниот систем на стрелката), а крајните граници дури може да претставуваат min и max на напонот а средната вредност да не биде на средина од нив.
Со поставување на кондензатор (паралелно на инструментот), измерената вредност многу зависи од шемата, односно од мерната точката каде се мери напонот. Во зависност од точката на мерење во шемата, со додавањето на кондензатор, ќе се измери: или средна вредност, или максимална вредност, или некоја вредност измеѓи нив. Плус може на некои места да не е дозволиво да се постави дополнително кондензатор за да се мери, бидејќи со поставување на кондезнатор се променува режимот на работа на уредот.
Во конкретниот случај со грецовиот исправувач, со додавање на кондензатор, се мери максимална вредност на исправениот напон, а без кондензаторот се мери средна вредност на исправениот напон.
Поздрав,
mkfe.
-
Почитуван Bojan,
Како што ти ветив, припремив една шема со вредности, но незнам дали ќе те задоволи.
Шемата ја давам каква што е, без да одговарам за никакви негативни последици.
Диодите D1-D9, D11-D14, се еден вид schunt (шунт) во серија со главниот потрошувач R_load, а паралелно на електрониката за напојување која на излез (+V, 0) дава 4.5V.
На оваа шема недостатоци му се:
- диодите D1-D9, D11-D14, треба да ја издржуваат струјата на потрошувачот;
- за диодите D1-D9, D11-D14 веројатно ќе треба дополнително ладење;
- не дај боже, да прегори некоја од диодите D1-D8 во прекинато коло, се понатаму што е приклучено ќе прегори, бидејќи ќе му дојде голем напн.
Како што побара, обезбедив при вклучен J1, напон од 4.5V & 0.5А. За да ја добиш оваа струја, потрошувачот мора да биде со снага поголема од 135W.
При исклучен J1, со вредностите на шемата за C5, имаш 4.5V & 25mA.
Изворот V1 на шемата е градската мрежа. Неговиот извод "+" е фазата, а неговиот "-" е нулата. Како што Вас ви треба, фазата оди директно во прекинувачката дозна каде се наоѓа J1. Потрошувачот R_load е директно поврзан на нулата, а фазата му се прекинува со прекинувачот J1.
P.S.
Шемата практично ја немам направено. Истата ја симулирав со електроник воркбенч мултисим верзија 7.0, така да делумно е проверена.
Поздрав,
mkfe.
-
колкава струја може да даде 3.3V излез од ATX напојување ?
-
Најчесто напонот и струјата ги пишува на кутијата.
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/atxlabel2_zpsaf1d0d0a.jpg)
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/atxlabel1_zpsed1f8f2b.jpg)
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/atxlabel3_zps5761f17c.jpg)
-
абе знам јас тоа, ама напојувањево не е кај мене, и од прилика ме интересираше просечно колку би давале, тоа беше муабетот :D
-
абе знам јас тоа, ама напојувањево не е кај мене, и од прилика ме интересираше просечно колку би давале, тоа беше муабетот :D
Апсолутен минимум, 15А ;).
-
момци дали има некој проверена шема за десулфатор за акумулатор?
-
http://www.instructables.com/id/Desulfator-for-12V-Car-Batteries-in-an-Altoids-Ti/
;D
-
проверен е од тебе?
-
Поздрав до сите електроничари, незнам дали ова е соодветна тема за моето прашање кое можеби малку смешно ќе звучи, ама пуста мука (немаштија) на се ќе те натера да помислиш, па срам/несрам ќе прашам :)... Пошто струјата е скупа а зимо иде, ме интересира можноста да се произведе ел. енергија некако со помош на орбитрек ;D , т.е. велосипед да се поврзе со некое динамо или алтернатор па да се акумулира со цел да се затопли една соба (со грејно тело оние француските панели од 2,5 кW мислам дека е). Идеата ми е на пр. (лупам) со 1 час возење орбитрек да се греам цел ден :) или со други зборови колку енергија можам да произведам. Возможно ли е такво нешто, и колку би чинело сето тоа, дали би се исплатило?
-
Не можеш да произведеш толкава електрична енергија колку ти треба за грејач,али затоа дефинитивно ќе се загрееш со возењето на орбитрекот. ;D ;D
-
Нема шанси да произведеш толку електрична енергија колку за еден ден греење. Најверојатно ќе произведеш доволно колку за да наполниш батерија од UPS за компјутер да тера неколку минути, повеќе од тоа, не.
-
сакам да прасам дали мозе некој да ме упати како се прави печатена плочка, ама да не е со маркер него на принтер. Фала
-
Прочитај ја оваа тема, се е објаснето убаво, ако имаш нешто нејасно прашај таму:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=341.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=341.0)
-
DIY Printed circuit board (http://www.youtube.com/watch?v=wKEe3otWstM#)
-
Дали некој знае да го напише изразот за проводност на еден полупроводник ?
Каква е поларизацијата на емитерскиот, а каква на колекторскиот спој кога транзисторот е во заситување (се мисли за BJT транзистор)?
ова малку аналогна ако сака некој да ми помогне не можам да најдам за овие прашања :D
-
кога е во заситување дирекна на емитерскиот а инверзна на колекторскиот.
-
тоа е за кога е во нормално активно подрачје :D
за заситување не можам нигде да најдам :D
-
за заситување не можам нигде да најдам :D
Па еве, ајде малку да анализираме ;).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/npn_transistor.png)
Најпросто објаснето, транзисторот ќе се најде во сатурација кога напонот на базата ќе биде многу „попозитивен“ од напонот на емитерот (иако, ова не е сосема точно, транзисторот е струјно контролирана компонента, така да, ова се треба да се објасни преку струи, но најпросто ми беше вака да го објаснам ;D, инаку, напонот на базата не може да порасне повеќе од максималнaта вредност на Vbe). Тоа значи дека (реално гледано), доколку на базата има поврзано отпорник, напонот на едниот крај на отпорникот може да го надмине потенцијалот на напонот на колекторот, но напонот на базата ќе има некоја максимална вредност Vbe која најчесто е 0.7V.
Кога потенцијалот на базниот отпорник не е поголем од напонот на колекторот (односно, барем за 0.7V помал од напонот на колекторот), но сепак го надминува напонот на емитерот за прилично голема вредност (транзисторот се наоѓа во сатурација), тогаш емитерскиот PN спој е позитивно поларизиран. Притоа, треба да се напомене дека кога транзисторот е во сатурација, падот на напонот на емитерскиот PN спој, кој во нормални услови (кога работи во линеарен режим) е околу 0.7V, можно е да има малку помала вредност од оваа, на пример 0.6V. Исто така, во овој случај, колекторскиот PN спој е инверзно поларизиран, но тоа не претставува проблем бидејќи транзисторот е струјно контролирана компонента (базата само го контролира протокот на струја меѓу колекторот и емитерот на транзисторот), па без разлика на потенцијалот на базниот отпорник, ако емитерскот PN спој е директно полазиризиран и во сатурација, самото тоа автоматски предизвикува проток на струја низ колекторскиот PN спој, чиј најголем дел тече преку емитерот на транзисторот кон маса (или за што и да е врзан емитерот на транзисторот).
Ова можеби изгледа малку нелогично ;D, но базата е само контролата ;). Дефиницијата за тоа „дали некој транзистор е во сатурација или не“ е следнава: без разлика колку расте јачината на струјата во базата, колекторската струја останува иста (или има многу мало влијание врз оваа струја). Всушност, теоретски гледано, струјата низ базата може да биде еднаква со емитерската или колекторската, но тоа ќе ја зголеми емитерската струја само за дупло, а не за 50 или 100 пати (колкаво и да било hfe-то на транзисторот), што повторно се смета за мало влијание врз јачината на струјата. Се разбира, ова не е возможно во праксата (или е можно, но само за определен број на специјално дизајнирани транзистори кои може да издржат проток на голема струја од базата кон емитерот), бидејќи толку големи струи, сигурно ќе го оштетат емитерскот PN спој.
Напонот на базниот отпорник може да порасне над потенцијалот на колекторот, но тоа не значи дека и напонот на базата ќе порасне над вредноста дефинирана со Vbe. Оваа вредност мора да биде 0.6XXX[V] или 0.7XXX[V] за да може транзисторот да биде ON (SAT). Затоа и не се анализира (не се навлегува во подлабока анализа) на поларизацијата на колекторскиот PN спој кога транзисторот е поврзан во врска со заеднички емитер. Важна е само поларизацијата на емитерскиот PN спој и колкава е базната струја за да одредиме дали транзисторот работи во NAP или SAT.
Ова е лично моја анализа, не знам колку е точна, но би требало да биде ;D. Инаку, кога транзисторот се наоѓа во сатурација, параметарот hfe не игра никаква улога во пресметката на струите во транзисторот, во вакви ситуации, важи оваа равенка: Ic = Ib + Ie. Исто така, најчесто се зема дека кога транзисторот е во сатурација, падот на напонот меѓу колекторот и емитерот е околу 0.2V (понекогаш, ако транзисторот има големо hfe, може да се земе и 0.1V).
Дали некој знае да го напише изразот за проводност на еден полупроводник ?
За чист полупроводник, равенката би била оваа:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/shot0240j.jpg)
Во равенката, сигма е специфичната проводност на материјалот изразена во [S/m], n е концентрација на слободни електрони во полупроводникот, q е количеството на електрицитет на еден електрон, q = 1.6 * 10-19 [C] (C = Кулони), а u е подвижноста на електроните.
-
ај ко ќе се видиме имаш пиво од мене
-
ај ко ќе се видиме имаш пиво од мене
Корегирав некои грешки во претходниот post, имав грешки и недоречености, така да, прочитај го пак post-от ;). Цело време спомнувам база, а всушност мислам на базниот отпорник ;D. Инаку, напонот на базата во однос на емитерот не може да има поголема вредност од Vbe, колкава и да е оваа вредност кога транзисторот е во сатурација (може да е иста со вредноста на Vbe кога транзисторот работи во линеарен режим, но најчесто е за малку помала од оваа вредност). Затоа и се поставува базен отпорник, бидејќи не можеме да имаме до толку добра контрола на базниот напон, па точно да ни биде ова вредност 0.7XXX[V] (кај секој транзистор ќе се разликува, дури и оние со исти ознаки и серија, колку и да се блиски овие вредности, нема два транзистори кај кои ова вредност е идентична), од каде следува дека мора да има поставено некоја компонента која ќе го „првезема на свој грб фазла напонот“. На пример, на едниот крај на базниот отпорник се носи дигитален сигнал кој има максимална вредност од 5V. Работа на отпорникот е да ја превземе на свој грб напонската разлика 5V - 0.7XXX[V] ;). Исто така, отпорникот има функција и на ограничувач на базната струја, а тој е и една од компонентите со чија помош се одредува дали транзисторот ќе работи во линеарен режим или во прекинувачки режим (NAP или SAT/OFF подрачјe).
На пример, кај напонски контролирани компоненти (како што се FET-овите, MOSFET-итете и електронските цевки), нема потреба од овој базен отпорник ;), бидејќи овие компоненти немаат некоја егзактна вредност на напонот која мора да ја има меѓу контролната електрода (гејтот) и дрејнот (кај FET-овите и MOSFET-ите) или катодата (кај електронските цевки). Всушност, овој напон има максимална вредност и по надминување на оваа вредност, настанува перманентно оштетување на компонентата, но овој напон има голем дијапазон на вредности, а не некоја една единствена конкретна вредност, како што е случајот со биполарниот транзистор (Vbe).
-
каков тип на термопар е со црвена и црна жица ?
знае некој, дали е нешто стандардно или ?, оти овие стандардните (така да ги наречиме) имаат боја и на оклопот од каблите, ама овие што ми требаат мене имаат само 2 жици црвена и црна, без оклоп без ништо :S
-
имаш некоја слика,дека може да е NTC отпорник од некој си отпор,сигурно е 10К на 25* или 125*(*-степени целзусови),затоа мери отпор на нејзе.Но може да е термопар од некој си тип.
-
термопар е, се користи во рачка од станица за лемење, некој K тип бил, ама ова кинезиве се однопаку направија :D
-
пробај го на дигитален мултиметар со вграден термометар.За нив се користи сонда од К-тип,мислам ако сакаш да ја пробаш,дали работи сондата.
-
дали знае некој општо за MOSFET како прекинувач (ви благодарам однапред ) :D
-
ако ти треба како се поврзува како прекинувач исто како НПН транзистор се поврзува и ке ставиш еден pull-down отпорник :)
-
Ќе прашам овде оти не е кој знај шо, не е за тема отворање...
Дали постој кабел од едната страна да е 5мм аудио џек, а од другата страна 3.5мм (за поврзвање со лап топ)...или пак некоја друга варијанта..идеата е да се поврзи појачало (влезот му е за 5мм приклучок), а лап топот нормално, 3.5 мм..
Се надевам ме разбравте. Позз ;)
-
а зашто не земеш кабел што на двата краја има 3,5мм конектор и уште еден конектор од 3,5мм на 5мм па така да си тераш??? :)
-
Ќе прашам овде оти не е кој знај шо, не е за тема отворање...
Дали постој кабел од едната страна да е 5мм аудио џек, а од другата страна 3.5мм (за поврзвање со лап топ)...или пак некоја друга варијанта..идеата е да се поврзи појачало (влезот му е за 5мм приклучок), а лап топот нормално, 3.5 мм..
Се надевам ме разбравте. Позз ;)
Ако нема, секогаш можеш сам да си направиш ;).
-
Големиот,стандарден или * гитарски* џек (банана) има ознака 6,3 мм.Значи,се продаваат кабли(моно/стерео) од една страна 3,5/од друга 6,3 мм со разни должини( и до 10 метри).Постојат и адаптери кои од 6,3 претвораат во 3,5 мм банани и обратно.Цената за 3м не е поскапа од 100-150 ден.
-
дали можам транзисторите BCX70 и BCX71,да ги заменам со BC817 и BC807?Потребни ми се за програматор.
-
дали можам транзисторите BCX70 и BCX71,да ги заменам со BC817 и BC807?Потребни ми се за програматор.
General purpose се транзисторчињава, така да - да :)
-
Луѓе ај малце помош. На чичко ми батеријата од рачната бормашина му е отидена, батериите максимум 10 минути дали држат иако се скроз наполнети. денеска отидов да купам такви батерии ама по грешка имам земано NI-MH батерии наместо NI-CD батерии како што беа оригиналот. па што да правам, дали да ги враќам батериите од кај што ги купив или да ги ставам во бормашината. иначе се работи за Black & Decker батериска бормашина што работи на 10 батерии од по 1,2V 1200mAh NI-CD батерии, а тие што ги купив се 1,2V 1500mAh NI-MH. знам дека може да треба да се прави посебен полнач за овие NI-MH батериите али тоа не ми е проблем.
-
Колку пари е една батерија Bojan и од каде ги купи?
-
100ка е една батерија иначе од пазарче буњаковец се :)
-
Аха, ок, фала :). И јас треба да земам за мојата бормашина, ама ќе ми испадне ептен скапо, бидејќи мојата батерија е 21.6V, а тоа се 18 батерии од 1.2V ;D. Најдов нешто на ebay, па можеби од таму ќе порачам :).
-
Со истиот полнач за NiCd може да се полнат и NiMH, слободно стави ги тие што си ги купил.
-
мене ми е дека како што знам ni-mh батерии можат да дадат помала струја одколку ni-cd, и се по осетливи на преголемо празење одколку ni-cd, за полнач лесна работа е тоа и да не е добар овој можам друг да направам...
-
Планирам да правам извор на напојување, имам трафо што треба да го премотам и би било некаде 24VAC, ~3/3.5А. Прашањето ми е дали ќе можам истото тоа напојување да го користам и за полнење на оловни акумулатори и дали е потребно напојувањето да има струјна регулација? :)
-
3А (според мене) нема да му наштетат на акумулатор ако повлече толкава струја, така да ок би требало да биде, само зависи и колкав акумулатор сакаш да полниш и како ке го направиш напојувањето, јас би ти предложил со LM723 да го правиш што има струјно ограничување што можеш ти да го одбереш за колкава да биде максималната струја.
-
Еве линк
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=7515.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=7515.0)
-
Не сме се разбрале Батка. Јас сакам од изворот на напојување да го полнам акумулаторот, а прашањето ми беше дали тој треба да има струјна регулација или доловно е само напонска (бидејќи уште не е направен, па да знам што и како да направам) :)
-
Па, колку што знам јас, повеќето полначи немаат струјна регулација. Но, затоа имаат нефилтриран напојувачки степен, а секој стабилизиран извор за напојување има филтриран напојувачки степен, така да, не знам баш дали ќе биде добро да се полни акумулатор од извор за напојување :S. За полнење, ќе се наполни, ама некои членови имаа спомнато дека баш тој нефилтриран степен во полначите за акумулатори им го продолжува животот на акумулаторите, така да, не знам... нека пише некој поискусен во полнење на акумулатори (јас немам кола ;D).
-
Што ќе се случи ако направиме електронски “лимитер“ на струјата (со одредена струја според шема) а притоа акумулаторот “бара“ да се полни со поголема јачина на струја. Значи, според мене, и тоа како треба да се има во предвид кој ќе биде “лимитот“ во зависност од “консуматорот“.
-
Основно кај полначите за оловните акумулатори е да се испорача еднонасочен напон,кој е повисок од оној на акумулаторот.Значи не треба стабилизација ,нити филтрација,Доволно е трафо,исправувачки мост од 2 или 4 диоди и ограничувач на струјата во вид на фиксен отпорник или електронски регулатор.Пожелно е акумулаторот да се полни со 1/10 струја на полнење земајки го за репер капацитетот ( во ампер/часа).
Да биде појасно- акумулатор од 55 Ач треба да се полни со струја од 5,5А за 10 часа.Но ,за да биде некогаш побрзо или хитно е.може да се полни акумулатор и со 10А за 5,5 часа.Но,со зголемување на струјата се намалува и векот на акумулаторот - се развиваат гасови,се таложи бакар сулфат на плочите.... Значи ,најдобро е да се направи полнач со што помала струја на полнење ( надополнување) и струјно ограничување отколку да се вложува во 20-30 А полначи.Во светот се продаваат се повеке надополнувачи со 1А струја и во зима ,во гаража кога колата мирува уредот е постојано вклучен и акумулаторот е секогаш спремен и при екстремно ниски температури,да запали.Значи пожелно е струјно ограничување,макар ставиле и обичен отпорник кој лесно се пресметува.
-
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/12V_20A_Power_Supply.png)
Оваа ти е добра шема, ја има изработено. За струја до 5 ампери потребен е еден 2н3055. Ако напонот е фиксен, на 13,8в акумулаторот си влече колку што му е потребно, струјата зависи од тоа во каква кондиција е акумулаторот и колку е празен односно полн. На рв1 се менува напонот, стујата е ограничена со отпорниците Р7-9, односно во твојот случај р7, q3-5 r4-6 r8-20 трена да се изфрлат (да нема ништо на нивните места) р3 може да се замени со кратоспојник, а р1 може да се стави 0,22 оми за струја од ампери (може да експериментираш со овој отпорник). На ваков начин се полнат акумулаторите кога се во возило- константен напон, така да мислам дека е најдобар начин на полнење....
Споено мислење: [time]13 Февруари 2013, 16:31:51[/time]
П.С. Регулаторот не смее да биде поврзан обратно, или пак да е исклучен од мрежен напон, а да биде приклучен на акумулатор, може проблемот да се реши со реле.
-
шо пари одат 2слојните плочки, колку е исплатливо да се користат?!
сеа нормално дава многу добар финиш, за око се полични (од моја гледна точка), и како се за работа?!
поз
-
Во домашни услови, тешки се за изработка двослојните плочки. Треба да подесиш дупчињата да бидат на исто место на двете страни. Не сум пробал, ама мене тешко ми изгледа ;D.
-
има ли некој да ми објасни што е тоа метод на суперпозиција и кај се користи, на факултет гледав имале задачи решавано со операциски засилувачи на таков начин, арно ама никој незнае да ми објасни што е тоа и како се користи, па има ли некој тука да ми објасни што-како се користи тоа :)
-
Еве нешто за овој метод :).
http://web.vip.hr/dodop-ri.vip/sup7.pdf
mirror:
https://app.box.com/s/nku1jf6f3pu8xau3vgq4
-
има ли некој да ми објасни што е тоа метод на суперпозиција и кај се користи, на факултет гледав имале задачи решавано со операциски засилувачи на таков начин, арно ама никој незнае да ми објасни што е тоа и како се користи, па има ли некој тука да ми објасни што-како се користи тоа :)
Овој метод најчесто се користи во кола во кои има повеќе напонски или струјни извори. Колото се решава со еден извор, па со друг, па со трет, итн. и на крајот, резултатите се сумираат (се сумираат напони и струи). При решавање на колото со едниот извор, другите се „вадат“ од колото (напонските генератори се заменуваат со напон од 0V, односно на местото на кое биле се става краткоспојник, а струјните извори се заменуваат со струја од 0A, односно на местото на кое биле, гранката се остава отворена, да нема течење на струја). Може да се користи во линеарни кола или во кола во кои нелинеарните компоненти може да се апроксимираат со линеарни (како што се операциските засилувачи, транзисторите итн.). Исто така, може да се користи и во кола во кои напоните и струите може да се опишат во временски домен како сума од простопериодични функции (не мора вредностите на напоните и струите да бидат константна вредност). На пример, оваа анализа може слободно да се користи во кола кои имаат само отпорници, струјни и напонски генератори, но често не може баш директно да се користи во кола со индуктивитети и кондензатори (ова пред се зависи од конструкцијата на колото и брановите форми кои ги генерираат струјните и напонските извори, така да, можно е да треба да се примени и некоја друга додатна метода за анализа на колото).
-
има ли некој да ми објасни што е тоа метод на суперпозиција и кај се користи,
Метод на суперпозиција може да се користи у сите лиенарни системи. Линеарните системи имаат својство на суперпозиција - комплексниот одзив што го добиваш од два или повеќе извори на сигнал што работат истовремено,у ствари е сума од сите одзиви од секој извор на сигнал поединечно.
-
фала за објаснувањето, вака сега барем знам како се решаваат такви задачи (би требало да знам) :P
-
Јас сакам нешто да прашам имам појачало и му ставив кулер но имам брум од кулерот на звучниците молам некој да ми каже како да го отстранам тој брум а кулерот пак да си работи ???
-
Како го напојуваш кулерот? Преку интегриран стабилизатор или само преку обична филтрирачка мрежа (грец + кондензатор)? Баш кулер е или DC моторче со четкици на кој има монтирано перка?
-
Извај го кулерот.
-
има ли стандардна вредност на кондензатор од 150nF???
-
да, во алфа има...купив пред 1 недела високонапонски, а ако ги има 450V би требало и за понизок напон да ги има :))
-
мислам дека има, ги има најчесто во милар (mylar) пакување
-
Јас сакам нешто да прашам имам појачало и му ставив кулер но имам брум од кулерот на звучниците молам некој да ми каже како да го отстранам тој брум а кулерот пак да си работи ???
Ако си земал напон од напојувањето на засилувачот, сигурно ќе имаш брум. И мене ми се деси истото.
Пробај со посебно напојување, или евентуално ако немаш место пробај да земеш од плусот и минусот, а не од плус и нула (или минус и нула) на засилувачот, па преку некој моќен отпорник или стабилизатор.. мене ми успеа така.
-
Здраво, да не отворам нова тема, сакав да прашам: Дали може да се заменат подуени кондензатори на матичната, со исти капацитет, но со поголема волтажа? На пример, моментално имам неколку подуени кондензатори со 680μF капацитет на 4 волти, дали може да се заменат со 680μF на 25 волти? :)
-
Да, слободно...ќе имаш проблем само со просторот. Смеат да бидат кондензаторите со повисок напон, но не и со понзок.
-
Во ред, а проблем е ако се со поголем капацитет? (1000uF на 10в) Во логинг ми ги предложија и дадоа овие како замена, затоа што другите беа видно поголеми. Или пак предложете каде можам да ги најдам соодветните кондензатори (освен на интернет, тоа е последна опција доколку ова пропадне). :)
Поздрав
-
Здраво, да не отворам нова тема, сакав да прашам: Дали може да се заменат подуени кондензатори на матичната, со исти капацитет, но со поголема волтажа? На пример, моментално имам неколку подуени кондензатори со 680μF капацитет на 4 волти, дали може да се заменат со 680μF на 25 волти? :)
Слободно стави!И 1000 мф да ставиш нема проблем,само да се нови!
-
некој предлог како да се поврзе микрофонче од слушалки што е со звучници за компјутер (без компјутер по можност..) и по можност што е можно по просто :)
-
Здраво, да не отворам нова тема, сакав да прашам: Дали може да се заменат подуени кондензатори на матичната, со исти капацитет, но со поголема волтажа? На пример, моментално имам неколку подуени кондензатори со 680μF капацитет на 4 волти, дали може да се заменат со 680μF на 25 волти? :)
Слободно стави!И 1000 мф да ставиш нема проблем,само да се нови!
Нови се! :) Фала ви многу и на тебе и на stiffy, да имате прекрасен ден. ^_^
-
некој предлог како да се поврзе микрофонче од слушалки што е со звучници за компјутер (без компјутер по можност..) и по можност што е можно по просто :)
Не те разбирам, како сакаш да го врзеш?
-
Мислам дека сака да поврзе микрофон на компјутерски звучници, можда спремаат караоке-вечер... ;) ;D
Ако се активни звучниците, направи некој наједноставен микрофонски предзасилувач (земи му напојување од звучниците) и врзи го на влезот, таму каде што е залемен кабелот со 3,5мм џек што доаѓа од ПЦ-то и бркај работа.
-
Обично таму има поголем број електролити во паралела.Пример ако има 10 електролита по 680 микрофаради ти можеш да ставиш три од 2200 микрофаради 25 волти.Не би ти препорачал 680 микрофаради да ги замениш со 1000 микрофаради............
-
Сега конкретно во ситуацијава незнам каква функција вршат елетролитите, доколку се некаква филтрација слободно замени и со повеќе, батка послушај го тој мислам дека доволно добро ги знае :D
-
Овие прашања поставувајте ги во оваа тема, немојте во случајни муабети, нека седи таа тема чиста за други прашања
-
Погрешно е мислењето кое кружи да не се ставаат поголеми кондензатори,во случајов 680мФ да не се заменуваат со 1000мФ.И дека од матичните плочи електролитите биле поквалитетни итн.Електролитот си има капацитет кој по некое време си опаѓа,па вишокот капацитет оди во прилог на долготрајноста- подолго време ке му треба да се намали.Друго ,ставајте што е можно со поголем работен напон,ама тоа е потешко да се изведе поради димензиите на електролитите.Иначе,квалитетот на електролитите кои ги набавувам е дури подобар од оние пр.на Asrock.... и на некои други да не кудам сега,освен плочите со *solid* кондензатори кои се поквалитетни помалку се подуваат.И едно правило- ако менувате во низа -сменете не три подуени ,туку сите околу влезните мос-фети и нека бидат сите исти по вредност и квалитет.И уште една тајна - ако смените цела низа електролити или повекето на матичната ,добро би било да го смените и напојувањето.Тоа е некое непишано правило кое допринесува до продолжување на векот на матичната плоча.
-
Погрешно е мислењето кое кружи да не се ставаат поголеми кондензатори,во случајов 680мФ да не се заменуваат со 1000мФ.И дека од матичните плочи електролитите биле поквалитетни итн.Електролитот си има капацитет кој по некое време си опаѓа,па вишокот капацитет оди во прилог на долготрајноста- подолго време ке му треба да се намали.Друго ,ставајте што е можно со поголем работен напон,ама тоа е потешко да се изведе поради димензиите на електролитите.Иначе,квалитетот на електролитите кои ги набавувам е дури подобар од оние пр.на Asrock.... и на некои други да не кудам сега,освен плочите со *solid* кондензатори кои се поквалитетни помалку се подуваат.И едно правило- ако менувате во низа -сменете не три подуени ,туку сите околу влезните мос-фети и нека бидат сите исти по вредност и квалитет.И уште една тајна - ако смените цела низа електролити или повекето на матичната ,добро би било да го смените и напојувањето.Тоа е некое непишано правило кое допринесува до продолжување на векот на матичната плоча.
Јас давам мое мислење од мое лично искуство,дали е според тебе погрешно или не..............Дека треба да се става што поголем работен напон мислам дека не држи место.Јас ставам 1500 микрофаради 10 волти,кое за 3,3 волти работен напон е сосем доволно,би ставил и 6,3 волти но многу се ретки.Каде ги набавуваш тие толку квалитетни електролити???Во Македонија ретки се пратките со квалитетни електролити.Друго,електролитот старее и од стоење(неупотребуван).Дека е голем ризик да се покачи капацитетот го кажувам од искуство бидејки изгорев една плоча така,беа 820 јас ставав 1000 микрофаради...........
-
Плочата сигурно не си ја изгорел ,бидејки си ставил 1000 место 820 мФ!!! Веројатно бил некој мос фет *начнат* или чипсетот на мала душа.Уште и со старото напојување...Добро е што ставаш 10V место 6,3V ! Затоа и спомнав дека скоро секогаш прво пробам со ново напојување да ја покренам плочата.Веројатно си приметил дека понекогаш и не стартува плочата од прва,ами треба да почекаш или неколу пати да ја стартуваш,па да тргне.Друго,не менуваме нови електролити за да стојат во компјутерот,ами да работат.Електролити во поголеми количини набавувам во Алфа - Битола и задоволен сум со квалитетот,немам замерки досега.Повеке проблеми имам кога веке некој ја *буричкал* плочата и место 470 мФ пример ставал пример 1500 мФ ! Тогаш ако е напојувањето* тргнато* ,го покачува напонот на АГП слотовите и кај старите графички се јавуваат дефекти,греење,мрежа....
-
Значи не е погрешно мислењето кое кружи???Пишав дека би ставил и 6,3 волти бидејки таму напонот е 3,3 волти и негледам зошто би требало поголеми.И околу тоа дали да се со поголем капацитет од постоечкиот не прочитав некое објаснување...........
Споено мислење: 14.04.2013, Sunday, 01:11:50
И знам зошто ми изгоре плочата,од преголем напон бидејки ставив поголеми електролити............
-
Не ја разбирам теоријата дека ако си ставил 1000 мФ место 820 мФ,си го подигнал толку напонот да ја изгори плочата.?? Тоа не држи и не изгорела плочата поради тоа,сигурно.Не мора да ставиш секаде поголем капацитет,ама дека поголемиот капацитет( 820 спрема 1000 мФ)ги гори плочите не сум чул ,ниту видел досега.И не гледам проблем ако на место каде има 3,3V да не му ставиш 10V ? А,објаснување... ајде објасни ми го ти ова: ми доаѓа дефект-нема слика од графичката,мртва.Ја вадам и на нејзино место ставам друга (иста ,слична не е битно!).Проработува машината! Потоа ја враќам на место старата графичка ,за која веке сите рекоа дека е мртва - и машината си тргна и со неа без проблем.Објаснување??Нема објаснување.Објаснувањето е тоа што во пракса функционира промената на електролитите ( сега,не да ставаме несразмерни или помали вредности!) ако другите елементи се во ред.Ако си мерел,кога електролитите започнуваат да се *дуат* редовно растат напоните на напојувањето на самата МВ.Ако ги смениш електролитите,напојувањето може да остане со покачени вредности ( па и внатре има електролити!) и затоа реков дека треба ( или пожелно е!) со менување на електролитите да се смени и напојувањето.Така ми е посигурно.
-
Не ја разбирам теоријата дека ако си ставил 1000 мФ место 820 мФ,си го подигнал толку напонот да ја изгори плочата.?? Тоа не држи и не изгорела плочата поради тоа,сигурно.Не мора да ставиш секаде поголем капацитет,ама дека поголемиот капацитет( 820 спрема 1000 мФ)ги гори плочите не сум чул ,ниту видел досега.И не гледам проблем ако на место каде има 3,3V да не му ставиш 10V ?
10 по 180 микрофаради е 1800 микрофаради што е сосем доволно да се подигне напонот.Ти рече дека препорачуваш што поголем работен напон,не дека е проблем каде има 3,3 волти да се стави 10 волти.Човекот треба да менува електолити што се 4 волти и не би трбало да користи ништо повеке од 6,3 волти..............
-
Мислам дека грешиш со тоа-подигањето на напонот.Разгледај некоја шема и ке видиш дека обично на еден мос фет идат два електролита ,и така степен по степен.Секој степен е своја приказна и нема множење на напони и собирање вредности.Полошо е ако не ги замениш сите елкоси во низот,ама ако се сменат и место 6,3 ставиш 10V нема да има проблем ,ако другата електроника е во ред.Пробај мери го напонот на плочата (5 и 12V)кога веке имаш подуени кондензатори,а плочата сеуште работи,па ке видиш дека напонот е покачен.Затоа го спомнав она другото-покрај менување на сите електролити да се смени и напојувањето.Електролитите имаат мака од старост,повишен напон од напојувањето и температурата.
-
Некој тип на P канален MOSFET со слични карактеристики на IRFZ44N (овај е N канален, таков имам сега ми треба P канален) ми треба за да изработам H мост за контрола на мотор
-
Види тука:
http://www.frmtr.com/hobby-elektronik/4432657-irfz44n-ve-irf9540n-mosfet.html
-
батерија од 14,4V (за безжична бормашина) до кој напон треба да се полни??? точно до 14,4V треба да биде???
-
може и нешто над да биде, ако е прилично нова и да е исправен полначот
-
Ќе поставам едно, можеби малку глупаво прашање ;D. Не знам дали имате забележано, но на кондензаторите во примарниот дел од еднo SMPS напојување (оние што се со 380 или 400V работен напон, најчесто има по еден во примарната секција кај телевизорите или по два врзани во серија кај SMPS напојувања за PC), ознаките за максималниот работен напон понекогаш им се напишани со W на почетокот. На пример, ако максималниот работен напон е 400V, тогаш ознакатa би гласела "400WV". Не ми е јасно што означува тоа W-то и зошто на некои кондензатори го има, а на некои не. Колку што имам забележано на постари кондензатори (на пример, од примарна секција на некој постар телевизор) вакви ознаки немаше, само на поновиве има вакви ознаки, а во SMPS напојувања за PC, кондензаторите од примарната секција (двата со максимален работен напон од 200V) скоро секогаш се вака означени, скоро и да немам начекано кондензатори со „нормални“ ознаки.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/HV_Capacitor_1.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/HV_Capacitor_2.jpg)
-
WV означува Working Volts и е апсолутниот максимум на волтажа кој може да ја издржи кондензаторот во наведениот температурен опсег (до 85 или 105 степени)
-
WV означува Working Volts и е апсолутниот максимум на волтажа кој може да ја издржи кондензаторот во наведениот температурен опсег (до 85 или 105 степени)
Аха, благодарам за одговорот ;).
Интересно е што вакви ознаки најчесто имаат високонапонските електролитски кондензатори, а не и обичните, нисконапонски (наменети за филтрирање, на пример 1000uF/25V). Зошто? По некоја логика би требало да имаат и нисконапонските. И зошто сега (последнава декада) почнаа вака да ги означуваат кондензаторите, а порано не ги изначуваа вака?
-
Не знам зошто нема вакви ознаки и на нисконапонските кондезатори, но во секој случај јасно е дека не треба тој напон да се надмине. :)
-
не треба да се надмине, но има безбедносно отстапување некој си + 10-20% :)
-
Не знам зошто нема вакви ознаки и на нисконапонските кондезатори, но во секој случај јасно е дека не треба тој напон да се надмине. :)
Да да, тоа е повеќе од јасно ;). Прашањето повеќе беше насочено околу „чудните“ ознаки ;).
-
дечки ако на керамички кондензатор пише 472 и има цртка под бројката, што значи тоа, која вредност е? Фала однапред
-
472 = 4n7
-
472 = 4700pF = 4,7nF
Третата цифра означува колку нули има после првите две цифри.
-
како основна пико се зема :P
-
дечки ако на керамички кондензатор пише 472 и има цртка под бројката, што значи тоа, која вредност е? Фала однапред
Цртката мислам дека ја означува толеранцијата, ама не сум сигурен... можно е да беше и за нешто друго.
-
стандард означување е тоа...први 2 се број, а третата цифра е *10^n ...наједноставно е со капацитет метар ако ти се наоѓа при рака. Иначе воглавно е то, а за отстапување (толеранција) искрено незнам.
-
Сакав вакво нешто да направам ама кога ќе уклучам сите да светат преку исправувачките диодите ,лед диодите светат помалку, решение?
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/yxqz.png)
-
Прво врзи ги сериски ЛЕД и обезбеди напон кој ке биде еднаков на број на диоди Х 3= на работен напон.Да биде појасно : 4 диоди х 3 V = 12 V напојување.Диодите не исправувачки ами нека бидат шотки или диоди со мал пад на напон( извади ги од напојување за РС,оние дуплите !).
Во серија со диодите стави и отпорник од 56 оми 1/2 W .Можеш да употребиш и транзистор за палење на серијата диоди.
-
Сакав вакво нешто да направам ама кога ќе уклучам сите да светат преку исправувачките диодите ,лед диодите светат помалку, решение?
Вакви прашања во оваа тема не. За вакви прашања, си има теми и секции на форумот.
-
Ви ги префрлив мислењата тука, она од GigaWatt се однесува на тоа што пораката беше во случајни муабети :D
-
Колку од прилика ампери влечат овие батерискиве шрафилици на 14V?
-
зависи од оптеретување...ама во секој случај не малку, премотвев еден пиштол со жица па убај 7-8 ампери шо држеше, ако не и појќе...:D
-
Значи полнач за лап топ тешко дека ќе ја врти.
-
Овие 12V 15A би требало да завршат работа под услов направата да има ограничувач (лимитер) на вртежниот момент во спротивно дискутабилно е дали при “заглавување“ на апаратурата , нема да “цркне“ SPS-от!
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/IMG_023945.jpg)
-
полначот има заштита, па ќе се гаси. Е сега или некој регулатор или отпорник стави од 6(20-тина вати) ома ќе работи, ама не со полна снага... најарно е да направиш посебно напојување од некој стар трансформатор, да го премоташ... А и напојување од комп не знам дали е добро решение. Ац моторите кога ќе заглават, а сеуште се под напон (на пример си го затегнал кроз штрафот) имаат многу мал отпор.
-
So ATX napojuvanje ne saka. Jas ne bi ja koristel za srafenje, tuku za busenje ili struganje na sitni raboti. /od tel/
-
Пробај на тоа напојување што го имаш приклучи две сијалици од (фар од кола) 12V 45W или 55W или една сијалица од 12V (фар од кола) но притоа паралелно се поврзани и долгото и собореното светло. Прво приклучи ги сијалиците а потоа вклучи 230V. На овој начин ќе го провериш ATX-от дали може да ја даде декларираната струја.
Со исправно напојување сметам дека треба да работи посебо ако не ја користиш за завртување или одвртување на завртки.
-
се сложувам...ама пак, баш напраена е со батерија да мојт така да работит. Во секој случај според мене појвеќе се исплаќа да купиш батерии (230ден во алфа дан беше парче), и нема да си ограничен со кабел и слично и ќе добиеш максимум од него, него да тегниш кабли :)
Мора да е нешто снажно во секој случај, а како ќе го изведиш, то е твое :D
-
Јас на батериска штрафилица која имаше бат.19в.и неисправна на местото на пипците кај батеријата му залемив двожилна жица и од другата страна две штипки и ја користам на акумулатор од колата во гаража е малку поспора но има снага за штрафење е супер.
-
Ако имаш полнач за акумулатор, тоа е добро решение. Мојата е 14V и би работела доста солидно на 12V акукулатор, но сепак и тој треба да се полни. Ке видам ќе смислам нешто, мислев ако најдам некое помало моторче на 220V да ја преправам.
-
Од фен можеби ???. Или преслаб да не е ???.
-
слаб е, и пренос барем малце треба.
Ако имаш полнач за акумулатор, тоа е добро решение. Мојата е 14V и би работела доста солидно на 12V акукулатор, но сепак и тој треба да се полни. Ке видам ќе смислам нешто, мислев ако најдам некое помало моторче на 220V да ја преправам.
Ам полнач со 4-5 амперско трафо ќе напрајш и ќе добијаш доста, а за ова 10 ампери ти требаат и пак дали ќе е доволно xD
-
јас имам пробувано 12V батериска дупчалка на акумулатор за колкава струја ке влече, на празно влечеше 4-5А а кога го стегнав малце футерот унимерот почна да ми бипка (а мери до 10А) така да ти треба нешто појако за да ја сврти таа бормашина...а зашто не ги смениш батериите со нови ако ти се цркнати???
-
Воопшто немам батерии, а и мислам дека не се исплати
-
Оваа направа („шрафилица“) долу која треба да е поврзана на батерија од 3,6V...
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Black_Decker.jpg)
Приклучена на оваа долу (SPS) работи без проблем и на 3,3V портокалова жица и на 5V црвена жица.
Во првит случај струјата во празен од е 1,5A а при оптеретување достига до 6A додека во вторит случај струјата е 1,9A а при оптеретување достига 7.5A
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/IMG_023945.jpg)
-
Јас имам пробано ваква дупчалка да ја поврзам на PC напојување.Прво си работеше супер и во празен од и при оптеретување но по некое време почна да замирисува моторот и баталив со понатамошни експерименти.
-
Приклучена на оваа долу (SPS) работи без проблем и на 3,3V портокалова жица и на 5V црвена жица.
Во првит случај струјата во празен од е 1,5A а при оптеретување достига до 6A додека во вторит случај струјата е 1,9A а при оптеретување достига 7.5A
Значи моето напојување не е исправно во целост
-
Таков е заклучокот!
-
Ме интересира дали ако го одлемам променливиот кондензатор за бирање на радио станици од плочката на радиото и го поврзам со жици ќе има некој проблем? Жиците би биле долги не повеќе од 10cm.
-
Па... не знам, немам искуство, но тоа е RF опрема. Кај неа, и најмали промени во должини на водови и слични работи влијаат. Пробај, можно е и да не влијае ;). Ако гледаш дека прави проблеми врати го назад ;).
-
Ме интересира дали ако го одлемам променливиот кондензатор за бирање на радио станици од плочката на радиото и го поврзам со жици ќе има некој проблем? Жиците би биле долги не повеќе од 10cm.
Зависи за која фрекванција. Ако е за АМ подрачјето може да го направиш ова, за ФМ фреквенцијата е превисока за да работи приемникот со некаква стабилност.
-
Поздрав, сакам да направам антена од овој тип,
Coat Hanger HDTV Antenna! (http://www.youtube.com/watch?v=EWQhlmJTMzw#)
How to Build an HDTV Digital Antenna - New and Improved (http://www.youtube.com/watch?v=jRW0OCd7LJI#ws)
Дали може да се најде овде Balun (UHF/VHF Matching transformer) или нешто што може да се искористи за целта да се поврзе кабелот со антената?
http://www.ebay.com/sch/i.html?_odkw=antenna+balun&_osacat=0&_trksid=m570.l3201&_nkw=uhf+vhf+transformer&_sacat=0
-
Tешко кај нас ваков балун да најдеш .Сепак ,може да се направи нештово самоградба.
-
Поздрав, сакам да направам антена од овој тип,
А зашто ти треба оваква антена,не фаќаш канали со проста антена или дипол? Комшијата фаќа со обична жичка,ако си у град немаш проблеми,не ти треба голема антена.
-
дечки дали има некаде на интернет калкулатор за калеми (завојници), ме интересира колку uH е калем со овие бои: кафена, црна и златна ? Фала однапред
-
дечки дали има некаде на интернет калкулатор за калеми (завојници), ме интересира колку uH е калем со овие бои: кафена, црна и златна ? Фала однапред
Isto kao kod otpornika... to je 1uH. Braon=1 Crna=0 Zlatna=x0,1 => 10 x 0,1 = 1uH
-
дечки дали има некаде на интернет калкулатор за калеми (завојници), ме интересира колку uH е калем со овие бои: кафена, црна и златна ? Фала однапред
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10674.0
-
дали може DB4 да се смени со DB3 (за димер) без да се менуваат некои вредности на деловите?? и ако неможе знае ли некој DB4 кај може да се најде во скопје??
-
дечки дали има некаде на интернет калкулатор за калеми (завојници), ме интересира колку uH е калем со овие бои: кафена, црна и златна ? Фала однапред
Епа тоа е ознака со 3 прстена што значи толеранцијата е десет посто.Е сега според боиве што ги кажа вредноста треба да е еден микро хенри. :)
-
Здраво . Сакам да прашам дали може да се намали отпорот на потенциометар од 22к(оми) на 10к(оми) и ако може како ???
-
Да, може, врзи еден отпорник од 20K паралелно на крајните изводи ;). Отпорноста ќе се спушти на околу 10K. Проблемот е што регулацијата нема да биде линеарна :S.
-
Здраво . Сакам да прашам дали може да се намали отпорот на потенциометар од 22к(оми) на 10к(оми) и ако може како ???
Залеми отпорник 18k паралелно на крајните изводи од потенциометарот,ќе добиеш 9k9.
А зашто ти треба да биде баш 10k? Каде доаѓа тој потенциометар?Можда нема потреба да биде баш 10k.
Да, може, врзи еден отпорник од 20K паралелно на крајните изводи ;). Отпорноста ќе се спушти на околу 10K. Проблемот е што регулацијата нема да биде линеарна :S.
Со 20k паралелно добиваш 10k5 (грешка 0k5) а попрецизно е со 18k (грешка 0k1), ако уопште има потреба од прецизност.
Зашто регулацијата нема да биде линеарна? ??? Напонот на краевите од потенциометарот ќе остане ист ако сигналот доаѓа од извор со мала излезна импеданса.
-
Дечки дајте некоја проверена формула за пресметка на капацитивни напојувања ???
Јас ги правам од тепка, пошто имам доста плочи од монитори (со големи кондензатори, моќни отпорници и грецови) па си правам експерименти. Ама сега ми треба 12 волти околу 100 милиампери.. барав по форумов гледам нема отворено тема или не можам да најдам. (дај тоа search-от кога ќе го опраите ;D ;D)
-
Зашто регулацијата нема да биде линеарна? ??? Напонот на краевите од потенциометарот ќе остане ист ако сигналот доаѓа од извор со мала излезна импеданса.
Сум пробал, нема линеарна реулација (под услов да е потенциометарот линеарен, се разбира ;)). При помали вредности на отпорноста (на пример, 100Ohm), во колото со потенциометар со врзан отпорник паралелно на неговите изводи, повеќе влијае отпорноста на потенциометарот (нели, отпорноста на отпорникот е драстично поголема, па нема да влијае значително во колото), но како што се мрда лизгачот и како што се зголемува отпорноста, се повеќе почнува да влијае паралелната врска меѓу двата краја на потенциометарот, за при full range (максум), влијанието на отпорникот и потенциометарот е изедначено (под услов да имаат исти вредности).
Разликата во линеарноста, се разбира, не е преголема, но во некои случаи, и таа не е пожелна. Зависи во кое коло се користи ваков потенциометар. Ако не е важно колку е линеарна регулацијата, може да се искористи и ваква врска ;).
Со 20k паралелно добиваш 10k5 (грешка 0k5) а попрецизно е со 18k (грешка 0k1), ако уопште има потреба од прецизност.
Да, ова е подобро решение под услов потенциометарот да има вредност од точно 10K. Повеќето потенциометари кои се продаваат кај нас, знаат и по 30% грешка да имаат (купуваш потенцометар од 10K кој при максимален отклон на лизгачот има отпорност од 13K, а понекогаш и повеќе).
Нека ја измери вредноста при паралелна врска со еден и со друг отпорник и нека види која комбинација повеќе му одговара врз база на неговите потреби ;).
-
сакам потенциометарот да го ставам т.е. да си направам педали (гас и кочница) :D за на компјутер со тоа што потенциометарот треба да биде 10к(оми) за да работат ... и потенциометрите ке ги поврзам на gamepad-(рачка за играње на компјутер) ...
-
сакам потенциометарот да го ставам т.е. да си направам педали (гас и кочница) :D за на компјутер со тоа што потенциометарот треба да биде 10к(оми) за да работат ... и потенциометрите ке ги поврзам на gamepad-(рачка за играње на компјутер) ...
Добро е што барем на крај кажа зошто ти е потенциометрот! ;D Треба да експериментираш малку иначе нема да можеш до крај да ја тераш играта веројатно.
-
А тоа како го добивте ;D ? Дали постои некоја формула за смалување на отпорност на потенциометар ??
-
Техниката ти ја кажаа Маки и Гига,твое е малку да експериментираш со отпорниците.Никој не може да каже каков точно резултат ке добиеш.Можеби со таа вредност колата нема 170 степени да врти ,ами само 150 ! Значи ,пробај!
-
Фала :D :D
-
сакам потенциометарот да го ставам т.е. да си направам педали (гас и кочница) :D за на компјутер со тоа што потенциометарот треба да биде 10к(оми) за да работат ... и потенциометрите ке ги поврзам на gamepad-(рачка за играње на компјутер) ...
Па... што знам, тука може да влијае линеарноста на потенициометарот... но, од друга страна пак, се е навика, особено возење на кола ;D, на поновиве коли треба само да ја допреш педалата за гас за да почнеш да даваш гас, на постарите треба да ја стиснеш до крај за да дадеш малку гас ;D... ќе се навикнеш и на нелинеарноста, нема да биде проблем, ќе видиш ;).
Само не ми е јасно зошто не можеш едноставно да купиш потеницометар со вредност од 10K ???. Тие барем лесно се наоѓаат ;).
-
Сакам тоа што го имам да го искористам ;D
-
А, епа ОК ;). Тогаш пробај како што ти пишавме ;). Ако ти се допаѓа, терај така, ако не, купи си 10K линеарен потенциометар ;).
-
Здраво, здраво :D
Пред некој ден земав инвертор за неонки што се уботребуват во лцд мониторите, работи на 12в одлично но на напонската плоча нема напон од 12в него има 14.5 (односно мерено 17в) го намалив на 12 со лм7812 но ова иц дава 11,20в и на инверторов не му е таман изгледа и неонката не звети како што треба односно свети ама многу многу слабо. Прашањето ми е како најлесно можам да го кренам од 11 на 12в или пак да го знижам од 17в на 12в, и уште ова, дали ако би го поврзал инверторот на 17в ќе се случи нешто што нетреба ? да изгори нешто. Инверторот со една неонка влечи точно 380mA со 2 дупло. Еве слика на инверторот:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/inverter_12vinput_2ccfllamps-1.jpg)
-
Си проверил колкава јачина на струја тече низ 7812? Можно е да тече преголема струја и тоа да го прави падот на напонот. Инаку, со обичен напонски делотел и LM317 можеш да го подесиш напонот да биде точно 12V ;).
Инаку, најверојатно нема да се оштети инверторот ако работи на напон од 17V. Ако си мерел во празен од, најверојатно овој напон ќе падне кога ќе се приклучи инверторот и нема да биде 17V туку понизок (можеби не 12V, ама 13, 14V би требало да биде).
-
Добро ти кажаа,не ставај никаков стабилизатор! Кога инверторот ке повлече струја,напонот ке падне на 12-14V и се ке биде во ред.
-
На 5 километри од мене се наоѓа аеродромот петровец па сигурен сум дека можам да го слушам нивниот разговор ако направам таков приемник :D А и мислам дека е дозволено да се слуша :)
http://www.circuitstoday.com/aircraft-radio-circuit
Дали е можно наместо 2N918 да употребам BC109C , BC547 , BC558 ? :D
-
Е дали е дозволено да се слуша тоа е прашање а и плус треба многу искуство за ваков потфат. :)
-
Дур е приемник, а не предавател се е законски и дозволено. ;)
Можеш да модифицираш и постар FM/AM приемник да слуша на 108-136 MHz...
А ако ти е интересно да си слушаш повели сајтчево, за LWSK нема, за LYBE во Белград исто нема, но има за LBSF Софија.
http://www.liveatc.net/
-
На 5 километри од мене се наоѓа аеродромот петровец па сигурен сум дека можам да го слушам нивниот разговор ако направам таков приемник :D А и мислам дека е дозволено да се слуша :)
http://www.circuitstoday.com/aircraft-radio-circuit
Дали е можно наместо 2N918 да употребам BC109C , BC547 , BC558 ? :D
Не знам во каква финансиска состојба си, но чим имаш интернет дома значи плаќаш по најмалце 500 денари месечно за него. Ако имаш кабелска, интернет и телефон плаќаш најмалце 1000 ден. месечно. Не е можно да немаш 30 денари за транзистор па да импровизираш со BC транзистор од аудио класа.
Иначе како и да е, нема да можеш да ги слушаш разговорите од контролната кула бидејки си во близина на аеродромот бидејки од реонот на аеродромот Александар Велики не се емитува сигнал (разговор) меѓу контрола на летање и пилотите. Сигналот се емитува од една планина во централна Македонија. Од аеродромот во Петровец едино се емитува еден сигнал на 108,х MHz ФМ (не памтам добро која децимала беше) каде компјутер со човечки генериран глас кажува некои координати, моментална температура на воздухот и некои сл. податоци. Не знам за што точно им е потебно тоа на пилотите.
Иначе имам слушано и радио сигнали од авиони и контрола на летање од Марково Крувче од Водно, нај интересно ми беше кога слушнав еден пилот рече: Добар ден Тирана. До ден денес не ми е јасно како е ова возможно :) Иначе најчесто се слушаат сигналите од Петровец и авионите кои транзиткираат кроз Македонија. Не сум сигурен но мислам дека го фатив сигналот на аеродромот во Софија и Косово.
-
Сакам да искористам тоа што имам , не за џабе се утепав од одлемување и се утепав од давање пари за електронски делови а и од село сум , не ми се исплати за еден транзистор да идам до град :)
Може со BF199 ?
-
би требало, пробај :)
-
Да да мислам дека со BF199 би работело пробај
-
Досега ке пробаше! Што си се уплашил толку,ракета да не лансираш?? :D :D :D
-
Досега ке пробаше! Што си се уплашил толку,ракета да не лансираш?? :D :D :D
хахахахахахахаха ме изјнасмеа хахаха, а во право си 100%
Јас така, кога нешто не штима пробувам пробувам и пробувам па ако има добар резултат океј ако не здравје.
-
Најлоша варијанта е да не пробаш.Некогаш подобро е да пробаш и да научиш нешто,отколку само теории да прераскажуваш.Има доста примери за тоа. 8)
-
Си проверил колкава јачина на струја тече низ 7812? Можно е да тече преголема струја и тоа да го прави падот на напонот. Инаку, со обичен напонски делотел и LM317 можеш да го подесиш напонот да биде точно 12V ;).
Инаку, најверојатно нема да се оштети инверторот ако работи на напон од 17V. Ако си мерел во празен од, најверојатно овој напон ќе падне кога ќе се приклучи инверторот и нема да биде 17V туку понизок (можеби не 12V, ама 13, 14V би требало да биде).
Добро ти кажаа,не ставај никаков стабилизатор! Кога инверторот ке повлече струја,напонот ке падне на 12-14V и се ке биде во ред.
Со мало задоцнување, но не и заборавен повратниот одговор :)
Проблемот е решен такашто напонот кој се носи до диодата на панелот го употребив за транзисторски прекинувач, односно оваа шема :
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4767.msg43843#msg43843 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4767.msg43843#msg43843)
Не е тоа тоа ама е во ред.
-
Имам појачалце Grundig V21 , се е во ред но кога е на мал волумен потенциометарот , значи кога ке пробам да по подесам од првата точка до третата се јавува некое шуштење , па сакав да ве прашам со што да го подмачкам потенциометарот ? Бензин , парфем , ракија , уљни разредувач , одвијач за штрафови ? Што е најдобро ? ;D
A истото се јавува некое грчење кога ке пробам да го притиснам копчето Defeat , значо за време на притискањето после се е во ред :) Да пробам да го умасам ?
-
Контакт спреј
http://www.loging.mk/265/188363/0/ShowProduct/Kontakt_sprej
-
Добри резултати постигнувам со масло за подмачкување на машини за шиење текстил (производителот не е толку важен) !
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/HPIM4648.jpg)
-
и јас се согласувам со Zan за користење на контакт спреј (што не подмачкува)
-
дали кај нас го има сеуште TDA7050 ?Бидејќи цртам шема со него,па да не го најдам. :)
-
Е тоа незнам дали сеуште ги има.Многу ретки се овие ако не се лажам ѓи имаше во старите нишки телевизори во аудио степенот.Поправете ме ако грешам. ;)
-
Дали е можно да напишам некој текст т.е. направам име со лед диоди и да ги поврзам сите паралелно , да речеме 30-40 лед диоди од 5мм , сите прозирни но да светат плаво , тука напонот неигра улога , така ? 5V доволни се за да се напојуваат сите ? Мислам дека само поголема потрошувачка на струја ке има :) ако 25ma e за една лед , за 40 ке дојде околу 1А а напонот ке биде за сите ист - ( 3 , 5 , 12 ) V , кој напон го препорачувате ? :)
-
E,бре Даниел ,мислев со * средно си* ;D,ама ти ептен почетнички прашања поставуваш.Ако јас вака ќе ти одговорам:
ЛЕД за име или натпис гледај да се прво сите исти,иста серија и боја.Второ ЛЕД обично работи на 3 V, а некој на 5V ,ама тоа треба да го провериш.Ако мислиш да ги врзуваш сите паралелно,може да се случи некои да светат послабо,а други појако.Имај го и тоа во предвид.Ако одиш со 12V ,можеш по 4 да ги врзуваш со тоа што треба и некој мал отпорник( до 100 оми) да ставиш во серија.Ова е ако ЛЕД е предвиден за 3V.
-
Кога правев лед панелка од 150 лед диоди 3 мм врзував 3 во серија и отпорник од 480 оми кој води кон маса ? :D Батка што мислиш за ова преголем да не е отпорникот ? а језда диодите светат екстра :D
-
Не е : 3 ЛЕД х 3V = 9V + 470 оми точно за 12 V .
-
А зошто толку големи напони и струи за ледиците?
Номинален напон им е околу 1,9 - 2,3 волти отприлка, во зависност од нивната боја, нели, а мислам дека 10mA (max 15) се сосема доволно за добра осветленост. Јас стандардно на 5 волти напојување, ставам 330 оми отпорник за една диода.
Даниел, еве едно мое размислување зошто не би било добро да ги поставиш паралелно. Да речеме дека имаш неколку диоди паралелно и еден сериски отпорник за ограничување на струјата... Нека низ секоја од диодите тече по 15mA. Ако поради X причини прегорат некоја од нив (се случува), тоа автоматски значи дека се зголемува струјата низ „преживеаните“, а со тоа се зголемува и ризикот и тие да изгорат...
-
Батка се работи за *ultra light* диоди кои влечат 20- 25 mA .Тој податок му е точен.Второ ,сака да стави 30 - 40 плави ледици паралелно на 3 V без отпор,но под услов сите да се еднакви исто да светат. Може и така,ама посигурно е на 12V ,по 3 во серија и отпорник 470 оми како што кажа другиот член.
-
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/12v-lead-acid-battery-charger-by-lm317k.png)
Сакам да го правам полначов , дали можам наместо тоа LM317K да употребам LM317T или обично LM317 ? И во случај да не го најдам MBR1545ct има некоја замена за него ?
За трафото , може да употребам трафо 12волти ( 2 ампера) ? :) Бидејќи после грец ке добијам 17 волти а не 18 како на шемата ама мислам дека ке биде доволно за после излезот на LM колото да добијам 14V :)
-
MBR1545ct моѓе да ја замениш со шотки од РС напојување.Место R4/R5 може тример 5К да ставиш и да пробаш да наместиш потребен напон.
-
Twin Musical Tesla Coils playing Mario Bros (http://www.youtube.com/watch?v=B1O2jcfOylU#)
Можно е ова да се напраи некако ? Интересна работа , ептен :) Шема или нешто слично ? и како пее ? ;D :D
-
Спреми се за долго читање. ;)
Значи звукот се создава со ширењето на воздухот што го предизвикуваат искрите, Теслиниот трансформатор се вклучува и исклучува многу пати во секунда, и така се создава звук со одредена фрекфенција, иако Теслиниот работи на радио фрекфенции. Има сложен и попрост начин да се направи ова.
Сложениот претставува солид стејт Теслин трансформатор кој е аудио модулиран од страна на прост МИДИ (дигитален интерфејс за музички инструменти) прекинувач, кој го прекинува во зависност од фрекфенцијата, така се добива аудио модулација на високонапонските празнења. Овој начин има предност во тоа што тој може потполно да ја контролира струјата, со тоа се добиваат појасни тонови, а со тоа и почист звук, иако звучи како првите електронски музички инструменти. ;)
Простиот начин е ваков
-Значи за аудио модулација на Теслино трафо е потребен некој вид на прекинувач кој зависи од дигитален или аналоген сигнал, т.е. некој вид на засилувач. За ова има прост, сложен и уште посложен начин.
"Нај сложениот" од овие прости начини е со користење на аудио засилувач од неколку стотици вати, (зависи колку вати сакаш да биде теслиниот) и така со аудио сигнал да ги контролираш искрите.
"Сложениот" начин се состои од транзистор отпорник и реле, така поврзани што транзисторот ја вклучува и исклучува струјата во калемот на релето, релето ја вклучува и исклучува струјата во примарното коло. Базата и емитерот на транзисторот да бидат приклучени на некој сигнален напон, овој начин е ограничен во фрекфенцијата (до околу 200 херци) и често се случува релето и транзисторот да не се усогласат со макс. фрекфенција и така да се уништи звукот на искрите.
Друга варијација на ова е да се поврзи директно еден слабо сигнален, но високонапонски и јак транзистор, или дарлингтонов пар (за да не мора да биде слабо сигнален) на транзистори, така што тие да ја контролираат струјата на примарното коло на Теслиниот трансформатор.
Најпростиот од овие начини е со некои високонапонски тастери, да се вклучуваат одреден број на искричари (или кондензатори, или да се менува бројот на навивките на примарот, но не го препорачувам ова затоа што ова ја менува фрекфенцијата на примарното коло и ќе се раштима целиот Теслин трансформатор) сериски, со што ќе се менува фрекфенцијата на која работи Теслиниот трансформатор. Значи ќе добиеш нешто како -нова генерација на музички инструменти-
Сепак треба учење за ова бидеќи ќе треба ти да го свириш. ;)
Се надевам дека ова ти помогна.
;D ;D ;D ;D
-
Многу убаво објаснето незнаев дека и за овие теслини трафа да свират вака треба дигитална електроника.
Теслин трансформатор кој е аудио модулиран од страна на прост МИДИ (дигитален интерфејс за музички инструменти)
.Но нема везе а и ти требаат доста пари ако сакаш волку големи да се може некоја помала како киловолт што има направено. ;D ;D ;)
-
Многу убаво објаснето незнаев дека и за овие теслини трафа да свират вака треба дигитална електроника.Теслин трансформатор кој е аудио модулиран од страна на прост МИДИ (дигитален интерфејс за музички инструменти)
.Но нема везе а и ти требаат доста пари ако сакаш волку големи да се може некоја помала како киловолт што има направено. ;D ;D ;)
Јас пред да го направам мојон, немав материјали и само разгледував и истражував на интернет како работат. Затоа знам, А ги имаш гледано ArcAttack како настапуваат на американски талент?
-
Многу убаво објаснето незнаев дека и за овие теслини трафа да свират вака треба дигитална електроника.
Па со дигиталната електроника уствари се упростува, затоа што во МИДИ фајловите инструментите се разделени (гитара, бас, посебно тапани, ..итн.) така да полесно е да се земе од таму информацијата него од аналоген сигнал (на пример мп3 песна) каде што све е измиксано :)
-
Спреми се за долго читање. ;)
Значи звукот се создава со ширењето на воздухот што го предизвикуваат искрите, Теслиниот трансформатор се вклучува и исклучува многу пати во секунда, и така се создава звук со одредена фрекфенција, иако Теслиниот работи на радио фрекфенции. Има сложен и попрост начин да се направи ова.
Сложениот претставува солид стејт Теслин трансформатор кој е аудио модулиран од страна на прост МИДИ (дигитален интерфејс за музички инструменти) прекинувач, кој го прекинува во зависност од фрекфенцијата, така се добива аудио модулација на високонапонските празнења. Овој начин има предност во тоа што тој може потполно да ја контролира струјата, со тоа се добиваат појасни тонови, а со тоа и почист звук, иако звучи како првите електронски музички инструменти. ;)
Простиот начин е ваков
-Значи за аудио модулација на Теслино трафо е потребен некој вид на прекинувач кој зависи од дигитален или аналоген сигнал, т.е. некој вид на засилувач. За ова има прост, сложен и уште посложен начин.
"Нај сложениот" од овие прости начини е со користење на аудио засилувач од неколку стотици вати, (зависи колку вати сакаш да биде теслиниот) и така со аудио сигнал да ги контролираш искрите.
"Сложениот" начин се состои од транзистор отпорник и реле, така поврзани што транзисторот ја вклучува и исклучува струјата во калемот на релето, релето ја вклучува и исклучува струјата во примарното коло. Базата и емитерот на транзисторот да бидат приклучени на некој сигнален напон, овој начин е ограничен во фрекфенцијата (до околу 200 херци) и често се случува релето и транзисторот да не се усогласат со макс. фрекфенција и така да се уништи звукот на искрите.
Друга варијација на ова е да се поврзи директно еден слабо сигнален, но високонапонски и јак транзистор, или дарлингтонов пар (за да не мора да биде слабо сигнален) на транзистори, така што тие да ја контролираат струјата на примарното коло на Теслиниот трансформатор.
Најпростиот од овие начини е со некои високонапонски тастери, да се вклучуваат одреден број на искричари (или кондензатори, или да се менува бројот на навивките на примарот, но не го препорачувам ова затоа што ова ја менува фрекфенцијата на примарното коло и ќе се раштима целиот Теслин трансформатор) сериски, со што ќе се менува фрекфенцијата на која работи Теслиниот трансформатор. Значи ќе добиеш нешто како -нова генерација на музички инструменти-
Сепак треба учење за ова бидеќи ќе треба ти да го свириш. ;)
Се надевам дека ова ти помогна.
;D ;D ;D ;D
А некоја шема ? :D
-
Ако не сте чуле за Tesla Orchestra еве ви нешто интересно, имаат свој канал и веб страна
Temple of Tesla: The Primordial Booze (http://www.youtube.com/watch?v=fan676FLMik#ws)
-
А некоја шема ? :D
е така детално објасна, мислам шема веќе не е потребна. На постоечки теслин трансформатор ќе пробаш да му дадеш излезен сигнал од аудио појачало. Или пак како што кажа Киловолт за транзистор и реле-едноставно и по усогласено може да се изврши со 2 транзистори кои работат на висока фрекфенција поврзани во дарлингтон спрега на база/гејт побудуваш и тие пропуштаат/непропуштаат напон на примрот на трансформаторот. Ова е веќе цел „општ“ развиен проект, само треба да се спроведе во пракса со конкретни вредности и елементи. Малку да се помачиш, но да знајш дека твое е :)
-
база/гејт побудуваш и тие пропуштаат/непропуштаат
да не смеша малку колектор и гејт?
Инаку, ќе му ставам шема и ќе отворам тема во високонапонска електроника. ;)
-
база/гејт побудуваш и тие пропуштаат/непропуштаат
да не смеша малку колектор и гејт?
Инаку, ќе му ставам шема и ќе отворам тема во високонапонска електроника. ;)
Киловолт, за побуда на транзисторот е потребно да се донесе напон на базата или гејтот,зависно каков е транзисторот.Тоа сакаше да го каже членот.Колекторот и гејтот не влегуваат во таква комбинација. 8) ;D
-
база/гејт побудуваш и тие пропуштаат/непропуштаат
да не смеша малку колектор и гејт?
Инаку, ќе му ставам шема и ќе отворам тема во високонапонска електроника. ;)
Киловолт, за побуда на транзисторот е потребно да се донесе напон на базата или гејтот,зависно каков е транзисторот.Тоа сакаше да го каже членот.Колекторот и гејтот не влегуваат во таква комбинација. 8) ;D
Извинете ме, никогаш немам работено со тие, па ми се смеша гејтот и дрејнот. ;)
-
Батка,ајде не пишувај, се ти е помешано ;) 8)
-
Не е битно, се разбравме xD
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11719.0
Еве линк од темата за аудио модулација што реков дека ќе ја ставам.
-
Киловолт,рековме да не се ставаат само линкови,ами пиши што е тоа или зошто и на кого се однесува!
-
Да не знае некој нормална бобина од кола за колкава јачина е наменета?
Појдов кај еден автоелектричар и ми даде една функционална за џабе...
-
имаш машина со 4 клипа и машина со 12 клипа.... колкава е јачината на бобината на авион со клипен мотор???? вака изгледа твоето прашање.
-
Од каде да знам, на нејзе пишувa
C6R-800
12V
OIL FILLED COIL
USE WITH EXTERNAL RESISTOR
MADE IN JAPAN
-
ја пишува дека на излез дава 18-20КВ а за струјата не пишува, еве и фотка
(http://i00.i.aliimg.com/photo/v0/1246084904/C6R800_car_ignition_coils_auto_ignition_system.jpg_250x250.jpg)
-
Затоа и прашував, ако ја пишува вредноста на отпорникот можеме да ја пресметаме јачината....ама јас не најдов...
-
измери ја вредноста со унимер ако веке ја имаш бобината.
-
Ах бре Киловолт секоја бонбина има отпорник и тој се вика отпорник за јачина на примарната струја.Примарната струја кога ќе почне да тече од акумулаторот поминува низ еден отпорник кој што е поврзан со примарниот калем и со изводот B+ од бомбината тој отпорник служи за да може да се регулира јачината на примарната струја ова се прави за да варницата биде јака при стартвање на моторот дали ова го знаеш и нормално тој отпорник е внатре во бомбината ти не го гледаш.И таа бомбина е од 4 тактен мотор 4 клипен нормално во колите на Застава може да се вгради дури мислам дека оваа твоја бомбина е од Јапонија тоест да и пишувало на нејзе дека е произведена бомбината во Јапонија направена е за мотори со средни моќности во киловати или коњски сили како сакаш.Каков драјвер користиш и убаво ти рече Металика омски измери ја и ќе видиш дали е исправна 8).Ти рече ли дека е исправна автоелектричарот :D.Инаку ако е исправна оваа е доста добра бомбина ќе ти врши работа за тоа што сакаш ти задоволителна е дури и повеќе од тоа :D 8)
-
Цитирано:
*секоја бонбина има отпорник и тој се вика отпорник за јачина на примарната струја*
Еве пресек на на една бобина ( а не бонбина!) : таков отпорник не постои !!!!
Споено мислење: 17.01.2014, Friday, 18:22:26
Еве како изгледа палењето комплет.Струјата од акумулаторот ( која во некој случаи е до 30А и повеќе) не може да мине преку отпорник ,бидејќи ќе го стопи секогаш кога ќе се даде контакт!
-
секоја бонбина има отпорник и тој се вика отпорник за јачина на примарната струја.
Уште еден бисер.
-
http://www.ebay.com/itm/HITACHI-IGNITION-COIL-12V-C6R-800-WITH-RESISTOR-FITS-MOST-BRITSIH-JAPAN-CAR-/120948232637
Оваа е бомбината на киловолт според кодот исти се.
А зошто тогаш би ја продавале истата бомбина со надворешен отпорник јас криво реков бомбината многу ретко има внатрешен отпорник на пример кај новите коли нема надворешен отпорник туку внатрешен но и нема бидејќи сите денес имаат електронско палење тоа е помината работа.Е сега во 90 проценти во електричните инсталации имаме кај колите бензиски стари имаме надворешен отпорник мора да се регулира оти бомбината е индуктивен компонент и како моторите повлекува наеднаш поголема струја и за да не дојде до оштетување на бомбината се поврзува отпорник во серија со примарната намотка .Еве како изгледа палењето комплет.Струјата од акумулаторот ( која во некој случаи е до 30А и повеќе) не може да мине преку отпорник ,бидејќи ќе го стопи секогаш кога ќе се даде контакт!
.Па ќе го стопи ако користиме отпорник од четвртина ват 8).А колкав е отпорникот на првиот линк.Од каде да знам, на нејзе пишувa
C6R-800
12V
OIL FILLED COIL
USE WITH EXTERNAL RESISTOR
MADE IN JAPAN
А и во спецификаците што ги спомна Киловолт стои дека треба да има екстернал тоест надворешен отпорник јас сакав да кажам дека кај новите коли според стандардот нов внатре се става отпорникот.Инаку некој ако не верува може менувал бомбина и си вика не сум видел отпорник тој не се гледа бидејќи е после воланот тоест не мора таму да е стриктно заштрфен е на маса и ретко се гледа скоро сите коли имаа таков отпорник едниот крај му е а маса.Наскоро следи прикачување од дел од една книга која се вика Elektricni uredjaji u motornim vozilima.Таа е српска југословенска стара книга и во нејзе има блок шема на инсталацијата електрична во возилата и ќе ви покажам каде стои точно и е обележан отпорникот за регулација на примрната струја.Инаку некои нови коли тоест сите немаат отпорник зошто користат електронско палење и тоа го решава проблемот со наеднаш поголемото влечење на струја и плус ја драјвува бомбината.А југо 55 кое е со платина мора да има отпорник во инсталацијата и ако му ставаш електронско палење се вади тој отпорник од инсталацијата.Киловолт ти не се паничи не ти треба овој отпорник пошто ти ќе користиш драјвер со електроника и нема гајле плус нема на акумулатор директно 55 амперчаса да ја уклучуваш.Може ќе користиш и Ац/ДЦ претворувач не бери гајле пак нема врска тоа тој дава нели мала струја на почетокот повлекува поголема струја но после се нормализира тоа исто како ударната струја на бормашините.И има една пропорција која викаше ако се мали струите од кај што се напојува примарот нема голема ударна струја а акумулаторот дава по големи ударни струи и не е регулиран затоа се става тој отпорник. ;D
секоја бонбина има отпорник и тој се вика отпорник за јачина на примарната струја.
Уште еден бисер.
Следи со слика каде стои тој отпорник но тоа е изумрена работа сега сите коли се со електронско палење и тој проблем што погоре го кажав го решава оно.Тоа порано кај првите коли морало отпорник јас не кажав дека е задолжтелно да има а не е бисер верувајте.Само криво сум се изразил кога сум рекол секоја бомбина мора да има отпорник за регулација на примарот кај колите со електронско палење не мора тоа важело порано кога немало електронско палење.И денес ако на некој стар тип возило менуваш инсталација ќе го најдеш тој отпорник за што зборам.
-
Каков драјвер користиш и убаво ти рече Металика омски измери ја и ќе видиш дали е исправна
мислев да ја измери вредноста на екстерниот отпорник... а како ке ја пресмета струјата тоа искрено незнам, ама не верувам дека омов закон ке му заврши работа.
Како што читав на нет овој отпроникот се користел при нормална работа на автомобилот а при стартување се преспојува (bypass), најверојтано има некоја предност тоа...
Еве како изгледа палењето комплет
еве на што се базира бобината http://en.wikipedia.org/wiki/Induction_coil
кај постарите мотори уклучувањето е со платинка, а кај новите мислам дека е со hall сензор.. ама незнам точно. :D
-
Ignition Coil = иницијална намотка .Не мешајте сега баби и жаби.Новите возила имаат 99% електронски системи за палење и нивната бомбина драстично се разликува од она на југото.Има возила и без бобина,а високиот напон се ствара на сосема подруг принцип.Кај тиристорските палења се користи електронски претворувач за висок напон итн. Овде мислам дека постот почна за обична бобина ( а не некоја специјална)
-
кај постарите мотори уклучувањето е со платинка, а кај новите мислам дека е со hall сензор.. ама незнам точно. Cheesy
Така така го викаат hall сензор.А кај старите платинката таа го уклучува и го ислучува примарниот напон таа го драјвува ваму електроника.И после тоа се носи на разводникот а разводникот го врти брегастото вратилo тоа е секаде исто сите коли нови стари имаат разводници самото име кажува високиот напон го дели на свекиците. Како што читав на нет овој отпроникот се користел при нормална работа на автомобилот а при стартување се преспојува (bypass), најверојтано има некоја предност тоа...
.Епа тоа е тоа што сакам да го кажам да и бајпас името може да се сретне.Ignition Coil = иницијална намотка .Не мешајте сега баби и жаби.Новите возила имаат 99% електронски системи за палење и нивната бомбина драстично се разликува од она на југото.Има возила и без бобина,а високиот напон се ствара на сосема подруг принцип.Кај тиристорските палења се користи електронски претворувач за висок напон итн. Овде мислам дека постот почна за обична бобина ( а не некој специјална)
Не не баш на новите не им треба отпорник а овде треба таму во новите самото тиристорско или транзисторско палење ја спречува таа голема струја а овде е механички и мора во инсталацијата да има отпорник сега ќе ставам и едно објаснување од старите литератури.
http://www.youtube.com/watch?v=W94iksaQwUo
.Еве го стариот принцип разводникот го врти брегастото вратило а платината исто кај разводникот се става нели кај сите стари типови е исто нема врска дали е југо.А кај новите коли не треба отпорник бидејќи самото електронско палење го решава проблемот со ударната струја пишав во тој големиот пост дека треба да се извади отпорникот ако се става ел.палење стариот и новиот систем не се исти и затоа
-
батка само пишав на што е базирана, врз основа на што е создадена, а не дали сеуште се користи или не..кај новите возила искрено незнам како е изведено палењето.. ама што имам слушано било така со бобина и сензор.. а сега може има друг начин, технологијата оди напред, не чека никого.
-
измери ја вредноста со унимер ако веке ја имаш бобината.
Ако мислеше на отпорникот, го немам, тоа е работата...
Ако мислеше на отпорот на примарот и секундарот, еве ги
Примар, ~3 оми
Секундар ~10 кило оми (9,97)
Каков драјвер користиш и убаво ти рече Металика омски измери ја и ќе видиш дали е исправна 8).Ти рече ли дека е исправна автоелектричарот :D.Инаку ако е исправна оваа е доста добра бомбина ќе ти врши работа за тоа што сакаш ти задоволителна е дури и повеќе од тоа :D 8)
Исправна е, тој само ми ја даде, и ми рече -оваа ќе ти сврши работа-, дома го врзав плусот на едниот крај од еден адаптер, со крокодил штипка минусот, и со уште една крокодил штипка минусот кон ХВ излезот, за да ја видам искрата(ако воопшто ја фрли... едната штипка ( онаа поврзана за адаптерот ) ја допирав до минусот на бобината и фрлаше искра...3-4мм.
Патем, сакам да му купам за поефтино една друга на еден авто електричар, да ги врзам двете анти паралелно, и да ги издолжам уште толку искрите, плус тоа, ќе крепи појака струја...
Ја драјвувам на 50 херци, уствари, модифицирав драјвер од фиксен телефон панасоник, и директно АС излезите му ги врзав на еден звучник, потоа направив сет контакти со кои со секое помрднување на звучникот се создава контакт, слично како кај автомобилската платина. Тие контакти се поврзани сериски со бобината, и прават прекин на напонот, со што бобината работи, баш тоа го завршив пред 5 минути..
Доброто кај овој драјвер е тоа што НЕМА гајле од индуктивните шилци што ги создава бобината..
Споено мислење: [time]17 Јануари 2014, 19:57:58[/time]
извинете ме малку, постов троа застарен е, сте пишале додека пишував.
-
Хал сензорот е магнетен сензор кој добива импулси од магнетите кои се сместени во разводникот за палење.Тој дава импулси и мора да се приклучи на електроника .Тој е замена за платините и кондензаторот кај старите возила.И после тоа не се носи на разводник,бидејќи разводникот со таа комбинација опаѓа.
-
Хал сензорот е магнетен сензор кој добива импулси од магнетите кои се сместени во разводникот за палење.Тој дава импулси и мора да се приклучи на електроника .Тој е замена за платините и кондензаторот кај старите возила.И после тоа не се носи на разводник,бидејќи разводникот со таа комбинација опаѓа.
Така е токму така е кај новите возила.И не треба тој отпорник што бил кај старите системи се брише во шемите денес.Но зборот ми беше ако на некој застарен систем некоја стара кола и вградуваме електронско палење мора да се тргне тој отпорник.Ете сега се разбравме дојде до недоразбирање стар систем со нов измешавме. ;D ;D
Ако мислеше на отпорот на примарот и секундарот, еве ги
Примар, ~3 оми
Секундар ~10 кило оми (9,97)
На тоа мислев исправна е бомбината нема сомнение треба отпорот на секундарот да е 10 килооми на на примарот од два до 4 оми така е добра ти е.И добар драјвер си направил браво.Е да имаше две колку се зголемува искрата јас сум пробал.Антипаралелно кога ќе ги поврзеш. :D ;D ;D.Милина е за очите да гледаш ;D искришта
-
Е да имаше две колку се зголемува искрата јас сум пробал.Антипаралелно кога ќе ги поврзеш. Cheesy Зеленко Зеленко.Милина е за очите да гледаш Зеленко искришта
Немам, ама ќе имам. И ме бендисува ова -Милина е за очите да гледаш-, те поддржувам... ;D ;D
-
Многу од вас знаат англиски па напишете на Гугл C6R800 и читајте додека не ви се приспие ;D
Оваа како пример!
http://sg.answers.yahoo.com/question/index?qid=20080521084739AAdvNkp
What will happen if car ignition coil external resistor (C6R800) was by-passed?
Best Answer
The idea of the resistor is to limit the current. It's bypassed during the start cycle to give a slightly higher spark, but it isn't rated to run at 13.8 volts all the time. The coil will overheat and its life will be shortened.
-
Го прочитав тоа, ама не извлеков информација што би ми користела...
-
Епа не зошто како што реков тој отпорник е за стариот принцип ја ограничува примарната струја и се добива појака искра при стартот на бомбината значи при стартот.После се нормализира се а мене прееска ми викаат дека тропам бисери и нема никакви отпорници кај електронското палење не мора да има. Инаку тој е тој бајпас.Објаснивме во претходните постови.Инаку чим си направил драјвер Киловолт за што ќе го користиш високиот напон пак ли ќе правиш некој Теслин Трансформатор или? :)
Примарната струја кога ќе почне да тече од акумулаторот поминува низ еден отпорник кој што е поврзан со примарниот калем и со изводот B+ од бомбината тој отпорник служи за да може да се регулира јачината на примарната струја ова се прави за да варницата биде јака при стартвање на моторот дали ова го знаеш
.Тоа сакав прееска да го кажам.Но киловолт си направил драјвер и ги нема овде тие ударни струи кај него он не ја поврзува бомбината на 12 волти еднонасочен напон он оди директно на 50 херци тоа е веќе сосема друг драјвер.Инаку за кај колата нели бидејќи бомбината е реактивна компонента и повлекува наеднаш поголема струја а акумлаторот и го дозволува тоа и затоа се става тој отпорник да го спречи тоа.А кај електронското палење бајпас прави самото електронско палење.Јас не сум го заборавил ветувањето и скоро да ми ја вратат 12 мегапикселната камера ќе сликам и ќе кажам каде стоел тој отпорник за бајпас за ограничување порано каде е сокриен во автомобилот.И пак ќе кажам да не дојде до забуна тоа било кај старите механички системи со разводник и одма до разводникот ја имаме платината.Сега со Хал сензорите сосема друга работа е друг принцип електронски.Имаме многу драјвери за бомбини механички електронски па оној што иде на 50 херци на градска мрежа у која категорија да го сместиме.Он користел таков.Киловолт не ти треба отпорник тоа дојде до недоразбирање бидејќи јас сакав принципот да го објаснам. измери ја вредноста со унимер ако веке ја имаш бобината.
Ако мислеше на отпорникот, го немам, тоа е работата...
Ако мислеше на отпорот на примарот и секундарот, еве ги
Примар, ~3 оми
Секундар ~10 кило оми (9,97)
Каков драјвер користиш и убаво ти рече Металика омски измери ја и ќе видиш дали е исправна 8).Ти рече ли дека е исправна автоелектричарот :D.Инаку ако е исправна оваа е доста добра бомбина ќе ти врши работа за тоа што сакаш ти задоволителна е дури и повеќе од тоа :D 8)
Исправна е, тој само ми ја даде, и ми рече -оваа ќе ти сврши работа-, дома го врзав плусот на едниот крај од еден адаптер, со крокодил штипка минусот, и со уште една крокодил штипка минусот кон ХВ излезот, за да ја видам искрата(ако воопшто ја фрли... едната штипка ( онаа поврзана за адаптерот ) ја допирав до минусот на бобината и фрлаше искра...3-4мм.
Патем, сакам да му купам за поефтино една друга на еден авто електричар, да ги врзам двете анти паралелно, и да ги издолжам уште толку искрите, плус тоа, ќе крепи појака струја...
Ја драјвувам на 50 херци, уствари, модифицирав драјвер од фиксен телефон панасоник, и директно АС излезите му ги врзав на еден звучник, потоа направив сет контакти со кои со секое помрднување на звучникот се создава контакт, слично како кај автомобилската платина. Тие контакти се поврзани сериски со бобината, и прават прекин на напонот, со што бобината работи, баш тоа го завршив пред 5 минути..
Доброто кај овој драјвер е тоа што НЕМА гајле од индуктивните шилци што ги создава бобината..
Споено мислење: [time]17 Јануари 2014, 19:57:58[/time]
извинете ме малку, постов троа застарен е, сте пишале додека пишував.
.Чим ја драјвуваш бомбината добро е.Ова е друг драјвер за кој што зборевме ние.Твојот не е ни со платина не е ни со електроника тиристори транзистори.Ти на 50 херци ја драјвуваш и преку трафо го обараш напонот а и неможе бомбината да повлече тука многу голема струја така да отпорникот заборави го нема да ти треба тебе во општо.И внимавај со високиот напон за што ќе го користиш
-
Малку офф
Прашање. Дали некој од вас има „отворено„ класична бобина во живо со свои раце и дали може со свои зборови да напише или нацрта како изгледа и што се има во внатрешноста ;D
-
Јас имам отворено бомбина беше прегорена и со брусилка и го исеков врвот..Одвај ја растурив ја упроастив.Значи имаше едно големо јадро кое беше изградено од шипки ми се чини или од меко железо.Тоест беа шипки поврзани заедно со меко железо.Имаше примарна намотка со дебела жица и многу помал број на навивки приметив каде примарот и секундарот се споени.Секундарот се запрепастив имаше многу навивки густо намотани со ептен ептен тенка жица како влакно стварно се разликуваа тоа примарот беше 2 милиметри вака според мене од голо око преку 1 милиметар жица сигурно.И тој заедничкиот спој беше споен и со кукиштето масата залемен за него.И имаме маса заедничка за примар секундар.Еден слободен извод за примар еден за секундар.И да кажам тоа секундарот беше премачкан со некоја маст,може не е маст али лепеше некоја изолација.Значи примарот и секундарот еден врз друг се.Е сега како што кажав сум слушнал дака имало бомбини стари првите што имале внатрешен отпорник внатре за регулација на примарот.Но мојата немаше беше со надворешен.А сега со новиве електронскиве нема потреба од бајпас отпорник електронското палење тој проблем го решава :D.Да го објаснам ли и принципот на работа Toma. :D :)
-
...и што се има во внатрешноста ;D
Случајно да не испушти некој детаљ (ситница).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/ngk_becherspule_querschnitt_en.png)
-
Инаку чим си направил драјвер Киловолт за што ќе го користиш високиот напон пак ли ќе правиш некој Теслин Трансформатор или?
На теслиниот му треба напредок, со 35 вати ништо не правиме. ;D ;D ;D Затоа и бобина барав. :)
он не ја поврзува бомбината на 12 волти еднонасочен напон он оди директно на 50 херци тоа е веќе сосема друг драјвер.
Грешно си ме разбрал, значи овде звучникот го драјвува наизменичен напон, 12 волти 50 херци кој се користи за контрола на поголем напон и појака струја, во овој случај 18 волти, незнам колку ампери еднонасочна. Изгледа се збуни, изгледа кога реков 50 херци ти одма помисли на градска мрежа...
Ова напишаново беше, да не речам гаф... ;D
Јас имам отворено бомбина беше прегорена и со брусилка и го исеков врвот..Одвај ја растурив ја упроастив.
Кога го читав ова си реков -што си направил бе nsu! Си ја сквернавел високонапонскава електроника... Се шалам.. ;D ;D ;D
Киловолт не ти треба отпорник тоа дојде до недоразбирање бидејќи јас сакав принципот да го објаснам.
Ако видиш како почнавме, ќе видиш дека всушност ја барав максималната јачина на струјата која што може да минува во примарот, па затоа ја барав вредноста на отпорникот, за да пресметам по омов закон, но сето се испомеша...
-
Значи јас ја отварав минатото лето кога си немав друга работа.Точно вака шипки имаше а и претходно пишав дека имало шипки па железно јадро тоа го приметив околу нејзе на тоа се сеќавам и некои други работи пишав од буба беше фолцваген инаку бомбината е сега не се сеќавам се.
Случајно да не испушти некој детаљ (ситница).
Па го испуштив горниот држач ама тој отиде го исеков и друго да кажам така ја испуштив и хартиената изолација.Ме зачуди што помеѓу примарот и секундарот имаше хартиена изолација тоа не го пишав но знам споени беа заедно и плус на масата на шасијата беа споени.Има уште ама одавна беше.Ама ја упропастив цела и не за друго тоа камчето слабо ми сечеше се изнервирав тоест нормално менив повише камчиња ама брзо се изабуваа.Да го објаснам принципот на работа ама добро го знаеме порано и јас како киловолт сакав да направам теслин трафо не ми се моташе секундарот а се друго ми е спремно имам високо напонски напојувања од флајбек и секако од бомбини.Ама искрен да бидам немам време кога летово некое средно моќно теслино трансформаторче мора да си направам.Инаку киловолт браво за ентузијазмот
Грешно си ме разбрал, значи овде звучникот го драјвува наизменичен напон, 12 волти 50 херци кој се користи за контрола на поголем напон и појака струја, во овој случај 18 волти, незнам колку ампери еднонасочна. Изгледа се збуни, изгледа кога реков 50 херци ти одма помисли на градска мрежа...
.Па што не кажеш така него јас мислев другачије криво те сватив моја грешка.Не сум дочитал па добро може и така како што си направил.Ту бре ме збунивте.Ама добро што си се досетил и така да ја драјвуваш дава ли добри искри.
-
Инаку киловолт браво за ентузијазмот
Електрониката е ко дрога брат.....двајцата го знајме то убо..... ;D ;D
порано и јас како киловолт сакав да направам теслин трафо не ми се моташе секундарот
ништо не бива ко така.... ;D ;D ;D се шалам.
-
Абе батали тоа земи со аудио техника бави се или ВФ.Се шалам.Но ти си млад сеуште но така се почнува.Првин дојди до средно
-
па затоа ја барав вредноста на отпорникот, за да пресметам по омов закон
1.6 ohm
Споено мислење: 17.01.2014, Friday, 23:24:22
...друго да кажам така ја испуштив и хартиената изолација.Ме зачуди што помеѓу примарот и секундарот имаше хартиена изолација тоа не го пишав
Таа изолација од хартија беше сува или влажна ;D
-
Па влажна бе друже Тома натопена е со трансформаторско уље :D ;D.Нели сум во право утре чекам одговор од вас тоест подоцна утре е веќе.Важно ви кажав од што е составена и погодив.Сум отворил бобина е досада беше тоа
-
Да натопена е со ~трансформаторско~ масло.
-
Замени за Tip 41c i tip 42c вo аудио појачало ? BD 243 C и кој беше другиот ? и кој за кого беше замена ? ;D
-
Знаеш зошто служи гугл, така?? еве побарај овде
http://alltransistors.com/
-
Замени за Tip 41c i tip 42c вo аудио појачало ? BD 243 C и кој беше другиот ? и кој за кого беше замена ? ;D
Пиши ми PM, ќе ти пратам линк од vrt-dvd.
-
Ти пишав ;)
-
1.6 ohm
Значи 7,5 ампери...
Ама добро што си се досетил и така да ја драјвуваш дава ли добри искри.
Дава добро големи, ама фрекфенцијата ме нервира, исто и гласноста... бучи тешко и самиот се слушам, искрите од бобината не се ни слушаат... Инаку да, долги искри, но како статички се...инаку, ова е прашање до сите, дали ако намотам околу бобината неколку навивки, ќе генерира ли и најмала струја низ
нив, ако да, тогаш ќе можам да направам супер-моќно, супер-просто драјверче за бобина, дарлингтон пар 2N3904 co 4x 2Н3055 паралелно, отпорници од 5 вати, 220 ohm и 22 ohm, една заштитна диода УФ4007, и еден добар пригушувач на шилци за додатна заштита.
A исто така, колкава е моќноста на трафо, јичи на две У јадра споени каде што се намотките, нешто како ЕI јадро личи... плоштината на напречен пресек на централниот столб е 2цм x 2цм? Трафото е од едно напојување, има такви по училиштава, со 4 изводи, 30, 24, 14 и 6 волти ДЦ, претпоставувам југословенски (ако тоа би ви помогнало...)
-
За бобината само ова ке го прокоментирам : тој Rv е во ствари внатрешен отпор на намотката ,а постои само пружина и ништо повеќе,покрај стандардната намотка.Значи во она шема што ја споменува од книгата ( југословенско издание ) колегава, отпорникот и намотката се прикажани заедно ( како вкупна заедничка отпорност).
Она трафо кое си го нашол веројатно е линиско,од некое старо школско озвучување и нeма 32.24,14 и 6 V DC (!!!) Трафо може да дава AC напон,а она DC се добива со исправување на напонот.Со пресек 2х2=4 см квадратни.Значи,понатаму послужи се со формулите кои ги има веќе дадено на Форумов.И место да сонуваш * да направам супер-моќно, супер-просто драјверче за бобина* седи и научи супер-моќно, супер-просто теорија за трансформатори,пресметки и општо за електрониката.
-
Трафото е од едно напојување, има такви по училиштава, со 4 изводи, 30, 24, 14 и 6 волти ДЦ, претпоставувам југословенски
Не ме сметај за глупав да мислам дека трафо дава ДЦ на излез...
И имаше 5 изводи, еден заеднички за плус, и 4 со веќе напоменати вредности, значи ги пишуваше на утикачот со терминали за папучи, а и самиот ги измерив, варираат максимум 2 волти од напишаното, претпоставувам од варирањето на капацитетот на големиот кондензатор кој е 22000 микро фаради.
Имаш да кажеш за тоа со фидбек (околу бобината) намотката нешто, нешто конструктивно, повели..
-
Јас го читам она што го пишуваш,а за бобината ,фидбекот и киловолтите ништо конструктивно,бидејќи не знам што конструктивно да се напише за тоа.Конструктивно може да се направи,ама мене тоа не ме занима.
-
.инаку, ова е прашање до сите, дали ако намотам околу бобината неколку навивки, ќе генерира ли и најмала струја низ
нив, ако да, тогаш ќе можам да направам супер-моќно, супер-просто драјверче за бобина, дарлингтон пар 2N3904 co 4x 2Н3055 паралелно, отпорници од 5 вати, 220 ohm и 22 ohm, една заштитна диода УФ4007, и еден добар пригушувач на шилци за додатна заштита.
Па неможе точно да ти се одговори на прашањето поврзано со фидбекот од причина што не знаеме каква бобина користиш, треба да измериш дали околу бобината има магнетно поле, ако има тогаш би требало да може да се индуцира и напон. и едно прашање од мене.. вервуам дека за осцилатор ке користиш 555, па прашањето ми е зошто би ставил дарлингтон со 2н3904?? кога можеш да ставиш тип41, 2н3904 и не се така мокни транзистори.
-
За бобината само ова ке го пролкоментирам : тој Rv е во ствари внатрешен отпор на намотката ,а постои само пружина и ништо повеќе,покрај стандардната намотка.Значи во она шема што ја споменува од книгата ( југословенско издание ) колегава, отпорникот и намотката се прикажани заедно ( како вкупна заедничка отпорност).
На тоа и мислев кога кажував.Кај сите стари бобини е вака.Внатрешниот отпорник не е вистински отпорник туку е пружина од отпорна жица.Такви се и сите југословенски бомбини од искрино производство и за да се елеминираа ударната струја е ставена таа пружина бидејќи бобината е индуктивен компонент нели наеднаш примарот повлекува струја во претходните постови дискутиравме за тоа и секој си даде мислење..Но има бобини што користат и надворешен отпорник конкретно Киловолт твојата е таква.Го пресмета ти отпорникот.Ако сакаш да искрите се служаат треба прекините да се подобри.И ти треба подобар драјвер тие драјвери со трафоа наизменични не се добри.Ако сакаш нешто подобро направиси драјвер со ФЕТ или со NE555 или со некој снажен НПН транзистор исто може има шеми по интернет изгуглај.Значи тие драјвери се поврзуваат на еднонасочен напон.Можеш и ако сакаш и со наизменичен но треба да користиш димер и кондензатор кој го оборува напонот и фактички фреквенцијата на наизменичната струја ќе ја драјвува бобината.Но ова строго ти го забранувам јас бидејќи не е професионален метод и може одма да ти прегори бобината немој ич да пробуваш.Знај јас одговорност не превземам.Но таа ќе биде бучна доста и може брзо да ти прекори ако се драјвува на 50 херци пошто таа работи на пилести импулси а на на синусоиден простопериодичен напон како што е наизменичниот.Така да според мене немој да си ја поврзал со димер или на 50 херци трафо ќе бучи и брзо ќе ти прегори ова од искуство ти го кажувам.На интернет има разни драјвери за бобина со NE555 со 2N3055 и многу други фетови.Тие ти се многу подобри и не грее ич тоа од искуство ти го кажувам.Затоа не прави импровизаации со мрежни трафоа и разни глупости не се препорачливи и лесно прегоруваа бомбината се јавува греење..Подобро е со друг драјвер побарај на гугл ќе ти даде шеми. ;) ;D.Убави идеи ти даде и Металика
-
Mi trebase nekoj slabo signalen npn za celosno da gi vklucuva 2N3055, a i pri raka go imam vo 3 primeroci...
Како бре може слабо сигнален транзистор да драјвува мокен транзистор до максимум ?? ако отвореше даташит за тип41 ке видеше дека 555-ката има повеке од доволно капацитет за да може тип41 да работи, кој што потоа би драјвувал мокен транзистор..
-
Тогаш да ставам реле во само-осцилирачки спој, да го вклучува и исклучува транзисторот, релињата што ги имам, ги купив од алфа, осцилираат на некои 200 херци, си викам ќе врши работа...За тоа што го викаш до максимум..сигурно нема до максимум, ама доволно добро ќе да е..
А тоа што го викаш за ТИП41, јас мислам дека тој е доволно моќен за самиот да се справи со моќта, што ќе му е да драјвува друг, освен ако го користам за над 60 вати... а нема...
Ако сакаш нешто подобро направиси драјвер со ФЕТ или со NE555 или со некој снажен НПН транзистор исто може има шеми по интернет изгуглај.Значи тие драјвери се поврзуваат на еднонасочен напон.Можеш и ако сакаш и со наизменичен но треба да користиш димер и кондензатор кој го оборува напонот и фактички фреквенцијата на наизменичната струја ќе ја драјвува бобината.Но ова строго ти го забранувам јас бидејќи не е професионален метод и може одма да ти прегори бобината немој ич да пробуваш.Знај јас одговорност не превземам.Но таа ќе биде бучна доста и може брзо да ти прекори ако се драјвува на 50 херци пошто таа работи на пилести импулси а на на синусоиден простопериодичен напон како што е наизменичниот.Така да според мене немој да си ја поврзал со димер или на 50 херци трафо ќе бучи и брзо ќе ти прегори ова од искуство ти го кажувам.На интернет има разни драјвери за бобина со NE555 со 2N3055 и многу други фетови.Тие ти се многу подобри и не грее ич тоа од искуство ти го кажувам.Затоа не прави импровизаации со мрежни трафоа и разни глупости не се препорачливи и лесно прегоруваа бомбината се јавува греење..Подобро е со друг драјвер побарај на гугл ќе ти даде шеми. ;) ;D.Убави идеи ти даде и Металика
Да убави идеи ми даде Металика,да, но незнам зошто толку те мрзи да читаш, јас нема ама НИКАКВИ шанси да врзам бобина на градска мрежа, едноставно имам уплав од неа... ;D ;D
-
Пробај со реле, ама така создава многу бучава :P само ме интересира како заклучи дека осцилираат на 200херци?? јас не верувам повеке од 20-30 херци да може да се добијат, патем ако правиш со реле ке имаш само пулсови коишто може да работат со еден транзистор(или повеке во паралела), а не и 2 во пуш пул. .. епа ако ти врши работа тип41 тогаш стави го него нема што да ја усложнуваш работата.
инаку незнам каква идеја сум ти дал, но ако сакаш да работиш директно на градската мрежна можеш да употребиш 1:1 трафо.
-
Со audacity си испробував фрекфенции и 180 ми изгледаше најслично...
инаку ми даде идеја за ТИП41...
Транзистори ќе користам во паралела 4 2Н3055...и диоди за заштита, се разбира ;D ;D ;D
Патем, имун сум на бучава, а и затворена кутија ќе стои...
Инаку да ве прашам за нешто баеги мистериозно, значи сабајле кога станував за на училиште забележав
сијалицата во мојата соба од време, на време трепнува, т.е. подсветнува, но слабо. Се работи за штедлива сијалица која што не беше приклучена на извор на напон,
Кажете, што ќе да е ова, не нападнаа вонземјани, некој тестира ЕМП на нас или некои проверки за моќна радио станица?
Трепнуваше скоро редовно, на секои 10-ина секунди, само еднаш еднаш направи застој од 20... сето ова го мерев со штоперица...
-
Вонземјани ќе да се. Мене ми се случи веспата да не ми угасне кога ја гасам и морав да го извлечам кабелот од свеќицата, ама ни тогаш не угасна. Цели 5 минути работеше со истрган кабел од свеќица
-
да не имаш ти случајно дизел во горивото па на самозапалување да си работи :P
-
Самозапалување имаше бидејќи машината беше многу жешка. Само еден механичар ми поверува бидејќи тој феномен постои и познат му е. Угасна тогаш кога додадов гас
-
A како можи во лемење на ЛЕД да светат (по 2-3 секунди) а не се приклучени на никаков извор, денеска 3 пати ми се случи :) ? Професорот нашколо ми рече ај не халуцинирај немат никаква шанса то да се десит.:D
-
Го знам ова, ми се има случено и на мене, али само со бели ЛЕД, кога ја допреш со врвот на леткумот свети, најверојатно се создава термоелектрична енергија како кај термопаровите ;D
-
Најверојатно имате лошо заземјување во објектот, или статички електрицитет, кој исто е од лошо заземјување на работна површина и на алатот со кој работите
-
Инаку да ве прашам за нешто баеги мистериозно, значи сабајле кога станував за на училиште забележав
сијалицата во мојата соба од време, на време трепнува, т.е. подсветнува, но слабо. Се работи за штедлива сијалица која што не беше приклучена на извор на напон,
Кажете, што ќе да е ова, не нападнаа вонземјани, некој тестира ЕМП на нас или некои проверки за моќна радио станица?
Трепнуваше скоро редовно, на секои 10-ина секунди, само еднаш еднаш направи застој од 20... сето ова го мерев со штоперица...
Прекинувачот од сијалицата е ставен на нулата место на фазата. Значи и кога сијалицата е исклучена до нејзе има фаза па со капацитативен пренос протекува слаба струја низ сијалицата поради која трепка одвреме на време.
-
Во аудио засилувач , дали може замени за TIP 41C и TIP 42C да бидат BD 243C и BD 244C ???
-
Инаку да ве прашам за нешто баеги мистериозно, значи сабајле кога станував за на училиште забележав
сијалицата во мојата соба од време, на време трепнува, т.е. подсветнува, но слабо. Се работи за штедлива сијалица која што не беше приклучена на извор на напон,
Кажете, што ќе да е ова, не нападнаа вонземјани, некој тестира ЕМП на нас или некои проверки за моќна радио станица?
Трепнуваше скоро редовно, на секои 10-ина секунди, само еднаш еднаш направи застој од 20... сето ова го мерев со штоперица...
изгледа, ќе проверам... ова до сега ми е најлогично, но не свети вака секогаш, само еднаш видов...ова не се повтори вторпат.. но ајде, со фазометар ќе проверам..
Прекинувачот од сијалицата е ставен на нулата место на фазата. Значи и кога сијалицата е исклучена до нејзе има фаза па со капацитативен пренос протекува слаба струја низ сијалицата поради која трепка одвреме на време.
Споено мислење: 27.01.2014, Monday, 16:58:33
Патем, направив драјвер со НЕ555, дарлингтон пар 4 2Н3055 што се контролирани од еден ТИП41 транзистор преку 110 омски отпорник (немав сто омски, па ставив два од 220 оми паралелно) со заштитна диода и пригушувач на шилци... Работи одлично, дава поприлично жешка искра долга 4 мм... ;D ;D ;D
-
Има некој шема за PWM контрола на led лента? ;D
-
http://www.reuk.co.uk/LED-Dimmer-Circuit.htm
Оваа со 555 ја имам правено повеке пати, на местото од биполарниот транзистор може да се стави поснажен мосфет, зависи од должината на лед-лентата.
Инаку склопот има маана што не може да се контролира до нула( на минимум свети по малку). Ова може да се реши со потенциометар со прекидач.
-
Еј луѓе, незнаев каде да пишам и да видите, но вчера, кај баба ми долу на телевизорот беше пуштена емисијата "јади бурек" и Јанко бараше некое појачало, кажа (читајте сега) дека било од АБ класа затоа што било со транзистори, не било со МОСФЕТ-ови и затоа не било од А класа... Изгледа не знае дека МОСФЕТ-овите се транзистори. Ама ме изнасмеа... ;D
-
Е затоа не одиме никаде, секој мисли дека се знае а уствари ништо не знае и ги прави другите глупи. ( не го зборувам ова од политички аспект)
Споено мислење: 01.02.2014, Saturday, 21:24:31
Патем кој е подобар засилувач со стк465 или лм4780?
-
Јас би одел со LM4780 ;). Заштити еден куп ;). Нема шанси да изгори ;). STK се познати по недостаток на заштити :S.
-
Ги имам и двете готови направени и тестирани сега се мислам кое да го ставам во кутија и да терам.. т.е. до сега беше со стк465 ама ме нервира тоа што неможе да работи на 4 ома, мокноста и на двете кола им е приближно иста.. но во секој случај ке го сменам со лм4780 како што рече има еден куп заштити, додуша и на стк-то му имам 2-3 пати направено спој према маса ама не прегоре. ;D ;D
-
Инаку да ве прашам за нешто баеги мистериозно, значи сабајле кога станував за на училиште забележав
сијалицата во мојата соба од време, на време трепнува, т.е. подсветнува, но слабо. Се работи за штедлива сијалица која што не беше приклучена на извор на напон,
Кажете, што ќе да е ова, не нападнаа вонземјани, некој тестира ЕМП на нас или некои проверки за моќна радио станица?
Трепнуваше скоро редовно, на секои 10-ина секунди, само еднаш еднаш направи застој од 20... сето ова го мерев со штоперица...
Прекинувачот од сијалицата е ставен на нулата место на фазата. Значи и кога сијалицата е исклучена до нејзе има фаза па со капацитативен пренос протекува слаба струја низ сијалицата поради која трепка одвреме на време.
Проверив, така е, помеѓу мене и контактите за ламбата има напон од 176 волти.
Споено мислење: 07.02.2014, Friday, 13:51:48
Еј, луѓе, да не знаете од прилика колкава е фрекфенцијата на радиото на полицијата? Сакам да направам приемник што ќе ги прима нивните фрекфенции, еден другар сака да му го изработам. Сака да си слуша во слободно време... ;D
-
Не се мачи за џабе, кодирани се, минало времето кога можело да се преслушкува се и сешто. ;) :D
-
Кога ќе му кажам.. скроз ќе се разочара :( . Ама добро...
-
Ќе се разочарал???Абе ајде.... ::) ???
-
Не се мачи за џабе, кодирани се, минало времето кога можело да се преслушкува се и сешто. ;) :D
„Кодирани“ ... Well.... depends on the point of view :-))))
-
И да имаат којзнае колкава ВФ опрема нема ништо да направат.Кога се дискретизира аналогниот сигнал тоест пораката може да се користат многу модулации може импулсно-амплитудна,може импулсно-ширинска модулација,импулсно-кодна,делта модулација,импулсно-положбена,квадратурна модулација,квадратно-амплитудна,квадратно ширинска и уште многу други да не ги набројувам сега овде.А модулација е постапка кога нискофреквентниот сигнал гласот се префрла во високофреквентен опсег.Тоа се прави со множење на носителот кои го генерира ВФ осцилаторот и пораката.Значи пораката се множи со носителот.Имаме поголем број токивокиња што ги користат полицајците што работат во двометарското подрачје но тоа УКБ подрачје мора да го кодираат тоест овде се работи за аналогни модулации не се како горнонаведените имаме други модулации овде тоест три се амплитудна модулација,фазна модулација и фреквентна.Значи дел од постарите полициски токивокиња користеа или сеуште користат фреквентна модулација.Значи пораката се втиснува во фреквенцијата на носителот и како се менува интензитетот на пораката се менува и фреквенцијата.За да не ги прислушкувааат нормално се врши кодирање.Сега новите токивокиња што ги набавија немаат сите но специјалните единици имаат и ЕБР има се комплет дигитализирани а посебно се добро кодирани.Треба да знаеш што како каква модулација користат.А тоа не го знае секој само таа фирма што ги правела за нив и тие се држат во тајна..Поминале тие времиња кога криминалните банди прислушкувале полицајци.Така да Киловолт се тоа се приказни и фантазии.Треба малку и од друг аспект да се гледаат работите. :D ;).Без лутење такви работи не може секој да ги направи и не е многу едноставно.Се си има свое ;D ;D.И се е предвидено со закон и се казнува секој прекршок
-
Спецификацијата за тоа што користи нашата држава е отворена :
https://en.wikipedia.org/wiki/Terrestrial_Trunked_Radio
и сѐ знае што модулација користи т.е. pi/4 DQPSK, како и фрекфенцијата на која работи.
I'll just leave this here :
www.youtube.com/watch?v=mafkTIjrjYk (http://www.youtube.com/watch?v=mafkTIjrjYk#)
-
Добро де се знае што модулација али пак се кодирани.Што да не знае некој обичен човек или електроничар аматер да направи декодер зборот ми беше фирмите што им го направиле декодерот се држат во тајност. 8) ;)
-
Што се замарате со ова- сите полицајци имаат мобилни 8)
-
Добро де се знае што модулација али пак се кодирани.Што да не знае некој обичен човек или електроничар аматер да направи декодер зборот ми беше фирмите што им го направиле декодерот се држат во тајност. 8) ;)
Веројатно не го изгледа видеото што го пастнав, кога ќе имаш време ѕирни го :-)
Што се замарате со ова- сите полицајци имаат мобилни 8)
... и ? :-)
https://www.youtube.com/watch?v=ZrbatnnRxFc
https://www.youtube.com/watch?v=34VlOVKlpis
-
Да не го изгледав видеото ќе го гледам сега.Ама пак сигурно ти треба ВФ опрема не е се толку едноставно да обичен аматер електроничар да го направи.Ќе го видам видеово ќе видам што е видеово. :D ;D
-
Да не го изгледав видеото ќе го гледам сега.Ама пак сигурно ти треба ВФ опрема не е се толку едноставно да обичен аматер електроничар да го направи.Ќе го видам видеово ќе видам што е видеово. :D ;D
RTL-SRD ~ $15 + софтвер под GPL = $0 ова е потребно од РФ опрема (не е коректно ВФ - висока фрекфенција) е сега за знаење т.е. познавање, треба малку повеќе. Се согласувам потполно со тебе дека *аматер електроничар* не би можел ова да го изведе :-)
-
Ќе се разочарал???Абе ајде.... ::) ???
Ако го сменев да изгледа вака, што ќе пишеше?
Кога ќе му кажам.. скроз ќе се разочара :( . Ама добро... ;D
Што да не знае некој обичен човек или електроничар аматер да направи декодер
Може, ама треба да има искуство леле мајко.. ;D
Што се замарате со ова- сите полицајци имаат мобилни 8)
Тогаш зошто носат Токи-Воки со нив?
Како и да е, значи заклучивме дека пораките се кодирани и е потребно да се направи декодер, а декодер е многу тешко да се направи, дури и по години експериментирање, и тоа од некој искусен, и пак за крај сепак треба да зе знае фрекфенцијата... Заклучок: Ова е скоро невозможно за некој аматер... ;)
-
Како и да е, значи заклучивме дека пораките се кодирани и е потребно да се направи декодер, а декодер е многу тешко да се направи, дури и по години експериментирање, и тоа од некој искусен, и пак за крај сепак треба да зе знае фрекфенцијата... Заклучок: Ова е скоро невозможно за некој аматер... ;)
Од каде го заклучивме ова ? Пораките се енкриптирани да, декодер не се прави, туку се решава - математички. Направен е декодер (некој воопшто одвои време да види што имав постирано линкови?!?!). Ќе ти направам услуга и ќе ти кажам дека првиот канал на uplink-от е 390.492 MHz (во Македонија.)
-
Е добро де, признавам, не го изгледав видеото и ме мрзеше да го читам долгиот пост на nsu. :)
-
Е добро де, признавам, не го изгледав видеото и ме мрзеше да го читам долгиот пост на nsu. :)
Јас заклучив дека треба да се истражи нешто пред да се донесе *дефинитивен* одговор :-) :-* :-*
-
Што се замарате со ова- сите полицајци имаат мобилни 8)
... и ? :-)
https://www.youtube.com/watch?v=ZrbatnnRxFc
https://www.youtube.com/watch?v=34VlOVKlpis
Не ми се верува дека сеуште постои Chaos Computer Club ;D. Знам дека званично веќе не постојат, затоа, но сега баш на Wiki прочитав, изгледа се реоформиле или продолжиле некои други фаци под тоа име да работат. Не сум знаел ;).
-
Не ми се верува дека сеуште постои Chaos Computer Club ;D. Знам дека званично веќе не постојат, затоа, но сега баш на Wiki прочитав, изгледа се реоформиле или продолжиле некои други фаци под тоа име да работат. Не сум знаел ;).
Whaaaat????? CCC _никогаш_ не *непостоел* ниту пак се реоформувале :) Секоја година одиме на конференцијата CCC (Communication Chaos Congress) :-) Оваа година беше јубилејна 30 годишнина :)
-
Епа не сум знаел ;). Нели постоеја, уште од времето на BBS, како хакерска група, ама не знаев дека баш и како клуб постои, официјално мислам. А истите фаци кои ја имаат оформено групата, они се сега дел и од сегашното CCC?
EDIT: Немој да ми кажеш дека вакво нешто имаат направено и Cult of the Dead Cow ;D?
-
Епа не сум знаел ;). Нели постоеја, уште од времето на BBS, како хакерска група, ама не знаев дека баш и како клуб постои, официјално мислам. А истите фаци кои ја имаат оформено групата, они се сега дел и од сегашното CCC?
EDIT: Немој да ми кажеш дека вакво нешто имаат направено и Cult of the Dead Cow ;D?
CCC си се тие што секогаш си биле :-) Супер журчиња прават :))))
За CoDC ништо незнам...
-
Аха, епа ОК, не сум знаел, благодарам за информацијата ;).
-
CCC постојат уште одавна и токму така не се распаднати никогаш.Богами чисти професионалци се кога се работи за ВФ техниката секоја чест.Инаку го гледав клипчето изненадуваат браво. :D ;)
-
Дали има некој да ми објасни што точно значи dissipation, Google translate не беше многу корисен...
-
Ако мислиш дисипација тоа е претварањето на дел од електричната енергија во топлинска тоа ги претставува загубите џуловите загуби нели тие се загуби што се јавуваат во електротехниката непотребни се и се јавууваат секогаш во излезните степени на засилувачите бидејќи тие се греат непотребно ради нелинеарната работа на транзисторите.Ова со излезниот степен ти го дадов само како пример.Има многу други примери и уреди тоест елементи што имаат дисипација тоест создаваат загуби појасно ли е. ;D :D
-
Да... ;D
-
Дисипација може да значи и степен до кој што некој уред може да ја одава температурата од себе, пример на транзистор со дисипација 125вати тоа значи дека тој може да одаде топлинска енергија кон ладилникот од 125вати. ;)
-
Дисипација може да значи и степен до кој што некој уред може да ја одава температурата од себе, пример на транзистор со дисипација 125вати тоа значи дека тој може да одаде топлинска енергија кон ладилникот од 125вати. ;)
Пред да изгори... ;D
Инаку ме интересираше на пример, 2Н3055 колкава моќност може да контролира пред да изгори.. Тој има дисипација од 115 вати.. А имам 4 паралелно...
Еј, и да прашам уште нешто, значи имам дарлингтон пар, 4 2Н3055 паралелно, контролирани од страна на еден ТИП41Ц. Е сега, дали аудио сигнал од телефон ќе биде доволно јак за да го вклучи ТИП41Ц? Или да ставам на него 2Н3904, па тој да го контролира него, па нешто како дарлингтон тројка??
-
мокност при која што нема да се надмине неговата максимална работа темепература, може да биде и 1000 вати за 1с или 100 вати за 10с ова како пример го давам, незнам точно..и патем ме интересира зошто користиш 4 2н3055 во дарлингтон коге може 4 во паралела ?? со дарлингтон се добива само големо засилување, и го користат најчесто каде има мал сигнал а не и во излезни степени.. а за тоа тип41ц поревери си даташит и струјата што може да ја даде мобилниот на излез од слушалките. ;)
-
Не спомна каде би го користел тој дарлингтон спој? Како рече Металика можеби е подобро да врзеш паралелно 4 јаки транзистора со тоа што на секој од нив во емитерот сериски ке ставиш отпорник 0,2 оми 5W. Дисипацијата се намалува со соодветно голем ладилник и дополнително ладење во вид на вентилатор ( кулер) .
-
Грешно си ме сватил... Користам 4 2Н3055 во паралела, поврзани во дарлингтон пар со ТИП41Ц.
Инаку за ова со телефонот.. ќе земам 2Н3904 за секој случај, а и целосно ќе го вклучи ТИП41Ц... ;D
Мислам дека нема потреба од отпорник од 0,2 оми..
Еве шема, кажете ако не е во ред нешто...
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Screenshot_7.png)
-
Те советувам да ги ставиш тие 4 отпорници од 0,1-0,2 оми 5вати на емитерите бидејки не верувам дека сите 4 транзистори се со исти карактеристики на пример засилувањето Hfe, освен ако не се упарени.. инаку за оваа шемата земи пресметај колкав сигнал ке оди на тип41ц за да не добиеш исклупуван сигнал на излез, секако ова е драјвер за сплит трафо, ама мислам дека нема да ти врши работа сигнал со огромно ниво на дисторзија. ;) ;D
-
секако ова е драјвер за сплит трафо
A ти што очекуваше од мене?? ;D ;D
Инаку не за сплит трафо, сакам за две бобини да го користам.. Уште еден и пол месец има до народна техника, па сакав да го аудио модулирам теслиниот (не барам некој голем квалитет...)
А како да ја намалам дисторзијата?
-
Па, нема ни да има дисторзија ако сигналот што оди на тип41ц а потоа и на 2н3055 не е на превисоко ниво. ;) затоа ти реков провери си колку струја дава мобилниот на излез ;)
-
Па, нема ни да има дисторзија ако сигналот што оди на тип41ц а потоа и на 2н3055 не е се превисоко ниво. ;) затоа ти реков провери си колку струја дава мобилниот на излез ;)
Значи, како што разбрав, колку помалку транзистори, толку помалку дисторзија, ајде, ќе измерам, па утре ќе пишам...
-
Не, не лошо си ме разбрал, ако сигналот што оди на тип 41ц е превисок за него тогаш ке има дисторзија. ;D
-
25-42 mV AC
Споено мислење: 19.02.2014, Wednesday, 22:10:15
Те сватив, ама како што гледам, со олку низок напон, и уште помала струја ( под 2mА, затоа што мојот мултиметар мери минимум 2 mА АС, а не покажуваше ништо...), значи треба да ставам 2Н3904, со некој отпорник околу 1 кило ом, така на 14V волти ќе добијам околу 14mA. Да не е многу???
-
Дали овие ми бркаат работа?
Ги најдов на стара плочка од радио за во кола, а шворц сум, не можам да нарачам од алфа електроник...Па сета надеж ми е во нив...Да имав пари ќе купев...
BF271 и BF222
BF271
NPN - Si
Pc: 0,25W
Uce: 30V
Ucb: 30V
Ueb: 4V
Tj: 200 степени C
Ic max: 5mA
hFE: min. 30
fT: 450MHz
TO-72
BF222
NPN - Si
Pc: 0,175W
Uce: 50V
Ucb: 50V
Ueb: 4V
Ic: 20mA
Tj: 175 степени C
ft: 200MHz
hFE: min. 20
TO-72
Споено мислење: 21.02.2014, Friday, 10:54:02
Заборавив да дополнам, имам по две од овие, но имаат 4 пина, четвртиот е поврзан директно на куќиште?
-
Па пробај прво директно на тип41ц и види дали ке работи, дали има доволно побуда, ако не ти врши работа тогаш ставај дополнителни степени на засилување, во случај да треба да го засилуваш сигналот стави тл071 и не се гњави многу со транзистори. ;) ;)
-
Купив отпорници 0,33 оми 5W, ТЛ071, отпорник од 1 кило ом...
Ако треба друго ќе најдам, ако не те мрзи кажи како да го поврзам со ТИП41Ц, сигналот не беше доволно силен...
-
види на гугл некоја шема со тл071 еве една од мене
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/tl071_mic.png)
штом веке имаш тл071 другите делови нема да се проблем, ке се најдат по стари плочи. На местото каде што е микрофонот го приклучуваш телефонот а на излез го приклучуваш тип41ц ;)
-
Може да си отворите друга тема,малку отидовте настрана 8)
-
Може некој да ми објасни што е разликата помегу скретница од втор ред со Linkwitz-riley филтер, Bessel и Butterworth филтер ? :D
-
Види овде
http://en.wikipedia.org/wiki/Butterworth_filter
http://en.wikipedia.org/wiki/Linkwitz%E2%80%93Riley_filter
http://en.wikipedia.org/wiki/Bessel_filter
-
Може да си отворите друга тема,малку отидовте настрана 8)
Каде се видело малку настрана од "Општо" ??? ;D
види на гугл некоја шема со тл071 еве една од мене
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/tl071_mic.png)
штом веке имаш тл071 другите делови нема да се проблем, ке се најдат по стари плочи. На местото каде што е микрофонот го приклучуваш телефонот а на излез го приклучуваш тип41ц ;)
А наместо Гугл, да експериментирам малку на NI Multisim 11.0... Јас не барам некој квалитет... Доволен ми е и овој, а за понатаму- сигурно ќе има некои надоградби...
-
Мислам дека ја имам погодено темата, ако не нека се префрли постот каде треба. Значи имам прашање во врска со греач, работам нешто по дома за загревање на некои тела, сега ме интересира од циганскион пазар купив фигаро (за виткање коса кај женски) го расклопив целото и го испитав грачот не е скинат, арно ама кога сум го купувал не сум заприметил дека е на 110 волти и дава моќност 14 вати, сега ме интересира доколку му зглем волтажа на 220 волти ќе се зголеми и моќноста што и не е до толку страшно, дали може да дојде до кинење на отпорната жица?
-
Да, може да дојде до прегревање на кантал жицата и до нејзино горење. Ако има два греачи кои се врзани паралелно, како што имаат пеглите за коса, може да ги врзеш сериски и така да ги користиш на 230V~.
-
Да, може да дојде до прегревање на кантал жицата и до нејзино горење. Ако има два греачи кои се врзани паралелно, како што имаат пеглите за коса, може да ги врзеш сериски и така да ги користиш на 230V~.
Не, оваа е само лента и на неа мотано кантал жица, ај ке пробам, па ако прегори имам дома жица од фен, исто така кантал, само како одеше за пресметување, според омов закон јас пресметував. Доколку некој знае како можам да пресметам колкава отпорност на жицата ми треба за да кажеме 30-тина вати :)
-
доколку му зголемам волтажа на 220 волти ќе се зголеми и моќноста што и не е до толку страшно...?
Не биди стиснат, купи и на девојка ти нова пегла, дури и да не прегори и да поработи некое време така како што си замислил, ќе грее повеќе од тоа што треба и ќе си ја изгори косата... ;)
-
доколку му зголемам волтажа на 220 волти ќе се зголеми и моќноста што и не е до толку страшно...?
Не биди стиснат, купи и на девојка ти нова пегла, дури и да не прегори и да поработи некое време така како што си замислил, ќе грее повеќе од тоа што треба и ќе си ја изгори косата... ;)
Не бе не ми е за тоа и купив прослиот месец такво и го гледав новото и ми дојде интересно, да го искористам за нешто друго сакам, затоа со ова експериментирам, да беше за нејзе ново одма, не сакам да имам девојка без пола прамени хахахаха, иначе да се вратам на тоа, јас пресметав со омов закон за отпорноста како да биде, ке пробам деновиве ако испадне добро, ако не канта ќе го јаде :D
-
Ако го приклучиш на 220 в греачот ке изгори, ако се зголеми напонот се зголемува и мокноста и обратно не е исто како на пример кај трансформаторите. ;)
-
Епа добро, фала на информации, ке си стои така уредчето, на некоја американка ќе и го дадам :P
-
Може да намоташ исто толку кантал жица колку што има намотано, со иста дебелина, па ако ја собира на телото, така да го користиш ;). Или евентуално да го растуриш оној новиот од девојка ти и да видиш со колкава дебелина на жица е тој мотан и колку намотки има ;D. Само пази да не те види дека го растураш ;D.
-
Не бе тоа не чепкам, овие кинескиве знаеш како се составувани, само кинез да знае да ги расклопи, па ова што го најдов од кај циганиве е некое италијанско па беше онака пософистицирано направено за човек да го сервисира :) следен пазар ќе побарам некое друго, може ќе се најде нешто ;)
-
Па од бувљак ли бре за девојката ствари купуваш?? ;D ;D ;D Покажи се сега за 8 ми Март купи нешто од Кинезите! 8) (шала)
-
Па од бувљак ли бре за девојката ствари купуваш?? ;D ;D ;D Покажи се сега за 8 ми Март купи нешто од Кинезите! 8) (шала)
Добро ајде нека стои на форумов дека сум Геј за дечко ми го купив, гледам дека откако прашав само девојка ми ја мешате. Значи немора се што е за женски да биде поврзано со неа. Олабавете малку
-
Не бе батка,што се лутиш! Рековме на шала,а девојката ти си ја спомна. :D ;) Дека си геј,извини,никој ни спомна ниту помисли . 8)
-
Да јас ја спомнав, го знам тој дел, ама откако ја спомнав ниеден стручен пост не прочитав, се во некои стил, не биди стиснат купи и ново па макар и кинеско, поклон за 8 март не се купува од бувљак итн. Никаде нешто стручно и од помош
-
Па батка некоја слика да ставеше,а не * италијанско*,* кинеско* најдов. 8) Абе, ние да не сме видовити ,па сите можни пегли за коса да ги знаеме? Во наше време ги немаше.Ајде стави некое сликиче и пиши што си направил или нацртај на сликата како мислиш да го поврзеш! како иначе да знаеме што да ти објасниме?? :-\
-
Да јас ја спомнав, го знам тој дел, ама откако ја спомнав ниеден стручен пост не прочитав
бато, на форум за електроника женска се спомнувало? па незнаеш дека сите сме запечени инжињери...тоа беше лош потег ;D
(шала)
а за греачот - најди уште еден сличен таков и врзи го сериски со постоечкиот ;)
-
Го средив греачот, огномет беше на кратко :)
-
Имам едно прашање... Да не е излезот на TL071 премногу силен за TIP41C ? Или треба да ставам отпорник?
Онаа шемата што ми ја прати Металика беше неуспешна, иако интегралецот беше исправен и сите кондензатори и отпорници исто така...
-
тоа може да се реши со потенциометар, инаку шемата би требало да работи, јас правев една слична шема на оваа и работеше. еве за која зборувам
http://www.jer00n.nl/2010/07/28/clean-boost-for-guitar-or-bass/
-
Конечната шема...
Споено мислење: 28.02.2014, Friday, 10:59:04
Испадна дека отпорник од околу 2 кило оми би ми бркал работа
-
Дали модифицирано ATX напохување би ми вршело работа како главно напојување за драјвер со NE555 којшто е аудио модулиран преку пин 5? Имам едни пријатели, се занимаваат со компјутери па имаат еден куп ATX напојувања коишто се расипани, па би ми ги дале за беспари, па да си ја пробам среќата ако е проблемот прост, на пример - подуен електролит, или да земам од кај Шуплино, ми дава целосно функционални, негови, поправани за 400...
-
ако не предизвикува интерфенција не би требало да има проблем? и сеуште не сфакам како планираш да го изведеш тоа со 555 кога како што јас знам тој неможе да работи со аудио фрекфенции? и да оваа шемата погоре што ја имаш ставено секако дека нема да работи бидејки е ставено само влез и излез а не и дополнително коло со коешто се одредува засилувањето. ;)
-
http://www.instructables.com/id/Audio-modulated-flyback-transformer-driver/
Погледни подобро... И што викаш, да земам функционално, или да поправам неисправно? Ме примамуваат бидеќи ATX напојувањата се поприлично моќни со вградена заштита. Голема моќ = Големи искри ;D ;D ;D
-
можно, јас си мислев дека 555 неможе да работи со аудио сигнали.. патем ме интересира како го нагодуваш осцилаторот на сплит трафото да почне да осцилира, јас пробав повекепати со 2н3055 но не успеав. :D
-
NE555 во астабилен мод => 100R => база на TIP41C => 100R => заедничка база на 1-6x 2N3055 => сплит трафо..
јас пробав повекепати со 2н3055 но не успеав.
Пробај потенциометарот од +12V кон пин 7 на NE555 на колку ти е наместен, мене ми работеше САМО ако тој е наместен на 0-40R ... Незнам зошто ???
-
не, не мислев за она што има ги има овие простиве драјвери со 2н3055 и 2 отпорника... :D
-
KiloVolt, кодирај си го линкот да не го бришам...
-
Извини, сум заборајл, одма поправам!
Споено мислење: [time]04 Март 2014, 22:42:58[/time]
не, не мислев за она што има ги има овие простиве драјвери со 2н3055 и 2 отпорника... :D
То стопати го имам направено и работи без грешка, ама гледај, обично ги прават шемиве обратно плусот и минусот, минусот горе, плусот долу.. можеби тоа те има збунето... и ориентацијата на намотките е важна, треба фазата да им ја погодиш, тоа е најчестата грешка, тој е прост, но има недостатоци, прво, транзисторот и отпорникот од 220R греат, и затоа колото има големи загуби, ако ставиш ладилник, сигурен сум дека нема да можеш да го допреш по 1 минута работа...
Второ, 15-30% се губат во feedback намотката, носи голема струја (барем за базата, а исто така и напон...) до базата и тоа дополнително допринесува за загуби во топлина...
Трето... Транзисторот гори многу лесно, а ако е со заштита, само грее, и грее, и грее, додека не прегрее. Во ова коло заштитата не е многу ефективна, може само маалку да се намали греењето...
-
Замена за интегралецов ?
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/129452405982817500.jpg)
Која цена е одприлика ?
-
Зошто бараш замена, ова е TDA7377, цената му е околу 100 денари :).
-
феро не значи само железо
феро доаѓа од латински ferrum- што значи железо, изгледа не сум информиран дека го користат како име за други метали...
како мислиш силно феромагнетни ??
Нели имаш работи што се привлекуваат јако и слабо со магнет, на пример- алуминиумот се привлекува ептен слабо со магнет, а железото пак- многу силно, така мислев... ;)
знам дека името феро потекнува од латинскиот збор ferrum, инаку во феро материјали спага и челикот така да не е само железото ;)
инаку за она другото требало да напишеш со изразени магнетни својства, а не силни феромагнетни, бидејки за секој феро материјал релативната магнетна пермеабилност е различна.
-
феро не значи само железо
феро доаѓа од латински ferrum- што значи железо, изгледа не сум информиран дека го користат како име за други метали...
како мислиш силно феромагнетни ??
Нели имаш работи што се привлекуваат јако и слабо со магнет, на пример- алуминиумот се привлекува ептен слабо со магнет, а железото пак- многу силно, така мислев... ;)
знам дека името феро потекнува од латинскиот збор ferrum, инаку во феро материјали спага и челикот така да не е само железото ;)
инаку за она другото требало да напишеш со изразени магнетни својства, а не силни феромагнетни, бидејки за секој феро материјал релативната магнетна пермеабилност е различна.
аааах...во челикот има железо???
-
да, секако дека има, ама се додаваат и други материјали се добива легура со сосема различни магнетни својста од оние на железото, истото е и кај полимерите, ти претстатуваат една огромна група сите се добиваат на ист начин некои дури и од ист елемент, ама имаат различни својста, зависно од примесите и други фактори.
-
инаку во феро материјали спага и челикот така да не е само железото
Мене кога се спомне феро, веднаш ме асоцира на железо...
аааах...во челикот има железо???
Челикот е легура од железо, јаглерод (до 2%), и некои други супстанци во помали количини.
да, секако дека има, ама се додаваат и други материјали се добива легура со сосема различни магнетни својста од оние на железото
Да, на пример челикот лесно се магнетизира во присуство на магнетно поле... железото потешко ;)
-
има нај различни видови на челик, и тоа дали се лесно магнетизира или не зависи пред се од примесите, друго е што правиме ние муабети на шашма ова се магнетизира лесно, ова не, а за прецизно одредување се користи релативната и апсолутната магнетна пермеабилност.
-
за прецизно одредување се користи релативната и апсолутната магнетна пермеабилност.
Јас само така, грубо кажував.. Инаку така, тоа е најточно ;)
-
Ај уште мелце и катана ќе напрајте. Значи ферум е железо, тие што ги викте феро материјали се соединенија на железото(фероксид т.е. 'рѓа на пример). Претежно чисто железо тешко се наоѓа во природата, а и при преработка начесто се меша со други елементи. Од процентот на јаглерод зависи колку е искалено железото, но секако големо влијание имаат и другите хемиски елементи во него(најверојатно сте приметиле на ножевите stainless steel ).
кој го интересира повеќе:
http://en.wikipedia.org/wiki/Iron
http://en.wikipedia.org/wiki/Stainless_steel
Оваа статуа е направена пред многу години(околу пред 1600) и ден денес се чудат како во тоа време имале вештина да изработат таков материјал кој нема да 'рѓоса толкуа многу време :
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3f/QtubIronPillar.JPG/445px-QtubIronPillar.JPG
п.с. поздравете го/ја даскалот/даскалката по хемија... :)
-
Никој не вели дека ферум не е железо.
За феро материјали не сум чул и не велам дека не постои тој израз. Само што не сум го сретнал. Легури на железо би требало да биде правиот израз.
Ама за феромагнетизам и феримагнетизам и феромагнетни материјали, односно феромагнетно својство на материјалите сум чул . И дефинитивно железото (Fe) како елемент не е единствен со феромагнетни својства. Такви се никел и кобалт како и нивните легури и нормално легурите на железото.
-
Дали би можело, на дигитален саат со лед дисплеи да му се стават транзистори и притоа да се заменат дисплеите со VFD лампи?
-
Све може... ама ќе ти треба напојување за ламбите, најверојатно и декодер и/или матрица...
-
Напојувањето е најмал проблем, бидејки работат на напони до 50в. инаку декодер не треба бидејки се составени од 7 сегменти како лед дисплеи е сега ме бунеше тоа дали ке може да се искористат транзистори за контролирање бидејки микроконтролерите работат максимум до 5в. декодер треба за овие никсите.
-
ледот какао се по една диода на секој сегмент? Ако се така можеш само со транзистори, т.е. со 7 канален напонси засилувач- најверојатно со по 1 транзистор за сегмент.
-
Овие VFD се исто како и кај лед дисплеите, за секој сегмент посебен извод си има не е како кај никсите за секој карактер да има посебен извод. а и VFD работат на пониски напони така да би вршел работа скоро секој транзистор. али ке пробам кога ке можам и ке видам што ке испадне...
-
Кој од двата спрееви е подобар за чистенје на контакти кај ротирачки прекинувачи на осцилоскоп.
http://www.loging.mk/264/188362/0/ShowProduct/Kontakt_sprej_-_suv
http://www.loging.mk/264/174569/0/ShowProduct/Kontakt_sprej_-_suv
Или некој друг?
-
Стави отпорник за секој случај пресметај колку А влечат и кој ќе бидат транзисторите
-
Или некој друг?
Јас овој го користам.
http://www.loging.mk/264/171106/0/ShowProduct/Kontakt_sprej_-_suv
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Kontakt_PRF_6-68.jpg)
Буквално може да го пуштиш уредот и додека уште е влажна површината од спрејот, не прави кратки споеви и при вискои фреквенции. Чисти у ПМ ;D. Со овој чистам контакти од матични плочи (пред се на слотови за DIMM), кулери (да, може и нив да ги чистиш, гареж и ситна прашина буквално топи, може да го ставаш и кај лежиштето за оската, сум отпушувал буквално заглавени кулери, се разбира, на крај ќе ставиш малку моторно масло за да остане подмачкано, така да, нема потреба целосно да ги растураш ;)), калафониум по лемење на SMD компоненти (ќе шприцнеш малку и потоа со палома ќе ја впиеш течноста за да местото остане убаво исчистено), чистење на плочки од флукс по лемење, вадење на катран од цигари од контакти и компоненти (можно е да треба да искористиш палома по прскањето, зависи од тоа колку се катраносани контактите), оксидирани контакти од греење... како што пишав, скоро и да нема што не може да исчисти. Лемните точки не ги уништува, не ги прави сиви, баш напротив, си остануваат сјајни, исто како и веднаш по лемењето. Јас само на овој му верувам ;D.
Пиши на Google "Kontakt PRF", 6-68 ти го дава како прв suggestion ;). Избери "Kontakt PRF 6-68", потоа кликни на Images за да ти даде image results, ќе видиш што се може да се чисти со него ;).
Значи, ќе бараш Kontakt PRF 6-68 ;). Кај нас (во МК), колку што знам, го има само во Loging.
-
Мене ми треба за контакторите и потенциометрите на осцилоскоп.
Контакторите се затворени, нема да може да ги чистам со палома или нешто друго.Незнам дали ќе може и со спреј да ги исчистам.
Читав по интернет дека голем дел од спрејовите посебно тие што оставаат заштитни слоеви, може да прават проблеми, особено на контакторот за time/div.
Затоа барав некој што не остава ништо после прскањето.
-
На ротирачки енкодери, сигурно функционира беспрекорно, не знам колку ротирачки енкодери на мауси имам средено со него ;D, така да, би требало добро да работи и со преклопници ;). За потенциометри... не сум пробал, ама не би требало да има проблем. Околу оставање на заштитен слој, мислам дека ништо не остава, ама не ме земај за збор.
-
Напојувам едно предавателче со полнач од мобилен , е сега све е во ред ама ова транзисторчево на полначов E13001 (МЈЕ13001) многу загрева после 10 мин. работа , па сакав да прашам за замена ? Некој транзистор кој лесно се наоѓа по плочиве од телевизори , имам доста постари шасии или некој од компјутерско напојување ??? ::)
Иначе на шемава го користам 2SD734 , кажете некоја замена за да добијам на домет , чисто онака , сакам да пробам , може ли да искористам 2N2222A ? :)
http://www.translocal.jp/radio/micro/simplestTX01.pdf
-
Можеш да употребиш и 2N 2222,2218,2219,3553, сите ке работат подобро.За исправувач најдобро да ставиш и два во паралела со по еден емитерски отпорник посебно на секој транзистор.
-
Тогаш со тој транзистор , бидејќи е помоќeн (2N2219A) ке го зголемам дометот ама без поголем напон исто ке остане .. Колку можам да го зголемам напонот ? Од која до која вредност ? :) И дали другите вредности на деловите може да останат исти ? :)
-
Стави 12 V слободно,со истите делови,ама за поголем домет ти треба и подобра антена од парче жица или шипка.
-
Даниел како си задоволен од предавателот.Го оклопи или не.Вади ли добар сигнал без шумење во позадина или не.Така така инаку 2н2219 е доста помоќен РФ транзистор вади и преку еден ват.
-
Тогаш со тој транзистор , бидејќи е помоќeн (2N2219A) ке го зголемам дометот ама без поголем напон исто ке остане .. Колку можам да го зголемам напонот ? Од која до која вредност ? :) И дали другите вредности на деловите може да останат исти ? :)
Пиши во соодветниот дел од форумот.
-
Празници се , од понеделник натака ке купам 2N2219A па ке ви кажам :) Иначе дали може да го напојувам со оние индрустриски напојувања ? Што ги продаваат на цигански пазар ? Квалитетни ли се тие напојувања ? И колку пари се движат на цигански пазар ?
Споено мислење: [time]20 Април 2014, 13:42:57[/time]
Дајте некоја шема за безтрансформаторско напојување да добивам 12V 500mA на излез за предавателов ( сакам да го вметнам во адаптер за напојување и да го користам како шпиун со 2N2219A ) :D
Дали може со оваа шема да добијам 12V 3 A ако C1 биде 47uF? И ако го зголемам C1 дали може да добијам поголема струја на излез ? ;D
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Transformerless-power-supply.png)
-
Ако се тие диодите, незнам дали ќе крепат, но добро... Според мене- еден прост димер направи, или подобро купи, подеси го на соодветен напон и залепи го потенциометарот, после него еден исправувач и електролит. Тоа вака како помала без-трансформаторска верзија.
-
3А од такво напојување нема шанси да добиеш. ке ти треба кондензатор за голема струја што тешко би се нашло кај нас а и да го најдеш поголем ке биде одколку трансформатор...
-
Со зголемување на кондензатор струјата не може да се зголеми! Значи не мешај јачина на струјата ( во А !) и напон ( во V). Со безтрансформаторско напојување не се напојува предавател бидејќи сигурно ке се јави голем брум!! Префрли ја темата во -Предаватели!!
-
Дали може со оваа шема да добијам 12V 3 A ако C1 биде 47uF? И ако го зголемам C1 дали може да добијам поголема струја на излез ? ;D
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Transformerless-power-supply.png)
Имаш самоубиствена желба со оваа шема ? :-)
-
http://www.translocal.jp/radio/micro/simplest_with_mic.jpg
Не ми е јасна една работа .. Склопив предавателот , све работи во ред .. Е сега го преправив вака да работи со микрофонче :) Koристам вакво мало микрофонче - импеданса , поврзано на плочката го мерев ::) ( 800 ома ) кондензаторски .. Зашто многу слабо се слуша ? Значи се слуша убаво , кристално чисто само кога некој ке се приближи до него и да почне да зборува .. Или ако му пуштам музика од телефон .. Но само кога звучникот е до микрофонот :P На пола метро , телефонот на најгласно , џабе , нејќе да чуе .. >:( Дали не е осетливо .. Пробав да ги намалам и двата отпорника ( 4.7К и 10К ) на помали вредности од тие .. Џабе .. Што е проблемот ? :-\
http://common.leocom.jp/images/parts/POM-1644P-NF-R_1193040_std.jpg
(Моментално користам ваков)
http://www.tandyonline.co.uk/media/catalog/product/cache/1/image/9df78eab33525d08d6e5fb8d27136e95/p/c/pcb-microphone.png
(Пробав и со ваков , ефектот е ист :( )
-
Дечки не може повеќе вака. Не може да се прашува само во темите за општи прашања за електроника. Пишете во соодветниот дел на форумот. Даниел, те предупредив еднаш а ти ме игнорираш и си тераш по свое. Треба ли да ставам клуч за привремено на темава за да престанете да пишете ама баш за се овде
-
Во ред :)
-
Даниел, мислам дека директно од 220 волти нема шанси да добиеш напојување кое издржува 3 А. Да можеше така трансформаторите ќе беа исфрлени од употреба. Имам видено батериски ламби кои имаат полнач без трансформатор, со неколку елементи, ама така имаш само неколку милиампери на излез. Јас правам само напојувања за радиотехника кои треба да издржуваат од 10 ампери па нагоре. Трансформаторите се тешки во тие напојувања, а да можеше без трансформатор, јас со задоволство би ги правел без трансформатор.
-
http://www.loging.mk/1097/BrowseProducts
Дали индустриските напојувања се добри за напојување ФМ предаватели ? Значи дали има брум или шум на нивниот излез ? Или квалитетни се во тој поглед ? :)
-
Идентични како компјутерските се, а за квалитетот би требало да се добри, но не е на одмет да има уште некој П филтер со калем и елктролити
-
За предаватели не се користат компјутерски напојувања.Заборави ги нив и земи прочитај малку литература по нет,да видиш како треба да се проектира и направи стабилизиран исправувач со мал брум или напојувај го од акумулатор или батерии.
-
Koj кe мота намотка од 10mH :D
Иначе пробав со трафо од оние кои се користат за галванско одвојување на уреди , 1:1 што се , беше околу 5 mH , така пишуваше на интернет , и на излез пак имаше голем брум како да е без тоа трафо .. Го напојував со трафо ( куќиштето го заземјив на 0 ) , грец и доста кондензатори , ама џабе .. Зашто ???
И батка , дај некојa шема за да видам како изгледаат тие стабилизирани напојувања или нешто да прочитам за тие стабилизирани напојувања , баш ме интересира , како би направил брумот воопшто да не постои :)
-
види тука
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=755.0
-
Можеш да употребиш и 2N 2222,2218,2219,3553, сите ке работат подобро.За исправувач најдобро да ставиш и два во паралела со по еден емитерски отпорник посебно на секој транзистор.
Батка го земав транзисторот , 2N2219A , е сега ке го сменам , само сакав да прашам дали истото останува како кај 2SD 734 ? Мислам на изводите , емитер , база , колектор? :)
-
Транзисторот 2N2219 е ТО-5 куќиште.Јазичето ти е емитер средишниот пин ти е многу нормално база и тој што останува е колектот.Ова е многу лесно. :D 8).Па на крај земи инструмент и со инструмент ке си утврдиш.Ова со инструмент ти го кажувам за другиот транзистор или за било кој друг тоест било кое друго куќиште.Инаку 2N2219 е ТО-5 куќиште. ;D ;).Јазичето е емитер многу леснонели средишниот пин е база
-
Пиши на Гугл * 2N2219 datasheet * и ке добиеш се што треба за транзисторот.Нема потреба да прашуваш ,учи се да користиш директна on-line помош.
-
Го поврзав како треба али ептен безврска се слуша .. на 88.2МhZ , многу брум , многу шум .. Ептен нејасно .. >:( Предтоа исто така со адаптер 12волти го напојував 2SD734 и супер си работеше , без брум и шум .. ама овој >:( >:(
-
Провери каде имаш грешка - погрешно поврзување на транзисторот,неисправен транзистор,си разлемил или оштетил нешто..... Со промена на транзистор треба малку да се опромени и фреквенцијата,па провери да не си * избеган* некаде понастрана.
-
Проверив се .. Нема никаква грешка .. Транзисторот е нов .. И се си е на место залемено ..
-
Епа друже со промена на транзисторот ке се промени малце и фреквенцијата.Може 2N2219 има друга транзиетна фреквенција.Провери си.Може има некоја пониска од тој претходно што си го користел.И сега опсегот почнува од 88 мегахерци.А тебе чим ти крчи на 88,2 значи си на некој хармоник не си на основната фреквенција.Штета ние аматерите немаме спектралец да ги видиме овие хармоници.Кој се околу носечката фреквенција.И нели ги делиме на парни и непарни. :D ;)
-
Штом не функционира нешто ти е пореметено.Види дали масата е во ред,на влезот,дали антената е правилно фиксирана,нешто да не е откачено. Вака конкретно,малку можеме да видиме и кажеме.Еве распоред на изводите на транзисторот.
-
Пиновите се добро залемени .. А за антена користам парче жица , 1 мм дебелина , 25 цм должина
-
Антената е премала,а подесување секако ти треба повторно.Транзисторот си можел да го оштетиш и со првото вклучување.
-
Ме интересира нешто, дали има некој начин да се направи некој склоп што би давал звук на лампашки засилувач на излез? т.е. со високо THD... :) Само да не биде многу скапо... ;D
-
Бидејќи забегавте далеку во офф-топик ,пораките кои се надвор од контекст на темата ке бидат бришани.За вакви муабети имате чет и приватни пораки!
Споено мислење: [time]06 Мај 2014, 21:38:36[/time]
Сите видови договарања правете си ги преку мобилен,лично на училиште,на чет ,на Фејзбук ,по приватни пораки - а никако на Форум,во теми кои не смеат да се оптоваруваат со лични работи.
-
Добро ајде, а некој да не знае за ова, да се вратиме on topic...
Ме интересира нешто, дали има некој начин да се направи некој склоп што би давал звук на лампашки засилувач на излез? т.е. со високо THD... :) Само да не биде многу скапо... ;D
Споено мислење: 06.05.2014, Tuesday, 22:50:22
до кај 10W некаде ;D
-
Прво треба да кажеш за која намена ти треба ( свирење гитара??? или нешто друго?).Второ ,тоа е електроника која се вградува во предпојачувачкиот дел ,а не во излезот и спрема тоа мерка за него не се ватите.Значи,може да си направиш таков склоп заедно со пп за одреден уред кој сакаш да го приклучуваш и да ти даде лампашки звук.А на излез може да ставиш појачувач од 10 до 1000 W ,ако сакаш.
-
Мене за обојување на "суви" тонови ми треба, да ;D
Споено мислење: 07.05.2014, Wednesday, 14:09:19
И за свирење, јас мислев да не треба излезниот степен со ламба да се прави, затоа спомнав моќност ;) Но јас сум понов во засилувачи, па затоа... ;)
-
Отвори си нова тема за ова,не е за тука!
-
Како се правеше онаа постапката на прекривање на плочи со калофониум, купив едно парче, па сакав да ве прашам како се користи...
Споено мислење: 20.05.2014, Tuesday, 13:54:52
Мислам дека во алкохол се раствораше, ама незнам колку % и понатаму што се прави, со растворениот, да не има нешто посебно...
-
Прво треба да го здробиш што поситно, најдобро стави го во некое ќесе, на пр. она за замрзнувач и со гумен чекан или сл. дроби го додека не стане како прашина, после префрли го во некое шише и стави му 96% алкохол (ми кажале дека можело и ацетон или нитро-разредувач, ама не сум пробал), однос 1:2 калафониум-алкохол, после по потреба ќе му дотуриш ако треба. Секој ден мешај го по неколку пати додека не се раствори, со тоа премачкувај ги плочките и остави да се исуши убаво пред лемење.
-
Пред лемење? ??? Јас мислев дека се става после како заштита за лемовите и водовите.... ;D
-
Има и спреј со истава материја(незнам поточно како да се изразам) се прска од далеку,околу 30центиметри и потоа почнува да се леми...
-
Не би требало да е калофониум тоа... ;) Би требало нешто друго да е... ;)
-
Во упатството пишува дека е за пред лемење ,а дали е калогониум не сум прочитал
-
Пред лемење? ??? Јас мислев дека се става после како заштита за лемовите и водовите.... ;D
Пред лемење се премачкува плочката, најдобро одма чим ќе ја направиш, за да се заштити од оксидација и да се олесни лемењето, а ако сакаш може и после лемење да ја поминеш уште еднаш да се заштитат лемовите, имам гледано стари уреди што се заштитени со калафониум, калајот сеуште е сјаен како огледало.
Иначе за тие што се од Скопје, калафониум најдов во стара чаршија кај еден мајстор што изработува инструменти, некој австриски е, изгледа доста чист и квалитетен.
-
А за тие од Прилеп: калофониум има во едно мало дуќанче на 2 спрат, веднаш до Пинк Пантер кај плочникот (наспроти Фурорд).
Споено мислење: 20.05.2014, Tuesday, 17:37:42
Ваков е ист... ;) И цената... ;)
http://marsimo.mk/index.php?page=shop.product_details&product_id=281&flypage=flypage.tpl&pop=0&vmcchk=1&option=com_virtuemart&Itemid=64
-
А како оди ова на кило или како ?
-
Дали знаеш воопшто што е тоа колофониум ????? Едно кило е отприлика помала кофа и богами ако на кило го купуваш,ќе те чини прилично скапо.Обично на грамови се купува. 8)
-
На коцки се купува, отприлика 10 грама е една... ;) Барем во Прилеп... ;D
-
Koлофониумот го користат највеќе гудачите 8) ( виолинисти,виолончелисти...) за премачкување на струните на инструментите.Се продава како помало округло пластично кутивче и има златно жолта боја.Тоа е всушност природна смола .Како што рече Лордзи прво истолчете го ситно ( како прав!) за полесно да се раствори во 96% алкохол.Направете ја плочката и со помала четка премачкајте ја од страна на водовите.Филмот ке го заштити бакарот од оксидација,а воедно служи за добра подлога при лемењето.Не ставајте тогаш при лемењето накакви пасти !! Секоја паста има одредено количество киселина која делува на споевите.Ако сакате премазот да има некоја боја,капнете десетина капки мастило за алкохолниве фломастери ( се продава во мали пакувања за надополнување).Ги има црвена,црна,сина,зелена боја.
-
Тема на форумот.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1668.msg12608#msg12608 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1668.msg12608#msg12608)
- Колофониумот во некогашните „железарии„ се продаваше на кило и го купуваа столарите за полирање на фурнирот при изработката на ормари - шифоњери - креденци и други украсни предмети во домакинствата. Тој колофониум го викаа „технички„ од причина што не беше во толку „чист„ состав па со растварање течноста ја користеа за премачкување на фурнирот по што се добиваше овој изглед и сјај.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/stari-ormari-vetrine-kreveti-kredence-slika.jpg)
А може и вака
http://www.electrodragon.com/how-to-solder-smd-device-fast-drag/
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/20080503193442944.jpg)
Може да се купи до 300 грама овде
http://www.ebay.de/itm/300g-KOLOPHONIUM-HELL-grosse-Brocken-Kolofonium-Balsamharz-Rosin-Colophony-/221070087708?pt=K%C3%BCnstlerbedarf&hash=item3378cdd61c
-
трудетесе природен чист да најте...зато шо од синтетички, ојте албанија таму е дива лига да видите колку сервисери на мобилни се со рак на грло и слично, штетни испарувања има како и скоро секој флукс ;)
-
Значи вака, сакам да го унапредам мојот Теслин Трансформатор, и имам 4 бобини, сакам сите да ги врзам паралелно, да користам драјвер со NE555 за нив со неколку моќни биполарни транзистори на ладилници со вентилатор. Е сега, моето прашање е- колкава моќност можам да извадам од сите 4 бобини заедно, за да знам какво трафо ми треба (12V- X Ампери)... сите тие во даташит бараат сериски отпорник од 1,6 ohm. Кодот е C6R- 800 имаме пишувано за неа по моја иницијатива ама тогаш имав само една, сега имам 4... ;D
-
бобините работат на мах 36в на фрекфенции на кои работи т.т. пресметај колкаво трафо ќе ти треба.
-
пресметај колкаво трафо ќе ти треба.
А како да го изведам тоа? Ми треба максималната моќност на една бобина за да пресметам вкупно колкава моќност ќе ми треба...
-
Измери, индуктивност, капацитивност и отпорност на бобината, потоа пресметај ја импедансата, останатото е лесно.
-
само индукција треба према индукцијата лесно ќе пресметаш отпор на одредена фрекфенција...
Споено мислење: 13.06.2014, Friday, 17:06:04
одприлика 60вати по бобина.
-
Измери, индуктивност, капацитивност и отпорност на бобината, потоа пресметај ја импедансата, останатото е лесно.
Да де, полесно од тоа нема! Само од каде таква опрема.... ::)
одприлика 60вати по бобина.
одприлика- good enough for me... ;D 4*60=240W, плус тоа, имам уште две "жртви"- коли кои ги меркам, на едната веќе и ја извадив бобината... ;D се на се- ќе бидат 6... Што се 360W.... :D :D
Споено мислење: [time]13 Јуни 2014, 17:09:17[/time]
Еј, да не знае некој што можам да направам од стар нефункционален апарат за рентген? ;D Го најдов фрлен зад градската болница... ;D
П.С. Тежок е околу 500kg ;D
-
Цитирано од: Unforgiven на Денес во 12:01:31
Измери, индуктивност, капацитивност и отпорност на бобината, потоа пресметај ја импедансата, останатото е лесно.
Да де, полесно од тоа нема! Само од каде таква опрема....
Скор секој подобар унимер го мери тоа, или пак измери кај некој мајстор, не верувам дека ке те одбие.
И најдобро е да не се занимаваш со ренгентски апарати, освен ако не го користиш за делови
-
Еј, да не знае некој што можам да направам од стар нефункционален апарат за рентген? ;D Го најдов фрлен зад градската болница... ;D
П.С. Тежок е околу 500kg ;D
Да го растуриш за делови или да го однесеш во отпад и да си земеш 5.000 денари.
-
Во тоа и е проблемот- како ќе го носам... :D
-
доколку е „жива“ електрониката имаш високонапонски напојувања во него.
Можеш да си го разработиш и да правиш рентген слики од предмети по дома, бизнис да си разбиеш :D
-
Во тоа и е проблемот- како ќе го носам... :D
Ако сакаш да го однесеш има едни од кај мене одат со камионче зимаат работи, сега незнам колку ке ти земат, некаде 200 денари за превозот ќе ти земат. Ако сакаш контактирај ме и ке ти пишам број од нив :)
-
доколку е „жива“ електрониката имаш високонапонски напојувања во него.
Можеш да си го разработиш и да правиш рентген слики од предмети по дома, бизнис да си разбиеш :D
Ете конечно некој со одлична идеја... Да се надеваме дека е жива, ако не е- ќе извадам што можам- другото на отпад, инаку нишки е... А ако можам да го поправам, или тоа што викаш, или теслино трафо ќе направам... :D
-
мојш да се озрачиш, најголем дел од рентгенологистиве умираат од рак, :-[ извај трафо мафо другото бонсекот и вотпад.
-
Рентгенските цевки работат на напони и до неколку стотини илјади, па и до милион волти, сигурен сум дека ќе најдеш примена за напојувањето... ;)
Само пази бидејќи со такви напони се прави една грешка, нема втора шанса.
-
Толкави напони!?!? Јас имам една изрека- "вежбај со повисок, работи со понизок напон". Ако имаме 400 000 волти при еден киловат, колку ампери ќе дава максимално? Одговор: 0,0025А. Во ваков случај, ако одам по безбедносни протоколи, со заземјување, и правилото со една рака во џеб- не би требало да има голема опасност. Сега малце затерав, на 400 000 волти, се онесвестува од болка... :D На толкави напони- кому му треба теслин трансформатор :D
-
Кој напон е најопасен !
230V 0 Hz
230V 100 Hz
2300V 10 MHz
23000V 100MHz
230000V 1GHz
-
Дефиниран „најопасен“ ? :)
-
најверојатно што може да те утепа :D
-
се над 50V е опасно (според она што сум учел на школо) тогаш настанува пенетрирање на напонот низ кожата, кожата го има најголемиот отпор, органите во телото се со некој занемарливо мал отпор
-
најверојатно што може да те утепа :D
Според таа дефиниција, најопасни се 230V@0Hz до 23000V@100MHz соодветно, а нај-безбеден е 230000V@1GHz :-)
-
Кој напон е најопасен !
230V 0 Hz
230V 100 Hz
2300V 10 MHz
23000V 100MHz
230000V 1GHz
најверојатно што може да те утепа :D
Според таа дефиниција, најопасни се 230V@0Hz до 23000V@100MHz соодветно, а нај-безбеден е 230000V@1GHz :-)
Токму така се што е со фреквенција 0 херци е опасно.И така е нели сите го знаеме ова правата струја нема фреквенција и над 50 волти е опасно но тука јака работа игра и амперажата.Еве алансерот во моторните возила зошто паметните мајстори го исклучуваат кога работат во негова близина.Тој кога ќе го побудиме влече огромни струи.Еве кај југо е скоро еден киловат 850 до 900 вати е.А кај дизелите појаки или кај камионите влече многу,многу поголема струја.Ова е многу опасна ампеража ,а сепак напонот е дванаесет или дваесет и четири волти.Значи правилото 50 волти отпаѓа се зависи од амперажата.230 волти еден гигахерц фреквенција заради стремежот да тече по површинаа на проводникот.Тоест скин ефектот ќе бидеме безбедни но ќе ни ја изгори кожата страшно,но нема да не убие.На 100 херци е исто многу опасно лепи како градската мрежа која е 50 херци пак.Според мене 10 мегахерци е побезбедно од 100 мегахерци.Има скин ефект но не е колку кај 100 мегахерците.Но и тие се безбедни еве тесла коилот со мосфетови како драјвери постигнува поголеми фреквенции но тие само те горат.Но секогаш е битна амперажата.Затоа убаво рече киловолт едната рака во џеп секоја струја е опасна ако човекот направи струен круг.Па сите знаеме дека праг на неотпуштање е 30 милиампери.Значи да си изолиран од земајата добро и никако не смее и фаза и нула да фатиш инаку пријатно со здравје.Затоа нема играње со ова и сите внимателно треба да си работиме.Верувам дека сите електричари и електроничари се внимателни. 8) ;D.Барем така треба.
-
Електричната струја е да ја користите, и за тоа и да ја платите искористената, а не да ја фаќате !!!
Ајде разлаз. :D :D :D
се знае кој напон е опасен и која фрекфенција, но не значи дека високофрекфентните полиња не се опасни !
-
@nsu
Спомна тесла коил. Колку што читав за нив, имало само три смртни случаеви предизвикани од теслин трансформатор
-
И тоа само кога допреле излез и заземјување на Теслино трафо над 1kW ;)
-
Никола Тесла чита во друштво со „милиони“ волти !!!
(http://www.e-novine.com/thumbnail.php?file=photo/drustvo/nikola_tesla/tesla_lab_u_411030217.jpg&size=article_large&scale_by=width)
-
Со објавувањето на сликата изјавил дека е монтирана- со долго изложување, иначе нема шанси волку искри во еден момент да испушти... Потоа, од кога трансформаторот бил изгаснат, ја прекриле леќата, Тесла се наместил на столицата со книгата, па ја откриле леќата, вметнуваќи го ликот на Тесла во сликата...
-
Киловолт е опседнат со високиот напон и со Никола Тесла,па така да за секое прашање во врска со ова има одговор..(извинете ако е офф)
-
Убаво убаво барем се интересира Киловолт така треба.Во врска со сликава во Емитер во еден стар број имаше објаснето како уште во тоа време била монтирана.Многу едноставно нели првин ја сликале едната слика со електричните празнења а потоа Никола Тесла како чита.И после со некоја посебна постапка при развивањето заборавив како се викаше ги спојуваат двете слики.Дури и самиот Никола Тесла признал дека сликата е монтирана. :D ;D ;D.Сепак како што он успеал да достигне високи напони никој досега на светов не достигнал.Со право му е омилен лик на Киловолт ;D ;D ;)
-
Кој напон е најопасен !
230V 0 Hz
230V 100 Hz
2300V 10 MHz
23000V 100MHz
230000V 1GHz
Според мене 230 V 100 Hz, на второ место 230 V 0Hz (DC)
Другите би биле помалце опасни пошто се високофреквентни и имаат скин ефект.
-
230v dc би требало да е најопасна, додека на 23в ац-дц нема да има некои ефекти, дури и со влажни раце, може малце да се осети на некои фрекфенции. е сега што е разликата, имаше еден клип со добра илустрација-230в ац(50хз) и дц, типот прави спој и кога пробува ода ги оддели контактите таа што е ац фрла искра 3-4цм додека оваа дц искрата и е едно 10 цм што значи малце подолго ќе трае ударот. Инаку луѓе што корисатат пејс мејкер е голем ризик дури и да се доближат до некое појако поле ради ометање на работата на пејс мејкерот. При струен удар прво страда срцето мислам, а поради негова дисфункција и другите органи. Исто така може да се добијат и сериозни опекотини на внатрешните органи, али све мислам дека смртта би настанала поради срцевиот мускул. И да направиш краток спој на т.т. нема да има некои последици доколку фрекфенцијата е висока поради што во случајот отпорот ќе биде голем, а со тоа струјата мала. Над 60ма струјата почнува да биде повеќе од опасна. Човекот има отпор од 1000 оми (влажни раце) до 10000 сува кожа, но овој п0одаток не го земајте како релеватен бидејќи секоја кожа е разлина- некој е понервиозен, поќе се поти некој помалце итн итн....
-
230v dc би требало да е најопасна, додека на 23в ац-дц нема да има некои ефекти, дури и со влажни раце, може малце да се осети на некои фрекфенции. е сега што е разликата, имаше еден клип со добра илустрација-230в ац(50хз) и дц, типот прави спој и кога пробува ода ги оддели контактите таа што е ац фрла искра 3-4цм додека оваа дц искрата и е едно 10 цм што значи малце подолго ќе трае ударот. Инаку луѓе што корисатат пејс мејкер е голем ризик дури и да се доближат до некое појако поле ради ометање на работата на пејс мејкерот. При струен удар прво страда срцето мислам, а поради негова дисфункција и другите органи. Исто така може да се добијат и сериозни опекотини на внатрешните органи, али све мислам дека смртта би настанала поради срцевиот мускул. И да направиш краток спој на т.т. нема да има некои последици доколку фрекфенцијата е висока поради што во случајот отпорот ќе биде голем, а со тоа струјата мала. Над 60ма струјата почнува да биде повеќе од опасна. Човекот има отпор од 1000 оми (влажни раце) до 10000 сува кожа, но овој п0одаток не го земајте како релеватен бидејќи секоја кожа е разлина- некој е понервиозен, поќе се поти некој помалце итн итн....
Токму така убаво кажано прво секогаш страда срцеето но ќе те поправам ако струјата е 60 милиампера тоа е многу.Ако е над 30 милиампера струјата левата и десна комора на срцето пукаат тоа ни се дели едноставно на две.Да обичен човек треба да има до 2 килооми отпор на кожата а некои луѓе имаат и до десет да и тие се многу по отпорни.И има екстремни случаеви како биба струја на кого му фалат два слоја од кожата нели има мртва кожа па потни жлезди па уште два потенки слоја.Биба струја тоест србинот Славиша Пајкиќ од кога се родил нема потни жлезди и двата слоја од кожата му фалат.Но и тој во интервјуто самиот вика јас вика летно време не можам да седам ич само под чешма е.Нема потни жлезди но затоа фаќа жици и од далеководи.Но самиот вика летно време не работам се борам со топлината.Според мене убаво рече didy
Електричната струја е да ја користите, и за тоа и да ја платите искористената, а не да ја фаќате !!!
Ајде разлаз. :D :D :D
се знае кој напон е опасен и која фрекфенција, но не значи дека високофрекфентните полиња не се опасни !
Да не одиме во офф топик насловот убаво кажува општи прашања за аналогната електроника ова бара некоја нова тема за струјни удари оти за нив има многу да се пишува. 8) 8) Толку од мене во врска со ова погледнете го само ова линкче за Славиша и како им помага на луѓето со помош на струјата.И се извинувам уште еднаш за офф топикот.Барем од моја страна ;)
PLANET - Biba Struja (http://www.youtube.com/watch?v=DfkRaANoxqg#)
-
Можеме слободно да продолжиме во темата на ивица.с за заштита од струен удар, незнам точно каде беше, но ќе ја побарам... ;)
Споено мислење: 18.06.2014, Wednesday, 13:08:54
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6162.0
еве! ;D
-
Ставајте вакви теми во други рубрики ,а не тука! Тука не е место за тоа!!
-
Имам две прости прашања за кои што мислам дека многу лесно можете да ми одговорите...
-Имам две ламби E80CC, на интернет видов дека имаат номинален напон на греачите од 12,7 волти. Се мислев дека е во ред додека не забележав дека во пракса имаат два греачи... ;D Е сега, дали овој напон е за само еден греач или за двата заедно?
-Имам една ламба, 0A2, која што е регулатор на напон, ламбата е во одлична состојба освен името што е избришано. Е сега- сакам од неа да направам декоративно светло за кај мене во соба. За напојување сакам да ставам еден трансформатор 220:12, па после него множител на напон за да стасам до 160 волти, што е за 10 волти повеќе од нејзиниот breakdown напон... Дали е ова добра идеја, сакав прво да се консултирам со вас... Aко не- тогаш да останам со првичната замисла со една ламба E80CC... ;)
Споено мислење: 30.07.2014, Wednesday, 20:04:34
И уште нешто да додадам- На еден од поорните постови има едно видео со некојси Биба струја, луѓе, се познава дека она Теслино трафо е од кит, или има еден куп делови по нарачка. Еве неколку работи што укажуваат на тоа...
-Убав, мазен и изгланцан тороид- попознат на форумов како "крофна". Овие се прават во фабрика од полно парче алуминиум кое се врти околу една оска со голема брзина и потоа се "режи" со едно специјално сечило во оваа форма.
-Добро изработена кутија по нарачка.
-Коничен примар со тело навидум излиено од пластика...
-Мазен секундар без ниедна грешка- што мислам дека укажува на присуство на машина во процесот на изработка... Плус тоа- лакиран е машински, рачно е многу тешко да се излакира со онолкава перфекција...
-
греачите ако ги врзиш сериски 12,7, ако ги врзиш паралелно упола.
За декорација не би требалода има проблем..
Што менува дека му е на биба трафото од кит?
-
А ако ги врзам сериски на 15 волти? Мислам дека не е многу поголем напонот од спецификациите...
-
12,6V и ни волт повеќе, ако ги врзеш на 15V значително ќе го скратиш векот на греачите.
-
Јас за кратки тестови ги поврзував на трафо од 220 на 2x12,68V, но така поврзано за излез 25,36V. Немаше проблем, ниту пак грееја греачите многу поради тоа што трафото не можеше да даде доволно јака струја. Ама вака сега- на трафото со 15V излез ќе ставам 2-3 диоди сериски кон ламбата за да го снижам напонот... ;)
-
Не е проблем за тестирање да користиш напон поголем од 5 до 10%.
Во пракса, лампата ќе трае многу кратко.
Патем, наместо диоди, отпорници и сл... земи некоја pcl82, 86 или pl83, 84.
И не разбрав ... сакаш само да ги грееш колку за декор?
Ако не ги слушаш, дали би се менувал ...
-
Не е проблем за тестирање да користиш напон поголем од 5 до 10%.
Во пракса, лампата ќе трае многу кратко.
Јас ја проверував и со 200% од спецификацискиот напон, но моќноста не одеше над 2W, што мислам дека и долгорочно не прави проблеми, грееше едвај забележливо... Се сомневам дека со 2W можам да прегорам греач...
Патем, наместо диоди, отпорници и сл... земи некоја pcl82, 86 или pl83, 84.
Имам од следниве ламби:
-1x 0А2
-1x EL84
-1x EL81
-2X E80CC
-1x ECL82
-1x PY88
-1x ECL802
-1x PL504
Мене според спецификациите најсоодветна ми изгледаше E80CC за ова трафо и затоа ја одбрав...
И не разбрав ... сакаш само да ги грееш колку за декор?
Ако не ги слушаш, дали би се менувал ...
Да сакам само за декор, многу убава, топла светлина прават... Мерак за очи! :D
Би се менувал, само од каде си и што можеш да понудиш во замена за овие што ги имам... Земи во обзѕир дека се користени... не многу ама се..
Споено мислење: 31.07.2014, Thursday, 22:55:02
Заборавив да додадам, пиши во пп да не не караат од администрација... ;)
-
E80CC се доста вредни за туку-така да ги трошиш само да светат, види колку им е цената на ибеј... ;)
Ако ти е само за украс подобро искористи некоја од другите лампи, а овие продај ги.
-
Живеам во Скопје.
Јас би ги користел (ги користам во појачало) за слушање музика.
На 12 и струја од 300мА ... тоа се векје 3,6вати.
Ако имаш трафо од повеќе вати ... закачи поарно пцл82/86 за иста струја ...
Што ти треба за замена од лампи?
-
Гледав дека продаваш OD3 од Philips, ми треба таква и одредена сума на пари за која што ќе се договориме по ПП... ;)
-
Ќе ти ја дадам ефтино... а не се занесувај дека во Македонија ќе добиеш толку пари за користени (прашање дали се балансирани) лампи.
-
Да не знае некој колкава јачина можам да извадам од овој акумулатор и дали вреди за цената?
http://alfaelektronik.mk/uploads/product_option_values/ul1_3-12.pdf
-
Дали може, icp-f75g осигурач заштита за интегрално коло да го испитам како обичен осигурач или не?
линк од icp-f75g
http://www.datasheetarchive.com/dlmain/Datasheets-16/DSA-316733.pdf
-
би требало, пробај со унимер дали ќе покажи краток спој
@KiloVolt за што ти треба? имам глдано како со ваков акумулатор верглаат мотоцикли...
-
на едната плоча која би требало да е дефектна има два такви осигурачи и со унимер не покажува ништо на другата плоча има еден таков осигурач и на него покажува краток спој со унимер.
Би требало да се испитуваат како обични осигурачи но не сум сигурен ???
-
Дали може, icp-f75g осигурач заштита за интегрално коло да го испитам како обичен осигурач или не?
Не начекав во datsheet-от некаде да пишува дали се полупроводнички или не, но врз база на дадените инфромации, би требало да може да ги испитуваш како обични осигурувачи. Сепак, не знам дали се реверзибилни или не, не начекав таква инфромација во datasheet-от. Ако не се, значи дека се изгорени и дека треба со нови да ги замениш. Може да ставиш обични осигурувачи.
-
Обични осигурувачи се во посебно куќиште,се мерат како обични осигурувачи.
-
ICP is semiconductor protecting element having stable and high-speed circuit tripping characteristics.
google translate by Toma.
ICP е полупроводнички заштитен елемент, има стабилно и брзо коло „трипал“ (со брзи) карактеристики.
http://www.datasheetarchive.com/dlmain/Datasheets-16/DSA-316733.pdf
-
Тоа го видов и јас, зато не сум сигурен дали се проверуваат како обични осигурачи.
Имам 3 од нив два не покажуваат ништо кога ги мерам со мултиметар, тие два се на плоча која и фалат 2 напони. едниот покажува спој мегју двете нозе, тој е на плоча која би требало да е исправна
Утре ке порачам па ке видам како понатаму.
-
@KiloVolt за што ти треба? имам глдано како со ваков акумулатор верглаат мотоцикли...
За моќно, ефтино, но мало напојување. Сепак го купив и работи одлично ;)
-
Борче мислам дека викаше дека од мал акумулатор за веспи обично што се може да повлечеш 120А, ама 5-6 секунди зашто после клемите се топеле од внатре :D
-
Краток спој е најлошо... Овој не го користам за повеќе од 10 ампери... ;)
-
зависи за што, ако е за заварување краток спој е ок ;;D
-
Јас викав за акумулаторот што е добро.. ;)
-
А бре KiloVolt ти викаше ама јас не те чув ниту разбрав што рече, што кажа!
Добро ќе беше да речеше или кажеше нешто а не да викаш.
-
Добро Тома, од друг пат ќе пишам реков, а не викав... ;)
Споено мислење: 05.09.2014, Friday, 15:51:27
Друго, дали можам да искористам една од триодите во E80CC за предпојачувач?
-
Има некој одговор???
И уште едно прашање, колку често треба да ги менувам ламбите во предпојачало?
-
И уште едно прашање, колку често треба да ги менувам ламбите во предпојачало?
Освен ако не изгорат, нема потреба, таму и онака не течат преголеми јачини на струи ;).
-
Јас имам две E80CC, двојни триоди се, значи ако користам една, ми остануваат 3 во резерва... ;)
-
Не знам дали некој користи само една од двете триоди во цевката. Ако веќе планираш да ги користиш, искористи ги и двете.
-
Јас планирам прост триоден предзасилувач со overdrive, втората и онака не ми треба... Чисто информативно, имам гледано луѓе каде што користат само една од триодите во 12AX7 и слични... ;)
-
Јас планирам прост триоден предзасилувач со overdrive, втората и онака не ми треба... Чисто информативно, имам гледано луѓе каде што користат само една од триодите во 12AX7 и слични... ;)
Ако их спојиш паралелно, гејт на гејт, катоду на катоду, аноду на аноду, добићеш мању излазну отпорност.
А лампу грејеш па грејеш, ништа не губиш.
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12610.msg109552#msg109552
Види ја темава.... ;)
-
Дома имам од оние регулаторите на светлина, со тријак што се, е сега се расипа нешто уредчево, кога е приклучено сијалицата свети, а нема никаква регулација, сијалицата свети исто цело време, физички нема никакви оштетувања, нема нешто изгорено, поцнав да ја чепкам плочката и мислам дека е до тријакот, ако некој знае како може да го испитам со помош на унимер дали е исправен или не е, иначе се работи за тријак bta06-400gp. Било какви информации се од корист, да го фрлам и да купувам ново не е решени, сакам да го направам некако колку и да чини ;D
-
види дали некој од изводите му се споени еден со друг, ако има некои изводи споени значи е отиден :D
-
Има тема во делот Мерна опрема со испитувач за тиристори и триаци...
-
Види даташит за тој тријак како му се изводите. Мери помеѓу A1 и А2 дали има кратор спој и ако има отиден е тријакот. Исто така често се случува да замине и дијакот заедно со тријакот (тоа што личи на диода).
-
Не јавува спој на тие пинови, значи нешто друго ќе е, а дијакот како се испитува тој, мада и тој ми изгледа како да е ок, мислам дека е до потенциометарот, засто не е обицен потенциометар со прекинувач е внатре изгледа и треба да се стисне надоле првин за да почне да реагира потенциометарот, нека пише некој како се испитува дијакот па за другото утре ке видам ;D
-
Дијакот ако не е во краток спој би требало да е добар.
-
Да не знае некој од каде можам да најдам MOSFET драјвер UCC37322? Ми треба за проектот овде:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12688.0
-
луѓе едно глупо прашање...можно ли е мотор за машина за перење да се контролира со димер??? јас како што знам неможе, ама еден човек вика можело...па да му верувам или не???
-
Би требало да може, ама со посебен димер за индуктивни потрошувачи, како овој на пример:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4219.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4219.0)
Или извади ја електрониката од некоја стара правосмукалка што има регулација и искористи ја неа... ;)
-
луѓе едно глупо прашање...можно ли е мотор за машина за перење да се контролира со димер??? јас како што знам неможе, ама еден човек вика можело...па да му верувам или не???
Не му верувај. Неможе. Можеби ќе добиеш намален број на вртежи ама моментот на осовината
ќе биде многу мал и неупотреблив. Брзината на индукционите мотори се регулира исклучиво со фреквенцијата на напонот а не со неговата ефективна вредност.
-
Би требало да може, затоа што со обични димери со некои мали измени се контролираат мотори од бормашини и слични работи, штом би можело такви работи да се контролираат зошто да не и мотор од машина за перење, незнам треба некој да провери или да кажи ако знае поточно :D
-
Не може, бормашините се со четкици, а моторите од машина за перење се без четкици и работат на различен принцип.
-
Теоретски нема да работи, практично-зависи за што, го имам пробано на греалка, вентилатор(за ладење летно време) и други работи каде што нема некое оптоварување-финкционира. Регулацијата не е прецизна и моторот губи на снага(момент). За циркулар на пример или столна дупчалка нема да може да го користиш, ќе има момент кога од 0рпм ќе скока на 300рпм на пример...
-
How to connect dimmer switch to a motor (http://www.youtube.com/watch?v=hWx6alKHGWU#ws)
Детенцево тука пробува нешто но се гледа дека не му оди асинхрон монофазен мотор многу тешко може да се драјвува тоест неможе.Тоа е точно од погоре може да се прочита дека некој вели дека индукционите мотори не се драјвуваат со менување на напонот туку фреквенцијата.Апсолутно точен податок.
Човеков од второво видео може е фрик но има интересни видеа и може да се види дека кога го драјвува моторот ја менува фреквенција значи со менување на напонот кај индукционен мотор ништо нема да работи.
Motor Inverters (http://www.youtube.com/watch?v=J2guzKTBFdg#ws)
Инаку да мотор со четкици Shadet pole како кај вентилаторот може да се драјвува но тој нема скоро никакво оптоварување на осовината.А познато е нели кога некој мотор ќе се оптерети тој нормално повлекува поголема струја.Мислам кога на осовината ќе се појави терет.Така да отпаѓа и тоа ;D ;D 8).Гледајте го второто видео многу е поучно после дури и објаснува англичанецов знам дека има почеток што на секој електроничар би му се одмилило кога ќе види вакво нешто.Но многу убаво практично може да се види како се контролира индукционен мотор.Човеков има супер видеа In the name of the science ;D 8).Гледајте го второто видео многу работи не сте знаеле убаво кажува и практично ;D ;D.Но малку чуден пристап
-
и ја знам дека неможе да се драјвува со димер со менување на напонот, ама човеков сакал да пробам...пробав и неможе. теоријата не е за џабе така :D
-
Вентилаторине се со асинхеон мотор(тој што го имав), во празен од исто врти(ако се извадени перките) али ако не е се осеќа промена во брзината, најверојатно вака му се намалува силата па под оптоварување се приметува. Секако дека за посериозни поректи треба фазна(најверојатно фазно-напонска) регулација.
А зошто се подобри асинхроните од синхроните мотори ? Само заради четкиците?
-
за иста моќност синхроните мотори се мнооогу помали одколку асинхроните, имаат поголем почетен момент и можат со проста електроника да се контролираат, мана им се четкиците зашто им треба поголемо одржување (менување на четкици и лагери), а кај асинхроните мотори потребно е само лагерите да се менуваат
-
Е на уреди што има дома (брусалката на пример) цркна цел мотор пред да дојдат четкиците(15-20 години брутално беше злоупотребуцана од сртана на цело мало) и ред други уреди да не тупам овде сеуште си тераат старите четкици а со најобична пвм контрола не губат снага и добро се однесуваат, барем рачната дупчалка што е имам за плочки ... стварно не ја разбирам упортребата на овие асинхрони мотори...
-
Имаш доста одговори на овој линк.Симни си пдф од предавања 8)
www.fzpkotor.com/joomla/.../44-predavanje-10?...
-
Motor Inverters (http://www.youtube.com/watch?v=J2guzKTBFdg#ws)
3:20+
На човеков му фали нешто што уништува добро сработена електроника и потполно исправен осцилоскоп? >:( Ова мора да е некоја тешка будала....
Извинете за off topic...
On topic
Незнам какви мотори се употребуваат во брусалиците, но знам дека еден мој комшија наместо циркулар користеше ~600W брусалица со димер сериски за контрола на брзината... ;)
-
Со четкици е брусалицата. И јас користам димер за на брусалица за некои финеси, одлично се има покажано(570w).
-
Е на уреди што има дома (брусалката на пример) цркна цел мотор пред да дојдат четкиците(15-20 години брутално беше злоупотребуцана од сртана на цело мало) и ред други уреди да не тупам овде сеуште си тераат старите четкици а со најобична пвм контрола не губат снага и добро се однесуваат, барем рачната дупчалка што е имам за плочки ... стварно не ја разбирам упортребата на овие асинхрони мотори...
Како не ја разбирате употребата на асинхрони мотори огромна е едноставни се за одржување и поправка многу ретко се расипуваат немаат четкици што значи не се бучни скоро ич огромна предност.
Вентилаторине се со асинхеон мотор(тој што го имав), во празен од исто врти(ако се извадени перките) али ако не е се осеќа промена во брзината, најверојатно вака му се намалува силата па под оптоварување се приметува. Секако дека за посериозни поректи треба фазна(најверојатно фазно-напонска) регулација.
А зошто се подобри асинхроните од синхроните мотори ? Само заради четкиците?
Како прво правите огромна грешка асинхрониот мотор е без четкици а и синхрониот мотор е без четкици исто еве ја разликата извинете што е на српски од нивна книга е принцип на работа само
Sinkroni motor je motor pogonjen izmjeničnom strujom, za koji je karakteristično da se rotor vrti jednakom kutnom brzinom kao i statorsko okretno magnetsko polje, odnosno te dvije brzine su u sinkronizmu. Međutim glavni magnetski tok koji se zatvara kroz jezgru je vremenski stalan stoga se na sekundaru neće inducirati napon dok god je relativni položaj rotora u odnosu na (okretno) magnetsko polje stalan.
Еве за асинхрон
Asinkroni ili indukcijski motor ima rotor na koji se električna energija prenosi beskontaktno (indukcijom) djelovanjem okretnog magnetskog polja koje stvara sustav višefaznih struja u statoru. Prema izvedbi rotorskog namota dijele se na kavezne i klizno-kolutne strojeve.
Тие мотори кај некои вентилатори што имаат четкици или кај брусалките се викаат Shadet pole мотори бидејќи еве преведете од англиски буквално засечен пол половите во статорот се засечени и има намотан калем и тој служи за да направи фазно поместување на напонот и струјата за 90 степени и така моторот се става во погон добива покретен момент.И затоа се потребни четкици за да се донесе струја на тие калеми.А додека кај синхроните и асинхроните монофазни мотори се користи кондензатор во серија со статорските навивки и тој исто прави фазно поместување и така го става во старт монофазниот мотор.Затоа моторот од машината за перење не би можеле да го стартуваме без кондензатор нема да има покретен момент исто то важи и за синхрон мотор само тој има некои предности подобри може и подобро работи и како електромагнетна кочница и се користи доста во индустријата.Кај трофазните асинхрони или синхрони мотори не треба кондензатор за старт како кај монофазните бидејќи нормално се носи трофазна струја на статорските навивки и фазите се фазно поместени меѓу себе за 120 степени.Ете тоа беше затоа вакви работи да не мешаме не се исти.
Motor Inverters (http://www.youtube.com/watch?v=J2guzKTBFdg#ws)
3:20+
На човеков му фали нешто што уништува добро сработена електроника и потполно исправен осцилоскоп? >:( Ова мора да е некоја тешка будала....
Извинете за off topic...
On topic
Незнам какви мотори се употребуваат во брусалиците, но знам дека еден мој комшија наместо циркулар користеше ~600W брусалица со димер сериски за контрола на брзината... ;)
Кај брусалица може тоа е Shadet pole мотор објаснив погоре но им го крати работниот век на четкиците.Кај асинхрон мотор со обичен димер неможе тоа е факт.Ах бре Киловолт човекот не е будала погледни му го само каналот многу ќе научиш и осцилоскопот не е исправен го гледаше ли видеото го свати ли што кажува ги удираше со чекан тие драјвери бидејќи се фејк лажни не може да драјвуваат асинхрон мотор.И сам кажа поврзувајќи ги му прегорел и осцилоскопот и вика this is for my scope.А потоа брзо збори англиски но вика дека ќе си купи нов осцилоскоп.Гледај му го каналот последните видеа колку само јаки напојувања има до 20 киловати.Инаку ете ова беше мој осврт околу моторите едно е Shadet pole мотор друго синхрон и асинхрон прочитајте го тоа околу фазните поместувања погоре од мене.Не можев да не се јавам бидејќи има разлика во моторите. ;D ;D Инаку ако осцилоскопот беше исправен гледаш дека му беше стиснато копчето GD на почетокот и тука се подесува икс оската треба да покажува права линија а не така растурена искршена инверторите гледајќи го сигналот му го зафркнале.Но тој е многу брз бидејќи е револтиран самиот кажува и затоа брзо го искрши.Инаку да не одолговлекувам морав да пишам пред се заради моторите синхрони и асинхрони тоа ме натера 8) 8) ;D
-
Не бери гајле, го знам овој одамна... ;)
-
Тука е објаснет само принципот... Која е логиката на брусалица најмногу да внимаваш на бучава при дизајнирање на моторот, секако е бучна, не се ни приметува моторот во некои случаи, истото би го рекол и за хилта, затоа се со четкици, и како што кажав се доста трајни исто како и блендерот што го имам дома што е постар од мене(некои 30 години, уште врти). А и не е толкав проблем да се менат четкици, барем за нас електроничарите.. Да не правиме муабет за контола на синхрони(како што разбрав) мотори. Е сега ко ќе дојт колектор за менување е посложена процедура, но тоа е после многу време доколку користите оригинални четкици. И на крај не ми е јасно зошто не стават две тркалца или зупчаничиња наместо четкици кои многу помалце би се арчеле најверојатно :)
Со тријак нема да има промени на брзината, но ќе има на снагата, поточно речено моторот ќе се ремети(најверојатно може и да прегори). Моментално се греам со греалка која има синхрон пропелер, али да не слагам сега(не ми е при рака триак-контолерот) ќе пробам утре, не дека негирам, него од љубопитност ;D
-
Колеги може е малку глупаво прашањево ме интересира трафо на примар 220 волти еден секундар 15 волти 30VA колкава струја максимално може да даде на излез да се оптерети би требало 2 ампери бидејќи 2*15 е 30 но еден ми вика друже волт ампери се не се вати не би дало 2 ампери а нормално 30VA е мерка за реактивна енергија.Што мислите дали вакво трафо обично со ЕИ лимови би дало 2 ампери ;D ;D ;D ; 8)
-
И 5 ќе дајт, ама ќе има пад на напон... а можи и ќе прегори, за 2А не би требало да прави проблем со тоа што ќе имаш некој волт пад...
-
VA -- Волт-Ампер, привидна моќ
W - Ват, реална моќ
VAr - Волт-Ампер реактивна, реактивна моќ
За да ја добиеш реалната моќ ти треба да го знаеш факторот на моќност и тогаш равенката нема да биде P=U*I него ќе биде P=U*I*cosFi (Фактор на доброта)
Еве ти нешто теорија
http://www.cromptonusa.com/Watt_Var_VA.pdf
-
Моќноста на одреден трансформатор е дадена како максималната моќност која може да ја даде без да прегори (да биде жежок но не да прегори). Инаку во зависност од типот и изведбата на трансформаторот (и се разбира цената и квалитетот) може да даде поголема или помала струја за бараниот напон (на пример имам видено трансформатори декларирани како 12V/30W кај кои тие 30W ги добивам но напонот на излез паѓа на 10V што е неупотребливо. Друг трансформатор на пример торусен трансформатор има неколку пати поголема струја отколку што очекувам на 12V меѓутоа ако се претера лесно може торусен трансформатор да изгори. Ова зависи од излезната отпорност (омска) на трансформаторот која директно зависи од дебелината на употребената жица, затоа најдобро е да купувате квалитетни трансформатори кои се мотани со подебела жица а не некои на кои се штедело :)
-
Многу прецизен одговор тоа ме интересираше.Што мислите колеги дали за стерео засилувач транзисторски 2x22 вати со TDA2030 тоест кој работи на 15 волти подобро е да се користат два ЕИ трансформатори 220 волти примар 15 волти секундар триесет вати или место две вакви еден торусен трансформатор 2x15 волти 50 вати што мислите ;) ;D :).Некое ваше искуство совет што подобро да ставам ЕИ трафоата ако не се добро стегнати ќе внесува брумење ќе брумат а пак торусното трафо имало некоја полоша хистереза магнетна колку што јас знам и полесно прегоруваат но има осигурач нели затоа и до крај нема да пуштаме да тече голема струја максимална.50 вати торусно трафо доста ли за овој вид појачувач.Ајде некој совет од вас што е подбро. :) :)
-
во двата случаи ти се ептен кнап трансформаторите, бидејќи се равботи за мали снаги, може да си дозволиш барем 35 вати по канал, за 30 вати ќе ти требаат ептен големи кондензатори, што не се исплаќа, а теоретски минимум мислам дека е 32 вати по канал, нели 66% се користеше кај а-б класата, ако има додумано. И со 30 вати ќе работи, но при крај ептен ќе дисторзира за тоа 35W или нешто повеќе ти е најдобро решение. Торус како торус, многу е подобар од останатите, но и со EI лимови може да го заштитиш солидно доколку направиш оклоп од меко железо, што е едноставно за изработка, а и не мора да е кој знае колку прецизно, значи подобро е да оставиш малце луфта, да не екнап и од една страна(таа што е најпогодна) да избушиш дупки или да ја оставиш отворена.
-
ПОгледнете го убаво даташитот за тда2030А (А означен, понов модел и многу подобар). Максимум напојување би препорачал +-20В DC. При оваа работна состојба троши околу 10W (грубо земено) а може да даде максумум 15W со 0.5% дисторзија, што е границата на пик квалитетен звук. Такада добиваш од прилика 25W при максимум работа, што без проблем ке ти одат и 2хTDA2030A.
Внимавај, монтирај ги на доста голем ладилник, нешто како 12х12х3цм (за двете зедно) бидејки иако се мали многу се греат, а со тоа добиваш и поголема дисипитација и помало полезно дејство.
За кондензаторите, сосема доволнi ти се 6600uF по гранка или (+3х 2200uF 36V, -3х 2200uF 36V).
EI лимови може да го заштитиш солидно доколку направиш оклоп од меко железо
Тоа е многу препорачливо да го направиш.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/5680247651351053120.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/5575645140790857538.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/3642012326212343333.jpg)
Овие ладилници кај мене на сликата се мали, затоа препорачав уште поголеми.
-
Ист како твојот ладилник имам дури и еден поголем имам тоа е добро да А има накрај интегралецот.Еј slidermc колку вати ти е торусното трафо.И не ти грее така браво за изработката. :) ;D
-
50W e трафото, со што јас малце морав да го одмотам, за да ми даде +/-20V испратено. Напојувам TDA2050(за басот) и TDA2030А(за високотонецот), и никогаш не се ни подгреало трафото, а при максимално оптеретување, напонот ми се спушта околу 0.5V.
Ладилникот е премал за овие чипови па доста е жежок дури и при мирување на појачалата (АБ класа се, а при мали сигнали А) -со друг збор мини шпорет :D Затоа и реков монтирај на поголем ладилник, мојов е 12х6х4цм.
-
Луѓе за појачалово или отворете тема, или не пишувајте тука, ова е општи и кратки прашања, а не цели проекти
-
Мислам дека тука е местото
Вака, имам дома едно напојување од компјутер, ама не е стандардно, значи ова е чудо некое, мислам дека е од постарите модели, проблемот ми е што незнам како да го вклучам без компјутер, знам дека беше зелената жица со црна и ке се вклучи, ама тука има три зелени, па сакав да прашам да не има некој друг начин на вклучување?
-
Не знам со 3 зелени да има?? Еве отприлика по сликиве 4 пин е зелена и со 5 или 6 може да ги преспоиш.НЕзависно дали е 20 или 24 пински molex распоредот е тој.( другата слика).
-
Ама на ова напојувањето има 3 реда со по 6 жици, таму има две зелени, и има еден пин со 20 жици и таму има една зелена, ај ке пробам нешто ке направам, вајда има начин како да проработи секако ако не е изгорено :)
-
Сликај го конекторот и целото напојување да видиме за што се работи
-
Ама на ова напојувањето има 3 реда со по 6 жици, таму има две зелени, и има еден пин со 20 жици и таму има една зелена, ај ке пробам нешто ке направам, вајда има начин како да проработи секако ако не е изгорено :)
Па тоа е тоа .Значи имаш 20 пински АТХ и четвртата жица е таа за активирање.Врзи ја со црна и терај! Имаш на сликата 20 пински молекс.
-
Баш ќе пробам сега, ако не е така ке поставам неколку слики да се види за што се работи и какви пинови има :)
-
Mора да е така! Друг начин нема .Гледај го молексот кој оди директно на матичната.Тој може да биде 20 или 24 пински.Можеби има дополнително додавани ( преправани ) кабли,ама тие немаат врска со стартувањето.Обично ознаката на зелената жица е pc on .Некој пат и на самата матична е означен овој пин.
-
Еве слики од напојувањето, со сите зелени пробав и на двата конектори ама не сака, ако знаете уште некое решение пред да го прогласам за неиспавно :)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/20141123_001441.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/20141123_001428.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/20141122_154140.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/20141122_154132.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/20141122_154110.jpg)
-
мене ми изгледа како од постарите напојувања, AT напојување.
Тие имаат посебно копче за пуштање,
-
ова ми изгледа дека на 220в има прекинувач... али пробај и плава... па и ако е неисправно провери нтц, излезни транзистори осигурач и електролити, тие најчесто страдаат, чат-пат некоја зенерка , не дека не може нешто др да е..
-
Да ова напојување е од постарите кој се пушта со прекидач на предната страна од компјутерот крцка кога го пушташ,секако си го отворил да го сликаше барем со отворен капак. ;D
-
треба се да му откачиш внатре за да го отвориш, а кабелчињата се ептен кнап после не се ставаат пак, ајде ке пробам со плава па ке видаж што ке нашравам :)
-
Ова не ми изгледа ни како класично AT. Мислам дека конекторот на класичните AT имаше помалку жици. Личи како да е некое custom AT напојување. Напојувањата за Hi-End серверски плочи се обично вакви. На пример, ако е ATX, да, има Molex конектор, ама не е стандардно 20 или 24 пинско, туку има, на пример 22 пина... или, стандардно 20 или 24 пинско е, ама распоредот на жиците не е ист како на стандарден 20 или 24 пински Molex. Можно е и да има и 6 место 4 жици за додатниот 12V-ен rail, а и тоа не е компатибилно со стандардниот додатен 4 пински 12V-ен конектор од класично ATX напојување. Мислам дека се совпаѓа со некои од оние 6 пински Molex конектори за графички карти, ама од обратна страна (штипчето за стегање му е од другата страна и автоматски, нема за што да се стегне конекторот со матичната плоча ;D), а ако го ставиш од обратна страна, обратен поларитет на напоните добива матичната плочата и ќе ја зезнеш ;D.
HP, IBM и Fujitsu знаат вака да прават со нивните серверски напојувања. Намерно, се разбира ;), за да мораш да купиш напојување од нив во случај да се расипа старото ;).
Пробај на интернет да најдеш user manual од некое PC/сервер кој го има има користено ова напојување. Пребарувај само по модел, не и по производител. Delta произведуваа (можно е и уште да работат, не знам) се и сешто и најчесто беа подизведувачи за некои од големиве компании, така да, можно е да најдеш неколку различни уреди во кои се користело напојувањево. Симни ги сите и види дали во некое од нив наведува кој е распоредот на пиновите и кој пин за што е. Можно е и да е ATX, не AT, ама со некој custom конектор со кој знае каков распоред на пинови ;D.
Тие напојувања се одлични ;). Ако можеш да го проработиш, ќе ти трае долго време ;).
-
Дефинитивно не е компјутерско напојување:вакво нешто сум гледал во џубокси 8) Навистина,ова е некоја друга машинерија,а не РС напојување.Според конекторите и натписот старо е помеѓу 10-15 години,Не си ставил фото од плочката,можеби на неа пишува нешто/
-
Могуќе е да не е од пц воопшто.. може и да треба некој си побуден напон...ако нема на 220в.. едино да го отвориш да видиш што елементи има па да прајме комбинации...
-
Дефинитивно не е компјутерско напојување:вакво нешто сум гледал во џубокси 8) Навистина,ова е некоја друга машинерија,а не РС напојување.Според конекторите и натписот старо е помеѓу 10-15 години,Не си ставил фото од плочката,можеби на неа пишува нешто/
Од IBM сервер е ;). Еве што извади Google ако пребараш 52G4018 (Customer P/N).
http://www.ebay.com/itm/IBM-52G4018-380W-Power-Supply-for-7012-G40-G30-G02-Free-Warranty-pSeries-/271302966924?pt=US_Server_Power_Supplies&hash=item3f2aeabe8c
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Delta_IBM_52G4018_01.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Delta_IBM_52G4018_02.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Delta_IBM_52G4018_03.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Delta_IBM_52G4018_04.jpg)
-
Можеби е,ама исти таков сретнав одамна во еден оригинален англиски juxebox. ;D Тогаш дури се чудев,како стасал тука ваков уред ,ама испадна дека е оригинален дел. ???
-
Денеска пак го чепкав напојувањево малку, и сега кога ќе го вклучам во струја, релето лепи се слуша, не дува вентилаторот, ама нешто друго забележав дека одредени напони ги има, а некој ги нема, според мерењата. Денеска и го отворив целосно за да се види како изгледа внатре напојувањево.
ова е првата плочка, тука се прави од АЦ во ДЦ, овој дел целосно функционира.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/20141130_184915.jpg)
Овие слики се од деловите каде што се наоѓаат излезните контакти.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/20141130_184933.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/20141130_185641.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/20141130_185652.jpg)
-
а проба со оптоварување да го вклучиш?
-
премногу електроника, не е едноставно ко класичнве денешни....провери ги дуплите диоди.
Побуди го, стави отпорник(моќен) и мери
сигурно е од ко си бил мал напојувањево :D
-
Колеги ќе ве замолам за помош голема.Да ме охрабрите.Колеги се работи за торусен трансформатор два по 17 волти 100 вати примар 230 волти нормално двата секундара омски му се споени меѓу себе.Е сега колеги ни треба стабилен напон од плус минус 15 волти значи само 15 волти симетрично.Да ве прашам дали може 7815 да искористам ама ни треба наизменичен напон дали 7815 може на наизменичен напон да работи и дали за хладњакот на овој регулатор ќе треба лискун или не.Значи трафото има четири жици излази споени се меѓу себе ако уште еднаш ги спојам кусо и от тука извлечам извод маса ќе добијам ли симетрично напојување 17 волти па потоа во едната гранка ќе ставам7915 и во позитивната 7815.Прашањето ми е моќе ли вака тоест работат ли овие стабилизатори со наизменични чисти напони.И околу трафото да ми одговорите тоест шема ако има некој благодарам однапред ;) ;D :)
-
Не може, регулаторите 7815 и 7915 работат исклучиво на еднонасочен напон.
-
Ништо тоа со овој одговор се ми отиде во вода.А колеги ако го исправам напонот од 17 волти по 1,41-1,5 ќе добијам 22,47 волти така беше формулата нели или
-
А што ти всушност сакаш да добиеш и која ке биде намената??
-
Батка вака за појачало се работи работи се добро е него напојувањето.Треба трафо 2 по 15 волти значи симетрично и кога ќе се исправи скоро 20 волти се добивало.Е сега јас имам торусни 2 по 17 волти споени се меѓу себе секундарите.И имам друг торусен два по 28 волти 4 каблиња на излез споени секундарите меѓу себе нема да има проблем ако му шибнам единечно 2 по 28 волти до 44 волти единечно работи TDA2030.Прашањето ми е има ли врска кај торусен трансформатор омски што се споени двата секундара или. ??? 4 жици на излез ама омски сите се споени покажуваат отпорност.Што мислите вие.
-
Нацртај шема на излезите и отпорите меѓу нив и можеби ќе успееме некако да го извадиме тој напон..
-
Во даташитот за TDA2030 стои ,цитирам :*Typically it provides 14W output power (d = 0.5%) at 14V/4 ohms; at ± 14V or 28V, the guaranteed output power is 12W on a 4ohms load and 8W on a 8 ohms (DIN45500).* Значи,нема да има проблем да врзеш трафо 2x 17V.Стави грец 10А и два добри електролита од 4700 - 10.000 мФ на секоја гранка и стави ги ИК на доволно голем ладилник.Со среќа ! 8)
Споено мислење: 02.12.2014, Tuesday, 17:17:03
Ако не ме разбра- можеш да употребиш една гранка 17V со грец и електролит и да добиеш напон од 21-22V еднострано напојување со кој можеш да напојуваш TDA 2030 ,варијанта со еднострано напојување ( до 28V!).
-
Батка фала ќе користам единечно напојување.А можно е да донесам 28 волти наизменичен што значи преку 30 волти ДЦ напон се работи за TDA2030A издржува до 44 волти единечно напојување.Или симетрично 22 волти благодарам многу инаку. ;D ;D :D :)
http://www.st.com/web/en/resource/technical/document/datasheet/CD00000129.pdf
-
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/578998991.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/1797089841.jpg)
дечки, потребно ми е вакво торусно јадро но со поголем дијаметар...ова е 27мм, извадено од компјутерско напојување и не ми стигна за неколку навивки има 11, а ми требаат околу 16. Дали случајно ви се наоѓа феритно торусно јадро околу 35мм дијаметар? - доколку имате пишите порака да се договориме. :D
Дали можам да продолжам со мотање преку првиот ред? - Условите се:
Трафото е 1:1:1, служи галвански да одвои ИК од мосфети, и да го инвертира сигналот на едниот мосфет.
Во оригиналниот текст посебно е нагласено да се 2та секундари со обратно фазно поместување, затоа што ако се со исто 2та мосфети ќе се врзат во краток спој и ќе цркнат, и посебно е нагласено примарот да е во средина (во случајов плавата жица).
Конкретно се работи за плазма звучник. ;D
-
До 100 кхз може и каскадно јадро да ти позлужи, а може и во 2 слоја да го намоташ јадрото само да биде подеднакво распределени намотките.
-
@stiffy, според описот мислам дека ми е позната шемава, и мислам дека можеш да искористиш потенка жица за намотките, затоа што не е висока фрекфенцијата на работа на колото и нема да требаат многу јаки струи кон gate-овите на MOSFET-ите...
Претпоставувам сакаш да го изработиш овој проект: http://www.instructables.com/id/A-reliable-plasma-speaker/?ALLSTEPS
Проектот е одличен, признавам, но со иста ефикасност би можеле да воведиме само едно NE555 да ни ја брка целата работа, да го намалиме бројот на MOSFET-и и да добиеме коло со перформанси што многу малку отстапуваат од ова коло...
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/HSgItAJ.png)
Овде се користи Half Bridge топологијата, таа има свои предности, да, како прво, никогаш не о оптоваруваш напојувањето освен на почетокот кога кондензаторите се целосно испразнети. Тоа има предности, но и недостатоци, поголем број на MOSFET-и и кондензатори што резултира со поголема цена на проектот.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/QELJXdZ.png)
Во овој случај, за да не се трошиш многу за MOSFET-и и филтер кондензатори, можеш комотно да се потпреш на еден филтер 10 000uF и еден IRFP460 во flyback топологија. Би требало да можеш да го работиш од 3-6 часови во зависност од ладилникот, а ако вклучиш и некој кулер, може да работи бесконечно долго. ;) Исто така IRFP460 e за 500V, а IRFP250 е за 200V. (Ова ти го кажувам затоа што имам измерено 200V повратни шилци од трафо од телевизор со 8 примарни намоткa, затоа ти препорачувам мин. 300V MOSFET. ;) )
Ако имаш разгледувано осцилатори со 555, можеби си забележал дека петтиот пин не се користи или се врзува преку кондензатор на маса. всушност, тој петти пин, се нарекува и контролен пин- се користи за PWM на излезниот сигнал. За да се насочиш одприлика за ова, разгледај овде, овој дизајн со мали модификации го имам применето јас лично за на натпревар и работеше 3 часа без престан... ;)
http://www.instructables.com/id/Audio-modulated-flyback-transformer-driver/
Споено мислење: [time]08 Декември 2014, 20:30:33[/time]
Уште нешто- ако немаш доволно долго мртво време помеѓу вклучувањето и исклучувањето на двата MOSET-и, ќе си го краткоспоиш напојувањето и ќе ти спукаат FET-овите. Затоа не ти препорачувам Half-bridge...
-
@Киловолт, прво фала за исцрпното објаснување.
Прво, да...се работи за истиот проект што го спомна.
Околу жицата, тоа и планирав затоа што служи само за галвански да ги одвои па за сигнал може и многу тенка да се искористи. Во проектот беше наведена каква жица, но америчкиве ознаки не ги владеам, а не ни се трудам. Ќе искористам малку потенка лакирана жица, ќе добијам тука исто и на простор бидејќи лакот е потенок од пвц изолација. :D
Се работи за проект за матура, имав многу планови, еден по еден ги избив од мозок, некои поради недостаток на средства или др причини....На крај затоа што срамота е да браниш матура со „рулет“ или “ел. коцка“, настрана што сите очекуваат чуда од мене...случајно се решив на ова.
Ни од далеку не сум добро поткован како тебе (безразлика што си помлад) за “високонапонскиве“ области...никогаш не сум се посветил на тоа, затоа прифаќам совети.
Деловите се веќе купени, плочка нацртана, бредбордот склопен....сега уште се чека да го намотам јадрото и утре да земам каскада, т.е. каскадиште...така габаритна е, се надевам дека ќе добијам поголем лак од неа...ако не имам барем тоа на располагање можам да експериментирам со повеќе :D
Со мосфетите ќе експериментирам, затоа што веќе ги купив па ионака имам време на располагање, нека цркнат ќе ги смениме, кешки тие да се најслабата алка. :P
Главно напишав во темава со надеж да се јави некој да рече “јас имам јадро, ќе ти шитнам“...немав таква среќа, но сепак некој од советиве твои сигурно ќе послужи, а и со јадрото го решив проблемот ;D
Ако имам проблем, тебе те барам ;)
-
@KiloVolt: Вака по муабетов,да не познаваш некој професор во Индустриско ....
-
@Otpor, учам во индустриско... ;)
@stiffy, не знаев дека ја имаш плочката, но ако веќе ја имаш, штета е да не пробаш... ;) Како и да е, ти посакувам среќа во реализацијата на проектот.... ;)
Споено мислење: 09.12.2014, Tuesday, 21:26:28
но америчкиве ознаки не ги владеам, а не ни се трудам.
Затоа постои интернет, имаш еден куп табели од AWG и SWG во mm дијаметар... ;)
Се работи за проект за матура, имав многу планови, еден по еден ги избив од мозок, некои поради недостаток на средства или др причини....На крај затоа што срамота е да браниш матура со „рулет“ или “ел. коцка“, настрана што сите очекуваат чуда од мене...случајно се решив на ова.
Ако успееш да го направиш, а се надевам дека ќе го направиш, ќе забележиш колку погледи привлекува вакво нешто... Одличен проект си одбрал, дефинитивно е несекојдневно... ;D
Деловите се веќе купени, плочка нацртана, бредбордот склопен....сега уште се чека да го намотам јадрото и утре да земам каскада, т.е. каскадиште...така габаритна е, се надевам дека ќе добијам поголем лак од неа...ако не имам барем тоа на располагање можам да експериментирам со повеќе.
Без резерва не ни пробувај, и уште еден совет- Не го користи внатрешниот примар, намотај свој затоа што не ја ни знаеш неговата дебелина, ниту пак бројот на намотки, а и лесно прегорува (препорачливо е и намерно да ги/го прегориш за да не ти прави проблеми ;) ) . Мој совет- мотај свој затоа што "што е сигурно, сигурно е". За почеток намотај 15-20 навивки па намалувај и како ќе добиеш најдобар перформанс така терај.
Со мосфетите ќе експериментирам, затоа што веќе ги купив па ионака имам време на располагање, нека цркнат ќе ги смениме, кешки тие да се најслабата алка.
Гледај да не цркнат, допирај заземјување кога работиш со нив... Јас имам над 1000ден. дадено за фетови кои ненамерно сум ги пробил. За тоа BJT се незаменливи, греат повеќе но тоа е тоа, но знаеш како велат: "Убавата девојка бара и галење и мазење"... ;D
-
ААА киловолт е ова е добар и прецизен одговор браво.Колеги едно прашање појачало вградено во дрвена кутија има отпорник кој оди на маса имам и еден кабел од трансформаторот кој ми оди на маса тоест на заземјувањето од напонскиот кабел.Џековите и потенциометарот за регулација на гласот ке ги поврзам со оклопен аудио кабел увртен нормално.Уште некој совет имате ли дали е ова добро што мислите вие како поискусни ;D :)
-
Не е баш многу јасно што сакаш или имаш направено.Земи просто нацртај ,макар во пеинтот! Во дрвена кутија појачувачот е најдобро да биде поставен на метална суб-шасија и да се умаси по сите правила. Сепак правила 100% нема,туку треба да се проба од случај до случај!
-
Гледај да не цркнат, допирај заземјување кога работиш со нив... Јас имам над 1000ден. дадено за фетови кои ненамерно сум ги пробил. За тоа BJT се незаменливи, греат повеќе но тоа е тоа, но знаеш како велат:
За свичинг апликации фетовите се е од господ дар, едино ако се работи за ептен високи фрекфенции.
-
Баш за тие високите фрекфенции, за нив се употребуваат мосфети...и наједноставните можат номинално да работат на многу висока фрекфенција.
Додека биполарните си имаат свои позитивни страни. :D
-
мосфетите се користат најчесто до 100кхз натака биполарни....
-
Сите си имаат свои предности и недостатоци.
Недостаток на MOSFET-ите им е што за да работат на големи фрекфенции потребни се големи импулсни струи за да го полнат капацитетот на гејтот. Друг недостаток им е што се ултра-осетливи на ESD.
Предност им е големата дозволена дисипација и големите моќности со кои можат да се справат со минимално загревање.
Недостаток на BJT им е што многу загреваат и за пропуштање на големи струи од колектор во емитер, им е потребна помала, но сепак голема струја од база во емитер (за NPN). Тоа ги прави бескорисни кога се работи за контрола на големи струи поради тоа што јаките биполарни транзистори најчесто имаат многу мал коефициент на струјно засилување Hfe.
Предности на биполарните транзистори се тоа што можат да работат на многу високи фрекфенции без разлика на струјата или напонот на базата. Исто така лесно се справуваат со ESD (до одредена вредност).
Заради овие предности и недостатоци постојат IGBT што се незаменливи и од двете страни, но и посолени... ;)
Споено мислење: 11.12.2014, Thursday, 20:53:43
мосфетите се користат најчесто до 100кхз натака биполарни....
Моќен MOSFET можеш да тераш и до 10MHz со доволно јаки импулсни струи на гејтот...
-
Фрекфенцијата кај мосфетите најчесто зависи од тоа колку брзо може да се полни и празни т.н кондезатор кој што се создава помегу гејтот и каналот. Струјата нема некое големо значење. Дисипацијата најчесто зависи од пакувањето а не од самиот вид на транзистор, минималното загревање е поради тоа што најчесто се користат во свичинг апликации. за засилувачи во А класа и те како греат.
напротив биполарните се исто така добри за контролирање на големи струи само што имаат малку помала ефикасност бидејки струјата ја составуваат два типа на носители.
Предности на биполарните транзистори се тоа што можат да работат на многу високи фрекфенции без разлика на струјата или напонот на базата
Е како сега еднаш велиш има требало многу струја на база, после не и требало ??? финтата со мосфетите е дека имаат изолирана електрода за управување и не има треба многу голема струја, се управуваат со напонот не струјата.
Иначе да можеш да тераш мосфет на 10мхз али каде си сретнал ти таков уред ?
-
Поентата е како што кажа унгоргивен во капацитетот и во рековери тајмот, кај мосфетите е мноогу полош за разлика од бип. Без разлика на јачината на струјата на портата и насоката, фетот може да остане отворен после некое време и ако треба да затвори т.е. да премине во отворено коло.
Колектроската сруја кај бип. пранз влијае драстично на базната струја, додека кај фетовите струјата на гејтот е независна од струјата на дрејнот или сорсот.
-
Фрекфенцијата кај мосфетите најчесто зависи од тоа колку брзо може да се полни и празни т.н кондезатор кој што се создава помегу гејтот и каналот. Струјата нема некое големо значење.
Па за да го полниш и празниш тој капацитет толку брзо за да одиш во MHz ти требаат и јаки струи, нели? ;)
Дисипацијата најчесто зависи од пакувањето а не од самиот вид на транзистор, минималното загревање е поради тоа што најчесто се користат во свичинг апликации. за засилувачи во А класа и те како греат.
Да точно, зависи и од пакувањето на транзисторот не го негирав тоа но зборот ми беше дека се поефикасни. А за во линеарен режим да не зборуваме, отпорот им е голем и греат леле мајко. ;D
Е како сега еднаш велиш има требало многу струја на база, после не и требало ??? финтата со мосфетите е дека имаат изолирана електрода за управување и не има треба многу голема струја, се управуваат со напонот не струјата.
Сакав да кажам дека максималната фрекфенција на биполарните транзистори не е одредена од базната (контролна) струја...
Иначе да можеш да тераш мосфет на 10мхз али каде си сретнал ти таков уред ?
https://www.youtube.com/watch?v=8zxwj3iCoHM
-
Па за да го полниш и празниш тој капацитет толку брзо за да одиш во MHz ти требаат и јаки струи, нели?
Струјата нема врска со времето на полнење на кондезаторот, иако тоа изгледа како најлогично ;) напротив секој кондезатор си има одредено време на полнење и празнење, иако струјата е многу голема тој нема да може да ја прифати целата и само ке се наполни онолку колку што течело струја, пример ако тој се полни за 5 секунди а струја течела само 1 секунда ке се наполни некаде околу 60% бидејки е по експонецијален закон. полнењето најчесто се дефинира со временска константа и се зема од 3 до 5 временски константи истото важи и за празнењето освен ако не се краткоспои кондезаторот.
Да точно, зависи и од пакувањето на транзисторот не го негирав тоа но зборот ми беше дека се поефикасни. А за во линеарен режим да не зборуваме, отпорот им е голем и греат леле мајко.
Да тоа е точно, бидејки кај ниг нема пад на напон, бидејки се движат само низ еден канал нема ПН спој низ кој ке протекува струјата, воглавном затоа. Статичките к-ки се тука некаде и на двата типа така да се јавува доста голем отпор и кај биполарните и кај униполарните.
Сакав да кажам дека максималната фрекфенција на биполарните транзистори не е одредена од базната (контролна) струја.
Во принцип зависи бидејки со зголемувањето на фрекфенцијата се намалува засилувањето а со тоа за иста колекторска струја треба да се има поголема базна струја ;)
Инаку ова видеово како што видов е од некој осцилатор ама каков не видов, али ми изгледа само како proof of concept... :)
-
Видеото што го постираше Киловолт што ли е плазма звучник ли е што ли е или да има и осцилатор во колото сигурно е од некој од хартлиевите тие можат мосфет да имаат но не може да се добие некоја висока фреквенција ако е осцилатор затоа за осцилатори најчесто се користат само биполарни транзистори и во ВФ техниката незаменлив е колпиц осцилаторот тука не спорно е дека се користат стрикно биполарни транзистори за кај предаватели.А киловолт што чудо е ова.Може да кажеш пошто слабо се интересирам за ова. ;D ;D 8).А немора еве ја шемата сека е појасно кога ја имаме и шемата:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/10mhz.png)
Интересно во секој случај.
Па за да го полниш и празниш тој капацитет толку брзо за да одиш во MHz ти требаат и јаки струи, нели? Шмекерко
Убаво подоле објасни Unforgiven струјата не игра никаква улога никаква тука.Добро го објасни тоа со полнењето и временската константа тау.Така е за да се наполни тој капацитет помеѓу гејтот и каналот може да биде со вграден канал или со индуциран канал струјата тука не игра никаква улога скоро.Затоа се вели фетовите се напонски управувани елементи а биполарните струјно управувани.
Да точно, зависи и од пакувањето на транзисторот не го негирав тоа но зборот ми беше дека се поефикасни. А за во линеарен режим да не зборуваме, отпорот им е голем и греат леле мајко. Зеленко
Ова е точно така е ;) 8).Но за тоа претходно еве сега сигурно се разбравме.Убаво кажа и Unforgiven тука. ;D ;D
-
Струјата нема врска со времето на полнење на кондезаторот, иако тоа изгледа како најлогично
Е тука си во грешка, еве ти пример што можеш и самиот да го пробаш:
-Земи некој електролит 10-100uF и полни го со константен напон (околу 9V) преку два отпорници, пример едниот 47к другиот 1к. Отпорникот ја ограничува струјата- преку кој отпорник мислиш дека кондензаторот ќе се наполни побрзо?
-
Размисли убаво! кога низ некој отпорник протекува струја, се создава пад на напон на неговите краеви. Отпорникот не ја ограничува струјата, туку само прави пад на напон. Кога на почетокот кондезаторот почнува да се полни тој повлекува најголема струја а со тоа и падот на напонот кај отпорникот ке биде најголем, нели U=IR, па кај оној од 47к падот на напон ке е поголем. Со текот на полнењето струјата ке се намалува пропрционално и падот на напон. Па така кај оној отпроник со 4.7к кондезаторот побрзо ке го достигне напонот на изворот. Исто временската констаната кај оној со 47к е поголема бидејки (http://upload.wikimedia.org/math/a/4/6/a46f9dcf564bebc67c377f985203d301.png)
-
Е токму така само времето на полнење ќе биде или поголемо или помало затоа се вика временска константа тау и е еднаква на производот на отпорникот по кондензаторот.Која година си ако си прва сеуште не си го учел се учи кај насочувачите во втора првпат и таму се објаснува се убаво и ќе ти се разјасни што како.Истата константа после се спомнува кај демодулатор на КАМ сигнал.Или диоден демодулатор за АМ радиото тој користи КАМ сигнал.Битно да се каже тука струјата не игра улога.
-
@Unforgiven, убаво објасни, сега сваќам дека било малку посложено од колку што мислев, но како и да е ми се разјасни... ;)
Која година си ако си прва сеуште не си го учел се учи кај насочувачите во втора првпат и таму се објаснува се убаво и ќе ти се разјасни што како.
@nsu, Прва сум... ;)
Да @nsu, ова ти е резонантен трансформатор со поврзани примар и секундар, поврзан слично како кај оние автотрансформатори (VARIAС-и) што со подесување даваат променлив наизменичен напон 0-230VAC... Но овој трансформатор е резонантен, и користи осцилатор (да, хартлиев ;) ) што го побудува на неговата резонантна фрекфенција. Во овој случај дел од кондензаторите во оригиналниот хартлиев осцилатор се заменети со паразитските капацитети на MOSFET-от... ;)
-
Има има време киловолт за твои години си топ каков топ хаубица.Доста знаеш еј.Продолжи така знам деца што се четврта година а не знаат што е осцилатор.
Да @nsu, ова ти е резонантен трансформатор со поврзани примар и секундар, поврзан слично како кај оние автотрансформатори (VARIAС-и) што со подесување даваат променлив наизменичен напон 0-230VAC... Но овој трансформатор е резонантен, и користи осцилатор (да, хартлиев Шмекерко ) што го побудува на неговата резонантна фрекфенција. Во овој случај дел од кондензаторите во оригиналниот хартлиев осцилатор се заменети со паразитските капацитети на MOSFET-от... Шмекерко
Не ми се верува дека погодив дека е хартлиев осцилатор еј навлеков у осцилатори полека добро е.Киловолт одлично како ќе учиш полека ќе ти се разјаснува.Знам луѓе кои се четврта а незнаат за ова.Продолжи така ;D :) :)
-
Дечки, имам транзистор кој е хибрид меѓу биполарен и мосфет. Се работи за HGTG20N60C3D....тој е N-канален транзистор со изолирана база т.е. Емитер, Колектор и Гејт.
http://html.alldatasheet.com/html-pdf/52771/FAIRCHILD/HGTG20N60C3D/411/1/HGTG20N60C3D.html
Еве даташит од истиот. Ме интересира како да го проверам дали е исправен, покажува само 0.45V во една насока меѓу емитер и колектор (има диода). Освен то не се појавува ништо. Нема физички знаци кои би укажувале дека е изгорен или слично.
Дали освен овој PN спој треба нешто друго да покаже при мерење или исправен е?
;D
-
Освен тој PN спој не треба ништо да покаже... ;) Сепак ти провери стави напон на гејт и мери отпор од колектор до емитер... ;)
-
направи некое просто колце со лед диода и 2 отпорника и пробај го дали функционира како што треба...
-
овај вид на хибриди е познат како игбт, мозе да остане поларизиран некое врееме по отварањето...
-
Знаете дека правев засилувач досега пееше.Знаете дека е со тда 2030.Имам два клучни проблеми се напојуваат и двата канала на 17 волти единечен напон 4 амперските грецови почнуваат да греат.Ај од понеделник ќе му ставам не 6 амперски туку 8 или 10 ампери веќе незнам што колкави авторот вели не треба да влече поголема струја од 2 ампери до 2,5 ампери а 4 амперски грец до крај веќе и грее превише а ипри крај пуштен потенциометарот грее .Совет колкави да ставам.И сега има шум не е некој голем но има шумење не е ни мал дали има врска што не ми е во метална кутија засилувачот и што за проба НФ кабелот не е оклопен туку обичен НФ кабел е. ;) ;D.Ќе ве замолам ако знаете да ми одговорите.Се работи за шемата во емитер број 5 2009 година. :).Во шемата вели дека после грецот да се стават два електролита 2по 2200 микро фаради.Доволно е тоа нема врска со брумот од трафото или.Вели дека едниот може да е 4700 микро фаради подобро е така или. ??? .Го направив во дрвена кутија засилувачот изгледа згрешив.По добро умасува метал како кај предавателите кои ги правам во метална нормално.
-
Врзи во серија амперметар и види колкава струја влече засилувачот.
-
2.08 Ампери со РМС волтметар Флук од еден пријател.A 4,51 ампери кога е до крај потенциометарот затоа еј
Гига фала ти бре не ми текна постапуваш по правилото.Ма ќе му шибнам 35 амперски грецови што го вртам ни да грее ни ништо.И по грубата пресметка 2000 микро фаради за еден ампер така да ќе му шибнам два по 4700 микрофаради ќе добијам 9400 микро фаради по гранка треба да му е доста нели.Да не ставам поише или :D ;).Што ако идам со повише подобро или леле се надевам дека брумот ќе го нема онака мава брррррм. ;D ;D ;D ;D ;D
-
Мораш и влезот да го оклопиш и да го умасиш појачувачот.Без тоа ништо,брум ке имаш ,макар 100.000 мФ да ставиш. 8)
-
Ок во секој случај ќе ставам 10000 микро фаради.Него пошто ми е дрвена кутијата како ќе го умасам никако. :( :(.А влезот да со оклопен кабел ќе иде. ;) Доста ли се 10000 микрофаради за 4,51 ампери што мислиш ти батка.Може со поголеми електролити ќе се намали брумот но за умасување треба метална кутија нели.А тоа е спас. ;D :).Ако може уште едно мислење за ова што го напишав ако не е умасен знам дека нема потполно да се тргне брумот. 8)
-
Ако нема друго решение ( имаш направено дрвена кутија),направи си таканаречена субшасија ( види некое старо радио во дрвена кутија! ;D). И влезните приклучоци и потенциометрите,ладилниците,трафото итн. мора да имаат заедничка маса ,која ке биде масивна метална површина ( што поголема).За електролитот - во ред е,а 4,51 А осигурач не знам каде ке најдеш ( токму таа вредност!) 8)
-
Ако нема друго решение ( имаш направено дрвена кутија),направи си таканаречена субшасија ( види некое старо радио во дрвена кутија! ;D). И влезните приклучоци и потенциометрите,ладилниците,трафото итн. мора да имаат заедничка маса ,која ке биде масивна метална површина ( што поголема).За електролитот - во ред е,а 4,51 А осигурач не знам каде ке најдеш ( токму таа вредност!) 8)
Е фала батка видов како да изведам заземјување во дрвена кутија фала ти многу.Електролитот супер е нели.А зошто ќе треба осигурач.Само еден ќе ми треба на примарот таму струјата е помала ќе измерам колку влече примарот инаку.Зошто на секундарнта страна да поставувам осигурач.Колку што знам не треба или.Благодарам уште еднаш за предлогот околу кутијата.Ќе ставам метална шипка ваљда ќе се среди се.
-
Дали некој знае кои кодови од далечинско SUPERTEL се користат за Sanyo TV ( CE 28T6 -c) ?
-
На овва страница ги имаш за повежето модели на SANYO, види, можеби и твојот модел го има на листата... ;)
http://www.eliztech.com/remotes/pilot/pcodes.php?brand=sanyo
Споено мислење: 21.12.2014, Sunday, 20:26:54
(http://www.tp-link.com/resources/images/products/large/TL-WR741ND-02.jpg)
Колеги, имам ваков рутер, прегорен беше еден од интегалците и два кондензатори беа подуени, не вредеше да го поправам, па си реков штета за кутијата така да оди, а исто така се совпадна со големината на кутијата што ја барав са контролер на солид стејт теслино трафо... Замислата ми е да стојат тука контролите за duty cycle, работна фрекфенција, можеби и за аудио модулација и.т.н. ;D Е сега, замислата ми е да се поврзува со главната кутија (со MOSFET-от, напојувањето и останатата моќна електроника) со USB кабел со заземјен оклоп. А останатите пинови да бидат за напојувањата +12V, +5V, GND и Master output.
Е сега стасав и до проблемот, нели поради јакото електромагнетно поле теслиниот трансформатор предизвикува многу шум во сите проводници во негова близина, но оваа кутија е пластична, значи ќе и смета на управувачката електроника. Прашањето ми е како да ја оклопам и со што?
-
залепи алуминиумска фолија на внатрешноста и поврзи ја на маса ;) ;)
-
A наместо на маса да ја поврзам на оклопот на USB кабелот?
-
Благодарам,одговара code : 236.
-
Еве нешто за Киловолт мада он какви појаки шеми направи ова е глупост. ::) ;D ;D.Кој знае дали би работело но можно е има смисла.Ова би бил наједноставен теслин трансформатор. ;D ;D
http://www.electronics-lab.com/blog/?p=32119
-
Добра шема, но со самото тоа што има феритно јадро не влегува во дефиницијата на Теслин трансформатор.
Оваа шема многу ме потсеќа на шемата за Joule Thief, изгледа работи на сличен принцип...
-
Најдов една метална кутија ја скоцкав за појачалото.Е сега треба минусот од аудио минусот од напојувањето го напојувам со дц напон без трафо од стабилизатор и минусот од излезот за звучник да ги ставам на маса нели. ;D ;D.Значи се на маса тоест на кутија нели.Кутијата да биде како фарадеев кафез.Плочката ми е со дистанцери одвоена од кутијата.
-
Кутијата најдобро да биде заземјена, а масите од засилувачот да бидат поврзани со заземјувањето прегу грец или антипаралелно врзани диоди со паралелно додаден моќен отпорник 10-на ома, или пак место тоа можеш да ставиш помоќен НТЦ отпорник од 10-на ома.
Прочитај го овој одличен текст на Род Елиот, во него се опишани начините да ги одбегнеш проблемите со умасување и заземјување кај засилувачите:
http://sound.westhost.com/earthing.htm
-
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/IhDmlrn.png)
Дечки, на шемава имам осцилатор со CMOS NE555 кој осцилира во астабилен мод со променливи on/off времиња подесени од потенциометрите R4 и R5 (Фрекфенцијата се движи од ~30Hz до ~140kHz). Е сега, мене ми треба да го контролирам излезот на простиот осцилатор со Шмитов тригер. Всушност на излез на целиот склоп да добијам нешто како ова: П_П_П_П____П_П_П_П____П_П_П_П____. Имате некои идеи?
-
додади уште еден осцилатор :D, па кога тој вториот има I излез добиваш со П_П_П_, а кога е 0 едноставно го држи излезот на 0 :P
незнам колку ме разбираш :D
-
Не те разбрав добро, но најдов поинаков и попрост начин да го изведам тоа... ;)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/G1Na94C.png)
-
Кутијата најдобро да биде заземјена, а масите од засилувачот да бидат поврзани со заземјувањето прегу грец или антипаралелно врзани диоди со паралелно додаден моќен отпорник 10-на ома, или пак место тоа можеш да ставиш помоќен НТЦ отпорник од 10-на ома.
Прочитај го овој одличен текст на Род Елиот, во него се опишани начините да ги одбегнеш проблемите со умасување и заземјување кај засилувачите:
http://sound.westhost.com/earthing.htm
Lordzi друже фала го умасив појачалото од овие совети и сега е супер во кутија од компјутерско напојување.Задоволително 2*22 вати снага за низ дома супер е.Фала многу околу странава.Еј сеа пред нова година колку се мучев и зимање метална кутија го умасив како треба.Сега само што завршив со работа.Од радост што го нема шумот само до крај кога ќе го пуштам потенциометарот се осеќа малку поткручување.Но не го терам до крајно десно.Каков шум имаше сега ич нема онака си се слуша пријатно.Од радост испукав неколку електролити ;D ;D ;D ;D ;D ;D.Така се почнува со славење. ;)
-
Добро е @nsu, најважно е што тоа е твое дело и ти лично си го направил, тоа е мислам целата филозофија зад DIY електрониката, не е интересно ако е фабричко... ;D Сепак добро е, ја имам гледано таа шема, добро е што си се потрудил, ако си во можност стави и некое сликче... ;)
Дечки, гледате пред некој пост каква шема имав постирано, но еве како една идеја со уште помали загуби ми дојде ова...
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/XQcOeAt.png)
Еве и симулиран осцилограм, мислам дека брановата форма е задоволителна... Не се двоумете да дадете некои конструктивни критики, всушност и затоа го постирам ова... ;)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Iqo4qA5.png)
Споено мислење: [time]02 Јануари 2015, 21:18:34[/time]
П.С. Квадратниот бран навидум варира во фрекфенција, но тоа е поради пикселизација, игнорирајте го...
-
Колеги несакав да отварам нова тема се работи за проектна задача.За мене не е проблем си најдов на форумов нешто.Нешто од книга за факултет нешто од скриптиче мало.Некој симулатор најдов на нет за освен објаснување да биде и визуелно убаво.Иначе правев за амплитудна и фреквентна модулација онака 8).Е сега за еден другар он избра да прави за јавна телефонска мрежа старата аналогна.Значи се она аналогните централи што беа делот за дистрибуција трансмисија.И само малку од дигитализирањето треба да опфати поише аналогно ;D ;).Нели со импулсно кодна модулација кога почнало дигитализирањето на фиксната телефонија со временски мултиплекс рамка ова она.Повеќе да е како е организирана мрежата од телефоните до централа па ако треба до друга централа врска да се направи меѓу две централи.Нели тие си имаат хиерархија централите локална крајна транзиетна меѓународна главна.Порано било аналогно сега се дигитализирани се оди и преку интернет модеми VoIP.Но треба да се опфати организацијата дека првин било аналогно.Може слободно и за дигитална телефонија.Е сега најдовме на нет нешто и од книга една тоест од една скрипта, ама не е доволно малечка е.Има само малце ептен општо.Не ни треба нас којзнае какво навлегување онака по опширно само малце.Ако некој има да ни препорача еве на пример некоја англиска книга за организација на јавната фиксна телефонска мрежа да симнеме или нешто на српски.Или ако некој од факултет ако има скрипта некоја ако ви се нашло многу би му биле благодарни.Ќе се напише нели нормално нај позади користена литература.Не е премногу хитно но ви благодариме.Ви се заблагодарува и он.Секој совет или некоја ваша препорака е добродојдена.Многу ви благодариме. :) :)
-
Еве една тема на edaboard, има предложено некои книги ;).
http://www.edaboard.com/thread24357.html
-
Еве и од мене
-
Има нешто на англиски да добри книги гига.Најдовме нешто друго.И многу ти благодарам батка супер се еве за она првото во пдф баш убаво со мултиплексери свичери како оди се во PSTN фиксната дигитална.И она на српски интересно добро пишува околу аналогните.Ви благодарам уште ако има некој за централине хиерархијата локален сообраќај транзиетни како одат околу нив нешто.Инаку многу ви фала пријатели ;D :)
-
Уште една книга
-
Е браво бе батка сила си баш уште за тоа ни фалеше околу централите фала ти многу и на српски е да не се мачиш да преведуваш од англиски.Што е потешко од српски нели :D 8) ;D ;D. Супер е напишано баш тоа и ни требаше.
Кога им викам да се пријавуваат на форумов нејќат викам тоа ти е единственото бесплатно место за електроника.Каде ако имаш некоја мака може да се пожалиш ќе ти излезат во пресрет прави луѓе личности.Ви благодариме уште еднаш секогаш сте се нашле ;) :)
-
Па Форумот е наменет за помош и учење.Мило ми е ако некому помогнав.
-
Знаеме дека од секогаш најпознато е радиоаматерско подрачјето од 144 мегахерци до 146 мегахерци.Наједноставна антена што можеме да ја направиме е ламбда четврт.Тоест една метална шипка алуминиумска на пример или подебела жица залемена за жешкиот крај.Еве една поедноставна идеја но многу подобра и навистина работи.Работи подобро од една обична жица на жешкиот крај.Интересно е да не кажам смешно за изработка и многу лесно се прави не одзема време. ;D
2 Meter Coffee Can Antenna (http://www.youtube.com/watch?v=Vr7vSu1PBLw#ws)
-
Вака изгледа PIC16C505 отворен и сликан со фотоапарат:
(http://www.dumpt.com/img/files/stbrqrbxn3gwsbgtozqi_thumb.jpg) (http://www.dumpt.com/img/viewer.php?file=stbrqrbxn3gwsbgtozqi.jpg)
Слика со висок квалитет:
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/fc/PIC16C505-HD.jpg
Во овој микроконтролер има 20MHz процесор, RAM меморија, FLASH меморија, тајмер и уште неколку други нешта. Сакам да ве прашам дали тоа значи дека распоредот во интегралното коло може да биде вака на пример:
(http://www.dumpt.com/img/files/6hhh5s8u8omroroewuxx_thumb.jpg) (http://www.dumpt.com/img/viewer.php?file=6hhh5s8u8omroroewuxx.jpg)
-
Човеков е добар тестира се.Но што чудо е ова :o 8)
Easyjumper Starts V8 5L Merc ! (http://www.youtube.com/watch?v=I_pzljtJapE#ws)
-
Тоа е уред *5 во 1* 8). Полнач за мобилен и други *гаџети*,стартер за автомобил ако акумулаторот е слаб, електрична ламба за во камп итд. Колку е навистина ефикасен, долготраен и добар како уред,треба да се види.Не е добро се што се рекламира! ;D
-
Знам дека побарав шема за регулатор на напон еве една добра тема
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=538.0
Ме интересира доста е пет ампери но LM338 издржува пет ампери а има ли некој регулатор на напон TO-220 куќиште што може да издржи повеќе од 5 ампери со ладилник нормално.Тешко или :).Да гледав нема има и ТО-3 куќишта ама и тие се до 5 ампери.Доста е со ладилник до 5 ампера ќе влече 8)
Ме интересира уште пошто трафото ми дава 26 волти кога ќе го исправам нема ли да биде проблем пошто максималниот напон на LM338T e 32 волти.Ако е проблем а мислам дека ќе биде проблем вие што мислите.
Ако е проблем имам едно трафо 17 волти 100 вати дава 5 ампери без проблем.Ќе може ли со истите вредности на елементите или треба да се сменат мислам на исти вредности од темата по горе.Ваше мислење ;D :)
-
за што ти е ?
можда е поарно степ даун да направиш...
Споено мислење: 28.02.2015, Saturday, 03:16:07
DX-er да одприлика така е структурата, мегутоа предсекој процесор се наога АЛ единица што го полни тој процесор а пред неа рам. Ако станува збор за само една еднинка (едно од тие црните квадратчиња) искористеноста е 100% ама доаѓа до минимална искоисеност кога имаш 256 единици на пример, магистралата не може да го наполни доволно рамот, т.е. кеш-рам меморијата или само кеш, па потоа имаш губитоци во кеш-АЛУ преносот, па потоа до процесорот. Побарај термичка слика на максимално оптоварена графичка карта ќе ти стане појасно... се користи само некои 30-40%, кај што е црвено...
-
за што ти е ?
можда е поарно степ даун да направиш...
Абе имам повише трафоа 26 волти 22 волти 17 волти видов на линкот не би требало исти се вредностите добро е објаснето ќе пробам со 22 волти ќе го исправам и терај.Едноставна е шемата да видиме дали работи како што ја фалат. :)
-
Колеги, барам една услуга која во моментов би ми значела многу, дали некој добар човек од Прилеп има осцилоскоп и би бил доволно љубезен да ми дозволи да извршам кратки мерења со него, или некој да не знае каде можам да најдам таков човек?
-
После ова треба да очекуваме да пишеш "дали може некој девојката а и ја позајми"
???
-
Е што е толку чудно да барам услуга, ова што го барам никому не би наштетило...
-
Ако те носи пат накај Скопје имаш осцилоскоп на услуга од мене, пошто не верувам дека ќе одам за Прилеп во догледно време... ;)
-
Зависи што ќе мериш.... ако ти е за т.т. ти треба некој со влезен опсег од неколку мгегахерци што значи неколку илјади евра...
-
Зависи што ќе мериш.... ако ти е за т.т. ти треба некој со влезен опсег од неколку мгегахерци што значи неколку илјади евра...
E сега тро ја претера ;) Ц1-99....купен од Бг пред сигурно 15 г. за 400 ДМ,ама бадијала сега,енего ,,одмара,, :(
-
Ако те носи пат накај Скопје имаш осцилоскоп на услуга од мене, пошто не верувам дека ќе одам за Прилеп во догледно време... ;)
Ја ценам понудата, но немам можност да наминам... :-\
Зависи што ќе мериш.... ако ти е за т.т. ти треба некој со влезен опсег од неколку мгегахерци што значи неколку илјади евра...
На моето Т.Т. резонантната фрекфенција му е ~560kHz, значи и спор осцилоскоп би ми бркал работа...
Имаше на Ebay 10MHz осцилоскоп, цена- 40 евра без поштарина...
Ц1-99....купен од Бг пред сигурно 15 г. за 400 ДМ,ама бадијала сега,енего ,,одмара,, :(
Ако те зафркава некој дел, кажи, да побараме на Ebay...
-
Ни од далеку нема да заврши работа .... Ај рачунај еден шпиц каде што носечката фрекфенција е 560 кхз, која фрекфенција ја има шпицот?
-
Ц1-99....купен од Бг пред сигурно 15 г. за 400 ДМ,ама бадијала сега,енего ,,одмара,, :(
Ako te zafrkava nekoj del kazi, na ebay da pobarame... ;)
p.s. Od telefon sum, ke go popravam postot...
Па мене ич не ми текна,а толку време помина ;)
-
@Otpor, знам дека ти текнало, ама незнам колку упорно си барал... Кажи што дел е расипан можеби има некој по дома, и јас имам расклопувано еден куп старски работи од 50-тите, па се до денешницава, може ќе се најде нешто, а можеби и некој друг од форумов го има тој дел, од каде знаеш... ;)
-
Арно велиш ;)
-
Од што сакав на Отпор да му одговорам, заборавив да пишам дека се снајдов, класната моја (воедно и мој ментор) ми договорила со одговорните на "Микросам" да ми направат услуга со нивниот осцилоскоп, ќе наминам во Микросам некој од наредниве денови па ќе ве информирам што направив...
-
@Kilovolt:Немој дете толку да се мачиш,глеј го ти осцилоскопот во Микросам да не ти избега ;) :D :D
Ех бре деца....барем сте во едно креативни ::)
-
Ние децава ви го освежуваме форумов?
-
Констатираш или прашуваш??Со што го освежувате- со освежувач за WC?? :D :D
-
Измерив, и незнам што да мислам... на излез на осцилаторот имам нерамна синусоида, а на влез на транзисторите имам квадратен бран чијашто фрекфенција е фиксна, независно од положбата на потенциометарот, исто така квадратниот бран го нема на влезот на U2E, а го има на неговиот излез... незнам од каде може да доаѓа... ??? ??? ??? Инаку целото коло 74HC14 работи, кога на влез на секој од шесте Шмитови тригери донесам напон, тие го инвертираат...
Еве шема, па се надевам дека ќе најдиме решение, ако не најдиме, преминувам на друга топологија затоа што дадов премногу пари за да се откажам...
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/kCSBxzj.png)
-
ами транзистор што сакаш да даде.... клај зенерки пред трнанзисторите, и кондензатор база емитер мисалм се редеше колку што е капацитетот на базата на транзисторите.... Ако може зголеми го напонот на шмитовите. Не знам како ќе функционира али пробај.... Најарно прочитај нешто за шмитовите. И ако е оптоварен уредот нема да даде правоаголници, поготово не со намотка т..е индуктивитет....
-
Не сфати ти добро, шмитовите ги напојував со регулирано напојување, а дури и при нивниот максимален препорачан напон на напојување (6V) истата приказна. Транзисторите не беа оптоварени. Прочитав теорија на шмитовите, тоа е прво нешто што го правам пред да користам нешто. И друго, пред да пишеш нешто, види ја шемата дали има индуктивитет, јас ти пишувам дека имам конкретен проблем баш со оваа шема... ;)
-
...исто така квадратниот бран го нема на влезот на U2E, а го има на неговиот излез... незнам од каде може да доаѓа... ??? ??? ???
Нема логика. Ако Key A е отворен, двете кола се практично засебни. Во реална изведба, ќе има некое мало преслушување меѓу логичките кола, бидејќи се во исто куќиште, ама при симулација не би требало да се јави ова.
-
Еве шема, па се надевам дека ќе најдиме решение, ако не најдиме, преминувам на друга топологија затоа што дадов премногу пари за да се откажам...
Самиот си го кажа решението...инаку ќе речев дека е само на симулатор.И кога ќе купуваш од тоа тригерите гледај да бидат од постарите серии оти има разлика на ин-оут нивоата и нивната стабилност
-
Пробај со cmos серија, на пример со CD40106
-
Нема логика. Ако Key A е отворен, двете кола се практично засебни. Во реална изведба, ќе има некое мало преслушување меѓу логичките кола, бидејќи се во исто куќиште, ама при симулација не би требало да се јави ова.
Сигналот го има само кога Key A e отворен, кога е затворен го снемува, и мислам дека грешно се разбравме, не се работи за симулација...
Самиот си го кажа решението...
Епа најверојатно тоа и ќе го направам, неинвертирачка повратна спрега со антена... и некој да не знае од некој други компоненти како да направам неинвертирачки шмит, само ми треба шумот да го филтрира...
-
Сигналот го има само кога Key A e отворен, кога е затворен го снемува, и мислам дека грешно се разбравме, не се работи за симулација...
Ова се случува во реалната изведба?
-
Да, во реална изведба ова, патем, 5-6 пати детално ја проверив целата плочка- нема пропуст... :-\
-
Тргни го целиот дел од колото пред Key A види дали ќе се случува истото. Мора да има грешка, нема логика.
-
Логичките порти немаат мн логика...xD
-
Па испаѓа дека кога е Key A е поврзан со другиотдел од колото, "ги слуша" командите, а кога не е приклучен си осцилира, е сега, кога ја измерив фреквенцијата на осцилација се ми стана јасно- таа е 50Hz... ;D Испадна дека имам ставено мал филтер кондензатор на напојувањето од 5V, па кога ја измерив брановата форма на напонот на напојувањето се ми стана јасно... Вакво слично беше, сега пробав да го симулирам во Multisim за да ви ја покажам отприлика брановата форма што ја добив во реалност...
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/6STcDth.png)
Кога го зголемив филтерот 10 пати, се испегла напонот како што треба, самоосцилациите ги снема, но неможам да го наведам главниот осцилатор да осцилира, дури и кога ја откачив D3, пак не сака... Патем, се откажав од ова коло, ме уби, му здосадив на луѓето во Микрон, одам на друга топологија...
-
На грецот клј(стави) кондензатори 100 нано мислам беа, на секоја диода паралелно т.е. на секоја нога од грецот.... Борче мислам имаше некој ваков проблем со предавател....
-
Точно така...мада мислам дека има и некој друг проблем :)
-
Можеби Борче, сепак од некаде треба да се почне :)
-
Еве одприлика како би изгледала новата топологија, се вклучуваат сите напони, U2A нема напон на влез, затоа има напон на излез кон Q2, кој пак го заземјува излезот. Кога ќе се притисне накратко на тастерот S1, се прави напонски шилец што го исклучува U2A, кој што ги вклучува паралелните Шмитови тригери, се на се, се вклучува Q1. Со влкучување на Q1, се вклучува главниот контролен MOSFET (Тој дел од шемата не е прикажан овде...) кој прави краток пулс на примарот на теслиното трафо, тоа индуцира струја во секундарот кој пак создава електромагнетно поле околу него, тоа електромагнетно поле индуцира струја во антената, која пак го вклучува склопот и целиот процес се повторува, всушност, неинвертирачка повратна спрега... ;D
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/9vQVhAG.png)
Што мислите, добра е? Било какви критики се добредојдени...
-
Можеби не е место тука но нека му е среќен роденденот на Никола Тесла може на англиски но убави работи за него оваа е форум за електроника а тој е заслужен за електрониката да биде тоа што е денес првите основи за безжичниот пренос уште во тоа време еј бротчето негово електроника без засилувачки елементи 8) 8)
Happy Birthday, Nikola Tesla!
Born on July 10, 1856, in Smiljan (now Croatia), Nikola Tesla was a Serbian-American inventor, engineer and physicist. Tesla is most famously known for his contributions to thedesign of the modern alternating current electricity system.
Though he died poor in 1943, his reputation and inventions have caused a recent popular culture resurgence, where he's now being depicted in movies, graphic novels, music and video games.
In 1960, the General Conference on Weights and Measures introduced the term “tesla” to the International System of Units for the SI unit measure for magnetic field strength.
Here are 10 unusual facts about Nikola that you may not have known:
1. Tesla was an environmentalist
The inventor was concerned about people quickly consuming the Earth’s resources and was an advocate of renewable fuel. He researched methods of using natural energy from the ground and the sky to minimize the human impact of fossil fuel consumption. In fact, Tesla created artificial lightning in his own lab.
2. Tesla was born during a lightning storm
Quite fortuitously, Tesla was born during a particularly violent lightning storm. Reading this as a bad omen, the midwife asserted that this meant Tesla would be a “child of darkness.” Tesla’s mom, probably affronted by this woman’s assertion, immediately replied: “No. He will be a child of light.” Go, Tesla’s mom!
3. Tesla was a humanist
As a humanist, Tesla believed in improving the quality of human life but not for financial gains. And this is why, despite his many inventions and contributions to society, he died poor.
4. Tesla thought of wireless internet… in 1901
Tesla had an excellent imagination but didn’t put all of his ideas into practice. While developing transatlantic radio, he envisioned a system of collecting information, encoding it and broadcasting that information to a hand-held device – what we now have as mobile Internet on our phones. Tesla also imagined, but never created, the technology for radio astronomy, a particle beam "death ray," radar and X-rays.
5. Tesla had a strong capacity for memory
Tesla’s memory was eidetic, which means he could recall entire books and images in great detail. He allegedly used his potent imagination to temper the vivid nightmares he had as a child.
6. The U.S. Government has classified Tesla’s stuff
When Tesla died, the Office of Alien Property seized all of his possessions. It eventually released most of his possessions to his family, and a few items were donated to the Tesla Museum in Belgrade. Curiously, Tesla died in 1943, yet some of his personal documents still remain classified to this day by the U.S. Government.
7. Tesla may have had obsessive compulsive behavior and insomnia
Tesla claimed that he needed only two hours of sleep a night. But it’s unclear whether this was because he wanted to or because he actually couldn’t sleep any more than that.
Tesla was also obsessed with the number 3, and used 18 napkins (a number divisible by 3) to clean his dining room before eating his evening meals. He detested round objects, jewelry, and touching hair.
8. Edison and Tesla were not arch-nemeses
It would be delightful to imagine Edison and Tesla as bitter rivals, constantly one-upping each other with their latest inventions. However, in actual fact, they collaborated in designing direct current generators before Tesla quit to pursue his dream of the alternate current induction motor. Not enemies, just two sides of the same coin.
9. Tesla helped relieve renowned author Mark Twain of some… issues…
On his quest to create more efficient electricity, Tesla believed he had created an earthquake machine, which shook his building and his neighborhood in Manhattan whenever he conducted his experiments. He later found out that he had actually created a high frequency oscillator, where a piston beneath a platform built into his lab fluctuated quickly with movement.
Friends with the digestive-challenged Twain through their gentlemen’s club, Tesla invited him to stand on the platform while the oscillator was switched on. After 90 seconds, Twain quickly dashed off to void his bowels.
10. You can get free Wi-Fi from Tesla
An Indiegogo campaign was launched by web comic creator Matthew Inman to raise funds for The Tesla Science Center. Raising $1.37 million, which was matched by a grant from New York State, the Tesla Science Center was purchased in May 2013.
Possibly building on the astonishing results of this campaign, a separate crowdsourcing campaign was launched to create a seven-foot-tall statue of Tesla in Palo Alto, California, in May 2013. Raising $127,000 from 722 backers, the statue was erected in December 2013 with a time capsule and a Wi-Fi hotspot free for anyone to use.
-
дечки, место општ муабет ќе ви напрам бош муабет....како да напрам предзасилувач шо ќе за појачало за во кола. aux влезот е многу слаб ми треба да го засилам за во засилувач.
Пробав го изведив со два минијатурни засилувачи од по 1W со LM386 (мислам дека беше) ама го расипувам звукот и шум голем се јавува.
Имате некоја идеја со операциски или како било шо би успеала со солиден звук...значи не врвен, ама солиден? Имам идеја моментално, само дур не пробам незнам дали ќе е глупост или ќе измислам топла вода :P
-
http://xtronic.org/circuit/circuit-audio-pre-amplifier-integrated-circuit-lm358-dual-op-amp/
Јас со ова го имам решено, не е сјајно за квалитет ама брка работа, битно можиш да си го подесиш појачувањето
-
Мерев смд блок кондензатори, ми покажаа вредност од приближно 1 мили фарад.
Не сумн сретнал досега блок кондензатори со толкава вредност, дали ги има или моите инструменти не се исправни, или нас мерам грешка
-
брееееееј или блок кондензаторот ти е колку бетонски блок или инструментот ти забегава...
-
Мерев смд блок кондензатори, ми покажаа вредност од приближно 1 мили фарад.
Не сумн сретнал досега блок кондензатори со толкава вредност, дали ги има или моите инструменти не се исправни, или нас мерам грешка
Од 10-20uF редовно среќавам, а и се приметуваат на прв поглед, поголеми (повисоки) се од останатите, ама вредност од 1mF(1000uF) не сум сретнал досега, најверојатно ти забегува инструментот, знаеш колкави се димензиите на електролитите или тантал за вредности од стотина uF, замисли колакви би димензиите биле за 1mF... ;) Мада, кој знае, како иде напред техниката, може е стварно таа вредност ама за некој мал напон, 1.5-2V, дај ако можеш некоја слика од тој блок, да видиме димензии...
-
Има блок кондензатори и оф 4+ mF, и тоа за 600V. Само што се тешки по 4+ килограми од парче... ;D Еве во атачмент даташит од сетијата MKP6 на WIMA, тоа се кондензатори специјално направени за да ги заменат електролитите со релативно пониски вредности и се супериорни на нив, ама пак се многу скапи... (се работи за филм кондензатори)
А и тантал со толкава вредност би бил сигурно голем, дури и за премал напон.
Сликај па кажи ни, баш ме интересира како изгледа...
-
Повеке кондензатори се не е само еден, на матичната плоча на осцилоскоп tektronix tds524a, кондензатлрите се c3225 формат.
Мерев со metrahit 22s кој мери до 30000uf покажува надвор од опсег.
Мерев со Victor vc6030 кој мери до 30mf покажува околу 1mf.
Мерев и со uni-t ut60h кој мери до 40mf покажува околу 1mf
кондензатори со исти димензии на друга плоча покажуваат нормални вредности.
-
Аман бе... :o Напредоков на техникава изненадува... Толкави се кондензаторите од 10uF 25V (мислам дека беа за толкав напон) што ги имам.
-
Повеке кондензатори се не е само еден, на матичната плоча на осцилоскоп tektronix tds524a, кондензатлрите се c3225 формат.
Мерев со metrahit 22s кој мери до 30000uf покажува надвор од опсег.
Мерев со Victor vc6030 кој мери до 30mf покажува околу 1mf.
Мерев и со uni-t ut60h кој мери до 40mf покажува околу 1mf
кондензатори со исти димензии на друга плоча покажуваат нормални вредности.
Најверојатно кондензаторите се расипани. Неможе да има 1mf SMD конензатор :-)
Поздрав
-
1uF Capacitor Ceramic 50V SMD 0805
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/1uF_Capacitor_Ceramic_25V_SMD.jpg)
-
Кога сме веќе кај чудни електронски компоненти: еве кај мене во колекцијата еден повеќеслоен керамички кондензатор ;)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1715.0;attach=13433)
-
Повеке кондензатори се не е само еден, на матичната плоча на осцилоскоп tektronix tds524a, кондензатлрите се c3225 формат.
Мерев со metrahit 22s кој мери до 30000uf покажува надвор од опсег.
Мерев со Victor vc6030 кој мери до 30mf покажува околу 1mf.
Мерев и со uni-t ut60h кој мери до 40mf покажува околу 1mf
кондензатори со исти димензии на друга плоча покажуваат нормални вредности.
Најверојатно кондензаторите се расипани. Неможе да има 1mf SMD конензатор :-)
Поздрав
Има, и тоа тантал и обични смд електролити над неколку mF...
http://www.vishay.com/capacitors/capacitance-1mf-greater/surface-mount/
-
Јас имам ставано во некои дизајни до кај 10µF керамички 0805 смд кондензатори, тоа било најголемо што сум сретнал
-
Дечки, да не знае некој како да ја пресметам отпорноста на отпорникот во следната шема за да добијам излезен напон од 12V? Или можеби некој предлог за компактно безтрансформаторско напојување со 12V на излез. Благодарам однапред.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Simple_Lamp_Dimmer_Circuit.jpg)
-
Батка,очигледно си залутал на овој Форум ! ??? Ова шема е наменета за тиристорска регулација на потрошувач,во случајов напојување на греач со јачина 200W поврзан на 220V . Не знам од каде ти е идејата за 12V на излез и пресметување на некаков си отпорник??? Ова нема врска со безтрансформаторско напојување!! Има други шеми ( ставив порано една на Форумов!) ама таа е за регулација на примарот на трансформатор и со неа може да се регулира напонот на секундарот од 0 до максимум. Барај како *регулација на индуктивен товар со триак/тиристор*.
Споено мислење: 03.12.2015, Thursday, 14:23:03
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4219.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4219.0)
Eве го линкот до овој димер. 8)
-
Вака батка, нели димерот го менува напонот? И нели на излез се добива бранова форма што наликува на исечена синусоида? Во моментов ми треба најмалото можно напојување, па затоа барам безтрансформаторско. Друго, имав некоја идеја да поврзам тријак така што би се исклучил кога напонот на синусоидата на влез би достигнал одредено ниво, и тоа би било прилично компактно. Нешто слично на димерот, и јас после да го исправам и испеглам тој напон. Тој димерот за индуктивни товари го имам видено и планирам да го правам во иднина кога ќе ми треба регулација на трансформатор. ;)
-
Киловолт,мешаш баби и жаби :( Да не речеш дека јас сум лошиот и само те напаѓам,ке оставам некој да ти објасни понашиороко ( ако некој има желба!). :o Немам желба да се допишувам со километарски постови!!
-
Киловолт, еве ти еден предлог, само смени го колото со 12 волтната верзија:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11372.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11372.0)
-
Незнам батка, а и не реков никогаш дека си тој лошиот, немам ништо против критики. Незнам зошто мешам баби и жаби, со шемата што ја постирав се крати синусоидалниот влезен напон и се намалува ефективната вредност на напонот врз товарот зависно од позицијата на потенциометарот. Ако доволно го зголемиме отпорот, не само што ќе се намали ефективната вредност на напонот, исто така ќе се намали и максималната вредност на напонот врз потрошувачот. Со промената на отпорот на потенциометарот нели се менува фазната разлика помеѓу нултата точка на напонот и вклучувањето на тријакот. Мене целта ми беше тријакот да се вклучи во последниот дел од синусоидата, баш во моментот кога напонот ќе опадне до 13V, и да остане вклучен се додека напонот не опадне до нула. Така би добил излезен сигнал што наликува на кратки напонски шпицеви со максимална вредност од 13V. Тој напон потоа би го исправил и испеглал. Незнам дали се изјаснив добро, поправи ме во нешто ако грешам.
LordZi, незнам дали е доволно мало за мојава потреба, ќе пробам со компоненти поставени од двете страни да го склопам во Eagle, ако го бидува ќе го искористам. ;)
-
Колкава струја ти треба? Ако не ти треба цел ампер туку неколку десетини mA направи си вакво нешто:
(http://www.electroschematics.com/wp-content/uploads/2010/05/capacitor-power-supply.jpg)
-
Ех да имаше моќна варијанта на шемава... :-\
Потребни ми се 9W за целата електроника.
-
Тогаш првата варијанта.
-
Цитирам:
*Незнам зошто мешам баби и жаби, со шемата што ја постирав се крати синусоидалниот влезен напон и се намалува ефективната вредност на напонот врз товарот зависно од позицијата на потенциометарот. Ако доволно го зголемиме отпорот, не само што ќе се намали ефективната вредност на напонот, исто така ќе се намали и максималната вредност на напонот врз потрошувачот. Со промената на отпорот на потенциометарот нели се менува фазната разлика помеѓу нултата точка на напонот и вклучувањето на тријакот. Мене целта ми беше тријакот да се вклучи во последниот дел од синусоидата, баш во моментот кога напонот ќе опадне до 13V, и да остане вклучен се додека напонот не опадне до нула. Така би добил излезен сигнал што наликува на кратки напонски шпицеви со максимална вредност од 13V. Тој напон потоа би го исправил и испеглал. Незнам дали се изјаснив добро, поправи ме во нешто ако грешам.*
Немам намера да ти докажувам каде грешиш,ама ова е нешто како * перпетум мобиле*.Ако е така како што ти велиш ,трансформатори не би требало да постојат.Земаш 25А триак и и да си наместиш 12V 25А со отпорник и тераш. Може и да швајцуваш.Лордзи ти посочи две варијанти за безтрансформаторско напојување,а ти размислувај.Ама ,како останатите,а не да тераш по свое!
-
Незнам батка, а и не реков никогаш дека си тој лошиот, немам ништо против критики. Незнам зошто мешам баби и жаби, со шемата што ја постирав се крати синусоидалниот влезен напон и се намалува ефективната вредност на напонот врз товарот зависно од позицијата на потенциометарот. Ако доволно го зголемиме отпорот, не само што ќе се намали ефективната вредност на напонот, исто така ќе се намали и максималната вредност на напонот врз потрошувачот. Со промената на отпорот на потенциометарот нели се менува фазната разлика помеѓу нултата точка на напонот и вклучувањето на тријакот. Мене целта ми беше тријакот да се вклучи во последниот дел од синусоидата, баш во моментот кога напонот ќе опадне до 13V, и да остане вклучен се додека напонот не опадне до нула. Така би добил излезен сигнал што наликува на кратки напонски шпицеви со максимална вредност од 13V. Тој напон потоа би го исправил и испеглал. Незнам дали се изјаснив добро, поправи ме во нешто ако грешам.
ОК, вака веќе објаснето, идејата не ти е лоша. Се разбира, како што пиша, тој напон потоа треба да го исправиш и испеглаш.
Експериментирај, види дали ќе ти одговара вакво нешто. Стави некој помоќен грец на излез од димерот, два или три кондензатори во паралела од 400V (може од стари телевизори да извадиш) и мери излезен напон без товар. Кога ќе стигнеш до посакуваниот напон, оптовари го колото. 9W / 13V =~ 0.7A => R = 13V / 0.7A =~ 18Ohm. Значи, отпорникот (товарот) треба да биде 18Ohm, а моќноста, пожелно е да е дупло повеќе од 9W за да не прегрее брзо, значи барем 20W. Може прво да пробаш и со помал товар (100Ohm, па намалувај, да видиш како ќе се однесува колото). Мери струја, напон, намали ја вредноста на отпорникот (може да поставиш уште еден таков во паралела на истиот), види дали и колку ќе паѓа напонот, итн. Ако гледаш дека излезниот напон варира врз база на оптоварувањето, подеси го на поголем излезен напон (на пример, 20, 25V) и стави еден LM317 на излез, пресметај си ги отопрниците околу LM317 за 13V излезен напон и решен проблем ;).
Високонапонските кондензатори ги поставуваш само за тест проба, случајно да не изгори триакот или да не престане да работи колото, па напонот да рипне нагоре. Откако ќе си го наместиш потребниот напон, ќе си ставиш кондензатор со адекватен работен напон. Бидејќи работиш со безтрансформаторско напојување, сметај дупло од тоа што треба да добиеш како излезен напон (на пример, за 13V, кондензатор со 35V работен напон, за 20V, кондензатор со 50V работен напон, итн.).
Напомена: Работиш со висок напон, ПАЗИ ШТО ПРАВИШ И КАЈ ДОПИРАШ.
-
Немам намера да ти докажувам каде грешиш,ама ова е нешто како * перпетум мобиле*.Ако е така како што ти велиш ,трансформатори не би требало да постојат.Земаш 25А триак и и да си наместиш 12V 25А со отпорник и тераш. Може и да швајцуваш.Лордзи ти посочи две варијанти за безтрансформаторско напојување,а ти размислувај.Ама ,како останатите,а не да тераш по свое!
Батка, знам јас добро зошто постојат трансформатори, ова, како што го замислив би давало само кратки напонски шпицеви, значи ефективната вредност на напонот би била многу мала, а со тоа и ефективната вредност на струјата. Нема шанси да протечат 25А без да прегори осигурувачот.
Нема никаква изолација од влез кон излез.
Со намалување на напонот при иста моќност не се зголемува струјата, сепак максималната струја е 15А, како од секој нормален штекер.
Излезот на колово нема никаква врска со синусоида, тоа се наизменични напонски шпицеви со кои само чисто омски потрошувачи работат ефективно.
Дури и тој напон да се исправи и испегла, со коло што влечи поголема струја излезот би изгледал како пилест напон. Би имало премногу брум, затоа што филтер кондензаторите се полнат само од кратки напонски шпицеви.
Од друга страна, нормалните трансформатори ги имаат следните предности:
Имаат синусоида на излез
Со доволно намалување на напонот, ако секундарот е мотан со подебела жица, можеме да влечиме многу над 15A без да повлечиме примарна струја над тие 15A.
Многу се поефективни кога треба да се пегла напонот, наместо филтер кондензаторите да се полнат со напонски шпиц, што не гарантира дека кондензаторот ќе се наполни за време на неговото времетраење, тие се полнат со исправена синусоида.
Заклучок: Нема врска со бесконечна енергија и такви глупости.
Гига, незнам, при такво оптеретување најверојатно филтер кондензаторите ќе треба да бидат многу големи за излезот да не изгледа како пилест напон.
Најверојатно ќе одам со нешто како шемата од LordZi. Таа ми изгледа најдобро досега.
-
GigaWat теоријата и праксата кога се работи за триак не излегува еднакво добро.Прво,не знаеме каде и за што се наменети тие 9W,a тоа ќе го дознаеме веројатно на 7-мата страна од постовиве.Второ,безтрансформаторското напојување не е практично,ами и опасно на места каде е голема веројатноста од струен удар! Трето,друго е безтрансформаторското напојување, а друго е овој ексеримент на Киловолт.Формата како би се употребил димерот е само за индуктивни товари ( не омски!),а шема како тоа се прави веке ја дадов на линкот.Значи,најди било каков трафо кој на секундар дава некој напон бар 3В повизок напон и со димерот можеш да го контролираш примарот од 0-максимум!
-
Гига, незнам, при такво оптеретување најверојатно филтер кондензаторите ќе треба да бидат многу големи за излезот да не изгледа како пилест напон.
Најверојатно ќе одам со нешто како шемата од LordZi. Таа ми изгледа најдобро досега.
Паааа... треба да се проба... најверојатно подобар резултат ќе имаш со стабилизатор на излезот (како што пишав LM317), а на влезот да имаш за нешто повисок напон (20-25V).
ПС: Чисто како идеја, можеби можно е да преправиш некој полнач за мобилен телефон.
GigaWat теоријата и праксата кога се работи за триак не излегува еднакво добро.Прво,не знаеме каде и за што се наменети тие 9W,a тоа ќе го дознаеме веројатно на 7-мата страна од постовиве.Второ,безтрансформаторското напојување не е практично,ами и опасно на места каде е голема веројатноста од струен удар! Трето,друго е безтрансформаторското напојување, а друго е овој ексеримент на Киловолт.Формата како би се употребил димерот е само за индуктивни товари ( не омски!),а шема како тоа се прави веке ја дадов на линкот.Значи,најди било каков трафо кој на секундар дава некој напон бар 3В повизок напон и со димерот можеш да го контролираш примарот од 0-максимум!
Опцијата со трансформатор е дефинитивно најдобра, тука нема збор ;). И јас би ја искористил таа опција, не би сакал да ризикувам. Чисто реплицирам на идејата на KiloVolt, но, да бидам искрен, дури и да работи, не би го користел ова како перманентно решение. Се знае, не е за џабе измислено галванското одвојување ;).
-
Батка, незнам зошто не се разбираме. Не ми треба тој димер за индуктивни товари, нема да има директен индуктивен товар. Еве нема да биде шестата страна, од мене се бара да најдам начин да се направи индуктивен полнач на плочка 4*4cm и тоа да работи на мрежен напон и со SMD компоненти колку што е можно. Знам дека трансформатор е најдобра опција, ама немам каде да го сместам... :-\
Гига, ми дојде и мене идејата да искористам коло од полнач за телефон, ама мене ми треба скоро дупло, тие се направени за 5V 1A максимум..
-
Гига, ми дојде и мене идејата да искористам коло од полнач за телефон, ама мене ми треба скоро дупло, тие се направени за 5V 1A максимум..
Да го преправиш, не да го користиш таков каков што е ;). Избери некој полнач, види за кое SMPS IC станува збор (најчесто по едно имаат), од прилика прецртај ја шемата од ППК-то, не се прекомплицирани, види каков feedback користи, види дали може да го преправиш да работи на повисок напон и струја ;).
-
Ќе разгледам, не отпаѓа како опција. ;)
-
Киловолт, едно да знаеш - кога се почнува нешто да се прави,треба да се знае за што ке биде употребено.Јас не прочитав никаде каква намена ке има тој твој проект,ама едно не ми е јасно -прво имаш * нема да има директен индуктивен товар..* ,а потоа * од мене се бара да најдам начин да се направи индуктивен полнач на плочка 4*4cm и тоа да работи на мрежен неапон и со SMD компоненти колку што е можно.*. Дали го читаш она што го пишуваш?? Каков е тој индуктивен полнач?? Ама да не спориме бадијата - прави како што мислиш.А за полначите - порано телефоните се полнеа и со 7,5 /9/12V полначи,ама тоа време ти не си го фатил.Ги има купишта по пазарите..терај си како мислиш.
-
Вака, батка, димерот за индуктивни товари се користи кога димерот директно го гледа товарот како индуктивен, пример се трансформаторите и моторите. Во овој случај, димерот го напојува тој индуктивен товар преку грец, филтер кондензатори MOSFET-и и сериски блок кондензатори. Тој индуктивен товар е со индуктивност од околу 10mH, и не е ни приближно доволно голем колку индуктивноста на примарот на некое трафо. Точно батка, јас пишав како што кажа, и стојам на тоа, димерот не би го гледал полначот како значаен индуктивен товар поради работите што ги напоменав. За индуктивни полначи подетално прочитај тука:
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Inductive_charging
И друго, можеби не сум го фатил тоа време, но памтам кога полначите имаа трансформатори во нив. Исто така имам неколку полначи со излезен напон од 6, па и 12V.
-
Цитирам:
*Во овој случај, димерот го напојува тој индуктивен товар преку грец, филтер кондензатори MOSFET-и и сериски блок кондензатори. Тој индуктивен товар е со индуктивност од околу 10mH, и не е ни приближно доволно голем колку индуктивноста на примарот на некое трафо. Точно батка, јас пишав како што кажа, и стојам на тоа, димерот не би го гледал полначот како значаен индуктивен товар поради работите што ги напоменав.*
Киловолт,препишуваш некои работи и мислиш дека нешто ни објасни??
Што ти значи ова : димерот не би го гледал полначот како значаен индуктивен товар поради работите што ги напоменав.
Значи,ти постираше шема на димер со триак и ,ако добро разбрав, сакаше со некој отпорник за кој бараше пресметка,да направиш полнач и него го крсти како - од мене се бара да најдам начин да се направи индуктивен полнач на плочка 4*4cm и тоа да работи на мрежен неапон .
Сега ми велиш:димерот не би го гледал полначот како значаен индуктивен товар...
Да не должам многу - јас ставив погоре еден линк на димер за индуктивни товари и напишав дека може да се врзе на примарот на некој трансформатор и со него да се регулира напонот на секундарот од 0 до максимум.
Се уште не кажа за каква намена би бил овој фамозен полнач,со обзир дека знаеш дека неговата потрошувачка би била 9W.Ako e напонот фиксен 12V,тогаш јачината на струјата би била 0,75А.
Ако е големината проблем најди даташит од некое ИК кое директно се врзува на 220V и на излез дава 12V 1А.Ги има на .нет..
-
За која струја се работи во муабетов ?
И кој напон ти треба на другата страна од полначот, пробај со NFC полнач, инаку тие полначи кај телефоните се користат за дополнување а не целосно полнење оти прилично многу греат.
-
Батка, знам дека грешно се разбравме, не планирав само со промена на еден отпорник да направам индуктивен полнач. ;) Барав начин да добијам 12V и околу 1A од мрежен напон со тоа коло и уште неколку компоненти. Тоа би го користел како напојување за полначот, за него не постирав шема.
Намената на тој полнач е полнење на батерии кај телефони што имаат вградено коло за индуктивно полнење.
Devil, треба и за целосно полнење па таа идеја отпаѓа. :-\
-
можеш и со тоа целосно да го полниш само што иди малку поспоро и греее прилично базата (полначот)
-
Ама ќе биде сместено во мал простор и оклопено со пластика, нема да смее да грее многу... :-\
-
Добро е што после само три страни допишување разбравме за што се работи и што се бара.Во секој случај,за аматерски градби е подобро да направиш полнач со употреба на трансформатор,а ако е желбата да направиш нешто без трансформатор,тогаш е многу поевтино да си купиш за 100 денари некој половен полнач и да го прилагодиш да може да се користи за повеќе типови телефони со менување на кабел со утикачи или лежишта за повеќе типови батерии.
-
Ја искористив шемата на LordZi, и таа работи на некој сличен принцип, го прекинува напонот кога ќе достигне одредено ниво и така создава 40VDC, кои потоа се пеглаат, па се регулираат на 5V со регулаторот. Во суштина баш тоа што ми го предложи Гига во еден од минатите постови, само во малку поинаква варијанта. ;D
-
Колкава струја ти треба? Ако не ти треба цел ампер туку неколку десетини mA направи си вакво нешто:
(http://www.electroschematics.com/wp-content/uploads/2010/05/capacitor-power-supply.jpg)
Ако си ја искористил ова шема,тогаш да знаеш дека не може да добиеш 9W од неа ни на 12 ,а ни на 5V ! Oва е безтрансформаторско напојување кое дава неколку десетини mA во зависност од кондензаторот на влезот.
-
Не оваа, таа од линкот што ми го даде LordZi во првите постови... ;)
-
дали некој знае дали кај нас се продаваат напонски фиксни регулатори AMS1117 (за 5V) и како им е цената ?
-
Какво куќиште !
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/036835462.jpg)
-
http://www.amazon.com/AMS1117-3-3V-Voltage-Regulator-AMS1117-3-3V/dp/B00898NGL0
-
AMS1117 5 Low Dropout Voltage Regulator 5V 1A SOT-223
Исти се и LD1117
-
Може да ставиш и 7805 ако влезниот напон не е многу близок до 5V, не е проблем. Само да е над 8V и нема да има проблем ;).
-
Сакам да прашам дали е можно да се изведе некако регулација на брзина на DC мотор (работи на 24В) со помош на потенциометар, се работи за два мотори, еден од 350W и еден од 700W, побитно ми е дали ке мое да се направи нешто за тој од 700W. Друго прашање исто поврзано со DC мотор, исто сакам да му изведам регулација на брзина, ама тука станува збор за 5kv мотор, дали е можно некако да се направи?
-
PWM со 555 или некое друго коло...
-
немаше врска колото било кое што ке врши работа, ама најдов на нет нешто мислам дека ке врши работа
http://www.aliexpress.com/item/PWM-DC-Speed-Motor-Controller-12v-24v-36v-48v-40A-For-Brush-Motor-Control-0-100/32645752634.html?spm=2114.01010208.3.73.z83f2t&ws_ab_test=searchweb201556_9,searchweb201602_4_10017_10034_10021_507_10022_10020_10009_10008_10018_10019,searchweb201603_6&btsid=76449f4a-e994-44dc-bc1f-f0091d0d9107
-
Еве ти уште поевтин, плус со кутија ;).
http://www.ebay.com/itm/162036917097
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/PWM_DC_12-48V_40A.jpg)
А кај твојот, на почеток мислев дека е без PWM, чисто линеарна дека е контролата, но после го видов чипчето за PWM ;).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/PWM_DC_12-48V_40A_No_Case.jpg)
-
Разгледував и други што има, едно ме мачи дали навистина ќе издржува толку, зашто има малку транзистори дали ќе издржи 2кВ мотор ова што си го постирал?
-
КилоВолти (KV) или КилоВати (KW)? Ако е 2KW, сметај со обичен калкулатор 24V*40А=960W, така да, сигурно нема да издржи мотор од 2KW. Евентуално може да ги смениш MOSFET-ите или да додадеш уште во паралела (претпоставувам дека се MOSFET-и). По матични плочи ги имаш колку сакаш. На малку постари плочи, со P4 процесори, имаше 35V-ни MOSFET-и, одеа до кај 30, 40, 50A. Можеш со такви да ги смениш постоечките... или да додадеш во паралела на постоечките.
Исто така, сметај дека место кабли за врзување ќе ти требаат сајли... или евентуално повеќе потенки жици врзани во паралела, слично како кај SMPS напојувањата за PC. Освен тоа, ќе ти треба и SMPS исправувач кој на излез ќе дава 24V и барем 100A (пожелно е и повеќе).
-
не еве на пример ова ми одговара, мене ми треба за 700w мотор, што е добро ова, а за напојување мислам дека ке се користат акомулатори поголем број, ама незнам баш точно како ќе биде :)
-
Епа што му се мислиш тогаш, нарачај го ;).
-
Колеги под влезна чуствителност на аудиозасилувач спаѓа побудата на влез така гледам еден засилувач со влезна чуствителност 1.25V се мисли тоа дека нема да може да работи на стандарден влез од 0,5V ќе треба предзасилувач или грешам извинете ако грешам извинете што тресам зелени. Прашувам бидејќи разгледувам засилувачи. Специјалитет ми е ВФ техника знам што е чуствителност на радио приемник и теоретски и практично. Сум мерел чуствителност(осетливост правилно) со апаратура во сервис на разни радио станици. 2 микро волти да речеме кога станицата отвара кога ќе се вклучи и кога ќе се изгаси. Но за НФ појачала сум лаик знам како работат нешто малку сум прелемувал излезен степен но немам некое големо знаење околу ова затоа и прашувам. Благодарам однапред ;D
-
Осетливоста на НФ и ВФ не треба да се разгледуваат како едно те исто. Ако за влезот на еден НФ засилувач се каже дека е осетлив 1,5V ,тоа значи дека со тој напон на влезот појачувачот ке даде 100% декларирана RMS сила.Но,тоа не значи дека нема да работи и со 0,5V.Но ,со помала јачина! А кај ВФ влезот се работи за осетливост на приемникот - сигнали со таа (или над таа вредност!) го *отвораат*приемникот, ама под таа вредност може да слушаш само *шум* на прием ( или во некои случаи ,ако имаш уво - и сигнал).
-
Колеги сега не сум баш навлезен во проблематикава со звучнициве. Но ако некој би ми препорачал димензии на некоја звучна кутија да не ги затворам сега звучнициве во било каква кутија. Значи се работи за следниве звучници од стерео систем за во кола. Ќе ги драјвувам со 60 вати отприлика 55 нормално на едно стерео појачало 2x55W па препорачајте ми некоја едноставна кутија за нив ако знаете ако не ќе ги возиме така. Значи не ми треба некој бас нешто специјално да свират онака. Стандардна некоја кутија да речеме може и без отвор немора бас рефлекс само волуменска да ги затвориме само. Планираат дома да ги користаат. Еј во четврта година средно знаев имав цела скрипта со пресметки сум рачунал дури и сме правеле кутии на пракса не некој јаки но добри. Али ја изгубив скриптата и тоа е човечкиот мозок кога ќе ја напуштиш аудио техниката и електрониката се се заборава полека полека но сигурно 8), буквално се сум заборавил. Се бавам сега со друга област во електрониката.
Се работи за овие звучници
http://www.mudah.my/ORI+ROADSTAR+DRS+22+MARK+III+6+5+2+Way+Speaker-25756214.htm
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/2288347874.jpg)
Доколку некој знае некоја наејдноставна кутија за нив ќе му бидам благодарен нека даде димензии. Значи не барам истакнување некое не барам кој знае што басови бас рефлекс кутија прегради наједноставно нај просто. Значи не барам дво системска или тро системска звучна кутија него наједностано како скапанион сараунд звучник во кутија нека пее. Звучнициве се доста осетливи не ми требаат ни длабоки басови. Само да пее најобично. Се сум заборавил околу звучнициве еј барам литератури да се присетам просто срам ми е што ви го пишувам ова. :-[ :-[ Но малку да ја баталиш електрониката и сите знаења со години што си ги прибирал за година две не работење исчезнале, проблемите направиле да заборавиш се. Извинете што ви досадувам. И се најубаво на сите ;)
-
НСУ,си одбрал нешто евтино ,би рекол *најшкарт* и нема шанса овие звучници ни 5-6 вати да држат ,а не 2х55W. Ова порано,не знам дали и сега, се продаваше по пазарите и не вредат да се мачиш кутии да правиш.Најди си нешто подобро .Во било која кутија да ги ставиш нема да свират.
-
Епа тоа е батка дома сум моментално со два пионера елипси ама пионер си е пионер али 30 вати тераат и со појачалото вчера од Lordzi што го земав. Овие ги најдов онака дома и се израдував дека имам едно појачало 50 ватно страв ми е 30 вати пионерките да му ги лупнам на тивко само и си викам еве звучки таман 8) 8) 8) 8). Ако нема врска се изнасмеав викаш нема ни пет вати а епа вака ќе правиме ќе ги рокаме на појачало. Па до кога тераат тераат тоест ќе ги гориме. Може ќе направиме и клипче. ;D ;D ;D ;D Ќе биде јако викаш на 10 вати ќе прегорат баш ме интересира си има јас систем солиден за низ дома но си викам овие а тие стварно сега се распрашав од некој пазар земени а јас пак ги гледам 150 вати абе бриши една нула што викаат. Баш ќе ги тестирам. Да бе па и жицана тенка им е јас пак во кутија ќе ги ставам кога видов жицана од пионер 30 вати басот подебела од овие ;D ;D ;D ;D ;D ;D. Абе извинете што се избрукав јас не се разбирам и си викам леле 150 вати пишува а намоткана дебела влакно ;D ;D ;D ;D ;D ;D. Моментално сум само дома со 30 вати звучки али прави и сум задоволен за низ дома овие некој од кванташки биле па што имаат потреба да лажат толку бе 150 вати пиши 50 па пак е лага пиши 30 а не 150 да радуваат луѓе кратко како мене изгледа. Луѓе едит ги поврзав звучниците на пола снага од 55 ватното појачало на најтивко свират убаво на пола снага почнува да рипа и чури звучникот малце задимеа одма намалив за 25 секунди лелел еј тоа магнетчињата мали нивни жешки јајца да пржиш ;D ;D ;D ;D ;D ;D не се држат мембраните им ги зацрнев мирисаат гадно сега. Ај не ги горам да не си го упропастам појачалото. А може да се запалат јако клипче на нет ама да си расипеш појачало не ;D ;D ;D ;D ;D 8). Kолеги ај уште малце на шала да ви терам. Пишува на дотичните звучници Мark III Made in Кorea абе сега јас се двоумам вечерва која Кореа северна или јужна и решив да се пакувам и да одам да ги рекламирам во Пјонјанг или во Сеул прво ќе отидам во Пјонјанг кој знае може таму кај нив 10 вати се 150 вати се обратно друг систем други мерки други телевизии чуда. Ќе ве известам што сум направил. ;D ;D ;D ;D ;D ;D Не ми замерувајте онака ми дојде да се шалам вечерва ;D ;D
-
Овие ги најдов онака дома и се израдував дека имам едно појачало 50 ватно страв ми е 30 вати пионерките да му ги лупнам на тивко само и си викам еве звучки таман 8) 8) 8) 8).
Терај ги Pioneer-от, само не ги пуштај прејако ;). Овие што ги имаш земено, катастрофа се. Во што сакаш стави ги, само ќе дрнкаат. Од 50W, ни 5 немаат. Порано по пазарите ги имаше, обично постарите луѓе ги купуваа колку да им дрнка нешто во кола, колку да кажат дека имаат радио во колата ;D.
И не ги тестирај со тој засилувач, ќе го изгориш и засилувачот. STK немаат заштити од краток спој.
-
Човекот сам си кажа дека веќе ги зачурел звучниците,па нема веќе потреба никаде да ги врзува, само магнетите може да ги искористи за лечење и слични не-електронски дејства ;D ;D
-
Одличен нов клип од момциве. Се чека нивен клип со нестрпливост. Ова е стар трик кој и јас одамна сум го правел. Но повторно ме изненадија со нешто друго како и секогаш.
ПЛАЗМЕННЫЙ ШАР из ЛАМПЫ + 4 впечатляющих трюка в конце! (http://www.youtube.com/watch?v=35LKJGLc7-M#ws)
Во духот на претходното видео нешто што ме изненади беше само големата 1000 ватна сијалица што момциве од Kreosan ја покажаа. Но photonicinduction како по обичај веднаш прегоре две на два интересни начини. Како и секогаш најдобри клипчиња има на YouTube. Уживајте ;D ;D :D ;) :D
Until it Pops - 1000 Watt Lightbulb (http://www.youtube.com/watch?v=3DMUm5PZ0hU#ws)
-
Незнам дали тука беше местото за ова, ама имам еден проблем со диммер за столна ламба. Столната ламба е направен со димер со тријак како што се стандардните, само што тука плус има и на допир да реагира да се пали и гасни. Со едно стискање светнува малку, ако стиснеш уште еднаш повеке и третиот пак најјако, веке со четвртиот пат се гаси сијалицата. Проблемот е што изгоре тријакот, го сменив тријакот ама изгледа не било проблемот само до него :/ Има еден дел што надворено на излгед е како отпорник, а на плочката го пишува како осигурач. Него кога ке го ставам да стои на плочката, на Т1 од тријакот не стига напон, додека пак на другата зица кај што оди напонот е 0 волти, а таму треба со отпоникот од 2W да се намали напонот и со насочувачката диода и кондензаторите да се исправи и да дојде дц напон до чипот, но таму ништо не доаѓа :/ Втор случај, го вадам отпорникот ( или пак осигурач што и да е ) ставам обичен осигурач, до Т1 на тријакот стига напон од 220 волти, ама на отпорникот од 2W имам напон од 110 волти што е премногу затоа што кондензаторите после тој отпоник се на 50 волти, и почнува многу да грее тој отпоник. Во главном тоа се случува цело време, ако некој знае до што може да биде или било каква помош да даде ке биде супер :D еве неколку слики како изгледа плочката.
задниот дел
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/1611881167.jpg)
преден дел
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/222391430.jpg)
ова е делот што е и отпорник и осигурач
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/705955718.jpg)
-
Тој отпорник има мала вредност и нормално е да грее,бидејки е бестрансфторматорско напојување.Но ако прегрева може некоја зенерка за стабилизација да има и да е пробиена или кратко споена.Ретко само тријак гори ,па ако можеш шемирај ги деловите и мери,па ке дојдеш до грешката.Обично отпорникот на влезот е со блок во серија па смени ги нив и оди до диодите.Зенерката обично е 12-15 В ,но може и да има некоја која дава помал напон за чипот.Во екој случај тргни од тука.И не ставајте и на хост големи слики (800х400),реално е доволно 300х200 за побр стрим.
-
Еве според деловите што се искоритстени целосно иста шема, зенерката и во мојот случај е 6.8 волти и има две зенерки 1н4148, и другите делови горе доле се целосно исти, само тријакот е различен
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Touch_Dimmer_For_Lamps.jpg)
-
На твоите слики двата отпори се ралични и не се 40 К. На твојата слика тријакот не е BT 136 8) ??? Што имаш ставено?? Ти ли го замени или сликата е од друг уред? Провери дали имаш напон на зенерката 6,8 В, а двете 1н4148 не се зенерки! Провери и дали е добра 1н4007. Дали грее воопшто ИК?
-
Кај мене отпорникот од 2W e 43к, тријакот е bt131, иста функција врси со овој само различен е распоредот на пиновите. До зенерката не доаѓа воопшто никаков напон, како што кажав претходно кога ке е осигурачот со мала отпорност до 1н4007 доага 110 волти што не смее да се случи затоа што после неа има кондензатори кои работат на 50 волти. Значи дека нема 6.8 волти и не грее колото.
-
Не кажа дали си ја проверил исправноста на зенерката и другите диоди. Измери го и R1 1K и кондензаторот за пеглање. Ако е све тоа исправно тогаш останува дека IC не чини (не влече струја, за да падне доволно напонот на отпорот од 2 вати).
-
Колеги имам вакви звучници ги монтирав во кола кај другар што викате таман си е ќе си трпат радивце од 4x50W номинална снага на звучниците пишува 60W а максимална 160W. Ваше мислење викате добри се а купени се 1995 исто како русов на линкот не отпакувани му стоеле. А добри се еј во најлонче ми личат квалитетни да се и на тивко звучат добро.
http://olx.ua/obyavlenie/prodam-dinamiki-pioneer-tx-1623-IDh0SWk.html
Инаку имаме и вакви но ми личат да се лажни
http://www.ebay.com/itm/Vintage-Pioneer-Car-Speaker-TS-1611-30W-Max-6-5-Dual-Cone-Full-Eange-TS-A531P-/121950776997?nma=true&si=DVrfI6StUtarAHja8GHUnpy2Cpg%253D&orig_cvip=true&rt=nc&_trksid=p2047675.l2557
30 ватни вели дека се но слаби се и стари. 8)
-
nsu да не испадне пак батка става правила,ама не го дефинира прашањето добро: што сакаш да ти кажеме - дека се добри звучниците,иако не сме ги слушнале, или да дадеме оцена за *уметничка вредност од 1995 г* ?? :D :D Според мене ова се звучници за во кола (и само за вво кола!),а за друга намена,во некоја кутија - не ги бидува. Нека си ги слуша во кола другар ти додека не се распаднат. :D :D ;D
-
Не таман работа батка одлично значи викаш дека и не ги бива за во кутија . Вторите не се во лига ич ги фрливме. А првиве црниот пионер па батка не се лоши стоени чувани преку дваесет години што се вика некористени добри се не се лоши ги ставивме во кола па трпат 50 вати излез тоа сакав да прашам оти па пионер си игра играчка не им го сваќам она 60 вати номинална 160 вати макслимална моќност што има потреба од толку 60 вати номинална значи изгледа дека до 60 вати треба да тераат без проблем но не е баш така после подолга работа греат и на 60 вати 60 65 вати излез. На 40 вати одлично цел ден ќе тераат тестираав. Е батка што викаше ти не се верува на никој се додека сам не си тестираш па ни на пионер не се верува. ;D 8) :D. Нека ги вози во кола батка се разбравме одма знаеш што мислам сакав и за кутија да прашам али стварно не вреди. ;D
-
Мое мислење: во каква сакаш кутија стави ги, најдобро ќе звучат во кола ;). Ако веќе сте планирале во кутоја да ги ставате, ставете ги во било каква веќе изработена кутија (од некои други звучници), без разлика дали е компресиона, бас рефлекс, итн., нема да игра голема улога во крајниот резултатот (квалитетот на звукот). Кратко кажано „ќе дрнкаат“ ;)... добро сега, нема баш да биде „ќе дрнкаат“, сепак Pioneer се, ама нема да бидат нешто "WOW". Да речеме дека по квалитет на звук ќе бидат во класа не некое мини системче ;) (од оние „светлечкине електронски пријатели“ со VFD дисплеи на кои пишува "hello" и "goodbye" кога ќе ги пуштите или изгасите ;D, што ги произведуваа пред едно 15, 20 години), што и не е баш така лошо ;).
А за тоа 160W, тоа е peak power. Таа моќност може да ја тераат 30 секунди до минута... максимум... ништо повеќе од тоа, потоа ќе изгорат. Реално, не би ги товарел со повеќе од 30W RMS ;). Ако сакаш стави им и засилувач со 60W по канал, ама потенциоометарот за volume да не отиде на повеќе од 40% од скалата ;).
-
Дали некој има сретнато до сега контрола за ЦО2 апарат, ми треба кога ке стиснам на пиштоло да се пали моторчето да одмота жица и плус да се пушти гас од боцата. Доколку има некој сретнато вакво нешто или пак слично би било супер ;D
-
И биба струја добро познатата старата југословенска легенда Славиша од Пожаревац го раздрма во новото видео но некако доби и некои невкусни коментари од балканци нормално
Electrical Tricks of Biba Struja the Battery Man (http://www.youtube.com/watch?v=Lh6Ob1HFC6k#ws)
-
Дали некој има сретнато до сега контрола за ЦО2 апарат, ми треба кога ке стиснам на пиштоло да се пали моторчето да одмота жица и плус да се пушти гас од боцата. Доколку има некој сретнато вакво нешто или пак слично би било супер ;D
Во самата рачка има контакт, тој контакт го пали главното трафо, а од него преку пријак оди струја на моторчето. Од главното трафо исто така може да земиш побуда за вентилот за гас, а може и изводот за моторчето да го искористиш да погонува реле за вентилот.
-
Колеги прекрасен канал секоја недела зарек му е и некасни еве го и сега вторник објавува нови видеа прекрасни еве пример како се рчка како се со ентузијазам и мерак само на крај на секое вика stay creative and I will see you next time се хакнува не го држи место прекрасен канал има дечково еве сега нешто високонапонско за нова година
HACKED!: CCFL Inverter becomes an Arc Lighter? (http://www.youtube.com/watch?v=SK0p1PFiXI4#ws)
-
Дечки незнам дали е убо местово за темава...ама незнаев каде на др место да ја отворам.
Имам другарче шо има потреба од осцилоскоп....па се мисли меѓу неколку огласи. Дали би можеле да ми помогните да ми дајте ваши мислења, пошо појќе умој пубо можат да кажат.
https://www.olx.bg/ads/q-tektronix/
Скролните ако мојте на странава, од понудените до околу 200евра (400-450 лева) шо би било best buy.
Најмногу ќе се користи за аудиотехника, испитување на карактеристики на аудио засилувачи и сл.
-
Јас кога би купувал од страницава ова би земал
https://www.olx.bg/ad/ostsiloskop-impulsen-regulator-ID6HDZt.html#3d046207c5
или ова
https://www.olx.bg/ad/ostsiloskop-hantek-dso5102p-200mhz-ID6jzNY.html#3d046207c5
-
Дечки, кога се работи за транзистори од кој производител сте најзадоволни ?
-
Старите верзии беа одлични од било кој производител... пред се бидејќи не се произедуваа во Кина. Од новиве... што знам... нема правило, како ќе ти се погоди... само да не се no name... мада и тогаш знаат да се погодат.
Обично ставам постари транзистори, ако имам такви на располагање (или некој слични/адекватни) и гледам да избегнувам се што е произведено по 2000-та година. Иако овие компоненти се користени долги години, најчесто подобро си ја вршат функцијата од многу ганц нови. Кај полупроводниците (барем кај оние од постаро производство) најчесто важи правилото „ако работи во декларираните граници на работа, најверојатно ќе трае вечно“.
-
Фала за одговорот Гига. Иначе ме интерресира за транзисторите IRF кои се вака по квалитетни, дали Vishey, Michubishi или некој друг производител?
-
Сите нудат некое ниво на квалитет кое, барем според мене, ако се купени на ново, најчесто се гледа по цената. Компоненти од Vishay и Fairchild најчесто се употребуваат во комерцијални уреди, IRF ги има, ама поретко, а од Mitsubishi, веќе не верувам дека ќе начекаш некоја компонента во уред за комерцијална употреба... освен ако ептен нема замена за неа, па мора да ја стават неа. Претпоставувам од наведените, Mitsubishi би бил најдобар избор, ама и најскап најверојатно... затоа изгледа и се избегнуваат во комерцијални уреди.
-
Дечки, кога се работи за транзистори од кој производител сте најзадоволни ?
Транзистори за што? За генерализирано прашање - генералниот одговор би бил : „Од сите производители“ :-) Биди поспецифичен
-
Правен е повеќе шати муабетот за старите новите делови. Порано сосема други цели биле примарни, денес примарни цели се ефтина прооизводња, економичност и ефикасност (намалена потрошувачка ). Еден јсм 800 има термогена снага од 100 вати, потрошувачка од 375w и може да свири неколку години дљвајќи го максимумот без престан. Денес рингла/греалица човек не може да најде од 600w што ќе работи постојано подолхо од 2 месеци давајќи го максимумот. Изгледа постариве генерации сме навикнати на стариот квалитет па тешко дека ќе направиме уред кој нема да издржи краткотрајно оптоварување далеку поголемо од декларираното.
Е сега кај транзисторите, можеш да ја фатиш и кинеската што би рекол Гига: ако треба транзистор од 15а, стај од 30а или 2 транзистори паралелно и раат глата. Секако ова не проаѓа секаде, али кај ниско фрекфентните уреди во глобала проаѓа. Исто така кај пулсните сигнали добар бафер е и индуктивен елемент, или рц елемент ( шунт отпорник мислам се викаше ) кај пдредени аплимации...
-
Едно кратко прашање:
Што треба да направам за да направам мрежен трансформатор (1.5VA 230-16VAC) да влегува во заситување?
Ако не е возможно ова, ако може некој да ми каже како да направам трафо што лесно се заситува?
-
Пушти DC низ примарот или секундарот и ќе влезе во заситување... ;)
-
Али магнет појак клај му.
-
Ама немој многу долгло да тераш еднонасочен напон низ примарот или секундарот, ќе изгорат намотките.
-
Стави сериски и еден PTC. ;D
-
Ми треба за да се засити од наизменичен напон, а идејава од bicikle ми звучи добро искрено... Ќе пробам со неодимиумски магнети па ќе кажам.. ;)
-
Само пази ќе остане само термичкиот отпор, индуктивниот ќе се изгуби.
-
Што е тоа термички отпор? Ако мислиш „термички отпор“ = DC отпорот на намотката, не си во право.
Кога калем / трансформатор се заситува, се губи ефективната индуктивитет придонесена од јадрото и напотката станува „намотана во воздух“. Индуктивитетот паѓа, но никогаш не постанува 0.
-
Ми треба за да се засити од наизменичен напон, а идејава од bicikle ми звучи добро искрено... Ќе пробам со неодимиумски магнети па ќе кажам.. ;)
Зошто сакаш да го правиш ова ? :-)
-
Здраво дечки, имам еден проблем.... потрошувачот треба да работи на 12v DC 40А, купив трансформатор 220v AC -12v AC 50А.... е сега проблемнот е со грецовите, чим го пуштам, за 10 секунди грецот ми ги гори... а грецот е 50А.... некој совет што да направам за да го решам проблемот ???? фала многу
-
Ако користиш грецови од ebay далеку се од 50А. Пробај со друг грец реални 50А или пробај со посебни диоди.
-
Ne drugarce od gac gi zimam.... Mislis diodite da gi povrzam kako grecot?? Ili nekoja druga sema ima??
-
Пишувај нашки, ќе те караат.
Од гац исти ѓаол се. Па нема некоја посебна шема за грецов спој, една е таја.
Ладилник има грецот?
Пробај 3-4 паралелно споени. Провери ги кондензаторите. Намести осигурач 50А (за кола, има во авто делови) пред грецот. Може негде нешто влече повење струја.
Теоретски ти требаат 25А диоди, практично 50А стави. Обавезно ладилници.
-
Ги ставив на ладилници од компјутер, со кулери.... ќе пробам утре да земам диоди, па да видам... иначе пробав со два греца исто ги стопи....
-
Да не имаш некој друг проблем? Два не би требло д стопо, барем не за помалце од 5 мин. Измери струја, стај осигурач. Што е уредот што се напојува?
Може има потреба од тиристорски исправљачи, мада тие се користат за поекстемни струи.
-
Грецовите од Гац декларирани 50А реално немаат ни 3-4А, проверено... ;) Најдобро искористи диоди од компјутерски напојувања, тие се предвидени за поголеми струи, четири такви (дупли, двете врзани паралелно) диоди со добро ладење ќе ти завршат работа.
-
Јааа..... Овај и кинезиве ги заебал.
-
Направи така како што ти пиша LordZi ;). Тие диоди се минимум по 8A една, две во паралела се 16А, а 4 такви парови (парови се во едно куќиште со заедничка катода мислам дека се) ќе издржат 64А ;). Единствен проблем е тоа што... многу ладилни тела ќе ти требаат, ама па нема друго поедноставно решение... барем не во наши услови, користејќи го она што го имаме на располагање :S.
-
Имаше и во логинг диоди 50А 200 ден беа, само не знам какк се монтираат.
Тие од упс некако нежни се многу, т.е. максималната струја им е ниска. Али па може и ќе си тера, зависи што е потрошувачот.
П.с. Ако е дц мотор на пример, се сомневам.
-
Од какви UPS-и ???... мислиш на ATX?
-
Да, атх.
-
За тебе ниска максимална струја е 16A по пар од диоди ???. Да, имаат низок пробивен напон, ама 16A е далеку од малку за класични домашни потреби... на индустриски ако мислиш, може и 2KA да се малку.
-
Не не, на пример ако му требаат 40А континуирано, сигурно на моменти уредот може да повлече неколку кратно повеќе. На пример како старт на дц мотор, понење кондензатори и сл.
-
Епа затоа ќе ставиш 3 или 4 такви во паралела и нема да имаш такви проблеми ;).
-
Ќе добиеш солидна континуирана струја, но не и висока максимална струја :)
Имав таков проблем со полнач за акумулатор, чиј регулатор е 20А, но при верглање дава далеку повисоки струи. Иако грецот беше од 4х slb3040pt кои се 2х30А. Заштитата беше.доволно брза за 2n3771, но не и за диодите.
-
Епа ќе ставиш 4 или 6 такви диоди, не 2 ;). Шотки се, не можеш да очекуваш толеранции како кај силициумските :S.
Како за без пари, супер се ;).
-
Уште членот да кажеше за која намена се...
4х60 А пеки, ќе крепат :)
-
Здраво на сите. Сакам да прашам дали може да се автоматизира аналоген џојстик кој движи камера, односно уред кој кје управува со камерата според претходно дефинирана акција. На пр. додека управувам со џојстикот/камерата, акцијата да се "сними" и потоа идентично да се повтори, но не само да се намести на одредена позиција туку да се повтори истото и временски да е потполно исто.
-
Да се сними движењето / ротацијата на камерата или пак да се сними видео? И во двата случаи е возможно тоа да се направи.
-
Да, може ова да се направи... само што снимките ќе бидат скоро идентични... никогаш не може да го направиш да биде сосема идентично, секогаш ќе има мали девијации поради определени природни фактори (ветар, неидеално движење на моторите за координација на камерата, итн.). Генерално земено, за неистренирано око, движењето ќе биде исто ;).
-
Благодарам на одговорите. Да се "сними" акцијата се мисли на управувањето на џојстикот, (на пр, лево движам до одредена точка, па нагоре, па стискам едно копче :), па враќам десно скоро пола круг, па таму се задржувам неколку секунди, па надолу до одредена точка, па друго копче... итн.) и тоа да трае да речеме неколку минути, и тоа да се зачува за да може да се повтори односно во Loop да оди. Ако е возможно вакво нешто, би ме занимало и дали е комплицирано, и колку ќе чини. Да не излезе више дара него масло.
-
За кој модел станува збор?
-
Батка, имаш глувчиња кои паметат не знам до колку потези и потоа го повторуваат тоа до бескрај.Побарај нешто такво меѓу оние предвидени за играње игри.
-
Вака изгледаат џојстиците
(http://www.mediafire.com/convkey/7ad9/653e5ajbyb8fch5zg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/3b48/o93r7qoqf677pt7zg.jpg)
-
Чекај малку, ова нема врска со џојстик, ова на сликите е Camera Gimbal.
-
Ама членост сака да ја управува камерата со џојстик. Е сега за да не го управува џојстикот 24/7, сака да направи финта што ќе го прави истото...
-
Имам чувство дека сака да направи евтино камерче кое треба со помош на гимбалот да гледа лево-десно (ваљда за видео надзор). Шу знам дали е можно, како и да е нека е со среќа.
-
Имам чувство дека сака да направи евтино камерче кое треба со помош на гимбалот да гледа лево-десно (ваљда за видео надзор).
Дап, и јас баш сакав ова да го пишам :P :D.
@Apostol_Cz: Можеби е наједноставно да го имплементираш она што batka го пиша. Купи маус кој помни потези и преспои ги тастерите со тастерите на камерата, стави го во позиција да снима и остави го да снима, потоа, остави го да ги повторува потезите што си ги снимил ;).
Може да се изведе и со микроконтролер.
Исто така, имај на ум дека без граничници (крајна лева, крајна десна, горна позиција, итн.), по неколку вакви loop-а, камерата веќе нема да се враќа во првобитната поцијата. Ќе се измести од причината која ја пишав во мојот претходен post во темава поврзан со овој проблем: не е возможно идентично да се реплицираат движењата на електромоторот при повторувањето на loop-от (ова е возможно, но само кај степ мотори... а и кај нив може да се појави грешка). Некое движење ќе има (на пример) 15000 завртувања на електромоторот. Поради несовршеноста на системот (природата), во наредниот loop, истото движење ќе има 15037 завртувања (бројката е дадена како пример ;)), што значи дека камерата ќе биде позиционирана малку по на десно/лево/горе/долу во однос на претходниот loop. Остави ја камерата вака да тера неколку часа, може да ја начекаш и свртена наопаку ;D.
Генерално земено, затоа овој системи на „движечки камери“ е батален кај системите за надзор... многу механички проблеми со позиционирањето на камерите. Кога камерите за надзор беа скапи, да, овој систем беше исплатлив за имплементација, ама со цените на камерите во денешно време... повеќе се исплати да поставиш 3 камери отколку една да ја прави работата за 3 (како што порано се преферираше).
-
Најлесно е да направиш постоље - држач за камерата и да го врзеш со некој мотор со пренос или капстан, со регулација и слично.Одреди агол од каде до каде да шета, стави на краевите два микроконтакти за да го вртат смерот и остави нека врти до бескрај. Најефтино.
-
Чекај малку, ова нема врска со џојстик, ова на сликите е Camera Gimbal.
Да точно гимбал е едното, а другиот е за на кран. Има џојстик на гимбалот кој ја движи камерата по X i Y оска и е аналоген, односно ако малку го придвижиш поспоро се движи, а побрзо доколку е во крајна позиција.Ама членост сака да ја управува камерата со џојстик. Е сега за да не го управува џојстикот 24/7, сака да направи финта што ќе го прави истото...
Да точно истото да се повтори. Овие џојстици ги имам и ми треба уред некаков, роботска рака...Имам чувство дека сака да направи евтино камерче кое треба со помош на гимбалот да гледа лево-десно (ваљда за видео надзор). Шу знам дали е можно, како и да е нека е со среќа.
Не ми треба камерче, имам, ниту пак уреди кој ќе ја движат камерата, тоа имам, сакам тие уреди да ги автоматизирам, програмибилен уред кој ќе управува со џојстикот. Не ми е за безбедносна камера за надзор.Имам чувство дека сака да направи евтино камерче кое треба со помош на гимбалот да гледа лево-десно (ваљда за видео надзор).
Дап, и јас баш сакав ова да го пишам :P :D.
@Apostol_Cz: Можеби е наједноставно да го имплементираш она што batka го пиша. Купи маус кој помни потези и преспои ги тастерите со тастерите на камерата, стави го во позиција да снима и остави го да снима, потоа, остави го да ги повторува потезите што си ги снимил ;).
Може да се изведе и со микроконтролер.
Исто така, имај на ум дека без граничници (крајна лева, крајна десна, горна позиција, итн.), по неколку вакви loop-а, камерата веќе нема да се враќа во првобитната поцијата. Ќе се измести од причината која ја пишав во мојот претходен post во темава поврзан со овој проблем: не е возможно идентично да се реплицираат движењата на електромоторот при повторувањето на loop-от (ова е возможно, но само кај степ мотори... а и кај нив може да се појави грешка). Некое движење ќе има (на пример) 15000 завртувања на електромоторот. Поради несовршеноста на системот (природата), во наредниот loop, истото движење ќе има 15037 завртувања (бројката е дадена како пример ;)), што значи дека камерата ќе биде позиционирана малку по на десно/лево/горе/долу во однос на претходниот loop. Остави ја камерата вака да тера неколку часа, може да ја начекаш и свртена наопаку ;D.
Генерално земено, затоа овој системи на „движечки камери“ е батален кај системите за надзор... многу механички проблеми со позиционирањето на камерите. Кога камерите за надзор беа скапи, да, овој систем беше исплатлив за имплементација, ама со цените на камерите во денешно време... повеќе се исплати да поставиш 3 камери отколку една да ја прави работата за 3 (како што порано се преферираше).
Мислев нешто со 2 степ мотори по X и Y оска , кои преку чател ќе го движат (џојстикот) во сите позиции по оските. Или како кај CNC машина механизмот. Или пак со оние linear actuator степери. Но тоа мислам дека е полесниот дел, потешкиот мислам дека е програмирањето, како што пишав во претходниот пост, да се движи до одредени точки лево, десно, да може да се задржува во одредени позиции, тоа мислев дека би можело да се изведе со некои тајмери, ( на пр. за да стигне до посакуваната лева позиција степ моторот по X оска 2 секудни да врти во лево...). А уште потешко мислам дека е јас да го придвижувам мануелно џојстиокот а уредот да го запомни тоа, како што постојат некое софистицирани роботски раце ( на пр ја фаќаш роботската рака додека е во MEMORY MODE, која држи лажица и го мешаш кафето неколку пати, тоа го помни и потоа роботот сам си меша :)). Но тоа мислам дека е комплицирано, поедноставно би било софтверски да се игра со вредности да речеме, степ X, 10 чекора во една насока, па 3 во друга, а на вториот чекор другиот степ мотор да почне да движи 5 чекора... Незнам дали ме разбирате, јас сум лаик за електроника. Благодарам како и да е на постовите
-
Проблемот со новиве форумџии е што дури на крај кажуваат што всушност сакаат. Ти бараш всушност ЦНЦ машина! Ардуино+два степмотори со електроника комплет, механика и програм = едно 300 до 500 ЕУ мислам дека ке оди. Е сега барај некој за ова цена да се нафати да ти го изработи или купи си готов сет за ЦНЦ машина од Али експрес, најдобро.
-
Најверојатно тоа ќе заврши работа, CNC машина. Тоа со маусот не ми беше јасно како би го поврзал со џојстикот. Се извинувам што не се изразив добро, толку е моето познавање од електрониката, незнам на друг начин како да објаснам и да прашам дали може да се автоматизира џојстик. Да се направи уред кој ќе го движи џојстикот и ќе биде програмибилен.
-
Како што пиша batka, само со степ мотори, нема како на друг начин да си сигурен дека пак ќе се врати камерата во првобитната позиција во loop-от.
-
Благодарам на постовите, секако ми помогнавте со советите. Сепак решен сум да го направам ова.
-
Нема многу информации на видеото но можеби како иде или контакт со типот од видеото.
нешто од google
https://www.google.com/search?client=opera&q=stepper+motor+gimbal+controller&sourceid=opera&ie=UTF-8&oe=UTF-8
-
Ова е за стабилизатор, ова го имам. Ми треба Уред кој ќе го движи џојстикот на стабилизаторот.
-
Дали и како влијаат пукнатините на отпорникот
(http://www.mediafire.com/convkey/f561/xubsliswqg66gdpzg.jpg)
отпорникот е 100 ома 250 вати.
-
ќе се забрза оксидацијата на жицата. Термоотпорен силикон или тенок слој глина (т.е. разредена со вода) или гипс ќе го решат проблемот.
-
Јас знам лакче за нокти да ставам понекогаш... зависи од расположение :P :D.
Намачкај го со лак, било каков, ќе тера ;).
-
Си тестирал на поголеми отпорници? оти милсам дека ќе се јагленоса/запали...
-
На волку големи, не... мада и јас оние кои сум ги монтирал, скоро секогаш биле наддимензионирани, така да, не ни грееле нешто значително многу.
Ако е релативно солидно наддимензиониран за местото на кое треба да се монтира, не мислам дека ќе прави некоја разлика бидејќи ќе грее малку (ќе може да се допре со рака кога ќе биде во работа).
А ако толку ви е страв и/или знаете дека ќе грее, за волку голем отпорник барем лесно е :D. Земи си 5kg радикол (околу 100 денари е) и обложи го цел, LOL :D. „Боље од гипс“ ;D ;D ;D. Плус, ќе ти остане едно чудо и ќе си го искористиш да пополниш некоја дупка по дома ;D ;D ;D.
-
хахах е видиш на радикол не ми текна :D
Да не греел немало ни порцеланот да пукне, да ако е над димензиониран нема да има гајле, уствари тогап и оксидацијата е драстично намалена, па не мора да се секираш многу т.е. да го лепиш... :)
-
Отпорникот е изваден незнам од каде. Не е пукнат порцеланот само слојот врз жицата.
Прашањето ми беше дали тоа ќе има влијание врз нормалната работа на отопрникот како варирање на отпорот зголемено греење?
-
Не би требало да има.
-
Прашањето ми беше дали тоа ќе има влијание врз нормалната работа на отопрникот како варирање на отпорот зголемено греење?
Не, не би требало да има ;). Сум користел секакви и испукани и очувани... ако е правилно димензиониран за употребата, нема да има проблем ;).
-
Благодарам на информациите.
-
Барав и читав по гугл да се малку едуцирам но сепак да си прашам овде пошто сум сепак нуб аматер. ;) :)
Дали има поларизација кај кристални осцилатори и кај индуктори во форма на "отпорник"?
(https://i.imgur.com/HordjRP.png)
(https://i.imgur.com/4WWtiHS.png)
-
Дали има поларизација кај кристални осцилатори и кај индуктори во форма на "отпорник"?
Нема
-
Јок
-
Фала @Zan и @bicikle.