Author Topic: Сервис за неисправно напојување ?  (Read 2358 times)

Offline koki88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
  • Gender: Male
Сервис за неисправно напојување ?
« Opened on 25.11.2013, Monday, 19:14:26 (Edited 25.11.2013, Monday, 19:19:24) »
Имам напојување Cooler Master Extreme Power Plus 460W, поконкретно моделот RS-460-PCAP-A3, за кој повеќе детали може да се добијат на официјалниот веб сајт на Cooler Master кон кој води наредниот линк.
 
Code: [Select]
http://www.coolermaster.com/product/Detail/powersupply/office-home-extreme/extreme-power-plus-460w-120mm-fan.html
После нормално функционирање со години, денес компјутерот не сака да се вклучи, туку зелената Power LED диода на куќиштето трепка без прекин. Ниту кулерот на напојувањето, ниту на процесорот, ниту на графичката не вртат, комплетно мртво. Пробав да го вклучам со држење на копчето за вклучување подолг период, 15-20 секунди, 30 секунди, 60 секунди, но ништо. Помислив да не е проблемот во кабелот за напојување или во продолжниот кабел кој го користам, па го вклучив директно во ѕиден штек со друг кабел за напојување, но ништо.
 
Имам резервно напојување, кое и не е некоја вистинска алтернатива, бидејќи реалната моќност му е 200 вати, но тоа што е важно е фактот дека компјутерот се вклучува со резервното напојување, но не се вклучува со напојувањето од 460 вати од Cooler Master. Го поврзав повторно компјутерот со напојувањето од 460 вати од Cooler Master чисто за да се осигурам дека дефинитивно проблемот е во напојувањето, а не во можеби неправилно приклучен 24 пински приклучок или во неправилно приклучен 4 пински приклучок, но повторно Power LED диодата на куќиштето трепка без прекин и повторно компјутерот не се вклучува.
 
На мое лично изненадување, дамите и господата во Логинг Електроникс ми кажаа дека не поправаат компјутерски делови, иако ми кажаа нешто сосема спротивно пред неколку месеци кога се обратив за помош кај нив за друг вид на компјутерски дефект. Сличен одговор добив од сервисот на Риверсофт, кои ми кажаа дека би можеле да го поправат напојувањето ако проблемот е во кондензаторите на напојувањето, но ако поправеното напојување ми ја изгори матичната плоча јас ќе сум се жалел, па затоа не сакаат да ризикуваат.
 
Инаку напојувањето е купено од СЕТ, со чиј што сервис немам никакви искуства, но слушам само негативни критики за доцнења и влечкања со недели за наједноставни зафати, а гаранцијата е истечена, па се обидувам да најдам друг сервис во кој би можеле да го поправат напојувањето, а да не биде СЕТ или К2 Лап топ од Аеродром, за чиј што квалитет на сервисирање од лично искуство имам претежно негативни критики.
 
Имате ли некој сервис да ми препорачате за неисправно напојување ?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Сервис за неисправно напојување ?
« Reply #1 on 25.11.2013, Monday, 19:51:21 (Edited 25.11.2013, Monday, 19:59:50) »
Убаво ти кажале! Ако се работи за подуени кондензатори или помал дефект,од типот прегорена диода со избиен осигурач итд,во ред е да се интервенира .Но голем ризик е (730 ден кај мене е ново напојување Hantoll 500W )  да се ризикува нова матична или недајбоже + хард + графичка.Затоа,препорачливо е да се ставаат нови напојувања ,поготово ако компјутерот е од поновите генерации со дуал-кор процесор или подобар,со графичка која можеби бара и дополнително напојување со посебен кабел.. Јас не би ризикувал за 730 денари да ми прегори некој поскап дел.Можеш напојувањето да си го направиш за некоја друга намена или како некоја резерва,под услов напоните што ги дава да се добри и стабилни!

Offline tomce

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
Одг: Сервис за неисправно напојување ?
« Reply #2 on 25.11.2013, Monday, 20:02:57 (Edited 25.11.2013, Monday, 20:03:56) »
Cooler Master се добри напојувања
од Hantol би бегал подалеку, немаат ни заштита ни стабилни напони ни ништо

ако ти бараат повеќе пари имаш убави CM напојувања за ~2000ден

а за поправка на напојувања контактирај го Сале

Code: [Select]
http://forum.it.com.mk/members/salesk.235
треба да има искуство со поправање на вакви работи,

Offline koki88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
  • Gender: Male
Одг: Сервис за неисправно напојување ?
« Reply #3 on 25.11.2013, Monday, 20:24:07 (Edited 25.11.2013, Monday, 20:48:51) »
Убаво ти кажале! Ако се работи за подуени кондензатори или помал дефект,од типот прегорена диода со избиен осигурач итд,во ред е да се интервенира .Но голем ризик е (730 ден кај мене е ново напојување Hantoll 500W )  да се ризикува нова матична или недајбоже + хард + графичка.Затоа,препорачливо е да се ставаат нови напојувања ,поготово ако компјутерот е од поновите генерации со дуал-кор процесор или подобар,со графичка која можеби бара и дополнително напојување со посебен кабел.. Јас не би ризикувал за 730 денари да ми прегори некој поскап дел.Можеш напојувањето да си го направиш за некоја друга намена или како некоја резерва,под услов напоните што ги дава да се добри и стабилни!

Па токму резервното напојување од 200 вати кое го користам сега, ме чинеше 1.200 денари со куќиштето кога го склопував компјутерот пред 5 години.
 
Конфигурацијата е стара, AMD Athlon 64 X2 Dualcore 5600+ процесор, 4 GB DDR2 RAM, но сеуште одлично работи со 64 битен Windows 7 Ultimate, со најнови програми и со најнови видео игри, а во септември 2013 го освежив со нова графичка картица бидејќи старата плаче за reballing, тоа што го дава на екранот едвај може да се нарече слика, но цените на кои наидов за reballing од 2.500 денари во К2 Лап топ и 3.500 денари во Риверсофт кои се фалат дека се обновиле со нова BGA rework станица, ме убедија дека поисплатливо е да купам нова графичка картица, отколку да ја поправам старата. Ако сакам, можам да ја појачам DDR2 RAM меморијата на 8 GB бидејќи матичната плоча го поддржува тоа.
 
Со напојувањето од 200 вати ми се подуја 10 кондензатори, па го купив напојувањето од 460 вати од Cooler Master, а подуените кондензатори ми ги заменија во сервис. На ова морам да го додадам фактот дека и во самото упатство за матичната плоча пишува дека препорачливо е напојување со моќност од 450 вати, што значи дека сега со ова старово напојување од 200 вати буквално го малтретирам компјутерот, поради што морам или да го поправам неисправното напојување од 460 вати од Cooler Master или да купам ново напојување.
 
Графичката картица како тазе нова, бара дополнително напојување со посебен кабел, исто како и претходната, поради што морам што е можно поскоро да го поправам неисправното напојување од 460 вати од Cooler Master или да купам ново напојување.
 
Да стоев подобро финансиски воопшто не ќе ја отворав темава и ќе купев ново напојување, но бидејќи не стојам добро финансиски во моментов, морам да најдам или нешто евтино, но квалитетно, или да најдам добар сервис за напојувањето, па ако проблемот не е во кондензаторите на напојувањето, туку во некој помал дефект како што спомна ти - прегорена диода со избиен осигурач итн. па да го поправам.
 
Матичната плоча е MSI K9N Diamond, за која повеќе детали може да се најдат на официјалниот веб сајт на MSI кон кој води наредниот линк.
 
Code: [Select]
http://www.msi.com/product/mb/K9N-Diamond.html
Новата графичка картица е Gigabyte GV-N65TBOC-1GD, за која повеќе детали може да се најдат на официјалниот веб сајт на Gigabyte кон кој води наредниот линк.
 
Code: [Select]
http://www.gigabyte.com/products/product-page.aspx?pid=4608

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Ако напојувањето е постаро од 4-5 години, воопшто немој да размислуваш да го поправаш. Може да испадне онаа народната: "Сиромашниот два пати плаќа"
Жан

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Токму така да ризикуваш не вреди.И плус убаво рече и батка за 700 и нешто да ризикуваш да ти прегори некој поскап уред не вреди нели. ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Напојувањата се движат од 700 до 7000 и повеќе денари.Значи,за секоја конфигурација може да се најде.Јас само дадов пример  кога Хантолот го споменав.Не знам кој какво искуство има ,но сепак не е баш така лошо за парите.Заштити? Се лажете за тие заштити или некој мати вода за да ве убеди поскапи да купувате.Јачината на напојувањето треба да се нивелира спрема потрошувачката.Купувајте го секогаш најскапото кое можете да си го дозволите.Резервата на струја е секогаш најдобрата заштита.Исто така е пожелно да се користи и заштитен кабел на кој ке го поврзете вашиот компјутер и кое ке ве штити најдобро од престанок на мрежниот напон,варијациите на струјата.Сепак,најдобар начин за заштита е UPS-от. Скап уред е ,ама корисен.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Пробај прво со сервис ионака  му е помината гаранцијата така да  отвори го и види дали  се подуени или истечени некои од кондензаторите , ако се замени ги со нови ,  до толку  веројатно можеш сам да направиш потоа пробај го на суво спој ја зелената жица со  црна соседна има шеми на интернет да не постирам овде и измери го напонот  на сите не треба да варира повеќе од 5 % од декларираната вредност  црвена 5 волти , жолта 12 волти и помаранџеста 3,3 волти  ги имаш сите волтажи и вредности на интернет ако има стабилни напони  од прва ќе ти проработи  не се секирај многу штом трепка ледот најверојатно е активирана заштитата ако  врти вентилаторот кога ќе го мериш и напоните се добри  си го поправил ако не  ќе ти треба нешто од типот на 500 ватно ново заради графичката која ти е најголем потрошувач во ситуацијата , имаш Чифтец Арена 405 вати за 2000 но ќе ти треба нешто околу 3000 денари најсигурно.
Не експериментирај со Хантол и такви  напојувања од 700 денари  околу 50 евра ќе те кошта минимум

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Спрема потребите ( 450W троши графичката!) тебе ти треба барем 750W -но напојување за да бидеш мирен!!

Offline koki88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
  • Gender: Male
Одг: Сервис за неисправно напојување ?
« Reply #9 on 26.11.2013, Tuesday, 01:22:12 (Edited 26.11.2013, Tuesday, 04:06:25) »
Спрема потребите ( 450W троши графичката!) тебе ти треба барем 750W -но напојување за да бидеш мирен!!

 
Можно е графичката да е причината поради која се расипало напојувањето бидејќи е нова ?
 
На еден мој пријател, кој е зависник од видео игри, пред 3 или 4 години му цркна евтино напојување од 1.000 или 1.500 денари додека играше тазе нова видео игра со графички детали наместени на максимум.
 
Кога го однесе компјутерот на сервис, му кажаа дека имал среќа бидејќи само напојувањето го кркало стапот, а останатите компоненти на компјутерот му останале исправни бидејќи тоа беше ептен моќна конфигурација за тоа време, дури помоќна и од мојата.
 
Треба и јас да бидам среќен бидејќи само моето напојување го кркало стапот, а останатите компоненти останаа исправни ?
 
Чисто колку за информација, јас не играм видео игри со графички детали наместени на максимум, од наједноставна причина бидејќи 4 GB DDR2 RAM меморија не ми е повеќе доволно за играње на најнови видео игри со графички детали наместени на максимум, а и хард дискот ми е речиси преполн, поради што не можам да инсталирам се што ќе ми текне од видео игри.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Можно е поради графичката напојувањето* да го кркало стапот*(ама израз! :D ;))

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Не се исплати да го поправаш, отвори го и види само да не е рикнат осигурувачот, ако не е до тоа најдобро да не пипаш, поголем дел од тие компоненти ги нема во македонија, ке треба да бараш замена и тоа е веќе ризик за поголем квар. Јас продавам напојување 500w реална моќнос, ако си заинтересиран пиши пп.

Offline koki88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
  • Gender: Male
Можно е поради графичката напојувањето* да го кркало стапот*(ама израз! :D ;))

 
Буквално така му кажаа на пријателот во сервисот, па затоа и јас го искористив истиот израз, инаку не ми е дел од секојдневниот речник.  :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Убаво си кажа коки88 од графичката го јаде стапот сигурно.Колку мои пријатели така оти ја појачаа графичката им има изгорено напојувањето.Другар имаше 300 ватно напојување и ставил графичка GeForce9500 таа има капацитет еден гигабајт и 128 битна е.Одма му изгоре напојувањето.Тоа сакам да кажам сега прочитав дека излегла некоја нова АТХ титаниум графичка која била 4 гигабајти 128 битна и за неа чув дека требало дури и напојување појако од 1200 вати.Изгледа 2000 вати беше.Ту па тоа ко греалка троши. ;D ;D ;D Јас инаку незнаев дека имало и појаки графички од два гигабајти.Значи факт е за играње игри треба јака графичка и јако напојување и добар процесор.Богами се изненадив технологијава иде само напред од ден за ден ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка,пази со вативе - 2000 W ! Да не уградил калорифер ,а не графичка? 8) ;)