A part3 part2 part4 ... ?
Да се вратам на дискусијата. Вака сега, ја разгледував шемата и дојдов до заклучок дека наједноставно ќе биде да се преправи излезот од CD плеерот да се користи како влез за линеарен сигнал од PC. Се разбира, прво ќе треба да се лоцира каде е конекторот преку кој се приклучува излезниот сигнал од CD плеерот за главната/контролната плоча на системот. За да се направи ова, прво треба да се расклопи системот. Како ќе се расклопи, тоа е веќе друго прашање
. Не ме прашувајте за тоа. Го немам системот пред мене, така да не можам со сигурност да ви опишам како се прави тоа. Експлодиран дијаграм и „дел по дел“ шема на расклопување и склопување има во service manual-от од којшто веќе дадаов линк, а не можам да го upload-ирам на форум бидејќи е преголем (9MB). Како и да е, да прејдам на главното, значи сигналот од CD плеерот се пренесува прво до плочата за напојување (на сервисната шема означена како Power Board, најверојатно за да може масата на сигналот да добие исто ниво со масата од излезот за звучниците, бидејќи плчата за засилување на аудио сигналот, односно Audio Board и плочата за напојување се блиску една до друга, се знае од кои причини
, ако на некој не му е јасно, слободно нека праша
) па до главната плоча преку трожилен конектор (најверојатно оклопен кабел, сите други конектори се најверојатно flat кабли, или некаков сличен тип на конектори, така да би требало да биде лесно да се лоцира). На контролната плоча за CD плеерот (тоа е нјаверојатно единствената плоча која е хоризонтално поставена и веднаш под самиот механизам за движење и читање на CD-то), конекторот е означен со ознаката CN705 (најверојатно е испишана на самата плочка каде што се наоѓаат колата за контрола и декодирање на дигиталниот аудио сигнал од CD-то). Конекторот CN705 се наоѓа на страна 30 од сервисната шема на CD радио касетофонот Sony CDF-775 (твојот модел има L на крајот, CD-775L, или така нешто, не сум сигурен, текстов го пишувам offline, па после само ќе направам copy/paste
, но сигурен сум дека се разликува само напонот на напојување, и можеби некои други ситни работи, бидејќи моделот CDF-775 е наменет за Американски пазар, па има работен напон од 110V) и можете да го најдете во долниот десен агол од страната
. Еве и слика за да биде појасно за кој конектор станува збор
.
Еве каде се наоѓа конекторот на плочката за контрола на CD плеерот (CD Main Board). На сервисната шема плочата е претставена на страна 29.
Е сега, овој конектор треба да се пресече (или да се замени) и место него да се стави двоен преклопник со кој ќе може да се префрлува засилувачот сигналот да го зема од екстерен извор (на пример, PC) или од неговиот интерен извор, односно CD плеерот. Доколку е CD плеерот неисправен (знаеме дека Sony CD плеерите на евтиниве системчиња си имаат тенденција да откажуваат по 2 или 3 години користење, некогаш порано, некогаш подоцна, зависи од систем до систем, но најмногу системи кои имале CD плеери кои едноставно не можеле да се проправат, а ми дошле на сервис, биле Sony), може едноставно да се направи следново, да се исклучи џекот од излезот од CD плеерот и на негово место да се врзат два RCA конектори
, како на сликата подолу
.
Значи, колово го врзуваме за кабелот, а не за конекторот на плочата за контрола на CD плеерот
. На овој начин, секој пат кога ќе избереме за влез да имаме сигнал од CD, всушност ќе ни доаѓа сигналот од PC-то
. Притоа, вратничката (капакот) од CD плеерот треба да ни биде затворена за да го „излажеме“ системот дека всушност внатре има CD
. Во некои случаи (во некои изведби на системи), потребно е и да има и CD внатре во CD плеерот, без разлика дали го чита CD-то CD плеерот или не, бидејќи контролните кола нема да дозволат да се прими аудио сигнал на адекватниот влез во колото за преклопување на влезовите Tape, CD, Tuner (едноставно колото е ставено на mute) се додека не прати контролен сигнал некое коло од плочата за контрола на системот за CD-то кон главната контролна плоча за да може преклопното коло да излезе надвор од mute и дозволи да прими аудио сигнал на влезот за CD
. Каква е изведбата во овој систем, искрено не знам, треба да се проба и тестира. Тоа може да се забележи и од самате сервисна шема, но бара малку подлабока анализа, за која искрнео немам време :S. Со тест проба, сигурен сум дека ќе откриете како треба да биде поставен CD плеерот, во која позиција, дали треба да има CD венатре или не, итн.
(ова важи општо, не само за оваа преправка).
Доколку CD плеерот е исправен и сакате да го користите и него, но и екстерен аудио сигнал (AUX, сигнал од PC, миксета, што и да е), во тој случај ќе треба да поставите преклопник (двоен, двополен, на интернет можете да го најдете под името dual pole dual throw switch или DPDT Switch). Доколку преклопникот е во едната позиција, ќе се пренесува сигналот од CD плеерот, доколку е во другата, од екстерниот извор на линеарен сигнал
. Поврзувањето го правите според следната шема
.
Значи, го пресекувате конекторот, го врзувате преклопникот според горната шема, едниот приклуок се враќа назад кон контролната плоча за CD плеерот, а другиот приклучок (двата RCA конектори) се користат за влез на екстерен (надворешен сигнал). Притоа можете да го избушите системот на некои посоодветни места (каде што нема многу водови и плочки) за да можете да ги монтирате конекторите и преклопникот
. Конекторите за екстерниот аудио сигнал се врзуваат со преклопникот преку оклопен стерео кабел (можете ваков кабел да купите во било која продавница за електрнски компоненти или на било кој пазар). Всушност, и не мора да е стерео, и два моно ќе завршат работа ( 2 X моно оклопни кабли = 1 стерео оклопен кабел
). Гледајте да не бидат водовите предолги (не подолги од 30cm), што пократки, тоа подобро
.
Објаснувањево намерно го направив малку општо (и големо
, не се обраќам само кон еден член на форумот, или само на моменти, несакајќи
) бидејќи на сличен начин се преправаат скоро сите радио-касетофони (кај кои тоа е можно, кај некои едноставно е прекомплицирано и финансиски не се исплати, потрошеното време и труд може многу да ве чини, а на крајот да добиете поразителни резултати :S) и кај скоро сите радио касетофони за кола, само што таму се прати каде оди аудио сигналот од касетата, и на тоа место (пред да влезе во колото преклопник на аудио сигнали), се прекинува и се носи сигнал од вашиот CD/MP3 плеер/PC/лаптоп. Се разбира, огромна предност е доколку имате сервисна шема за самиот склоп, но воопшто не е хендикеп и доколку немате, со малку Google-ање и еден сигнал трасер (signal tracer), можете многу лесно да откриете каде се движи сигналот по „декодирањето“ од аудио лентата
. Се надевам, барем малку помогнав
.