Во тоа време РТС емитувасе два канала: Прва и Втора програма и тоа беше се.
Прва програма од 10:00 па до 23:59 а Втора програма од 17:00 па до 22:00. Потоа сите во кревет.
Во последните години на Југославија 1989 малку се поместија границите до подоцна.
Така на пр. сите тие телевизии се договорија да даваат заедничка ноќна програма од 22:00 до 01:00, не фаќај ме точно за збор, со тоа што се менуваа на еден месец. Кога даваше програма РТЉ сигналот преку Загреб, Сараево .... па до Скопје. РТС истата програма на РТЉ ја даваше на Прва програма. Значи на Прва или Втора програма се гладаа тие телевизии. Јутел беше од Сараево и претежно имаше политичка програма и истиот го гледавме на Прва или Втора програма од РТСкопје
Фала ти за објаснувањето, сега ги сватив работите кои ми беа неразјаснети
Знам луѓе кои живееа поблиску до граница, на пр. Куманово или селата по Скопска Црна Гора се „фалеа“ дека фаќаат српски програми
Да, познавам луѓе кои живеат во Скопје и кои викаа дека со обична антена фаќале РТС1, РТС2 и Пинк ТВ (значи не преку кабелска или сателит).
Тоа беа луѓе кои живееја претежно на повисоките катови од зградите и свртени накај Србија и немаа некои други згради како препреки. Може некој од форумот има гледано па ке каже.
Сево ова заврши во 1999 год. кога Нато им ги сруши над 98% од предавателите и мислам дека едино државната телевизија емитуваше само преку сателит (RTS SAT) и евентуално некој предавател