Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: Georgi on 02.03.2010, Tuesday, 22:08:52

Title: Дигитален брзинометар
Post by: Georgi on 02.03.2010, Tuesday, 22:08:52
Значи ми треба шема за да конвертирам аналоген во дигитален брзинометар. Инаку сакам ова да го направам за скутерче а брзинометарот да биде претсавен со 7 сегментни дисплеи. Дали некој има направено? Ако може објаснување како би се направило тоа. Благодарам однапред.
Title: Одг: Дигитален брзинометар
Post by: BorceBT on 04.03.2010, Thursday, 00:10:30
Немаш никаква можност од механичка сајла која го движи аналогниот брзиномер да добиеш нешто што може да се искористи како влез во некој електронски склоп. Всушност може но треба многу модификации, имено треба да го растуриш брзиномерот и да ставиш Hall сензор внатре во брзиномерот за да ги мери ротациите на магнетното тркало кое го движи сајлата. Од тој Hall сензор излезот ќе го поврзеш на коло кое конвертира од фрекфенција во напон (LM2907) и потоа тој напон ќе го мериш на пример со ова коло:

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=105.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=105.0)

Сепак ќе има доста грешки, затоа најдобро е сето тоа да се направи со магнет на самото тркало, reed реле и микроконтролер со добар код :)
Title: Одг: Дигитален брзинометар
Post by: Georgi on 04.03.2010, Thursday, 00:20:23
Мислев на пример со обично динамо на кое ќе биде ставена сајлата да генерира некој напон. Па потоа добиениот напон со овај волтметар да се "штелува" (иако мислам дека нема да биде прецизно посебно на поголема брзина)...