Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: Devil on 03.07.2012, Tuesday, 21:33:22

Title: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: Devil on 03.07.2012, Tuesday, 21:33:22
Не сум сигурен но мислам дека се вика атгестирање на инсталацијата, ако не е вака каже како се вика ќе сменам наслов не е то проблем...

ми требаат информации околу „атестирање“ на електричнната инсталација, поточно за заземјувањето

некој знаат некој не.. имам трофазно броило, на 10-тина метри од куќа имам бандера со трофазна линија, до куќа кај мене има монофазна линија, инсталацијата од куќата ми е трофазна, е сега овие и покрај тоа се што поседувам ми бараат атест за заземјување за да ме приклучат, ме интересира дали некој знае колку би ме коштало тоа, фирма некоја да ми посочи (пожелно од битолски регион).
И јас некогаш да си го решам проблемот со струјата оти 3 години се бркав со поранешна есм и народен правобранител да си го поправат трафото оти можноста му беше НУЛА, во пладневните часови кога има повеќе корисници напонот паѓаше до 190V па и помалку некогаш, некако се убедивме променаа нешто таму трафото го изгибаа цело, сменаа каблите по бандерите па сега за сега е таман, ама пак има проблем од преоптовареност на линијата, на иста линија има многу корисници и пак од време на време прави проблем, па вака малку ќе се растеретам (барем јас) со тоа што ќе имам трофазна, а и плус нема за џабе да плаќам тоа данок или што е за тоа што имам трофазно броило а имам само монофазна струја (има некоја стапка за џаб е ја плаќам) и плус конечно ќе си го решам проблемот со циркуларот и ќе му ставам квалитетен трофазен мотор, оти овај монофазниот ме отепа :D
Title: Одг: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: Dragan Stoilovski on 03.07.2012, Tuesday, 23:22:01
Атестот како што го кажуваш што е добар збор е уствари мерење на отпорот на заземјувањето што го користиш во твојата исталација и тоа го вршат лица кои имаат лиценца за изведба на исталации, доколку е добар отпорот(мал) ти приклучуваат доколку е поголем ќе  треба да го поправиш. Кај нас во   Каменица беше цената 50евра, но сега мислам дека не бараат од ЕВН такво нешто, и 90% има шанси да заминеш и без да даваш пари за мерење на заземјувањето.
Title: Одг: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: ZareBt on 04.07.2012, Wednesday, 11:19:56
Не ми е јасно како можи толку да паѓа напоно, а ти си најблиску до РЕК ако не грешам...
Title: Одг: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: Devil on 04.07.2012, Wednesday, 15:03:27
грешиш, и не сум толку блиску јас сум на средина битола - ресен
паѓа од преоптоварена мрежа и слабо трафо
Title: Одг: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: didy on 04.07.2012, Wednesday, 21:45:18
Девил здраво

тоа за атест за измерено заземјување на објекти се бараше до пред година време, сега ако сакаш да имаш трифазен приклучок, како прво постоечкото мерно место треба да е технички исправно според стандарди што важат за таков вид на ел. објекти и мрежмите правила на ЕВН, а тоа е да мерното место е достапно за контрола и отчитување, да е монтирано на надворешен ѕид, да е заклучено со сериски клуч од дистрибутерот, доводниот кабел да е надворешно поставен во фасадата, а не низ таван или во внатрешните ѕидови, ова важи до броилото, после мерењето дистрибутерот не го интересира како транспортираш ел. енергија, но потпишуваш Изјава дека внатрешната инсталација е изведена по стандарди за таков вид на објекти и дека дистрибутерот не е одговорен за настанатата штета предизвикана од внатрешната инсталација, во техничкото решение се дадени условите за заземјување на објектот, дака досега се користел ТН систем и внатрешната инсталација да се прилагоди за ТТ систем на заземјување, поточно нултиот спроводник и заземјувачот на објектот ќе бидат премостени (споени), а за таа работа во иднина при секоја реконструкција на НН мрежа на секои 200 метри од крајот на мрежата од столбот(ако е воздушна мрежа) нултиот спроводник ќе биде заземјен.
Со ова се добива многу поголема струја на грешка, и осигурачите на изводот од ТС ќе реагираат побрзо, исто така ако дојде до прекин на нултиот спроводник од почетокот на мрежата сите апарати кои се приклучени ќе добијат напон од 380 волти, наместо 220 а со оваков начин на заземјување на НН мрежа тоа ќе биде спречено, или сведено на минимум.
Доколку мерното место технички не задоволува, тогаш решение е во стандардизиран мерен орман поставен надвор од имотот на барателот со цена како за нов приклучок.
Во договорот за снавдување дистрибутерот се обврзува да испорача квалитетно и непречено напојување (3% за централно градско подрачје и 5% за селски средини)ова се ЕУ стандарди, кај нас селските може и до 10% пад на напон.
па сега ти си знаеш :)
Title: Одг: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: Devil on 05.07.2012, Thursday, 12:35:56
епа штом е така ги исполнувам условите, само фали тоа со нуловањето на заземјувањето и со заклучувањето, тоа и посекако има малечка врата каде што се наоѓа броилото и осигурувачите, фалисамо клуч да се стави ...
Title: Одг: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: warmaster81 on 09.08.2014, Saturday, 19:56:32
Здраво

Барав нешто во врска со темава за да не отварам нова тема за издавање на лиценца и ме интересира како може да се извади и кој се условите за добивање на таа лиценца. Најверојатно освен факултет потребно е и да се дополагаат некои испити па ме интересираше како оди процедурата доколку некој знае.

Однапред благодарам.
Title: Одг: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: Hahahaha on 09.08.2014, Saturday, 23:49:45
Сега има нов закон, за префрлање од монофазна во трифазна треба да доставиш Ц шема од електричната инсталација во куката потпишана од некоја фирма која изведува електрични иснаталации. Ц шемата преставува цртеж на целата инсталација во куката, значи кој кабел кај оди, без тоа неможе да те префрлат на трифазна.
Title: Одг: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: warmaster81 on 11.08.2014, Monday, 08:51:14
Друго ми беше прашањето, Што е потребно доколку јас сакам да издавам лиценци. Поточно имам факултет работим инсталации и сакам да можам да давам “одобрение“ за инсталацијата. Пример има фирма што поставував инсталации и нели треба да има тој цртеж потпис и печат од инжињер дека е исправана. Е сега само со факултет колку што знам неможе да потпишуваш, потребно е најверојатно дополагање. Ме интересира што и како оди тоа.
Title: Одг: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: Hahahaha on 11.08.2014, Monday, 10:16:23
Абе фирма треба да се има како прво, фирмата да ја сноси одговорноста као демек ако биднело нешто со инсталацијата, и потписок и печатот ке бидат на човекот на таа фирма, тој човек вајда треба да биде дипломиран ижинер :)
Title: Одг: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: warmaster81 on 11.08.2014, Monday, 11:22:39
Нормално дека треба да има фирма и човекот треба да е инжињер ама мислам дека треба тој освен што е инжињер да има и лиценца мислам дека беше Б лиценца не сум сигурен. Е од моабети сум слушнал дека за таа лиценца треба плус нешто освен факултет најверојатно се дополагаат некои испити (моја претпоставка). Е јас се распрашувам за тоа плус дали и што треба. Јас сум инжињер, фирма ќе отворам, но дал исамо со фирмата можам да давам лиценцирани шеми за инсталација.
Title: Одг: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: LordZi on 11.08.2014, Monday, 11:58:24
warmaster81, на последен пост се одговара со Одговор, не со Цитирано...
Title: Одг: Издавање на атест за електрични инсталации
Post by: elektro on 11.08.2014, Monday, 14:23:55
Накратко да ви помогнам да не лутате многу.
Посетете ја страната на комората за овластени инженери и  архитекти, јавете се или појдете дирекно во комората.
Лиценците се делат на А,Б и Ц , проектирање, ревизија, надзор, изведба.... зависно што лиценца ви е потребна, потребни се одреден број на бодови.
Прво потребно е да имате завршено факултет од кој се добиваат бодови.
Да имате референци изработено проекти или да сте уцествувале во изработка на проекти.
Да имате основано фирма, доколку сакате да ја продавате вашата услуга.
Потребни иструменти (доколку имате потреба од нив) акредитирани на име на ваша фирма од овластена лабораторија призната кај нас.
Сето ова заедно со барање, листа на референци и диплома и одредена сума на пари може секој да си извади лиценца на име физичко или правно лице.