Еве да ти образложам: можеби ти си имал среќа да најдеш евтино и половно ( ама сепак половно!!).Редовни цени 1 Гб ДИМ РАМ двојка е околу 1500 ден. ХДД од 80 Гб е барем 2500 ден. а батеријата е од 2500-4000 денари ( зависи од моделот). Процесорот(ако успееш да набавиш,не е баш лесно) со менување би те коштал грубо најмалку 5000 ден.Затоа ти реков не се исплати.А половно си е половно! Колку и да изгледа добро ,сепак во крајна линија е ризик.Кај лап-топ компјутерите освен додавање на РАМ не би препорачал многу други измени,затоа што нема многу економска логика.Ако сакаш да го подобриш - земи продај ја старата машина ,додади пари и купи нова машина!! Овие технологии имаат некои принципи - 30% годишно се амортизираат и за 3 години веке се истрошени! Е,сега ние што сакаме барем 10 години машината да биде * во врвот*....!? Е,тоа не може да биде,по ниедни стандарди.