Тоа се случува бидејќи корисниците кликаат на се живо и диво, па потоа боли глава :S. Кој сакаш антивирус стави го, ако се однесуваш неодговорно и кликаш на линкови кои очигледно се malware related (знаете на кои мислам
), по некое време, сигурно нешто ќе ти се шмугне
. И мене ми се случува, еве, и сега, да направам scan на цела машина, во restore сигурно нешто ќе ми најде
. Пред некој ден, гледам преку некоја порта некој сервис разменува податоци со... не знам кој сервер... се знае, не може трето да е
. Блокирај конекција и толку
. Не планирам да го вадам тоа од систем, кој знае каде се скрило и кој знае од каде се подига, а немам ни време ни нерви да барам
. Нека си седи, и онака не може да комуницира со надворешниот свет, така да, не може да направи ништо лошо
. Само малку ресурси ќе ми јаде, ама тоа е тоа
. По некое време, format и пак јово наново
.
Овие работи се неминовни, не може цело време да користите интернет, да имате инсталирано Windows како оперативен систем и секогаш 100% да ви биде сигурна машината
. Кој сакате антивирус ставете го, кога тогаш, ќе се инфицирате со нешто
. Поентата е да не е нешто ептен malicious па да ви го блокира цел систем
. 100%-на заштита не е ни замрзнување, а камо ли антивирус
.
Знаеш колку машини ми дошле каша-попара со Microsoft Essentials
? Многу повеќе отколку со NOD32
.