Author Topic: Активна свртница за сабвуфер  (Read 10451 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Активна свртница за сабвуфер
« Opened on 20.01.2010, Wednesday, 01:42:47 (Edited 20.01.2010, Wednesday, 01:46:29) »
Многу пати е потребно од некој обичен стерео сигнал да извадите посебен сигнал за вашиот активен сабвуфер дома или во автомобилот. На следната шема е прикажана напредна свртница (филтер) наменет за сабвуфер кој ги има следните важни карактерискити:

1. Ги сумира левиот и десниот канал од стерео сигналот;
2. Се подесува максималната фрекфенцијата на работа на сабвуферот (cutoff frequency);
3. Се подесува фазата на сигналот кој доаѓа на сабвуферот (екстремно важно, поготово во автомобил но 90% од шемите што можат да се најдат на интернет го немаат ова подесување);
4. Излезното ниво (Volume) на сабвуферот засебно.



На шемата се употребени две интегрирани кола од типот LM324 кое содржи по 4 средно квалитетни операциски засилувачи но вие можете да користите и поквалитетни како на пример NE5532 (по квалитетни 2 засилувачи во чип) или NN5534 (само еден многу квалитетен засилувач во чип).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Јас има радио за во кола кое има излези 4x50 W. Во колата имам 4 звучници но поврзани ми се 2 x 2 т.е предниот и задниот лев заедно и предниот и задниот десен заедно. Значи се искористени само 2 излези од радиото. Дали со спојување на 2 со 2 излези од радиотo се собира мокноста (50W+50W) па потоа се носат на паралелно споените звучници? Е сега како што моментално (ми остануваат уште 2 излези од радиото) со оваа шема на сабвуферот ке добијам 100W?

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Прво значи, малку е надвор од темата но да шемата за сабвуфер може најдобро да се употреби за во кола но шемата работи на низок (линиски) сигнал (не е пасивна свртница што се става на излезот за звучниците туку е активна и мора да се стави пред засилувачот). Бидејќи немаш пристап до засилувачот внатре во радиото ова е наменето за луѓе кои би ставиле надворешен моќен засилувач во автомобилот (или дома).

Околу прашањето за моќноста... не, не значи дека ако ги поврзеш излезите паралелно ќе ја дуплираш снагата, напротив може дури да го оштетиш радиото. Нема начин да ја зголемиш снагата, направиле радиото да е моќно колку што можеле на 12V.
Тоа што си ги поврзал паралелно 2х2 звучници на предните излези ти е океј бидејќи само тогаш може да ја добиеш напишаната снага на радиото (4х50W), во твојот случај имаш 2х50W. Значи тоа радио е 50W од излез на 2ома звучник или на 2 паралелно од по 4 ома (како кај тебе). Истиот излез на 4 омски звучник дава околу 22W. Ако сакаш да го извадиш максимумот од тоа радио ќе ти требаат уште 4 звучници за да ги поврзеш 2х2 на останатите (задни) излези меѓутоа на што ќе личи тоа кола со толку звучници не знам :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
значи за да се користи NN5534 потремни се 7 чипови,и колкава е максималната фрекфенција,

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
4 ќе ти требаат по 2 операциони во куќиште се :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
а дали ке треба да се додаде уште некој елемент,затоа што планирам да користам единечно напојување,тоест автомобил кога би користел LM324?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Мислам дека нема да има потреба од додавање
не сум сигурен само на што напон работи колото :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
На шемата гледате дека работи на единечен напон + и маса а не на симетричен (плус минус и маса) но некој треба да го направи и да каже дали работи или не. Ако не ќе направиме модификација за да работи :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
нацртав ППК утре одам да набавам елементи,деновиве ке дознаеме дали шемава функционира или не.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одлично, едвај чекам бидејќи и мене за во колата ќе ми треба баш ваква свртница. Доколку не работи ќе пробаме да ја поправите шемата накнадно, засега те чекаме за тест :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
хехе јас ја правам за проектна задача,ке се користи на TDA1562Q а потоа право во кола.

Offline DARK

  • Баниран
  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 389
епа ајденаправија ако работи
ја правам и ја и моето појачало го ставам у кола  ;)

Offline danix01

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Што  стана какви се резултатите.дали успејавте да го направите.ако работи ве молам кој има ППК да стави слика
rules are made to be broken

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
го изработив филтеров,заедно со засилувачот но кутијата не ми е готова така да неделава треба да биде.

Offline DARK

  • Баниран
  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 389
прекрасно е изработен филтерот од двај чекам да проработе   :P и да го правам и јас