Пред неколку дена зедов Теслин Трансформатор од училиште со цел да го испитам и по можност да го поправам... Проблемот беше во прекинатата секундарна намотка, ја залемив и средив, сега работи супер... Го споделувам ова со вас на форумов поради неговата несекојдневна шема и необичен начин на работа, шемата е во атачмент... Овој Теслин Трансформатор не користи искричар, туку реле. Релето е врзано на таков начин што самоосцилира, но не е врзано паралелно. Работи и на АС и на DC. Релето прави контакт со неговата самоосцилирачка фрекфенција кога работи на DC, или на 50Hz кога работи на AC преку трафо. Ова било оригинално дизајнирано за 220V, но како што ме знаете јас сум непријател со градска мрежа, па го поврзав на 15V 20-40W влезно трафо од нишки телевизор. Моментално прави искри од околу 2-3 cm, проценето на ~30kV. Слики и видео следуваат наскоро поради проблемот со USB портот.