Неодамна ми искочи во пресрет да расклопам старо лап топче(од оние од средните училишта),па имав можност старите делови да си ги искористам.Екранот беше највреден,но не ја заборавив камерата.
Погоре е линк од youtube како да си направите своја камера користејќи стара камера од лап топ.
Камерата е и главниот елемент на оваа тема.Гледав неколку видеа како да се искористи web камера од лап топ и да се изработи security system.Комуникацијата што ја имаат камерчињава е изведена преку USB портата,па само тоа ме делеше од поврзување на самата камера со PC-то.Најдов стар USB A тип конектор со пластика и го залемив на жичките.За моја среќа на самата плочка,позади самиот конектор имаше pinout и според него ги поврзав жичките со USB A тип конекторот.
За моја несреќа,камерата не проработе и Windows-от не го препозна ‘уредот‘.Имав пронајдено друг проблем,тоа беше напонскиот регулатор.На него беа ознаките WW-147,но со Google-ње не најдов никакви резултати.Претпоставував дека е некој напонски регулатор на 3,3волти и претпоставките ми беа точни.Се обидов да најдам на Loging страницата некој сличен регулатор(го барав по изглед) и го пронајдов.Регулаторот е некојси TPS76333.Го споредив даташитот и неговиот пинаут и беа скоро исти.Немав време да купам од логинг ваков регулатор,па морав самиот да најдам алтернатива која ќе ја спаси камерата и ќе може да се искористи.Тоа го изведов така што од 5волтниот напон,поврзан на влезот од камерата(УСБ портата) преку сериски поврзани 2 диоди од познатите 1N4148 изведов пад на напон од 1,4 волти и тој напон е донесен на пинот кој треба да даде регулирани 3,3волти.(Може да се види на сликата како диодите се поврзани сериски и анодата е поврзана на напон од +5волти,а додека пак катодата на втората е поврзана на +3,3волти односно на пинот којшто стабилизаторот го носи тој напон)
Ја вклучив камерата во УСБ портата на мојот лап топ и камерата си проработе.
Се инсталира автоматски драјверот за камерата и сега на ред беше да инсталирам софтвер за снимање.Софтверот за снимање е позната програма која се вика AMcap и може да се симне од следниов линк -
https://amcap.en.softonic.com/
Еве еден screenshot од програмата и како работи во функција камерата-
Со самото инсталирање и вклучување во функција на камерата постапката е завршена.Проектов ми се виде многу едноставен а на секого би му помогнал доколку нема web камера и нема пари да си купи.