Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 11.10.2009, Sunday, 15:10:24

Title: ФМ Филтри
Post by: DX-er on 11.10.2009, Sunday, 15:10:24
Добро е што на овој форум има и предаватетелџии но кога сме кај
ФМ предавателите не е на одмет да имаат тие филтри за тоа што филтрите
ги редуцираат хармониците (осцилациите на други фрекфенции) а со
тоа и загуба на снагата на сметка на главниот сигнал.
На пример ако предавателот е 10W доколку има филтер тој ке зрачи 10W но ако нема ке има загуби-хармоници...може и 8W...? (ова е мое мислење).

Ако некој има некоја шема за филтер нека закачи, јас видов неколку на
google но од интернет непроверени многу многу не сакам.
Title: Одг: ФМ Филтри
Post by: BorceBT on 10.06.2010, Thursday, 15:57:43
Ако предавателот генерира полинеарен сигнал ќе има помалку хармоници и ќе треба поблаг филтер и тој филтер нема да намали многу од снагата на предавателот на таа фрекфенција. А доколку предавателот е лош и нелинеарен и има на излез еве 10W тие 10W се заедно со сите хармоници и ти кога ќе го филтрираш само главниот сигнал во него може да има и помалку од 7W снага, значи сакам да кажам дека филтерот немоновно слабее ама ако ти е полинеарен предавателот можеш да поминеш со помек филтер и да ги добиеш скоро сите 10W на главниот сигнал без премногу да се загрева излезниот транзистор. Предавателот Veronica е пример за предавател со релативно квалитетен осцилатор и линеарен степен.