Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: RoCk-Er on 13.03.2011, Sunday, 00:04:20

Title: Прашање во врска со систем
Post by: RoCk-Er on 13.03.2011, Sunday, 00:04:20
Имам стар систем и на него има влез (пишува за микрофон) на кој што уклучувам излез од компјутерот или обичен микрофон.Но, проблемот е тоа што кога и да го попуштам па и помалку од половина глас-системот исклучува.Првиот пат кога се исклучи помислив дека цркна но, потоа пак работеше.Ако некој знае зошто се случува ова нека пише.Поздрав.
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: bicikle on 13.03.2011, Sunday, 00:18:05
сигналот од компјутер е линиски, не одговара за микрофонски влез. Најверојатно се преоптоварува системот, па се вклучува зашитата, која го гаси системот за да не би прегорел. Побарај AUX IN или AUDIO IN тука приклучи го. Ако нема такви влезови треба да наравиш одредени модификации з да го приспособиш влезот, или да го прикучиш комп. после микрофонскиот засилувач внатре во системот.
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: GigaWatt on 13.03.2011, Sunday, 17:42:09
А модел на систем, производител, некои спецификации ???. Можеби ќе најдеме сервисна шема од него, па ќе видиме како на друг начин можеме да го приклучиме системот за компјутер ;).
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: RoCk-Er on 13.03.2011, Sunday, 21:41:19
А модел на систем, производител, некои спецификации ???. Можеби ќе најдеме сервисна шема од него, па ќе видиме како на друг начин можеме да го приклучиме системот за компјутер ;).

Фала за информациите.Нема приклучок за влез туку само за излез.Имам барано шеми но, нема.Инаку марка SONY модел CFD-775L - ако ти послужи за нешто.
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: GigaWatt on 13.03.2011, Sunday, 23:05:43
Фала за информациите.Нема приклучок за влез туку само за излез.Имам барано шеми но, нема.Инаку марка SONY модел CFD-775L - ако ти послужи за нешто.

Ја најдов сервисната шема ;). Треба малку да се изанализира, па најверојатно ќе може да се преправи да работи и со сигнали со линеарно ниво ;).

Code: [Select]
http://www.eserviceinfo.com/downloadsm/61050/Sony_CDF-775.html
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: RoCk-Er on 14.03.2011, Monday, 14:33:14
Фала многу за ова што се потруди но, јас сум почетник и тешко дека ќе можам да ги разберам шемите. Ако можеш да ми објасниш каде и што треба да се замени (ако не е нешто многу сложено).Фала однапред. 
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: GigaWatt on 14.03.2011, Monday, 16:47:04
Фала многу за ова што се потруди но, јас сум почетник и тешко дека ќе можам да ги разберам шемите. Ако можеш да ми објасниш каде и што треба да се замени (ако не е нешто многу сложено).Фала однапред. 

Ај ќе ја разгледам денес или утре, па ќе видам, ќе ти пишам ако не каде што треба да искорегираш и да пресечеш, каде да приклучиш итн. ;). Се надевам дека ќе се снајдеш ;). Само што јас ќе ти објаснувам на електричната шема, ја немам монтажната, така да на монтажната сам ќе треба да си ги наоѓаш деловите (врз база на ознаките) :S.
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: bicikle on 14.03.2011, Monday, 19:22:27
A part3 part2 part4 ... ?
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: GigaWatt on 14.03.2011, Monday, 20:55:19
A part3 part2 part4 ... ?

(http://img155.imageshack.us/img155/7232/shot0010tq.jpg)



Да се вратам на дискусијата. Вака сега, ја разгледував шемата и дојдов до заклучок дека наједноставно ќе биде да се преправи излезот од CD плеерот да се користи како влез за линеарен сигнал од PC. Се разбира, прво ќе треба да се лоцира каде е конекторот преку кој се приклучува излезниот сигнал од CD плеерот за главната/контролната плоча на системот. За да се направи ова, прво треба да се расклопи системот. Како ќе се расклопи, тоа е веќе друго прашање ;D. Не ме прашувајте за тоа. Го немам системот пред мене, така да не можам со сигурност да ви опишам како се прави тоа. Експлодиран дијаграм и „дел по дел“ шема на расклопување и склопување има во service manual-от од којшто веќе дадаов линк, а не можам да го upload-ирам на форум бидејќи е преголем (9MB). Како и да е, да прејдам на главното, значи сигналот од CD плеерот се пренесува прво до плочата за напојување (на сервисната шема означена како Power Board, најверојатно за да може масата на сигналот да добие исто ниво со масата од излезот за звучниците, бидејќи плчата за засилување на аудио сигналот, односно Audio Board и плочата за напојување се блиску една до друга, се знае од кои причини ;), ако на некој не му е јасно, слободно нека праша ;)) па до главната плоча преку трожилен конектор (најверојатно оклопен кабел, сите други конектори се најверојатно flat кабли, или некаков сличен тип на конектори, така да би требало да биде лесно да се лоцира). На контролната плоча за CD плеерот (тоа е нјаверојатно единствената плоча која е хоризонтално поставена и веднаш под самиот механизам за движење и читање на CD-то), конекторот е означен со ознаката CN705 (најверојатно е испишана на самата плочка каде што се наоѓаат колата за контрола и декодирање на дигиталниот аудио сигнал од CD-то). Конекторот CN705 се наоѓа на страна 30 од сервисната шема на CD радио касетофонот Sony CDF-775 (твојот модел има L на крајот, CD-775L, или така нешто, не сум сигурен, текстов го пишувам offline, па после само ќе направам copy/paste ;D, но сигурен сум дека се разликува само напонот на напојување, и можеби некои други ситни работи, бидејќи моделот CDF-775 е наменет за Американски пазар, па има работен напон од 110V) и можете да го најдете во долниот десен агол од страната ;). Еве и слика за да биде појасно за кој конектор станува збор ;).

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=4407.0;attach=4463)

Еве каде се наоѓа конекторот на плочката за контрола на CD плеерот (CD Main Board). На сервисната шема плочата е претставена на страна 29.

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=4407.0;attach=4465)

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=4407.0;attach=4467)

Е сега, овој конектор треба да се пресече (или да се замени) и место него да се стави двоен преклопник со кој ќе може да се префрлува засилувачот сигналот да го зема од екстерен извор (на пример, PC) или од неговиот интерен извор, односно CD плеерот. Доколку е CD плеерот неисправен (знаеме дека Sony CD плеерите на евтиниве системчиња си имаат тенденција да откажуваат по 2 или 3 години користење, некогаш порано, некогаш подоцна, зависи од систем до систем, но најмногу системи кои имале CD плеери кои едноставно не можеле да се проправат, а ми дошле на сервис, биле Sony), може едноставно да се направи следново, да се исклучи џекот од излезот од CD плеерот и на негово место да се врзат два RCA конектори ;), како на сликата подолу ;).

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=4407.0;attach=4469)

Значи, колово го врзуваме за кабелот, а не за конекторот на плочата за контрола на CD плеерот ;). На овој начин, секој пат кога ќе избереме за влез да имаме сигнал од CD, всушност ќе ни доаѓа сигналот од PC-то ;). Притоа, вратничката (капакот) од CD плеерот треба да ни биде затворена за да го „излажеме“ системот дека всушност внатре има CD ;). Во некои случаи (во некои изведби на системи), потребно е и да има и CD внатре во CD плеерот, без разлика дали го чита CD-то CD плеерот или не, бидејќи контролните кола нема да дозволат да се прими аудио сигнал на адекватниот влез во колото за преклопување на влезовите Tape, CD, Tuner (едноставно колото е ставено на mute) се додека не прати контролен сигнал некое коло од плочата за контрола на системот за CD-то кон главната контролна плоча за да може преклопното коло да излезе надвор од mute и дозволи да прими аудио сигнал на влезот за CD ;). Каква е изведбата во овој систем, искрено не знам, треба да се проба и тестира. Тоа може да се забележи и од самате сервисна шема, но бара малку подлабока анализа, за која искрнео немам време :S. Со тест проба, сигурен сум дека ќе откриете како треба да биде поставен CD плеерот, во која позиција, дали треба да има CD венатре или не, итн. ;) (ова важи општо, не само за оваа преправка).

Доколку CD плеерот е исправен и сакате да го користите и него, но и екстерен аудио сигнал (AUX, сигнал од PC, миксета, што и да е), во тој случај ќе треба да поставите преклопник (двоен, двополен, на интернет можете да го најдете под името dual pole dual throw switch или DPDT Switch). Доколку преклопникот е во едната позиција, ќе се пренесува сигналот од CD плеерот, доколку е во другата, од екстерниот извор на линеарен сигнал ;). Поврзувањето го правите според следната шема ;).

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=4407.0;attach=4471)

Значи, го пресекувате конекторот, го врзувате преклопникот според горната шема, едниот приклуок се враќа назад кон контролната плоча за CD плеерот, а другиот приклучок (двата RCA конектори) се користат за влез на екстерен (надворешен сигнал). Притоа можете да го избушите системот на некои посоодветни места (каде што нема многу водови и плочки) за да можете да ги монтирате конекторите и преклопникот ;). Конекторите за екстерниот аудио сигнал се врзуваат со преклопникот преку оклопен стерео кабел (можете ваков кабел да купите во било која продавница за електрнски компоненти или на било кој пазар). Всушност, и не мора да е стерео, и два моно ќе завршат работа ( 2 X моно оклопни кабли = 1 стерео оклопен кабел ;)). Гледајте да не бидат водовите предолги (не подолги од 30cm), што пократки, тоа подобро ;).

Објаснувањево намерно го направив малку општо (и големо ;D, не се обраќам само кон еден член на форумот, или само на моменти, несакајќи ;D) бидејќи на сличен начин се преправаат скоро сите радио-касетофони (кај кои тоа е можно, кај некои едноставно е прекомплицирано и финансиски не се исплати, потрошеното време и труд може многу да ве чини, а на крајот да добиете поразителни резултати :S) и кај скоро сите радио касетофони за кола, само што таму се прати каде оди аудио сигналот од касетата, и на тоа место (пред да влезе во колото преклопник на аудио сигнали), се прекинува и се носи сигнал од вашиот CD/MP3 плеер/PC/лаптоп. Се разбира, огромна предност е доколку имате сервисна шема за самиот склоп, но воопшто не е хендикеп и доколку немате, со малку Google-ање и еден сигнал трасер (signal tracer), можете многу лесно да откриете каде се движи сигналот по „декодирањето“ од аудио лентата ;). Се надевам, барем малку помогнав ;).
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: batka on 14.03.2011, Monday, 21:47:34
Браво Гигават,добро одработено,седи 9 со црта! ;D Се шалам,добро објаснување,ама човекот ти рече дека е почетник и не верувам дека ова ке го направи сам.Најдобро да најде помошник и да му го покаже објаснувањето!
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: GigaWatt on 14.03.2011, Monday, 22:14:03
Се шалам,добро објаснување,ама човекот ти рече дека е почетник и не верувам дека ова ке го направи сам.Најдобро да најде помошник и да му го покаже објаснувањето!

Па го направив наједноставно што можев, не можам поедноставно од ова ;D, без зезање, навистина не можам ;D.
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: RoCk-Er on 14.03.2011, Monday, 22:21:55
Навистина фала ви многу за потрошеното време и се извинувам ако ве измачив :(.Ќе се обидам да го направам ова иако не се разбирам баш многу (немам што да изгубам системов онака ми собира прашина :)).Ако ми успее ќе се пофалам не се секирајте! ;D
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: GigaWatt on 14.03.2011, Monday, 22:27:34
Навистина фала ви многу за потрошеното време и се извинувам ако ве измачив :(.Ќе се обидам да го направам ова иако не се разбирам баш многу (немам што да изгубам системов онака ми собира прашина :)).Ако ми успее ќе се пофалам не се секирајте! ;D

Мислам дека ќе се снајдеш ;). Ако сакаш само CD-то да го „исфрлиш од употреба“ (;D), многу едноставно е, само треба да го најдеш каде е кабелот, да го пресечеш и според објаснувањето погоре да го поврзеш со соодвети конектори ;). Тоа е се ;). Добро... и дупки да избушиш за конекторите ;) ;D.

А не знам зошто, но вакви „hack-ови“ на уреди ги обожавам ;D, во принцип преправка на уреди сакам, затоа и потрошив толку време да го напишам текстот ;).
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: RoCk-Er on 14.03.2011, Monday, 22:32:29
Заборавив да прашам-кога уклучувам микрофон на влезот mic in, дали имаат врска карактеристиките на микрофонот за тоа на колку гласност(volume на системот) ќе се уклучи онаа заштита која ја спомнавте претходно бидејќи на поголема гласност кога и да го уклучам микрофонот при подинамично пеење се исклучува системот?
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: GigaWatt on 14.03.2011, Monday, 22:42:42
Се случува истото и при пуштање на гласна музика, „до даска“ кога е?
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: bicikle on 14.03.2011, Monday, 22:54:13
Зависи колу е пуштен микрофонот, или било што. може и одкако че го направиш да с епушта од пц да гаси ако ја рекардашиш... Ама нема гајле, чим рработи заштитата. Инаку за да не го исфрлиш цд ромот моше да сташш преклопник, со кој ќе го менуваш влезот.
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: GigaWatt on 14.03.2011, Monday, 23:08:43
Инаку за да не го исфрлиш цд ромот моше да сташш преклопник, со кој ќе го менуваш влезот.

Па да де, затоа има две верзии „туториал“-от ;). Прочитај го цел ќе видиш дека и тоа го имам спомнато ;).

Зависи колу е пуштен микрофонот, или било што. може и одкако че го направиш да с епушта од пц да гаси ако ја рекардашиш... Ама нема гајле, чим рработи заштитата.

Можно е и звучниците да му се во краток спој, па да се пушта заштитата :S. Кој знае, се може да биде :S. Затоа и прашав дали се случува ова само ако се донесе сигнал на микрофонскиот влез или и при гласна музика ;).
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: RoCk-Er on 14.03.2011, Monday, 23:13:31
Се случува само кога микрофонот е уклучен.
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: GigaWatt on 14.03.2011, Monday, 23:27:14
Се случува само кога микрофонот е уклучен.

Хмммм... тогаш може да се активира некое заштитно коло во предзасилувачката секција за микрофонот па да го гаси сигналот, кој знае :S. Ако има контрола за Volume за влезот за микрофон, не го пуштај „до даска“ ;D. Ако нема, или не „викајте“ многу во микрофонот, или стави еден потнециометар за контрола на сигналот од микрофонот, како на сликата ;).

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=4407.0;attach=4474)
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: bicikle on 14.03.2011, Monday, 23:34:15
во поќето проекти што ги иам гледано заштитата реагира на поголема струја низ емитерските отпорици на излезните транзистори што доведуваат на поголем пад на напон низ истите, која пак се засилува, погонува релеј или друг уред за исклучување.
Title: Одг: Прашање во врска со систем
Post by: GigaWatt on 14.03.2011, Monday, 23:35:30
во поќето проекти што ги иам гледано заштитата реагира на поголема струја низ емитерските отпорици на излезните транзистори што доведуваат на поголем пад на напон низ истите, која пак се засилува, погонува релеј или друг уред за исклучување.

Можеби некој тип на „пасивно“ гасење е, нешто како auto-mute или нешто така ;).