Ако дошло до толку има адаптери DVI to VGA (мислам дека имам еден таков).
И тие ги елиминираат, пишав, само DP и HDMI ги оставаат, ништо друго.
И тие адаптери од DVI на VGA функционираат само кај DVI-D конектори, оние кои ги имаат оние дополнителните 4 пина. Тие пинови се наменети за праќање на аналоген сигнал (R, G, B и Sync), ама ако ги нема, не може да се користи пасивен адаптер за од DVI на VGA.
Јас пак би кажал, не се исплати да се инвестира во монитори со скромни димензии, да беше некој панел 22" или 24" тогаш би земал едно такво мултимедијално контролерче.
Точно и се сложувам со ова, но не би рекол дека монитор од 19" е некој со скромни димензии... 15.6" да, ама не и 19"... добро, ова е веќе дисктабилно и субјективно, јас дома работам на 19" 4:3 монитор, на работа работам на 17" 4:3 монитор (иако имам избор и може да користам и многу поголем), така да, барем за мене... монитор како монитор... ако дава слика, добар е
. А мали користам бидејќи не зафаќаат многу простор, а исто ми бркаат работа како и големите (барем мене).
Ееее, ако не може да даде слика бидејќи не можам да го врзам за нешто, е тогаш веќе не ми чини
.